Рене Карабаш Archives - Република https://republika.mk/tema/rene-karabash/ За подобро да се разбереме Sun, 15 Sep 2024 13:02:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Рене Карабаш Archives - Република https://republika.mk/tema/rene-karabash/ 32 32 Поделбата на литературата на машка и на женска ја омаловажува до ниво што автоматски ѝ ја одзема нејзината длабочина https://republika.mk/vesti/kultura/podelbata-na-literaturata-na-mashka-i-na-zhenska-ja-omalovazhuva-do-nivo-shto-avtomatski-ja-odzema-nejzinata-dlabochina/ Sun, 15 Sep 2024 13:00:55 +0000 https://republika.mk/?p=816514

Во последно време сè повеќе размислувам дека единствените машки писатели што ми се допаѓаат се феминистки во нивното пишување и размислување. И тоа е толку секси и толку добро што надежта за 'храбриот нов свет' во мене повторно се раѓа, вели во интервју за „Република“ бугарската писателка Рене Карабаш, која е гостинкка на 12. издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ кој почнува вечерва во 20 часот во Даут Пашин амам во Скопје.

На македонската читателска публика Карабаш ѝ е позната преку делото „Остајница“, за кое таа доби престижни награди, а во разговор за „Република“ вели дека корицата на романот преведен на македонски јазик ѝ е една од најомилените.

Рене Карабаш (Ирена Иванова, 1989) е наградувана писателка, актерка, сценаристка и поетеса. За нејзината главна улога во филмот „Безбожник“, таа освои голем број награди за најдобра актерка на европските фестивали: „Сребрен леопард“ во Локарно, „Алуминиумски коњ“ во Стокхолм, „Срцето на Сараево“ итн. Дебитантскиот роман на Рене „Онаа што останува“ ја доби престижната книжевна награда „Елиас Канети“ и била номинирана за наградата Роман на годината и Националната книжевна награда „Перото“.

Во декември 2023 година, францускиот превод на романот од страна на Мари-Вринат Никлов беше награден со Француската ПЕН награда. Англиски извадок од насловот беше награден со наградата за превод на Gulf Coast Journal за 2023 година. „Таа што останува“ веќе е објавен на арапски, француски, полски, босански и македонски јазик, а правата се продаваат во Бразил, САД, Италија, Србија и Грција. Во тек е киноадаптација на романот. Филмот ќе се снима во 2025 година во копродукција со Албанија, Германија, Италија и Романија.

Рене е сценарист на драмската серија „Ние, брановите“, што в година ќе се прикажува на Бугарската национална телевизија. Таа е основач на „The Rabbit Hole“ – академија за креативно пишување, која ги прибира како предавачи некои од најистакнатите писатели во Бугарија.

Ирена Иванова, родена 1989 година, сега Рене Карабаш, е поетеса, наградувана писателка, позната актерка, драматруг, која пишува сценарио за нова тв-серија. Со која Рене ви е најпријатно да се дружите?

КАРАБАШ: Сакам да комуницирам со која било Рене од наведените. Но, ми се чини, најмногу сакам да комуницирам со таа Рене која стои зад секоја од нив. Таа е раката што се лизга во овие различни ракавици и создава преку нив. Оваа Рене ми е омилена и најважна.

Каков е вашиот став за тоа дали литературата може да се дели на машка и женска? Односно дали сметате дека постои таканаречено женско писмо? Треба и уметноста да има такви поделби?

КАРАБАШ: За мене уметноста не треба да се дели на машка и женска. Мора да биде андрогена, како самиот Бог, кој во себе носи машка и женска енергија. Секој писател мора да ги совлада овие две креативни енергии во себе и да знае како да ги користи. Поделбата на литературата, уметноста, на машка и на женска ја омаловажува до ниво што автоматски ѝ ја одзема нејзината длабочина: 'Ова е напишано од жена, ова е напишано од маж'. И? Според мене, најважно е дали текстот има  божествена енергија во себе и дали го допира читателот. Ова е единствениот критеритум според кој мора да дефинираме едно дело.

