струја Archives - Република https://republika.mk/tema/struja/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Nov 2024 10:00:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png струја Archives - Република https://republika.mk/tema/struja/ 32 32 СДС го уништи домашното производство на струја, заради нив е потребно да се увезува струја https://republika.mk/vesti/ekonomija/sds-go-unishti-domashnoto-proizvodstvo-na-struja-zaradi-niv-e-potrebno-da-se-uvezuva-struja/ Tue, 19 Nov 2024 10:00:17 +0000 https://republika.mk/?p=839527

СДС го уништи домашното производство на струја, заради нив е потребно да се увезува струја. Да инвестираше СДС во нови производствени капацитети изминативе седум години или да се потрудеше да ги одржува подобро постојните, увозот на струја не би бил толкав, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо развој на енергетскиот сектор, АД ЕСМ е затекнато со доспеани и неплатени долгови од 82 милиони евра, нула инвестиции во нови производни капацитети, прекумерно и неплански трошен хидропотенцијал. Потоа, затекната е катастрофална состојба во рудниците во РЕК Битола, без откривка на јаглен, несоодветно направени ремонти или воопшто неизвршени техничко технолошки зафати во пресрет на грејната сезона, увоз на скап и неквалитетен јаглен што предизвика оштетување на термо постројките, сомнежи за злоупотреби при јавните набавки. Ова се само дел од состојбите кои ги создаде СДС со неговото менаџирање во енергетиката. Само декларираните „шампиони во енергетиката“ го доведоа енергетскиот систем пред колапс, потенцираа од партијата.

Функционерите во СДС, кои го ограбуваа енергетскиот сектор во Македонија, кои сега се кријат зад партиски соопштенија да се подготват за одговорност. Јавноста брзо ќе дознае како оваа партија се однесувала кон државниот имот и зошто домашното производство на електрична енергија никогаш не било во полоша состојба, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

The post СДС го уништи домашното производство на струја, заради нив е потребно да се увезува струја appeared first on Република.

]]>

СДС го уништи домашното производство на струја, заради нив е потребно да се увезува струја. Да инвестираше СДС во нови производствени капацитети изминативе седум години или да се потрудеше да ги одржува подобро постојните, увозот на струја не би бил толкав, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ. Наместо развој на енергетскиот сектор, АД ЕСМ е затекнато со доспеани и неплатени долгови од 82 милиони евра, нула инвестиции во нови производни капацитети, прекумерно и неплански трошен хидропотенцијал. Потоа, затекната е катастрофална состојба во рудниците во РЕК Битола, без откривка на јаглен, несоодветно направени ремонти или воопшто неизвршени техничко технолошки зафати во пресрет на грејната сезона, увоз на скап и неквалитетен јаглен што предизвика оштетување на термо постројките, сомнежи за злоупотреби при јавните набавки. Ова се само дел од состојбите кои ги создаде СДС со неговото менаџирање во енергетиката. Само декларираните „шампиони во енергетиката“ го доведоа енергетскиот систем пред колапс, потенцираа од партијата. Функционерите во СДС, кои го ограбуваа енергетскиот сектор во Македонија, кои сега се кријат зад партиски соопштенија да се подготват за одговорност. Јавноста брзо ќе дознае како оваа партија се однесувала кон државниот имот и зошто домашното производство на електрична енергија никогаш не било во полоша состојба, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

The post СДС го уништи домашното производство на струја, заради нив е потребно да се увезува струја appeared first on Република.

]]>
Одложен тендерот на ЕВН Хоум за набавка на струја за покривање на загубите на системот https://republika.mk/vesti/ekonomija/odlozhen-tenderot-na-evn-houm-za-nabavka-na-struja-za-pokrivane-na-zagubite-na-sistemot/ Fri, 15 Nov 2024 12:20:52 +0000 https://republika.mk/?p=838107

ЕВН Хоум од технички причини и на барање на понудувачите за дополнителен период за доставување понуди го одложи за 28 ноември тендерот на кој треба да биде доставена понуда за цената со која ќе го снабдуват универзалниот снабдувач по 1 јануари. За 27 ноември, како што информираат од ЕВН Македонија, е одложен и тендерот на Електродистрибуција за набавка на електрична енергија за покривање на загубите во системот.

Досега понуда на тендерот на ЕВН Хоум доставуваше државната компанија АД ЕСМ. Од тоа каква цена ќе понудат и колку од потребите на универзалниот снабдувач ќе задоволат најмногу зависи какви сметки ќе имаат потрошувачите на регулираниот пазар по 1 јануари.

Моментално ЕСМ задоволува 100 проценти од потребите на ЕВН Хоум по цена од 60 евра за мегават час. Се очекуваше денеска државната енергетска компанија да достави понуда на тендерите на ЕВН Хоум и Електродистрибуција.

Премиерот Христијан Мицкоски пред некој ден изјави дека доколку има зголемување на цената на струјата, тоа ќе биде минимално од еден од три проценти

The post Одложен тендерот на ЕВН Хоум за набавка на струја за покривање на загубите на системот appeared first on Република.

]]>

ЕВН Хоум од технички причини и на барање на понудувачите за дополнителен период за доставување понуди го одложи за 28 ноември тендерот на кој треба да биде доставена понуда за цената со која ќе го снабдуват универзалниот снабдувач по 1 јануари. За 27 ноември, како што информираат од ЕВН Македонија, е одложен и тендерот на Електродистрибуција за набавка на електрична енергија за покривање на загубите во системот. Досега понуда на тендерот на ЕВН Хоум доставуваше државната компанија АД ЕСМ. Од тоа каква цена ќе понудат и колку од потребите на универзалниот снабдувач ќе задоволат најмногу зависи какви сметки ќе имаат потрошувачите на регулираниот пазар по 1 јануари. Моментално ЕСМ задоволува 100 проценти од потребите на ЕВН Хоум по цена од 60 евра за мегават час. Се очекуваше денеска државната енергетска компанија да достави понуда на тендерите на ЕВН Хоум и Електродистрибуција. Премиерот Христијан Мицкоски пред некој ден изјави дека доколку има зголемување на цената на струјата, тоа ќе биде минимално од еден од три проценти

The post Одложен тендерот на ЕВН Хоум за набавка на струја за покривање на загубите на системот appeared first on Република.

]]>
Не се очекува струјата да поскапи повеќе од три отсто од 1 јануари https://republika.mk/vesti/ekonomija/ne-se-ochekuva-strujata-da-poskapi-poveke-od-tri-otsto-od-1-januari/ Tue, 12 Nov 2024 11:45:30 +0000 https://republika.mk/?p=836734

На неколку дена пред доставување на понудата на Електрани на Македонија (ЕСМ) за цената на електрична енергија по која ќе ја испорачува до универзалниот снабдувач ЕВН хоум, премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека од 1 јануари идната година не очекува сметките на граѓаните за струја да се зголемат повеќе од три отсто. Според Мицкоски цената по која ЕСМ ќе ја испорачува струјата кон ЕВН хоум, ќе биде меѓу 58 и 62 евра за мегават час, која е во рамките на 60 евра по која ја испрачува до сега.

Не очекувам да има зголемување на цената на струјата од 10-15 отсто, како што е случај во повеќе земји од регионот и во Европа. Очекувам, ако има, да биде незначително, во рамките од еден до три проценти. Не очекувам да биде повеќе од тоа - изјави денес премиерот Мицкоски, одговарајќи на прашња на новинарите на прес конференција по потпишување на договорот за државна помош со компанијата „Бреинчајлд“.

Тој беше прашан на што ги темели неговите изјави дека не очекува струјата да поскапи од 1 јануари, со оглед дека веќе две недели струја се увезува, а на берзата ХУПЕКС цената стигна до 300 евра за мегаватчас, како и дека компанијата ЕСМ е во исклучително лоша состојба и нема помош од Буџетот, а притоа има земено кредит од домашните банки.

