панче тошковски Archives - Република https://republika.mk/tema/panche-toshkovski/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Nov 2024 14:35:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png панче тошковски Archives - Република https://republika.mk/tema/panche-toshkovski/ 32 32 Вредна германска донација за зголемување на капацитетите на интервентната полиција, објави Тошковски https://republika.mk/vesti/makedonija/vredna-germanska-donatsija-za-zgolemuvane-na-kapatsitetite-na-interventnata-politsija-objavi-toshkovski/ Wed, 20 Nov 2024 14:35:02 +0000 https://republika.mk/?p=839991

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес во полицискиот центар во Ѓорче Петров оствари работен состанок со германскиот амбасадор, Петра Дрекслер и претставник на германската интервентна полиција каде беше предадена донација за потребите на македонската интервентната полиција.

Министерот Тошковски истакнал дека вкупната донација која се состои од 120 сетови „анти траума“ за одржување на јавен ред и мир во прва фаза и поддршка за специјализирани возила за ЈРМ, дополнителна опрема и обуки во втора фаза значително ќе го зајакнат капацитетот на оперативното функционирање на оваа единица и ќе придонесе кон зголемување на безбедноста на жителите на главниот град.

На средбата бил разгледан и планот за обуки за следната година кои оваа единица ги изведува со поддршка на германската амбасада со цел зголемување на својот оперативен капацитет.

Министерот Тошковски на крај уште еднаш изразил голема благодарност и силна подготвеност за понатамошна соработка, поддршка и продлабочување на заедничките односи со цел надградување на капацитетите на Министерството за внатрешни работи.

The post Вредна германска донација за зголемување на капацитетите на интервентната полиција, објави Тошковски appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес во полицискиот центар во Ѓорче Петров оствари работен состанок со германскиот амбасадор, Петра Дрекслер и претставник на германската интервентна полиција каде беше предадена донација за потребите на македонската интервентната полиција. Министерот Тошковски истакнал дека вкупната донација која се состои од 120 сетови „анти траума“ за одржување на јавен ред и мир во прва фаза и поддршка за специјализирани возила за ЈРМ, дополнителна опрема и обуки во втора фаза значително ќе го зајакнат капацитетот на оперативното функционирање на оваа единица и ќе придонесе кон зголемување на безбедноста на жителите на главниот град. На средбата бил разгледан и планот за обуки за следната година кои оваа единица ги изведува со поддршка на германската амбасада со цел зголемување на својот оперативен капацитет. Министерот Тошковски на крај уште еднаш изразил голема благодарност и силна подготвеност за понатамошна соработка, поддршка и продлабочување на заедничките односи со цел надградување на капацитетите на Министерството за внатрешни работи.

The post Вредна германска донација за зголемување на капацитетите на интервентната полиција, објави Тошковски appeared first on Република.

]]>
За да се исклучи човечки фактор и избегнување на плаќање на казна, „Сејф сити“ ќе е целосно дигитализиран процес https://republika.mk/vesti/makedonija/za-da-se-iskluchi-chovechki-faktor-i-izbegnuvane-na-plakane-na-kazna-sejf-siti-ke-e-tselosno-digitaliziran-protses/ Mon, 18 Nov 2024 08:05:44 +0000 https://republika.mk/?p=839010

Mеѓуресорска работна група, составена од членови на Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда и професори од Правниот факултет во Скопје работи на измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и Законот за прекршоците.

Како што потенцираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по работниот состанок со меѓуресорската група, овие измени се неопходни за целосна имплементација и ставање во функција на системот за електронско детектирање на сообраќајни прекршоци, познат како „Безбеден град”.

Нашата визија е следејќи ги европските стандарди, да спроведеме целосна дигитализација на овој процес, така што ќе го исклучиме човечкиот фактор кој би овозможил избегнување на плаќање на казната. Системот автоматски ќе ги детектира, евидентира и процесира прекршоците, обезбедувајќи поголема ефикасност и ефективност, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски истакна дека ставањето во функција на овој систем е еден од приоритетите на новата Влада, со единствена цел да се подобри безбедноста на патиштата и да се намали бројот на жртви.

The post За да се исклучи човечки фактор и избегнување на плаќање на казна, „Сејф сити“ ќе е целосно дигитализиран процес appeared first on Република.

]]>

Mеѓуресорска работна група, составена од членови на Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда и професори од Правниот факултет во Скопје работи на измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и Законот за прекршоците. Како што потенцираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по работниот состанок со меѓуресорската група, овие измени се неопходни за целосна имплементација и ставање во функција на системот за електронско детектирање на сообраќајни прекршоци, познат како „Безбеден град”.
Нашата визија е следејќи ги европските стандарди, да спроведеме целосна дигитализација на овој процес, така што ќе го исклучиме човечкиот фактор кој би овозможил избегнување на плаќање на казната. Системот автоматски ќе ги детектира, евидентира и процесира прекршоците, обезбедувајќи поголема ефикасност и ефективност, потенцираше министерот Тошковски.
Министерот Тошковски истакна дека ставањето во функција на овој систем е еден од приоритетите на новата Влада, со единствена цел да се подобри безбедноста на патиштата и да се намали бројот на жртви.

The post За да се исклучи човечки фактор и избегнување на плаќање на казна, „Сејф сити“ ќе е целосно дигитализиран процес appeared first on Република.

]]>
Тошковски: Ставањето во функција на проектот „Безбеден град“ е приоритет на Владата https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-stavaneto-vo-funktsija-na-proektot-bezbeden-grad-e-prioritet-na-vladata/ Sat, 16 Nov 2024 17:34:08 +0000 https://republika.mk/?p=838614

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес одржа работен состанок со меѓуресорската работна група, составена од членови на Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда и професори од Правниот факултет во Скопје, која работеше на измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и Законот за прекршоците.

Овие измени се неопходни за целосна имплементација и ставање во функција на системот за електронско детектирање на сообраќајни прекршоци, познат како “Безбеден град”. Нашата визија е следејќи ги европските стандарди, да спроведеме целосна дигитализација на овој процес, така што ќе го исклучиме човечкиот фактор кој би овозможил избегнување на плаќање на казната. Системот автоматски ќе ги детектира, евидентира и процесира прекршоците, обезбедувајќи поголема ефикасност и ефективност, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски истакна дека ставањето во функција на овој систем е еден од приоритетите на новата Влада, со единствена цел да се подобри безбедноста на патиштата и да се намали бројот на жртви.

