пет главни прични Archives - Република https://republika.mk/tema/pet-glavni-prichni/ За подобро да се разбереме Tue, 16 Jul 2024 09:00:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пет главни прични Archives - Република https://republika.mk/tema/pet-glavni-prichni/ 32 32 Пет начини како да ја излекувате главоболката предизвикана од горештините https://republika.mk/zivot/zdravje/pet-nachini-kako-da-ja-izlekuvate-glavobolkata-predizvikana-od-goreshtinite/ Tue, 16 Jul 2024 09:00:21 +0000 https://republika.mk/?p=797293

Летниот период е период кога главоболката се појавува зачестено, вклучувајќи го и оној дел од популацијата кој никогаш немал проблем со главоболка.

Многу луѓе сметаат дека мигрената е обична главоболка, но факт е дека тоа е невролошка состојба за која се карактеристични мноштво други симптоми, покрај болката – вклучувајќи ја и чувствителноста на светлината, мачнините, моменталните проблеми со видот и сл.

Звучи изненадувачки, но сончевата светлина е, исто така, причинител за мигрена, што значи дека не сте единствени кои страдате од главоболка кога надвор е премногу топло. Поточно, 70 отсто луѓе кои страдаат од мигрена ја наведуваат сончевата светлина како причинител. Луѓето кои се чувствителни, доволно е да поминат пет или десет минути на сонце, и да ги заболи главата.

Високите температури често се придружени со промени во барометарскиот притисок, директно изложување на сончева светлина и влажност, а овие промени во околината можат да предизвикаат главоболки, особено кај оние што имаат мигрена, пишува „Вашингтон пост“.

Екстремната дехидратација може да предизвика намалување на вашиот мозок и стеснување на крвните садови кои го обложуваат мозокот, што може да доведе до физичка болка, рече Елизабет Лаудер, шеф на одделот за главоболка во женската болница Бригам.

„Променетата функција на клетките доведува до зголемување на активностите во центрите за болка во мозокот“, објаснил тој.

Зошто сонцето предизвикува главоболки?

Постојат пет главни причини:

Намалена толеранција на светлината

Зголемена чувствителност на светлината меѓу главоболките или мигрените

Подолго изложување на сонце

Изложеност на специфични бранови должина кое сонцето ги емитува

Дехидратација

Луѓето кои се склони на мигрени предизвикани од светлината генерално имаат помала толерантност на светлина. Поточно, светлината што се пробива низ облаците кога денот е облачен е доволна да им предизвика главоболка.

Екстремната топлина може да доведе до нерамнотежа на електролити, бидејќи телото губи натриум преку потта, што значи дека е важно да се надополнуваат електролитите, како и водата.

„Дехидрацијата е тесно поврзана со електролитниот дисбаланс бидејќи водата ја следи солта“, рекол д-р Кисун, додавајќи дека телото, губејќи ја солта, е помалку способно да ја задржи водата.

Лекарите даваат пет препораки како да ги спречите „летните главоболки“.

Носете очила за сонце, најдобро поларизирани

Силната сончева светлина ги надразнува мозочните нерви. Тоа може да предизвика главоболки, но и да биде причинител за мигрените. Затоа, носењето очила за сонце е препорачливо. Важно е и да носите шешир, за да се заштитат крвните садови и нервите на челото.

Поларизацијата ја ублажува јачината на светлината и рефлексијата која окото ја гледа, а сето тоа може да го намали ризикот од главоболка или мигрена. И избегнувајте го најсилното сонце!

Вода и солени грицки

Кога се потите, телото губи и важни минерали. Се зголемува протокот на крвта во кожата и се намалува крвниот притисок, што кај некои луѓе предизвикува главоболки. Кога е топло, се препорачува пиење барем еден литар вода повеќе отколку што е вообичаено. Дехидратацијата, исто така, предизвикува главоболки. Грицкањето солена ужина, како солени стапчиња, помага во надоместокот на потрошените минерали.

Аклиматизацијата е важна

Големата разлика помеѓу надворешната и внатрешната температура е потенцијален причинител за главоболки. Ако разликата е поголема од пет степени, се препорачува да облечете дополнителен слој облека за да ви биде топло сѐ додека телото не се аклиматизира на пониските температури.

Помалку парфеми и ароматизирани лосиони

Парфемите повеќе се чувствуваат кога е надвор топло, затоа луѓето што страдаат од мигрена дополнително се чувствителни на тоа. Имајте го тоа на ум и избегнувајте лосиони со мириси.

Побавно пијте ги ладните пијалаци

Нешто многу ладно во вашата уста може да биде заслужно за т. н. „brain freeze“ (замрзнување на мозокот) или „сладоледна главоболка“. Тоа се случува кога јадете сладолед или голтате нешто ледено ладно. Затоа, студената храна и пијалаци мора да се консумираат побавно. „Замрзнување на мозокот“ е начин на кој на вашето тело му вели „стоп“, кажувајќи ви да забавите.

