солун Archives - Република https://republika.mk/tema/solun/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Nov 2024 07:53:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png солун Archives - Република https://republika.mk/tema/solun/ 32 32 Утрово тресеше во близина на Солун https://republika.mk/vesti/balkan/utrovo-treseshe-vo-blizina-na-solun/ Mon, 18 Nov 2024 07:53:51 +0000 https://republika.mk/?p=838993

Земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала се случи утрово во Грција во близина на Солун.

Според информациите, земјотресот се случил околу пет часот наутро, на длабочина од 10 километри.

За потсетување, во претходниот период во Грција беа забележани неколку земјотреси и тоа во околината на Солун.

Уште еден земјотрес во Грција се случил утрово во близината на Патра со јачина од 2,9 степени.

The post Утрово тресеше во близина на Солун appeared first on Република.

]]>

Земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала се случи утрово во Грција во близина на Солун. Според информациите, земјотресот се случил околу пет часот наутро, на длабочина од 10 километри. За потсетување, во претходниот период во Грција беа забележани неколку земјотреси и тоа во околината на Солун. Уште еден земјотрес во Грција се случил утрово во близината на Патра со јачина од 2,9 степени.

The post Утрово тресеше во близина на Солун appeared first on Република.

]]>
Солун со парада кажа „Охи“ https://republika.mk/vesti/balkan/solun-so-parada-kazha-ohi/ Mon, 28 Oct 2024 13:56:47 +0000 https://republika.mk/?p=831742

Со традиционалната воена парада, во присуство на претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу, претставници на Владата, локалната самоуправа и на партиите, во Солун денеска се одбележа годишнината од грчкиот негативен одговор на италијанскиот ултиматум во 1940 година, односно т.н. Денот „Охи“ (Не).

Парадата што ја следеа илјадници граѓани беше поделена во два дела, цивилен во кој парадираа здруженија и организации од цела Грција, но и од дијаспората и воен дел, со учество на припадници на армијата, пешадиски тимови, оклопни возила и сл, а од воздух прелетуваа авионите Рафал Ф-16, Ф-4, воени хеликоптери, но и легендарниот авион „Спитфајр“.

Особено впечатливи беа маневрите на пилотот на Ф-16 на крајот од парадата, кој воедно испрати и порака до Грците за националниот празник, велејќи дека треба да им се оддаде почит на оние од минатото со единство и посветеност во очекување на светла иднина.

 

По завршувањето на парадата, грчката претседателка рече дека „храброста и единството на хероите од 1940 година се вредно наследство и светол пример за иднината“ и ги пофали припадниците на вооружените сили „што со високо чувство на одговорност ја гарантираат безбедноста и територијалниот интегритет на земјата“.

Како и секоја година, така и сега, во Атина и во останатите грчки градови се одржаа паради на учениците, а на една од нив, во атинска населба присуствуваше и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој порача дека воената парада во Солун „на најјасен начин покажува дека земјата денес е силна, со вооружени сили кои се подготвени да го гарантираат националниот интегритет и да направат сите да се чувствуваме безбедни“

The post Солун со парада кажа „Охи“ appeared first on Република.

]]>

Со традиционалната воена парада, во присуство на претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу, претставници на Владата, локалната самоуправа и на партиите, во Солун денеска се одбележа годишнината од грчкиот негативен одговор на италијанскиот ултиматум во 1940 година, односно т.н. Денот „Охи“ (Не). Парадата што ја следеа илјадници граѓани беше поделена во два дела, цивилен во кој парадираа здруженија и организации од цела Грција, но и од дијаспората и воен дел, со учество на припадници на армијата, пешадиски тимови, оклопни возила и сл, а од воздух прелетуваа авионите Рафал Ф-16, Ф-4, воени хеликоптери, но и легендарниот авион „Спитфајр“. Особено впечатливи беа маневрите на пилотот на Ф-16 на крајот од парадата, кој воедно испрати и порака до Грците за националниот празник, велејќи дека треба да им се оддаде почит на оние од минатото со единство и посветеност во очекување на светла иднина.   По завршувањето на парадата, грчката претседателка рече дека „храброста и единството на хероите од 1940 година се вредно наследство и светол пример за иднината“ и ги пофали припадниците на вооружените сили „што со високо чувство на одговорност ја гарантираат безбедноста и територијалниот интегритет на земјата“. Како и секоја година, така и сега, во Атина и во останатите грчки градови се одржаа паради на учениците, а на една од нив, во атинска населба присуствуваше и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој порача дека воената парада во Солун „на најјасен начин покажува дека земјата денес е силна, со вооружени сили кои се подготвени да го гарантираат националниот интегритет и да направат сите да се чувствуваме безбедни“

The post Солун со парада кажа „Охи“ appeared first on Република.

]]>
Николоски во работна посета на Солун, ќе ги претстави инвестициските планови на Владата за развој на инфраструктурата https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-vo-rabotna-poseta-na-solun-ke-gi-pretstavi-investitsiskite-planovi-na-vladata-za-razvoj-na-infrastrukturata/ Mon, 21 Oct 2024 17:37:31 +0000 https://republika.mk/?p=829551

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски престојува во работна посета на Солун, каде ќе се обрати на меѓународниот настан - “Форум за поврувазње со Југоисточна Европа”, при што, како што најауваат од неговиот кабинет, ќе ги претстави инвестициските планови на Владата за развој на инфраструктурата и модерни инфраструктурни системи. Посебен акцент ќе стави на изградба на патната мрежа и брзата пруга на Коридор 10 како предуслов за поквалитетно поврзување со пристаништето во Солун и брз транспорт на добра и улсуги.

Во рамките на форумот, предвидено е Николоски да оствари билатерални средби со Христос Стакурас, министер за инфраструктура и транспорт на Грција како и со Христос Стилинидис, министер за поморски работи и островска политка. Исто така предвидено е средба и со извршниот директор на Солунското пристаниште, Јоанис Тцарас.

Во рамки на дводневниот форум, се вели во соопштението, покрај министерот Николоски и министрите од владата на Грција, предвидено е обраќање и диксуија на бројни компании и организации за транспорт од Грција, Стопанските комори, логистички центри, универзитетски професори, претставници од пристаништето во Солун и различни финансиски институции.

The post Николоски во работна посета на Солун, ќе ги претстави инвестициските планови на Владата за развој на инфраструктурата appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски престојува во работна посета на Солун, каде ќе се обрати на меѓународниот настан - “Форум за поврувазње со Југоисточна Европа”, при што, како што најауваат од неговиот кабинет, ќе ги претстави инвестициските планови на Владата за развој на инфраструктурата и модерни инфраструктурни системи. Посебен акцент ќе стави на изградба на патната мрежа и брзата пруга на Коридор 10 како предуслов за поквалитетно поврзување со пристаништето во Солун и брз транспорт на добра и улсуги. Во рамките на форумот, предвидено е Николоски да оствари билатерални средби со Христос Стакурас, министер за инфраструктура и транспорт на Грција како и со Христос Стилинидис, министер за поморски работи и островска политка. Исто така предвидено е средба и со извршниот директор на Солунското пристаниште, Јоанис Тцарас. Во рамки на дводневниот форум, се вели во соопштението, покрај министерот Николоски и министрите од владата на Грција, предвидено е обраќање и диксуија на бројни компании и организации за транспорт од Грција, Стопанските комори, логистички центри, универзитетски професори, претставници од пристаништето во Солун и различни финансиски институции.

The post Николоски во работна посета на Солун, ќе ги претстави инвестициските планови на Владата за развој на инфраструктурата appeared first on Република.

