Ристо Никовски Archives - Република https://republika.mk/tema/risto-nikovski/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Nov 2024 09:52:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ристо Никовски Archives - Република https://republika.mk/tema/risto-nikovski/ 32 32 Како против корупцијата? https://republika.mk/kolumni/kako-protiv-koruptsijata/ Mon, 18 Nov 2024 09:52:38 +0000 https://republika.mk/?p=839061

Ристо Никовски

Веќе може да се оцени дека Владата ја враќа надежта. Отворени се многу фронтови и постигнати првични резултати, ама и очекувањата се огромни. Државата беше во голем хаос. Ништо не функционираше и насекаде имаше масовни злоупотреби и криминал. Катастрофа од општ карактер.

Предизвици, меѓутоа, има премногу и приоритетите мора да се селектираат на многу внимателен начин. Борбата против криминалот и корупцијата е секако еден од врвните. Тоа е рак – раната на нашето општество и ако сакаме да успееме, треба под итно да се структурира систем за нивно елиминирање. Без радикално намалување на овие две зла, плус враќање на владеење на правото - нема побрз напредок.

Еве и едно туѓо искуство. Владата на Словенија, пред да станат дел од ЕУ, своите седници ги започнувала со еден час посветен на членството. Надлежните реферирале што е направено, кои се проблемите и се донесувале задачи за сите. Со оглед дека нашето членство во ЕУ е, сепак, далечна иднина, оваа корисна практика ние можеме да ја спроведеме прво во борбата против криминалот и корупцијата. Во ист „пакет“ нека биде и владеењето на правото. Силен е впечатокот дека реформите така најбргу би напредувале.

Борбата мора да започне на теренот, таму каде што царуваат криминалот и корупцијата. Расчистување со минатото тргна, ама најважно е спречување на раширената пракса. Реформата на правосудниот систем треба да оди паралелно. Тоа е суперструктурата каде ќе финализираат процедурите.

Прво, мора да се одреди носител на целиот проект. Тоа мора да биде вицепремиер, кој ќе има најшироки овластувања. Препорачливо ќе биде да се формира и соодветен штаб.

Второ, веднаш треба да се работи на стратегија, без која ќе се вртиме во маѓепсан круг. Таа секако и ќе се прилагодува.

Третиот чекор треба да биде подготовка на список на сите институции каде се знае или се претпоставува дека има корупција. Тоа не е тешка задача. Сите знаеме кои се тие.

Четврто, со решение/упатство на Владата, или на друг начин, сите тие институции ќе мора да формираат комисии за борба против корупцијата. Една на ниво на институцијата, а таму каде што ќе има оперативна потреба - и поткомисии.

Петто, сите овие комисии ќе мора да поднесуваат месечни, тромесечни, шестмесечни и годишни извештаи за тоа што преземале, и што постигнале. Поткомисиите до централната во институцијата, а таа до државниот штаб.

Ова може да изгледа комплицирано и бирократизирано, ама не мора да биде така. Во прашање е канцер кој не се лечи со политики или со убави зборови. Мора да се сече. Беше објавено дека во Катастарот имало преку 3.000 нерешени барања, а новиот директор ги намалил на 800. Ви тврдам дека се чекал рушвет бидејќи на сите им се брза!

Штом ќе започне една ваква, масовна операција, следена со широк публицитет – веднаш ќе има позитивни резултати! Ќе има намалување на криминалот и корупцијата можеби и од неверојатни 50 проценти! На сите ќе им биде јасно дека анархијата – заврши. Секој ќе се замисли пред да прими, уште повеќе пред да побара рушвет, или да мести тендери. Во сите институции се знае и кој е корумпиран, и кој работи чесно.

Најголемиот криминал е секако во тендерите. Според некои информации, на тој начин државата годишно троши повеќе од милијарда и половина евра. Ако само еден процент од тие пари се злоупотреби, тоа се веќе 15 милиони евра!? Сумата е сигурно повеќе пати повисока.

Тендерите масовно се злоупотребуваат и затоа мора да се бара радикално решение. Дали тоа треба да биде на ниво на државата? Дали за сите потреби, вклучувајќи ги и општините, и јавните претпријатија, треба да има некој вид на централна државна комисија за тендери? Барем на привремена основа? Или, да ги има неколку, поделени според висината на средствата наменети за тендерот...? Прашања има премногу.

Тешко е да се донесе квалификувана одлука. Треба да се консултираат домашни експерти и да се бараат странски искуства како да се спречи овој тежок криминал. Од сите наши ДКП во странство, со циркуларна телеграма, може да се побара да се интересираат кај надлежните во земјите на акредитација како тие го решаваат проблемот со корупција при тендерите? Тоа може да помогне. Проблемот е светски.

Ако се оди на централно решение, може да се регрутира и поширока група од 100-тина експерти, од разни области, кои би добиле одредени лиценци за таа функција. Може да се ангажираат и пензионери - експерти!? Според видот или областа на тендерот, од нив би се формирала потребната комисија, плус претставник/ци од институцијата носител.

Ова се гласни размислувања. Треба да се бараат што повеќе предлози. Ако има разни опции, надлежните ќе одбираат. Треба да се преземе се’ што е можно, за да се дојде до оптимално решение. Заради наместени и корумпирани тендери, и државата, ама и сите граѓани се длабоко оштетени.

Мора да ни биде јасно дека директно земениот поткуп е најмалиот проблем. Вистинските последици се неквалитетно изградените објекти, со коишто потоа мораме да живееме. Ако се стави асфалт четири и пол сантиметри, место пет, патот нема долго да трае, и пак ќе возиме низ дупки! И ако договорениот квалитет на асфалтот, цементот... се намали за неколку проценти, пак сите сме жртви. Тоа редовно ни се случува и затоа нашите патишта се најлоши во регионот.

Еве пример, близок за сите. Кога кај нас се обележуваат улиците, пешачките премини, патиштата... место квалитетна бела боја, се користи некаков сурогат којшто трае три, четири месеци. Во светот, одбележаното белее подолго од година дена. Затоа, нивните градови личат на урбани центри, а нашите на 19 век. Патиштата, пак, ни се небезбедни бидејќи нема средна линија, и на нив масовно се гине. Ќе да има рушвет, што мислите? Нечија ситна пара ни го уништува урбаниот живот, а патувањата ни ги загорчува! Страшно.

Во сите случаи, ќарот на изведувачите е огромен а, заради малата корупција -- којашто ја дале, подмитените не се осмелуваат да го контролира квалитетот на нивните изведби. Ете ти маѓепсан круг.

Со цел да се обезбеди максимална чесност во работењето на централната тендерска комисија, ако се оди на такво решение, или на членовите на сите комисии, особено за тендерите од поголема вредност, би можело да им се контролираат комуникациите, врз основа на нивна согласност.

Во Југославија, во Државниот секретаријат за надворешни работи (МНР), каде имавме пристап до строго доверливи документи, потпишувавме изјава дека сме согласни нашите комуникации (телефони, писма...) да бидат контролирани. Ова искуство може да се користи и при оваа акција.

Досега, Јавното обвинителство (ЈО) не реагирало на извештаите на Државниот завод за ревизија, а во извештаите - едно чудо злоупотреби! Тоа мора да оди по автоматизам, инаку - чуму Државен завод за ревизија? Во општина Тетово, на пример, Теута Арифи имала десетици „вработени“ партиски војници и пријатели, коишто земале плата, а не оделе на работа! Некои работеле и во странство!? И никому ништо!

Традиционално, државата не го реализира процентот од Буџетот наменет за инвестиции бидејќи главен проблем се токму тендерите. Заради корупцијата, тие се одолговлекуваат, компликуваат, измислуваат, одбегнуваат... и работите не одат. Се чини дека со радикален пристап, максимално ќе може да се зголеми и ефикасноста на власта и квалитетот на градбите.

Ние сме на потег.

The post Како против корупцијата? appeared first on Република.

]]>

Ристо Никовски

Веќе може да се оцени дека Владата ја враќа надежта. Отворени се многу фронтови и постигнати првични резултати, ама и очекувањата се огромни. Државата беше во голем хаос. Ништо не функционираше и насекаде имаше масовни злоупотреби и криминал. Катастрофа од општ карактер. Предизвици, меѓутоа, има премногу и приоритетите мора да се селектираат на многу внимателен начин. Борбата против криминалот и корупцијата е секако еден од врвните. Тоа е рак – раната на нашето општество и ако сакаме да успееме, треба под итно да се структурира систем за нивно елиминирање. Без радикално намалување на овие две зла, плус враќање на владеење на правото - нема побрз напредок. Еве и едно туѓо искуство. Владата на Словенија, пред да станат дел од ЕУ, своите седници ги започнувала со еден час посветен на членството. Надлежните реферирале што е направено, кои се проблемите и се донесувале задачи за сите. Со оглед дека нашето членство во ЕУ е, сепак, далечна иднина, оваа корисна практика ние можеме да ја спроведеме прво во борбата против криминалот и корупцијата. Во ист „пакет“ нека биде и владеењето на правото. Силен е впечатокот дека реформите така најбргу би напредувале. Борбата мора да започне на теренот, таму каде што царуваат криминалот и корупцијата. Расчистување со минатото тргна, ама најважно е спречување на раширената пракса. Реформата на правосудниот систем треба да оди паралелно. Тоа е суперструктурата каде ќе финализираат процедурите. Прво, мора да се одреди носител на целиот проект. Тоа мора да биде вицепремиер, кој ќе има најшироки овластувања. Препорачливо ќе биде да се формира и соодветен штаб. Второ, веднаш треба да се работи на стратегија, без која ќе се вртиме во маѓепсан круг. Таа секако и ќе се прилагодува. Третиот чекор треба да биде подготовка на список на сите институции каде се знае или се претпоставува дека има корупција. Тоа не е тешка задача. Сите знаеме кои се тие. Четврто, со решение/упатство на Владата, или на друг начин, сите тие институции ќе мора да формираат комисии за борба против корупцијата. Една на ниво на институцијата, а таму каде што ќе има оперативна потреба - и поткомисии. Петто, сите овие комисии ќе мора да поднесуваат месечни, тромесечни, шестмесечни и годишни извештаи за тоа што преземале, и што постигнале. Поткомисиите до централната во институцијата, а таа до државниот штаб. Ова може да изгледа комплицирано и бирократизирано, ама не мора да биде така. Во прашање е канцер кој не се лечи со политики или со убави зборови. Мора да се сече. Беше објавено дека во Катастарот имало преку 3.000 нерешени барања, а новиот директор ги намалил на 800. Ви тврдам дека се чекал рушвет бидејќи на сите им се брза! Штом ќе започне една ваква, масовна операција, следена со широк публицитет – веднаш ќе има позитивни резултати! Ќе има намалување на криминалот и корупцијата можеби и од неверојатни 50 проценти! На сите ќе им биде јасно дека анархијата – заврши. Секој ќе се замисли пред да прими, уште повеќе пред да побара рушвет, или да мести тендери. Во сите институции се знае и кој е корумпиран, и кој работи чесно. Најголемиот криминал е секако во тендерите. Според некои информации, на тој начин државата годишно троши повеќе од милијарда и половина евра. Ако само еден процент од тие пари се злоупотреби, тоа се веќе 15 милиони евра!? Сумата е сигурно повеќе пати повисока. Тендерите масовно се злоупотребуваат и затоа мора да се бара радикално решение. Дали тоа треба да биде на ниво на државата? Дали за сите потреби, вклучувајќи ги и општините, и јавните претпријатија, треба да има некој вид на централна државна комисија за тендери? Барем на привремена основа? Или, да ги има неколку, поделени според висината на средствата наменети за тендерот...? Прашања има премногу. Тешко е да се донесе квалификувана одлука. Треба да се консултираат домашни експерти и да се бараат странски искуства како да се спречи овој тежок криминал. Од сите наши ДКП во странство, со циркуларна телеграма, може да се побара да се интересираат кај надлежните во земјите на акредитација како тие го решаваат проблемот со корупција при тендерите? Тоа може да помогне. Проблемот е светски. Ако се оди на централно решение, може да се регрутира и поширока група од 100-тина експерти, од разни области, кои би добиле одредени лиценци за таа функција. Може да се ангажираат и пензионери - експерти!? Според видот или областа на тендерот, од нив би се формирала потребната комисија, плус претставник/ци од институцијата носител. Ова се гласни размислувања. Треба да се бараат што повеќе предлози. Ако има разни опции, надлежните ќе одбираат. Треба да се преземе се’ што е можно, за да се дојде до оптимално решение. Заради наместени и корумпирани тендери, и државата, ама и сите граѓани се длабоко оштетени. Мора да ни биде јасно дека директно земениот поткуп е најмалиот проблем. Вистинските последици се неквалитетно изградените објекти, со коишто потоа мораме да живееме. Ако се стави асфалт четири и пол сантиметри, место пет, патот нема долго да трае, и пак ќе возиме низ дупки! И ако договорениот квалитет на асфалтот, цементот... се намали за неколку проценти, пак сите сме жртви. Тоа редовно ни се случува и затоа нашите патишта се најлоши во регионот. Еве пример, близок за сите. Кога кај нас се обележуваат улиците, пешачките премини, патиштата... место квалитетна бела боја, се користи некаков сурогат којшто трае три, четири месеци. Во светот, одбележаното белее подолго од година дена. Затоа, нивните градови личат на урбани центри, а нашите на 19 век. Патиштата, пак, ни се небезбедни бидејќи нема средна линија, и на нив масовно се гине. Ќе да има рушвет, што мислите? Нечија ситна пара ни го уништува урбаниот живот, а патувањата ни ги загорчува! Страшно. Во сите случаи, ќарот на изведувачите е огромен а, заради малата корупција -- којашто ја дале, подмитените не се осмелуваат да го контролира квалитетот на нивните изведби. Ете ти маѓепсан круг. Со цел да се обезбеди максимална чесност во работењето на централната тендерска комисија, ако се оди на такво решение, или на членовите на сите комисии, особено за тендерите од поголема вредност, би можело да им се контролираат комуникациите, врз основа на нивна согласност. Во Југославија, во Државниот секретаријат за надворешни работи (МНР), каде имавме пристап до строго доверливи документи, потпишувавме изјава дека сме согласни нашите комуникации (телефони, писма...) да бидат контролирани. Ова искуство може да се користи и при оваа акција. Досега, Јавното обвинителство (ЈО) не реагирало на извештаите на Државниот завод за ревизија, а во извештаите - едно чудо злоупотреби! Тоа мора да оди по автоматизам, инаку - чуму Државен завод за ревизија? Во општина Тетово, на пример, Теута Арифи имала десетици „вработени“ партиски војници и пријатели, коишто земале плата, а не оделе на работа! Некои работеле и во странство!? И никому ништо! Традиционално, државата не го реализира процентот од Буџетот наменет за инвестиции бидејќи главен проблем се токму тендерите. Заради корупцијата, тие се одолговлекуваат, компликуваат, измислуваат, одбегнуваат... и работите не одат. Се чини дека со радикален пристап, максимално ќе може да се зголеми и ефикасноста на власта и квалитетот на градбите. Ние сме на потег.

