територии Archives - Република https://republika.mk/tema/teritorii/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Nov 2024 13:49:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png територии Archives - Република https://republika.mk/tema/teritorii/ 32 32 Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк https://republika.mk/vesti/svet/ukraina-zagubi-nad-40-otsto-od-teritorija-vo-kursk-rusite-napreduvaat-vo-donetsk/ Sat, 23 Nov 2024 13:49:50 +0000 https://republika.mk/?p=841093

Украина изгуби над 40 отсто од територијата во руската област Курск што брзо ја зазеде за време на ненадејната офанзива во август, изјави висок извор на украинската војска.

Според извор од Генералштабот на Украина, Русија распоредила околу 59.000 војници во регионот Курск откако украинските сили направиле брз напредок, изненадувајќи ја Москва две и пол години по почетокот на целосната инвазија на Украина.

Првично контролиравме околу 1.376 квадратни километри, но сега таа територија е многу помала. Непријателот ги засилува контранападите“, рече изворот.

„Во моментов контролираме приближно 800 квадратни километри. Ќе ја држиме таа територија се додека тоа е воено оправдано.

Офанзивата на Курск беше првата копнена инвазија на Русија од страна на странска сила по Втората светска војна. Со напредувањето во областа Курск, Киев се обиде да ги запре руските напади на истокот и североисточниот дел на Украина, да ја принуди Русија да ги повлече своите сили кои постепено напредуваа на исток и да обезбеди дополнителна предност во идните мировни преговори.

Паралено со ова, руските сили, наводно, напредуваат во близина на пет населени места во Доњецката област, објави утринава веб-страницата за следење конфликти Deep State преку заеднички извори, објави Киев Индипендент.

Населбата Велика Новосилка била директна цел на воена колона со „најмалку“ пет оклопни борбени возила, додека уште две колони напредувале низ шумските линии јужно од населбата Роздолне, според „Дип Стејт“.

Украинските сили успеаја да ги потиснат руските војници од Роздолни, но ситуацијата во областа и понатаму е „исклучително предизвикувачка“, објави Дип Стејт.

Покрај Велика Новосилка и Роздолни, руските сили напредуваат и кај Максимивка, Пустинка и Торецк, пишува Deep State.

Русија ги засилува интензивните напади долж неколку области на источниот фронт, обидувајќи се да ја пробие украинската одбрана во регионот на Доњецк и да им пријде на градовите Курахово и Покровск.

The post Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк appeared first on Република.

]]>

Украина изгуби над 40 отсто од територијата во руската област Курск што брзо ја зазеде за време на ненадејната офанзива во август, изјави висок извор на украинската војска. Според извор од Генералштабот на Украина, Русија распоредила околу 59.000 војници во регионот Курск откако украинските сили направиле брз напредок, изненадувајќи ја Москва две и пол години по почетокот на целосната инвазија на Украина. Првично контролиравме околу 1.376 квадратни километри, но сега таа територија е многу помала. Непријателот ги засилува контранападите“, рече изворот. „Во моментов контролираме приближно 800 квадратни километри. Ќе ја држиме таа територија се додека тоа е воено оправдано. Офанзивата на Курск беше првата копнена инвазија на Русија од страна на странска сила по Втората светска војна. Со напредувањето во областа Курск, Киев се обиде да ги запре руските напади на истокот и североисточниот дел на Украина, да ја принуди Русија да ги повлече своите сили кои постепено напредуваа на исток и да обезбеди дополнителна предност во идните мировни преговори. Паралено со ова, руските сили, наводно, напредуваат во близина на пет населени места во Доњецката област, објави утринава веб-страницата за следење конфликти Deep State преку заеднички извори, објави Киев Индипендент. Населбата Велика Новосилка била директна цел на воена колона со „најмалку“ пет оклопни борбени возила, додека уште две колони напредувале низ шумските линии јужно од населбата Роздолне, според „Дип Стејт“. Украинските сили успеаја да ги потиснат руските војници од Роздолни, но ситуацијата во областа и понатаму е „исклучително предизвикувачка“, објави Дип Стејт. Покрај Велика Новосилка и Роздолни, руските сили напредуваат и кај Максимивка, Пустинка и Торецк, пишува Deep State. Русија ги засилува интензивните напади долж неколку области на источниот фронт, обидувајќи се да ја пробие украинската одбрана во регионот на Доњецк и да им пријде на градовите Курахово и Покровск.

The post Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк appeared first on Република.

]]>