Зошто Рене Карабаш? Како го одбравте ова име? Има ли некаква приказна?

КАРАБАШ: Карабаш е презимето на мајка ми. Таа ми раскажуваше многу за мојот прадедо Карабаша, кој стопанисувал со стотици декари шума и вршел многу важна работа. Кога мајка ми се омажи за татко ми, го зеде неговото презиме и нејзиното семејство беше заборавено. И, како на шега, решив да го земам ова презиме како писателски псевдоним, а и како симбол на оние предци кои живееле пред мене и кои верувам дека ќе ми помогнат. А Рене се појави кога се вратив од Франција, каде што студирав. Моите пријатели почнаа да ме викаат Рене и така се роди Рене Карабаш.

ПРО-За Балкан кој се одржува по 12. пат во Скопје се етаблираше како еден од најзначајните Фестивали во регионот кој го следи пулсот на времето во кое живееме. Гостите внимателно одбрани, секој мајстор во пишувањето. Што очекувате од ова издание на Про-За Балкан?

КАРАБАШ: Многу слушав за овој Фестивал и знам дека секоја година собира големи писатели, издавачи и агенти од целиот свет и регионот. За мене е вистинска чест што сум дел од фестивалската програма. Очекувам да запознаам интересни писатели, издавачи. Некои ги знам од други фестивали на кои сум била, некои не ги познавам, но најважно е што ќе бидам дел од нешто што нè зближува како луѓе, а не нè разделува.

Вашето најпознато дело „Остајница“ за кое добивте многубројни престижни награди е преведено на македонски јазик. Како ви оди соработката со македонските издавачи? Може ли да очекуваме нов превод на некое од вашите дела?

КАРАБАШ: Исклучително сум среќа што Михајло Свидерски е мојот македонски издавач и преведувач на мојот роман. Освен што е добар издавач и преведувач, Михајло е и многу добар писател, што е голем плус, особено за преведување на книга како мојата, напишана како една долга поема. Овде првпат споделувам дека корицата на македонското издание на мојот роман, е една од моите омилени корици некогаш објавени. Може да кажам и најомилена. Се надевам дека „Остајница“ ќе допре до срцата на македонските читатели и наскоро и други мои дела ќе бидат објавени на македонски јазик.

Про-За Балкан ги слави различностите на писателите во регионот и идејата е дека различносите треба и не привлекуваат, а не не одалечуваат. Што мислите Вие?

КАРАБАШ: Апсолутно се согласувам. Има доволно итни прашања и конфликти кои можат постојано да нè отуѓуваат и разделуваат. А моќта на литературата е токму во ова - да гради мостови меѓу луѓето, а не да ги уништува. Добро е да се организираат вакви настани и фестивали кои прикажуваат различни уметници по пол, раса, националност, сексуалност итн бидејќи различноста го прави светот поубав и побогат. И кога сите овие 'различни' луѓе ќе се соберат на едно место, разбираме колку сме сите исти. На крајот на краиштата, сите сме направени од ѕвездена прашина. И ќе бидеме прашина еден ден.

Треба ли писателките да ја скратат косата, да дадат заклетва и да облечат машка облека за да се чуе нивниот глас во светот на книжевноста?

КАРАБАШ: Не. Тие треба да пишуваат со својата женска ранливост за оние кои тоа го прават, а со тоа сакаат да станат еднакви со мажите. Покрај тоа што се збунети писателки, тие треба да бидат и активни граѓанки кои слободно зборуваат и пишуваат за родовата нееднаквост. Жените имаат многу работа со правата кои толку долго им биле ускратувани. Затоа треба да разговараме. И феминистките не треба да се гледаат како бесни жени со хормонални проблеми подготвени да го убијат секој маж што ќе им се најде на патот. Напротив. Целта на феминизмот е да го врати местото на жената, а тоа не е ни над ни под мажите. Во последно време сè повеќе размислувам дека единствените машки писатели што ми се допаѓаат се феминистки во нивното пишување и размислување. И тоа е толку секси и толку добро што надежта за 'храбриот нов свет' во мене повторно се раѓа.