The post Како против корупцијата? appeared first on Република.

]]>
Што носи победата на Трамп? https://republika.mk/kolumni/shto-nosi-pobedata-na-tramp/ Fri, 08 Nov 2024 16:33:45 +0000 https://republika.mk/?p=835674

Ристо Никовски

Изборите во Америка се секогаш светско шоу. Овој пат поатрактивно бидејќи резултатот беше крајно неизвесен. Изненадување е што победникот се знаеше веднаш, иако голем дел очекуваа дека ќе има пребројувања... Ако се случеше тоа, ќе се зборуваше за местенки и балканизација на САД. Американското општество е длабоко поделено, што е нов феномен и Трамп веќе најави надминување на разликите.

Резервите кон Трамп се бројни. Демек е контраверзна и непредвидлива личност, не е доволно политичар... Европа дури и стравува од него. Сето тоа не е случајно. Трамп стана претседател како личност која не беше од нивниот естаблишмент. Претходно, за претседател се наметнуваа лица - од една фамилија (Кенеди), кои се менува (Буш), по брачна врска (Клинтон)... Тоа заличуваше дури и на некакви квази династии. Не мора да асоцира баш на Северна Кореја!

Во првиот мандат, Трамп не беше прифатен од естаблишментот, и цело време се водеше тивка војна. Слободно може да се каже дека „стандардниот“ американски естаблишмент е синоним за ткн. „длабока држава“. Тешко е да се тврди колку е таа функционална, но дека има вистина во тоа, нема сомнеж. Трамп, и сега, ќе се соочува со естаблишментот и тоа ќе му биде една од главните битки на домашен план, барем на почеток.

Белата куќа е секако центарот на гравитацијата, ама прашање е колкава вистинска моќ е концентрирана таму, барем во нормални услови? Голема улога во надворешната политика имаат корпорацијата РАНД, Надворешно - политичкиот совет... корпоративниот сектор...

Трамп се обиде уште во првиот мандат да ги менува тие традиционални стереотипи, ама без многу успех. Пречки имаше на секој чекор. И главните медиуми (SNN...) беа отворено против него, исто како и на овие избори. Естаблишментот и сега ќе се бори бидејќи се загрозени неговите интереси. На пример, тој сака војни а минатиот пат, Трамп не започна ниту една нова. Играше улога на миротворец, без оглед дали и колку беше успешен на тој план.

Силен е впечатокот дека денес можеме да заклучиме дека изборот на Трамп е добро решение и за САД, и за светот, и за Европа а, според тоа, и за Балканот. Тука мораме да ја вклучиме и Македонија, иако нашата ситуација е специфична. Веќе 30 и нешто години, Вашингтон е целосно, директно и длабоко ангажман во третирањето на нашата држава и посебно на македонскиот народ. Искуството, воопшто не е позитивно за нас.

Неговиот избор е добар за Американците - тој веќе најави дека за нив доаѓа – „златно доба“. Нема поголема бесмисленост од американското фрлање стотици милијарди долари во бурето без дно, наречено Украина. Тие пари можат поарно да се потрошат. Трамп веќе најави крај на војната.

Светот би требало да се соочи со порелаксиран период доколку САД навистина престанат да се мешаат и каде треба, и каде не треба. Кога беше неизвесен резултатот од овие избори, некој луцидно прокоментира – американците многу полесно ги избираат претседателите на другите држави, отколку своите!

За ЕУ, во целина, изборот на Трамп е своевиден удар. Познати се неговите претходни коментари за Унијата а не им одговара и повторената негова политика – Америка пред сѐ. Ова е, меѓутоа, исклучителна прилика Брисел да излезе од сенката на Вашингтон и односите да ги постави на рамноправна основа. Доста беше американска доминација, не само на безбедносен план, за што тие имаат и аргументи како гаранти на европската безбедност, туку и на дипломатски, политички... Користејќи ја некохерентноста на Унијата, САД дури и не кријат дека се нејзини политички ментори!

Тезата дека ова е шанса Унијата да се ослободи од туторството на САД не е нова. Во 1967 година, со војната меѓу Израел и Египет, започна првата голема енергетска криза. Додека сите ги гледаа последиците предизвикани од недостигот на бензини, Кисинџер оцени дека е тоа шанса светот да почне да бара алтернативни и обновливи извори на енергија! И беше во право. И Брисел сега има можност - да се ослободи од американската доминација.

Војната во Украина е класичен пример за дијаметрално спротивни интереси меѓу Европа и САД. Неа ја водат САД против Русија, и најголема жртва е секако Украина. Меѓутоа, не помали последици има и цела Европа, особено ЕУ. Историски факт е дека без Русија - нема обединета Европа. Првичните визии за европско обединување беа од Урал до Атлантикот. Неспорна вистина е дека Европа не може да биде безбедна, стабилна, со развојни перспективи... ако е конфронтирана со Русија. Благодарејќи на американска режија, точно во таква ситуација е доведена Европа денес. Впрочем, и природата се погрижила за европската неделивост: Русија е огромна, има секакви богатства и е максимално компатибилна со техничко - технолошкиот развој на остатокот од континентот.

Со војната во Украина, Вашингтон ја спречува и можната тесна руско – германска економска соработка, којшто беше веќе започната во времето на Ангела Меркел. Последица на тоа беа и двата гасоводи, „Северен тек“ коишто, не случајно – беа уништени. Тоа партнерство можеше да носи спектакуларни резултати, и токму затоа САД беа загрижени.

За Балканот, позитивните ефекти од изборот на Трамп се индиректни и доаѓаат од перспективите коишто се отвораат за Европа. Запирањето на војната во Украина е клучниот интерес за сите. Тоа би било ослободување и на Европа.

Во принцип, републиканците секогаш полесно се договараа со Советскиот Сојуз, отколку демократите. И сега, ако Трамп ја заврши војната во Украина, веќе ќе го оправда новиот мандат. Ова е веројатно прва војна која толку долго се води без да има паралелни обиди за мир. Со самиот почеток на судирите, обично започнуваат некакви преговори. Сега ги нема, бидејќи интересот на САД е Русија, по секоја цена, да се истошти што повеќе и така да се фрли на маргините на светските политики. Ако се исклучи нивниот сибирски синдром, од секој аспект се тоа крајно погрешни политики и за самите САД.

Судбината на Балканот не се решава во Белата куќа, освен во ретки случаи и кога тука се водеа војни. Само тогаш претседателот на САД е вклучен во нашите голготи. Обично, Балканот е во рацете на Стејт Департментот. Таму се решава нашата судбина. За време на минатиот мандат, Трамп се обиде да се вмеша и во балканските ујдурми и во Белата куќа ги построи Вучиќ и Курти, ама без успех. Ангажманот беше повеќе исклучок, отколку правило. Причините не се познати.

Како и до сега, Балканот нема да биде приоритетна тема за новата администрација. Тој ќе остане во рацете на државниот секретар а САД, и понатака, тука ќе бидат главен меѓународен фактор, којшто бескомпромисно ќе ги спроведува своите политики и интереси. Тоа ќе се промени само ако ЕУ ја интензивира својата регионална улога, за што нема изгледи.

Во однос на Македонија, американската политика е дефинирана уште на почетокот на 1990-тите години и упорно и доследно се спроведува до денес. Постигнаа неспорни „успеси“. Тоа се референцата, ОРД, договорите со Бугарија и Грција, Тиранската платформа, промената на нашето име...

Со оглед дека Трамп важи како прагматичен бизнисмен, и имајќи предвид дека нашата нова власт веќе има воспоставено добри односи со негови блиски соработници, крајно време е да се заинтересираме за нивните планови за иднината и на нашата држава, и на македонскиот народ. Ние немаме поим што сакаат САД да постигнат во Македонија!? Само насетуваме. Ги прогласивме за наши партнери, дури и стратегиски, ама тие ни пласираат решенија и влечат потези коишто се спротивни на нашите фундаментални интереси.

САД доминираат со светот. Секој разбира дека со нив треба да се гради пријателство. Во тој однос, сепак, мора да имаме и црвени линии и сопствени интереси коишто во никој случај не смеат да се загрозат. Ние, меѓутоа, од сите нив одамна сме се - откажале. Време е да се преиспитаме – каде сме и каде одиме. Додека не е предоцна.

Наводно, висок американски функционер коментирал – лошо е кога САД ти се непријатели, ама е страшно - кога ти се пријатели. Во шегите има вистина, нели?

The post Што носи победата на Трамп? appeared first on Република.

]]>

Ристо Никовски

Изборите во Америка се секогаш светско шоу. Овој пат поатрактивно бидејќи резултатот беше крајно неизвесен. Изненадување е што победникот се знаеше веднаш, иако голем дел очекуваа дека ќе има пребројувања... Ако се случеше тоа, ќе се зборуваше за местенки и балканизација на САД. Американското општество е длабоко поделено, што е нов феномен и Трамп веќе најави надминување на разликите. Резервите кон Трамп се бројни. Демек е контраверзна и непредвидлива личност, не е доволно политичар... Европа дури и стравува од него. Сето тоа не е случајно. Трамп стана претседател како личност која не беше од нивниот естаблишмент. Претходно, за претседател се наметнуваа лица - од една фамилија (Кенеди), кои се менува (Буш), по брачна врска (Клинтон)... Тоа заличуваше дури и на некакви квази династии. Не мора да асоцира баш на Северна Кореја! Во првиот мандат, Трамп не беше прифатен од естаблишментот, и цело време се водеше тивка војна. Слободно може да се каже дека „стандардниот“ американски естаблишмент е синоним за ткн. „длабока држава“. Тешко е да се тврди колку е таа функционална, но дека има вистина во тоа, нема сомнеж. Трамп, и сега, ќе се соочува со естаблишментот и тоа ќе му биде една од главните битки на домашен план, барем на почеток. Белата куќа е секако центарот на гравитацијата, ама прашање е колкава вистинска моќ е концентрирана таму, барем во нормални услови? Голема улога во надворешната политика имаат корпорацијата РАНД, Надворешно - политичкиот совет... корпоративниот сектор... Трамп се обиде уште во првиот мандат да ги менува тие традиционални стереотипи, ама без многу успех. Пречки имаше на секој чекор. И главните медиуми (SNN...) беа отворено против него, исто како и на овие избори. Естаблишментот и сега ќе се бори бидејќи се загрозени неговите интереси. На пример, тој сака војни а минатиот пат, Трамп не започна ниту една нова. Играше улога на миротворец, без оглед дали и колку беше успешен на тој план. Силен е впечатокот дека денес можеме да заклучиме дека изборот на Трамп е добро решение и за САД, и за светот, и за Европа а, според тоа, и за Балканот. Тука мораме да ја вклучиме и Македонија, иако нашата ситуација е специфична. Веќе 30 и нешто години, Вашингтон е целосно, директно и длабоко ангажман во третирањето на нашата држава и посебно на македонскиот народ. Искуството, воопшто не е позитивно за нас. Неговиот избор е добар за Американците - тој веќе најави дека за нив доаѓа – „златно доба“. Нема поголема бесмисленост од американското фрлање стотици милијарди долари во бурето без дно, наречено Украина. Тие пари можат поарно да се потрошат. Трамп веќе најави крај на војната. Светот би требало да се соочи со порелаксиран период доколку САД навистина престанат да се мешаат и каде треба, и каде не треба. Кога беше неизвесен резултатот од овие избори, некој луцидно прокоментира – американците многу полесно ги избираат претседателите на другите држави, отколку своите! За ЕУ, во целина, изборот на Трамп е своевиден удар. Познати се неговите претходни коментари за Унијата а не им одговара и повторената негова политика – Америка пред сѐ. Ова е, меѓутоа, исклучителна прилика Брисел да излезе од сенката на Вашингтон и односите да ги постави на рамноправна основа. Доста беше американска доминација, не само на безбедносен план, за што тие имаат и аргументи како гаранти на европската безбедност, туку и на дипломатски, политички... Користејќи ја некохерентноста на Унијата, САД дури и не кријат дека се нејзини политички ментори! Тезата дека ова е шанса Унијата да се ослободи од туторството на САД не е нова. Во 1967 година, со војната меѓу Израел и Египет, започна првата голема енергетска криза. Додека сите ги гледаа последиците предизвикани од недостигот на бензини, Кисинџер оцени дека е тоа шанса светот да почне да бара алтернативни и обновливи извори на енергија! И беше во право. И Брисел сега има можност - да се ослободи од американската доминација. Војната во Украина е класичен пример за дијаметрално спротивни интереси меѓу Европа и САД. Неа ја водат САД против Русија, и најголема жртва е секако Украина. Меѓутоа, не помали последици има и цела Европа, особено ЕУ. Историски факт е дека без Русија - нема обединета Европа. Првичните визии за европско обединување беа од Урал до Атлантикот. Неспорна вистина е дека Европа не може да биде безбедна, стабилна, со развојни перспективи... ако е конфронтирана со Русија. Благодарејќи на американска режија, точно во таква ситуација е доведена Европа денес. Впрочем, и природата се погрижила за европската неделивост: Русија е огромна, има секакви богатства и е максимално компатибилна со техничко - технолошкиот развој на остатокот од континентот. Со војната во Украина, Вашингтон ја спречува и можната тесна руско – германска економска соработка, којшто беше веќе започната во времето на Ангела Меркел. Последица на тоа беа и двата гасоводи, „Северен тек“ коишто, не случајно – беа уништени. Тоа партнерство можеше да носи спектакуларни резултати, и токму затоа САД беа загрижени. За Балканот, позитивните ефекти од изборот на Трамп се индиректни и доаѓаат од перспективите коишто се отвораат за Европа. Запирањето на војната во Украина е клучниот интерес за сите. Тоа би било ослободување и на Европа. Во принцип, републиканците секогаш полесно се договараа со Советскиот Сојуз, отколку демократите. И сега, ако Трамп ја заврши војната во Украина, веќе ќе го оправда новиот мандат. Ова е веројатно прва војна која толку долго се води без да има паралелни обиди за мир. Со самиот почеток на судирите, обично започнуваат некакви преговори. Сега ги нема, бидејќи интересот на САД е Русија, по секоја цена, да се истошти што повеќе и така да се фрли на маргините на светските политики. Ако се исклучи нивниот сибирски синдром, од секој аспект се тоа крајно погрешни политики и за самите САД. Судбината на Балканот не се решава во Белата куќа, освен во ретки случаи и кога тука се водеа војни. Само тогаш претседателот на САД е вклучен во нашите голготи. Обично, Балканот е во рацете на Стејт Департментот. Таму се решава нашата судбина. За време на минатиот мандат, Трамп се обиде да се вмеша и во балканските ујдурми и во Белата куќа ги построи Вучиќ и Курти, ама без успех. Ангажманот беше повеќе исклучок, отколку правило. Причините не се познати. Како и до сега, Балканот нема да биде приоритетна тема за новата администрација. Тој ќе остане во рацете на државниот секретар а САД, и понатака, тука ќе бидат главен меѓународен фактор, којшто бескомпромисно ќе ги спроведува своите политики и интереси. Тоа ќе се промени само ако ЕУ ја интензивира својата регионална улога, за што нема изгледи. Во однос на Македонија, американската политика е дефинирана уште на почетокот на 1990-тите години и упорно и доследно се спроведува до денес. Постигнаа неспорни „успеси“. Тоа се референцата, ОРД, договорите со Бугарија и Грција, Тиранската платформа, промената на нашето име... Со оглед дека Трамп важи како прагматичен бизнисмен, и имајќи предвид дека нашата нова власт веќе има воспоставено добри односи со негови блиски соработници, крајно време е да се заинтересираме за нивните планови за иднината и на нашата држава, и на македонскиот народ. Ние немаме поим што сакаат САД да постигнат во Македонија!? Само насетуваме. Ги прогласивме за наши партнери, дури и стратегиски, ама тие ни пласираат решенија и влечат потези коишто се спротивни на нашите фундаментални интереси. САД доминираат со светот. Секој разбира дека со нив треба да се гради пријателство. Во тој однос, сепак, мора да имаме и црвени линии и сопствени интереси коишто во никој случај не смеат да се загрозат. Ние, меѓутоа, од сите нив одамна сме се - откажале. Време е да се преиспитаме – каде сме и каде одиме. Додека не е предоцна. Наводно, висок американски функционер коментирал – лошо е кога САД ти се непријатели, ама е страшно - кога ти се пријатели. Во шегите има вистина, нели?