The post Тошковски: Ставањето во функција на проектот „Безбеден град“ е приоритет на Владата appeared first on Република.

Откази за 15 високи полициски функционери, се издавале дозволи за оружје на луѓе кои законски немале право https://republika.mk/vesti/makedonija/otkazi-za-15-visoki-politsiski-funktsioneri-se-izdavale-dozvoli-za-oruzhje-na-luge-koi-zakonski-nemale-pravo/ Thu, 14 Nov 2024 20:10:41 +0000 https://republika.mk/?p=837865

Комисијата за ревизија на постапките за издавање дозволи за оружје открила дека повеќе од 5.000 предмети не се обработени, а некои се решени спротивно на законот. Поради ова, Одделот за внатрешна контрола предложил дисциплински постапки, вклучувајќи откази за околу 15 високи полициски функционери од претходната власт, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тошковски во интервју за Сител истакна дека во минатото оружје им било давано на лица кои не имале право на поседување, додека други, кои имале право, не успеале да ја завршат постапката. Тој најави и дигитализација на процесот за издавање дозволи.

„По насока на јавен обвинител, ќе бидат поднесени кривични пријави за оние за кои се утврдат елементи на кривично дело. Овие лица добиле отказ, а следуваат и кривични постапки“, рече Тошковски.

Министерот најави и нов закон за поседување оружје, усогласен со законодавството на ЕУ, кој ќе се базира на темелна анализа и системски решенија во интерес на граѓаните.

Во одговор на прашањето за безбедноста на државата, Тошковски увери дека Министерството за внатрешни работи и другите институции се подготвени да се справат со сите потенцијални безбедносни закани.

The post Откази за 15 високи полициски функционери, се издавале дозволи за оружје на луѓе кои законски немале право appeared first on Република.

]]>

Комисијата за ревизија на постапките за издавање дозволи за оружје открила дека повеќе од 5.000 предмети не се обработени, а некои се решени спротивно на законот. Поради ова, Одделот за внатрешна контрола предложил дисциплински постапки, вклучувајќи откази за околу 15 високи полициски функционери од претходната власт, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Тошковски во интервју за Сител истакна дека во минатото оружје им било давано на лица кои не имале право на поседување, додека други, кои имале право, не успеале да ја завршат постапката. Тој најави и дигитализација на процесот за издавање дозволи.
„По насока на јавен обвинител, ќе бидат поднесени кривични пријави за оние за кои се утврдат елементи на кривично дело. Овие лица добиле отказ, а следуваат и кривични постапки“, рече Тошковски.
Министерот најави и нов закон за поседување оружје, усогласен со законодавството на ЕУ, кој ќе се базира на темелна анализа и системски решенија во интерес на граѓаните. Во одговор на прашањето за безбедноста на државата, Тошковски увери дека Министерството за внатрешни работи и другите институции се подготвени да се справат со сите потенцијални безбедносни закани.

The post Откази за 15 високи полициски функционери, се издавале дозволи за оружје на луѓе кои законски немале право appeared first on Република.

]]>
Граѓаните да ги заменат возачките со старо уставно име заклучно со Нова година апелира Тошковски https://republika.mk/vesti/crna-hronika/graganite-da-gi-zamenat-vozachkite-so-staro-ustavno-ime-zakluchno-so-nova-godina-apelira-toshkovski/ Thu, 14 Nov 2024 19:26:13 +0000 https://republika.mk/?p=837844

Ставена е во функција нова машина, со што се зголемува капацитетот за издавање на возачки дозволи или лични карти, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и упати уште еден повик до македонските граѓани да ги заменат возачките коишто се со старо уставно име заклучно со Нова година.

Тошковски, во гостувањето во дневникот на Сител, посочи дека има околу 200 илајди возчаки дозволи кои останува да бидат променети, кои со моменталниот капацитет може да биде направено за не повеќе од 20 дена.

-Значи за 20 дена можеме да ги испринтаме, да ги исперсонализираме сите возачки дозволи коишто се потребни, ги имаме обезбедено обрасците од претходно кога немаше обрасци. Повеќе нема чекање за граѓаните да можат да пристапат до просториите за да се фотографираат и да ја завршат таа работа, изјави Тошковски, во интервју за Сител.

Тошковски, исто така, посочи дека доколку им се важечки истото не е на нивни трошок во делот на трошокот којшто се исплаќа спрема државата во делот на производство на возачката дозвола.

The post Граѓаните да ги заменат возачките со старо уставно име заклучно со Нова година апелира Тошковски appeared first on Република.

]]>

Ставена е во функција нова машина, со што се зголемува капацитетот за издавање на возачки дозволи или лични карти, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и упати уште еден повик до македонските граѓани да ги заменат возачките коишто се со старо уставно име заклучно со Нова година. Тошковски, во гостувањето во дневникот на Сител, посочи дека има околу 200 илајди возчаки дозволи кои останува да бидат променети, кои со моменталниот капацитет може да биде направено за не повеќе од 20 дена.
-Значи за 20 дена можеме да ги испринтаме, да ги исперсонализираме сите возачки дозволи коишто се потребни, ги имаме обезбедено обрасците од претходно кога немаше обрасци. Повеќе нема чекање за граѓаните да можат да пристапат до просториите за да се фотографираат и да ја завршат таа работа, изјави Тошковски, во интервју за Сител.
Тошковски, исто така, посочи дека доколку им се важечки истото не е на нивни трошок во делот на трошокот којшто се исплаќа спрема државата во делот на производство на возачката дозвола.

The post Граѓаните да ги заменат возачките со старо уставно име заклучно со Нова година апелира Тошковски appeared first on Република.

]]>
Се очекува „Сејф сити“ да биде целосно функционален во текот на идната година https://republika.mk/vesti/makedonija/se-ochekuva-sejf-siti-da-bide-tselosno-funktsionalen-vo-tekot-na-idnata-godina/ Thu, 14 Nov 2024 12:57:36 +0000 https://republika.mk/?p=837666

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на платформата „100% посветени за тебе на тема „Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“ денеска во Владата, прашан кога ќе биде пуштен во употреба системот за безбеден град „Сејф сити“, рече оти се надева дека во текот на 2025 година овој систем ќе има целосна функционална примена.

