решение Archives - Република https://republika.mk/tema/reshenie/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Jul 2024 18:40:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png решение Archives - Република https://republika.mk/tema/reshenie/ 32 32 Мицкоски: Довербата во судството е два отсто, како Влада мора да понудиме решение https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-doverbata-vo-sudstvoto-e-dva-otsto-kako-vlada-mora-da-ponudime-reshenie/ Mon, 22 Jul 2024 18:40:34 +0000 https://republika.mk/?p=799318

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека на денешната средба со амбасадорите од ЕУ ја отвориле темата и за реформите во правосудството. Тој нагласи дека довербата во судството е два проценти и оти како Влада мора да понудат решение.

Отворивме една многу важна тема во јавноста, а тоа се реформите во правосудството. Не станува збор дали сме имале или немале несогласувања. Прашањето е ако имате проблем, а ние имаме проблем кој што и тие го констатирале, граѓаните тоа го кажуваат на анкети. Довербата во правосудните органи е два процента и сега кога имате проблем, треба да понудите решение, рече Мицкоски вечерва во гостувањето на „Топ тема“ на ТВ „Телма“.

Тој потсети дека предвидуваат темелна реформа во две институции, односно во Судскиот совет и во Советот на јавни обвинители.

Предвидуваме да имаме темелна реформа во две институции што се важни, а тоа е Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, бидејќи очигледно е дека од тие две институции зависи понатаму кадровската политика во рамки на Обвинителството и во рамки на судовите, но и начинот на тоа како се оценува работата на тие новоизбрани обвинители и судии. И ако граѓаните тоа го оценуваат со два процента доверба, тогаш логично е дека ние како влада која што ја добила довербата од граѓаните дека треба нешто да правиме. Ние не може да правиме работи кои не се дел од нашата програма. Тоа што е дел од нашата програма, ние тоа го кажуваме, нагласи Мицкоски.

Премиерот оцени дека тие две тела треба да имаат свои членови, а не политички претставници кои што доаѓаат како предлози од Владата, Собранието или претаседателот. Вели дека тие треба да бидат избрани од самите обвинители и судии.

Тие самите треба да си изберат претставници, а второ е што треба да имаат автономен буџет, односно да не зависат потоа од политичката волја на владата или некаква друга волја. И трето, нивната работа да биде предмет на надзор од страна на парламентарна комисија и институција во која што ќе има членови и од власат и од опозицијата. И таа комисија практично ќе врши надзор на работата на судовите и на обвинителствата, истакна премиерот Мицкоски.

На прашањето за неговиот коментар, дека странските амбасадори се мешале во внатрешната политика, во однос на реформите во правосудството, вели дека тие го кажале нивниот предлог за решение во правосудството, а од другата страна, кажа тој, имало поединци кои што велеа „ние не се согласуваме“.

Клучните амбасадори, би рекол, беа помеки во тоа изразување. Јас велам „добро, јас толку можам. Ние како Влада толку можеме. Не можеме повеќе. Дајте вие решение, ние ќе го прифатиме, вели Мицкоски.

На прашањето дали на денешната средба амбасадорите на ЕУ дале такви предлози, Мицкоски одговори оти немало такво нешто.

Подготвени сме да го прифатиме секое решение кое што ќе обезбеди поддршка на правосудниот систем, барем таа да биде двоцифрена. Да не биде два, три, пет проценти, туку над десет. Немаме друг интерес, вели Мицкоски.

The post Мицкоски: Довербата во судството е два отсто, како Влада мора да понудиме решение appeared first on Република.

]]>

ДСЗИ ќе издаде решение за забрана за доаѓање на работа на Токсикологија за здравствените работници на кои им истекол договорот за работа пред пет месеци https://republika.mk/zivot/zdravje/dszi-ke-izdade-reshenie-za-zabrana-za-doagane-na-rabota-na-toksikologija-za-zdravstvenite-rabotnitsi-na-koi-im-istekol-dogovorot-za-rabota-pred-pet-mesetsi/ Thu, 02 May 2024 11:16:39 +0000 https://republika.mk/?p=773378

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе издаде решение со кое на здравствените работници кои немаат договор за работа на Клиниката за токсикологија ќе им биде забранет пристап на Клиниката. Ваквиот чекор на ДСЗИ следува откако менаџментот на Клиниката не постапил по издаденото решение за опомена со наложени инспекциски мерки.

