Роман Симовиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/roman-simovik/ За подобро да се разбереме Mon, 16 Oct 2023 07:43:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Роман Симовиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/roman-simovik/ 32 32 „Профундис“ и Роман Симовиќ вечерва во Филхармонијата https://republika.mk/vesti/kultura/profundis-i-roman-simovik-vecherva-vo-filharmonijata/ Mon, 16 Oct 2023 07:43:21 +0000 https://republika.mk/?p=691524

Виртуозот Роман Симовиќ – концерт-мајстор на Лондонската филхармонија и камерниот оркестар „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, ќе настапат вечерва во 20,30 часот во големата сала на Филхармонија.

Камерниот оркестар „Профундис“ е уметнички состав кој постои веќе четири години. Во него членуваат едни од најистакнатите македонски инструменталисти што се дел од двата професионални оркестри во земјава, Националната опера и балет и Националната филхармонија. Роман Симовиќ има настапувано во „Карнеги Хол“, големата сала на Конзерваториумот „Чајковски“, салата „Марински“ во Санкт Петерсбург, Операта во Тел Авив, салата „Викторија“ во Женева и многу други. Добитник е на престижни награди. Како солист настапува со водечки оркестри во светот.

Тој е визитинг професор на Кралската академија во Лондон и има огромно искуство како педагог. Често е раководител на мајсторски курсеви во САД, Велика Британија, Јужна Кореја, Јапонија, Австралија, Италија, Шведска, Швајцарија. Има издадено бројни цедеа, но се издвојуваат четири на кои тој е уметнички раководител на гудачите на Лондонскиот симфониски оркестар снимени за ЛСОлајв, како и неговото цеде со Виолинските каприси од Паганини за соло виолина.

Влезниците за концертот „РОМАН“ се достапни во ограничен број преку продажната мрежа на МК ТИКЕТС како и онлајн по цени кои почнуваат од 500 денари.

The post „Профундис“ и Роман Симовиќ вечерва во Филхармонијата appeared first on Република.

]]>

Виртуозот Роман Симовиќ – концерт-мајстор на Лондонската филхармонија и камерниот оркестар „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, ќе настапат вечерва во 20,30 часот во големата сала на Филхармонија. Камерниот оркестар „Профундис“ е уметнички состав кој постои веќе четири години. Во него членуваат едни од најистакнатите македонски инструменталисти што се дел од двата професионални оркестри во земјава, Националната опера и балет и Националната филхармонија. Роман Симовиќ има настапувано во „Карнеги Хол“, големата сала на Конзерваториумот „Чајковски“, салата „Марински“ во Санкт Петерсбург, Операта во Тел Авив, салата „Викторија“ во Женева и многу други. Добитник е на престижни награди. Како солист настапува со водечки оркестри во светот. Тој е визитинг професор на Кралската академија во Лондон и има огромно искуство како педагог. Често е раководител на мајсторски курсеви во САД, Велика Британија, Јужна Кореја, Јапонија, Австралија, Италија, Шведска, Швајцарија. Има издадено бројни цедеа, но се издвојуваат четири на кои тој е уметнички раководител на гудачите на Лондонскиот симфониски оркестар снимени за ЛСОлајв, како и неговото цеде со Виолинските каприси од Паганини за соло виолина. Влезниците за концертот „РОМАН“ се достапни во ограничен број преку продажната мрежа на МК ТИКЕТС како и онлајн по цени кои почнуваат од 500 денари.

The post „Профундис“ и Роман Симовиќ вечерва во Филхармонијата appeared first on Република.

]]>
Прославениот концерт-мајстор на Лондонската филхармонија Роман Симовиќ ќе настапи во Скопје на 16 октомври https://republika.mk/vesti/kultura/proslaveniot-kontsert-majstor-na-londonskata-filharmonija-roman-simovik-ke-nastapi-vo-skopje-na-16-oktomvri/ Thu, 28 Sep 2023 11:26:45 +0000 https://republika.mk/?p=686006

По спектакуларниот мултимедијален спектакл „Грув“ и интернационалните гостувања на „Раванелиус“, „Котор Арт“ и настапот во Нови Сад со Ирина Мурезану, Профундис ја крунисува концертната сезона со ексклузивното гостување на прославениот концерт-мајстор на Лондонската филхармонија Роман Симовиќ во Скопје.