Тошковски рече дека претходните власти извршиле набавка, но не направиле стратешки план како сето тоа ќе го стават во функција и не направиле законски процедури, каде точно тоа треба да се имплементира, како ќе се доставуваат казните, дали судот ќе може да одговори на предизвикот да постапува по десетици ијлади предмети на месечна основа.

По завршување на техничката влада и по формирање на нормална влада, се посветив круцијално особено на овој проект, затоа што сметам дека оние бројки кои ги имаме од типот на 146, 126, 138 – ова се бројки на луѓе кои изгубиле живот како последица на сообраќајна незгода. овие цифри мора да ги намалиме, целта на воведувањето на овој систем на сообраќајна култура е да ги намалиме овие бројки. Еден човечки живот нема цена. Поради тоа, мора да го имплементираме овој систем, но како што треба, мора да го поставиме целокупниот систем на здрава основа. Ако јас се прашувам најдобро е да почне во функција во јануари 2025, но тоа е невозможно, имајќи ги сите овие чекори што треба да се преземат и би бил среќен доколку во текот на 2025 го пуштиме во финална употреба, нагласи Тошковски.

Тој појасни дека граѓаните ќе имаат временски период во којшто ќе бидат предупредувани од страна на ова софтверско решение, коешто ќе треба да ја процесуира целокупната постапка.

Истакна дека тоа значи оти ќе има преоден период, кога граѓаните ќе можат да увидат на лична основа колку пати сториле одреден прекршок во делот на управување моторно возило и сите други сообраќајни правила што се пропишани.

Така што се надевам дека во 2025 ќе имаме целосна функционална примена – да го затвориме целосно системот, не само камерата да изврши фотографија на одредено лице, туку на крајот да стигнеме со наплата на предметната казна и еднаш засекогаш да се знае дека нема повеќе „ало началниче“, „ало министре“, нема веќе завршување работа надвор од системот и тоа треба да им е јасно на сите. Ако сакаме да бидеме нормална држава и да ги уживаме европските вредности кои претходните седум години не лажеа дека ни биле „втемелени во крвтококт“, мораме да се договориме она што ќе го почитуваме, да го почитуаме сите од прв до последен и само така ќе можеме да имаме нормална држава, нагласи Тошковски.

Системот ќе регистрира сообраќајни прекршоци како што се минување на црвено светло, возење со брзина поголема од дозволената и непрописно паркирање со крајна цел зголемување на сообраќајната култура и намалување на сообраќајните несреќи со човечки жртви чии бројки се очекува драстично да се намалат.

https://youtu.be/TPvm69H0GxQ?si=7xTYpZV1dlJe7OQO

The post Се очекува „Сејф сити“ да биде целосно функционален во текот на идната година appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на платформата „100% посветени за тебе на тема „Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“ денеска во Владата, прашан кога ќе биде пуштен во употреба системот за безбеден град „Сејф сити“, рече оти се надева дека во текот на 2025 година овој систем ќе има целосна функционална примена. Тошковски рече дека претходните власти извршиле набавка, но не направиле стратешки план како сето тоа ќе го стават во функција и не направиле законски процедури, каде точно тоа треба да се имплементира, како ќе се доставуваат казните, дали судот ќе може да одговори на предизвикот да постапува по десетици ијлади предмети на месечна основа.
По завршување на техничката влада и по формирање на нормална влада, се посветив круцијално особено на овој проект, затоа што сметам дека оние бројки кои ги имаме од типот на 146, 126, 138 – ова се бројки на луѓе кои изгубиле живот како последица на сообраќајна незгода. овие цифри мора да ги намалиме, целта на воведувањето на овој систем на сообраќајна култура е да ги намалиме овие бројки. Еден човечки живот нема цена. Поради тоа, мора да го имплементираме овој систем, но како што треба, мора да го поставиме целокупниот систем на здрава основа. Ако јас се прашувам најдобро е да почне во функција во јануари 2025, но тоа е невозможно, имајќи ги сите овие чекори што треба да се преземат и би бил среќен доколку во текот на 2025 го пуштиме во финална употреба, нагласи Тошковски.
Тој појасни дека граѓаните ќе имаат временски период во којшто ќе бидат предупредувани од страна на ова софтверско решение, коешто ќе треба да ја процесуира целокупната постапка. Истакна дека тоа значи оти ќе има преоден период, кога граѓаните ќе можат да увидат на лична основа колку пати сториле одреден прекршок во делот на управување моторно возило и сите други сообраќајни правила што се пропишани.
Така што се надевам дека во 2025 ќе имаме целосна функционална примена – да го затвориме целосно системот, не само камерата да изврши фотографија на одредено лице, туку на крајот да стигнеме со наплата на предметната казна и еднаш засекогаш да се знае дека нема повеќе „ало началниче“, „ало министре“, нема веќе завршување работа надвор од системот и тоа треба да им е јасно на сите. Ако сакаме да бидеме нормална држава и да ги уживаме европските вредности кои претходните седум години не лажеа дека ни биле „втемелени во крвтококт“, мораме да се договориме она што ќе го почитуваме, да го почитуаме сите од прв до последен и само така ќе можеме да имаме нормална држава, нагласи Тошковски.
Системот ќе регистрира сообраќајни прекршоци како што се минување на црвено светло, возење со брзина поголема од дозволената и непрописно паркирање со крајна цел зголемување на сообраќајната култура и намалување на сообраќајните несреќи со човечки жртви чии бројки се очекува драстично да се намалат. https://youtu.be/TPvm69H0GxQ?si=7xTYpZV1dlJe7OQO

The post Се очекува „Сејф сити“ да биде целосно функционален во текот на идната година appeared first on Република.

]]>
Среќен сум што во МВР сè уште има луѓе кои си ја сакаат Македонија, вели министерот https://republika.mk/vesti/makedonija/sreken-sum-shto-vo-mvr-se-ushte-ima-luge-koi-si-ja-sakaat-makedonija-veli-ministerot/ Thu, 14 Nov 2024 11:29:54 +0000 https://republika.mk/?p=837602

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на платформата „100% посветени за тебе на тема: Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“ денеска во Владата, рече дека во овој краток временски период додека е министер, докажале дека предмети кои се од висок интерес ќе бидат процесуирани соодветно во рамки на законско утврдена постапка и оти конечно криминалците ќе бидат таму каде што им е местото.