The post Што носи победата на Трамп? appeared first on Република.

]]>
Ништо без странски експерти и радикални потези https://republika.mk/kolumni/nishto-bez-stranski-eksperti-i-radikalni-potezi/ Thu, 31 Oct 2024 15:19:02 +0000 https://republika.mk/?p=832806

Ристо Никовски

Велат дека дипломатијата и проституцијата се најстарите занаети. Дали друштвото е пријатно или не, и не е битно. Македонија нема дипломатска традиција бидејќи е релативно кусо независна држава, и речиси ништо не е направено  за таа да се гради. Напротив. Имам и лично искуство кога, без никакви приемни проверки или испити, од една етничка партија, во МНР беа донесени 20-тина „дипломати“. Место со строга селекција, службата се полнеше со партиски војници и преку слични пракси на непотизам. Затоа, искусна и професионална дипломатија – сè уште немаме.

Од друга страна, не потценувајќи ги домашните премрежија, главните проблеми на независната држава се токму од дипломатски карактер. Маки се мачеа за признавање на државата; не нѐ примаа во ООН, инаку чиста техника којашто не важеше за Македонија; нелегално ни го суспендираа името и ни наметнаа референца; тешко одеше  воспоставувањето на дипломатски односи, а „главните“ нѐ третираа како безимена држава; не нѐ примаа во меѓународните организации, а НАТО и ЕУ ни поставија уцена и ултиматум - членство само прекрстени, без национален идентитет; иако се обезличивме, случајот со ЕУ сè уште трае; долго ни ја блокираа јужната граница; доживеавме агресија од Косово...

Имавме и други нелегални и ненормални предизвици а и денес сме под блокада и уцена за промена на Уставот. И тоа е случај без преседан. Треба да внесеме Бугари, коишто може да се избројат на прсти! Такви се, меѓутоа, интересите на „важните“, чија цел е - бришење на македонизмот.

Нашата дипломатска служба очигледно не е дорасната за предизвиците со коишто се соочува, а иднината и добробитот на државата и на народот, во голема мерка зависат токму од нејзините резултати. Затоа, мора да се ангажираат врвни странски дипломати. Тие можат да бидат и пензионери, коишто ем помалку ќе не чинат, ем ќе носат поголемо искуство. Без нив, Македонија тешко ќе успее. Предизвиците се огромни, од секој аспект, се работи за нашиот опстанок, а голем маневарски простор – немаме.

Новата власт, постојано реафирмира дека е спремна да се бори за интересите на државата и народот, што е одлична основа за достигнување, ама и за враќање на нашите универзални права. Претходните копуци направија тешки и непростливи историски грешки и наша должност е да исправаме се’ што е можно и достижно. Со дипломатијата, каква што е, немаме реални шанси да се избориме за тоа.

Добар е предлогот Бугарите да влезат во Уставот заедно со бугарската ратификацијата на нашето членство во ЕУ. Добро е што се посочи и рецептот од Нивици. И на Брисел, и на Софија, им се стави до знаење дека диктати не прифаќаме. Тоа беа сериозни шокови за нив.

Сепак, тоа се изолирани потези коишто претставуваат само делумен и привремен исчекор. Почетни резултати се постигнати, ама тука завршува нивната валидност. Формулата од Нивици, на пример, не е соодветна за Софија. Нашиот прием во НАТО беше апсолутен интерес на Вашингтон, којшто го подготви и самиот договор и ја присили Атина да го ратификува заедно со нашето членство. САД го затвораа нашиот простор за Русија, подготвувајки ја војната во Украина.

Сега, мора да се дефинира краткорочна и подолгорочна стратегија за излез од тесниот ќор-сокак во којшто сме донесени, за што се неопходни странските експерти. На нив не смее да се штеди. Само така е можен дефинитивен успех. Клучно е што грешките мораме сами да ги исправаме бидејќи одлучувачки придонесовме за галиматијасот во којшто сме.

Ние, ем немаме ментори за нашето членство во Унијата, ем веројатно постои страв дека кога/ако станеме членка, нема да има сила којашто ќе не спречи, доколку ја имаме самите ние, да покренеме постапка за откажување, или за ревидирање на договорите со Грција и Бугарија. Така, ќе се врати историското име, со бришење и на сите други предавнички отстапки.

Од таа гледна точка, логично е Грција и Бугарија, предводени од нивните силни светски ментори, со кои им се поклопуваат интересите за Македонија, никогаш да не рескираат со наше членство. Тие можат вечно да ги блокираат нашите преговори. Впрочем, нема теоретски шанси Софија да го ратификува нашето членство во ЕУ, доколку не се откажеме од самите себе, јазикот, историјата...

Сега, наш клучен проблем е предложената преговарачка рамка. Со неа, таква каква што е, Македонија нема никогаш да стане членка. Истата задача ја има и ултиматумот за промена на Уставот. Целта е бугарскиот „Тројански коњ“ од внатре да го брише македонизмот. Кај нас, тие работи не се разбираат доволно. Затоа ни се потребни странците. На времето, така успеавме и со пресудата против Грција.

Ако рамката не се промени, сè друго е беспредметно. Дури уставната промена да се прифати и без одлагање. Преку рамката, македонизмот ќе го бриши Брисел, а не Софија. Се е во неа и ќе се активира по автоматизам. Тоа е бугарски триумф. А нема, и не се можни никакви гаранции дека преговорите ќе течат без нови блокади. Таква опција не постои.

Брисел и Софија се свесни дека Македонија води нова политика и веќе не е спремна постојано да го витка ‘рбетот и да голта кнедли. Тоа е удар за нив. Не можат да ја игнорираат новата ситуација и мораат да бараат компромиси. Така е во политиката, и нагласено во дипломатијата.

Воопшто не случајно, Фон дер Лајен во Скопје рече – „уставните измени треба да се разработат“. Така е кога ќе тропнеш на маса, ама многу надеж не треба да имаме. Ќе ни предложат некаква козметика со кои нашата капитулација, започната од претходните бедници - нема да биде доведена во прашање. За да ги гарантираме нашите интереси, ние мора што побргу да излеземе со радикално решение.

Практично, ние немаме друга опција. Според сите индикатори, тоа ќе биде неизбежно. Од ќор-сокакот ќе излеземе само со откажување на вториот катастрофален протокол, потпишан од Бујар Османи, на 17 јули 2022 година. Логично е самите да ги исправаме сопствените грешки. При градење на куќа, ако сте изградиле крив ѕид, кој треба да го исправи? Брисел и Софија, или самите?

Со таков потег, во вода паѓаат и преговарачката рамка, која премногу се базира на вториот протокол, и на новите коишто треба да се потпишуваат, како и на ултиматумот за промена на Уставот. Со тој чин, Македонија ќе започне нормален пат кон Брисел, којшто уште долго нема да се проширува и ние имаме време за исправање на грешките.

Реакциите од надвор, ама и од внатре, неизбежно ќе бидат жестоки. Затоа, пред таквиот чекор, во разговори со ЕУ, Вашингтон и другите главни центри, треба да се објасни дека од наша страна се направени стратегиски и фундаментални грешки; дека е доведен во прашање националниот идентитет на народот и неговиот јазик, и за тоа нема и не може да има компромиси; дека тоа е недопирливо.

Треба да се направат обиди овие наши грешки да се исправат и преку претходен договор со Софија и Брисел. Иако тие одлучно го одбиваат тоа, ние мора непоколебливо да им ставиме до знаење дека без такви исправки, за нас нема прифатливо решение. Дека промени мора да има.

Софија нема никогаш да се откаже од негаторските политики кон нас. Без оглед кој е на власт, тие нема да прифатат Македонци во Унијата, без да се сложиме дека сме „Бугари по род“. Тоа е нивна трајна политика а ова им е последна шанса да го постигнат тоа. Сите нивни политички фактори се на иста линија, и огромно мнозинство од народот. А, со избришани Македонци, како зомби народ, и ние не сме заинтересирани за членство!

Мора тргнеме во широка офанзива против Бугарија, бидејќи сме веќе долго под нивна агресија. Мора постојано да се вергла дека Софија води средновековна фашистичка и шовинистичка политика и не прифаќа дека постоиме како народ... Мора да се објаснува дека со уцените за промена на Уставот, иако според пописот ги има само 3.504, тие играат на картата на нелегално и на корумпиран начин издадените 120 илјади пасоши на наши граѓани. Софија намерава да ги прогласи сите нив за Бугари, иако пасошите се земани од чисто економски причини, заради работа во земјите на ЕУ. Софија го прави тоа за да докаже дека сите сме - Бугари! На таа основа, ќе бараат незамисливи права за нив. Ова може да изгледа како средновековна бајка, ама е вистинска небулоза.

А ние, пак, ако ги ставиме Бугарите во Уставот, тоа ќе значи дека се согласуваме со Софија дека ги има речиси пола милион, заедно со членовите на семејствата на тие што зеле пасоши. Самите ќе ги игнорираме бројките од пописот, и излезноста од неколку стотини, на нивните избори кај нас. Тоа би била катастрофа, што друго?

The post Ништо без странски експерти и радикални потези appeared first on Република.

]]>

Ристо Никовски

Велат дека дипломатијата и проституцијата се најстарите занаети. Дали друштвото е пријатно или не, и не е битно. Македонија нема дипломатска традиција бидејќи е релативно кусо независна држава, и речиси ништо не е направено  за таа да се гради. Напротив. Имам и лично искуство кога, без никакви приемни проверки или испити, од една етничка партија, во МНР беа донесени 20-тина „дипломати“. Место со строга селекција, службата се полнеше со партиски војници и преку слични пракси на непотизам. Затоа, искусна и професионална дипломатија – сè уште немаме. Од друга страна, не потценувајќи ги домашните премрежија, главните проблеми на независната држава се токму од дипломатски карактер. Маки се мачеа за признавање на државата; не нѐ примаа во ООН, инаку чиста техника којашто не важеше за Македонија; нелегално ни го суспендираа името и ни наметнаа референца; тешко одеше  воспоставувањето на дипломатски односи, а „главните“ нѐ третираа како безимена држава; не нѐ примаа во меѓународните организации, а НАТО и ЕУ ни поставија уцена и ултиматум - членство само прекрстени, без национален идентитет; иако се обезличивме, случајот со ЕУ сè уште трае; долго ни ја блокираа јужната граница; доживеавме агресија од Косово... Имавме и други нелегални и ненормални предизвици а и денес сме под блокада и уцена за промена на Уставот. И тоа е случај без преседан. Треба да внесеме Бугари, коишто може да се избројат на прсти! Такви се, меѓутоа, интересите на „важните“, чија цел е - бришење на македонизмот. Нашата дипломатска служба очигледно не е дорасната за предизвиците со коишто се соочува, а иднината и добробитот на државата и на народот, во голема мерка зависат токму од нејзините резултати. Затоа, мора да се ангажираат врвни странски дипломати. Тие можат да бидат и пензионери, коишто ем помалку ќе не чинат, ем ќе носат поголемо искуство. Без нив, Македонија тешко ќе успее. Предизвиците се огромни, од секој аспект, се работи за нашиот опстанок, а голем маневарски простор – немаме. Новата власт, постојано реафирмира дека е спремна да се бори за интересите на државата и народот, што е одлична основа за достигнување, ама и за враќање на нашите универзални права. Претходните копуци направија тешки и непростливи историски грешки и наша должност е да исправаме се’ што е можно и достижно. Со дипломатијата, каква што е, немаме реални шанси да се избориме за тоа. Добар е предлогот Бугарите да влезат во Уставот заедно со бугарската ратификацијата на нашето членство во ЕУ. Добро е што се посочи и рецептот од Нивици. И на Брисел, и на Софија, им се стави до знаење дека диктати не прифаќаме. Тоа беа сериозни шокови за нив. Сепак, тоа се изолирани потези коишто претставуваат само делумен и привремен исчекор. Почетни резултати се постигнати, ама тука завршува нивната валидност. Формулата од Нивици, на пример, не е соодветна за Софија. Нашиот прием во НАТО беше апсолутен интерес на Вашингтон, којшто го подготви и самиот договор и ја присили Атина да го ратификува заедно со нашето членство. САД го затвораа нашиот простор за Русија, подготвувајки ја војната во Украина. Сега, мора да се дефинира краткорочна и подолгорочна стратегија за излез од тесниот ќор-сокак во којшто сме донесени, за што се неопходни странските експерти. На нив не смее да се штеди. Само така е можен дефинитивен успех. Клучно е што грешките мораме сами да ги исправаме бидејќи одлучувачки придонесовме за галиматијасот во којшто сме. Ние, ем немаме ментори за нашето членство во Унијата, ем веројатно постои страв дека кога/ако станеме членка, нема да има сила којашто ќе не спречи, доколку ја имаме самите ние, да покренеме постапка за откажување, или за ревидирање на договорите со Грција и Бугарија. Така, ќе се врати историското име, со бришење и на сите други предавнички отстапки. Од таа гледна точка, логично е Грција и Бугарија, предводени од нивните силни светски ментори, со кои им се поклопуваат интересите за Македонија, никогаш да не рескираат со наше членство. Тие можат вечно да ги блокираат нашите преговори. Впрочем, нема теоретски шанси Софија да го ратификува нашето членство во ЕУ, доколку не се откажеме од самите себе, јазикот, историјата... Сега, наш клучен проблем е предложената преговарачка рамка. Со неа, таква каква што е, Македонија нема никогаш да стане членка. Истата задача ја има и ултиматумот за промена на Уставот. Целта е бугарскиот „Тројански коњ“ од внатре да го брише македонизмот. Кај нас, тие работи не се разбираат доволно. Затоа ни се потребни странците. На времето, така успеавме и со пресудата против Грција. Ако рамката не се промени, сè друго е беспредметно. Дури уставната промена да се прифати и без одлагање. Преку рамката, македонизмот ќе го бриши Брисел, а не Софија. Се е во неа и ќе се активира по автоматизам. Тоа е бугарски триумф. А нема, и не се можни никакви гаранции дека преговорите ќе течат без нови блокади. Таква опција не постои. Брисел и Софија се свесни дека Македонија води нова политика и веќе не е спремна постојано да го витка ‘рбетот и да голта кнедли. Тоа е удар за нив. Не можат да ја игнорираат новата ситуација и мораат да бараат компромиси. Така е во политиката, и нагласено во дипломатијата. Воопшто не случајно, Фон дер Лајен во Скопје рече – „уставните измени треба да се разработат“. Така е кога ќе тропнеш на маса, ама многу надеж не треба да имаме. Ќе ни предложат некаква козметика со кои нашата капитулација, започната од претходните бедници - нема да биде доведена во прашање. За да ги гарантираме нашите интереси, ние мора што побргу да излеземе со радикално решение. Практично, ние немаме друга опција. Според сите индикатори, тоа ќе биде неизбежно. Од ќор-сокакот ќе излеземе само со откажување на вториот катастрофален протокол, потпишан од Бујар Османи, на 17 јули 2022 година. Логично е самите да ги исправаме сопствените грешки. При градење на куќа, ако сте изградиле крив ѕид, кој треба да го исправи? Брисел и Софија, или самите? Со таков потег, во вода паѓаат и преговарачката рамка, која премногу се базира на вториот протокол, и на новите коишто треба да се потпишуваат, како и на ултиматумот за промена на Уставот. Со тој чин, Македонија ќе започне нормален пат кон Брисел, којшто уште долго нема да се проширува и ние имаме време за исправање на грешките. Реакциите од надвор, ама и од внатре, неизбежно ќе бидат жестоки. Затоа, пред таквиот чекор, во разговори со ЕУ, Вашингтон и другите главни центри, треба да се објасни дека од наша страна се направени стратегиски и фундаментални грешки; дека е доведен во прашање националниот идентитет на народот и неговиот јазик, и за тоа нема и не може да има компромиси; дека тоа е недопирливо. Треба да се направат обиди овие наши грешки да се исправат и преку претходен договор со Софија и Брисел. Иако тие одлучно го одбиваат тоа, ние мора непоколебливо да им ставиме до знаење дека без такви исправки, за нас нема прифатливо решение. Дека промени мора да има. Софија нема никогаш да се откаже од негаторските политики кон нас. Без оглед кој е на власт, тие нема да прифатат Македонци во Унијата, без да се сложиме дека сме „Бугари по род“. Тоа е нивна трајна политика а ова им е последна шанса да го постигнат тоа. Сите нивни политички фактори се на иста линија, и огромно мнозинство од народот. А, со избришани Македонци, како зомби народ, и ние не сме заинтересирани за членство! Мора тргнеме во широка офанзива против Бугарија, бидејќи сме веќе долго под нивна агресија. Мора постојано да се вергла дека Софија води средновековна фашистичка и шовинистичка политика и не прифаќа дека постоиме како народ... Мора да се објаснува дека со уцените за промена на Уставот, иако според пописот ги има само 3.504, тие играат на картата на нелегално и на корумпиран начин издадените 120 илјади пасоши на наши граѓани. Софија намерава да ги прогласи сите нив за Бугари, иако пасошите се земани од чисто економски причини, заради работа во земјите на ЕУ. Софија го прави тоа за да докаже дека сите сме - Бугари! На таа основа, ќе бараат незамисливи права за нив. Ова може да изгледа како средновековна бајка, ама е вистинска небулоза. А ние, пак, ако ги ставиме Бугарите во Уставот, тоа ќе значи дека се согласуваме со Софија дека ги има речиси пола милион, заедно со членовите на семејствата на тие што зеле пасоши. Самите ќе ги игнорираме бројките од пописот, и излезноста од неколку стотини, на нивните избори кај нас. Тоа би била катастрофа, што друго?