Мицкоски за состојбата во која се наоѓа компанијата ЕСМ која што е во државна сопственост, ја обвини поранешната владејачка гарнитура, која според него седум години ја ограбувале ЕСМ.

Ние во овие 4,5 – 5 месеци направивме чудо за да ја консолидираме компанијата, за да не дојде до зголемување или ако биде, тоа да биде во рамките на два – три проценти, да биде тоа незначително и тоа да е реткост за регионот. Тоа е навистина успех - рече премиерот додавајќи дека компанијата во 2017 година имала 1,5 милијарди денари депозити во банки и некаде околу 360-380 милиони на сметка и без долгови.

Тој посочии дека компанијата е консолидирана, на депонија има околу 200-250 илјади тони јаглен, како и околу половина милион тони јаглен кој што се договорени по цена која што наместо 63 е 43 евра по тон. Исто така, има откриено и залихи од 1,5 милиони тони, а исто така е договорена и цена на гас која што наместо берза плус 11 евра е берза плус четири евра, а од јануари се очекува и тоа да поевтини.

Кога ќе ги подготвите сите овие активности во овие 4,5 месеци, тогаш доаѓаме до она за кое што јас го говорам изминативе денови дека очекувам ако има да биде незначително, во рамките од еден до три проценти, не очекувам поголемо од тоа - рече Мицкоски.

На прашањето дали цената на струјата на ЕСМ и натаму ќе се одржува вештачки под производната цена за мегаватчас, со оглед на тоа што е повисока, а сега е 60 евра, Мицкоски рече дека ЕСМ има приходи од електричната енергија која што ја дава на ЕВН хоум, како и од системски услуги односно терциената енергија која што ја дава на МЕПСО и плус од загубите кои што ги продава и на МЕПСО и на дистрибутерот.

Кога сето тоа ќе се анализира плус сите оние мерки за кои што зборував за намалување на цената на електричната енергија, очекувам компанијата целосно да биде консолидирана веќе кон крајот на 2025 или почетокот на 2026 година и од компанија загубар да биде во позитивна нула - рече премиерот Мицкоски.

The post Не се очекува струјата да поскапи повеќе од три отсто од 1 јануари appeared first on Република.

]]>

На неколку дена пред доставување на понудата на Електрани на Македонија (ЕСМ) за цената на електрична енергија по која ќе ја испорачува до универзалниот снабдувач ЕВН хоум, премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека од 1 јануари идната година не очекува сметките на граѓаните за струја да се зголемат повеќе од три отсто. Според Мицкоски цената по која ЕСМ ќе ја испорачува струјата кон ЕВН хоум, ќе биде меѓу 58 и 62 евра за мегават час, која е во рамките на 60 евра по која ја испрачува до сега.
Не очекувам да има зголемување на цената на струјата од 10-15 отсто, како што е случај во повеќе земји од регионот и во Европа. Очекувам, ако има, да биде незначително, во рамките од еден до три проценти. Не очекувам да биде повеќе од тоа - изјави денес премиерот Мицкоски, одговарајќи на прашња на новинарите на прес конференција по потпишување на договорот за државна помош со компанијата „Бреинчајлд“.
Тој беше прашан на што ги темели неговите изјави дека не очекува струјата да поскапи од 1 јануари, со оглед дека веќе две недели струја се увезува, а на берзата ХУПЕКС цената стигна до 300 евра за мегаватчас, како и дека компанијата ЕСМ е во исклучително лоша состојба и нема помош од Буџетот, а притоа има земено кредит од домашните банки. Мицкоски за состојбата во која се наоѓа компанијата ЕСМ која што е во државна сопственост, ја обвини поранешната владејачка гарнитура, која според него седум години ја ограбувале ЕСМ.
Ние во овие 4,5 – 5 месеци направивме чудо за да ја консолидираме компанијата, за да не дојде до зголемување или ако биде, тоа да биде во рамките на два – три проценти, да биде тоа незначително и тоа да е реткост за регионот. Тоа е навистина успех - рече премиерот додавајќи дека компанијата во 2017 година имала 1,5 милијарди денари депозити во банки и некаде околу 360-380 милиони на сметка и без долгови.
Тој посочии дека компанијата е консолидирана, на депонија има околу 200-250 илјади тони јаглен, како и околу половина милион тони јаглен кој што се договорени по цена која што наместо 63 е 43 евра по тон. Исто така, има откриено и залихи од 1,5 милиони тони, а исто така е договорена и цена на гас која што наместо берза плус 11 евра е берза плус четири евра, а од јануари се очекува и тоа да поевтини.
Кога ќе ги подготвите сите овие активности во овие 4,5 месеци, тогаш доаѓаме до она за кое што јас го говорам изминативе денови дека очекувам ако има да биде незначително, во рамките од еден до три проценти, не очекувам поголемо од тоа - рече Мицкоски.
На прашањето дали цената на струјата на ЕСМ и натаму ќе се одржува вештачки под производната цена за мегаватчас, со оглед на тоа што е повисока, а сега е 60 евра, Мицкоски рече дека ЕСМ има приходи од електричната енергија која што ја дава на ЕВН хоум, како и од системски услуги односно терциената енергија која што ја дава на МЕПСО и плус од загубите кои што ги продава и на МЕПСО и на дистрибутерот.
Кога сето тоа ќе се анализира плус сите оние мерки за кои што зборував за намалување на цената на електричната енергија, очекувам компанијата целосно да биде консолидирана веќе кон крајот на 2025 или почетокот на 2026 година и од компанија загубар да биде во позитивна нула - рече премиерот Мицкоски.

The post Не се очекува струјата да поскапи повеќе од три отсто од 1 јануари appeared first on Република.

]]>
Премиерот нема информации за можно поскапување на струјата, најави ваучери за инвертери и идната година https://republika.mk/vesti/ekonomija/premierot-nema-informatsii-za-mozhno-poskapuvane-na-strujata-najavi-vaucheri-za-inverteri-i-idnata-godina/ Sat, 09 Nov 2024 13:45:08 +0000 https://republika.mk/?p=835878

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека до овој момент нема информација за евентуално поскапување на струјата. Како што оцени денеска, состојбата е стабилна и конслидирана, а Владата, и покрај сите предизвици, навреме презема мерки за да нема ценовен шок и да има електрична енергија.

Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања, за идната недела најави „пријатно изненадување“ поврзано со енергетиката и сигурноста во снабдувањето со енергенси.

Ваучери за инвертери за домаќинствата, како што информира премиерот, ќе има и идната година.

-До овој момент немам информација дека ќе има зголемување на цената на електричната енргија. Зимата ќе биде предизвикувачка, имајќи предвид со што се се соочува Европа и какви се временските прогнози. Во име на тоа преземавме мерки, за да не дојде до ценовен шок и до поскапување на струјата. Како тоа на крај ќе заврши, зависи и од Регулаторна комисија за енергетика, истакна Мицкоски по увидот во градежните работи на делници во Велес.

Тој потсети дека оваа Влада го почна мандатот со одлуката од претходната, која обезбеди 85 отсто од потребите на граѓаните од 1 јули до 31 декември.

Веќе сме средина на ноември, ние ја зголемивме количината на 100 проценти, а притоа не дојде до поскапување на струјата. Компанијата се консолидира, ја посетивме РЕК Битола, околу 200 - 250 илјади тони имаме на депонија, на греда, таа состојба беше на нула, имаме парче кое се ископува од 1,5 милиони, се увезува јаглен по 10, 15, 20 отсто пониски цени, режиските трошоци се намалени за 15 отсто. Заштедата ќе биде околу половина милијарда денари кога ќе заврши целиот процес. Тоа ми дава право да кажам дека состојбата е стабилна, консолидирана, и покрај сите предизвици преземавме навреме мерки за да нема ценовен шок, да има струја. Гасот што го набавуваме за потребите на ЕСМ е за драматично пониска цена од онаа што го набавуваше претходната Влада. Следната недела, среда, четврток, очекувам пријатно изненадување кога станува збор за енергетиката и сигурноста во снабдувањето со енергенси - подвлече Мицкоски.