Тошковски говореше за преземените сеопфатни акции од страна на МВР во изминатиот период, под раководство на Обвинителството за борба против организиран криминал и висока корупција.

Една од позитивните работи што морам да ги истакнам во рамки на МВР, е дека се уште има луѓе кои си ја сакаат Македонија и луѓе кои се професионалци и сакаат да работат за интересите на државата. И тоа е она што треба да биде позитивен сигнал и за македонските граѓани, односно со професионална, чесна и посветена работа. Докажавме дека и во овој краток временски период предмети кои се од висок интерес ќе бидат процесуирани соодветно во рамки на законско утврдена постапка, и конечно криминалците ќе бидат таму каде што им е местото, а институциите ќе се ослободат од луѓето кои не и мислат добро на оваа држава и кои ја злоупотребувале оваа држава за свој личен интерес, нагласи Тошковски.

Министерот посочи дека кога дошол на функција, затекнал, како што кажа, катастрофа во работењето на Министерството, пред се од аспект на работењето на Министерството.

Она што го затекнав беше катастрофа од многу аспекти, од функционалноста на работењето на Министерството, состојбите во коишто се наоѓавме како Министерство, и кога ќе начекате таква круцијална институција во таква состојба каква што ја начекав јас, тешко е да дојдете до вистински резултати што треба да резултираат со борба прортив висоиката корупција и организираниот криминал... Но за среќа, мислам дека тоа е и на очиглед на јавноста, покажавме дека дури и за овој краток временски период и со овие ресурси со кои располагаме, покажавме дека можеме да видиме еден одлично сработен предмет каде што еден врховен судија и еден член на Совет на јавни обвинители повеќе не се дел од еден рекетарски систем којшто институционално си го граделе многу години наназад, и со правосилна пресуда, повеќе не се дел од институциите и нема да ги рекетираат македонските граѓани во иднина, посочи Тошковски.

https://youtu.be/TPvm69H0GxQ?si=pPZJoVRZCZp9ryFe

The post Среќен сум што во МВР сè уште има луѓе кои си ја сакаат Македонија, вели министерот appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на платформата „100% посветени за тебе на тема: Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“ денеска во Владата, рече дека во овој краток временски период додека е министер, докажале дека предмети кои се од висок интерес ќе бидат процесуирани соодветно во рамки на законско утврдена постапка и оти конечно криминалците ќе бидат таму каде што им е местото. Тошковски говореше за преземените сеопфатни акции од страна на МВР во изминатиот период, под раководство на Обвинителството за борба против организиран криминал и висока корупција.
Една од позитивните работи што морам да ги истакнам во рамки на МВР, е дека се уште има луѓе кои си ја сакаат Македонија и луѓе кои се професионалци и сакаат да работат за интересите на државата. И тоа е она што треба да биде позитивен сигнал и за македонските граѓани, односно со професионална, чесна и посветена работа. Докажавме дека и во овој краток временски период предмети кои се од висок интерес ќе бидат процесуирани соодветно во рамки на законско утврдена постапка, и конечно криминалците ќе бидат таму каде што им е местото, а институциите ќе се ослободат од луѓето кои не и мислат добро на оваа држава и кои ја злоупотребувале оваа држава за свој личен интерес, нагласи Тошковски.
Министерот посочи дека кога дошол на функција, затекнал, како што кажа, катастрофа во работењето на Министерството, пред се од аспект на работењето на Министерството.
Она што го затекнав беше катастрофа од многу аспекти, од функционалноста на работењето на Министерството, состојбите во коишто се наоѓавме како Министерство, и кога ќе начекате таква круцијална институција во таква состојба каква што ја начекав јас, тешко е да дојдете до вистински резултати што треба да резултираат со борба прортив висоиката корупција и организираниот криминал... Но за среќа, мислам дека тоа е и на очиглед на јавноста, покажавме дека дури и за овој краток временски период и со овие ресурси со кои располагаме, покажавме дека можеме да видиме еден одлично сработен предмет каде што еден врховен судија и еден член на Совет на јавни обвинители повеќе не се дел од еден рекетарски систем којшто институционално си го граделе многу години наназад, и со правосилна пресуда, повеќе не се дел од институциите и нема да ги рекетираат македонските граѓани во иднина, посочи Тошковски.
https://youtu.be/TPvm69H0GxQ?si=pPZJoVRZCZp9ryFe

The post Среќен сум што во МВР сè уште има луѓе кои си ја сакаат Македонија, вели министерот appeared first on Република.

]]>
Тошковски порачува: Јасно и одлучно ќе се бориме против криминалот https://republika.mk/vesti/crna-hronika/toshkovski-porachuva-jasno-i-odluchno-ke-se-borime-protiv-kriminalot/ Thu, 14 Nov 2024 11:08:45 +0000 https://republika.mk/?p=837597

Добро е што немаме животозагрозувачка состојба на никого во овој момент, лошо е што криминалните банди си „хараат“ и денеска, но, соодветно, одлучно и сурово како институции ќе одговориме на сите оние кои што го „реметат“ мирот на македонските граѓани, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во врска со денешниот настан во кој експлозивната направа била фрлена во двор во скопска Керамидница.

Одговарајќи на новинарско прашање на дебатата „Платформа: 100% посветени за тебе на тема „Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“, Тошковски посочи дека јасно и одлучно ќе се борат против криминалот и против организираниот криминал.

Убиства имало и ќе има, бомби фрлање имало и ќе има, прашањето е како државата и институциите соодветно ќе одговорат на тоа - рече министерот.

Во однос на прашањето дали можело да им се влезе во траг на напаѓачите, имајќи предвид дека нападот бил најавен на социјалната мрежа ТикТок, министерот одговори дека ќе постапат во рамките на капацитетите што ги имаат.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/bombata-nameneta-za-rade-shtekli-bila-najavena-na-tik-tok/

МВР не може да направи чуда, но може да работи чесно, посветено и професионално и во рамки на сето она што е надлежност на министерството, согласно капацитетите што ги имаме, ќе постапиме. Нема да се мижи како што се мижело претходно - рече тој.

