правна помош Archives - Република https://republika.mk/tema/pravna-pomosh/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Jun 2023 18:47:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png правна помош Archives - Република https://republika.mk/tema/pravna-pomosh/ 32 32 Бесплатна правна помош за жителите на Шуто Оризари https://republika.mk/vesti/skopje/besplatna-pravna-pomosh-za-zhitelite-na-shuto-orizari/ Mon, 19 Jun 2023 18:47:46 +0000 https://republika.mk/?p=653207

Министерството за правда отвори канцеларија за бесплатна правна помош. Министерот за правда Кренар Лога и градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш потпишаа Меморандум за соработка .

,Наша обврска е на сите граѓани да им обезбедиме соодветни независни и непристрасни судски механизми.Со ова на граѓаните кои се во тешка финансиска состојба ќе им се овозможи да добијат правна помош од адвокат и фер судење.На овој начин покажуваме дека се грижиме за ранливите категории граѓани - рече министерот за правда Кренар Лога.

Министерот Лога информираше дека во 2022 година биле поднесени 291 барање за секундарна правна помош од кои 231 се одобрени . За примарна правна помош услуга добиле 3330 граѓани.Најмногу барања за бесплатна правна помош има од областа на семејното право како што се бракоразводни парници, старателство врз деца, оставински постапки, имотни , работни спорови, должничко -доверителски односи за прашања од пензиско и инвалидско осигурување, за застапување на жртви од семејно насилство, за спорови со осигурителни компании.

На отворањето на канцеларијата за бесплатна правна помош присуствуваа претставници од УНХЦР и Канцеларијата на Совет на Европа. Претставничката на УНХЦР Моника Сандри го поздрави усвојувањето на Законот за матична евиденција со кој ќе се овозможи видливост за 700 граѓани кои водеа децениски битки со системот да добијат правен идентитет, пристап до основните права и достоинствен живот.

Граѓаните може да се информираат за правото кое државата го дава во вид нa бесплатна правна помош на веб страницата pravnapomos.mk

...

The post Бесплатна правна помош за жителите на Шуто Оризари appeared first on Република.

]]>

Министерството за правда отвори канцеларија за бесплатна правна помош. Министерот за правда Кренар Лога и градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш потпишаа Меморандум за соработка .
,Наша обврска е на сите граѓани да им обезбедиме соодветни независни и непристрасни судски механизми.Со ова на граѓаните кои се во тешка финансиска состојба ќе им се овозможи да добијат правна помош од адвокат и фер судење.На овој начин покажуваме дека се грижиме за ранливите категории граѓани - рече министерот за правда Кренар Лога.
Министерот Лога информираше дека во 2022 година биле поднесени 291 барање за секундарна правна помош од кои 231 се одобрени . За примарна правна помош услуга добиле 3330 граѓани.Најмногу барања за бесплатна правна помош има од областа на семејното право како што се бракоразводни парници, старателство врз деца, оставински постапки, имотни , работни спорови, должничко -доверителски односи за прашања од пензиско и инвалидско осигурување, за застапување на жртви од семејно насилство, за спорови со осигурителни компании. На отворањето на канцеларијата за бесплатна правна помош присуствуваа претставници од УНХЦР и Канцеларијата на Совет на Европа. Претставничката на УНХЦР Моника Сандри го поздрави усвојувањето на Законот за матична евиденција со кој ќе се овозможи видливост за 700 граѓани кои водеа децениски битки со системот да добијат правен идентитет, пристап до основните права и достоинствен живот. Граѓаните може да се информираат за правото кое државата го дава во вид нa бесплатна правна помош на веб страницата pravnapomos.mk ...

The post Бесплатна правна помош за жителите на Шуто Оризари appeared first on Република.

