Скопски дувачки квинтет Archives - Република https://republika.mk/tema/skopski-duvachki-kvintet/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Oct 2024 08:00:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Скопски дувачки квинтет Archives - Република https://republika.mk/tema/skopski-duvachki-kvintet/ 32 32 Концерти на Скопскиот дувачки квинтет во Австрија и Словенија https://republika.mk/vesti/kultura/kontserti-na-skopskiot-duvachki-kvintet-vo-avstrija-i-slovenija/ Mon, 21 Oct 2024 08:00:00 +0000 https://republika.mk/?p=829277

Скопскиот дувачки квинтет денеска ќе настапи во Виена во познатата катедрала Св. Ана (Annakirche) во центарот на градот Виена, а утре со концерт ќе се претсти во Мурска Собота (Словенија).

На концертите во Австрија и во Словенија, Скопскиот дувачки квинтет ќе се претстави со дела од светската литература за ваков камерен состав како и дела од македонски автори.

Концертите се реализираат со поддршка од Министерството за култура, како и македонската амбасада во Виена и македонскиот почесен конзулат во Словенија.

Скопскиот дувачки квинтет е еден од најстарите камерни состави во Македонија кој опстојува повеќе од 40 години и во кој сега настапува третата генерација на истакнати музичари и тоа: Марија Јакимовска - флејта, Васил Атанасов - обоа, Ристо Ѓоревски - кларинет, Орце Ицковски - фагот и Александар Гошев - хорна.

Во 2019 година Скопскиот дувачки квинтет ја доби наградата „Златна лира" - највисоко признание кое го доделува Сојузот на музички уметници на Македонија (СМУМ) за животно дело и врвни уметнички достигнувања.

The post Концерти на Скопскиот дувачки квинтет во Австрија и Словенија appeared first on Република.

]]>

Скопскиот дувачки квинтет денеска ќе настапи во Виена во познатата катедрала Св. Ана (Annakirche) во центарот на градот Виена, а утре со концерт ќе се претсти во Мурска Собота (Словенија). На концертите во Австрија и во Словенија, Скопскиот дувачки квинтет ќе се претстави со дела од светската литература за ваков камерен состав како и дела од македонски автори. Концертите се реализираат со поддршка од Министерството за култура, како и македонската амбасада во Виена и македонскиот почесен конзулат во Словенија. Скопскиот дувачки квинтет е еден од најстарите камерни состави во Македонија кој опстојува повеќе од 40 години и во кој сега настапува третата генерација на истакнати музичари и тоа: Марија Јакимовска - флејта, Васил Атанасов - обоа, Ристо Ѓоревски - кларинет, Орце Ицковски - фагот и Александар Гошев - хорна. Во 2019 година Скопскиот дувачки квинтет ја доби наградата „Златна лира" - највисоко признание кое го доделува Сојузот на музички уметници на Македонија (СМУМ) за животно дело и врвни уметнички достигнувања.

The post Концерти на Скопскиот дувачки квинтет во Австрија и Словенија appeared first on Република.

]]>