Утрово од Министерството за внатрешни работи информираа дека едно лице е повредено денеска од експлозивна направа која била фрлена во двор во скопска Керамидница, соопшти МВР.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/koj-e-rade-shtekli-prezhivea-atentat-vo-ist-gejt-chlen-e-na-baron-klanot/

Денеска (14.11.2024) во 09.20 ч. во СВР Скопје било пријавено дека во дворно место во населба Керамидница во Скопје била фрлена експлозивна направа. Од експлозијата со повреди се здобил Р.Т., кој е пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош, соопштија од МВР.

The post Тошковски порачува: Јасно и одлучно ќе се бориме против криминалот appeared first on Република.

]]>

Добро е што немаме животозагрозувачка состојба на никого во овој момент, лошо е што криминалните банди си „хараат“ и денеска, но, соодветно, одлучно и сурово како институции ќе одговориме на сите оние кои што го „реметат“ мирот на македонските граѓани, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во врска со денешниот настан во кој експлозивната направа била фрлена во двор во скопска Керамидница. Одговарајќи на новинарско прашање на дебатата „Платформа: 100% посветени за тебе на тема „Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“, Тошковски посочи дека јасно и одлучно ќе се борат против криминалот и против организираниот криминал.
Убиства имало и ќе има, бомби фрлање имало и ќе има, прашањето е како државата и институциите соодветно ќе одговорат на тоа - рече министерот.
Во однос на прашањето дали можело да им се влезе во траг на напаѓачите, имајќи предвид дека нападот бил најавен на социјалната мрежа ТикТок, министерот одговори дека ќе постапат во рамките на капацитетите што ги имаат. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/bombata-nameneta-za-rade-shtekli-bila-najavena-na-tik-tok/
МВР не може да направи чуда, но може да работи чесно, посветено и професионално и во рамки на сето она што е надлежност на министерството, согласно капацитетите што ги имаме, ќе постапиме. Нема да се мижи како што се мижело претходно - рече тој.
Утрово од Министерството за внатрешни работи информираа дека едно лице е повредено денеска од експлозивна направа која била фрлена во двор во скопска Керамидница, соопшти МВР. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/koj-e-rade-shtekli-prezhivea-atentat-vo-ist-gejt-chlen-e-na-baron-klanot/ Денеска (14.11.2024) во 09.20 ч. во СВР Скопје било пријавено дека во дворно место во населба Керамидница во Скопје била фрлена експлозивна направа. Од експлозијата со повреди се здобил Р.Т., кој е пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош, соопштија од МВР.

The post Тошковски порачува: Јасно и одлучно ќе се бориме против криминалот appeared first on Република.

]]>
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-vo-poseta-na-tsentarot-za-borba-protiv-terorizam-na-ungarija/ Wed, 13 Nov 2024 16:46:50 +0000 https://republika.mk/?p=837291

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во рамките на посетата на Будимпешта каде предводеше делегација на МВР на 7 Министерска конференција од Будимпештанскиот процес ги посети специјализираните оддели TEK (Центар за борба против тероризмот) и „Keszenleti Rendőrség“ (Оддел за брз одговор и специјални полициски служби) на унгарската полиција.

Во рамките на двете посети реализирав средби со директорите на кои ми беше презентирана организациската структура и капацитетите на овие оддели, како и нивниот пристап во справување со современите безбедносни предизвици. Разговаравме за можности за соработка во делот на обуките за нашите полициски сили, со цел јакнење на капацитетите и унапредување на знаењата и вештините кои се од витално значење за справување со најразлични безбедносни ситуации. Оваа размена на искуства ме увери дека постои силна поддршка и подготвеност за заедничко делување и партнерство, кое ќе придонесе за подобра безбедност во нашиот регион“, истакна министерот Тошковски.

Министерот Тошковски ја потенцираше уште еднаш посветеноста на градење меѓународни односи и партнерства кои ќе ја зајакнат нашата полиција и ќе обезбедат поголема безбедност за сите наши граѓани.

The post Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија appeared first on Република.

Тошковски: Миграцијата е европски предизвик кој бара европски одговор https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-migratsijata-e-evropski-predizvik-koj-bara-evropski-odgovor/ Tue, 12 Nov 2024 15:52:50 +0000 https://republika.mk/?p=836898

Министерот за внатрешни работи, Тошковски, денеска учествува на 7-та Министерска конференција во Будимпешта, каде што беше усвоен Планот за акција на Будимпештанскиот процес 2025-2030. Планот вклучува шест приоритетни цели, меѓу кои спречување на нерегуларна миграција и борба против криумчарење мигранти и трговија со луѓе.

Како што соопштуваат од МВР, во своето обраќање, министерот Тошковски истакнал дека земјите треба да бидат јасни во својата миграциска политика и дека миграцијата е европски предизвик кој бара европски одговор.

Пактот за азил и миграција е патот напред и за земјите членки на Унијата, но и за нас, аспирантите кои – кога тогаш – ќе мораме да го спроведуваме или да го осигуриме неговото спроведување, потенцирал министерот Тошковски.

Тошковски изразил надеж дека Будимпештанскиот процес ќе продолжи да расте со почитување на човековите права и заштита на ранливите лица.

Тој остварил билатерални средби со државниот секретар на Швајцарија, Кристин Шранер Бургенер, и министерот за внатрешни работи на Пакистан, Сајед Мохсин Раза Накви, каде што биле разгледани идните чекори за соработка во борбата против нелегалната миграција.

На маргините на конференцијата, министерот имал разговор и со турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, за зајакнување на соработката. 

The post Тошковски: Миграцијата е европски предизвик кој бара европски одговор appeared first on Република.

Тошковски во Будимпешта: Усвоен Планот за акција 2025-2030со шест приоритетни цели за спречување на нерегуларна миграција https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-vo-budimpeshta-usvoen-planot-za-aktsija-2025-2030so-shest-prioritetni-tseli-za-sprechuvane-na-neregularna-migratsija/ Tue, 12 Nov 2024 14:35:02 +0000 https://republika.mk/?p=836866

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во Будимпешта, Унгарија учествува на 7. Министерска конференција во рамки на Будимпештанскиот процес, на која земјите членки го усвоија Планот за акција 2025-2030 кој во себе содржи шест приоритетни цели како спречување на нерегуларна миграција и борба против криумчарење мигранти и трговија со луѓе и зајакнување на соработката во областа на граничното управување.

https://youtu.be/J6jWE5P7Taw?si=EVRln6zdOQyw_OVn

Во своето обраќање министерот истакнал дека е поборник за регионална, мултилатерална, па и интерконтинентална соработка во секоја област.