Виртуозниот Симовиќ и камерниот оркестар „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, ќе настапат на концертниот спектакл „Роман“ на 16 октомври во големата сала на Македонската филхармонија со почеток во 20:30 часот.

Голема е честа концертната сезона на камерниот оркестар „Профундис“ да се круниса со гостувањето на брилијатниот Роман Симовиќ со заеднички настап на нашата сцена. Се надевам дека ќе ги пренесеме емоциите и виртуозноста на овој спектакуларен концерт во срцата на нашата публика, создавајќи незаборавно музичко искуство, вели Ѓурѓица Дашиќ, уметнички раководител на камерниот оркестар.

Како солист, Роман Симовиќ настапува со некои од водечките оркестри во светот: Лондонскиот симфониски оркестар, оркестарот на театарот „Марински“, Оркестарот на „Театро Реџио“ во Торино, симфонискиот оркестар во Халифакс (Канада), оркестарот „Франц Лист“ во Унгарија, „Камерата Берн“ во Швајцарија, Камерата Салцбург (Австрија), како и оркестри во Турција, Полска, Холандија.

Симовиќ настапувал на многу реномирани фестивали како што се: „Вербие“, „Бели Ноќи“ (Санкт Петербург), „Транс-сибирскиот фестивал“ на Вадим Репин, „Велигденскиот фестивал“, Охридско лето, Летниот фестивал во Дубровник, „Котор Арт“ во Црна Гора, БЕМУС и НОМУС во Србија, „Сион-Вале“ во Швајцарија, фестивалот во Берген, „Московски ноќи“, фестивалите во Италија и Шпанија на кои соработува со врвни музички ѕвезди на денешницата.

Од 2010 година тој е концерт-мајстор на Лондонската филхармонија. Свири на виолина изработена од Антонио Страдивари во 1709 година која му е позајмена од филантропот и колекционер на инструменти Џонатан Моулдс.

На програмата ќе бидат најголемите три британски композитори Вилијам Волтон, Вилијам Лојд Вебер и Ралф Вон Вилијамс, како и спектакуларните 4 годишни времиња од Астор Пјацола. Оваа внимателно креирана програма ветува музичка одисеја низ времето и емоциите, проткаена со финеси и грациозност само какви што може да отсвират Роман Симовиќ и „Профундис“.

The post Прославениот концерт-мајстор на Лондонската филхармонија Роман Симовиќ ќе настапи во Скопје на 16 октомври appeared first on Република.

]]>

По спектакуларниот мултимедијален спектакл „Грув“ и интернационалните гостувања на „Раванелиус“, „Котор Арт“ и настапот во Нови Сад со Ирина Мурезану, Профундис ја крунисува концертната сезона со ексклузивното гостување на прославениот концерт-мајстор на Лондонската филхармонија Роман Симовиќ во Скопје. Виртуозниот Симовиќ и камерниот оркестар „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, ќе настапат на концертниот спектакл „Роман“ на 16 октомври во големата сала на Македонската филхармонија со почеток во 20:30 часот.
Голема е честа концертната сезона на камерниот оркестар „Профундис“ да се круниса со гостувањето на брилијатниот Роман Симовиќ со заеднички настап на нашата сцена. Се надевам дека ќе ги пренесеме емоциите и виртуозноста на овој спектакуларен концерт во срцата на нашата публика, создавајќи незаборавно музичко искуство, вели Ѓурѓица Дашиќ, уметнички раководител на камерниот оркестар.
Како солист, Роман Симовиќ настапува со некои од водечките оркестри во светот: Лондонскиот симфониски оркестар, оркестарот на театарот „Марински“, Оркестарот на „Театро Реџио“ во Торино, симфонискиот оркестар во Халифакс (Канада), оркестарот „Франц Лист“ во Унгарија, „Камерата Берн“ во Швајцарија, Камерата Салцбург (Австрија), како и оркестри во Турција, Полска, Холандија. Симовиќ настапувал на многу реномирани фестивали како што се: „Вербие“, „Бели Ноќи“ (Санкт Петербург), „Транс-сибирскиот фестивал“ на Вадим Репин, „Велигденскиот фестивал“, Охридско лето, Летниот фестивал во Дубровник, „Котор Арт“ во Црна Гора, БЕМУС и НОМУС во Србија, „Сион-Вале“ во Швајцарија, фестивалот во Берген, „Московски ноќи“, фестивалите во Италија и Шпанија на кои соработува со врвни музички ѕвезди на денешницата. Од 2010 година тој е концерт-мајстор на Лондонската филхармонија. Свири на виолина изработена од Антонио Страдивари во 1709 година која му е позајмена од филантропот и колекционер на инструменти Џонатан Моулдс. На програмата ќе бидат најголемите три британски композитори Вилијам Волтон, Вилијам Лојд Вебер и Ралф Вон Вилијамс, како и спектакуларните 4 годишни времиња од Астор Пјацола. Оваа внимателно креирана програма ветува музичка одисеја низ времето и емоциите, проткаена со финеси и грациозност само какви што може да отсвират Роман Симовиќ и „Профундис“.