Информира и дека пред да дојде денеска во Велес имал состанок со министерката за енергетика Сања Божиновска, од која бил информиран дека над 85 отсто од ваучерите за инвертери се поделени за помалку од два дена.

Интересот е голем, правиме се што можеме да го затвориме процесот како што треба и во иднина да ја зголемиме поддршката - истакна Мицкоски.

The post Премиерот нема информации за можно поскапување на струјата, најави ваучери за инвертери и идната година appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека до овој момент нема информација за евентуално поскапување на струјата. Како што оцени денеска, состојбата е стабилна и конслидирана, а Владата, и покрај сите предизвици, навреме презема мерки за да нема ценовен шок и да има електрична енергија. Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања, за идната недела најави „пријатно изненадување“ поврзано со енергетиката и сигурноста во снабдувањето со енергенси. Ваучери за инвертери за домаќинствата, како што информира премиерот, ќе има и идната година. -До овој момент немам информација дека ќе има зголемување на цената на електричната енргија. Зимата ќе биде предизвикувачка, имајќи предвид со што се се соочува Европа и какви се временските прогнози. Во име на тоа преземавме мерки, за да не дојде до ценовен шок и до поскапување на струјата. Како тоа на крај ќе заврши, зависи и од Регулаторна комисија за енергетика, истакна Мицкоски по увидот во градежните работи на делници во Велес. Тој потсети дека оваа Влада го почна мандатот со одлуката од претходната, која обезбеди 85 отсто од потребите на граѓаните од 1 јули до 31 декември.
Веќе сме средина на ноември, ние ја зголемивме количината на 100 проценти, а притоа не дојде до поскапување на струјата. Компанијата се консолидира, ја посетивме РЕК Битола, околу 200 - 250 илјади тони имаме на депонија, на греда, таа состојба беше на нула, имаме парче кое се ископува од 1,5 милиони, се увезува јаглен по 10, 15, 20 отсто пониски цени, режиските трошоци се намалени за 15 отсто. Заштедата ќе биде околу половина милијарда денари кога ќе заврши целиот процес. Тоа ми дава право да кажам дека состојбата е стабилна, консолидирана, и покрај сите предизвици преземавме навреме мерки за да нема ценовен шок, да има струја. Гасот што го набавуваме за потребите на ЕСМ е за драматично пониска цена од онаа што го набавуваше претходната Влада. Следната недела, среда, четврток, очекувам пријатно изненадување кога станува збор за енергетиката и сигурноста во снабдувањето со енергенси - подвлече Мицкоски.
Информира и дека пред да дојде денеска во Велес имал состанок со министерката за енергетика Сања Божиновска, од која бил информиран дека над 85 отсто од ваучерите за инвертери се поделени за помалку од два дена.
Интересот е голем, правиме се што можеме да го затвориме процесот како што треба и во иднина да ја зголемиме поддршката - истакна Мицкоски.

The post Премиерот нема информации за можно поскапување на струјата, најави ваучери за инвертери и идната година appeared first on Република.

]]>
Без струја утре делови од Аеродром, Центар, Ѓорче Петров и Зелениково https://republika.mk/zivot/servisi/bez-struja-utre-delovi-od-aerodrom-tsentar-gorche-petrov-i-zelenikovo/ Sun, 03 Nov 2024 19:46:43 +0000 https://republika.mk/?p=833822

Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа на ЕВН Македонија утре од 9 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од општина Зелениково во Таор, Ново Село, Градовци, Гумалево, Орешани, Смесница, Тисовица, Дејковци, Добрино и Пакошево.

Како што најави Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје, утре ќе има прекини во снабдувањето со струја во периодот од 9 до 13 часот за корисниците од ул. „Исаија Мажовски“ во општина Ѓорче Петров, од 9 до 14 часот на улиците „Копенхагенска“ и „Бриселска“ и дел од улиците „Женевска“ и „Софиска“, како и кај Управата за контраразузнавање, ул „Тодор Александров“ и ул. „Славејко Арсов“ во општините Аеродром и Центар.

The post Без струја утре делови од Аеродром, Центар, Ѓорче Петров и Зелениково appeared first on Република.

]]>

Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа на ЕВН Македонија утре од 9 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од општина Зелениково во Таор, Ново Село, Градовци, Гумалево, Орешани, Смесница, Тисовица, Дејковци, Добрино и Пакошево. Како што најави Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје, утре ќе има прекини во снабдувањето со струја во периодот од 9 до 13 часот за корисниците од ул. „Исаија Мажовски“ во општина Ѓорче Петров, од 9 до 14 часот на улиците „Копенхагенска“ и „Бриселска“ и дел од улиците „Женевска“ и „Софиска“, како и кај Управата за контраразузнавање, ул „Тодор Александров“ и ул. „Славејко Арсов“ во општините Аеродром и Центар.

The post Без струја утре делови од Аеродром, Центар, Ѓорче Петров и Зелениково appeared first on Република.

]]>
Решен проблемот со струјата во штипска Клиничка болница https://republika.mk/vesti/makedonija/reshen-problemot-so-strujata-vo-shtipska-klinichka-bolnitsa/ Thu, 31 Oct 2024 07:26:55 +0000 https://republika.mk/?p=832605

Нормализирана е состојбата со дистрибуција на струја до Клиничка болница-Штип. Директорот на болницата, Владко Захариев за МИА информира дека откако вчера околу 15 часот беше скинат кабел, екипите на ЕВН кои работеа во текот на ноќта проблемот го решиле околу 1 часот по полноќ.

Тој утринава истакна дека состојбата со струјата е нормализирана и болницата нормално функционира. Инаку, МИА синоќа информираше дека болницата со струја се снабдуваше од агрегат, бидејќи при градежни активности беше скинат кабел.

The post Решен проблемот со струјата во штипска Клиничка болница appeared first on Република.

]]>

Нормализирана е состојбата со дистрибуција на струја до Клиничка болница-Штип. Директорот на болницата, Владко Захариев за МИА информира дека откако вчера околу 15 часот беше скинат кабел, екипите на ЕВН кои работеа во текот на ноќта проблемот го решиле околу 1 часот по полноќ. Тој утринава истакна дека состојбата со струјата е нормализирана и болницата нормално функционира. Инаку, МИА синоќа информираше дека болницата со струја се снабдуваше од агрегат, бидејќи при градежни активности беше скинат кабел.

The post Решен проблемот со струјата во штипска Клиничка болница appeared first on Република.

]]>
Штипската Клиничка болница работи со помош на агрегат, проблемот со струјата ќе се надмине по полноќ https://republika.mk/zivot/zdravje/shtipskata-klinichka-bolnitsa-raboti-so-pomosh-na-agregat-problemot-so-strujata-ke-se-nadmine-po-polnok/ Wed, 30 Oct 2024 19:56:24 +0000 https://republika.mk/?p=832565

Штипската Клиничка болница во моментов се снабдува со струја од агрегат, бидејќи околу 15 часот при изведување на градежните активности на новиот влез на болницата скинат е средно напонски кабел, потврди за МИА вечерва директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев. Тој истакна дека пациентите кои се критични и се хоспитализарни во болницата или доколку се потребни итни интервенции на пациенти не се загрозени, бидејќи струја има за апаратите и салите.