Исто така посочив дека земјите треба да бидат целосно јасни во својата миграциска политика - или ќе имаат отворени граници без никакви рестрикции или ќе стават јасно до знаење кои се условите за престој во нивните земји. 
Верувам дека Будимпештанскиот процес ќе продолжи да расте со пристап заснован на почитување на човековите права, со заштита на ранливите лица и спречување на расизам, дискриминација и ксенофобија, а нерегуларната миграција ќе биде една тема од минатото и во иднина ќе зборуваме во контекст на успехот што сме го постигнале во нејзино сузбивање, соопшти Тошковски.

Во рамки на конференцијата министерот оствари и билатерална средба со државниот секретар на Државниот секретаријат за миграција на Швајцарија Кристин Шранер Бургенер.

Како што посочи, на средбата била разгледана досегашната успешна соработка помеѓу МВР и министерството за правда и полиција на Швајцација, во борбата против илегалната миграција и криминалот со криумчарење на лица.

Врз основа на потпишаниот Меморандум за разбирање меѓу Швајцарскиот федерален совет и нашата влада за воспоставување на партнерство за миграција се разговараше за идните чекори во регулирање на аспекти како реадмисија на државјани, лица без државјанство и државјани на трети земји, соопшти Тошковски.

Билатерална средба одржана е и со министерот за внатрешни работи на Пакистан, Сајед Мохсин Раза Накви, која историски е прва средба на министри за внатрешни работи на Пакистан и Македонија и прва средба со министер на земја на потекло на мигранти.

На средбата ги договоривме следните чекори за потпишување на договор за реадмисија што е посебно важно бидејќи Пакистан е земја на потекло на миграцијата. На официјална покана од министерот Накви делегација на МВР во следниот период да го посети Пакистан со цел институционално регулирање на борбата со нелегалната миграција.

Исто така, на маргините на конфренцијата Тошковски имал краток разговор и со турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја со кој договорија средба која би се одржала во Анкара во текот на месец декември, во насока на зајакнување на досегашната успешна соработка.

The post Тошковски во Будимпешта: Усвоен Планот за акција 2025-2030со шест приоритетни цели за спречување на нерегуларна миграција appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во Будимпешта, Унгарија учествува на 7. Министерска конференција во рамки на Будимпештанскиот процес, на која земјите членки го усвоија Планот за акција 2025-2030 кој во себе содржи шест приоритетни цели како спречување на нерегуларна миграција и борба против криумчарење мигранти и трговија со луѓе и зајакнување на соработката во областа на граничното управување. https://youtu.be/J6jWE5P7Taw?si=EVRln6zdOQyw_OVn Во своето обраќање министерот истакнал дека е поборник за регионална, мултилатерална, па и интерконтинентална соработка во секоја област.
Исто така посочив дека земјите треба да бидат целосно јасни во својата миграциска политика - или ќе имаат отворени граници без никакви рестрикции или ќе стават јасно до знаење кои се условите за престој во нивните земји.  Верувам дека Будимпештанскиот процес ќе продолжи да расте со пристап заснован на почитување на човековите права, со заштита на ранливите лица и спречување на расизам, дискриминација и ксенофобија, а нерегуларната миграција ќе биде една тема од минатото и во иднина ќе зборуваме во контекст на успехот што сме го постигнале во нејзино сузбивање, соопшти Тошковски.
Во рамки на конференцијата министерот оствари и билатерална средба со државниот секретар на Државниот секретаријат за миграција на Швајцарија Кристин Шранер Бургенер. Како што посочи, на средбата била разгледана досегашната успешна соработка помеѓу МВР и министерството за правда и полиција на Швајцација, во борбата против илегалната миграција и криминалот со криумчарење на лица.
Врз основа на потпишаниот Меморандум за разбирање меѓу Швајцарскиот федерален совет и нашата влада за воспоставување на партнерство за миграција се разговараше за идните чекори во регулирање на аспекти како реадмисија на државјани, лица без државјанство и државјани на трети земји, соопшти Тошковски.
Билатерална средба одржана е и со министерот за внатрешни работи на Пакистан, Сајед Мохсин Раза Накви, која историски е прва средба на министри за внатрешни работи на Пакистан и Македонија и прва средба со министер на земја на потекло на мигранти.
На средбата ги договоривме следните чекори за потпишување на договор за реадмисија што е посебно важно бидејќи Пакистан е земја на потекло на миграцијата. На официјална покана од министерот Накви делегација на МВР во следниот период да го посети Пакистан со цел институционално регулирање на борбата со нелегалната миграција.
Исто така, на маргините на конфренцијата Тошковски имал краток разговор и со турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја со кој договорија средба која би се одржала во Анкара во текот на месец декември, во насока на зајакнување на досегашната успешна соработка.

The post Тошковски во Будимпешта: Усвоен Планот за акција 2025-2030со шест приоритетни цели за спречување на нерегуларна миграција appeared first on Република.

]]>
Ќе нема веќе „повикај пријател“: Камерите на „Сејф сити“ наскоро ќе ги испорачаат првите казни https://republika.mk/vesti/makedonija/ke-nema-veke-povikaj-prijatel-kamerite-na-sejf-siti-naskoro-ke-gi-isporachaat-prvite-kazni/ Sat, 09 Nov 2024 08:44:36 +0000 https://republika.mk/?p=835776

Во текот на следната година ќе почне автоматското казнување на возачите во сообраќајот кои ќе бидат снимени од камерите на системот Сејф сити, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Министерот не може да прецизира точно кога ќе почне, можно е во јануари, но најверојатно подоцна, затоа што ќе треба да се направат и законски измени за да се озвозможи автоматското казнување на сторителите на прекршоците.

Целта на овој систем, категоричен е Тошковски, е да се намали трицифрениот број на жртвите во сообраќајот, а не да се собираат пари од граѓаните.