]]>
Ако ви биле загрозени правата од лекар или здравствена установа побарајте бесплатна правна помош https://republika.mk/vesti/makedonija/ako-vi-bile-zagrozeni-pravata-od-lekar-ili-zdravstvena-ustanova-pobarajte-besplatna-pravna-pomosh/ Wed, 20 Jul 2022 09:14:07 +0000 https://republika.mk/?p=531325

Хелсиншкиот комитет за човекови права, Македонското здружение на млади правници и ИРЛ ќе им понудат бесплатна правна помош на граѓаните чии права како пациенти биле грубо загрозени од приватни или јавни здравствени установи.

Документарниот филм Нечиста крв“, во продукција на Истражувачката репортерска лабораторија, откри низа прекршувања на основни човекови и уставно загарантирани права, како и целосно затајување на системот, кој е должен да превенира и да ги заштитува граѓаните од злоупотреби. Со оглед на бројните пријави од граѓани, кои пристигнаа во ИРЛ по емитувањето на документарниот филм, а имајќи предвид дека правното процесирање на случаи не е во доменот на една медиумска редакција, ИРЛ воспостави соработка со Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонското здружение на млади правници. Целта на оваа соработка е воспоставување заеднички и систематизиран пристап кон соодветно процесирање на пријавите од граѓаните чие здравје и права како пациенти биле грубо загрозени од здравствените установи, приватни и јавни, како и особено од отсуството на суштински надзор врз нивната работа од страна на надлежните институции - се вели во денешното соопштение од Хелсиншкиот комитет.

Од Хелсиншкиот комитет нагласуваат дека иако случаите со прекршување на здравствените права се континуирано присутни во нашата секојдневна пракса, ковид-пандемијата извадила на виделина длабоки системски проблеми, кои од една страна предизвикуваат тешки последици по здравјето и животот на луѓето, а од друга, овозможуваат огромен профит за поединци на грбот на пациентите и нивните семејства.

Покрај досега пристигнатите пријави, ги охрабруваме и останатите граѓани со документацијата којашто ја поседуваат, да пријават лично во Хелсиншкиот комитет за човекови права или во Македонското здружение на млади правници, како овластени даватели на правна помош (на адресите подолу во текстот), доколку има индиции дека се соочиле со – несовесно лекување болни, доколку при укажување лекарска помош лекарот примени очигледно неподобно средство или начин на лекување или нема да примени соодвeтни хигиенски мерки и воопшто несовесно постапува и со тоа предизвика влошување на здравствената состојба на некое лице, неукажување медицинска помош, односно доколку лекар или здравствен работник не му укаже неодложна медицинска помош на лице кое се наоѓа во опасност за животот, непостапување на институциите по поднесени претставки од граѓани…. - се вели во соопштението.

Во него се додава дека граѓаните ќе добијат правна помош и доколку се сомневаат дека биле дел од клиничко испитување без нивно знаење или им е побаран поткуп за здравствена услуга од страна на лекар или здравствен работник.

По пријавувањето, граѓаните ќе добијат правен совет и во зависност од околностите, ќе добијат помош при иницирање кривични постапки, доколку има индиции дека е сторено кривично дело, помош при изработка и поднесување претставки пред другите надлежни институции и засилен граѓански мониторинг на случаите кои ќе влезат во судска постапка.

Граѓаните може да се обратат на следните адреси, а сите случаи ќе влезат во заедничка база на податоци:

ИРЛ – Булевер Илинден 47-2, 1000 Скопје; +38976302307; [email protected].

Хелсиншки комитет за човекови права – ул. Наум Наумовски Борче 83, 1000 Скопје; 02/3119-073 и 072/278-436; лица за контакт: Наташа Петковска natasha.petkovska@mhc.org.mk; Ина Џугуманова ina.dzugumanova@mhc.org.mk; Тона Карева [email protected]; Славица Анастасовска slavica.[email protected].

Македонско здружение на млади правници – ул. Донбас 14-1/6; тел. 02/3220-870, моб. 072/223-963; лице за контакт: Весна Дишлиоска, vdislijovska@myla.org.mk.