Како што денеска информираше директорката на ДСЗИ Рената Младеновска менаџментот на Клиниката не постапил по мерките што ги издал ДЗСИ, освен по една точка да се свика Управниот одбор.

Прашана како е можно да се појавуваат на работа лица кои немаат договор за работа, Младеновска упати одговорот да се бара кај менаџментот на Клиниката и кај Министерството за здравство.

ДСЗИ изврши контролен инспекциски надзор на Клиниката за токсикологија по издадено решение за опомена со наложени инспекциски мерки кои истото беа должни во рок од три дена да испратат писмено известување дали е постапено по истото решение, меѓутоа такво писмено известување не добивме. Со оглед на фактот дека на самиот надзор присуствуваа двајцата директори и медицинскиот и организацискиот беше доставена документација во однос на листи од електронска евиденција на работно време и контрола на пристап во просториите од истите документи ДСЗИ го констатираше следново: По точка 1 и 2 од решението издадено за опомена не се постапува, односно здравствените работници соработници коишто немаат договор за вработување, односно договорот им истекол на 31.12.2023 година истите се евидентираат и понатаму на Клиниката за токсикологија што значи дека под точка 1 и 2 не е постапено од решението, рече Младеновска.

Доколку не се постапи и по ова решение, Младеновска рече дека следуваат парични казни за организацискиот и за медицинскиот директор, како и за самата Клиника.

Единаесет здравствени работници и соработници во решението од ДСЗИ кои биле без никаков договор за вработување, откако договорите им истекле на 31 декември лани и понатаму се евидентирале во електронскиот систем за евиденција на работното време и контрола на пристап до просториите. Со евиденцијата на присуство во просториите на јавните здравствени установи не било постапено по точка 1 од решението.

Постапено било само по точка 4 - медицинскиот директор на Клиниката побарал од претседателот на УО да свика состанок, тој ги поканил членовите и денеска била закажана седница, а според добиените информации, морало да се постапува по решението издадено од страна на ДСЗИ.

Младеновска кажа дека о организациската директорка разговарале со преведувач бидејќи таа не го користи македонскиот јазик.

Вработени од Токсикологија преку писмо до медиумите реагираа за односот на в. д. организациската директорка Бесија Иљази, која меѓудругото не потпишува клучни документи. Во писмото пишуваше дека Клиниката веќе два месеца не е осигурана иако тоа е законска обврска. На прес-конфренцијата, лекари од стручниот колегиум на Токсикологија кажаа дека Иљази не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар. Но, затоа е упорна да се вработат 18 лица на кои им се истечени договорите за дело на 31 декември 2023. Тие кажаа дека Иљази не знае македонски јазик и не може да се разберат со неа и доаѓа на работа во 10 часот, а си оди во 14,30.

По прес-конфренцијата на лекарите од стручниот колегиум на Токсикологија, средба со новинарите имаше и министерот за здравство Илир Демири кој најави дека ќе го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија д-р Данил Петровски, а за економската директорка Бесија Иљази, вели дека нема констатирано ниту едно прекршување.