]]>
Солунчани тротенетите за изнајмување ги фрлаат во морето https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/solunchani-trotenetite-za-iznajmuvane-gi-frlaat-vo-moreto/ Tue, 10 Sep 2024 14:35:47 +0000 https://republika.mk/?p=815033

Во акција на чистење на Солунскиот Залив, односно на морето покрај градското шеталиште во центарот на Солун, биле извлечени десетици електрични тротинети и мотори од компанија за изнајмување, мобилни телефони, старо железо, батерии и отпад, јави дописничката на МИА од Атина.

Во чистењето на морето учествуваа околу 80 волонтери, од кои 40 нуркачи, како и четири чамци.

-Иако на дното на морето беше многу матно, успеавме да лоцираме и извадиме батерии, гуми, старо железо и многу тротинети и велосипеди, рече за грчката новинска агенција АНА-МПА нуркачот Димитрис Полизас.

Според Сотирис Николау, генералниот директор на невладината организација МЦЕП што учествуваше во акцијата, чистењето било на еколошки начин, односно без производство на диоксид, а отпадот ќе биде испратен за рециклирање и создавање производи од рециклирана пластика.

Акција беше на иницијатива на организиран Солунското пристаниште во соработка со низа невладини организации за заштита на животната средина, со компании, со поддршка на Меѓународниот саем, а под покровителство на Министерствата за поморство и за внатрешни работи (секторот за Македонија и Тракија), Периферијата централна Македонија и Општина Солун

The post Солунчани тротенетите за изнајмување ги фрлаат во морето appeared first on Република.

]]>

Во акција на чистење на Солунскиот Залив, односно на морето покрај градското шеталиште во центарот на Солун, биле извлечени десетици електрични тротинети и мотори од компанија за изнајмување, мобилни телефони, старо железо, батерии и отпад, јави дописничката на МИА од Атина. Во чистењето на морето учествуваа околу 80 волонтери, од кои 40 нуркачи, како и четири чамци.
-Иако на дното на морето беше многу матно, успеавме да лоцираме и извадиме батерии, гуми, старо железо и многу тротинети и велосипеди, рече за грчката новинска агенција АНА-МПА нуркачот Димитрис Полизас.
Според Сотирис Николау, генералниот директор на невладината организација МЦЕП што учествуваше во акцијата, чистењето било на еколошки начин, односно без производство на диоксид, а отпадот ќе биде испратен за рециклирање и создавање производи од рециклирана пластика. Акција беше на иницијатива на организиран Солунското пристаниште во соработка со низа невладини организации за заштита на животната средина, со компании, со поддршка на Меѓународниот саем, а под покровителство на Министерствата за поморство и за внатрешни работи (секторот за Македонија и Тракија), Периферијата централна Македонија и Општина Солун

The post Солунчани тротенетите за изнајмување ги фрлаат во морето appeared first on Република.

]]>
Во Солун почнува големиот Меѓународен саем, Германија е почесна земја https://republika.mk/vesti/balkan/vo-solun-pochnuva-golemiot-megunaroden-saem-germanija-e-pochesna-zemja/ Sat, 07 Sep 2024 07:16:32 +0000 https://republika.mk/?p=814004

Со учество на над 1.300 изложувачи од 25 земји и домаќинот Грција, денеска во Солун почнува 88-от Меѓународен саем, а оваа година почесна земја е Германија, јави дописничката на МИА од Атина.

Меѓународниот саем во Солун се одржува традиционално секоја година во септември и е домаќин на странски изложувачи, учество на земји од целиот свет, странски и домашни политичари и слично, а официјалното отворање е со говор на премиерот на Грција, кој ја соопштува владината програма за следниот период.

Оваа година на саемот учествуваат 1.300 изложувачи и 25 земји, седум повеќе од лани, а за Велика Британија, Катар, Јапонија, Еквадор, Косово и земјите од Супсахарска Африка ќе биде прво учество.

Според организаторите, учеството на Германија како почесна земја носи во Солун 135 компании, организации, институции, истражувачки центри и мрежи за соработка, германската делегација ја сочинуваат 400 лица, а главните сектори се градежништво, консултантски услуги, обновливи извори на енергија и технологија за животна средина, дигитална економија, здравствена индустрија и медицинска технологија, образование и истражување, логистика за транспорт.

Германскиот штанд, се очекува свечено да го отворат премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис и вицеканцеларот на Германија Роберт Хабек.

Вечерва е и свеченото отворање на 88-от саем, ќе се обрати грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, додека за утре е закажана традиционалната прес-конференција.

Во рамките на саемот планирани се низа настани, меѓу кои највпечатливи се очекува да бидат шоута со дронови (Drone Light Shows).

Паралелно со отворањето, како и секоја година, така и сега, најголемите грчки синдикати закажаа протести.

Меѓународниот саем ќе трае до 15 септември, во текот на следната седмица прес конференции ќе одржат лидерите на опозициските партии, а следниот викенд се прес-конференција да има претседателот на СИРИЗА Стефанос Каселакис.

The post Во Солун почнува големиот Меѓународен саем, Германија е почесна земја appeared first on Република.

]]>

Со учество на над 1.300 изложувачи од 25 земји и домаќинот Грција, денеска во Солун почнува 88-от Меѓународен саем, а оваа година почесна земја е Германија, јави дописничката на МИА од Атина. Меѓународниот саем во Солун се одржува традиционално секоја година во септември и е домаќин на странски изложувачи, учество на земји од целиот свет, странски и домашни политичари и слично, а официјалното отворање е со говор на премиерот на Грција, кој ја соопштува владината програма за следниот период. Оваа година на саемот учествуваат 1.300 изложувачи и 25 земји, седум повеќе од лани, а за Велика Британија, Катар, Јапонија, Еквадор, Косово и земјите од Супсахарска Африка ќе биде прво учество. Според организаторите, учеството на Германија како почесна земја носи во Солун 135 компании, организации, институции, истражувачки центри и мрежи за соработка, германската делегација ја сочинуваат 400 лица, а главните сектори се градежништво, консултантски услуги, обновливи извори на енергија и технологија за животна средина, дигитална економија, здравствена индустрија и медицинска технологија, образование и истражување, логистика за транспорт. Германскиот штанд, се очекува свечено да го отворат премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис и вицеканцеларот на Германија Роберт Хабек. Вечерва е и свеченото отворање на 88-от саем, ќе се обрати грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, додека за утре е закажана традиционалната прес-конференција. Во рамките на саемот планирани се низа настани, меѓу кои највпечатливи се очекува да бидат шоута со дронови (Drone Light Shows). Паралелно со отворањето, како и секоја година, така и сега, најголемите грчки синдикати закажаа протести. Меѓународниот саем ќе трае до 15 септември, во текот на следната седмица прес конференции ќе одржат лидерите на опозициските партии, а следниот викенд се прес-конференција да има претседателот на СИРИЗА Стефанос Каселакис.

The post Во Солун почнува големиот Меѓународен саем, Германија е почесна земја appeared first on Република.

]]>
Се намалуваат цените на пет патарини на автопатот Солун – Атина https://republika.mk/vesti/balkan/se-namaluvaat-tsenite-na-pet-patarini-na-avtopatot-solun-atina/ Tue, 03 Sep 2024 07:16:55 +0000 https://republika.mk/?p=812514

За околу три евра поевтино ќе биде патувањето со автомобил меѓу Солун и Атина со намалувањето на цените на пет патарини во централна Грција, што вчера го соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Намалувањето на цените за 17 отсто за лесните возила и пет проценти за тешките, што ќе трае 15 месеци, ќе стапи во сила на 1 октомври, а ќе важи до крајот на 2025 година, е резултат на искористување на 15,8 милиони евра, што произлегле од рефинансирањето на договорот за концесија на конкретниот дел на автопатот.

