Петер Пелегрини Archives - Република https://republika.mk/tema/peter-pelegrini/ За подобро да се разбереме Thu, 16 May 2024 15:54:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Петер Пелегрини Archives - Република https://republika.mk/tema/peter-pelegrini/ 32 32 Претседателката во заминување и новиот претседател на Словачка: Атентатот врз премиерот Фицо е напад врз демократијата https://republika.mk/vesti/svet/pretsedatelkata-vo-zaminuvane-i-noviot-pretsedatel-na-slovachka-atentatot-vrz-premierot-fitso-e-napad-vrz-demokratijata/ Thu, 16 May 2024 16:32:09 +0000 https://republika.mk/?p=778925

Претседателката на Словачка во заминување, Зузана Чапутова и новоизбраниот претседател Петер Пелегрини, во Братислава изјавија дека атентатот врз премиерот Роберт Фицо извршен вчера, е напад врз демократијата и ги повикаа сите на политичката сцена да излезат од „маѓепсаниот круг на насилство“ и привремено да ја прекинат кампањата пред изборите за Европскиот парламент.

И двајцата делиме ист став, ние сме против секаков вид насилство. Вчерашниот напад е голема човечка трагедија, но истовремено и напад на демократскиот поредок. Сакаме да ги поканиме сите: Да излеземе од магичниот круг на насилство и меѓусебни обвинувања, тоа што се случи вчера, тоа е чин на поединец, но напнатата атмосфера на омраза е наша колективно дело“, рече Чапутова во заедничкото обраќање со Пелегрини, кој во јуни од неа ќе ја преземе должноста.

Пелергини и Чапутова се договорија да ги повикаат лидерите на сите политички партии да се смири ситуацијата и заедно да го отфрлат насилството.

Ние, политичарите, мораме да владееме со нашите емоции“, порача Чапутова.

Новоизбраниот претседател Пелегрини изјави дека е згрозен од тоа до што може да доведе омразата кон политичар.

Словачка до вчера ја красеше способноста демократски и во согласност со Уставот да ги решава сите политички кризи. За да не се повторат атентатите, сите мора да покажат голема одговорност. Денеска Словачка мора да тргне по патот на мирот и смирување на страстите. На омразата не смееме да одговориме со омраза“, рече Пелегрини.

Словачкиот премиер Фицо вчера беше застрелан во градот Хандлова во централна Словачка од 71-годишниот Јурај Цинтула, кој некогаш работел како чувар во трговски центар, па оттука и неговиот легален пиштол. Цинтула се занимава со поезија и наводно бил фрустриран од состојбата на словачкото општество и работата на Владата.

The post Претседателката во заминување и новиот претседател на Словачка: Атентатот врз премиерот Фицо е напад врз демократијата appeared first on Република.

]]>