Неколку дена подоцна пукна цевка од парно на Токсикологија и беа поплавени речиси сите лекарски канцеларии на вториот кат, болнички соби на првиот кат, Одделението и сметководство, ходниците на приземјето, чекалната се до амбулантата на ОРЛ и дел од подрумските простории.

https://republika.mk/zivot/zdravje/na-toksikologija-poplaveni-lekarski-kantselarii-bolnichki-sobi-smetkovodstvo-ambulanta-na-orl-shtetata-dopolnitelno-ke-se-utvrduva/

https://republika.mk/vesti/makedonija/ekonomskata-direktorka-na-toksikologija-besija-ilazi-go-zgolemi-dolgot-na-klinikata-raboti-po-4-5-chasa-ne-potpishuva-kluchni-dokumenti-i-ne-znae-makedonski/

https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-za-zdravstvo-deneska-ke-go-razreshi-meditsinskiot-direktor-na-toksikologija-d-r-petrovski-a-za-ekonomskata-direktorka-ilazi-veli-nema-nitu-edno-prekrshuvane/

The post ДСЗИ ќе издаде решение за забрана за доаѓање на работа на Токсикологија за здравствените работници на кои им истекол договорот за работа пред пет месеци appeared first on Република.

]]>

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе издаде решение со кое на здравствените работници кои немаат договор за работа на Клиниката за токсикологија ќе им биде забранет пристап на Клиниката. Ваквиот чекор на ДСЗИ следува откако менаџментот на Клиниката не постапил по издаденото решение за опомена со наложени инспекциски мерки. Како што денеска информираше директорката на ДСЗИ Рената Младеновска менаџментот на Клиниката не постапил по мерките што ги издал ДЗСИ, освен по една точка да се свика Управниот одбор. Прашана како е можно да се појавуваат на работа лица кои немаат договор за работа, Младеновска упати одговорот да се бара кај менаџментот на Клиниката и кај Министерството за здравство.
ДСЗИ изврши контролен инспекциски надзор на Клиниката за токсикологија по издадено решение за опомена со наложени инспекциски мерки кои истото беа должни во рок од три дена да испратат писмено известување дали е постапено по истото решение, меѓутоа такво писмено известување не добивме. Со оглед на фактот дека на самиот надзор присуствуваа двајцата директори и медицинскиот и организацискиот беше доставена документација во однос на листи од електронска евиденција на работно време и контрола на пристап во просториите од истите документи ДСЗИ го констатираше следново: По точка 1 и 2 од решението издадено за опомена не се постапува, односно здравствените работници соработници коишто немаат договор за вработување, односно договорот им истекол на 31.12.2023 година истите се евидентираат и понатаму на Клиниката за токсикологија што значи дека под точка 1 и 2 не е постапено од решението, рече Младеновска.
Доколку не се постапи и по ова решение, Младеновска рече дека следуваат парични казни за организацискиот и за медицинскиот директор, како и за самата Клиника. Единаесет здравствени работници и соработници во решението од ДСЗИ кои биле без никаков договор за вработување, откако договорите им истекле на 31 декември лани и понатаму се евидентирале во електронскиот систем за евиденција на работното време и контрола на пристап до просториите. Со евиденцијата на присуство во просториите на јавните здравствени установи не било постапено по точка 1 од решението. Постапено било само по точка 4 - медицинскиот директор на Клиниката побарал од претседателот на УО да свика состанок, тој ги поканил членовите и денеска била закажана седница, а според добиените информации, морало да се постапува по решението издадено од страна на ДСЗИ. Младеновска кажа дека о организациската директорка разговарале со преведувач бидејќи таа не го користи македонскиот јазик. Вработени од Токсикологија преку писмо до медиумите реагираа за односот на в. д. организациската директорка Бесија Иљази, која меѓудругото не потпишува клучни документи. Во писмото пишуваше дека Клиниката веќе два месеца не е осигурана иако тоа е законска обврска. На прес-конфренцијата, лекари од стручниот колегиум на Токсикологија кажаа дека Иљази не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар. Но, затоа е упорна да се вработат 18 лица на кои им се истечени договорите за дело на 31 декември 2023. Тие кажаа дека Иљази не знае македонски јазик и не може да се разберат со неа и доаѓа на работа во 10 часот, а си оди во 14,30. По прес-конфренцијата на лекарите од стручниот колегиум на Токсикологија, средба со новинарите имаше и министерот за здравство Илир Демири кој најави дека ќе го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија д-р Данил Петровски, а за економската директорка Бесија Иљази, вели дека нема констатирано ниту едно прекршување. Неколку дена подоцна пукна цевка од парно на Токсикологија и беа поплавени речиси сите лекарски канцеларии на вториот кат, болнички соби на првиот кат, Одделението и сметководство, ходниците на приземјето, чекалната се до амбулантата на ОРЛ и дел од подрумските простории. https://republika.mk/zivot/zdravje/na-toksikologija-poplaveni-lekarski-kantselarii-bolnichki-sobi-smetkovodstvo-ambulanta-na-orl-shtetata-dopolnitelno-ke-se-utvrduva/ https://republika.mk/vesti/makedonija/ekonomskata-direktorka-na-toksikologija-besija-ilazi-go-zgolemi-dolgot-na-klinikata-raboti-po-4-5-chasa-ne-potpishuva-kluchni-dokumenti-i-ne-znae-makedonski/ https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-za-zdravstvo-deneska-ke-go-razreshi-meditsinskiot-direktor-na-toksikologija-d-r-petrovski-a-za-ekonomskata-direktorka-ilazi-veli-nema-nitu-edno-prekrshuvane/