The post Ништо без странски експерти и радикални потези appeared first on Република.

]]>
Никовски: Финансиската помош која ја најави Фон дер Лајен е утешна награда бидејќи проширување нема да има https://republika.mk/vesti/makedonija/nikovski-finansiskata-pomosh-koja-ja-najavi-fon-der-lajen-e-uteshna-nagrada-bidejki-proshiruvane-nema-da-ima/ Fri, 25 Oct 2024 11:42:39 +0000 https://republika.mk/?p=830950

Посетата на Урсула фон Дер Лајен е реафирмација на интересот на Брисел за Балканот, кој што не е спорен.Во прашање е нова стратегија за регионот која по многу нешта не вклучува и проширување.

Оваа финансиска помош која се нуди е утешна награда бидејќи на еден или друг начин сме во некаква втора лига, коментира за „Република“ поранешниот амбасадор Ристо Никовски.

Тој потсетува дека Макрон формира европска политичка заедница која веќе наголемо функционира со околу 40 членки, додека Фон дер Лајен ни презентираше четири столба од кои последниот е токму финаниска помош.

Малку се знае дека во новата преговарачка рамка измислена од Макрон еден од главните критериуми е компатибилно ниво на развој на кандидатите со членките на Унијата.Тој услов може да се објективно да се исполни за 20, 30 или повеќе години.Целта на оваа финансиска помош е т.н „план за раст“, токму за да се постигне таа цел-вели Никовски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/fon-der-lajen-vo-skopje-donese-morkov-od-52-milioni-evra-i-potsetnik-za-ustavni-izmeni/

Како што вчера најави првиот човек на ЕК помошта за Македонија треба да почне со 52 милиони евра до крајот на годината од вкупно 750 милиони евра според Планот за раст.

 

 

The post Никовски: Финансиската помош која ја најави Фон дер Лајен е утешна награда бидејќи проширување нема да има appeared first on Република.

]]>

Посетата на Урсула фон Дер Лајен е реафирмација на интересот на Брисел за Балканот, кој што не е спорен.Во прашање е нова стратегија за регионот која по многу нешта не вклучува и проширување. Оваа финансиска помош која се нуди е утешна награда бидејќи на еден или друг начин сме во некаква втора лига, коментира за „Република“ поранешниот амбасадор Ристо Никовски. Тој потсетува дека Макрон формира европска политичка заедница која веќе наголемо функционира со околу 40 членки, додека Фон дер Лајен ни презентираше четири столба од кои последниот е токму финаниска помош.
Малку се знае дека во новата преговарачка рамка измислена од Макрон еден од главните критериуми е компатибилно ниво на развој на кандидатите со членките на Унијата.Тој услов може да се објективно да се исполни за 20, 30 или повеќе години.Целта на оваа финансиска помош е т.н „план за раст“, токму за да се постигне таа цел-вели Никовски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/fon-der-lajen-vo-skopje-donese-morkov-od-52-milioni-evra-i-potsetnik-za-ustavni-izmeni/ Како што вчера најави првиот човек на ЕК помошта за Македонија треба да почне со 52 милиони евра до крајот на годината од вкупно 750 милиони евра според Планот за раст.    

The post Никовски: Финансиската помош која ја најави Фон дер Лајен е утешна награда бидејќи проширување нема да има appeared first on Република.

]]>
Грешките мораме сами да ги исправаме https://republika.mk/kolumni/greshkite-morame-sami-da-gi-ispravame/ Thu, 24 Oct 2024 06:59:06 +0000 https://republika.mk/?p=830383

Ристо Никовски

Добар беше потегот кога сегашната власт, тогаш опозиција, одлучно го одби бугарскиот диктат, подржан од Брисел, за промена на Уставот. Пораката беше јасна дека таквата политика не може да помине и ја постигна целта. Сега, меѓутоа, ситуацијата е целосно промената. Понудата за уставни промени, иако со одложено дејство, е спротивна на нашите суштински интереси. И да прифати Софија, што е речиси невозможно и незамисливо, одложеното дејство - ништо не менува, а ние си ставаме клинец во здрава нога.

Сами се заглавивме во ќор-сокакот, сами мора да го бараме и излезот. Грешките се на нашите претходни билмези, и ние треба да ги исправаме. Ако Македонија сака да го отвори патот кон Брисел, мора да го откаже вториот протокол со Софија, бидејќи е тој клучот во преговарачката рамка. Така, во вода паѓаат и ултиматумот за Уставот, и клучната улогата на историјата, којашто како критериум е вградена во рамката. Сегашните наши голготи, произлегуваат од вториот протокол.

Ситуацијата може да се надмине само со таков, радикален исчекор. Друг излез, Македонија – нема. Што побргу тргнеме во таа насока, побргу ќе стигнеме. Се’ друго е губење на време и заострување на состојбите во земјата, заради различните интереси. Дел од политичките фактори не се лојални на оваа наша држава, и играат на други опции. Тие сметаат дека државата треба да им служи ним, а не тие нејзе. Поволно е што ЕУ нема уште долго да се проширува и затоа имаме маневарски простор за исправање на грешките.

Уцената за Уставот воопшто не е случајна. На Софија и се потребни Бугари во Уставот за да може, преку нив, бескрајно да не уценува во текот на преговорите. Имаат издадено преку 120 илјади пасоши на наши граѓани, коишто потпишале дека се „Бугари по род“. Заедно со нивните семејства, тоа значи дека такви во земјава има најмалку 400 илјади. Во текот на преговорите, за „нивните“ речиси пола милион измислени „бугарчиња“, Софија ќе инсистира и ќе уценува со бугарски училишта, учебници, театри, пратеници, можеби министри, правична застапеност... и што ти уште не! По таа формула, покрај нив и Албанците, малцинство ќе станат - Македонците. Така, најлесно ќе нѐ бугаризираат!

Ако ги внесеме Бугарите во Уставот, без оглед дали со или без одложено дејство, во текот на преговорите Софија апсолутно ќе инсистира на тие свои барања. Со самиот чин, пак, ние практично ќе ја прифатиме нивната верзија за бројот на Бугари, според издадените пасоши. Ако се следат резултатите од пописот, нема никаква потреба за Бугари во Уставот. За нив, тоа ќе биде доказ дека толку ги има, и дека имаат право да им ги обезбедат сите барани права, најмалку по примерот на Охридскиот рамковен договор. Имаат докази колку пасоши издале, заедно со изјавите – за Бугари по род.

Така е бидејќи наш клучен проблем сега е самата преговарачка рамка, а не Уставот. Прво, преку неа, Македонија нема никогаш да влезе во Унијата. Второ, со главната улога на историјата, рамката е одлична формула за бришење на Македонците. Еве ги доказите за тоа.

1. Во став 5 од рамката стои дека клучна ќе биде – „... посветеноста на Македонија за добрососедски односи и поблиска регионална соработка, вклучувајќи и преку постигнување видливи резултати и спроведување на билатералните договори во добра волја, вклучително и Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија од 2017 година, како и годишните прегледи и мерки за негово ефективно спроведување според член 12“.

1. 1. Апсолутно е неприфатливо, рамката да обврзува спроведување на некакви годишни прегледи или протоколи, дури и такви коишто ќе треба (значи ќе мора!) да се потпишуваат во иднина. Тоа недвосмислено значи дека Софија: прво, ќе уценува со спроведување на вториот протокол, којшто е погубен за нас; второ, ќе инсистира да има нови годишни протоколи; трето, тие ќе бидат можни само ако има наши нови отстапки во Историската комисија (Гоце, Илинден...); четврто, ако нема нови протоколи, ќе значи дека не се спроведува договорот за (не)пријателство, што ќе биде крунски аргумент за прекин на нашите преговори.

1. 2. Ако е веќе нормално спомнувањето на двата договори во рамката, крајно неприфатливо е за нивно спроведување да одговара само едната страна. Обврската мора да биде двострана. Веќе има јасни докази дека другите целосно ги игнорираат своите обврски. Бугарија, на пример, место да го промовира членството на Македонија во Унијата, таа го блокира! Грција, пак, не спроведува ништо од тоа што прифатила. И двата договори се крајно еднострани, и ако не се откажат или ревидираат, уште долго ќе имаме тешки и непремостливи проблеми со нив.

1. 3. Годишните протоколи/прегледи единствено и целосно ќе зависат од резултатите на Историската комисија. Тоа е интересот на Бугарија. Македонија нема никаков простор за нови отстапки, а тоа значи дека нови протоколи – ќе нема. А, ги нема ли, и за Софија, ама и за Брисел, ќе биде знак дека договорот не се спроведува. Тоа ќе биде крај на преговорите.

1. 4. Тоа ќе се случува и со, и без одложено дејство во Уставот. Така е според рамката. И во двата случаи ќе биде неспорно право на Софија да бара права за Бугарите. Ако не се промени рамката, апсолутно никој не може да гарантира дека сето ова нема да се случува. Нема теоретска шанса, пак, Бугарија да ги менува своите политики кон Македонија.

2. За да не остане нешто недоречено, во став 48, последен од рамката, се нагласува – „... Комисијата ќе посвети посебно внимание на заложбите на Македонија за добрососедски односи и регионална соработка како што е наведено во (цитираниот) став 5 и ќе ја информира Меѓувладината конференција за нивното спроведување“.

2. 1. Ова е недвосмислена потврда дека Договорот, и особено протоколите потпишани со Бугарија, ќе бидат клучни за напредокот на Македонија кон Унијата. Се’ ќе ни зависи од нивните историчари коишто, пак, никако не смеат да прифатат дека ние не сме креација на Тито! Поточно, Бугари по потекло.

3. Со таквите бугарски ставови, нема теоретска шанса Историската комисија да даде некакви резултати. Софија е свесна дека ова е нејзина историска можност да го кутне македонизмот. Со право на блокади и вета, ќе инсистираат на брзи резултати на Историската комисија, што е невозможна задача. Така ќе го блокираат напредокот на Македонија.

4. Во „Предлог – заклучоците“ на Советот, повторно се инсистира на - „видливи резултати и од спроведувањето на билатералните договори...“; „Советот го поздравува договорот за протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија формирана според член 12 од овој договор“; „Советот ја поздравува намерата на Македонија, да започне и приоритетно да ги постигне релевантните уставни измени, со цел во Уставот да се вклучат граѓани... како што се Бугарите“; Македонија ќе ги започне преговорите – „веднаш штом ќе ја спроведе својата заложба за завршување на горе спомнатите уставни измени...“.

4. 1. Формулацијата дека уставните промени се „заложба“ на Македонија е срамно подметнување на Унијата. Македонија беше на силеџиски начин присилена да го прифати тоа.

