Тања Ступар Трифуновиќ. Archives - Република https://republika.mk/tema/tana-stupar-trifunovik/ За подобро да се разбереме Sat, 02 Nov 2024 08:52:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Тања Ступар Трифуновиќ. Archives - Република https://republika.mk/tema/tana-stupar-trifunovik/ 32 32 Промоција на стихозбирката „Змијарник“ од Тања Ступар Трифуновиќ https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-stihozbirkata-zmijarnik-od-tana-stupar-trifunovik/ Sat, 02 Nov 2024 08:52:25 +0000 https://republika.mk/?p=833382

Во среда, 6 ноември, од 20:00 часот во бифето на Младински културен центар – Скопје ќе се одржи промоција на стихозбирката „Змијарник“ од Тања Ступар Трифуновиќ.

За стихозбирката „Змијарник“ авторката Тања Ступар Трифуновиќ ја освои престижната награда „Васко Попа“, за најдобра поетска книга во 2022 година.

Препевот на македонски е на Јовица Ивановски, и беше поддржан од ТРАДУКИ.

Тања Ступар Трифуновиќ (Задар, 1977) дипломирала на Филолошкиот факултет во Бања Лука. Објавила шест книги поезија, книга раскази, два романа и графичкиот роман „Морето беше мирно“ во соработка со Татјана Видoјевиќ (илустрации).

Преведена е на: англиски, шпански, бугарски, унгарски, германски, полски, словенечки, македонски, руски, чешки, дански, италијански и француски јазик.

Добитничка е на повеќе награди за поезија и проза, меѓу кои: Наградата на Европската Унија за литература (EUPL) 2016 г. за романот „Часовниците во мајчината соба“, наградите „Ристо Ратковиќ“ за најдобра поетска книга во регионот и „Милица Стојадиновиќ Српкиња“ за најдобра поетска книга напишана од жена на српски јазик, за стихозбирката „Размножување на домашните животни“, Виталовата награда „Златен сончоглед“ за најдобра книга објавена на српски јазик во 2019 година за романот „Откако си купив лебед“.

За стихозбирката „Змијарник“ ја освои наградата „Васко Попа“ за најдобра поетска книга објавена во 2022 година.

The post Промоција на стихозбирката „Змијарник“ од Тања Ступар Трифуновиќ appeared first on Република.

]]>