Разговараше: Александра М. Бундалевска

The post Поделбата на литературата на машка и на женска ја омаловажува до ниво што автоматски ѝ ја одзема нејзината длабочина appeared first on Република.

]]>

Во последно време сè повеќе размислувам дека единствените машки писатели што ми се допаѓаат се феминистки во нивното пишување и размислување. И тоа е толку секси и толку добро што надежта за 'храбриот нов свет' во мене повторно се раѓа, вели во интервју за „Република“ бугарската писателка Рене Карабаш, која е гостинкка на 12. издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ кој почнува вечерва во 20 часот во Даут Пашин амам во Скопје. На македонската читателска публика Карабаш ѝ е позната преку делото „Остајница“, за кое таа доби престижни награди, а во разговор за „Република“ вели дека корицата на романот преведен на македонски јазик ѝ е една од најомилените. Рене Карабаш (Ирена Иванова, 1989) е наградувана писателка, актерка, сценаристка и поетеса. За нејзината главна улога во филмот „Безбожник“, таа освои голем број награди за најдобра актерка на европските фестивали: „Сребрен леопард“ во Локарно, „Алуминиумски коњ“ во Стокхолм, „Срцето на Сараево“ итн. Дебитантскиот роман на Рене „Онаа што останува“ ја доби престижната книжевна награда „Елиас Канети“ и била номинирана за наградата Роман на годината и Националната книжевна награда „Перото“. Во декември 2023 година, францускиот превод на романот од страна на Мари-Вринат Никлов беше награден со Француската ПЕН награда. Англиски извадок од насловот беше награден со наградата за превод на Gulf Coast Journal за 2023 година. „Таа што останува“ веќе е објавен на арапски, француски, полски, босански и македонски јазик, а правата се продаваат во Бразил, САД, Италија, Србија и Грција. Во тек е киноадаптација на романот. Филмот ќе се снима во 2025 година во копродукција со Албанија, Германија, Италија и Романија. Рене е сценарист на драмската серија „Ние, брановите“, што в година ќе се прикажува на Бугарската национална телевизија. Таа е основач на „The Rabbit Hole“ – академија за креативно пишување, која ги прибира како предавачи некои од најистакнатите писатели во Бугарија. Ирена Иванова, родена 1989 година, сега Рене Карабаш, е поетеса, наградувана писателка, позната актерка, драматруг, која пишува сценарио за нова тв-серија. Со која Рене ви е најпријатно да се дружите? КАРАБАШ: Сакам да комуницирам со која било Рене од наведените. Но, ми се чини, најмногу сакам да комуницирам со таа Рене која стои зад секоја од нив. Таа е раката што се лизга во овие различни ракавици и создава преку нив. Оваа Рене ми е омилена и најважна. Каков е вашиот став за тоа дали литературата може да се дели на машка и женска? Односно дали сметате дека постои таканаречено женско писмо? Треба и уметноста да има такви поделби? КАРАБАШ: За мене уметноста не треба да се дели на машка и женска. Мора да биде андрогена, како самиот Бог, кој во себе носи машка и женска енергија. Секој писател мора да ги совлада овие две креативни енергии во себе и да знае како да ги користи. Поделбата на литературата, уметноста, на машка и на женска ја омаловажува до ниво што автоматски ѝ ја одзема нејзината длабочина: 'Ова е напишано од жена, ова е напишано од маж'. И? Според мене, најважно е дали текстот има  божествена енергија во себе и дали го допира читателот. Ова е единствениот критеритум според кој мора да дефинираме едно дело. Зошто Рене Карабаш? Како го одбравте ова име? Има ли некаква приказна? КАРАБАШ: Карабаш е презимето на мајка ми. Таа ми раскажуваше многу за мојот прадедо Карабаша, кој стопанисувал со стотици декари шума и вршел многу важна работа. Кога мајка ми се омажи за татко ми, го зеде неговото презиме и нејзиното