Поконкретно за автомобилите, по промената на цените, за петте патарини до крајот на годинава, граѓаните ќе плаќаат 13,7 евра, наспроти 16,5 колку што е сега, а во 2025 година, цените ќе бидат за три евра пониски, односно од 17,4 на 14,4 евра.

Петте патарини се во централниот дел на Грција, во близина на градовите Катерини, Лариса, Волос и Ламија.

Грчкиот премиер објасни дека со намалувањето на каматните стапки од рефинансирањето на договорот за концесија на делот од автопатот, државата е со придобивка од нешто помалку од 16 милиони евра, по што решиле, конкретните средства, наместо да бидат вклучени во државниот буџет како вонреден приход, „да ги вратат на локалното население“.

Сметаме дека е фер да можеме да ги вратиме парите во локалната заедница, но не само тоа, ова значи дека секој што ќе патува од Атина во Солун преку автопатот ќе ја има оваа придобивка. Нагласувам дека ова е од 1 октомври до 31 декември 2025 година, што во суштина го покрива периодот кога сметаме дека сè уште ќе има притисоци во однос на инфлацијата, дури и да се намалува, рече Мицотакис.

 

The post Се намалуваат цените на пет патарини на автопатот Солун – Атина appeared first on Република.

]]>

За околу три евра поевтино ќе биде патувањето со автомобил меѓу Солун и Атина со намалувањето на цените на пет патарини во централна Грција, што вчера го соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Намалувањето на цените за 17 отсто за лесните возила и пет проценти за тешките, што ќе трае 15 месеци, ќе стапи во сила на 1 октомври, а ќе важи до крајот на 2025 година, е резултат на искористување на 15,8 милиони евра, што произлегле од рефинансирањето на договорот за концесија на конкретниот дел на автопатот. Поконкретно за автомобилите, по промената на цените, за петте патарини до крајот на годинава, граѓаните ќе плаќаат 13,7 евра, наспроти 16,5 колку што е сега, а во 2025 година, цените ќе бидат за три евра пониски, односно од 17,4 на 14,4 евра. Петте патарини се во централниот дел на Грција, во близина на градовите Катерини, Лариса, Волос и Ламија. Грчкиот премиер објасни дека со намалувањето на каматните стапки од рефинансирањето на договорот за концесија на делот од автопатот, државата е со придобивка од нешто помалку од 16 милиони евра, по што решиле, конкретните средства, наместо да бидат вклучени во државниот буџет како вонреден приход, „да ги вратат на локалното население“.
Сметаме дека е фер да можеме да ги вратиме парите во локалната заедница, но не само тоа, ова значи дека секој што ќе патува од Атина во Солун преку автопатот ќе ја има оваа придобивка. Нагласувам дека ова е од 1 октомври до 31 декември 2025 година, што во суштина го покрива периодот кога сметаме дека сè уште ќе има притисоци во однос на инфлацијата, дури и да се намалува, рече Мицотакис.
 

The post Се намалуваат цените на пет патарини на автопатот Солун – Атина appeared first on Република.

]]>
За 95 дена почнува да работи метрото во Солун https://republika.mk/vesti/balkan/za-95-dena-pochnuva-da-raboti-metroto-vo-solun/ Tue, 27 Aug 2024 12:57:23 +0000 https://republika.mk/?p=810616

Солунското метро ќе биде пуштено во употреба за три месеци, односно на 30 ноември годинава, како што од Солун соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис говореше на презентацијата на Националната стратегија за регионален развој, рече дека Солун се менува и со менува многу брзо темпо, а „ниту една Влада нема реализирано повеќе проекти за Солун од оваа Влада“ и паралелно го најави датумот кога ќе почне со работа метрото.

По многу свечени отворања, кои во реалноста не беа свечени отворања, по церади, презентации, оспорувања, со задоволство можам да ви соопштам дека солунското метро ќе биде пуштено во употреба, не свечено отворено, туку испорачано за граѓаните на 30 ноември 2024 година. За 95 дена од сега. Што значи дека часовникот одбројува, рече Мицотакис.

Во однос на изградбата на обиколницата во Солун односно Flyover, Мицотакис истакна дека целта е да се заврши на пролет во 2027 година, односно непосредно пред парламентарните избори.

 

The post За 95 дена почнува да работи метрото во Солун appeared first on Република.

]]>

Солунското метро ќе биде пуштено во употреба за три месеци, односно на 30 ноември годинава, како што од Солун соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис говореше на презентацијата на Националната стратегија за регионален развој, рече дека Солун се менува и со менува многу брзо темпо, а „ниту една Влада нема реализирано повеќе проекти за Солун од оваа Влада“ и паралелно го најави датумот кога ќе почне со работа метрото.
По многу свечени отворања, кои во реалноста не беа свечени отворања, по церади, презентации, оспорувања, со задоволство можам да ви соопштам дека солунското метро ќе биде пуштено во употреба, не свечено отворено, туку испорачано за граѓаните на 30 ноември 2024 година. За 95 дена од сега. Што значи дека часовникот одбројува, рече Мицотакис.
Во однос на изградбата на обиколницата во Солун односно Flyover, Мицотакис истакна дека целта е да се заврши на пролет во 2027 година, односно непосредно пред парламентарните избори.  

The post За 95 дена почнува да работи метрото во Солун appeared first on Република.

]]>
Почина македонска државјанка, а три девојки се повредени во сообраќајка кај Солун https://republika.mk/vesti/balkan/pochina-makedonska-drzhavjanka-a-tri-devojki-se-povredeni-vo-soobrakajka-kaj-solun/ Fri, 21 Jun 2024 15:16:11 +0000 https://republika.mk/?p=789587

Почина 30-годишна македонска државјанка, а три млади девојки се повредени во тешка сообраќајната несреќа што се случи денеска на патот Игнација, надвор од Нисели во близина на Солун. Според информациите на сајтот Вериотис.гр, 30-годишна жена е мртва, две од нејзините сопатнички се пренесени во болницата во Верија, а третата во Солун.

Според грчките медиуми, во болницата во Верија се пренесени 27-годишна жена во тешка состојба која моментално е на операција и 25- годишна жена која е вон животна опасност. Покрај тоа, четвртата жена од првото возило во кое биле македонските државјанки, била интубиирана од спасувачите на ЕКАБ на местото на несреќата и веднаш била префрлена во болница во Солун, бидејќи нејзината состојба била многу тешка. Во болницата во Верија со полесни повреди е пренесен и 74-годишен маж, возач на вториот автомобил.

Неофицијални,  дознаваме повредените жени се битолчанки кои патувале за Солун.

Според грчките медиуми, сообраќајката се случила на пет километри по излезот Нисели во правец на Солун кога се судриле две возила. За извлекување на девојките од првото возило била потребна помош од пожарникари кои ги пресекла вратите за да можат да ги извлечат.

Сообраќајот бил во прекин додека повредените со возило на Брза помош не биле пренесени во болница и возилата биле преместени покрај патот.

The post Почина македонска државјанка, а три девојки се повредени во сообраќајка кај Солун appeared first on Република.

