приватни преозници Archives - Република https://republika.mk/tema/privatni-preoznitsi/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Nov 2024 13:02:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png приватни преозници Archives - Република https://republika.mk/tema/privatni-preoznitsi/ 32 32 Приватните превозници од понеделник се вклучуваат во сообраќај, но не со целиот капацитет https://republika.mk/vesti/skopje/privatnite-prevoznitsi-od-ponedelnik-se-vkluchuvaat-vo-soobrakaj-no-ne-so-tseliot-kapatsitet/ Sat, 23 Nov 2024 13:02:27 +0000 https://republika.mk/?p=841084

Од понеделник во јавниот градски превоз се вклучуваат и приватните превозници, но не со целиот капацитет. Нивни претставници денеска изјавија дека во сообраќај ќе се вклучат оние превозници кои имаат финансиски можности. Апелираат до градоначалничката на Град Скопје, советниците и Владата на заеднички состанок да најдат заеднички прифатливо решение за нивното барање за зголемување на цената за изминат километар.

Приватните превозници ќе го дадат својот максимум од понеделник односно ќе се вклучиме во раните утрински часови онолку колку што можеме, не со целиот капацитет со цел за неколку дена да им излеземе во пресрет на граѓаните во градот Скопје. Воедно, ја користиме оваа прилика да се обратиме до сите советници во Градот Скопје - Ве молиме со консензус да изгласате покачување на цената за изминат километар со цел подобрување на состојбата во јавниот градски превоз. Со покачена цена се обврзуваме да го обновиме нашиот возен парк со еколошки климатизирани автобуси - изјави денеска Јовица Зафировски.

Тој посочи дека приватните превозници имаат 200 автобуси и дека може да го покријат недостатокот на авотбуси во УЈП доколку се најде заеднички прифатливо решение со Градот.

Ние имаме 200 автобуси, можеме да го покриеме недостатокот на автобуси од ЈСП и целата криза ќе заврши многу брзо. Ќе оставиме простор на состанокот да видиме какви се можностите на Град Скопје - рече Зафировски.

Проблемот со јавниот градски превоз кулминираше во четвртокот откако поради недостиг на нафта, поголем дел од автобусите на ЈСП останаа паркирани во нивните бази. Во сообраќај беа пуштени 25 автобуси кои работат на природен гас и уште неколку кои имаат резерва на нафта. Вонредна седница одржа Владата на која беше донесена одлука да се интервенира со нафта од државните резерви со што автобусите имаат нафта за седум дена. Вонредна седница истиот ден одржа и Советот на Град Скопје на која беше поздравена одлуката на Владата за позајмување на нафта од државните резерви за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) и воедно, побараа заедно во координација со ЗЕЛС, да продолжат разговорите со Град Скопје за нормализирање на состојбите во градот.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера од Белград најави можност за набавка на нови електрична автобуси.

The post Приватните превозници од понеделник се вклучуваат во сообраќај, но не со целиот капацитет appeared first on Република.

]]>

Од понеделник во јавниот градски превоз се вклучуваат и приватните превозници, но не со целиот капацитет. Нивни претставници денеска изјавија дека во сообраќај ќе се вклучат оние превозници кои имаат финансиски можности. Апелираат до градоначалничката на Град Скопје, советниците и Владата на заеднички состанок да најдат заеднички прифатливо решение за нивното барање за зголемување на цената за изминат километар.
Приватните превозници ќе го дадат својот максимум од понеделник односно ќе се вклучиме во раните утрински часови онолку колку што можеме, не со целиот капацитет со цел за неколку дена да им излеземе во пресрет на граѓаните во градот Скопје. Воедно, ја користиме оваа прилика да се обратиме до сите советници во Градот Скопје - Ве молиме со консензус да изгласате покачување на цената за изминат километар со цел подобрување на состојбата во јавниот градски превоз. Со покачена цена се обврзуваме да го обновиме нашиот возен парк со еколошки климатизирани автобуси - изјави денеска Јовица Зафировски.
Тој посочи дека приватните превозници имаат 200 автобуси и дека може да го покријат недостатокот на авотбуси во УЈП доколку се најде заеднички прифатливо решение со Градот.
Ние имаме 200 автобуси, можеме да го покриеме недостатокот на автобуси од ЈСП и целата криза ќе заврши многу брзо. Ќе оставиме простор на состанокот да видиме какви се можностите на Град Скопје - рече Зафировски.
Проблемот со јавниот градски превоз кулминираше во четвртокот откако поради недостиг на нафта, поголем дел од автобусите на ЈСП останаа паркирани во нивните бази. Во сообраќај беа пуштени 25 автобуси кои работат на природен гас и уште неколку кои имаат резерва на нафта. Вонредна седница одржа Владата на која беше донесена одлука да се интервенира со нафта од државните резерви со што автобусите имаат нафта за седум дена. Вонредна седница истиот ден одржа и Советот на Град Скопје на која беше поздравена одлуката на Владата за позајмување на нафта од државните резерви за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) и воедно, побараа заедно во координација со ЗЕЛС, да продолжат разговорите со Град Скопје за нормализирање на состојбите во градот. Премиерот Христијан Мицкоски вчера од Белград најави можност за набавка на нови електрична автобуси.

The post Приватните превозници од понеделник се вклучуваат во сообраќај, но не со целиот капацитет appeared first on Република.

]]>