семејство беше заборавено. И, како на шега, решив да го земам ова презиме како писателски псевдоним, а и како симбол на оние предци кои живееле пред мене и кои верувам дека ќе ми помогнат. А Рене се појави кога се вратив од Франција, каде што студирав. Моите пријатели почнаа да ме викаат Рене и така се роди Рене Карабаш. ПРО-За Балкан кој се одржува по 12. пат во Скопје се етаблираше како еден од најзначајните Фестивали во регионот кој го следи пулсот на времето во кое живееме. Гостите внимателно одбрани, секој мајстор во пишувањето. Што очекувате од ова издание на Про-За Балкан? КАРАБАШ: Многу слушав за овој Фестивал и знам дека секоја година собира големи писатели, издавачи и агенти од целиот свет и регионот. За мене е вистинска чест што сум дел од фестивалската програма. Очекувам да запознаам интересни писатели, издавачи. Некои ги знам од други фестивали на кои сум била, некои не ги познавам, но најважно е што ќе бидам дел од нешто што нè зближува како луѓе, а не нè разделува. Вашето најпознато дело „Остајница“ за кое добивте многубројни престижни награди е преведено на македонски јазик. Како ви оди соработката со македонските издавачи? Може ли да очекуваме нов превод на некое од вашите дела? КАРАБАШ: Исклучително сум среќа што Михајло Свидерски е мојот македонски издавач и преведувач на мојот роман. Освен што е добар издавач и преведувач, Михајло е и многу добар писател, што е голем плус, особено за преведување на книга како мојата, напишана како една долга поема. Овде првпат споделувам дека корицата на македонското издание на мојот роман, е една од моите омилени корици некогаш објавени. Може да кажам и најомилена. Се надевам дека „Остајница“ ќе допре до срцата на македонските читатели и наскоро и други мои дела ќе бидат објавени на македонски јазик. Про-За Балкан ги слави различностите на писателите во регионот и идејата е дека различносите треба и не привлекуваат, а не не одалечуваат. Што мислите Вие? КАРАБАШ: Апсолутно се согласувам. Има доволно итни прашања и конфликти кои можат постојано да нè отуѓуваат и разделуваат. А моќта на литературата е токму во ова - да гради мостови меѓу луѓето, а не да ги уништува. Добро е да се организираат вакви настани и фестивали кои прикажуваат различни уметници по пол, раса, националност, сексуалност итн бидејќи различноста го прави светот поубав и побогат. И кога сите овие 'различни' луѓе ќе се соберат на едно место, разбираме колку сме сите исти. На крајот на краиштата, сите сме направени од ѕвездена прашина. И ќе бидеме прашина еден ден. Треба ли писателките да ја скратат косата, да дадат заклетва и да облечат машка облека за да се чуе нивниот глас во светот на книжевноста? КАРАБАШ: Не. Тие треба да пишуваат со својата женска ранливост за оние кои тоа го прават, а со тоа сакаат да станат еднакви со мажите. Покрај тоа што се збунети писателки, тие треба да бидат и активни граѓанки кои слободно зборуваат и пишуваат за родовата нееднаквост. Жените имаат многу работа со правата кои толку долго им биле ускратувани. Затоа треба да разговараме. И феминистките не треба да се гледаат како бесни жени со хормонални проблеми подготвени да го убијат секој маж што ќе им се најде на патот. Напротив. Целта на феминизмот е да го врати местото на жената, а тоа не е ни над ни под мажите. Во последно време сè повеќе размислувам дека единствените машки писатели што ми се допаѓаат се феминистки во нивното пишување и размислување. И тоа е толку секси и толку добро што надежта за 'храбриот нов свет' во мене повторно се раѓа. Разговараше: Александра М. Бундалевска

The post Поделбата на литературата на машка и на женска ја омаловажува до ниво што автоматски ѝ ја одзема нејзината длабочина appeared first on Република.