The post Прославениот концерт-мајстор на Лондонската филхармонија Роман Симовиќ ќе настапи во Скопје на 16 октомври appeared first on Република.

]]>
Роман Симовиќ, црногорски виолинист: Секогаш е големо задоволството да се биде во Охрид https://republika.mk/vesti/kultura/roman-simovik-tsrnogorski-violinist-sekogash-e-golemo-zadovolstvoto-da-se-bide-vo-ohrid/ Tue, 01 Aug 2023 11:22:24 +0000 https://republika.mk/?p=667600

Брилијантната виртуозност и вродената музикалност, поттикнати од безграничната имагинација, црногорскиот виолинист Роман Симовиќ уште еднаш ги потврди на концертот што вчеравечер го одржа во црквата „Света Софија“ во  рамки на музичкиот репертоар на годинешното 63-то „Охридско лето“.

Овој маестрален виолинист ги изведе Шесте сонати за соло виолина оп. 27 од белгискиот композитор Ежен Исаи (1858-1931).

-Шесте сонати за соло виолина се голем залак  за секој виолинист. Композиторот Ежен Исаи  е огромна инспирација за најголемите виолинисти од 20 и 21 век. Целиот живот сонував да ги изведам интегрално, и еве, тој сон сега ми се остварува. Веќе ги снимив на компакт-диск кој се надевам ќе излезе во текот на следната година, вели виолинистот Симовиќ.

Ова е втор негов концерт на фестивалот „Охридско лето“, по оној во 2016-тата година.

-Секогаш е големо задоволството да се биде во Охрид. Мојата сопруга има роднини овде, така што градот ми е прираснат за срце. Во оваа прекрасна црква свирам вторпат и можам да кажам дека публиката е извонредна, додава Симовиќ.

По концертот на „Охридско лето“ неговата турнеја како солист или со оркестар ќе продолжи во родната Црна Гора, а потоа и во Италија, Шкотска, Мексико, Шпанија, Кипар, Србија....

Маестралниот виолинист Роман Симовиќ  е концерт-мајстор на Лондонскиот симфониски оркестар од 2010 година. Свири на виолина изработена од Антонио Страдивари во 1709 година која му е позајмена од филантропот и колекционер на инструменти Џонатан Моулдс.

The post Роман Симовиќ, црногорски виолинист: Секогаш е големо задоволството да се биде во Охрид appeared first on Република.

]]>

Брилијантната виртуозност и вродената музикалност, поттикнати од безграничната имагинација, црногорскиот виолинист Роман Симовиќ уште еднаш ги потврди на концертот што вчеравечер го одржа во црквата „Света Софија“ во  рамки на музичкиот репертоар на годинешното 63-то „Охридско лето“. Овој маестрален виолинист ги изведе Шесте сонати за соло виолина оп. 27 од белгискиот композитор Ежен Исаи (1858-1931). -Шесте сонати за соло виолина се голем залак  за секој виолинист. Композиторот Ежен Исаи  е огромна инспирација за најголемите виолинисти од 20 и 21 век. Целиот живот сонував да ги изведам интегрално, и еве, тој сон сега ми се остварува. Веќе ги снимив на компакт-диск кој се надевам ќе излезе во текот на следната година, вели виолинистот Симовиќ. Ова е втор негов концерт на фестивалот „Охридско лето“, по оној во 2016-тата година. -Секогаш е големо задоволството да се биде во Охрид. Мојата сопруга има роднини овде, така што градот ми е прираснат за срце. Во оваа прекрасна црква свирам вторпат и можам да кажам дека публиката е извонредна, додава Симовиќ. По концертот на „Охридско лето“ неговата турнеја како солист или со оркестар ќе продолжи во родната Црна Гора, а потоа и во Италија, Шкотска, Мексико, Шпанија, Кипар, Србија.... Маестралниот виолинист Роман Симовиќ  е концерт-мајстор на Лондонскиот симфониски оркестар од 2010 година. Свири на виолина изработена од Антонио Страдивари во 1709 година која му е позајмена од филантропот и колекционер на инструменти Џонатан Моулдс.