The post ДСЗИ ќе издаде решение за забрана за доаѓање на работа на Токсикологија за здравствените работници на кои им истекол договорот за работа пред пет месеци appeared first on Република.

]]>
Општина Центар издаде решение за отстранување на доградба на локал на улица „Македонија“ https://republika.mk/vesti/skopje/opshtina-centar-izdade-reshenie-za-otstranuvanje-na-dogradba-na-lokal-na-ulica-makedonija/ Fri, 11 Nov 2022 09:37:06 +0000 https://republika.mk/?p=572663

Овластен градежен инспектор на Општина Центар издаде Решение со кое му наредува на инвеститорот на доградба на локал на улица „Македонија“ да ја отстрани истата и да го врати локалот во првобитна состојба.

Станува збор за доградба на локал на улица „Македонија на парцела која е земјиште во сопственост на РСМ.
Постапувајќи по службена должност, инспекторот изврши увид, состави записник, по кој сопственикот беше повикан во Општина Центар да ја достави потребната документација на увид. Откако сопственикот не се појави во општината, овластениот градежен инспектор донесе Решение за отстранување на градбата.

Доколку сопственикот на објектот не ја отстрани доградбата на локалот во законски зададениот рок, истата ќе биде административно извршена и отстранета.

Општина Центар упатува апел до сите инвеститори и сопственици на нелегални објекти и доградби, да постапуваат по издадените решенија за отстранување на објектите. Во спротивно, општината присилно ќе ги отстрани, со што трошоците за отстранувањето ќе паднат на товар на инвеститорите, односно сопствениците на нелегално поставените објекти, информираат од општина Центар.

The post Општина Центар издаде решение за отстранување на доградба на локал на улица „Македонија“ appeared first on Република.

]]>

Овластен градежен инспектор на Општина Центар издаде Решение со кое му наредува на инвеститорот на доградба на локал на улица „Македонија“ да ја отстрани истата и да го врати локалот во првобитна состојба.
Станува збор за доградба на локал на улица „Македонија на парцела која е земјиште во сопственост на РСМ. Постапувајќи по службена должност, инспекторот изврши увид, состави записник, по кој сопственикот беше повикан во Општина Центар да ја достави потребната документација на увид. Откако сопственикот не се појави во општината, овластениот градежен инспектор донесе Решение за отстранување на градбата.
Доколку сопственикот на објектот не ја отстрани доградбата на локалот во законски зададениот рок, истата ќе биде административно извршена и отстранета. Општина Центар упатува апел до сите инвеститори и сопственици на нелегални објекти и доградби, да постапуваат по издадените решенија за отстранување на објектите. Во спротивно, општината присилно ќе ги отстрани, со што трошоците за отстранувањето ќе паднат на товар на инвеститорите, односно сопствениците на нелегално поставените објекти, информираат од општина Центар.

The post Општина Центар издаде решение за отстранување на доградба на локал на улица „Македонија“ appeared first on Република.

]]>