Информирани се сите болници и регионални центри во источниот регион, доколку имаат пациенти кои се критични да се прифаќаат во болницата во Кочани или да се транспортираат во Скопје. Пред половина час пристигна екипа на ЕВН и работи на санација на кабелот, вели Захариев.

Според првичните информации се очекува проблемот со струјата да се реши околу полноќ. Захариев додава дека нема потреба од паника или стравување, бидејќи се приклучени на агрегат и се работи на решавање на проблемот.

The post Штипската Клиничка болница работи со помош на агрегат, проблемот со струјата ќе се надмине по полноќ appeared first on Република.

Мицкоски: Не очекувам покачување на цената на струјата за домаќинствата https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-ne-ochekuvam-pokachuvane-na-tsenata-na-strujata-za-domakinstvata/ Mon, 28 Oct 2024 12:34:55 +0000 https://republika.mk/?p=831706

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не очекува поскапување на струјата за домаќинствата во јануари.

Одговарајќи на новинарско прашање Мицкоски рече дека ќе продолжи навременото снабдување со електрична енергија.

Не очекувам да има зголемување на цената на струјата за домаќинствата овој јануари. Не очекувам. Од она кое што можам да го заклучам е дека навремено се снабдуваат граѓаните со сите количини на електрична енергија и ќе продолжиме така да ги снабдуваме. Така што, барем од онаа информација со која што јас располагам не очекувам да има покачување на цената на струјата за домаќинствата - рече Мицкоски, по увидот во работите за изградба на автопатот Гостивар Букојчани.

The post Мицкоски: Не очекувам покачување на цената на струјата за домаќинствата appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не очекува поскапување на струјата за домаќинствата во јануари. Одговарајќи на новинарско прашање Мицкоски рече дека ќе продолжи навременото снабдување со електрична енергија.
Не очекувам да има зголемување на цената на струјата за домаќинствата овој јануари. Не очекувам. Од она кое што можам да го заклучам е дека навремено се снабдуваат граѓаните со сите количини на електрична енергија и ќе продолжиме така да ги снабдуваме. Така што, барем од онаа информација со која што јас располагам не очекувам да има покачување на цената на струјата за домаќинствата - рече Мицкоски, по увидот во работите за изградба на автопатот Гостивар Букојчани.

The post Мицкоски: Не очекувам покачување на цената на струјата за домаќинствата appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-ne-ochekuvam-da-ima-turbulentsii-i-poznachitelni-potresi-na-pazarot-so-elektrichna-energija-vo-zemjava/ Fri, 18 Oct 2024 10:26:02 +0000 https://republika.mk/?p=828427

Премиерот Христијан Мицкоски не очекува да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава и покрај најавите на некои европски земји дека очекуваат проблеми во текот на зимава.

Што се однесува до турбуленции на пазарот на електрична енергија во Европа, јас бев меѓу првите уште летоска којшто зборуваше дека како ќе доаѓа зимата, така ќе има потреби да се влече енергија од пазарот во Европа од страна на Украина, бидејќи за жал таму поради руската агресија е целосно уништен електроенергетскиот систем на државата. Сето ова ќе влијае во насока на зголемување на цените на електричната енергија на берзите - рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по поставувањето камен-темелник на новото основно училиште „Крсте Мисирков“ во скопската населба Ченто.

Тој додаде дека сепак не очекува да има некои позначителни потреси на пазарот во земјава.

Од она со кое што располагам како информација, на почетокот на грејната сезона имаме за повеќе од два и пол пати помалку дефекти од она кое што било по принципот како до сега. Она што го имаме како располагање на ресурс во РЕК Битола и во другите електрани е на нивото очекувано за овој период од годината. За жал, хидрологијата е намалена, некаде околу 22-23 проценти, можеби требаше да биде над 30 во овој период но таква беше годината – сушна. Ценам дека капацитетите со коишто располага државата подготвени ќе ја дочекаат и ја дочекаа оваа грејна сезона и не очекувам да имаме некои позначителни потреси на пазарот - рече Мицкоски.

Во моментов, како што кажа, работат двата блока во РЕК Битола, бидејќи нема потреба за повеќе, а од втора половина на декември ќе биде вклучен по потреба и третиот блок.

За ветувањето дека ќе се укине давачката за пристап од 200 денари на сметките за потрошена електрична енергија за граѓаните, рече дека ќе биде укината во текот на мандатот на оваа Влада.

Во овој момент работиме на консолидирање на електроенергетскиот сектор и мислам дека Регулаторната комисија за енергетика ги прави пресметките. Кога тие ќе бидат готови ќе донесеме одлука која што е најважна и најдобра за граѓаните - рече Мицкоски.

Во насока на консолидација, како што посочи, е и одлуката да не се префрлаат пари на АД ЕСМ, туку самата компанија преку кредит да си ги плати старите долгови.

Пари на Државни електрани се префрлувале. Поентата е сега со работењето на ова раководство да се консолидира компанијата и помалку да се префрлаат. Тоа е суштината. Кредитот којшто е земен е за да ги плати старите долгови наследени од претходното раководство во големина од пет милијарди денари и тоа се средства коишто се наследени од претходно. Заемот е земен по исклучително поволни услови, ќе има и грејс период од две-три години, доволен период за да може компанијата да се консолидира. Ние продолжуваме да работиме во насока на консолидирање на јавниот сектор и државата од она кое што е наследено од претходната влада на СДСМ и ДУИ и добро е што полека но сигурно се консолидира сето ова - потенцира Мицкоски.

The post Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски не очекува да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава и покрај најавите на некои европски земји дека очекуваат проблеми во текот на зимава.
Што се однесува до турбуленции на пазарот на електрична енергија во Европа, јас бев меѓу првите уште летоска којшто зборуваше дека како ќе доаѓа зимата, така ќе има потреби да се влече енергија од пазарот во Европа од страна на Украина, бидејќи за жал таму поради руската агресија е целосно уништен електроенергетскиот систем на државата. Сето ова ќе влијае во насока на зголемување на цените на електричната енергија на берзите - рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по поставувањето камен-темелник на новото основно училиште „Крсте Мисирков“ во скопската населба Ченто.
Тој додаде дека сепак не очекува да има некои позначителни потреси на пазарот во земјава.
Од она со кое што располагам како информација, на почетокот на грејната сезона имаме за повеќе од два и пол пати помалку дефекти од она кое што било по принципот како до сега. Она што го имаме како располагање на ресурс во РЕК Битола и во другите електрани е на нивото очекувано за овој период од годината. За жал, хидрологијата е намалена, некаде околу 22-23 проценти, можеби требаше да биде над 30 во овој период но таква беше годината – сушна. Ценам дека капацитетите со коишто располага државата подготвени ќе ја дочекаат и ја дочекаа оваа грејна сезона и не очекувам да имаме некои позначителни потреси на пазарот - рече Мицкоски.
Во моментов, како што кажа, работат двата блока во РЕК Битола, бидејќи нема потреба за повеќе, а од втора половина на декември ќе биде вклучен по потреба и третиот блок. За ветувањето дека ќе се укине давачката за пристап од 200 денари на сметките за потрошена електрична енергија за граѓаните, рече дека ќе биде укината во текот на мандатот на оваа Влада.
Во овој момент работиме на консолидирање на електроенергетскиот сектор и мислам дека Регулаторната комисија за енергетика ги прави пресметките. Кога тие ќе бидат готови ќе донесеме одлука која што е најважна и најдобра за граѓаните - рече Мицкоски.
Во насока на консолидација, како што посочи, е и одлуката да не се префрлаат пари на АД ЕСМ, туку самата компанија преку кредит да си ги плати старите долгови.
Пари на Државни електрани се префрлувале. Поентата е сега со работењето на ова раководство да се консолидира компанијата и помалку да се префрлаат. Тоа е суштината. Кредитот којшто е земен е за да ги плати старите долгови наследени од претходното раководство во големина од пет милијарди денари и тоа се средства коишто се наследени од претходно. Заемот е земен по исклучително поволни услови, ќе има и грејс период од две-три години, доволен период за да може компанијата да се консолидира. Ние продолжуваме да работиме во насока на консолидирање на јавниот сектор и државата од она кое што е наследено од претходната влада на СДСМ и ДУИ и добро е што полека но сигурно се консолидира сето ова - потенцира Мицкоски.