]]>

Почина 30-годишна македонска државјанка, а три млади девојки се повредени во тешка сообраќајната несреќа што се случи денеска на патот Игнација, надвор од Нисели во близина на Солун. Според информациите на сајтот Вериотис.гр, 30-годишна жена е мртва, две од нејзините сопатнички се пренесени во болницата во Верија, а третата во Солун. Според грчките медиуми, во болницата во Верија се пренесени 27-годишна жена во тешка состојба која моментално е на операција и 25- годишна жена која е вон животна опасност. Покрај тоа, четвртата жена од првото возило во кое биле македонските државјанки, била интубиирана од спасувачите на ЕКАБ на местото на несреќата и веднаш била префрлена во болница во Солун, бидејќи нејзината состојба била многу тешка. Во болницата во Верија со полесни повреди е пренесен и 74-годишен маж, возач на вториот автомобил. Неофицијални,  дознаваме повредените жени се битолчанки кои патувале за Солун. Според грчките медиуми, сообраќајката се случила на пет километри по излезот Нисели во правец на Солун кога се судриле две возила. За извлекување на девојките од првото возило била потребна помош од пожарникари кои ги пресекла вратите за да можат да ги извлечат. Сообраќајот бил во прекин додека повредените со возило на Брза помош не биле пренесени во болница и возилата биле преместени покрај патот.

The post Почина македонска државјанка, а три девојки се повредени во сообраќајка кај Солун appeared first on Република.

]]>
Убиство среде Солун, врз маж пукано од возило во движење https://republika.mk/vesti/balkan/ubistvo-srede-solun-vrz-mazh-pukano-od-vozilo-vo-dvizhene/ Sat, 04 May 2024 17:42:56 +0000 https://republika.mk/?p=774271

Грчката полиција трага по три лица кои денеска околу 14 часот убиле маж (41). Според грчките медиуми, ликвидиран е Грузиец, кој претходно бил поврзан со криминални кланови.

Во него било пукано од возило во движење на улица во Солун, во близина на детско игралиште. Медиумите јавуваат дека за нападот се осомничени жена и двајца мажи, кои од црвено рено без регистарски таблички испукале најмалку три куршуми кон жртвата.

Во моментот на пукањето, Грузиецот седел на мотор и ја симнувал кацигата. Еден куршум го погодил во грбот, друг во рамото. Очевидци наведуваат дека тој се симнал од моторот, поодел неколку чекори и паднал мртов.

https://www.youtube.com/watch?v=z8HXhBjI56A

The post Убиство среде Солун, врз маж пукано од возило во движење appeared first on Република.

]]>

Грчката полиција трага по три лица кои денеска околу 14 часот убиле маж (41). Според грчките медиуми, ликвидиран е Грузиец, кој претходно бил поврзан со криминални кланови. Во него било пукано од возило во движење на улица во Солун, во близина на детско игралиште. Медиумите јавуваат дека за нападот се осомничени жена и двајца мажи, кои од црвено рено без регистарски таблички испукале најмалку три куршуми кон жртвата. Во моментот на пукањето, Грузиецот седел на мотор и ја симнувал кацигата. Еден куршум го погодил во грбот, друг во рамото. Очевидци наведуваат дека тој се симнал од моторот, поодел неколку чекори и паднал мртов. https://www.youtube.com/watch?v=z8HXhBjI56A

The post Убиство среде Солун, врз маж пукано од возило во движење appeared first on Република.

]]>
Ако одите во Солун посетете ја Новата џамија, прва по 100 години https://republika.mk/zivot/patuvanja/ako-odite-vo-solun-posetete-ja-novata-dhamija-prva-po-100-godini/ Fri, 12 Apr 2024 12:33:24 +0000 https://republika.mk/?p=765407

Околу стотина муслимани вчера го прославија Рамазан Бајрам – крајот на Рамазан, во историска џамија која беше отворена за прв пат по 102 години во грчкиот град Солун, каде досега немаше јавни џамии.

Адел Џобран (20), бегалец од Јемен, кој студира во Солун и работи во ресторан, изјави дека во тој град живее четири години и за прв пат има можност да се моли со своето муслиманско семејство.

„Имаме среќа што ни се отвора џамијата и чувствуваме голема радост што учествуваме во оваа молитва“, изјави за АФП Исмаил Бедредин (66), пензиониран столар.

Наречена „Јени џамија“ (Нова џамија), таа е историски споменик изграден во 1902 година од италијанскиот архитект Виталијано Посели, првобитна религиозна намена имала едвај две децении, а била музеј од 1963 година до реставрацијата која последниве години ја иницира грчкото Министерство за култура и религиозни прашања.

„До денес, немавме јавно место за молитва (во Солун) и ја користевме нашата куќа за верски должности“, рече Али, 23-годишен Турчин кој студира економија на Универзитетот Аристотел во Солун.

Со видно присуство полицијата вчера ги проверувала оние кои дошле во џамијата.

„Благодарам на оние кои придонесоа за заживување на овој културен споменик, што покажува дека нема противречност меѓу да се биде муслиман и граѓанин“, рече грчко-египетскиот имам Таха Абделгалил, кој ја предводеше молитвата.

Изградена на два ката, комбинирајќи ја муслиманската традиција со елементи на архитектонскиот стил од 19 век, џамијата на почетокот на 20 век служела како место за богослужба за еврејските преобратеници во муслиманската вера, наречено „Донме“.

По грчко-турскиот договор за размена на население во 1923 година, кој произлезе од Лозанскиот договор од истата година кој го означи крајот на Отоманската империја, во џамијата накратко биле сместени грчки бегалци од Турција.

Мировниот договор предвидуваше 1,6 милиони Грци кои живееле во Мала Азија, во денешна Турција, да се преселат во Грција, а 385.000 муслимани од Грција на териториите на соседна Турција.

Во 1963 година џамијата е претворена во Археолошки музеј, а на плоштадот пред неа има богата збирка на мермерни скулптури од римската ера и од почетокот на христијанството – саркофази, надгробни споменици, релјефи, надгробни споменици од Солун.

Во поново време, џамијата се користеше како изложбен простор за Општинската галерија на Солун.

Во 2013 година, на иницијатива на поранешниот градоначалник на Солун, Јанис Бутарис, зградата беше предадена за пладневна молитва на учениците од солинскиот огранок на исламското верско училиште од градот Комотини во северна Грција.

Грчкото население е претежно православно, а муслиманската заедница до неодамна немаше никакво официјално место за богослужба освен во регионот на североисточна Грција каде живее муслиманско население од турско потекло, изземено од верскиот закон од 1923 година.

Дури во 2020 година беше официјално отворена првата џамија во Атина, изградена првенствено за потребите на илјадниците муслимански бегалци и мигранти кои пристигнаа во Грција во последните децении

The post Ако одите во Солун посетете ја Новата џамија, прва по 100 години appeared first on Република.

