Стејт департемнт Archives - Република https://republika.mk/tema/stejt-departemnt/ За подобро да се разбереме Thu, 17 Oct 2024 06:12:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Стејт департемнт Archives - Република https://republika.mk/tema/stejt-departemnt/ 32 32 Стејт департмент: Израел има право да го напаѓа Хезболах во Либан , дури и во цивилни згради, но мора да ги заштити цивилите https://republika.mk/vesti/svet/stejt-department-izrael-ima-pravo-da-go-napaga-hezbolah-vo-liban-duri-i-vo-tsivilni-zgradi-no-mora-da-gi-zashtiti-tsivilite/ Thu, 17 Oct 2024 06:55:54 +0000 https://republika.mk/?p=827853

 Израел има право да го нападне Хезболах во Либан дури и во цивилни згради, но тоа мора да го направи на начин што ќе ги заштити цивилите, изјави портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер.

Запрашан на редовниот брифинг со новинарите за израелскиот напад врз општинската зграда во јужниот либански град Набатиех, во кој загинаа 16 лица, вклучувајќи го и градоначалникот, Милер рече дека не може да коментира за поединечни напади, но нагласи дека САД „не сакаат да се уништуваат цивилни згради“.

„Сфаќаме дека Хезболах понекогаш дејствува под и во домови на цивили. Видовме снимки од ракети и друго оружје складирани во цивилни домови кои се појавија во последните две недели. Израел има право да ги нападне овие легитимни цели, но тоа мора да го прави на начин што ја штити цивилната инфраструктура, ги штити цивилите“, рече тој.

„Вашингтон поддржува ограничени израелски упади за напад и ослабување на Хезболах, но се противи на широка кампања за бомбардирање на Бејрут и напади кои не избегнуваат да им наштетат на цивилите“, објасни Милер.

Либанските власти го критикуваа вчерашниот напад, во кој беа повредени повеќе од 50 луѓе, велејќи дека тоа е доказ дека Израел сега ја напаѓа либанската држава.

Либанскиот премиер Наџиб Микати изјави дека биле нападнати цивили кои се состанале да ја координираат помошта за граѓаните. Милер одговори дека доколку Израел навистина намерно таргетирал таков состанок, тоа би било „неприфатливо“, но истакна и дека треба да се утврдат околностите на инцидентот.

The post Стејт департмент: Израел има право да го напаѓа Хезболах во Либан , дури и во цивилни згради, но мора да ги заштити цивилите appeared first on Република.

]]>

 Израел има право да го нападне Хезболах во Либан дури и во цивилни згради, но тоа мора да го направи на начин што ќе ги заштити цивилите, изјави портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер.
Запрашан на редовниот брифинг со новинарите за израелскиот напад врз општинската зграда во јужниот либански град Набатиех, во кој загинаа 16 лица, вклучувајќи го и градоначалникот, Милер рече дека не може да коментира за поединечни напади, но нагласи дека САД „не сакаат да се уништуваат цивилни згради“.
„Сфаќаме дека Хезболах понекогаш дејствува под и во домови на цивили. Видовме снимки од ракети и друго оружје складирани во цивилни домови кои се појавија во последните две недели. Израел има право да ги нападне овие легитимни цели, но тоа мора да го прави на начин што ја штити цивилната инфраструктура, ги штити цивилите“, рече тој.
„Вашингтон поддржува ограничени израелски упади за напад и ослабување на Хезболах, но се противи на широка кампања за бомбардирање на Бејрут и напади кои не избегнуваат да им наштетат на цивилите“, објасни Милер. Либанските власти го критикуваа вчерашниот напад, во кој беа повредени повеќе од 50 луѓе, велејќи дека тоа е доказ дека Израел сега ја напаѓа либанската држава. Либанскиот премиер Наџиб Микати изјави дека биле нападнати цивили кои се состанале да ја координираат помошта за граѓаните. Милер одговори дека доколку Израел навистина намерно таргетирал таков состанок, тоа би било „неприфатливо“, но истакна и дека треба да се утврдат околностите на инцидентот.

The post Стејт департмент: Израел има право да го напаѓа Хезболах во Либан , дури и во цивилни згради, но мора да ги заштити цивилите appeared first on Република.

]]>
Стејт департмент за ризикот од дестабилизација: САД се во редовен контакт со владини функционери за прашања од меѓусебна загриженост https://republika.mk/vesti/makedonija/stej-department-za-rizikot-od-destabilizatsija-sad-se-vo-redoven-kontakt-so-vladini-funktsioneri-za-prashana-od-megusebna-zagrizhenost/ Tue, 20 Aug 2024 06:10:17 +0000 https://republika.mk/?p=808078

САД се во редовен контакт со владини официјални лица за прашања од меѓусебна загриженост, изјавија од Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски, на прашањата дали САД имаат информации за наводен ризик од дестабилизација во Македонија, како што предупреди премиерот Христијан Мицкоски, како и дали на оваа тема разговарале со македонската влада.