The post Роман Симовиќ, црногорски виолинист: Секогаш е големо задоволството да се биде во Охрид appeared first on Република.

]]>
„Охридско лето“: Соло-концерт на црногорскиот виолинист Роман Симовиќ, кој свири на виолина изработена од Антонио Страдивари во 1709 година https://republika.mk/vesti/kultura/ohridsko-leto-solo-kontsert-na-tsrnogorskiot-violinist-roman-simovik-koj-sviri-na-violina-izrabotena-od-antonio-stradivari-vo-1709-godina/ Mon, 31 Jul 2023 08:36:34 +0000 https://republika.mk/?p=667166

Дваесеттиот фестивалски ден на „Охридско лето“ го носи соло-концертот на црногорскиот виолинист Роман Симовиќ.

Брилијантната виртуозност, природниот талент и бескрајната имагинација се особините кои на виолинистот Роман Симовиќ му овозможуваат кариера која го носи низ целиот свет, на некои од најзначајните концертни подиуми како „Карнеги хол“, големата сала на Конзерваториумот „Чајковски“, салата „Марински“ во Санкт Петерсбург, Операта во Тел Авив, салата „Викторија“ во Женева, „Рудолфинум“ во Прага, „Барбикан“ во Лондон, Центарот за уметност во Сеул, салата „Григ“ во Берген, „Рахмањинов“ во Москва и многу  други.

Симовиќ е добитник на повеќе престижни награди за виолинисти „Родолфо Липицер“ во Италија каде добива прва награда и 12 награди од публиката, награда на натпреварот во Сион во Швајцарија, натпреварот „Јамполски“ во Русија и награда на натпреварот „Хенрик Виењавски“ во Полска со што тој станува еден од најзначајните виолинист на неговата генерација.

Како солист, Роман настапува со некои од водечките оркестри во светот: Лондонскиот симфониски оркестар, оркестарот на театарот „Марински“, Оркестарот на „Театро Реџио“ во Торино, симфонискиот оркестар во Халифакс (Канада), оркестарот „Франц Лист“ во Унгарија, „Камерата Берн“ во Швајцарија, Камерата Салцбург (Австрија), како и оркестри во Турција, Полска, Холандија.

Роман Симовиќ настапува на многу реномирани фестивали како што се „Вербие“, „Бели Ноќи“ (Санкт Петербург), „Транс-сибирскиот фестивал“ на Вадим Репин, „Велигденскиот фестивал“, Летниот фестивал во Дубровник, „Котор Арт“ во Црна Гора, БЕМУС и НОМУС во Србија, „Сион-Вале“ во Швајцарија, фестивалот во Берген, „Московски ноќи“, фестивалите во Италија и Шпанија на кои соработува со врвни музички ѕвезди на денешницата како Леонидас Кавакос, Јуџа Ванг, Готје Капусон, Миша Мајски, Шломо Минц, Франсоа Лелу, Итамар Голан, Симон Трпчески, Џанин Јенсен, Јулијан Рахлин, Вадим Репин, Евгениј Кисин, Антоан Таместит, Антонио Менезес, Николај Лугански…

Роман е визитинг професор на Кралската академија во Лондон и има огромно искуство како педагог. Често е раководител на мајсторски курсеви во САД, Велика Британија, Јужна Кореја, Јапонија, Австралија, Италија, Шведска, Швајцарија, Србија, Црна Гора, Израел како и на Фестивалот во Вербие, таму често настапува како солист со оркестар, камерен музичар или со рецитал.

Има издадено бројни це-деа, но се издвојуваат четири на кои тој е уметнички раководител на гудачите на Лондонскиот симфониски оркестар снимени за ЛСО-лајв, како и неговото це-де со виолинските каприси од Паганини за соло виолина. Во јуни 2022 година, Роман Симовиќ го сними за ЛСО лајв Концертот за виолина и оркестар од Миклош Рожа под диригентско водство на Сајмон Ратл.

Роман е концерт-мајстор на Лондонскиот симфониски оркестар од 2010 година. Свири на виолина изработена од Антонио Страдивари во 1709 година која му е позајмена од филантропот и колекционер на инструменти Џонатан Моулдс.