]]>

Околу стотина муслимани вчера го прославија Рамазан Бајрам – крајот на Рамазан, во историска џамија која беше отворена за прв пат по 102 години во грчкиот град Солун, каде досега немаше јавни џамии. Адел Џобран (20), бегалец од Јемен, кој студира во Солун и работи во ресторан, изјави дека во тој град живее четири години и за прв пат има можност да се моли со своето муслиманско семејство.
„Имаме среќа што ни се отвора џамијата и чувствуваме голема радост што учествуваме во оваа молитва“, изјави за АФП Исмаил Бедредин (66), пензиониран столар.
Наречена „Јени џамија“ (Нова џамија), таа е историски споменик изграден во 1902 година од италијанскиот архитект Виталијано Посели, првобитна религиозна намена имала едвај две децении, а била музеј од 1963 година до реставрацијата која последниве години ја иницира грчкото Министерство за култура и религиозни прашања.
„До денес, немавме јавно место за молитва (во Солун) и ја користевме нашата куќа за верски должности“, рече Али, 23-годишен Турчин кој студира економија на Универзитетот Аристотел во Солун.
Со видно присуство полицијата вчера ги проверувала оние кои дошле во џамијата.
„Благодарам на оние кои придонесоа за заживување на овој културен споменик, што покажува дека нема противречност меѓу да се биде муслиман и граѓанин“, рече грчко-египетскиот имам Таха Абделгалил, кој ја предводеше молитвата.
Изградена на два ката, комбинирајќи ја муслиманската традиција со елементи на архитектонскиот стил од 19 век, џамијата на почетокот на 20 век служела како место за богослужба за еврејските преобратеници во муслиманската вера, наречено „Донме“. По грчко-турскиот договор за размена на население во 1923 година, кој произлезе од Лозанскиот договор од истата година кој го означи крајот на Отоманската империја, во џамијата накратко биле сместени грчки бегалци од Турција. Мировниот договор предвидуваше 1,6 милиони Грци кои живееле во Мала Азија, во денешна Турција, да се преселат во Грција, а 385.000 муслимани од Грција на териториите на соседна Турција. Во 1963 година џамијата е претворена во Археолошки музеј, а на плоштадот пред неа има богата збирка на мермерни скулптури од римската ера и од почетокот на христијанството – саркофази, надгробни споменици, релјефи, надгробни споменици од Солун. Во поново време, џамијата се користеше како изложбен простор за Општинската галерија на Солун. Во 2013 година, на иницијатива на поранешниот градоначалник на Солун, Јанис Бутарис, зградата беше предадена за пладневна молитва на учениците од солинскиот огранок на исламското верско училиште од градот Комотини во северна Грција. Грчкото население е претежно православно, а муслиманската заедница до неодамна немаше никакво официјално место за богослужба освен во регионот на североисточна Грција каде живее муслиманско население од турско потекло, изземено од верскиот закон од 1923 година. Дури во 2020 година беше официјално отворена првата џамија во Атина, изградена првенствено за потребите на илјадниците муслимански бегалци и мигранти кои пристигнаа во Грција во последните децении

The post Ако одите во Солун посетете ја Новата џамија, прва по 100 години appeared first on Република.

]]>
Коверт со експлозив откриен во судот во Солун https://republika.mk/vesti/balkan/kovert-so-eksploziv-otkrien-vo-sudot-vo-solun/ Mon, 12 Feb 2024 13:58:11 +0000 https://republika.mk/?p=743272

Експлозивен материјал содржел сомнителниот коверт откриен денеска во судот во Солун, а според локалните медиуми бил адресиран до еден од претседателите, јави дописничката на МИА од Атина.

Откако бил откриен сомнителниот коверт, веднаш била информирана полицијата, која ја евакуирала зградата.

Од грчката полиција соопштија дека при рендгенска проверка на ковертот било утврдено дека содржи експлозивен материјал.

Според медиумите во Грција, механизмот бил програмиран да експлодира при отворањето на ковертот, а специјалната единица на грчката полиција го деактивирала.

Прелиминарна истрага врши солунската Управа за справување со посебни кривични дела на насилство.

 

The post Коверт со експлозив откриен во судот во Солун appeared first on Република.

]]>

Експлозивен материјал содржел сомнителниот коверт откриен денеска во судот во Солун, а според локалните медиуми бил адресиран до еден од претседателите, јави дописничката на МИА од Атина. Откако бил откриен сомнителниот коверт, веднаш била информирана полицијата, која ја евакуирала зградата. Од грчката полиција соопштија дека при рендгенска проверка на ковертот било утврдено дека содржи експлозивен материјал. Според медиумите во Грција, механизмот бил програмиран да експлодира при отворањето на ковертот, а специјалната единица на грчката полиција го деактивирала. Прелиминарна истрага врши солунската Управа за справување со посебни кривични дела на насилство.  

The post Коверт со експлозив откриен во судот во Солун appeared first on Република.

]]>
Гужвите кон Халкидики ќе ескалираат летово – се реновира обиколницата во Солун https://republika.mk/zivot/patuvanja/guzhvite-kon-halkidiki-ke-eskaliraat-letovo-se-renovira-obikolnitsata-vo-solun/ Tue, 06 Feb 2024 08:54:11 +0000 https://republika.mk/?p=740824

Почна големиот градежен проект „Flyover“ кој се изведува на обиколницата околу Солун (Периферијакос) и ќе трае четири години, што ветува уште поголеми гужви за туристите од Македонија кои наредните сезони планираат да летуваат во овој дел на Грција, но и викенд-туристичките посети на пристанишниот град.

Најавувајќи го „Flyover“ како најголем грчки проект во последно време, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис побара разбирање и трпение од граѓаните за непријатностите што ќе ги донесат градежните работи. Во екот на летната сезона, самата обиколница околу Солун е преполна со возила, а оние кои случајно ќе залутаат низ центарот на градот, заглавуваат со часови. Сега, целиот сообраќај ќе биде пренасочен кон центарот, што гарантира хаос.

Во ноември почна да се гради најголемиот автопат во Грција. Да, ќе донесе некои непријатности, но за тоа разговаравме со градските раководители и во соработка со Управата за сообраќај, Солун конечно ќе добие нешто што му недостига, нагласи Мицотакис.

Дека гужвите на обиколницата веќе започнаа информираат и од групата „Грчка инфо“.

Гужвите на обиколницата започнаа, па ќе ни треба малку повеќе трпение летово, особено на туристите кои ќе летуваат на Халкидики (Тука не се брои Атос, бидејќи може да се стигне по друг пат), но и оние кои планираат да го посетат Солун за време на одморот, наведуваат во своето соопштение.

Според нивните информации, улицата „Егнатиа“ која поминува во центарот на Солун конечно е расчистена и на неа завршија градежните зафати, па сите коловозни ленти ќе бидат слободни. Исто така, на улицата „Цимиски“ и на авенијата „Никис“ (која се протега покрај морето до плоштадот Аристотел и Белата кула) полицијата постојано дежура и им забранува на автомобилите да запираат за да се забрза сообраќајот.


Инаку, проектот „Flyover“ ќе обезбеди подобро поврзување на источниот дел на Солун со јужниот дел, аеродромот, автопатот „Егнатиа“ и Халкидики. Ќе се работи на реконструкција, проширување на постојниот пат, изградба на 13 километри нов пат, девет клучки, 10 надвозници и три нови тунели.

The post Гужвите кон Халкидики ќе ескалираат летово – се реновира обиколницата во Солун appeared first on Република.

