странски експерти Archives - Република https://republika.mk/tema/stranski-eksperti/ За подобро да се разбереме Tue, 24 Sep 2024 08:16:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png странски експерти Archives - Република https://republika.mk/tema/stranski-eksperti/ 32 32 Странски експерти ќе работат со Министерството за правда на проблемите во правосудството https://republika.mk/vesti/makedonija/stranski-eksperti-ke-rabotat-so-ministerstvoto-za-pravda-na-problemite-vo-pravosudstvoto/ Tue, 24 Sep 2024 08:16:41 +0000 https://republika.mk/?p=819180

Министерот за правда Игор Филков оствари средба со Марциа Палота, проектен офицер од  Делегацијата на Европската унија во Македонија и тимот од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото”.

Со ова, како што соопшти Министерството за правда, ќе се поттикне  довербата на граѓаните преку воспоставување на правосуден систем кој ќе биде темел на праведно општество.

Проектот ја обезбедува потребната експертска поддршка на Министерството за спроведување и следење на Секторската развојна стратегија за правосудството 2024-2028 година, како и други активности, а се во насока на подобрување на законските решенија.

Предвидено е во текот на наредниот месец да се отпочне со јавни дебати за Законот за Судскиот совет и Законот за јавно обвинителство. Ќе се реактивира и работата на Советот за следење на Стратегијата .За подобрување на  ефикасаноста на судскиот систем и антикорупциската политика ќе биде неопходно да се унапреди дигитализацијата и да се зајакне соработката помеѓу органите за спроведување на законот и правосудните органи, се наведува во соопштението.

Сето ова, како што велат од Министерството за правда, ќе и помогне на нашата држава да изгради подобар правен систем, да напредува кон интеграцијата во ЕУ и да се осигура дека реформите се одржливи на долг рок.

The post Странски експерти ќе работат со Министерството за правда на проблемите во правосудството appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда Игор Филков оствари средба со Марциа Палота, проектен офицер од  Делегацијата на Европската унија во Македонија и тимот од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото”. Со ова, како што соопшти Министерството за правда, ќе се поттикне  довербата на граѓаните преку воспоставување на правосуден систем кој ќе биде темел на праведно општество. Проектот ја обезбедува потребната експертска поддршка на Министерството за спроведување и следење на Секторската развојна стратегија за правосудството 2024-2028 година, како и други активности, а се во насока на подобрување на законските решенија.