ТУСАШ Archives - Република https://republika.mk/tema/tusash/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Oct 2024 14:28:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ТУСАШ Archives - Република https://republika.mk/tema/tusash/ 32 32 Терористички напад во Турција, има загинати https://republika.mk/vesti/svet/teroristichki-napad-vo-turtsija-ima-zaginati/ Wed, 23 Oct 2024 14:12:55 +0000 https://republika.mk/?p=830231

Експлозија одекна во Анкара во близина на зградата на турската корпорација ТУСАШ, производител на воени авиони и вселенска опрема, а причините се уште не се јасни, објави агенцијата ИХА.

„Се случи експлозија во производствениот погон ТУСАШво Анкара, област Кахраманказан. Се слушнаа и звуци од истрели“, се вели во соопштението.

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја денеска соопшти дека во просториите на Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) бил извршен терористички напад, во кој имало убиени и ранети.

Јерликаја во објава на својот профил на социјалните мрежи објави дека терористичкиот напад бил извршен во комплексот на компанијата ТУСАШ во областа Кахраманказан во Анкара.

„За жал, во нападот имаме загинати и ранети. На нашите маченици им посакуваме Божја милост, а на ранетите брзо закрепнување. Јавноста ќе биде информирана за ситуацијата. Важно е да се земат предвид информациите што доаѓаат од официјалните извори“, рече Јерликаја.

Во областа се испратени безбедносни сили, пожарникари и болничари. Беше објавено дека персоналот на одбранбената фирма бил упатен во засолништа од безбедносни причини.

The post Терористички напад во Турција, има загинати appeared first on Република.

]]>

Експлозија одекна во Анкара во близина на зградата на турската корпорација ТУСАШ, производител на воени авиони и вселенска опрема, а причините се уште не се јасни, објави агенцијата ИХА.
„Се случи експлозија во производствениот погон ТУСАШво Анкара, област Кахраманказан. Се слушнаа и звуци од истрели“, се вели во соопштението.
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја денеска соопшти дека во просториите на Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) бил извршен терористички напад, во кој имало убиени и ранети. Јерликаја во објава на својот профил на социјалните мрежи објави дека терористичкиот напад бил извршен во комплексот на компанијата ТУСАШ во областа Кахраманказан во Анкара.