]]>

Почна големиот градежен проект „Flyover“ кој се изведува на обиколницата околу Солун (Периферијакос) и ќе трае четири години, што ветува уште поголеми гужви за туристите од Македонија кои наредните сезони планираат да летуваат во овој дел на Грција, но и викенд-туристичките посети на пристанишниот град. Најавувајќи го „Flyover“ како најголем грчки проект во последно време, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис побара разбирање и трпение од граѓаните за непријатностите што ќе ги донесат градежните работи. Во екот на летната сезона, самата обиколница околу Солун е преполна со возила, а оние кои случајно ќе залутаат низ центарот на градот, заглавуваат со часови. Сега, целиот сообраќај ќе биде пренасочен кон центарот, што гарантира хаос.
Во ноември почна да се гради најголемиот автопат во Грција. Да, ќе донесе некои непријатности, но за тоа разговаравме со градските раководители и во соработка со Управата за сообраќај, Солун конечно ќе добие нешто што му недостига, нагласи Мицотакис.
Дека гужвите на обиколницата веќе започнаа информираат и од групата „Грчка инфо“.
Гужвите на обиколницата започнаа, па ќе ни треба малку повеќе трпение летово, особено на туристите кои ќе летуваат на Халкидики (Тука не се брои Атос, бидејќи може да се стигне по друг пат), но и оние кои планираат да го посетат Солун за време на одморот, наведуваат во своето соопштение.
Според нивните информации, улицата „Егнатиа“ која поминува во центарот на Солун конечно е расчистена и на неа завршија градежните зафати, па сите коловозни ленти ќе бидат слободни. Исто така, на улицата „Цимиски“ и на авенијата „Никис“ (која се протега покрај морето до плоштадот Аристотел и Белата кула) полицијата постојано дежура и им забранува на автомобилите да запираат за да се забрза сообраќајот.
Инаку, проектот „Flyover“ ќе обезбеди подобро поврзување на источниот дел на Солун со јужниот дел, аеродромот, автопатот „Егнатиа“ и Халкидики. Ќе се работи на реконструкција, проширување на постојниот пат, изградба на 13 километри нов пат, девет клучки, 10 надвозници и три нови тунели.

The post Гужвите кон Халкидики ќе ескалираат летово – се реновира обиколницата во Солун appeared first on Република.

]]>
Kинезите сакаат да го направат Вардар пловен и да го поврзат Дунав со Егејското Море https://republika.mk/vesti/balkan/kinezite-sakaat-da-go-napravat-vardar-ploven-i-da-go-povrzat-dunav-so-egejskoto-more/ Sat, 03 Feb 2024 16:15:30 +0000 https://republika.mk/?p=740043

Кинезите кои го поседуваат атинското пристаниште Пиреја и сакаат да транспортираат производи до Дунав евтино и по најкраткиот пат.

Кина не се откажува од својот план за изградба на каналот Морава-Вардар, кој ќе ги поврзува Солун и Дунав, дознава „Република.рс“.


Овој канал е неопходен за Пекинг бидејќи единствени точки за да се стигне до Европа се атинското пристаниште Пиреја, кое го купија Кинезите, како и Трст и Џенова.

Во моментов, стоката мора да се транспортира од Пиреја до европските метрополи со возови, камиони и авиони.

Водениот транспорт е поевтин, а единствениот начин на кој кинеските стоки од Пиреја можат да стигнат до Европа е преку турскиот теснец Дарданели и Босфор, а од Црното Море преку Дунав преку Белград, Будимпешта, Виена и Регенсбург.

За да го скрати тој воден пат за 1.000 километри, Кина планира да ги поврзе каналите Морава и Вардар, а со тоа и пристаништето Пиреја со Дунав.

The post Kинезите сакаат да го направат Вардар пловен и да го поврзат Дунав со Егејското Море appeared first on Република.

]]>

Кинезите кои го поседуваат атинското пристаниште Пиреја и сакаат да транспортираат производи до Дунав евтино и по најкраткиот пат. Кина не се откажува од својот план за изградба на каналот Морава-Вардар, кој ќе ги поврзува Солун и Дунав, дознава „Република.рс“. Овој канал е неопходен за Пекинг бидејќи единствени точки за да се стигне до Европа се атинското пристаниште Пиреја, кое го купија Кинезите, како и Трст и Џенова. Во моментов, стоката мора да се транспортира од Пиреја до европските метрополи со возови, камиони и авиони. Водениот транспорт е поевтин, а единствениот начин на кој кинеските стоки од Пиреја можат да стигнат до Европа е преку турскиот теснец Дарданели и Босфор, а од Црното Море преку Дунав преку Белград, Будимпешта, Виена и Регенсбург. За да го скрати тој воден пат за 1.000 километри, Кина планира да ги поврзе каналите Морава и Вардар, а со тоа и пристаништето Пиреја со Дунав.

The post Kинезите сакаат да го направат Вардар пловен и да го поврзат Дунав со Егејското Море appeared first on Република.

]]>
Албанец во Солун до смрт ја измачувал бремената сопруга поради 8.000 евра https://republika.mk/vesti/balkan/albanets-vo-solun-do-smrt-ja-izmachuval-bremenata-sopruga-poradi-8-000-evra/ Sat, 13 Jan 2024 11:45:43 +0000 https://republika.mk/?p=732570

Бремената Албанка Џорџија (41) од Солун била убиена од нејзиниот 39-годишен сопруг со кого несреќната жена очекувала свадба, а негов соучесник во злосторството бил близок пријател (34).

Според првичните информации, жената се здобила со повреди на грлото на матката, а потоа и неконтролирано крварење. Таа била врзана со лисици со лента преку устата, а по телото имала три убоди со кујнски нож. Подоцна, безживотното тело на жената било пронајдено во шума во непристапен дел.

Осомничениот сопруг негирал дека е вмешан во убиството на новогодишната ноќ и тврдел дека не знаел дека неговата сопруга е убиена, но подоцна е пронајден неговиот отпечаток од прст што го поврзува со грозоморното злосторство.

Не бев вмешан во убиството, ништо не знаев. Бев дома и спиев. Очигледно мојот пријател направил сѐ бидејќи го посочи местото на злосторството и каде е нејзиното тело“, рекол мажот. .

Жената била бремена и имала 13-годишно девојче од претходниот брак.

Второобвинетиот, 34-годишен маж, изјавил дека немал намера да ја убие жената, туку сакал само да ја ограби таа вечер.

Тој немал целна намера и мотив, а камоли убиствен“, изјавил адвокатот на осомничениот.

Адвокатот изјавил дека неговиот клиент учествувал во имобилизацијата на жената, а потоа таа останала сама со сопругот. Подоцна, кога го сретнал својот пријател, му рекол дека Албанката е мртва.

Осомничениот, 34-годишен маж, признал дека бил соучесник и дека мртвото тело на жртвата го однел во шума во близина на Солун.

Сѐ почна со уверување дека ништо нема да ѝ се случи на жената, а откако првообвинетиот, односно сопругот ја убил, соучесникот сакал да оди и да се предаде на полицијата, но не му дозволил“, додаде адвокатот.

Според тамошните медиуми, сопругот и претходно бил познат по насилство врз поранешната сопруга, но не бил осуден. Досега против него се поднесени 45 пријави за насилство, некои дури и за силување. Наводно, во криминалното досие имал само пресуди поврзани со дрога.

Откако партнерката му покажала дека нејзината мајка има „купче“ од 8.000 евра, тој се обидел да ѝ ги земе клучевите од куќата, но жената дала отпор, на што тој одговорил со сила и ја прободел со кујнски нож, а му помогнал 34-годишниот пријател.

The post Албанец во Солун до смрт ја измачувал бремената сопруга поради 8.000 евра appeared first on Република.