The post Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава appeared first on Република.

]]>
ЕК ќе разгледува зошто Бугарија, Романија и Грција плаќале поскапа струја https://republika.mk/vesti/svet/ek-ke-razgleduva-zoshto-bugarija-romanija-i-grtsija-plakale-poskapa-struja/ Thu, 03 Oct 2024 09:05:01 +0000 https://republika.mk/?p=822117

Романија, Бугарија и Грција поднесоа заедничко барање до Европската комисија за решавање на проблемите во енергетскиот пазар, што ќе се разгледа на состанокот на Советот на министри на 15 октомври. Ова го потврди романскиот министер за енергетика Себастијан Бурдуја на прес-конференција по владината седница, пренесоа медиумите Агерпрес и БТА.

Според Бурдуја, прашањето за функционалниот енергетски пазар ќе биде дел од дискусиите во Луксембург, како резултат на иницијативата на трите земји. Притоа, тој презентираше споредбени податоци за цените на електричната енергија, според кои на 11 јули, Романија плаќала 190 евра за мегават час, додека земји како Франција и Австрија имале значително пониски трошоци – 78 и 75 евра соодветно. Од друга страна, Унгарија плаќала дури 264 евра. До 2 септември, цените во регионот достигнале врв, со 234 евра за мегават час во Романија, со слични цени во Бугарија, Грција и Унгарија.

Министерот истакна дека високите цени се должат на недостатокот на реализирани интерконекции меѓу земјите од Источна и Западна Европа, особено од страна на Австрија и Словачка. Тоа ја спречува евтината енергија произведена на Запад да стигне до земјите на Истокот. Тој најави дека врз основа на студиите изработени од операторите на електропреносните системи во Романија, Бугарија и Грција, ќе побараат конкретни мерки за надминување на овие предизвици.

The post ЕК ќе разгледува зошто Бугарија, Романија и Грција плаќале поскапа струја appeared first on Република.

]]>

Романија, Бугарија и Грција поднесоа заедничко барање до Европската комисија за решавање на проблемите во енергетскиот пазар, што ќе се разгледа на состанокот на Советот на министри на 15 октомври. Ова го потврди романскиот министер за енергетика Себастијан Бурдуја на прес-конференција по владината седница, пренесоа медиумите Агерпрес и БТА. Според Бурдуја, прашањето за функционалниот енергетски пазар ќе биде дел од дискусиите во Луксембург, како резултат на иницијативата на трите земји. Притоа, тој презентираше споредбени податоци за цените на електричната енергија, според кои на 11 јули, Романија плаќала 190 евра за мегават час, додека земји како Франција и Австрија имале значително пониски трошоци – 78 и 75 евра соодветно. Од друга страна, Унгарија плаќала дури 264 евра. До 2 септември, цените во регионот достигнале врв, со 234 евра за мегават час во Романија, со слични цени во Бугарија, Грција и Унгарија. Министерот истакна дека високите цени се должат на недостатокот на реализирани интерконекции меѓу земјите од Источна и Западна Европа, особено од страна на Австрија и Словачка. Тоа ја спречува евтината енергија произведена на Запад да стигне до земјите на Истокот. Тој најави дека врз основа на студиите изработени од операторите на електропреносните системи во Романија, Бугарија и Грција, ќе побараат конкретни мерки за надминување на овие предизвици.

The post ЕК ќе разгледува зошто Бугарија, Романија и Грција плаќале поскапа струја appeared first on Република.

]]>
Без струја утре дел од Ѓорче Петров и Кисела Вода https://republika.mk/zivot/servisi/bez-struja-utre-del-od-gorche-petrov-i-kisela-voda/ Wed, 02 Oct 2024 19:12:03 +0000 https://republika.mk/?p=821916

Поради планирани зафати во електро - дистрибутивната мрежа, утре без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците на општините Ѓорче Петров и Кисела Вода, информираат попладнево од Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје.

Од 10:30 до 11 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците на место наречено „Присојница“ - Горно Нерези.

Во период од девет до 12 часот пак, дел од булеварот „Борис Трајковски“, кај „Вардар мебел“ во општина Кисела Вода.

The post Без струја утре дел од Ѓорче Петров и Кисела Вода appeared first on Република.

]]>

Поради планирани зафати во електро - дистрибутивната мрежа, утре без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците на општините Ѓорче Петров и Кисела Вода, информираат попладнево од Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје. Од 10:30 до 11 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците на место наречено „Присојница“ - Горно Нерези. Во период од девет до 12 часот пак, дел од булеварот „Борис Трајковски“, кај „Вардар мебел“ во општина Кисела Вода.

The post Без струја утре дел од Ѓорче Петров и Кисела Вода appeared first on Република.

]]>
Без струја делови од Инџиково и Жданец https://republika.mk/vesti/skopje/bez-struja-delovi-od-indhikovo-i-zhdanets/ Wed, 18 Sep 2024 16:53:19 +0000 https://republika.mk/?p=817558

Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија утре од од 08:30 до 13:00 часот ќе останат корисниците од дел од улица „Финска“, поточно подулиците 15 и 20 во населба Инџиково, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Струја од 09:00 до 13:00 часот ќе немаат и корисниците од дел од ул. „Нерешка“ во скопската населба Жданец.

The post Без струја делови од Инџиково и Жданец appeared first on Република.

]]>

Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија утре од од 08:30 до 13:00 часот ќе останат корисниците од дел од улица „Финска“, поточно подулиците 15 и 20 во населба Инџиково, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Струја од 09:00 до 13:00 часот ќе немаат и корисниците од дел од ул. „Нерешка“ во скопската населба Жданец.

The post Без струја делови од Инџиково и Жданец appeared first on Република.

]]>
ЕК го примила писмото на Мицотакис за високите цени на струјата во ЈИЕ https://republika.mk/vesti/svet/ek-go-primila-pismoto-na-mitsotakis-za-visokite-tseni-na-strujata-vo-jie/ Fri, 13 Sep 2024 12:42:02 +0000 https://republika.mk/?p=816075

Европската комисија денеска потврди дека го примила писмото од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во врска со проблемот со многу повисоките цени на електричната енергијата во регионот на Југоисточна Европа во споредба со оние во земјите од Западна Европа.

Треба да го проучиме писмото кое што туку го примивме и да видиме што содржи тоа, по што секако ќе следи одговор. Засега не би сакал ништо да прејудицирам, изјави портпаролот на Европската комисија за климатска акција и енергија Тим Мекфи.

Во однос на забелешката дека на високите цени на струјата во Југоисточна Европа влијание има руската инвазија врз Украина, Мекфи истакна дека секако оти овој конфликт и нападите на Русија врз украинскиот енергетска систем влијаат врз цените, бидејќи дел од произведената струја се насочува кон Украина како дел од мерките за поддршка на земјата. Тој оцени дека ова покажува и оти Москва ја користи енергијата како алатка за уцена на Европа.

Многу внимателно ја следиме состојбата и во контакт сме со сите земји членки за тоа како да се надмине овој проблем. Изминативе две години презедовме многу вонредни, но и структурни мерки за одржување на контролата врз енергетскиот пазар, додаде Мекфи.

Според него, сега струјата е многу поевтина во споредба со пред две години, но и натаму има уште многу да се работи за намалување на цените на електричната енергија.