]]>
Со Борис Дежуловиќ, Рене Карабаш и Ѕвездан Георгиевски вечерва се отвора „ПРО-ЗА Балкан“ https://republika.mk/vesti/kultura/so-boris-dezhulovik-rene-karabash-i-zvezdan-georgievski-vecherva-se-otvora-pro-za-balkan/ Sun, 15 Sep 2024 11:16:35 +0000 https://republika.mk/?p=816504

Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ ќе биде отворен вечерва, (недела, 15 септември) во 20 часот во Даут-пашиниот амам во Скопје. Врвни автори од регионот како Борис Дежуловиќ од Хрватска, лауреатот на наградата „Прозарт“ за 2024 година, Владимир Пиштало од Србија, Рене Карабаш од Бугарија, како и домашни автори се гости на фестивалот, што ќе трае до 17 септември.

На првата фестивалска вечер, Дежуловиќ ќе биде во друштво со Карабаш и домашниот автор Ѕвездан Георгиевски. Со нив ќе разговараат Александар Прокопиев и Ермис Лафазановски.

Борис Дежуловиќ ја започнал својата новинарска кариера во 1977 година, работејќи како уредник на списанието „Омладинска искра“. Работел како новинар во „Неделна Далмација“, а потоа бил репортер и коментатор за „Слободна Далмација“. Во 1988 година, заедно со Виктор Иванчиќ и Предраг Лучиќ, го основаат сатиричниот додаток во „Неделна Далмација“, „Ферал Трибјун“, кој подоцна станува независен сатирично – политички неделник. Тој го напушта „Ферал“ во 1999 година и станува колумнист за „Глобус“ и други публикации кои ги издава „Холдинг Европа прес“. Од 2015 година пишува за „Новости“, неделниот магазин на Српскиот национален совет. Дежуловиќ, исто така, бил соработник и редовен колумнист за многу балкански регионални медиуми, од љубљанскиот словенечки дневен весник „Дневник“ и порталот N1, а пишувал и за многу други регионални медиуми.

Од страна на Хрватското новинарско здружение два пати е прогласуван за новинар на годината (и тоа во 2004 и 2022 година), а во 2014 година ја добива Европската новинарска награда за најдобар коментатор.

Тој е автор на романите „Christkind“ „Јебо сад хилјаду динара“, „Песни од Лора“, книга со кратки раскази „Подглавникова бактерија“, и романот за деца и млади „Животот и сонот на лебарката Жастомир“. Коавтор е на неколку прозни збирки и монографии, автор на сценариото за документарниот филм „Градителскиот дневник“ (2007) од Јасмила Жбаниќ. Дежуловиќ подготвил избор од неговите колумни во неколку тома и ја уредувал Антологијата на современата хрватска глупост (Библиотека Ферал трибјун, 1999) со Предраг Лучиќ, а го уредувал и Либрето на нашето мало пристаниште Миленко Смоје.

Рене Карабаш (Ирена Иванова, 1989) е писателка, сценаристка и поетеса. За нејзината главна улога во филмот „Безбожник“, таа освои голем број награди за најдобра актерка на европските фестивали: „Сребрен леопард“ во Локарно, „Алуминиумски коњ“ во Стокхолм, „Срцето на Сараево“ итн. Дебитантскиот роман на Рене „Онаа што останува“ ја доби престижната книжевна награда „Елиас Канети“ и била номинирана за наградата Роман на годината и Националната книжевна награда „Перото“.

Во декември 2023 година, францускиот превод на романот од страна на Мари-Вринат Никлов беше награден со Француската ПЕН награда. Англиски извадок од насловот беше награден со наградата за превод на Gulf Coast Journal за 2023 година. „Таа што останува“ веќе е објавен на арапски, француски, полски, босански и македонски јазик, а правата се продаваат во Бразил, САД, Италија, Србија и Грција. Во тек е киноадаптација на романот. Филмот ќе се снима во 2025 година во копродукција со Албанија, Германија, Италија и Романија.

