Поетот и градот Archives - Република https://republika.mk/tema/poetot-i-gradot/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Nov 2024 12:12:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Поетот и градот Archives - Република https://republika.mk/tema/poetot-i-gradot/ 32 32 „Поетот и градот“ со академик Влада Урошевиќ во чест на јубилејот од ослободувањето на Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/poetot-i-gradot-so-akademik-vlada-uroshevik-vo-chest-na-jubilejot-od-osloboduvaneto-na-skopje/ Fri, 08 Nov 2024 12:12:01 +0000 https://republika.mk/?p=835551

Осумдесетгодишнината од ослободувањето на Скопје, Културно-информативниот центар ќе ја одбележи и чествува со настанот „Поетот и градот“ со академик Влада Урошевиќ, минатогодишен добитник на наградата „13 Ноември“ за публицистика. Годинава се навршуваат и девет децении од раѓањето на Урошевиќ и шеесет и пет години од објавувањето на неговата прва поетска книга „Еден друг град“ со којашто тој ја најави својата поетичка опсесија со градот. Со „Поетот и градот“, Скопје ќе ги одбележи и овие годишнини.

Настанот ќе се одржи токму на 13 Ноември, во салонот Империјал 2 во Културно-информативниот центар – Скопје, во 12 часот. За нераскинливата врска на поезијата на Урошевиќ со Скопје, и преку разговор со него ќе се осврнат Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски, и двајцата од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, претходни добитници на наградата „13 Ноември“.

Предвидено е на настанот да се говори за Скопје од различните периоди – пред и по Втората светска војна, пред и по земјотресот, но и за денешното Скопје, и најмногу за она Скопје од меморијата и од поезијата на Урошевиќ. Или накусо: за надреалното и за реалното Скопје – за градот-сон, градот–лавиринт, градот-мистерија, градот-палимпсест и градот-сеќавање. Присутните за првпат ќе можат да слушнат некои сеќавања и некои согледби на Урошевиќ, и за Скопје, и за сопственото творештво, но и за поезијата воопшто.

Голем дел од е целокупното творештво на Влада Урошевиќ е врзан за урбаниот сензибилитет. Градот и односот кон него се еден од најважните аспекти на неговиот книжевен опус. Милан Ѓурчинов ќе каже дека творештвото на Урошевиќ поседува еден „незадржлив внатрешен порив да го одухови урбанизираниот поредок на асфалтот и улиците, за присуството на човекот среде пресоздадениот свет од малата космогонија на овој поет.“ Несомнено, Урошевиќ е авторот што директно или индиректно зборува за Скопје во најмногу различни форми: поезија, роман, раскази, патописи, есеи, разговори итн.

The post „Поетот и градот“ со академик Влада Урошевиќ во чест на јубилејот од ослободувањето на Скопје appeared first on Република.

]]>