Тарзан Archives - Република https://republika.mk/tema/tarzan/ За подобро да се разбереме Sat, 02 Nov 2024 08:31:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Тарзан Archives - Република https://republika.mk/tema/tarzan/ 32 32 Премиера на „Тарзан“ во Театар Комедија во режија на Александар Јовановски https://republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-tarzan-vo-teatar-komedija-vo-rezhija-na-aleksandar-jovanovski/ Sat, 02 Nov 2024 08:31:36 +0000 https://republika.mk/?p=833374

Вечерва, на 2 ноември во Театар Комедија премиерно ќе се изведе претставата „Тарзан“ од словенечкиот драмски авто Рок Вилчник, во режија на Александар Јовановски.

Играат: Едмонд Сотир (Тарзан), Ева Скендеровска (Џејн) и Столе Мицов како Мајк.

Костимите се на Марија Ѓоргиевска, сценографијата на Милан Несторов, музиката на Лука Тошев.

Драмскиот текст „Тарзан“ од Вилчник е црна комедија, во која комичниот ефект се постигнува со комбинирање на типизирани ликови и неочекуваните ситуации во кои се сместени.

Спокојниот и идиличен брачен живот во џунглата на благородниот дивјак Тарзан и неговата жена Џејн почнува да доживува криза кога кај Џејн се јавува здодевноста од едноличните секојдневија и од ограниченоста на можностите. Во нивниот живот се појавува хиената Мајк. Мајк е елоквентен, забавен, духовит, но и манипулативен и успева да ја заведе и да ја заслепи Џејн, подгревајќи ги нејзините апетити за луксузен и удобен човечки живот што не може да го има со Тарзан. На повидок е љубовен триаголник, што е референца за современиот урбан човек, кој интимните прашања ги сведува на трансакциски односи. Идејата за инстинктот и за разумот добива нови нијанси и секој лик-теме од овој триаголник ги открива своите мрачни страни“, најавуваат од Театар Комедија.

The post Премиера на „Тарзан“ во Театар Комедија во режија на Александар Јовановски appeared first on Република.

]]>