Скопски урбани приказни Archives - Република https://republika.mk/tema/skopski-urbani-prikazni/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Jul 2024 07:09:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Скопски урбани приказни Archives - Република https://republika.mk/tema/skopski-urbani-prikazni/ 32 32 Изложба „Скопски урбани приказни 2024“ во ДЛУМ https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-skopski-urbani-prikazni-2024-vo-dlum/ Wed, 17 Jul 2024 07:09:16 +0000 https://republika.mk/?p=797561

Изложбата „Скопски урбани приказни 2024“ ќе биде отворена вечерва од 20,30 часот, во куќата на Друштвото на ликовни уметници.

На изложбата, која е дел од „Скопско лето“, уметниците Ана Ивановска, Доротеј Нешковски, Шќипе Мехмети, Сашо Блажес, Марина Лешкова, Давор Кешкец и Сокол Марковски, преку различни медиуми и инакви перцепции ќе ги претставуваат своите толкувања за Домот, не само како физички димензионирана структура, туку и како (ин)директно чувство на припадност, опуштеност и сигурност, како простор кој ја дефинира идентитетската определба, утопијата, реалноста.

Куратори на изложбата се Уметничкиот Совет и Маја Чанкуловска Михајловска.

The post Изложба „Скопски урбани приказни 2024“ во ДЛУМ appeared first on Република.

]]>

Изложбата „Скопски урбани приказни 2024“ ќе биде отворена вечерва од 20,30 часот, во куќата на Друштвото на ликовни уметници. На изложбата, која е дел од „Скопско лето“, уметниците Ана Ивановска, Доротеј Нешковски, Шќипе Мехмети, Сашо Блажес, Марина Лешкова, Давор Кешкец и Сокол Марковски, преку различни медиуми и инакви перцепции ќе ги претставуваат своите толкувања за Домот, не само како физички димензионирана структура, туку и како (ин)директно чувство на припадност, опуштеност и сигурност, како простор кој ја дефинира идентитетската определба, утопијата, реалноста. Куратори на изложбата се Уметничкиот Совет и Маја Чанкуловска Михајловска.

The post Изложба „Скопски урбани приказни 2024“ во ДЛУМ appeared first on Република.

]]>
Скопски урбани приказни – во 5 и 17 https://republika.mk/vesti/kultura/skopski-urbani-prikazni-vo-5-i-17/ Sun, 02 Jul 2023 11:44:26 +0000 https://republika.mk/?p=657422

Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) и Културно информативниот центар (КИЦ) – Скопје најавуваат дека ќе се придружат на сеќавањето на 60 години од скопскиот земјотрес и на Ацо Шопов, два големи јубилеја кои се значајни за 2023 година.

Мотив за размисла и поттик за творците е текстот на македонскиот поет Ацо Шопов, „Во пет и седумнаесет“, кој е посветен на земјотресот во Скопје и светската солидарност.

„Спојот на литературата и ликовната уметност, поезијата и ликовната уметност се во синергија на сетила, емоции и интелект. ДЛУМ преку селекција од кураторот (Дијана Томиќ Радевска), носител на идејата, покани уметници (23) кои низ класичен, но и интердисциплинарен и мултимедијален пристап, ќе изложат свои дела на неколку локации во централното градско подрачје на Скопје. Низ соработка со Скопско лето, ДЛУМ влегува во програмата за 2023 година“, соопштуваат од КИЦ.

Отворањето ќе започне во КИЦ во 17 и 17 часот, во паркот и продажната галерија, каде ќе бидат поставени дела од 10 уметници. Потоа, движењето продолжува кон Францускиот Институт Скопје – излог галерија, каде се поставени дела од 2 уметници, продолжува кон приватната галерија ГРАЛ – мала галерија и билборд пано, таму се поставени 7 уметници.