Според министерот, претходната власт на СДСМ и ДУИ не презела соодветни чекори за овој систем да се имплементира целосно до крај. Не направиле план за тоа како ќе се поставуваат камерите, а не утврдиле ниту како ќе се одвива наплатата на казните. За да се решат овие прашања, формирана и работна група.

Како и сè друго, и ова си го терале како процес „буцни прачка, пиј вино“. Така не бива. Ние сакаме навистина системски да ги решиме проблемите, но заклучно со 2024 година, нема теорија. Се надевам дека заклучно со 2025 година ќе можам да им презентирам на граѓаните систем кој што функционира, барем во Тетово, Скопје и во Куманово. Потоа се надевам дека ќе констатираме намален број на човечки жртви. Целата е таа, а не наплата на пари од граѓаните, вели Тошковски.

Тој додаде дека територијата на Скопје сè уште не е целосно покриена со камери.

Кога се тестирал системот, на 20 отсто од камерите биле констатирани 2.000 прекршоци.

Според Тошковски, со системот ќе завршат и ургенциите за укинување на казните.

Една од придобивките на Сејф сити е тоа што нема да има повеќе јави му се на Петре, на Трајче, на министерот, на главниот инспектор, на помошникот, на градоначалничката, туку едноставно компјутер ќе е. Нема кому да е јавите. Едноставно, ќе треба да му ѕвоните на компјутерот. Од таа страна нема да ви одговорат, посочи министерот.

Министерот рече и дека се потребни одредени законски измени за воспоставување на систем којшто ќе ги казнува оние кои управуваат моторно возило спротивно на закон, исклучувајќи го човечкиот фактор за одлуката дали треба или не треба да биде казнет.

Ќе треба да се направат одредени законски измени и да се утврдат чекорите кои што ќе се преземат во иднина, за на крајот на денот имаме систем којшто ќе ги казнува сите оние кои управуваат моторно возило спротивно на закон, исклучувајќи го човечкиот фактор во одлуката дали треба или не треба казна. Се надевам дека во текот на 2025 година ќе имаме финална имплементација на овој проект, рече вчера Тошковски.

The post Ќе нема веќе „повикај пријател“: Камерите на „Сејф сити“ наскоро ќе ги испорачаат првите казни appeared first on Република.

]]>

Во текот на следната година ќе почне автоматското казнување на возачите во сообраќајот кои ќе бидат снимени од камерите на системот Сејф сити, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Министерот не може да прецизира точно кога ќе почне, можно е во јануари, но најверојатно подоцна, затоа што ќе треба да се направат и законски измени за да се озвозможи автоматското казнување на сторителите на прекршоците. Целта на овој систем, категоричен е Тошковски, е да се намали трицифрениот број на жртвите во сообраќајот, а не да се собираат пари од граѓаните. Според министерот, претходната власт на СДСМ и ДУИ не презела соодветни чекори за овој систем да се имплементира целосно до крај. Не направиле план за тоа како ќе се поставуваат камерите, а не утврдиле ниту како ќе се одвива наплатата на казните. За да се решат овие прашања, формирана и работна група.
Како и сè друго, и ова си го терале како процес „буцни прачка, пиј вино“. Така не бива. Ние сакаме навистина системски да ги решиме проблемите, но заклучно со 2024 година, нема теорија. Се надевам дека заклучно со 2025 година ќе можам да им презентирам на граѓаните систем кој што функционира, барем во Тетово, Скопје и во Куманово. Потоа се надевам дека ќе констатираме намален број на човечки жртви. Целата е таа, а не наплата на пари од граѓаните, вели Тошковски.
Тој додаде дека територијата на Скопје сè уште не е целосно покриена со камери. Кога се тестирал системот, на 20 отсто од камерите биле констатирани 2.000 прекршоци. Според Тошковски, со системот ќе завршат и ургенциите за укинување на казните.
Една од придобивките на Сејф сити е тоа што нема да има повеќе јави му се на Петре, на Трајче, на министерот, на главниот инспектор, на помошникот, на градоначалничката, туку едноставно компјутер ќе е. Нема кому да е јавите. Едноставно, ќе треба да му ѕвоните на компјутерот. Од таа страна нема да ви одговорат, посочи министерот.
Министерот рече и дека се потребни одредени законски измени за воспоставување на систем којшто ќе ги казнува оние кои управуваат моторно возило спротивно на закон, исклучувајќи го човечкиот фактор за одлуката дали треба или не треба да биде казнет.
Ќе треба да се направат одредени законски измени и да се утврдат чекорите кои што ќе се преземат во иднина, за на крајот на денот имаме систем којшто ќе ги казнува сите оние кои управуваат моторно возило спротивно на закон, исклучувајќи го човечкиот фактор во одлуката дали треба или не треба казна. Се надевам дека во текот на 2025 година ќе имаме финална имплементација на овој проект, рече вчера Тошковски.

The post Ќе нема веќе „повикај пријател“: Камерите на „Сејф сити“ наскоро ќе ги испорачаат првите казни appeared first on Република.

]]>
Тошковски: Советот за Координација ќе има редовни седници со цел континуирано следење и реагирање на сите состојби, процеси и потреби на НАТО https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-sovetot-za-koordinatsija-ke-ima-redovni-sednitsi-so-tsel-kontinuirano-sledene-i-reagirane-na-site-sostojbi-protsesi-i-potrebi-na-nato/ Fri, 08 Nov 2024 14:13:08 +0000 https://republika.mk/?p=835635

Денеска во Владата се одржа првата седница на Советот за координација на активностите поврзани со членството на Македонија во НАТО, прва со новиот владин состав.

Со седницата претседаваше претседателот на Владата, премиерот Христијан Мицковски, сите членови на советот и амбасадорите на земјите членки на НАТО. На средбата беше потенцирана важноста на нашето членство во најголемиот безбедносен сојуз на светот, силната меѓуинституционална координација во рамките на Владата по сите значајни прашања поврзани со агендата на НАТО и континуираната реализација на нашите обврски поврзани со Алијансата.

Советот ќе има редовни седници со цел континуирано следење и реагирање на сите состојби, процеси и потреби на Алијансата, во согласност со обврските кои произлегуваат од нашиот статус на полноправен член на НАТО, објави министерот за внатрешни работи Панче Ташковски.

