Современа скулптура Archives - Република https://republika.mk/tema/sovremena-skulptura/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Oct 2024 18:16:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Современа скулптура Archives - Република https://republika.mk/tema/sovremena-skulptura/ 32 32 Изложбата на ДЛУМ „Современа скулптура“ се отвора во Галерија „Ко-Ра“ https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhbata-na-dlum-sovremena-skulptura-se-otvora-vo-galerija-ko-ra/ Wed, 30 Oct 2024 18:16:59 +0000 https://republika.mk/?p=832546

Изложбата „Современа скулптура“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) ќе се отвори на 31 октомври 2024 година во Галерија Ко-Ра, Дом на култура „Кочо Рацин", Скопје со почеток во 20 часот.

Оваа изложба на ДЛУМ е дел од програмските активности и е можност за групно претставување на поновите истражувања и идеи во рамки на современата скулптура. Уметниците истражуваат и експериментираат низ формата и изразот, а нивните креативни авантури се материјализираат преку финалниот облик на идејата.

На изложбата ќе учествуваат со дела авторите: Нела Јанковска, Слободан Милошески, Стефан Анчевски, Златко Бојковски, Златко Глигоров, Анѓел Димовски Чауш, Христијан Качаревски, Маја Кировска, Перо Кованцалиев, Доротеј Нешовски, Синиша Новески, Марина Цветановска-Мартиновска, Славчо Павловски, Татјана Ристовска, Ана Димчевска Семенпеева и Гоце Стоилковски.

Секоја година семејството Митриќески доделува награда за најдобра скулптура, која што ќе биде соопштена на отворањето на изложбата.

Изложбата се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура и туризам и ќе биде отворена до 11 ноември годинава.

The post Изложбата на ДЛУМ „Современа скулптура“ се отвора во Галерија „Ко-Ра“ appeared first on Република.

]]>