Движењето продолжува кон улицата „На липите“, во Дебар маало (Буњаковец), со објект инсталација од еден уметник и движењето завршува кон градската кафеана „Пелистер“, каде ќе бидат поставени 2 уметници и како гости на овој проект ќе учествуваат соработници од училиштето „Партенија Зографски“, каде текстот на Ацо Шопов, „Во 5 и 17“ ќе го презентираат на видео на знаковен јазик.

„Изложбата ќе се одвива во периодот од 3 јули – 9 јули 2023, со почеток и отворање токму во 5:17 (17.17) часот се до вечерните часови, а изложбите ќе бидат достапни за посета во работното време на институциите секој ден, се до 9 јули“, велат од КИЦ.

Учествуваат уметниците: Марина Лешкова, Вана Урошевиќ, Нина Гештаковска, Жанета Вангели, Маја Стефановскa, Тања Таневска, Соња Димовска, Славица Јанешлиева, Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска, Марија Сотировска, Игор Сековски, Маја Кировска, Дејан Иванов – Маргуш, Ѓорѓе Јовановиќ, Борче Богоевски и Тања Ристовска, Кристијан Јованоски, Драганчо Таневски, Ива Станковска, Душан Стефановски, Динев Ѓорѓи, Стефан Јакимовски.

 

The post Скопски урбани приказни – во 5 и 17 appeared first on Република.

]]>

Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) и Културно информативниот центар (КИЦ) – Скопје најавуваат дека ќе се придружат на сеќавањето на 60 години од скопскиот земјотрес и на Ацо Шопов, два големи јубилеја кои се значајни за 2023 година. Мотив за размисла и поттик за творците е текстот на македонскиот поет Ацо Шопов, „Во пет и седумнаесет“, кој е посветен на земјотресот во Скопје и светската солидарност. „Спојот на литературата и ликовната уметност, поезијата и ликовната уметност се во синергија на сетила, емоции и интелект. ДЛУМ преку селекција од кураторот (Дијана Томиќ Радевска), носител на идејата, покани уметници (23) кои низ класичен, но и интердисциплинарен и мултимедијален пристап, ќе изложат свои дела на неколку локации во централното градско подрачје на Скопје. Низ соработка со Скопско лето, ДЛУМ влегува во програмата за 2023 година“, соопштуваат од КИЦ. Отворањето ќе започне во КИЦ во 17 и 17 часот, во паркот и продажната галерија, каде ќе бидат поставени дела од 10 уметници. Потоа, движењето продолжува кон Францускиот Институт Скопје – излог галерија, каде се поставени дела од 2 уметници, продолжува кон приватната галерија ГРАЛ – мала галерија и билборд пано, таму се поставени 7 уметници. Движењето продолжува кон улицата „На липите“, во Дебар маало (Буњаковец), со објект инсталација од еден уметник и движењето завршува кон градската кафеана „Пелистер“, каде ќе бидат поставени 2 уметници и како гости на овој проект ќе учествуваат соработници од училиштето „Партенија Зографски“, каде текстот на Ацо Шопов, „Во 5 и 17“ ќе го презентираат на видео на знаковен јазик. „Изложбата ќе се одвива во периодот од 3 јули – 9 јули 2023, со почеток и отворање токму во 5:17 (17.17) часот се до вечерните часови, а изложбите ќе бидат достапни за посета во работното време на институциите секој ден, се до 9 јули“, велат од КИЦ. Учествуваат уметниците: Марина Лешкова, Вана Урошевиќ, Нина Гештаковска, Жанета Вангели, Маја Стефановскa, Тања Таневска, Соња Димовска, Славица Јанешлиева, Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска, Марија Сотировска, Игор Сековски, Маја Кировска, Дејан Иванов – Маргуш, Ѓорѓе Јовановиќ, Борче Богоевски и Тања Ристовска, Кристијан Јованоски, Драганчо Таневски, Ива Станковска, Душан Стефановски, Динев Ѓорѓи, Стефан Јакимовски.  

The post Скопски урбани приказни – во 5 и 17 appeared first on Република.

]]>