Синдикат на здравствени работници Archives - Република https://republika.mk/tema/sindikat-na-zdravstveni-rabotnitsi/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Nov 2024 13:36:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Синдикат на здравствени работници Archives - Република https://republika.mk/tema/sindikat-na-zdravstveni-rabotnitsi/ 32 32 Мицкоски се сретна со Синдикатот на здравствени работници: Подобрување на здравствената заштита на пациентите и враќање на достоинството на медицинската професија https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-se-sretna-so-sindikatot-na-zdravstveni-rabotnitsi-podobruvane-na-zdravstvenata-zashtita-na-patsientite-i-vrakane-na-dostoinstvoto-na-meditsinskata-profesija/ Mon, 04 Nov 2024 13:36:34 +0000 https://republika.mk/?p=834047

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски заедно со владин тим оствари средба со синдикатот на здравствените работници.

На средбата отворено се разговараше за положбата на докторите и останатиот здравствен персонал. Стана збор за потребата за зголемување на платите но и зголемување на учинокот како и поголема рамномерност во ангажирањето на здравствените кадри.

Владата ја афирмираше заложбата за почитување на трудот на лекарите и сите здравствени работници, како и потребата за унапредување на условите за работа и поголема достапност на здравствените услуги за граѓаните на кои им е потребна лекарска грижа.

Една од областите која беше наследена каде состојбите се најлоши е токму здравството каде граѓаните имаа бројни забелешки. Основната компонента за враќање на достоинството на медицинската професија е создавање на услови за задоволни лекари и здравствен персонал, и тоа ќе биде приоритет во овој дијалог, како и паралелно инвестирање во здравствени капацитети и опрема. Во тој поглед се реализира проектот за вработување на 600 специјализанти и млади лекари, продолжуваат инвестициите во Штипската болница како и повеќе инвестициски процеси на повеќе болници од комплексот клиники Мајка Тереза.

Дијалогот меѓу владата и синдикатот продолжува и во наредниот период.

The post Мицкоски се сретна со Синдикатот на здравствени работници: Подобрување на здравствената заштита на пациентите и враќање на достоинството на медицинската професија appeared first on Република.

]]>