- Додека генерално не обезбедуваме соопштенија од дипломатски состаноци, ние сме во редовен контакт со владини функционери за широк спектар на прашања од меѓусебна загриженост, одговорија од прес-службата на Стејт департментот.

Мицкоски, при посетата на Царинската управа на 15 август, рече дека високи функционери во поранешни влади се обидуваат да мобилизираат луѓе на терен и да „провоцираат етнички конфликт, односно да ја дестабилизираат меѓуетничката хармонија во Македонија“.

-Индиции имаме за елементи, кои што располагаат со огромни милионски суми на пари, дел од нив се и високи функционери во поранешни влади и кои што се обидуваат да мобилизираат луѓе на терен, во најголемиот дел да манипулираат, и она што мене посебно ме загрижува е тоа што се обидуваат да провоцираат етнички конфликт, односно да ја дестабилизираат меѓуетничката хармонија во Македонија. Тоа е она кое што најмногу ме вознемирува бидејќи сфаќаат дека на друг начин тие не може да мобилизираат луѓе, и сега единствениот начин е да испровоцираат ваков тип на конфликт. Тоа нема да го дозволиме. Апелирам, и до јавноста, и до медиумите и до граѓаните, да се воздржат од какви било провокации, да ги игнорираат, порано или подоцна сторителите на овој тип на провокации ќе одговараат, изјави Мицкоски.

Гласот на Америка потестува дека Мицкоски, за време на прес-конференцијата со косовскиот премиер Албин Курти на 5 август во Скопје, рече дека има информации од повеќе канали оти раководството на Демократската унија за интеграција (ДУИ) ќе преземе чекори во насока на дестабилизација на државата, во обид да го заштити капиталот што партијата го создавала изминативе 20 години.

ДУИ ги негираше изјавите на Мицкоски, додека на почетокот на јуни најави дека ќе стори се` во рамките на демократските мерки за да го спречи „понижувањето на Албанците“.

- ДУИ е државотворна партија, а непостоечките тврдења на премиерот Мицковски за сценарија за дестабилизација се невистинити и претставуваат намерни и опасни владини сценарија за обвинување други за да се дефокусира јавноста од недостатокот од резултати и секојдневни владини скандали, соопшти ДУИ.

Во врска со изјавите на Мицкоски за потенцијална нестабилност, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова рече дека нема да го свика Советот за безбедност, бидејќи сметала дека за тоа нема потреба.

The post Стејт департмент за ризикот од дестабилизација: САД се во редовен контакт со владини функционери за прашања од меѓусебна загриженост appeared first on Република.

]]>

САД се во редовен контакт со владини официјални лица за прашања од меѓусебна загриженост, изјавија од Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски, на прашањата дали САД имаат информации за наводен ризик од дестабилизација во Македонија, како што предупреди премиерот Христијан Мицкоски, како и дали на оваа тема разговарале со македонската влада. - Додека генерално не обезбедуваме соопштенија од дипломатски состаноци, ние сме во редовен контакт со владини функционери за широк спектар на прашања од меѓусебна загриженост, одговорија од прес-службата на Стејт департментот. Мицкоски, при посетата на Царинската управа на 15 август, рече дека високи функционери во поранешни влади се обидуваат да мобилизираат луѓе на терен и да „провоцираат етнички конфликт, односно да ја дестабилизираат меѓуетничката хармонија во Македонија“. -Индиции имаме за елементи, кои што располагаат со огромни милионски суми на пари, дел од нив се и високи функционери во поранешни влади и кои што се обидуваат да мобилизираат луѓе на терен, во најголемиот дел да манипулираат, и она што мене посебно ме загрижува е тоа што се обидуваат да провоцираат етнички конфликт, односно да ја дестабилизираат меѓуетничката хармонија во Македонија. Тоа е она кое што најмногу ме вознемирува бидејќи сфаќаат дека на друг начин тие не може да мобилизираат луѓе, и сега единствениот начин е да испровоцираат ваков тип на конфликт. Тоа нема да го дозволиме. Апелирам, и до јавноста, и до медиумите и до граѓаните, да се воздржат од какви било провокации, да ги игнорираат, порано или подоцна сторителите на овој тип на провокации ќе одговараат, изјави Мицкоски. Гласот на Америка потестува дека Мицкоски, за време на прес-конференцијата со косовскиот премиер Албин Курти на 5 август во Скопје, рече дека има информации од повеќе канали оти раководството на Демократската унија за интеграција (ДУИ) ќе преземе чекори во насока на дестабилизација на државата, во обид да го заштити капиталот што партијата го создавала изминативе 20 години. ДУИ ги негираше изјавите на Мицкоски, додека на почетокот на јуни најави дека ќе стори се` во рамките на демократските мерки за да го спречи „понижувањето на Албанците“.
- ДУИ е државотворна партија, а непостоечките тврдења на премиерот Мицковски за сценарија за дестабилизација се невистинити и претставуваат намерни и опасни владини сценарија за обвинување други за да се дефокусира јавноста од недостатокот од резултати и секојдневни владини скандали, соопшти ДУИ.
Во врска со изјавите на Мицкоски за потенцијална нестабилност, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова рече дека нема да го свика Советот за безбедност, бидејќи сметала дека за тоа нема потреба.