5. И во четвртиот документ, усвоен на првата меѓувладина конференција меѓу Македонија и ЕУ, насловен „Заеднички став на ЕУ“, и поднаслов – „Воведна изјава на ЕУ за преговорите за пристапување“, повторно се нагласува важноста на вториот протокол со Бугарија. Тоа е нов додатен доказ дека напредокот на Македонија зависи од протоколите.

Разнебитувањето на Македонците, со цел тие да се бугаризираат, коешто Софија успеа да го подметне и во преговарачката рамка, не е нова политика. Прв пат јавно, таа е прецизирана во 2017 година, од Плевнелиев, набргу откако му престана мандатот претседател на Бугарија. Тогаш, тој ни го кажа тоа што, додека беше на функција, не смееше - „Македонија може во ЕУ, ама не и македонизмот“. Поточно - без Македонците. Тоа е точно ова што ни се случува сега. Процесот не е случаен, и зад него стојат и други фактори.

Преговарачката рамка е формулирана врз основа на максималистичките барања на Софија, коишто понизно ги прифатија македонските политички аматери и предавници. Факт е дека се’ се одвиваше под жесток притисок на Франција, тогашен претседавач со Унијата, која бараше сопствен успех. Затоа решението и се нарекува – „француски предлог“. Тоа не е никакво оправдување за нашата срамна капитулација.

Формално, таа се случи на 17 јули 2022 година, во Софија, кога Бујар Османи го потпиша вториот протокол. Тогаш, Македонија прифати да ги внесе Бугарите (како „Тројански коњ“) во својот Устав, а историјата да биде главен услов за нашето напредување кон Брисел. Така се дојде до рамката.

Денес, логично е прашањето – зошто Софија и Брисел би се откажале од своите драгоцени придобивки? Зошто да го враќаат пленот којшто им бил подарен од нашите некадарници? Немаат никаква причина за тоа. Проблемот е наш и ние треба да го решаваме. Тоа е можно само со исправање на направените грешки, и со барање на што поширока поддршка во Брисел и кај членките. Софија, доживеа незамислив дипломатски триумф од којшто сигурно нема да се откаже.

До сега, се’ правевме по туѓ диктат и – за лажни ветувања. Нѐ прекрстија, колку пати ни го сменија Уставот... и се’ за џабе. Ова ќе биде прв пат сами да одлучуваме. Тоа е неопходно, ако сакаме да преживееме како народ. Првичните реакции ќе бидат жестоки и дома, и особено надвор, ама друга реална алтернатива – нема. Нашите „стратегиски партнери“, до сега нѐ советуваа – морате да донесете непопуларни и тешки одлуки! За да нѐ прекрстат, де. На наша штета. И сега мораме да сечеме, ама во наша корист. Ние сме на потег.

The post Грешките мораме сами да ги исправаме appeared first on Република.

]]>

Ристо Никовски

Добар беше потегот кога сегашната власт, тогаш опозиција, одлучно го одби бугарскиот диктат, подржан од Брисел, за промена на Уставот. Пораката беше јасна дека таквата политика не може да помине и ја постигна целта. Сега, меѓутоа, ситуацијата е целосно промената. Понудата за уставни промени, иако со одложено дејство, е спротивна на нашите суштински интереси. И да прифати Софија, што е речиси невозможно и незамисливо, одложеното дејство - ништо не менува, а ние си ставаме клинец во здрава нога. Сами се заглавивме во ќор-сокакот, сами мора да го бараме и излезот. Грешките се на нашите претходни билмези, и ние треба да ги исправаме. Ако Македонија сака да го отвори патот кон Брисел, мора да го откаже вториот протокол со Софија, бидејќи е тој клучот во преговарачката рамка. Така, во вода паѓаат и ултиматумот за Уставот, и клучната улогата на историјата, којашто како критериум е вградена во рамката. Сегашните наши голготи, произлегуваат од вториот протокол. Ситуацијата може да се надмине само со таков, радикален исчекор. Друг излез, Македонија – нема. Што побргу тргнеме во таа насока, побргу ќе стигнеме. Се’ друго е губење на време и заострување на состојбите во земјата, заради различните интереси. Дел од политичките фактори не се лојални на оваа наша држава, и играат на други опции. Тие сметаат дека државата треба да им служи ним, а не тие нејзе. Поволно е што ЕУ нема уште долго да се проширува и затоа имаме маневарски простор за исправање на грешките. Уцената за Уставот воопшто не е случајна. На Софија и се потребни Бугари во Уставот за да може, преку нив, бескрајно да не уценува во текот на преговорите. Имаат издадено преку 120 илјади пасоши на наши граѓани, коишто потпишале дека се „Бугари по род“. Заедно со нивните семејства, тоа значи дека такви во земјава има најмалку 400 илјади. Во текот на преговорите, за „нивните“ речиси пола милион измислени „бугарчиња“, Софија ќе инсистира и ќе уценува со бугарски училишта, учебници, театри, пратеници, можеби министри, правична застапеност... и што ти уште не! По таа формула, покрај нив и Албанците, малцинство ќе станат - Македонците. Така, најлесно ќе нѐ бугаризираат! Ако ги внесеме Бугарите во Уставот, без оглед дали со или без одложено дејство, во текот на преговорите Софија апсолутно ќе инсистира на тие свои барања. Со самиот чин, пак, ние практично ќе ја прифатиме нивната верзија за бројот на Бугари, според издадените пасоши. Ако се следат резултатите од пописот, нема никаква потреба за Бугари во Уставот. За нив, тоа ќе биде доказ дека толку ги има, и дека имаат право да им ги обезбедат сите барани права, најмалку по примерот на Охридскиот рамковен договор. Имаат докази колку пасоши издале, заедно со изјавите – за Бугари по род. Така е бидејќи наш клучен проблем сега е самата преговарачка рамка, а не Уставот. Прво, преку неа, Македонија нема никогаш да влезе во Унијата. Второ, со главната улога на историјата, рамката е одлична формула за бришење на Македонците. Еве ги доказите за тоа. 1. Во став 5 од рамката стои дека клучна ќе биде – „... посветеноста на Македонија за добрососедски односи и поблиска регионална соработка, вклучувајќи и преку постигнување видливи резултати и спроведување на билатералните договори во добра волја, вклучително и Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија од 2017 година, како и годишните прегледи и мерки за негово ефективно спроведување според член 12“. 1. 1. Апсолутно е неприфатливо, рамката да обврзува спроведување на некакви годишни прегледи или протоколи, дури и такви коишто ќе треба (значи ќе мора!) да се потпишуваат во иднина. Тоа недвосмислено значи дека Софија: прво, ќе уценува со спроведување на вториот протокол, којшто е погубен за нас; второ, ќе инсистира да има нови годишни протоколи; трето, тие ќе бидат можни само ако има наши нови отстапки во Историската комисија (Гоце, Илинден...); четврто, ако нема нови протоколи, ќе значи дека не се спроведува договорот за (не)пријателство, што ќе биде крунски аргумент за прекин на нашите преговори. 1. 2. Ако е веќе нормално спомнувањето на двата договори во рамката, крајно неприфатливо е за нивно спроведување да одговара само едната страна. Обврската мора да биде двострана. Веќе има јасни докази дека другите целосно ги игнорираат своите обврски. Бугарија, на пример, место да го промовира членството на Македонија во Унијата, таа го блокира! Грција, пак, не спроведува ништо од тоа што прифатила. И двата договори се крајно еднострани, и ако не се откажат или ревидираат, уште долго ќе имаме тешки и непремостливи проблеми со нив. 1. 3. Годишните протоколи/прегледи единствено и целосно ќе зависат од резултатите на Историската комисија. Тоа е интересот на Бугарија. Македонија нема никаков простор за нови отстапки, а тоа значи дека нови протоколи – ќе нема. А, ги нема ли, и за Софија, ама и за Брисел, ќе биде знак дека договорот не се спроведува. Тоа ќе биде крај на преговорите. 1. 4. Тоа ќе се случува и со, и без одложено дејство во Уставот. Така е според рамката. И во двата случаи ќе биде неспорно право на Софија да бара права за Бугарите. Ако не се промени рамката, апсолутно никој не може да гарантира дека сето ова нема да се случува. Нема теоретска шанса, пак, Бугарија да ги менува своите политики кон Македонија. 2. За да не остане нешто недоречено, во став 48, последен од рамката, се нагласува – „... Комисијата ќе посвети посебно внимание на заложбите на Македонија за добрососедски односи и регионална соработка како што е наведено во (цитираниот) став 5 и ќе ја информира Меѓувладината конференција за нивното спроведување“. 2. 1. Ова е недвосмислена потврда дека Договорот, и особено протоколите потпишани со Бугарија, ќе бидат клучни за напредокот на Македонија кон Унијата. Се’ ќе ни зависи од нивните историчари коишто, пак, никако не смеат да прифатат дека ние не сме креација на Тито! Поточно, Бугари по потекло. 3. Со таквите бугарски ставови, нема теоретска шанса Историската комисија да даде некакви резултати. Софија е свесна дека ова е нејзина историска можност да го кутне македонизмот. Со право на блокади и вета, ќе инсистираат на брзи резултати на Историската комисија, што е невозможна задача. Така ќе го блокираат напредокот на Македонија. 4. Во „Предлог – заклучоците“ на Советот, повторно се инсистира на - „видливи резултати и од спроведувањето на билатералните договори...“; „Советот го поздравува договорот за протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија формирана според член 12 од овој договор“; „Советот ја поздравува намерата на Македонија, да започне и приоритетно да ги постигне релевантните уставни измени, со цел во Уставот да се вклучат граѓани... како што се Бугарите“; Македонија ќе ги започне преговорите – „веднаш штом ќе ја спроведе својата заложба за завршување на горе спомнатите уставни измени...“. 4. 1. Формулацијата дека уставните промени се „заложба“ на Македонија е срамно подметнување на Унијата. Македонија беше на силеџиски начин присилена да го прифати тоа. 5. И во четвртиот документ, усвоен на првата меѓувладина конференција меѓу Македонија и ЕУ, насловен „Заеднички став на ЕУ“, и поднаслов – „Воведна изјава на ЕУ за преговорите за пристапување“, повторно се нагласува важноста на вториот протокол со Бугарија. Тоа е нов додатен доказ дека напредокот на Македонија зависи од протоколите. Разнебитувањето на Македонците, со цел тие да се бугаризираат, коешто Софија успеа да го подметне и во преговарачката рамка, не е нова политика. Прв пат јавно, таа е прецизирана во 2017 година, од Плевнелиев, набргу откако му престана мандатот претседател на Бугарија. Тогаш, тој ни го кажа тоа што, додека беше на функција, не смееше - „Македонија може во ЕУ, ама не и македонизмот“. Поточно - без Македонците. Тоа е точно ова што ни се случува сега. Процесот не е случаен, и зад него стојат и други фактори. Преговарачката рамка е формулирана врз основа на максималистичките барања на Софија, коишто понизно ги прифатија македонските политички аматери и предавници. Факт е дека се’ се одвиваше под жесток притисок на Франција, тогашен претседавач со Унијата, која бараше сопствен успех. Затоа решението и се нарекува – „француски предлог“. Тоа не е никакво оправдување за нашата срамна капитулација. Формално, таа се случи на 17 јули 2022 година, во Софија, кога Бујар Османи го потпиша вториот протокол. Тогаш, Македонија прифати да ги внесе Бугарите (како „Тројански коњ“) во својот Устав, а историјата да биде главен услов за нашето напредување кон Брисел. Така се дојде до рамката. Денес, логично е прашањето – зошто Софија и Брисел би се откажале од своите драгоцени придобивки? Зошто да го враќаат пленот којшто им бил подарен од нашите некадарници? Немаат никаква причина за тоа. Проблемот е наш и ние треба да го решаваме. Тоа е можно само со исправање на направените грешки, и со барање на што поширока поддршка во Брисел и кај членките. Софија, доживеа незамислив дипломатски триумф од којшто сигурно нема да се откаже. До сега, се’ правевме по туѓ диктат и – за лажни ветувања. Нѐ прекрстија, колку пати ни го сменија Уставот... и се’ за џабе. Ова ќе биде прв пат сами да одлучуваме. Тоа е неопходно, ако сакаме да преживееме како народ. Првичните реакции ќе бидат жестоки и дома, и особено надвор, ама друга реална алтернатива – нема. Нашите „стратегиски партнери“, до сега нѐ советуваа – морате да донесете непопуларни и тешки одлуки! За да нѐ прекрстат, де. На наша штета. И сега мораме да сечеме, ама во наша корист. Ние сме на потег.

The post Грешките мораме сами да ги исправаме appeared first on Република.

]]>
Фали стратегија за борбата против корупцијата https://republika.mk/kolumni/fali-strategija-za-borbat-protiv-koruptsijata/ Fri, 04 Oct 2024 10:15:10 +0000 https://republika.mk/?p=822575

Ристо Никовски

Пред да стане дел од ЕУ, Владата на Словенија своите седници ги започнуваше со еден час посветен на подготовките за членство. Надлежните реферираа што е во меѓувреме направено, кои се проблемите и се донесуваа задачи за сите. Тоа е корисно искуство. Кај нас, со оглед дека членството во ЕУ е, сепак, далечна иднина, истата практика може прво да ја спроведеме за борбата против криминалот и корупцијата. Во истиот „пакет“, би можело да се стават и владеењето на правото, со реформа на правосудниот систем.

Откако поминаа првите 100 дена на Владата, може да се оцени дека се враќа надежта, иако очекувањата се големи. Државата беше во тотален хаос. Ем ништо не функционираше, ем насекаде имаше масовни злоупотреби. Кога слушаш и читаше што се’ се правело, просто не можеш да веруваш! Катастрофа од општ карактер.

Новата власт започна со сериозни иницијативи, и за тоа заслужува признание. Отворија многу фронтови и постигнаа првични резултати ама, се чини, се’ уште немаат јасна слика како да ја водат главната битка, а таа е против криминалот и корупцијата. Прво, не е јасно кој е носител на тој клучен проект. Второ, тоа мора да биде вицепремиер со најшироки овластувања, којшто ќе формира и еден вид на државен штаб, или центар, за оваа обемна и долготрајна операција.

Се чини дека таквиот застој, ако така може да се нарече, е резултат на преокупираноста со реформата на правосудниот систем, за која не е најдено решение. Сепак, тоа не е оправдување зошто нема офанзива против криминалот и корупцијата. Мора да се разликува расчистувањето со минатото, што е веќе започнато, со спречувањето на праксата, што е поважна задача, Правосудството е суперструктурата во оваа борба, а таа мора да се води во базата, таму каде што се остварува. Треба да се средува и правосудниот систем, за да ги дочека спремен криминалите што ќе бидат откриени.

Системот за борба против криминалот и корупцијата треба итно да се структурира и веднаш да започне најинтензивно да функционира. Тоа е рак – раната на нашето општество и, иако за ракот се’ уште нема лек, за корупцијата секако има. Зависи, исклучиво од нас. Брзото делување е важно бидејќи без радикално намалување на овие две зла, државата нема побрзо да напредува.

