Утре, на петти ноември завршува новиот повик за остварување на правото на субвенциониран оброк за оние студенти кои не успеале да го остварат ова право на претходните повици, велат од Министерството за образование и наука (МОН).
Аплицирањето се спроведува електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/, а на повикот можат да се пријават сите редовни студенти на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи, кои се државјани на Република Македонија. Право на аплицирање имаат студентите кои не се во редовен работен однос, да не се регистрирани како индивидуални земјоделци и да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во тековната година.
При поднесувањето на апликацијата, студентите задолжително пополнети и потпишани ги прикачуваат и обрасците „Пријава за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк“ и „Изјава за точност на внесените податоци во пријавата за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк“.
МОН по службена должност ги обезбедува сите останати докази за исполнетост на условите, а кои ги поседуваат МВР, АВРМ, УЈП и студентските служби на факултетите.
Ако имате потреба од поддршка при аплицирањето, можете да се обратите до Секторот за ученички и студентски стандард на e-mail: [email protected] или да посетите канцеларијата на приземјето во зградата на министерството, велат од МОН.
Финансиската поддршка изнесува 140 денари и е наменета за купување храна, која студентите можат да ја користат од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна.
Секој месец, од 1-ви до 5-ти во месецот, МОН ќе објавува нов повик за остварување на правото на субвенциониран оброк за сите студенти што претходно не се стекнале со ова право.
The post До утре трае повикот за субвенциониран студентски оброк за оние студенти кои не се пријавиле досега appeared first on Република.
]]>Утре, на петти ноември завршува новиот повик за остварување на правото на субвенциониран оброк за оние студенти кои не успеале да го остварат ова право на претходните повици, велат од Министерството за образование и наука (МОН).

]]>