The post ЕК го примила писмото на Мицотакис за високите цени на струјата во ЈИЕ appeared first on Република.

]]>

Европската комисија денеска потврди дека го примила писмото од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во врска со проблемот со многу повисоките цени на електричната енергијата во регионот на Југоисточна Европа во споредба со оние во земјите од Западна Европа. Треба да го проучиме писмото кое што туку го примивме и да видиме што содржи тоа, по што секако ќе следи одговор. Засега не би сакал ништо да прејудицирам, изјави портпаролот на Европската комисија за климатска акција и енергија Тим Мекфи. Во однос на забелешката дека на високите цени на струјата во Југоисточна Европа влијание има руската инвазија врз Украина, Мекфи истакна дека секако оти овој конфликт и нападите на Русија врз украинскиот енергетска систем влијаат врз цените, бидејќи дел од произведената струја се насочува кон Украина како дел од мерките за поддршка на земјата. Тој оцени дека ова покажува и оти Москва ја користи енергијата како алатка за уцена на Европа. Многу внимателно ја следиме состојбата и во контакт сме со сите земји членки за тоа како да се надмине овој проблем. Изминативе две години презедовме многу вонредни, но и структурни мерки за одржување на контролата врз енергетскиот пазар, додаде Мекфи. Според него, сега струјата е многу поевтина во споредба со пред две години, но и натаму има уште многу да се работи за намалување на цените на електричната енергија.

The post ЕК го примила писмото на Мицотакис за високите цени на струјата во ЈИЕ appeared first on Република.

]]>
Дел од Тетово 30 часа без струја поради дефект на трафостаница https://republika.mk/zivot/servisi/del-od-tetovo-30-chasa-bez-struja-poradi-defekt-na-trafostanitsa/ Thu, 12 Sep 2024 20:05:47 +0000 https://republika.mk/?p=815839

Дел од Тетово во правец и во околината на основното училиште ,,Андреја Савески-Ќиќиш” над 30 часа беа снабдување со електрична поради дефект на трафостаница. Струја во овие домаќинства снемало на пладне во средата, а снабдувањето продолжило од вечерва по 18 часот и 30 минути.

Поради испад на среднонапонски блок, вчера без напон со електрична енергија останаа трафостаницата „Кикиш” и „Тетово 1”. Екипите на Електродистрибуција веднаш интервенираа на терен и за кратко време го нормализираа напојувањето на трафостаницата „Тетово 1”, а санацијата на другата трафостаница траеше подолго поради сериозната штета која настана како резултат на испадот. Трафостаницата „Кикиш” се пушти под напон денес околу 18:30 часот, со што корисниците добија сигурно и стабилно снабдување со електрична енергија, информираа од компанијата Електродистрибуција при ЕВН Македонија, која управува со дистрибутивната мрежа.

Граѓаните со допис до нашата редакција реагираат дека претрпеле штети поради долготрајниот прекин во снабдувањето со електрична енергија.

The post Дел од Тетово 30 часа без струја поради дефект на трафостаница appeared first on Република.

]]>

Дел од Тетово во правец и во околината на основното училиште ,,Андреја Савески-Ќиќиш” над 30 часа беа снабдување со електрична поради дефект на трафостаница. Струја во овие домаќинства снемало на пладне во средата, а снабдувањето продолжило од вечерва по 18 часот и 30 минути. Поради испад на среднонапонски блок, вчера без напон со електрична енергија останаа трафостаницата „Кикиш” и „Тетово 1”. Екипите на Електродистрибуција веднаш интервенираа на терен и за кратко време го нормализираа напојувањето на трафостаницата „Тетово 1”, а санацијата на другата трафостаница траеше подолго поради сериозната штета која настана како резултат на испадот. Трафостаницата „Кикиш” се пушти под напон денес околу 18:30 часот, со што корисниците добија сигурно и стабилно снабдување со електрична енергија, информираа од компанијата Електродистрибуција при ЕВН Македонија, која управува со дистрибутивната мрежа. Граѓаните со допис до нашата редакција реагираат дека претрпеле штети поради долготрајниот прекин во снабдувањето со електрична енергија.

The post Дел од Тетово 30 часа без струја поради дефект на трафостаница appeared first on Република.

]]>
Климата ќе троши три пати повеќе струја, ако не престанете со една навика https://republika.mk/zivot/klimata-ke-troshi-tri-pati-poveke-struja-ako-ne-prestanete-so-edna-navika-2/ Mon, 02 Sep 2024 20:12:47 +0000 https://republika.mk/?p=805243

Поевтините модели без инвертери можат да се загреат само кога надворешната температура е над 0°C

Употребата на клима уреди се јавува како најголем фаворит, со оглед на тоа што е практично и брзо решение кое им е достапно на сите станари. Сепак, многумина избегнуваат да го вклучат уредот и тоа го прават периодично само неколку часа или минути за да искористат што е можно помалку електрична енергија и на тој начин да заштедат пари.

Но, ова е токму една од најголемите заблуди за користење на клима уредите – многу е поевтино да го оставите уредот да работи цел ден отколку да го вклучувате неколку часа одвреме-навреме.

Покрај тоа, постојат голем број мали трикови со помош на кои е можно да се оптимизира работата на уредот и следствено да се намалат сметките за струја за време на грејната сезона на станот.

Ќе ги откриеме советите споменати подолу, но пред да започнеме со нив, време е да ги објасниме основите на трошењето.

Енергетска класа на уредот

Современите климатизери користат инвертер компресор, кој осигурува уредот да не работи со целосна моќност цело време, но количината на искористена енергија варира во зависност од потребата.

Клима уред од 3,5 kW троши максимум околу 1,2 kW електрична енергија со целосна моќност, додека во состојба на одржување на температурата троши помеѓу 200 и 500 W електрична енергија.

Сепак, можеме дополнително да ја намалиме оваа потрошувачка.

Првиот чекор е да ја изберете енергетската класа на уредот. Може да биде A+++, A++, A+, A и B, а највисоката оцена е секако најдобрата опција бидејќи обезбедува висока функционалност со мала потрошувачка на електрична енергија, што може да обезбеди значителни заштеди во домашниот буџет на годишно ниво.

Откако ја дефиниравме најдобрата енергетска класа, време е да се обрне внимание на оптималниот начин на работа.

Дополнително, доколку некое лице остане во домаќинството цел ден, се препорачува уредот да го вклучи рано наутро, додека надворешните температури се малку пониски и да го оставаат постојано вклучен цел ден.

Како што споменавме претходно, кога клима уредот ќе ја достигне поставената температура во просторијата, автоматски ќе ја одржува со намален ефект, што ќе резултира со минимална потрошувачка на електрична енергија.

Доколку, пак, лицето не остане цел ден во станот, тогаш секако е добра идеја да го вклучите уредот еден час пред да дојдете дома, со тоа што за ова е потребно да имате клима уред со WiFi модул.

Инвертер технологија

Сите овие постулати важат и за зимската сезона, со тоа што оптималната температура во грејната сезона треба да биде помеѓу 20 °C и 22 °C.

Имено, се поголем број корисници избираат парно наместо клима. Со оглед на тоа што не ги користат греалките што може да се најдат во греалките и ТА печките, ова решение се смета за значително поефикасно. Што се однесува до употребливоста на уредот, за 1 kV влезна електрична енергија се добиваат околу 3 kV топлинска енергија при многу ниски надворешни температури, што секако е предност во однос на другите грејни елементи.

Сепак, постојат некои ограничувања.

Поевтините модели без инвертери можат да се загреат само кога надворешната температура е над 0°C. Сепак, клима уредите што користат технологија на инвертер можат да работат на надворешни температури до -25°C.