На програмата на вечерашниот концерт што од 21 часот ќе се одржува во црквата „Света Софија“ се шесте атрактивни и мошне предизвикувачки сонати за соло виолина оп. 27 на Е. Есаи.

The post „Охридско лето“: Соло-концерт на црногорскиот виолинист Роман Симовиќ, кој свири на виолина изработена од Антонио Страдивари во 1709 година appeared first on Република.

]]>

Дваесеттиот фестивалски ден на „Охридско лето“ го носи соло-концертот на црногорскиот виолинист Роман Симовиќ. Брилијантната виртуозност, природниот талент и бескрајната имагинација се особините кои на виолинистот Роман Симовиќ му овозможуваат кариера која го носи низ целиот свет, на некои од најзначајните концертни подиуми како „Карнеги хол“, големата сала на Конзерваториумот „Чајковски“, салата „Марински“ во Санкт Петерсбург, Операта во Тел Авив, салата „Викторија“ во Женева, „Рудолфинум“ во Прага, „Барбикан“ во Лондон, Центарот за уметност во Сеул, салата „Григ“ во Берген, „Рахмањинов“ во Москва и многу  други. Симовиќ е добитник на повеќе престижни награди за виолинисти „Родолфо Липицер“ во Италија каде добива прва награда и 12 награди од публиката, награда на натпреварот во Сион во Швајцарија, натпреварот „Јамполски“ во Русија и награда на натпреварот „Хенрик Виењавски“ во Полска со што тој станува еден од најзначајните виолинист на неговата генерација. Како солист, Роман настапува со некои од водечките оркестри во светот: Лондонскиот симфониски оркестар, оркестарот на театарот „Марински“, Оркестарот на „Театро Реџио“ во Торино, симфонискиот оркестар во Халифакс (Канада), оркестарот „Франц Лист“ во Унгарија, „Камерата Берн“ во Швајцарија, Камерата Салцбург (Австрија), како и оркестри во Турција, Полска, Холандија. Роман Симовиќ настапува на многу реномирани фестивали како што се „Вербие“, „Бели Ноќи“ (Санкт Петербург), „Транс-сибирскиот фестивал“ на Вадим Репин, „Велигденскиот фестивал“, Летниот фестивал во Дубровник, „Котор Арт“ во Црна Гора, БЕМУС и НОМУС во Србија, „Сион-Вале“ во Швајцарија, фестивалот во Берген, „Московски ноќи“, фестивалите во Италија и Шпанија на кои соработува со врвни музички ѕвезди на денешницата како Леонидас Кавакос, Јуџа Ванг, Готје Капусон, Миша Мајски, Шломо Минц, Франсоа Лелу, Итамар Голан, Симон Трпчески, Џанин Јенсен, Јулијан Рахлин, Вадим Репин, Евгениј Кисин, Антоан Таместит, Антонио Менезес, Николај Лугански… Роман е визитинг професор на Кралската академија во Лондон и има огромно искуство како педагог. Често е раководител на мајсторски курсеви во САД, Велика Британија, Јужна Кореја, Јапонија, Австралија, Италија, Шведска, Швајцарија, Србија, Црна Гора, Израел како и на Фестивалот во Вербие, таму често настапува како солист со оркестар, камерен музичар или со рецитал. Има издадено бројни це-деа, но се издвојуваат четири на кои тој е уметнички раководител на гудачите на Лондонскиот симфониски оркестар снимени за ЛСО-лајв, како и неговото це-де со виолинските каприси од Паганини за соло виолина. Во јуни 2022 година, Роман Симовиќ го сними за ЛСО лајв Концертот за виолина и оркестар од Миклош Рожа под диригентско водство на Сајмон Ратл. Роман е концерт-мајстор на Лондонскиот симфониски оркестар од 2010 година. Свири на виолина изработена од Антонио Страдивари во 1709 година која му е позајмена од филантропот и колекционер на инструменти Џонатан Моулдс. На програмата на вечерашниот концерт што од 21 часот ќе се одржува во црквата „Света Софија“ се шесте атрактивни и мошне предизвикувачки сонати за соло виолина оп. 27 на Е. Есаи.

The post „Охридско лето“: Соло-концерт на црногорскиот виолинист Роман Симовиќ, кој свири на виолина изработена од Антонио Страдивари во 1709 година appeared first on Република.

]]>