По формирањето на системот, првиот чекор мора да биде подготовка на соодветна, добро осмислена стратегија за борба против ова зло. Без тоа, ќе се вртиме во маѓепсан круг.

Вториот чекор треба да биде изработка на список на сите институции каде се знае или се претпоставува дека има корупција. Тоа не е тешка задача. Сите знаеме кои се тие.

Потоа, со решение/упатство на Владата, или на друг начин, сите тие институции треба да имаат обврска да формираат комисии за борба против корупцијата. Една на ниво на институцијата и поткомисии, се’ до најситните организациони единици, таму каде што ќе има таква оперативна потреба.

Четврто, сите овие комисии ќе мора да поднесуваат редовни извештаи (месечни, тромесечни, полугодишни...), за тоа што преземале, и што постигнале. Поткомисиите до централната во институцијата, а таа до државниот штаб или центар.

Деновиве, беше објавено дека во Катастарот имало преку 3.000 нерешени барања и дека за кусо време, новиот директор тој број го намалил на околу 800. Што мислите, зошто имало толку нерешени предмети? Одговорот е јасен – од странките, на коишто нормално им се брза, се чекало да дадат рушвет!

Со голема сигурност може да се тврди дека веднаш, штом ќе започне една ваква, масовна операција - ќе има позитивни резултати! Ќе има намалување на криминалот и корупцијата можеби и од неверојатни 50 проценти! Јавноста ќе ја следи акцијата на дневна основа, и на сите ќе им биде јасно дека анархијата – заврши. Секој ќе се замисли пред да прими, уште повеќе пред да побара рушвет, или да мести тендери. Во сите институции се знае и кој е корумпиран, и кој работи чесно.

Најголемиот криминал е секако во тендерите. Според некои информации, државата на тој начин годишно троши повеќе од милијарда и половина евра. Ако само еден процент од тие пари се злоупотреби, тоа се веќе 15 милиони евра!?

Проблемот бара радикално решение бидејќи сите знаеме за масовната злоупотреба на тендерите. Дали тоа треба да се бара на ниво на државата? Дали за сите потреби, вклучувајќи ги и општините, и јавните претпријатија, треба да има некој вид на централна државна комисија за тендери? Барем на привремена основа? Треба да се консултираат домашни експерти и да се бараат странски искуства како да се спречи овој тежок криминал. Со циркулар, од сите наши ДКП во странство, може да се побара да се интересираат кај надлежните во земјите на акредитација како тие го решаваат проблемот со корупцијата при тендерите? Нема дилеми дека проблемот е светски, а не само наш.

Ако се оди на централно решение, може да се регрутира и поширока група од 100-тина експерти, од разни области, кои би добиле одредени лиценци за таа функција којашто, барем поголемиот дел од нив, би ја извршувале надвор од работното време. Според видот или областа на тендерот, од нив би се формирала потребната комисија, плус претставник/ци од институцијата, којашто го распишува.

Ова е само лаичко размислувања на тема којашто е моментално клучна за државата. Корисно е да се развијат разни опции. Кога ќе се помисли какви непроценливи и трајни штети има државата заради наместени тендери, секој трошок би бил ситен. Впрочем, директно земениот рушвет е најмалиот проблем. Вистинските последици се неквалитетно изградените објекти, со коишто мораме да живееме. Ако место пет сантиметри асфалт се стават четири и пол, патот нема долго да издржи, и пак ќе возиме низ дупки! Истото важи и ако договорениот квалитет на асфалтот, цементот... се намали за пет проценти. Не е случајно што квалитетот на нашите патишта е најлош во регионот.

Или, поблизок пример за сите. Кога се обележуваат улиците, патиштата, пешачките премини... место квалитетна бела боја, се користи некаков сурогат којшто трае три, четири месеци. Во светот, одбележаното белее цела година и подолго. Затоа, нивните градови личат на урбани центри, а нашите на 19 век, а патиштата ни се небезбедни и на нив масовно се гине.

Во сите тие случаи, ќарот на изведувачите е огромен а, заради малата корупција којашто ја дале, никој не се осмелува да го контролира квалитетот на нивните изведби.

Со цел да се обезбеди максимална чесност во работењето на централната тендерска комисија, ако се оди на такво решение, или на членовите на сите други комисии, особено за тендерите од поголема вредност, би можело на ангажираните да им се контролираат комуникациите, врз основа на нивна согласност.

Во Југославија, на пример, во Државниот секретаријат за надворешни работи (МНР), каде имавме пристап до доверливи, и строго доверливи документи, потпишувавме изјава дека сме согласни нашите комуникации (телефони, писма...) да бидат контролирани. Ова искуство може да се користи и при оваа акција.

Традиционално, државата реализира мал процент од Буџетот наменет за инвестиции бидејќи главен проблем се токму тендерите. Заради корупцијата, тие се одолговлекуваат, компликуваат, некои ги избегнуваат... и работите не одат. Со еден радикален пристап, се чини, максимално ќе може да се зголеми и ефикасноста на власта.

За крај, уште еден парадокс, којшто може веднаш да се надмине. Досега, Јавното обвинителство (ЈО) не реагирало на извештаите на Државниот завод за ревизија! А извештаите регистрираат едно чудо злоупотреби во голем дел од државните институции. Во општина Тетово, на пример, во времето на Теута Арифи, имало повеќе десетици „вработени“ коишто земале плата, а не оделе на работа! Некои си работеле и во странство!? И никому ништо. Владата мора да обезбеди овие извештаи по автоматизам да бидат поле за акција на ЈО. Инаку, чуму Државен завод за ревизија?

The post Фали стратегија за борбата против корупцијата appeared first on Република.

]]>

Ристо Никовски

Пред да стане дел од ЕУ, Владата на Словенија своите седници ги започнуваше со еден час посветен на подготовките за членство. Надлежните реферираа што е во меѓувреме направено, кои се проблемите и се донесуваа задачи за сите. Тоа е корисно искуство. Кај нас, со оглед дека членството во ЕУ е, сепак, далечна иднина, истата практика може прво да ја спроведеме за борбата против криминалот и корупцијата. Во истиот „пакет“, би можело да се стават и владеењето на правото, со реформа на правосудниот систем. Откако поминаа првите 100 дена на Владата, може да се оцени дека се враќа надежта, иако очекувањата се големи. Државата беше во тотален хаос. Ем ништо не функционираше, ем насекаде имаше масовни злоупотреби. Кога слушаш и читаше што се’ се правело, просто не можеш да веруваш! Катастрофа од општ карактер. Новата власт започна со сериозни иницијативи, и за тоа заслужува признание. Отворија многу фронтови и постигнаа првични резултати ама, се чини, се’ уште немаат јасна слика како да ја водат главната битка, а таа е против криминалот и корупцијата. Прво, не е јасно кој е носител на тој клучен проект. Второ, тоа мора да биде вицепремиер со најшироки овластувања, којшто ќе формира и еден вид на државен штаб, или центар, за оваа обемна и долготрајна операција. Се чини дека таквиот застој, ако така може да се нарече, е резултат на преокупираноста со реформата на правосудниот систем, за која не е најдено решение. Сепак, тоа не е оправдување зошто нема офанзива против криминалот и корупцијата. Мора да се разликува расчистувањето со минатото, што е веќе започнато, со спречувањето на праксата, што е поважна задача, Правосудството е суперструктурата во оваа борба, а таа мора да се води во базата, таму каде што се остварува. Треба да се средува и правосудниот систем, за да ги дочека спремен криминалите што ќе бидат откриени. Системот за борба против криминалот и корупцијата треба итно да се структурира и веднаш да започне најинтензивно да функционира. Тоа е рак – раната на нашето општество и, иако за ракот се’ уште нема лек, за корупцијата секако има. Зависи, исклучиво од нас. Брзото делување е важно бидејќи без радикално намалување на овие две зла, државата нема побрзо да напредува. По формирањето на системот, првиот чекор мора да биде подготовка на соодветна, добро осмислена стратегија за борба против ова зло. Без тоа, ќе се вртиме во маѓепсан круг. Вториот чекор треба да биде изработка на список на сите институции каде се знае или се претпоставува дека има корупција. Тоа не е тешка задача. Сите знаеме кои се тие. Потоа, со решение/упатство на Владата, или на друг начин, сите тие институции треба да имаат обврска да формираат комисии за борба против корупцијата. Една на ниво на институцијата и поткомисии, се’ до најситните организациони единици, таму каде што ќе има таква оперативна потреба. Четврто, сите овие комисии ќе мора да поднесуваат редовни извештаи (месечни, тромесечни, полугодишни...), за тоа што преземале, и што постигнале. Поткомисиите до централната во институцијата, а таа до државниот штаб или центар. Деновиве, беше објавено дека во Катастарот имало преку 3.000 нерешени барања и дека за кусо време, новиот директор тој број го намалил на околу 800. Што мислите, зошто имало толку нерешени предмети? Одговорот е јасен – од странките, на коишто нормално им се брза, се чекало да дадат рушвет! Со голема сигурност може да се тврди дека веднаш, штом ќе започне една ваква, масовна операција - ќе има позитивни резултати! Ќе има намалување на криминалот и корупцијата можеби и од неверојатни 50 проценти! Јавноста ќе ја следи акцијата на дневна основа, и на сите ќе им биде јасно дека анархијата – заврши. Секој ќе се замисли пред да прими, уште повеќе пред да побара рушвет, или да мести тендери. Во сите институции се знае и кој е корумпиран, и кој работи чесно. Најголемиот криминал е секако во тендерите. Според некои информации, државата на тој начин годишно троши повеќе од милијарда и половина евра. Ако само еден процент од тие пари се злоупотреби, тоа се веќе 15 милиони евра!? Проблемот бара радикално решение бидејќи сите знаеме за масовната злоупотреба на тендерите. Дали тоа треба да се бара на ниво на државата? Дали за сите потреби, вклучувајќи ги и општините, и јавните претпријатија, треба да има некој вид на централна државна комисија за тендери? Барем на привремена основа? Треба да се консултираат домашни експерти и да се бараат странски искуства како да се спречи овој тежок криминал. Со циркулар, од сите наши ДКП во странство, може да се побара да се интересираат кај надлежните во земјите на акредитација како тие го решаваат проблемот со корупцијата при тендерите? Нема дилеми дека проблемот е светски, а не само наш. Ако се оди на централно решение, може да се регрутира и поширока група од 100-тина експерти, од разни области, кои би добиле одредени лиценци за таа функција којашто, барем поголемиот дел од нив, би ја извршувале надвор од работното време. Според видот или областа на тендерот, од нив би се формирала потребната комисија, плус претставник/ци од институцијата, којашто го распишува. Ова е само лаичко размислувања на тема којашто е моментално клучна за државата. Корисно е да се развијат разни опции. Кога ќе се помисли какви непроценливи и трајни штети има државата заради наместени тендери, секој трошок би бил ситен. Впрочем, директно земениот рушвет е најмалиот проблем. Вистинските последици се неквалитетно изградените објекти, со коишто мораме да живееме. Ако место пет сантиметри асфалт се стават четири и пол, патот нема долго да издржи, и пак ќе возиме низ дупки! Истото важи и ако договорениот квалитет на асфалтот, цементот... се намали за пет проценти. Не е случајно што квалитетот на нашите патишта е најлош во регионот. Или, поблизок пример за сите. Кога се обележуваат улиците, патиштата, пешачките премини... место квалитетна бела боја, се користи некаков сурогат којшто трае три, четири месеци. Во светот, одбележаното белее цела година и подолго. Затоа, нивните градови личат на урбани центри, а нашите на 19 век, а патиштата ни се небезбедни и на нив масовно се гине. Во сите тие случаи, ќарот на изведувачите е огромен а, заради малата корупција којашто ја дале, никој не се осмелува да го контролира квалитетот на нивните изведби. Со цел да се обезбеди максимална чесност во работењето на централната тендерска комисија, ако се оди на такво решение, или на членовите на сите други комисии, особено за тендерите од поголема вредност, би можело на ангажираните да им се контролираат комуникациите, врз основа на нивна согласност. Во Југославија, на пример, во Државниот секретаријат за надворешни работи (МНР), каде имавме пристап до доверливи, и строго доверливи документи, потпишувавме изјава дека сме согласни нашите комуникации (телефони, писма...) да бидат контролирани. Ова искуство може да се користи и при оваа акција. Традиционално, државата реализира мал процент од Буџетот наменет за инвестиции бидејќи главен проблем се токму тендерите. Заради корупцијата, тие се одолговлекуваат, компликуваат, некои ги избегнуваат... и работите не одат. Со еден радикален пристап, се чини, максимално ќе може да се зголеми и ефикасноста на власта. За крај, уште еден парадокс, којшто може веднаш да се надмине. Досега, Јавното обвинителство (ЈО) не реагирало на извештаите на Државниот завод за ревизија! А извештаите регистрираат едно чудо злоупотреби во голем дел од државните институции. Во општина Тетово, на пример, во времето на Теута Арифи, имало повеќе десетици „вработени“ коишто земале плата, а не оделе на работа! Некои си работеле и во странство!? И никому ништо. Владата мора да обезбеди овие извештаи по автоматизам да бидат поле за акција на ЈО. Инаку, чуму Државен завод за ревизија?

The post Фали стратегија за борбата против корупцијата appeared first on Република.

]]>
Тешки одлуки ни претстојат https://republika.mk/kolumni/teshki-odluki-ni-pretstojat/ Wed, 25 Sep 2024 20:46:39 +0000 https://republika.mk/?p=819663

Ристо Никовски

Почитувани читатели, отсега ќе се дружиме. На моја иницијатива, редакцијата прифати да ги објавува моите колумни. Тие се подарок за вас.

Теми има премногу. Во принцип, тоа е лошо за народот. И изборот не е тежок. Членството во Унијата е предолго на маса и, по многу што – клучно. Со право, народот сака да станеме дел од неа ама работите не одат во таа насока. Речиси сите индикатори покажуваат и докажуваат дека тоа е долгорочна цел којашто, многу лесно, може да биде и недостижна.

Причините се бројни. Клучно е што Унијата уште долго нема да се шири. Факт е дека 62 проценти од Французите и 61 процент од Германците се против проширувањето! Кој нивни политичар ќе прима нови држави, ако народот е против?

Воопшто не е случајно што токму францускиот претседател, Макрон, го прекина проширувањето. Првиот мотив беше реформирање на самата Унија, што е неспорно потребно, а втор беа длабоки промени на процесот на преговарање. Рамката е суштински редефинирана, и тешко е да се замисли дека некој од сегашните кандидати ќе успее да ја апсолвира. Токму затоа беа измислени и измените.

Ако не е така, зошто беше формирана Европска политичка заедница, во која членуваат сите кандидати заедно со членките на ЕУ, или 40-тина држави? Веќе беа одржани четири средби. Ако тоа не е „втора лига“, што може да биде? Потврда дека нема да има проширување се и четирите столба, коишто за кандидатите ги одреди Фон Дер Лајен  - поширок пристап до заедничкиот пазар, регионална соработка, длабоки реформи и повеќе пари од фондовите.