Дополнително, подобрената ефикасност на уредите со инвертер не само што значи намалена потрошувачка на енергија до 30 проценти и помали сметки за струја, туку таквите модели се и поеколошки.

Некои климатизери имаат специјално дизајнирани летви кои го насочуваат воздухот за подобра распределба на температурата во просторијата, а исто така доаѓаат со интелигентен сензор за топлина кој ја детектира моменталната температура на површината во просторијата.

Откако ќе се одреди, системот прво рамномерно ќе ги распредели условите во просторијата, а потоа ќе се префрли на режим на дистрибуција што го насочува топол и ладен воздух во областите каде што се потребни.

Сензори за движење

Покрај оптимизирањето на работата на клима уредот, постојат уште неколку практични решенија. Еден од нив е употребата на вентилатори.

Можеби нема да ја излади просторијата, но протокот на воздух ќе направи да се чувствувате поудобно дури и кога собната температура е повисока. Меѓутоа, бидејќи вентилаторот не ја намалува температурата во просторијата, нема смисла да го оставите вклучен додека не сте дома, бидејќи само непотребно ќе трошите електрична енергија.

Некои напредни уреди имаат функција која, користејќи сензор за движење, секогаш го насочува воздухот во спротивна насока од луѓето во собата.

Со овие практични совети, затоа е можно значително да се намали енергијата потребна за ракување со уредот. Сè што е потребно е да се посвети поголемо внимание при купувањето на производот и подоцна да се направи што е можно повеќе за да се оптимизира неговото работење.

The post Климата ќе троши три пати повеќе струја, ако не престанете со една навика appeared first on Република.

]]>

Поевтините модели без инвертери можат да се загреат само кога надворешната температура е над 0°C Употребата на клима уреди се јавува како најголем фаворит, со оглед на тоа што е практично и брзо решение кое им е достапно на сите станари. Сепак, многумина избегнуваат да го вклучат уредот и тоа го прават периодично само неколку часа или минути за да искористат што е можно помалку електрична енергија и на тој начин да заштедат пари. Но, ова е токму една од најголемите заблуди за користење на клима уредите – многу е поевтино да го оставите уредот да работи цел ден отколку да го вклучувате неколку часа одвреме-навреме. Покрај тоа, постојат голем број мали трикови со помош на кои е можно да се оптимизира работата на уредот и следствено да се намалат сметките за струја за време на грејната сезона на станот. Ќе ги откриеме советите споменати подолу, но пред да започнеме со нив, време е да ги објасниме основите на трошењето. Енергетска класа на уредот
Современите климатизери користат инвертер компресор, кој осигурува уредот да не работи со целосна моќност цело време, но количината на искористена енергија варира во зависност од потребата. Клима уред од 3,5 kW троши максимум околу 1,2 kW електрична енергија со целосна моќност, додека во состојба на одржување на температурата троши помеѓу 200 и 500 W електрична енергија.
Сепак, можеме дополнително да ја намалиме оваа потрошувачка.
Првиот чекор е да ја изберете енергетската класа на уредот. Може да биде A+++, A++, A+, A и B, а највисоката оцена е секако најдобрата опција бидејќи обезбедува висока функционалност со мала потрошувачка на електрична енергија, што може да обезбеди значителни заштеди во домашниот буџет на годишно ниво.
Откако ја дефиниравме најдобрата енергетска класа, време е да се обрне внимание на оптималниот начин на работа. Дополнително, доколку некое лице остане во домаќинството цел ден, се препорачува уредот да го вклучи рано наутро, додека надворешните температури се малку пониски и да го оставаат постојано вклучен цел ден.
Како што споменавме претходно, кога клима уредот ќе ја достигне поставената температура во просторијата, автоматски ќе ја одржува со намален ефект, што ќе резултира со минимална потрошувачка на електрична енергија.
Доколку, пак, лицето не остане цел ден во станот, тогаш секако е добра идеја да го вклучите уредот еден час пред да дојдете дома, со тоа што за ова е потребно да имате клима уред со WiFi модул.
Инвертер технологија
Сите овие постулати важат и за зимската сезона, со тоа што оптималната температура во грејната сезона треба да биде помеѓу 20 °C и 22 °C.
Имено, се поголем број корисници избираат парно наместо клима. Со оглед на тоа што не ги користат греалките што може да се најдат во греалките и ТА печките, ова решение се смета за значително поефикасно. Што се однесува до употребливоста на уредот, за 1 kV влезна електрична енергија се добиваат околу 3 kV топлинска енергија при многу ниски надворешни температури, што секако е предност во однос на другите грејни елементи. Сепак, постојат некои ограничувања. Поевтините модели без инвертери можат да се загреат само кога надворешната температура е над 0°C. Сепак, клима уредите што користат технологија на инвертер можат да работат на надворешни температури до -25°C. Дополнително, подобрената ефикасност на уредите со инвертер не само што значи намалена потрошувачка на енергија до 30 проценти и помали сметки за струја, туку таквите модели се и поеколошки. Некои климатизери имаат специјално дизајнирани летви кои го насочуваат воздухот за подобра распределба на температурата во просторијата, а исто така доаѓаат со интелигентен сензор за топлина кој ја детектира моменталната температура на површината во просторијата. Откако ќе се одреди, системот прво рамномерно ќе ги распредели условите во просторијата, а потоа ќе се префрли на режим на дистрибуција што го насочува топол и ладен воздух во областите каде што се потребни. Сензори за движење Покрај оптимизирањето на работата на клима уредот, постојат уште неколку практични решенија. Еден од нив е употребата на вентилатори. Можеби нема да ја излади просторијата, но протокот на воздух ќе направи да се чувствувате поудобно дури и кога собната температура е повисока. Меѓутоа, бидејќи вентилаторот не ја намалува температурата во просторијата, нема смисла да го оставите вклучен додека не сте дома, бидејќи само непотребно ќе трошите електрична енергија. Некои напредни уреди имаат функција која, користејќи сензор за движење, секогаш го насочува воздухот во спротивна насока од луѓето во собата. Со овие практични совети, затоа е можно значително да се намали енергијата потребна за ракување со уредот. Сè што е потребно е да се посвети поголемо внимание при купувањето на производот и подоцна да се направи што е можно повеќе за да се оптимизира неговото работење.

The post Климата ќе троши три пати повеќе струја, ако не престанете со една навика appeared first on Република.

]]>
Без струја утре дел од Ѓорче Петров https://republika.mk/zivot/servisi/bez-struja-utre-del-od-gorche-petrov/ Sun, 25 Aug 2024 19:32:32 +0000 https://republika.mk/?p=810086

Без струја утре од 9 до 12 часот ќе останат корисниците на ул. „Норвешка“ во општина Ѓорче Петров.

Прекинот во снабдувањето со струја е поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа на ЕВН, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

The post Без струја утре дел од Ѓорче Петров appeared first on Република.

]]>

Без струја утре од 9 до 12 часот ќе останат корисниците на ул. „Норвешка“ во општина Ѓорче Петров. Прекинот во снабдувањето со струја е поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа на ЕВН, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

The post Без струја утре дел од Ѓорче Петров appeared first on Република.

]]>
Кривична пријава за „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас” https://republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-prijava-za-krazhba-na-elektrichna-energija-toplinska-energija-ili-priroden-gas/ Mon, 19 Aug 2024 08:54:48 +0000 https://republika.mk/?p=807873

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство Струга поднесе кривична пријава против В.Р. – инспектор за прекуграничен криминал и миграции Струга во Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија во Регионалниот центар за гранични работи Запад, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас” по член 235-а од Кривичниот законик.