]]>

Бремената Албанка Џорџија (41) од Солун била убиена од нејзиниот 39-годишен сопруг со кого несреќната жена очекувала свадба, а негов соучесник во злосторството бил близок пријател (34). Според првичните информации, жената се здобила со повреди на грлото на матката, а потоа и неконтролирано крварење. Таа била врзана со лисици со лента преку устата, а по телото имала три убоди со кујнски нож. Подоцна, безживотното тело на жената било пронајдено во шума во непристапен дел. Осомничениот сопруг негирал дека е вмешан во убиството на новогодишната ноќ и тврдел дека не знаел дека неговата сопруга е убиена, но подоцна е пронајден неговиот отпечаток од прст што го поврзува со грозоморното злосторство.
Не бев вмешан во убиството, ништо не знаев. Бев дома и спиев. Очигледно мојот пријател направил сѐ бидејќи го посочи местото на злосторството и каде е нејзиното тело“, рекол мажот. .
Жената била бремена и имала 13-годишно девојче од претходниот брак. Второобвинетиот, 34-годишен маж, изјавил дека немал намера да ја убие жената, туку сакал само да ја ограби таа вечер.
Тој немал целна намера и мотив, а камоли убиствен“, изјавил адвокатот на осомничениот.
Адвокатот изјавил дека неговиот клиент учествувал во имобилизацијата на жената, а потоа таа останала сама со сопругот. Подоцна, кога го сретнал својот пријател, му рекол дека Албанката е мртва. Осомничениот, 34-годишен маж, признал дека бил соучесник и дека мртвото тело на жртвата го однел во шума во близина на Солун.
Сѐ почна со уверување дека ништо нема да ѝ се случи на жената, а откако првообвинетиот, односно сопругот ја убил, соучесникот сакал да оди и да се предаде на полицијата, но не му дозволил“, додаде адвокатот.
Според тамошните медиуми, сопругот и претходно бил познат по насилство врз поранешната сопруга, но не бил осуден. Досега против него се поднесени 45 пријави за насилство, некои дури и за силување. Наводно, во криминалното досие имал само пресуди поврзани со дрога. Откако партнерката му покажала дека нејзината мајка има „купче“ од 8.000 евра, тој се обидел да ѝ ги земе клучевите од куќата, но жената дала отпор, на што тој одговорил со сила и ја прободел со кујнски нож, а му помогнал 34-годишниот пријател.

The post Албанец во Солун до смрт ја измачувал бремената сопруга поради 8.000 евра appeared first on Република.

]]>
„Добросососедски“: Во Солун беа забранети македонски знамиња на фудбалски меч https://republika.mk/sport/fudbal/dobrosososedski-vo-solun-bea-zabraneti-makedonski-znamina-na-fudbalski-mech/ Fri, 10 Nov 2023 10:39:37 +0000 https://republika.mk/?p=700147

На синоќешниот натпревар меѓу ПАОК и Абердин во Солун беа забранети македонски знамиња. Причина е македонскиот репрезентативец Бојан Миовски кој настапува за шкотскиот тим. Тој на првиот меч им покажа три прста и тоа беше доволен повод за домаќините да забранат наши знамиња на „Тумба“ стадионот.

Добрососедски, нема што

The post „Добросососедски“: Во Солун беа забранети македонски знамиња на фудбалски меч appeared first on Република.

]]>

На синоќешниот натпревар меѓу ПАОК и Абердин во Солун беа забранети македонски знамиња. Причина е македонскиот репрезентативец Бојан Миовски кој настапува за шкотскиот тим. Тој на првиот меч им покажа три прста и тоа беше доволен повод за домаќините да забранат наши знамиња на „Тумба“ стадионот. Добрососедски, нема што

The post „Добросососедски“: Во Солун беа забранети македонски знамиња на фудбалски меч appeared first on Република.

]]>
Во Солун грижливо се чуваат моштите на Св.Димитрија https://republika.mk/zivot/servisi/vo-solun-grizhlivo-se-chuvaat-moshtite-na-sv-dimitrija/ Wed, 08 Nov 2023 16:26:08 +0000 https://republika.mk/?p=699608

Православните верници денеска го слават Св. Димитрија, христијански маченик кој се смета за заштитник на градот Солун.

Црквата има некоја чудотворна моќ која на верниците им дава некое посебно чуство на мир и спокојство

Храмот датира од времето кога градот бил втор по големина во Византиската империја, а денеска е на листата на светско културно наследство од УНЕСКО.

За време на отоманската окупација, црквата била претворена во џамија. Била муслимански храм се до 1912 година, а пак  во 1917 година храмот бил целосно бил опожарен. По реставрацијата  бил отворен влез кон криптата, а под олтарот бил пронајден сад со крвта на Димитрија.

Легендата вели дека моштите на светителот биле скриени во крипта и дека имало мироточение. Поради тоа верување, и денеска на денот на Светецот, ковчегот со моштите се отвора и на верниците им се раздава памук исполнет со ароматична течност.

The post Во Солун грижливо се чуваат моштите на Св.Димитрија appeared first on Република.

]]>

Православните верници денеска го слават Св. Димитрија, христијански маченик кој се смета за заштитник на градот Солун. Црквата има некоја чудотворна моќ која на верниците им дава некое посебно чуство на мир и спокојство Храмот датира од времето кога градот бил втор по големина во Византиската империја, а денеска е на листата на светско културно наследство од УНЕСКО. За време на отоманската окупација, црквата била претворена во џамија. Била муслимански храм се до 1912 година, а пак  во 1917 година храмот бил целосно бил опожарен. По реставрацијата  бил отворен влез кон криптата, а под олтарот бил пронајден сад со крвта на Димитрија.
Легендата вели дека моштите на светителот биле скриени во крипта и дека имало мироточение. Поради тоа верување, и денеска на денот на Светецот, ковчегот со моштите се отвора и на верниците им се раздава памук исполнет со ароматична течност.

The post Во Солун грижливо се чуваат моштите на Св.Димитрија appeared first on Република.

]]>
Атина и Солун ќе добијат нови градоначалници https://republika.mk/vesti/balkan/atina-i-solun-ke-dobijat-novi-gradonachalnitsi/ Sun, 15 Oct 2023 17:50:12 +0000 https://republika.mk/?p=691475

Актуелните градоначалници на Атина и Солун, и двајцата поддржани од владејачката Нова демократија загубија во вториот круг од локалните избори во Грција, според официјалните податоци од Министерството за внатрешни работа, со пребројани 78 отсто од гласовите, јави дописничката на МИА од Атина.

Во општина Атина, досегашниот градоначалник Костас Бакојанис освои 44 отсто од гласовите наспроти Харис Дукас, поддржан од СИРИЗА и ПАСОК, кој доби над 11 проценти повеќе, односно 55,99 отсто.

Излезноста во Атина и овој пат беше мала, односно гласаа само 26,5 проценти.

Во  Солун, актуелниот градоначалник од Нова демократија Костас Зервас доби двојно помалку гласови од независниот кандидат Стилианос Ангелудис.

Во цела Грција излезноста беше 38,89 отсто.

Атина и Солун ќе добијат нови градоначалници

The post Атина и Солун ќе добијат нови градоначалници appeared first on Република.

]]>

Актуелните градоначалници на Атина и Солун, и двајцата поддржани од владејачката Нова демократија загубија во вториот круг од локалните избори во Грција, според официјалните податоци од Министерството за внатрешни работа, со пребројани 78 отсто од гласовите, јави дописничката на МИА од Атина. Во општина Атина, досегашниот градоначалник Костас Бакојанис освои 44 отсто од гласовите наспроти Харис Дукас, поддржан од СИРИЗА и ПАСОК, кој доби над 11 проценти повеќе, односно 55,99 отсто. Излезноста во Атина и овој пат беше мала, односно гласаа само 26,5 проценти. Во  Солун, актуелниот градоначалник од Нова демократија Костас Зервас доби двојно помалку гласови од независниот кандидат Стилианос Ангелудис. Во цела Грција излезноста беше 38,89 отсто. Атина и Солун ќе добијат нови градоначалници

The post Атина и Солун ќе добијат нови градоначалници appeared first on Република.