Македонија треба да прави се’ што е потребно за да стане членка на ЕУ. Тоа е наш траен интерес, без оглед какви политики ќе тера Брисел. Унијата е цивилизациски дострел, и нема да се распадне. Меѓутоа, мора да се избориме за нормални, легални и принципиелни услови и критериуми, како и за сите други земји. Мора да прекинеме со постојаното виткање на ‘рбетот, секогаш кога нѐ силуваат со ултиматуми. Брисел, пречесто ги користи во однос на Македонија.

Нашиот интерес за ЕУ е повеќе димензионален. Најважни се вредностите коишто зрачат од Унијата, и со чија помош полесно ќе ги спроведеме и ние. Тоа го очекуваат сите наши граѓани. Срамно е да се бара камшикар. Тоа покажува  неспособност.

Членството во Унијата носи и големи финансиски средства. Само девет од членките се нето контрибутори, додека 18 се нето корисници на фондовите. Најголеми финансиери се Германија со 25,5 милијарди евра годишно, Франција со 12,4 и Холандија со 6,9. Далеку најголем корисник е Полска со 11,9  милијарди евра годишно, а следуваат Грција со 4,3, Унгарија со 4,2 и Романија со 4,1. Бугарија годишно добива 1,73 милијарди евра а Хрватска 1,74. Така, директно се стимулира развојот на овие земји.

Унијата е и огромен пазар. Еврото и Шенген зоната, пак, обезбедуваат и безброј други погодности за членките.

Мораме максимално да се ангажираме за членство во ЕУ, меѓутоа, во никој случај по секоја цена, како до сега. Бугарската политика, дека Македонија може во ЕУ, ама без македонизмот, поточно без Македонците, што се чини дека е прифатено и од Брисел - не смее да биде опција. Таа е и навредлива и понижувачка, а ја загрозува и безбедноста на целиот Балкан а, со тоа, и на Европа. Чувајќи ги сопствените интереси, ние ги чуваме и пошироките.

По крајно погрешните политики, коишто цело време ги води ЕУ кон Македонија, воопшто не треба да зачудува сериозниот пораст на нашиот евро скептицизам. Чудно е дури што е тој се’ уште на толку ниско ниво!? По се’ што ни направија, логично би било да премине и 80 проценти! Тоа е нов доказ за високата трпеливост и толерантност на македонскиот народ, што не е баш секогаш за фалење.

На патот кон Брисел, моментално сме оставени во тесен ќор-сокак. Бугарија е само формален блокатор. Најсериозниот предизвик за Македонија е фактот што и негирањето на Атина на нашето име, и најновите будалштини на Софија, се дел од пошироки интереси на меѓународниот фактор. Двете соседни земји имаат и свои апсурдни политики, произлезени од стари и излитени историски синдроми, свои калкулации и долгогодишни аспирации, ама сега се главно компатибилни алатки во туѓи раце и играат по туѓа музика.

Затоа се и толку успешни, иако вината е пред се’ наша бидејќи досегашната власт беше спремна на невидени и незамисливи капитулации и историски предавства. Токму како резултат на улогата на меѓународниот фактор, во преговарачката рамка се внесени сите максимални барања на Бугарија, коишто се налудничави и немаат никаква врска со вредностите на Унијата, вклучувајќи ги и ткн. копенхашки критериуми.

Во јавноста многу често се спомнува ткн. „француски предлог“, како причина за сите наши сегашни проблеми, иако  малку кој разбира што значи тоа. Во првата половина на 2022 година, со Советот на ЕУ претседаваше Париз. Тоа беше по неколку бугарски блокади на нашите преговори за членство. Претходно, во име на ЕУ, излез бараа Германија и Португалија, ама без успех. Тоа беше уште поголем предизвик за Франција. Нивниот „предлог“, всушност, е преговарачката рамка, којашто беа должни да ја подготват, заедно со другите три документи. Сите тие беа презентирани на првата меѓувладина конференција, и за нас се катастрофални и крајно неприфатливи. Друг предлог - нема.

Преговарачката рамка, Париз ја прецизира со Софија. Потоа, вршеа притисок и ние да се сложиме. Следуваше формален договор меѓу премиерите Ковачевски и Петков, којшто беше финализиран во вториот предавнички протокол со Бугарија, потпишан од Б. Османи, на 17 јули 2022 година, во Софија. Со протоколот, којшто е обичен записник, официјализирани беа сите бугарски небулози, веќе внесени во преговарачката рамка - ултиматум за уставни промени, главна улога на историската комисија во нашите преговори за ЕУ... Протоколот е многу пострашен од самиот договор за (не)пријателство. По два дена, на 19 јули, следуваше меѓувладината конференција, на која Македонија беше скршена, а власта се фалеше, поточно лажеше, дека ги започнала преговорите.

Деновиве, во Брисел, место со предлог за одложена примена на уставните промени, што не може да помине, премиерот Мицкоски многу добро објасни дека според договорот за (не)пријателство со Бугарија – немаме обврска за промена на Уставот! По долго време, Македонија аргументирано ги бранеше своите фундаментални интереси, ставајќи јасно на знаење што бара и што очекува. Нормална е реакцијата на Брисел дека – „преземените обврски мора да се спроведат“, ама договорот не беше спомнат, и не е јасно од каде произлегуваат тие обврски! Се најдоа во тесно!

Не треба да имаме никакви илузии дека било Брисел, а уште помалку Софија, лесно ќе се откажат од нашите претходни, безумни и самоуништувачки отстапки. Тие ќе инсистираат на нив, а наше е да ги увериме дека тоа што го  прифатила претходната власт е неспроведливо во пракса, неприфатливо за македонската држава и народ, а го руши и угледот на ЕУ бидејќи ги игнорира нивните основни вредности.

Сега мора да следува офанзива на широко објаснување на нашите позиции и во Брисел, и во Вашингтон, и кај сите членки на ЕУ. Треба да бараме најширока поддршка, преку сите неспорни факти и аргументи коишто ги имаме. Бидејќи и сето тоа нема да ги промени политиките на Брисел, зошто и тој е под притисок, на крајот, сепак, ќе мора ние да преземеме радикален чекор за да излеземе од ќор-сокакот, во којшто самите се доведовме.

Тоа е можно само со откажување на вториот протокол, којшто никој не го спомнува бидејќи е незамисливо преговарачка рамка да се повикува на некаков записник, како во нашиов случај. Без протоколот, во вода ќе паднат и преговарачката рамка, преку која никогаш нема да влеземе во ЕУ, ултиматумот за уставни промени... Само така ќе можеме, на нормален начин, да тргнеме кон ЕУ.

По кој знае кој пат, повторни сме ние на потег.

The post Тешки одлуки ни претстојат appeared first on Република.

]]>

Ристо Никовски

Почитувани читатели, отсега ќе се дружиме. На моја иницијатива, редакцијата прифати да ги објавува моите колумни. Тие се подарок за вас. Теми има премногу. Во принцип, тоа е лошо за народот. И изборот не е тежок. Членството во Унијата е предолго на маса и, по многу што – клучно. Со право, народот сака да станеме дел од неа ама работите не одат во таа насока. Речиси сите индикатори покажуваат и докажуваат дека тоа е долгорочна цел којашто, многу лесно, може да биде и недостижна. Причините се бројни. Клучно е што Унијата уште долго нема да се шири. Факт е дека 62 проценти од Французите и 61 процент од Германците се против проширувањето! Кој нивни политичар ќе прима нови држави, ако народот е против? Воопшто не е случајно што токму францускиот претседател, Макрон, го прекина проширувањето. Првиот мотив беше реформирање на самата Унија, што е неспорно потребно, а втор беа длабоки промени на процесот на преговарање. Рамката е суштински редефинирана, и тешко е да се замисли дека некој од сегашните кандидати ќе успее да ја апсолвира. Токму затоа беа измислени и измените. Ако не е така, зошто беше формирана Европска политичка заедница, во која членуваат сите кандидати заедно со членките на ЕУ, или 40-тина држави? Веќе беа одржани четири средби. Ако тоа не е „втора лига“, што може да биде? Потврда дека нема да има проширување се и четирите столба, коишто за кандидатите ги одреди Фон Дер Лајен  - поширок пристап до заедничкиот пазар, регионална соработка, длабоки реформи и повеќе пари од фондовите. Македонија треба да прави се’ што е потребно за да стане членка на ЕУ. Тоа е наш траен интерес, без оглед какви политики ќе тера Брисел. Унијата е цивилизациски дострел, и нема да се распадне. Меѓутоа, мора да се избориме за нормални, легални и принципиелни услови и критериуми, како и за сите други земји. Мора да прекинеме со постојаното виткање на ‘рбетот, секогаш кога нѐ силуваат со ултиматуми. Брисел, пречесто ги користи во однос на Македонија. Нашиот интерес за ЕУ е повеќе димензионален. Најважни се вредностите коишто зрачат од Унијата, и со чија помош полесно ќе ги спроведеме и ние. Тоа го очекуваат сите наши граѓани. Срамно е да се бара камшикар. Тоа покажува  неспособност. Членството во Унијата носи и големи финансиски средства. Само девет од членките се нето контрибутори, додека 18 се нето корисници на фондовите. Најголеми финансиери се Германија со 25,5 милијарди евра годишно, Франција со 12,4 и Холандија со 6,9. Далеку најголем корисник е Полска со 11,9  милијарди евра годишно, а следуваат Грција со 4,3, Унгарија со 4,2 и Романија со 4,1. Бугарија годишно добива 1,73 милијарди евра а Хрватска 1,74. Така, директно се стимулира развојот на овие земји. Унијата е и огромен пазар. Еврото и Шенген зоната, пак, обезбедуваат и безброј други погодности за членките. Мораме максимално да се ангажираме за членство во ЕУ, меѓутоа, во никој случај по секоја цена, како до сега. Бугарската политика, дека Македонија може во ЕУ, ама без македонизмот, поточно без Македонците, што се чини дека е прифатено и од Брисел - не смее да биде опција. Таа е и навредлива и понижувачка, а ја загрозува и безбедноста на целиот Балкан а, со тоа, и на Европа. Чувајќи ги сопствените интереси, ние ги чуваме и пошироките. По крајно погрешните политики, коишто цело време ги води ЕУ кон Македонија, воопшто не треба да зачудува сериозниот пораст на нашиот евро скептицизам. Чудно е дури што е тој се’ уште на толку ниско ниво!? По се’ што ни направија, логично би било да премине и 80 проценти! Тоа е нов доказ за високата трпеливост и толерантност на македонскиот народ, што не е баш секогаш за фалење. На патот кон Брисел, моментално сме оставени во тесен ќор-сокак. Бугарија е само формален блокатор. Најсериозниот предизвик за Македонија е фактот што и негирањето на Атина на нашето име, и најновите будалштини на Софија, се дел од пошироки интереси на меѓународниот фактор. Двете соседни земји имаат и свои апсурдни политики, произлезени од стари и излитени историски синдроми, свои калкулации и долгогодишни аспирации, ама сега се главно компатибилни алатки во туѓи раце и играат по туѓа музика. Затоа се и толку успешни, иако вината е пред се’ наша бидејќи досегашната власт беше спремна на невидени и незамисливи капитулации и историски предавства. Токму како резултат на улогата на меѓународниот фактор, во преговарачката рамка се внесени сите максимални барања на Бугарија, коишто се налудничави и немаат никаква врска со вредностите на Унијата, вклучувајќи ги и ткн. копенхашки критериуми. Во јавноста многу често се спомнува ткн. „француски предлог“, како причина за сите наши сегашни проблеми, иако  малку кој разбира што значи тоа. Во првата половина на 2022 година, со Советот на ЕУ претседаваше Париз. Тоа беше по неколку бугарски блокади на нашите преговори за членство. Претходно, во име на ЕУ, излез бараа Германија и Португалија, ама без успех. Тоа беше уште поголем предизвик за Франција. Нивниот „предлог“, всушност, е преговарачката рамка, којашто беа должни да ја подготват, заедно со другите три документи. Сите тие беа презентирани на првата меѓувладина конференција, и за нас се катастрофални и крајно неприфатливи. Друг предлог - нема. Преговарачката рамка, Париз ја прецизира со Софија. Потоа, вршеа притисок и ние да се сложиме. Следуваше формален договор меѓу премиерите Ковачевски и Петков, којшто беше финализиран во вториот предавнички протокол со Бугарија, потпишан од Б. Османи, на 17 јули 2022 година, во Софија. Со протоколот, којшто е обичен записник, официјализирани беа сите бугарски небулози, веќе внесени во преговарачката рамка - ултиматум за уставни промени, главна улога на историската комисија во нашите преговори за ЕУ... Протоколот е многу пострашен од самиот договор за (не)пријателство. По два дена, на 19 јули, следуваше меѓувладината конференција, на која Македонија беше скршена, а власта се фалеше, поточно лажеше, дека ги започнала преговорите. Деновиве, во Брисел, место со предлог за одложена примена на уставните промени, што не може да помине, премиерот Мицкоски многу добро објасни дека според договорот за (не)пријателство со Бугарија – немаме обврска за промена на Уставот! По долго време, Македонија аргументирано ги бранеше своите фундаментални интереси, ставајќи јасно на знаење што бара и што очекува. Нормална е реакцијата на Брисел дека – „преземените обврски мора да се спроведат“, ама договорот не беше спомнат, и не е јасно од каде произлегуваат тие обврски! Се најдоа во тесно! Не треба да имаме никакви илузии дека било Брисел, а уште помалку Софија, лесно ќе се откажат од нашите претходни, безумни и самоуништувачки отстапки. Тие ќе инсистираат на нив, а наше е да ги увериме дека тоа што го  прифатила претходната власт е неспроведливо во пракса, неприфатливо за македонската држава и народ, а го руши и угледот на ЕУ бидејќи ги игнорира нивните основни вредности. Сега мора да следува офанзива на широко објаснување на нашите позиции и во Брисел, и во Вашингтон, и кај сите членки на ЕУ. Треба да бараме најширока поддршка, преку сите неспорни факти и аргументи коишто ги имаме. Бидејќи и сето тоа нема да ги промени политиките на Брисел, зошто и тој е под притисок, на крајот, сепак, ќе мора ние да преземеме радикален чекор за да излеземе од ќор-сокакот, во којшто самите се доведовме. Тоа е можно само со откажување на вториот протокол, којшто никој не го спомнува бидејќи е незамисливо преговарачка рамка да се повикува на некаков записник, како во нашиов случај. Без протоколот, во вода ќе паднат и преговарачката рамка, преку која никогаш нема да влеземе во ЕУ, ултиматумот за уставни промени... Само така ќе можеме, на нормален начин, да тргнеме кон ЕУ. По кој знае кој пат, повторни сме ние на потег.

The post Тешки одлуки ни претстојат appeared first on Република.