 

The post Пет начини како да ја излекувате главоболката предизвикана од горештините appeared first on Република.

]]>

Летниот период е период кога главоболката се појавува зачестено, вклучувајќи го и оној дел од популацијата кој никогаш немал проблем со главоболка. Многу луѓе сметаат дека мигрената е обична главоболка, но факт е дека тоа е невролошка состојба за која се карактеристични мноштво други симптоми, покрај болката – вклучувајќи ја и чувствителноста на светлината, мачнините, моменталните проблеми со видот и сл. Звучи изненадувачки, но сончевата светлина е, исто така, причинител за мигрена, што значи дека не сте единствени кои страдате од главоболка кога надвор е премногу топло. Поточно, 70 отсто луѓе кои страдаат од мигрена ја наведуваат сончевата светлина како причинител. Луѓето кои се чувствителни, доволно е да поминат пет или десет минути на сонце, и да ги заболи главата. Високите температури често се придружени со промени во барометарскиот притисок, директно изложување на сончева светлина и влажност, а овие промени во околината можат да предизвикаат главоболки, особено кај оние што имаат мигрена, пишува „Вашингтон пост“. Екстремната дехидратација може да предизвика намалување на вашиот мозок и стеснување на крвните садови кои го обложуваат мозокот, што може да доведе до физичка болка, рече Елизабет Лаудер, шеф на одделот за главоболка во женската болница Бригам. „Променетата функција на клетките доведува до зголемување на активностите во центрите за болка во мозокот“, објаснил тој. Зошто сонцето предизвикува главоболки? Постојат пет главни причини: Намалена толеранција на светлината Зголемена чувствителност на светлината меѓу главоболките или мигрените Подолго изложување на сонце Изложеност на специфични бранови должина кое сонцето ги емитува Дехидратација Луѓето кои се склони на мигрени предизвикани од светлината генерално имаат помала толерантност на светлина. Поточно, светлината што се пробива низ облаците кога денот е облачен е доволна да им предизвика главоболка. Екстремната топлина може да доведе до нерамнотежа на електролити, бидејќи телото губи натриум преку потта, што значи дека е важно да се надополнуваат електролитите, како и водата.
„Дехидрацијата е тесно поврзана со електролитниот дисбаланс бидејќи водата ја следи солта“, рекол д-р Кисун, додавајќи дека телото, губејќи ја солта, е помалку способно да ја задржи водата.
Лекарите даваат пет препораки како да ги спречите „летните главоболки“. Носете очила за сонце, најдобро поларизирани Силната сончева светлина ги надразнува мозочните нерви. Тоа може да предизвика главоболки, но и да биде причинител за мигрените. Затоа, носењето очила за сонце е препорачливо. Важно е и да носите шешир, за да се заштитат крвните садови и нервите на челото. Поларизацијата ја ублажува јачината на светлината и рефлексијата која окото ја гледа, а сето тоа може да го намали ризикот од главоболка или мигрена. И избегнувајте го најсилното сонце! Вода и солени грицки Кога се потите, телото губи и важни минерали. Се зголемува протокот на крвта во кожата и се намалува крвниот притисок, што кај некои луѓе предизвикува главоболки. Кога е топло, се препорачува пиење барем еден литар вода повеќе отколку што е вообичаено. Дехидратацијата, исто така, предизвикува главоболки. Грицкањето солена ужина, како солени стапчиња, помага во надоместокот на потрошените минерали. Аклиматизацијата е важна Големата разлика помеѓу надворешната и внатрешната температура е потенцијален причинител за главоболки. Ако разликата е поголема од пет степени, се препорачува да облечете дополнителен слој облека за да ви биде топло сѐ додека телото не се аклиматизира на пониските температури. Помалку парфеми и ароматизирани лосиони Парфемите повеќе се чувствуваат кога е надвор топло, затоа луѓето што страдаат од мигрена дополнително се чувствителни на тоа. Имајте го тоа на ум и избегнувајте лосиони со мириси. Побавно пијте ги ладните пијалаци Нешто многу ладно во вашата уста може да биде заслужно за т. н. „brain freeze“ (замрзнување на мозокот) или „сладоледна главоболка“. Тоа се случува кога јадете сладолед или голтате нешто ледено ладно. Затоа, студената храна и пијалаци мора да се консумираат побавно. „Замрзнување на мозокот“ е начин на кој на вашето тело му вели „стоп“, кажувајќи ви да забавите.  

The post Пет начини како да ја излекувате главоболката предизвикана од горештините appeared first on Република.

]]>