Рене е сценарист на драмската серија „Ние, брановите“, што в година ќе се прикажува на Бугарската национална телевизија. Таа е основач на „The Rabbit Hole“ – академија за креативно пишување, која ги прибира како предавачи некои од најистакнатите писатели во Бугарија.

Ѕвездан Георгиевски работел како новинар во повеќе редакции: „Нова Македонија“, „Пулс“, „Утрински весник“, „Глобус“… Еден е од основачите на „Канал 4“, првото приватно радио во Македонија. Основач е на наградата „Роман на годината“ што своевремено ја доделуваше „Утрински весник“, а сега ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

Ги објавил: „Недела дена во животот и смртта на Гроздан“ ( роман, „Темплум“, 2016), „Урбани топоними“ (есеи, „Темплум“ 2018), „Да не бидам покусо“ (раскази, „Просветно дело“, 2018), „Плачеш како кит“ (роман, „Бегемот“, 2023) и „Базирано врз речиси вистинити настани“ (записи, „Бегемот“ 2024). Автор е на сценарија за краткометражни и среднометражни документарни филмови за Скопје. Преведува од јазизите на некогашните југословенски републики. Во моментот работи како извршен директор на Фондацијата „Славко Јаневски“.

Гости на отворањето ќе бидат и членови на програмата „Скопје фелоушип“ – една од влијателните имиња во европското издаваштво, Катарина Луа ван Хоф, поранешна шефица на одделот за странска литература во францускиот гигант „Галимар“, еден од најистакнатите издавачки директори во Обединетите Арапски Емирати, Тамер Саид, соосновачот на грчкиот „Вакхикон“, Несторас Пулакос, кој ја издаде на грчки Лидија Димковска, претставничка од француската агенција #BAM, Лали Бернар, Јоана Јежорна-Крамаж од издавачката куќа „Познан“ од Полска, Рикардо Лопез од шпанското издаваштво „Арменија“, Катја Кац од КУД „Содобност Интернационал“ од Словенија и литературниот скаут Валерија Паолини од Италија.

На вториот фестивалски ден, на 16 септември во 13.30 часот во Бугарскиот културно-информативен центар ќе се одржи традиционалната средба на членовите на програмата „Скопје фелоушип“ со претставници на Македонската асоцијација на издавачи.

Вечерта во 20 часот во Europe House Скопје ќе се одржи тркалезна маса на тема „Литературата како форма на отпор“, на која ќе учествуваат гостите писатели, а ќе ја модерира Владимир Јанковски. Претходно, во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе се одржи средба на деца со словенечката писателка на книги за деца и адолесценти, Мајда Корен. Писателката ќе одржи средба со деца и во ООУ „Вера Циривири Трена“ во Скопје следниот ден.

На 17 септември, на гостите издавачи и литературни агенти ќе им биде претставен конкурсот на Министерство за култура за финансирање преводи на странски издавачи на Министерството за култура.

Посебна книжевна средба со Ван Хоф и Бернар е закажана во 17 часот во Француски институт во Скопје.

Наградата „Прозарт“, што фестивалот по 12. пат ја доделува на истакнат автор за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, ќе му биде врачена на српскиот писател Владимир Пиштало на затворањето на фестивалот на 17 септември. Со Пиштало, британскиот писател, филмски продуцент и актуелен претседавач на Европската филмска академија, Мајк Дауни, македонската поетеса, раскажувач, есеист, преведувач, лектор, Виолета Танчева – Златева и српскиот поет, есеист и литературен критичар, Ненад Шапоња, ќе разговараат Прокопиев и Лафазановски.

На 18 септември во Кинотека од 20 часот, во рамките на офф-програмата, ќе биде прикажан филмот „Караула“ во режија на Рајко Грлиќ, со присуство на продуцентот, Мајк Дауни со кој ќе следува разговор пред проекцијата.

Организатор на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура и туризам, „Традуки“, Амбасадата на Србија, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, КУД Содобност, Француски институт во Скопје, Кинотеката, Амбасада на Грција, библиотеката „Браќа Миладиновци“.