]]>
Автопатот Солун – Атина останува затворен уште најмалку два дена https://republika.mk/vesti/balkan/avtopatot-solun-atina-ostanuva-zatvoren-ushte-najmalku-dva-dena/ Tue, 12 Sep 2023 18:00:31 +0000 https://republika.mk/?p=681288

Најмалку два дена ќе бидат потребни за да се реши проблемот со поплавата на автопатот Солун – Атина, со што и понатаму останува затворен за сообраќај делот околу Лариса и во двата правци, а возилата се пренасочуваат по алтернативни патишта, јави дописничката на МИА од Атина.

Уште поголем е проблемот во железничкото поврзување на Атина и Солун со оглед на тоа што штетата на железничката мрежа се огромна, а санирањето ќе трае подолг временски период.

Патната и железничката структура во поплавените подрачја, заедно со обезбедување помош за жителите на 21 село во Тесалија погодено од невремето „Даниел“, испумпување вода, отворање патишта биле темите разгледани на утринскиот состанок на Координативниот оперативен центар во периферијата Тесалија, на кој присуствувале надлежните министри и заменици.

Седум од 21 село се без патен пристап бидејќи нивото на водата сè уште не е намалено, а екипи на Противпожарната служба, армијата и периферијата, во соработка со општините обезбедуваат вода, храна, гориво за генератори или што и да побараат месните заедници и жителите.

На состанокот било истакнато прашањето за јавното здравје, а Министерството за здравство упатува апел до жителите да ги следат упатствата за заштита.

До утрово биле собрани и кремирани или закопани над 15.000 мртви животни согласно санитарните прописи, од кои 7.750 вчера, а вниманието на надлежните сега е насочено кон угинатите животни кои се во затворени простори.

The post Автопатот Солун – Атина останува затворен уште најмалку два дена appeared first on Република.

]]>

Најмалку два дена ќе бидат потребни за да се реши проблемот со поплавата на автопатот Солун – Атина, со што и понатаму останува затворен за сообраќај делот околу Лариса и во двата правци, а возилата се пренасочуваат по алтернативни патишта, јави дописничката на МИА од Атина. Уште поголем е проблемот во железничкото поврзување на Атина и Солун со оглед на тоа што штетата на железничката мрежа се огромна, а санирањето ќе трае подолг временски период. Патната и железничката структура во поплавените подрачја, заедно со обезбедување помош за жителите на 21 село во Тесалија погодено од невремето „Даниел“, испумпување вода, отворање патишта биле темите разгледани на утринскиот состанок на Координативниот оперативен центар во периферијата Тесалија, на кој присуствувале надлежните министри и заменици. Седум од 21 село се без патен пристап бидејќи нивото на водата сè уште не е намалено, а екипи на Противпожарната служба, армијата и периферијата, во соработка со општините обезбедуваат вода, храна, гориво за генератори или што и да побараат месните заедници и жителите. На состанокот било истакнато прашањето за јавното здравје, а Министерството за здравство упатува апел до жителите да ги следат упатствата за заштита. До утрово биле собрани и кремирани или закопани над 15.000 мртви животни согласно санитарните прописи, од кои 7.750 вчера, а вниманието на надлежните сега е насочено кон угинатите животни кои се во затворени простори.

The post Автопатот Солун – Атина останува затворен уште најмалку два дена appeared first on Република.

]]>
Автопатот Солун – Атина ќе остане затворен уште најмалку два дена https://republika.mk/vesti/balkan/avtopatot-solun-atina-ke-ostane-zatvoren-ushte-najmalku-dva-dena/ Tue, 12 Sep 2023 12:06:29 +0000 https://republika.mk/?p=681283

Најмалку два дена ќе бидат потребни за да се реши проблемот со поплавата на автопатот Солун – Атина, со што и понатаму останува затворен за сообраќај делот околу Лариса и во двата правци, а возилата се пренасочуваат по алтернативни патишта, јави дописничката на МИА од Атина.

Уште поголем е проблемот во железничкото поврзување на Атина и Солун со оглед на тоа што штетата на железничката мрежа се огромна, а санирањето ќе трае подолг временски период.

Патната и железничката структура во поплавените подрачја, заедно со обезбедување помош за жителите на 21 село во Тесалија погодено од невремето „Даниел“, испумпување вода, отворање патишта биле темите разгледани на утринскиот состанок на Координативниот оперативен центар во периферијата Тесалија, на кој присуствувале надлежните министри и заменици.

Седум од 21 село се без патен пристап бидејќи нивото на водата сè уште не е намалено, а екипи на Противпожарната служба, армијата и периферијата, во соработка со општините обезбедуваат вода, храна, гориво за генератори или што и да побараат месните заедници и жителите.

На состанокот било истакнато прашањето за јавното здравје, а Министерството за здравство упатува апел до жителите да ги следат упатствата за заштита.

До утрово биле собрани и кремирани или закопани над 15.000 мртви животни согласно санитарните прописи, од кои 7.750 вчера, а вниманието на надлежните сега е насочено кон угинатите животни кои се во затворени простори. 

The post Автопатот Солун – Атина ќе остане затворен уште најмалку два дена appeared first on Република.

]]>

Најмалку два дена ќе бидат потребни за да се реши проблемот со поплавата на автопатот Солун – Атина, со што и понатаму останува затворен за сообраќај делот околу Лариса и во двата правци, а возилата се пренасочуваат по алтернативни патишта, јави дописничката на МИА од Атина. Уште поголем е проблемот во железничкото поврзување на Атина и Солун со оглед на тоа што штетата на железничката мрежа се огромна, а санирањето ќе трае подолг временски период. Патната и железничката структура во поплавените подрачја, заедно со обезбедување помош за жителите на 21 село во Тесалија погодено од невремето „Даниел“, испумпување вода, отворање патишта биле темите разгледани на утринскиот состанок на Координативниот оперативен центар во периферијата Тесалија, на кој присуствувале надлежните министри и заменици. Седум од 21 село се без патен пристап бидејќи нивото на водата сè уште не е намалено, а екипи на Противпожарната служба, армијата и периферијата, во соработка со општините обезбедуваат вода, храна, гориво за генератори или што и да побараат месните заедници и жителите. На состанокот било истакнато прашањето за јавното здравје, а Министерството за здравство упатува апел до жителите да ги следат упатствата за заштита. До утрово биле собрани и кремирани или закопани над 15.000 мртви животни согласно санитарните прописи, од кои 7.750 вчера, а вниманието на надлежните сега е насочено кон угинатите животни кои се во затворени простори. 

The post Автопатот Солун – Атина ќе остане затворен уште најмалку два дена appeared first on Република.

]]>
Земјотрес во Солун https://republika.mk/vesti/balkan/zemjotres-vo-solun/ Wed, 02 Aug 2023 15:03:21 +0000 https://republika.mk/?p=667975

Слаб земјотрес беше почувствуван во Солун во средата попладне.

Според ревидираната проценка на Геодинамичкиот институт, епицентарот на земјотресот бил на 3 километри североисточно од Калохори и бил со јачина од 2,6 Рихтер и со фокусна длабочина од 15 километри.

Земјотресот бил почувствуван во области во западниот дел од Солун.

The post Земјотрес во Солун appeared first on Република.

]]>

Слаб земјотрес беше почувствуван во Солун во средата попладне. Според ревидираната проценка на Геодинамичкиот институт, епицентарот на земјотресот бил на 3 километри североисточно од Калохори и бил со јачина од 2,6 Рихтер и со фокусна длабочина од 15 километри. Земјотресот бил почувствуван во области во западниот дел од Солун.

The post Земјотрес во Солун appeared first on Република.

]]>