]]>
Дури ни Грција не бараше спорот за името да влезе во преговарачката рамка со ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/duri-ni-grcija-ne-barashe-sporot-za-imeto-da-vleze-vo-pregovarachkata-ramka-so-eu/ Wed, 01 Jun 2022 09:14:23 +0000 https://republika.mk/?p=509641

Најавите кои дооѓаат од Софија и Париз може да отвори нов преседан во преговорите меѓу Европската унија и земјите кандидати.

Доколку билатералните спорови станат услов за почеток на преговори тоа ќе значи дека и други членки на ЕУ ќе го следат примерот на Бугарија. Прва би можела да биде Хрватска која сигурно нема да ја пропушти приликата да ја блокира Србија, а понатаму и Босна и Херцеговина.

Копенхашките критериуми се и треба да останат услов некоја земја да почне преговори и да стане членка.

Ваков став немаше дури ни Грција со која исто така имавме билатерален спор за името. Но, јужниот сосед никогаш не побара спорот да влезе во преговорите со ЕУ туку имаше став спорот да се реши пред тие да почнат.

Поранешниот дипломат Ристо Никовски за „Република“ нагласува дека се уште не е јасно што Франција точно предложи на Бугарите, но оти најавите се поразителни и Македонија во во никој слчај не смее да ги прифати.

Според него. се потврди деа ЕУ е доведена во ќорсокак со своите политики и случајот со Македонија им претставува голем товар.

Неспорно е дека Макрон е лидер на Унијата и дека е длабоко ангажирана со рефорите но дококу тој навистина бара бугарските небулози и национал шофинизам да влезат во преговарачката рамка , тоа не е само што ќе биде преседан туку и ке го затвори патот за сите идни членки-анализира Никовски за „Република“.

Според поранешниот амбасадор, можеби тоа е и намерата на Макрон ако се знае дека 62 проценти се против проширувањето а само 23 проценти би сакале да ја видат Македонија во нивнот друштво.

Ако барањата на Бугарија влезат во преоговорите, тоа во суштина значи дека во преговарчката рамка ќе влезе и декларацијата на бугарсиот пармамет која ја е поддржана од сите партии.
Во неа јасно се бара Македонија да прифати дека имаме заедничка (бугарска) историја, дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот и оти Македонците до 1944 година биле Бугари.

За што всушност треба да преговараме

Минатата година токму на барање на Франција беше променета преговарачката методологија и наместо 32 поглавја се воведоа шест кластери и реверзибилен процес.Тоа значи дека иако земјата кандидат затворила некој кластер тоа може да се врати назад и пак да го преговара доколку некоја земја членка тоа го побара.

 

The post Дури ни Грција не бараше спорот за името да влезе во преговарачката рамка со ЕУ appeared first on Република.

]]>

Најавите кои дооѓаат од Софија и Париз може да отвори нов преседан во преговорите меѓу Европската унија и земјите кандидати. Доколку билатералните спорови станат услов за почеток на преговори тоа ќе значи дека и други членки на ЕУ ќе го следат примерот на Бугарија. Прва би можела да биде Хрватска која сигурно нема да ја пропушти приликата да ја блокира Србија, а понатаму и Босна и Херцеговина. Копенхашките критериуми се и треба да останат услов некоја земја да почне преговори и да стане членка. Ваков став немаше дури ни Грција со која исто така имавме билатерален спор за името. Но, јужниот сосед никогаш не побара спорот да влезе во преговорите со ЕУ туку имаше став спорот да се реши пред тие да почнат. Поранешниот дипломат Ристо Никовски за „Република“ нагласува дека се уште не е јасно што Франција точно предложи на Бугарите, но оти најавите се поразителни и Македонија во во никој слчај не смее да ги прифати. Според него. се потврди деа ЕУ е доведена во ќорсокак со своите политики и случајот со Македонија им претставува голем товар.
Неспорно е дека Макрон е лидер на Унијата и дека е длабоко ангажирана со рефорите но дококу тој навистина бара бугарските небулози и национал шофинизам да влезат во преговарачката рамка , тоа не е само што ќе биде преседан туку и ке го затвори патот за сите идни членки-анализира Никовски за „Република“.
Според поранешниот амбасадор, можеби тоа е и намерата на Макрон ако се знае дека 62 проценти се против проширувањето а само 23 проценти би сакале да ја видат Македонија во нивнот друштво. Ако барањата на Бугарија влезат во преоговорите, тоа во суштина значи дека во преговарчката рамка ќе влезе и декларацијата на бугарсиот пармамет која ја е поддржана од сите партии. Во неа јасно се бара Македонија да прифати дека имаме заедничка (бугарска) историја, дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот и оти Македонците до 1944 година биле Бугари.

За што всушност треба да преговараме

Минатата година токму на барање на Франција беше променета преговарачката методологија и наместо 32 поглавја се воведоа шест кластери и реверзибилен процес.Тоа значи дека иако земјата кандидат затворила некој кластер тоа може да се врати назад и пак да го преговара доколку некоја земја членка тоа го побара.  

The post Дури ни Грција не бараше спорот за името да влезе во преговарачката рамка со ЕУ appeared first on Република.

]]>
Никовски: Ванчо Михајлов е отворен и јасен фашист, власта се однесува срамно https://republika.mk/vesti/makedonija/nikovski-vancho-mihajlov-e-otvoren-i-jasen-fashist-vlasta-se-odnesuva-sramno/ Wed, 20 Apr 2022 20:49:59 +0000 https://republika.mk/?p=491450

Тоа што се случи со отворањето на културниот клуб во Битола е директен доказ дека не третираат како втора бугарска држава, бидејќи тие дојдоа во Македонија како во своја втора држава, изјави поранешниот амбасадор Ристо Никовски во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно?“ на Алфа телевизија.

Никовски додаде дека премиерот за Ванчо Михајлов вели дека е контроверзна личност, но тој не е контроверзна личност, тој е отворен и јасен фашист.

Суштината на ова прашање е зошто ние прифативме да Бугарија организира нешто во нашата земја, кое не е прифатливо за нас и не нѐ покануваат. Од наша страна треба да се каже извините, но вакво нешто не е нормално, доколку сакате нешто да правите во Македонија, тоа нека биде од заеднички интерес, рече Никовски.

Никовски потенцираше дека има толку многу елементи што зборуваат за наша погрешна политика. Се работи за големобугарски чин кои сака да покаже дека е ова втора бугарска држава, каде што тие прават што сакаат и кого сакаат ќе го донесат тука и ќе го постават.

Власта се однесува срамно, поразително и невидено. Бугарите го оживуваат Ванчо Михајлов, затоа што тој не признавал Македонци, тој ги убивал прво Македонците што имале македонска свест, а потоа ги нарекувал говеда, кажа Никовски.

The post Никовски: Ванчо Михајлов е отворен и јасен фашист, власта се однесува срамно appeared first on Република.

]]>

Тоа што се случи со отворањето на културниот клуб во Битола е директен доказ дека не третираат како втора бугарска држава, бидејќи тие дојдоа во Македонија како во своја втора држава, изјави поранешниот амбасадор Ристо Никовски во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно?“ на Алфа телевизија.
Никовски додаде дека премиерот за Ванчо Михајлов вели дека е контроверзна личност, но тој не е контроверзна личност, тој е отворен и јасен фашист.
Суштината на ова прашање е зошто ние прифативме да Бугарија организира нешто во нашата земја, кое не е прифатливо за нас и не нѐ покануваат. Од наша страна треба да се каже извините, но вакво нешто не е нормално, доколку сакате нешто да правите во Македонија, тоа нека биде од заеднички интерес, рече Никовски.
Никовски потенцираше дека има толку многу елементи што зборуваат за наша погрешна политика. Се работи за големобугарски чин кои сака да покаже дека е ова втора бугарска држава, каде што тие прават што сакаат и кого сакаат ќе го донесат тука и ќе го постават.
Власта се однесува срамно, поразително и невидено. Бугарите го оживуваат Ванчо Михајлов, затоа што тој не признавал Македонци, тој ги убивал прво Македонците што имале македонска свест, а потоа ги нарекувал говеда, кажа Никовски.

The post Никовски: Ванчо Михајлов е отворен и јасен фашист, власта се однесува срамно appeared first on Република.

]]>
Влaста се однесува како да сака Mакедонија намерно да колабира на меѓународната сцена со поставување на конзули без никакво искуство https://republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-se-odnesuva-kako-da-saka-makedonija-namerno-da-kolabira-na-megjunarodnata-scena-so-postavuvanje-na-konzuli-bez-nikakvo-iskustvo/ Thu, 17 Feb 2022 11:06:20 +0000 https://republika.mk/?p=459753

Македонската дипломатија го допре дното. Ваков е ставот на познавачите на политичката сцена откако се дознаа имињата на новите конзули во САД. За експертите ова не е никако изненадување ако се знае дека од доаѓањето на оваа власт се случуваат само скандали со дипломати.

Тесно политичките интереси и блискоста со ДУИ станаа единствен критериум кој ќе биде претставник на земјата во странство.  Јавноста добро се сеќава на скандалот со дипломатите во Ерменија, па обидот за назначување на пробелатичниот Фрчовски за амбасадор во САД, па обидот да се направи измена во Законот за надворешни работи каде и срцето требаше да биде услов некој да биде испратен за дипломат.

Назачувањето на ТВ-презентерката Бесмира Ејупи  синот на политичкиот аналитичар Алберт Муслију, кој во дебатите жестоко ги брани политките на власта се само продолжение е само продолжение на таква пракса.

Македонија долго време нема амбасадори на клучни позиции поради тоа што власта и претседателот Пендаровски не можат да најдат заеднички јазик.

За назначување пак на конзули е друга процедура. Нив ги предлага МНР во договор со Владата. Но, во чл.49 од Законот за надоврешни работи  е наведено дека по правило за Генерален конзул се именува дипломат со високо дипломатско звање од МНР. По исклучок, доколку не е кариерен дипломат, тогаш треба да биде афирмирана личност во областа на надворешната политика и меѓународните односи. Ејупи и Муслиу тоа сигурно не се. Но и за нив ќе биде потребна егзекватура, односно одобрение од земјата домаќин.

Пораешниот дипломат Ристо Никовски смета дека кадровската политика е главниот услов на било која држава и оти Македонија се однесува како намерно да сака да колабира на меѓународната сцена.

Поинаку не може да се толкува фактот што во услови кога главните проблеми со кои се соочуваме се од дипломатски карактер а главните наши абасади, вклучувајќи ја и Бугарија се без амбасадори.Тоа повеќе наликува на некава саботажа отколку на одговорна политика.Најновиот случај со избор на конзул во Њујорк само докажува дека уништувањето на македонската држава е повеќедимензионо-објаснува Никовски за „Република“.

 

The post Влaста се однесува како да сака Mакедонија намерно да колабира на меѓународната сцена со поставување на конзули без никакво искуство appeared first on Република.

]]>

Македонската дипломатија го допре дното. Ваков е ставот на познавачите на политичката сцена откако се дознаа имињата на новите конзули во САД. За експертите ова не е никако изненадување ако се знае дека од доаѓањето на оваа власт се случуваат само скандали со дипломати. Тесно политичките интереси и блискоста со ДУИ станаа единствен критериум кој ќе биде претставник на земјата во странство.  Јавноста добро се сеќава на скандалот со дипломатите во Ерменија, па обидот за назначување на пробелатичниот Фрчовски за амбасадор во САД, па обидот да се направи измена во Законот за надворешни работи каде и срцето требаше да биде услов некој да биде испратен за дипломат. Назачувањето на ТВ-презентерката Бесмира Ејупи  синот на политичкиот аналитичар Алберт Муслију, кој во дебатите жестоко ги брани политките на власта се само продолжение е само продолжение на таква пракса. Македонија долго време нема амбасадори на клучни позиции поради тоа што власта и претседателот Пендаровски не можат да најдат заеднички јазик. За назначување пак на конзули е друга процедура. Нив ги предлага МНР во договор со Владата. Но, во чл.49 од Законот за надоврешни работи  е наведено дека по правило за Генерален конзул се именува дипломат со високо дипломатско звање од МНР. По исклучок, доколку не е кариерен дипломат, тогаш треба да биде афирмирана личност во областа на надворешната политика и меѓународните односи. Ејупи и Муслиу тоа сигурно не се. Но и за нив ќе биде потребна егзекватура, односно одобрение од земјата домаќин. Пораешниот дипломат Ристо Никовски смета дека кадровската политика е главниот услов на било која држава и оти Македонија се однесува како намерно да сака да колабира на меѓународната сцена.
Поинаку не може да се толкува фактот што во услови кога главните проблеми со кои се соочуваме се од дипломатски карактер а главните наши абасади, вклучувајќи ја и Бугарија се без амбасадори.Тоа повеќе наликува на некава саботажа отколку на одговорна политика.Најновиот случај со избор на конзул во Њујорк само докажува дека уништувањето на македонската држава е повеќедимензионо-објаснува Никовски за „Република“.
 

The post Влaста се однесува како да сака Mакедонија намерно да колабира на меѓународната сцена со поставување на конзули без никакво искуство appeared first on Република.

]]>
Никовски е жив и здрав: Наслов на колумна предизвикала забуна кај Иван Џо Петревски https://republika.mk/vesti/makedonija/nikovski-e-ziv-i-zdrav-naslov-na-kolumna-predizvikala-zabuna-kaj-ivan-dzo-petrevski/ Sun, 16 Jan 2022 09:48:58 +0000 https://republika.mk/?p=445215

Наслов на колумна за порталот Инфомакс предизвикала забуна и погрешна информација од долгогодишниот македонски активист Иван Џо Петревски кој ја вознемири јавноста во врска со амбасадорот Ристо Никовски.

Никовски е жив и здрав а информацијата за неговата наводна смрт која се прошири молскавично на социјалните мрежи каде стотици луѓе ја споделуваат е неточна.

Во случајов не се работи за намерно споделена информација ниту за некаква шега.

Никовски, за „Експрес.мк“ вели дека претпоставува оти Иван Џо Перевски донел погрешен заклучок за него од насловот на колумната во која зборува за починат македонски активист од Канада.

Ова е Колумната што ја предизвика забуната.

The post Никовски е жив и здрав: Наслов на колумна предизвикала забуна кај Иван Џо Петревски appeared first on Република.

]]>

Наслов на колумна за порталот Инфомакс предизвикала забуна и погрешна информација од долгогодишниот македонски активист Иван Џо Петревски кој ја вознемири јавноста во врска со амбасадорот Ристо Никовски. Никовски е жив и здрав а информацијата за неговата наводна смрт која се прошири молскавично на социјалните мрежи каде стотици луѓе ја споделуваат е неточна. Во случајов не се работи за намерно споделена информација ниту за некаква шега. Никовски, за „Експрес.мк“ вели дека претпоставува оти Иван Џо Перевски донел погрешен заклучок за него од насловот на колумната во која зборува за починат македонски активист од Канада. Ова е Колумната што ја предизвика забуната.

The post Никовски е жив и здрав: Наслов на колумна предизвикала забуна кај Иван Џо Петревски appeared first on Република.

]]>