The post Ако ви биле загрозени правата од лекар или здравствена установа побарајте бесплатна правна помош appeared first on Република.

]]>

Хелсиншкиот комитет за човекови права, Македонското здружение на млади правници и ИРЛ ќе им понудат бесплатна правна помош на граѓаните чии права како пациенти биле грубо загрозени од приватни или јавни здравствени установи.

Документарниот филм Нечиста крв“, во продукција на Истражувачката репортерска лабораторија, откри низа прекршувања на основни човекови и уставно загарантирани права, како и целосно затајување на системот, кој е должен да превенира и да ги заштитува граѓаните од злоупотреби. Со оглед на бројните пријави од граѓани, кои пристигнаа во ИРЛ по емитувањето на документарниот филм, а имајќи предвид дека правното процесирање на случаи не е во доменот на една медиумска редакција, ИРЛ воспостави соработка со Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонското здружение на млади правници. Целта на оваа соработка е воспоставување заеднички и систематизиран пристап кон соодветно процесирање на пријавите од граѓаните чие здравје и права како пациенти биле грубо загрозени од здравствените установи, приватни и јавни, како и особено од отсуството на суштински надзор врз нивната работа од страна на надлежните институции - се вели во денешното соопштение од Хелсиншкиот комитет.

Од Хелсиншкиот комитет нагласуваат дека иако случаите со прекршување на здравствените права се континуирано присутни во нашата секојдневна пракса, ковид-пандемијата извадила на виделина длабоки системски проблеми, кои од една страна предизвикуваат тешки последици по здравјето и животот на луѓето, а од друга, овозможуваат огромен профит за поединци на грбот на пациентите и нивните семејства.
Покрај досега пристигнатите пријави, ги охрабруваме и останатите граѓани со документацијата којашто ја поседуваат, да пријават лично во Хелсиншкиот комитет за човекови права или во Македонското здружение на млади правници, како овластени даватели на правна помош (на адресите подолу во текстот), доколку има индиции дека се соочиле со – несовесно лекување болни, доколку при укажување лекарска помош лекарот примени очигледно неподобно средство или начин на лекување или нема да примени соодвeтни хигиенски мерки и воопшто несовесно постапува и со тоа предизвика влошување на здравствената состојба на некое лице, неукажување медицинска помош, односно доколку лекар или здравствен работник не му укаже неодложна медицинска помош на лице кое се наоѓа во опасност за животот, непостапување на институциите по поднесени претставки од граѓани…. - се вели во соопштението.
Во него се додава дека граѓаните ќе добијат правна помош и доколку се сомневаат дека биле дел од клиничко испитување без нивно знаење или им е побаран поткуп за здравствена услуга од страна на лекар или здравствен работник. По пријавувањето, граѓаните ќе добијат правен совет и во зависност од околностите, ќе добијат помош при иницирање кривични постапки, доколку има индиции дека е сторено кривично дело, помош при изработка и поднесување претставки пред другите надлежни институции и засилен граѓански мониторинг на случаите кои ќе влезат во судска постапка. Граѓаните може да се обратат на следните адреси, а сите случаи ќе влезат во заедничка база на податоци: ИРЛ – Булевер Илинден 47-2, 1000 Скопје; +38976302307; [email protected]. Хелсиншки комитет за човекови права – ул. Наум Наумовски Борче 83, 1000 Скопје; 02/3119-073 и 072/278-436; лица за контакт: Наташа Петковска natasha.petkovska@mhc.org.mk; Ина Џугуманова ina.dzugumanova@mhc.org.mk; Тона Карева [email protected]; Славица Анастасовска slavica.[email protected]. Македонско здружение на млади правници – ул. Донбас 14-1/6; тел. 02/3220-870, моб. 072/223-963; лице за контакт: Весна Дишлиоска, vdislijovska@myla.org.mk.

The post Ако ви биле загрозени правата од лекар или здравствена установа побарајте бесплатна правна помош appeared first on Република.

]]>