The post Стејт департмент за ризикот од дестабилизација: САД се во редовен контакт со владини функционери за прашања од меѓусебна загриженост appeared first on Република.

]]>
Стејт департментот е запознаен, но не го коментира инциденот на скопскиот аеродром https://republika.mk/vesti/makedonija/stejt-departmentot-e-zapoznaen-no-ne-go-komentira-intsidenot-na-skopskiot-aerodrom/ Thu, 08 Aug 2024 06:54:53 +0000 https://republika.mk/?p=804411

Ги видовме извештаите и нема да коментираме за тековна истрага, изјавија од Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски, на прашањето дали спикерот на Собранието Африм Гаши треба да сноси политичка одговорност за инцидентот на скопскиот аеродром со претседателката на Косово Вјоса Османи минатата недела.

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека шефот на обезедувањето на Гаши, со уште двајца членови на тимот, по наредба на спикерот, дошол пред ВИП салонот на аеродромот, дури и репетирал пиштол и влегол во конфликт со полицајците стационирани таму, барајќи одговор зошто се инсистирало косовската претседателка да помине низ безбедносна контрола на аеродромот. Одделот за внатрешна контрола на МВР го суспендираше шефот на обезбедувањето, и отвори постапка против другите двајца телохранители.

Гаши рече дека го пратил обезбедувањето да ја смири ситуацијата.

Министерството за надворешни работи на Косово настанот на скопскиот аеродром го нарече „несоодветен и незаконски третман од страна на припадниците на аеродромското обезбедување“ кон Османи.

Групацијата ТАВ соопшти дека проверката на косовската претседателка била „во согласност со Законот за воздухопловство и меѓународната законска регулатива која се однесува на обезбедување на цивилното воздухопловство“.

За овој инцидент, и за уште неколку други причини, опозицијата бара смена на Гаши, а Левица поднесе интерпелација за неговата равота.

Според коалицијата „Вреди“ од која доаѓа Гаши, барањето за негова интерпелација го оценија како експеримент против НАТО.

Владејаќката ВМРО-ДПМНЕ, пак, смета дека нема потреба од смена на собранискиот спикер бидејќи одговорноста била лоцирана и институциите презеле итни мерки.

Одделот за внатрешна контрола на МВР го суспендираше шефот на обезедувањето, и отвори постапка против другите двајца телохранители, а на прашањето дали ќе има одговорност за Гаши, премиерот Христијан Мицкоски одговори дека никој не е над законот.

The post Стејт департментот е запознаен, но не го коментира инциденот на скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>

Ги видовме извештаите и нема да коментираме за тековна истрага, изјавија од Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски, на прашањето дали спикерот на Собранието Африм Гаши треба да сноси политичка одговорност за инцидентот на скопскиот аеродром со претседателката на Косово Вјоса Османи минатата недела. Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека шефот на обезедувањето на Гаши, со уште двајца членови на тимот, по наредба на спикерот, дошол пред ВИП салонот на аеродромот, дури и репетирал пиштол и влегол во конфликт со полицајците стационирани таму, барајќи одговор зошто се инсистирало косовската претседателка да помине низ безбедносна контрола на аеродромот. Одделот за внатрешна контрола на МВР го суспендираше шефот на обезбедувањето, и отвори постапка против другите двајца телохранители. Гаши рече дека го пратил обезбедувањето да ја смири ситуацијата. Министерството за надворешни работи на Косово настанот на скопскиот аеродром го нарече „несоодветен и незаконски третман од страна на припадниците на аеродромското обезбедување“ кон Османи. Групацијата ТАВ соопшти дека проверката на косовската претседателка била „во согласност со Законот за воздухопловство и меѓународната законска регулатива која се однесува на обезбедување на цивилното воздухопловство“. За овој инцидент, и за уште неколку други причини, опозицијата бара смена на Гаши, а Левица поднесе интерпелација за неговата равота. Според коалицијата „Вреди“ од која доаѓа Гаши, барањето за негова интерпелација го оценија како експеримент против НАТО. Владејаќката ВМРО-ДПМНЕ, пак, смета дека нема потреба од смена на собранискиот спикер бидејќи одговорноста била лоцирана и институциите презеле итни мерки. Одделот за внатрешна контрола на МВР го суспендираше шефот на обезедувањето, и отвори постапка против другите двајца телохранители, а на прашањето дали ќе има одговорност за Гаши, премиерот Христијан Мицкоски одговори дека никој не е над законот.

The post Стејт департментот е запознаен, но не го коментира инциденот на скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>