The post Со Борис Дежуловиќ, Рене Карабаш и Ѕвездан Георгиевски вечерва се отвора „ПРО-ЗА Балкан“ appeared first on Република.

]]>

Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ ќе биде отворен вечерва, (недела, 15 септември) во 20 часот во Даут-пашиниот амам во Скопје. Врвни автори од регионот како Борис Дежуловиќ од Хрватска, лауреатот на наградата „Прозарт“ за 2024 година, Владимир Пиштало од Србија, Рене Карабаш од Бугарија, како и домашни автори се гости на фестивалот, што ќе трае до 17 септември. На првата фестивалска вечер, Дежуловиќ ќе биде во друштво со Карабаш и домашниот автор Ѕвездан Георгиевски. Со нив ќе разговараат Александар Прокопиев и Ермис Лафазановски. Борис Дежуловиќ ја започнал својата новинарска кариера во 1977 година, работејќи како уредник на списанието „Омладинска искра“. Работел како новинар во „Неделна Далмација“, а потоа бил репортер и коментатор за „Слободна Далмација“. Во 1988 година, заедно со Виктор Иванчиќ и Предраг Лучиќ, го основаат сатиричниот додаток во „Неделна Далмација“, „Ферал Трибјун“, кој подоцна станува независен сатирично – политички неделник. Тој го напушта „Ферал“ во 1999 година и станува колумнист за „Глобус“ и други публикации кои ги издава „Холдинг Европа прес“. Од 2015 година пишува за „Новости“, неделниот магазин на Српскиот национален совет. Дежуловиќ, исто така, бил соработник и редовен колумнист за многу балкански регионални медиуми, од љубљанскиот словенечки дневен весник „Дневник“ и порталот N1, а пишувал и за многу други регионални медиуми. Од страна на Хрватското новинарско здружение два пати е прогласуван за новинар на годината (и тоа во 2004 и 2022 година), а во 2014 година ја добива Европската новинарска награда за најдобар коментатор. Тој е автор на романите „Christkind“ „Јебо сад хилјаду динара“, „Песни од Лора“, книга со кратки раскази „Подглавникова бактерија“, и романот за деца и млади „Животот и сонот на лебарката Жастомир“. Коавтор е на неколку прозни збирки и монографии, автор на сценариото за документарниот филм „Градителскиот дневник“ (2007) од Јасмила Жбаниќ. Дежуловиќ подготвил избор од неговите колумни во неколку тома и ја уредувал Антологијата на современата хрватска глупост (Библиотека Ферал трибјун, 1999) со Предраг Лучиќ, а го уредувал и Либрето на нашето мало пристаниште Миленко Смоје. Рене Карабаш (Ирена Иванова, 1989) е писателка, сценаристка и поетеса. За нејзината главна улога во филмот „Безбожник“, таа освои голем број награди за најдобра актерка на европските фестивали: „Сребрен леопард“ во Локарно, „Алуминиумски коњ“ во Стокхолм, „Срцето на Сараево“ итн. Дебитантскиот роман на Рене „Онаа што останува“ ја доби престижната книжевна награда „Елиас Канети“ и била номинирана за наградата Роман на годината и Националната книжевна награда „Перото“. Во декември 2023 година, францускиот превод на романот од страна на Мари-Вринат Никлов беше награден со Француската ПЕН награда. Англиски извадок од насловот беше награден со наградата за превод на Gulf Coast Journal за 2023 година. „Таа што останува“ веќе е објавен на арапски, француски, полски, босански и македонски јазик, а правата се продаваат во Бразил, САД, Италија, Србија и Грција. Во тек е киноадаптација на романот. Филмот ќе се снима во 2025 година во копродукција со Албанија, Германија, Италија и Романија. Рене е сценарист на драмската серија „Ние, брановите“, што в година ќе се прикажува на Бугарската национална телевизија. Таа е основач на „The Rabbit Hole“ – академија за креативно пишување, која ги прибира како предавачи некои од најистакнатите писатели во Бугарија. Ѕвездан Георгиевски работел како новинар во повеќе редакции: „Нова Македонија“, „Пулс“, „Утрински весник“, „Глобус“… Еден е од основачите на „Канал 4“, првото приватно радио во Македонија. Основач е на наградата „Роман на годината“ што своевремено ја доделуваше „Утрински весник“, а сега ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Ги објавил: „Недела дена во животот и смртта на Гроздан“ ( роман, „Темплум“, 2016), „Урбани топоними“ (есеи, „Темплум“ 2018), „Да не бидам покусо“ (раскази, „Просветно дело“, 2018), „Плачеш како кит“ (роман, „Бегемот“, 2023) и „Базирано врз речиси вистинити настани“ (записи, „Бегемот“ 2024). Автор е на сценарија за краткометражни и среднометражни документарни филмови за Скопје. Преведува од јазизите на некогашните југословенски републики. Во моментот работи како извршен директор на Фондацијата „Славко Јаневски“. Гости на отворањето ќе бидат и членови на програмата „Скопје фелоушип“ – една од влијателните имиња во европското издаваштво, Катарина Луа ван Хоф, поранешна шефица на одделот за странска литература во францускиот гигант „Галимар“, еден од најистакнатите издавачки директори во Обединетите Арапски Емирати, Тамер Саид, соосновачот на грчкиот „Вакхикон“, Несторас Пулакос, кој ја издаде на грчки Лидија Димковска, претставничка од француската агенција #BAM, Лали Бернар, Јоана Јежорна-Крамаж од издавачката куќа „Познан“ од Полска, Рикардо Лопез од шпанското издаваштво „Арменија“, Катја Кац од КУД „Содобност Интернационал“ од Словенија и литературниот скаут Валерија Паолини од Италија. На вториот фестивалски ден, на 16 септември во 13.30 часот во Бугарскиот културно-информативен центар ќе се одржи традиционалната средба на членовите на програмата „Скопје фелоушип“ со претставници на Македонската асоцијација на издавачи. Вечерта во 20 часот во Europe House Скопје ќе се одржи тркалезна маса на тема „Литературата како форма на отпор“, на која ќе учествуваат гостите писатели, а ќе ја модерира Владимир Јанковски. Претходно, во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе се одржи средба на деца со словенечката писателка на книги за деца и адолесценти, Мајда Корен. Писателката ќе одржи средба со деца и во ООУ „Вера Циривири Трена“ во Скопје следниот ден. На 17 септември, на гостите издавачи и литературни агенти ќе им биде претставен конкурсот на Министерство за култура за финансирање преводи на странски издавачи на Министерството за култура. Посебна книжевна средба со Ван Хоф и Бернар е закажана во 17 часот во Француски институт во Скопје. Наградата „Прозарт“, што фестивалот по 12. пат ја доделува на истакнат автор за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, ќе му биде врачена на српскиот писател Владимир Пиштало на затворањето на фестивалот на 17 септември. Со Пиштало, британскиот писател, филмски продуцент и актуелен претседавач на Европската филмска академија, Мајк Дауни, македонската поетеса, раскажувач, есеист, преведувач, лектор, Виолета Танчева – Златева и српскиот поет, есеист и литературен критичар, Ненад Шапоња, ќе разговараат Прокопиев и Лафазановски. На 18 септември во Кинотека од 20 часот, во рамките на офф-програмата, ќе биде прикажан филмот „Караула“ во режија на Рајко Грлиќ, со присуство на продуцентот, Мајк Дауни со кој ќе следува разговор пред проекцијата. Организатор на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура и туризам, „Традуки“, Амбасадата на Србија, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, КУД Содобност, Француски институт во Скопје, Кинотеката, Амбасада на Грција, библиотеката „Браќа Миладиновци“.

The post Со Борис Дежуловиќ, Рене Карабаш и Ѕвездан Георгиевски вечерва се отвора „ПРО-ЗА Балкан“ appeared first on Република.

]]>