На 11.06.2024, вработени во ЕВН Струга констатирале дека пријавениот В.Р. врши неовластено преземање на електрична енергија на трифази во неговата куќа во с.Делгошти, струшко. Пријавениот, кражбата на електрична енергија ја вршел од бандера на ЕВН преку електрично броило поставено во куќата на неговиот починат татко, од каде бил пуштен кабел за електрична енергија до неговата куќа.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против В.Р. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина.

The post Кривична пријава за „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас” appeared first on Република.

]]>

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство Струга поднесе кривична пријава против В.Р. – инспектор за прекуграничен криминал и миграции Струга во Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија во Регионалниот центар за гранични работи Запад, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас” по член 235-а од Кривичниот законик. На 11.06.2024, вработени во ЕВН Струга констатирале дека пријавениот В.Р. врши неовластено преземање на електрична енергија на трифази во неговата куќа во с.Делгошти, струшко. Пријавениот, кражбата на електрична енергија ја вршел од бандера на ЕВН преку електрично броило поставено во куќата на неговиот починат татко, од каде бил пуштен кабел за електрична енергија до неговата куќа. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против В.Р. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина.

The post Кривична пријава за „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас” appeared first on Република.

]]>
Од јануари до јули издадени лиценци за производство на струја од обновливи извори со инсталирана моќност од 179,72 мегавати https://republika.mk/vesti/ekonomija/od-januari-do-juli-izdadeni-litsentsi-za-proizvodstvo-na-struja-od-obnovlivi-izvori-so-instalirana-moknost-od-179-72-megavati-2/ Thu, 15 Aug 2024 10:31:25 +0000 https://republika.mk/?p=806806

Од јануари до јули годинава издадени се лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од 179,72 мегавати, покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Според претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, пониски сметки за електрична енергија е клучната причина зошто интересот за инвестиции во обновливи избори не запира.

Помалите трошоци за струја несомнено е директниот бенефит што го имаат компаниите, ако анализираме на микро ниво. Но, ако се гледа големата слика, токму поради овој отворен инвестициски циклус на приватната иницијатива во обновливи извори, попознат во јавноста како Елдорадо, државата забележа историски намален нето увоз на струја од традиционалните 30 отсто на 2,75 отсто во 2023 година. Податоците покажуваат дека за две години и седум месеци во земјава изградени се и приклучени на мрежа капацитети што произведуваат струја од сонце со вкупна инсталирана моќност од околу 731 мегават, додека само еден блок од РЕК Битола има инсталиран капацитет од 233 мегавати, изјави Бислимоски.

Во 2023 година РКЕ издаде лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од скоро 399 мегавати, додека во 2022 година се издадени 152,2 мегавати.

The post Од јануари до јули издадени лиценци за производство на струја од обновливи извори со инсталирана моќност од 179,72 мегавати appeared first on Република.

]]>

Од јануари до јули годинава издадени се лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од 179,72 мегавати, покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Според претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, пониски сметки за електрична енергија е клучната причина зошто интересот за инвестиции во обновливи избори не запира. Помалите трошоци за струја несомнено е директниот бенефит што го имаат компаниите, ако анализираме на микро ниво. Но, ако се гледа големата слика, токму поради овој отворен инвестициски циклус на приватната иницијатива во обновливи извори, попознат во јавноста како Елдорадо, државата забележа историски намален нето увоз на струја од традиционалните 30 отсто на 2,75 отсто во 2023 година. Податоците покажуваат дека за две години и седум месеци во земјава изградени се и приклучени на мрежа капацитети што произведуваат струја од сонце со вкупна инсталирана моќност од околу 731 мегават, додека само еден блок од РЕК Битола има инсталиран капацитет од 233 мегавати, изјави Бислимоски. Во 2023 година РКЕ издаде лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од скоро 399 мегавати, додека во 2022 година се издадени 152,2 мегавати.

The post Од јануари до јули издадени лиценци за производство на струја од обновливи извори со инсталирана моќност од 179,72 мегавати appeared first on Република.

]]>
Од јануари до јули издадени лиценци за производство на струја од обновливи извори со инсталирана моќност од 179,72 мегавати https://republika.mk/vesti/ekonomija/od-januari-do-juli-izdadeni-litsentsi-za-proizvodstvo-na-struja-od-obnovlivi-izvori-so-instalirana-moknost-od-179-72-megavati/ Thu, 15 Aug 2024 10:03:26 +0000 https://republika.mk/?p=806778

Од јануари до јули годинава издадени се лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од 179,72 мегавати, покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Според претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, пониски сметки за електрична енергија е клучната причина зошто интересот за инвестиции
во обновливи избори не запира.

Помалите трошоци за струја несомнено е директниот бенефит што го имаат компаниите, ако анализираме на микро ниво. Но, ако се гледа големата слика, токму поради овој отворен инвестициски циклус на приватната иницијатива во обновливи извори, попознат во јавноста како Елдорадо, државата забележа историски намален нето увоз на струја од традиционалните 30 отсто на 2,75 отсто во 2023 година. Податоците покажуваат дека за две години и седум месеци во земјава изградени се и приклучени на мрежа капацитети што произведуваат струја од сонце со вкупна инсталирана моќност од околу 731 мегават, додека само еден блок од РЕК Битола има инсталиран капацитет од 233 мегавати, изјави Бислимоски.

Во 2023 година РКЕ издаде лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од скоро 399 мегавати, додека во 2022 година се издадени 152,2 мегвати.

The post Од јануари до јули издадени лиценци за производство на струја од обновливи извори со инсталирана моќност од 179,72 мегавати appeared first on Република.

]]>

Од јануари до јули годинава издадени се лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од 179,72 мегавати, покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Според претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, пониски сметки за електрична енергија е клучната причина зошто интересот за инвестиции во обновливи избори не запира.
Помалите трошоци за струја несомнено е директниот бенефит што го имаат компаниите, ако анализираме на микро ниво. Но, ако се гледа големата слика, токму поради овој отворен инвестициски циклус на приватната иницијатива во обновливи извори, попознат во јавноста како Елдорадо, државата забележа историски намален нето увоз на струја од традиционалните 30 отсто на 2,75 отсто во 2023 година. Податоците покажуваат дека за две години и седум месеци во земјава изградени се и приклучени на мрежа капацитети што произведуваат струја од сонце со вкупна инсталирана моќност од околу 731 мегават, додека само еден блок од РЕК Битола има инсталиран капацитет од 233 мегавати, изјави Бислимоски.
Во 2023 година РКЕ издаде лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од скоро 399 мегавати, додека во 2022 година се издадени 152,2 мегвати.  

The post Од јануари до јули издадени лиценци за производство на струја од обновливи извори со инсталирана моќност од 179,72 мегавати appeared first on Република.

]]>
Делови од Студеничани и Чучер Сандево утре без струја https://republika.mk/zivot/servisi/delovi-od-studenichani-i-chucher-sandevo-utre-bez-struja/ Sun, 11 Aug 2024 08:16:03 +0000 https://republika.mk/?p=805365

Корисниците од викенд населбата Јане Сандански кон викенд населба Морани, на потегот од црквата кон населбата Јане Сандански во општина Студеничани утре од 8:00 до 15:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9:00 до 11:30 часот, без струја ќе бидат и корисниците од село Глуво и дел од корисниците кај аеродромот Стенковец во општина Чучер Сандево.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.

The post Делови од Студеничани и Чучер Сандево утре без струја appeared first on Република.

]]>

Корисниците од викенд населбата Јане Сандански кон викенд населба Морани, на потегот од црквата кон населбата Јане Сандански во општина Студеничани утре од 8:00 до 15:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Од 9:00 до 11:30 часот, без струја ќе бидат и корисниците од село Глуво и дел од корисниците кај аеродромот Стенковец во општина Чучер Сандево. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.

The post Делови од Студеничани и Чучер Сандево утре без струја appeared first on Република.

]]>