The post Тошковски: Советот за Координација ќе има редовни седници со цел континуирано следење и реагирање на сите состојби, процеси и потреби на НАТО appeared first on Република.

Тошковски: Имаме голем број докази за криминали добиени преку SKY апликацијата, акциите веќе не протекуваат и сите што треба завршуваат зад решетки https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-imame-golem-broj-dokazi-za-kriminali-dobieni-preku-sky-aplikatsijata-aktsiite-veke-ne-protekuvaat-i-site-shto-treba-zavrshuvaat-zad-reshetki/ Fri, 08 Nov 2024 07:41:11 +0000 https://republika.mk/?p=835340

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за интервју на Алфа ТВ на прашање за акцијата во којашто паднаа двајца поранешни полициски службеници коишто издавале службени тајни на една од групите од подземјето, истакна дека преку ЕУРОЏАСТ, МВР и Обвинителството имаат добиено голем број докази поврзани со организиран криминал и корупција добиени преку апликацијата SKY која ја користеле криминалните групи и нивните доушници за меѓусебна комуникација.

Ќе следат постапки и во иднина, коишто ќе бидат насочени кон сите оние кои сториле криминал, а за кои има докази во рамки на предметната апликација. Моите информации се дека доказите се доста обемни. Се работи континуирано и посветено на овој предмет, и од страна на Јавното обвинителство и од страна на МВР, така да очекувам и други постапки во иднина, се со цел оние коишто печалеле незаконито на грбот на македонските граѓани, отидат таму кај што им е местото, потенцираше министерот Тошковски.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/na-koj-printsip-raboti-aplikatsijata-skaj-preku-koja-mvr-gi-fati-politsijtsite-shto-oddavale-tajni-na-klanot-grchets/

Министерот Тошковски изрази сомнеж во фактот што голем број полициски акции кои порано се реализирале често завршувале со неуспех да се обезбедат водачите на тие кланови и банди а зад решетки завршувале условно „поситните риби“.

Ќе направам паралела со две акции коишто беа спроведени овој месец со таа акција која беше спроведена на крај на мандатот на мојот претходник. Тогаш беа уапсени ако имало план за апсење на 10 луѓе беа уапсени од број 5, 6 па надоле. Овие првите, лидерите, не беа уапсени и информациите се дека тие не се ни на територијата на Македонија. Така се правеле акциите порано, не дека не можело да се случи такво нешто, но сомнително е малку зошто баш првите по ранг во криминалните групи или ги снемуваше или случајно се наоѓале во рамки на друга држава за време на акцијата. Двете акции коишто ги спроведовме во рамките на овој месец, првата беше фокусирана на најголем дел цариници во југоисточна Македонија каде што беа уапсени сите претходно таргетирани луѓе, сите за кои Обвинителството ќе води итна постапка. Истото се случи и со втората акција поврзана со трговија со дрога, луѓе итн., во западна Македонија. Овие две акции се спроведоа во една недела. Кога имате координирани акции, кога нема да „протечат“ одредени информации до оние кои се предмет на самата истрага, тие нема да се најдат токму во тој момент на апсењето во друга држава, туку ќе се најдат како што се најдоа, зад решетки. Тоа е разликата како претходно биле спроведувани акциите а ако сега се спроведуваат. Не дека и сега не би можело да се случи нешто такво, но претходно во континуитет им се случуваше. Во овие две обемни акции коишто ги направивме, сите оние коишто беа предмет на истрагата, беа пронајдени, соодветно лишени од слобода и процесуирани пред органите на прогонот, дециден беше министерот Тошковски.

Тошковски нагласи дека МВР во иднина ќе ги презема сите можни чекори во рамките на своите надлежности, за секој еден за којшто е издадена соодветна наредба од страна на надлежни институции да се најде таму каде што му е местото

The post Тошковски: Имаме голем број докази за криминали добиени преку SKY апликацијата, акциите веќе не протекуваат и сите што треба завршуваат зад решетки appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за интервју на Алфа ТВ на прашање за акцијата во којашто паднаа двајца поранешни полициски службеници коишто издавале службени тајни на една од групите од подземјето, истакна дека преку ЕУРОЏАСТ, МВР и Обвинителството имаат добиено голем број докази поврзани со организиран криминал и корупција добиени преку апликацијата SKY која ја користеле криминалните групи и нивните доушници за меѓусебна комуникација.
Ќе следат постапки и во иднина, коишто ќе бидат насочени кон сите оние кои сториле криминал, а за кои има докази во рамки на предметната апликација. Моите информации се дека доказите се доста обемни. Се работи континуирано и посветено на овој предмет, и од страна на Јавното обвинителство и од страна на МВР, така да очекувам и други постапки во иднина, се со цел оние коишто печалеле незаконито на грбот на македонските граѓани, отидат таму кај што им е местото, потенцираше министерот Тошковски.
https://republika.mk/vesti/crna-hronika/na-koj-printsip-raboti-aplikatsijata-skaj-preku-koja-mvr-gi-fati-politsijtsite-shto-oddavale-tajni-na-klanot-grchets/ Министерот Тошковски изрази сомнеж во фактот што голем број полициски акции кои порано се реализирале често завршувале со неуспех да се обезбедат водачите на тие кланови и банди а зад решетки завршувале условно „поситните риби“.
Ќе направам паралела со две акции коишто беа спроведени овој месец со таа акција која беше спроведена на крај на мандатот на мојот претходник. Тогаш беа уапсени ако имало план за апсење на 10 луѓе беа уапсени од број 5, 6 па надоле. Овие првите, лидерите, не беа уапсени и информациите се дека тие не се ни на територијата на Македонија. Така се правеле акциите порано, не дека не можело да се случи такво нешто, но сомнително е малку зошто баш првите по ранг во криминалните групи или ги снемуваше или случајно се наоѓале во рамки на друга држава за време на акцијата. Двете акции коишто ги спроведовме во рамките на овој месец, првата беше фокусирана на најголем дел цариници во југоисточна Македонија каде што беа уапсени сите претходно таргетирани луѓе, сите за кои Обвинителството ќе води итна постапка. Истото се случи и со втората акција поврзана со трговија со дрога, луѓе итн., во западна Македонија. Овие две акции се спроведоа во една недела. Кога имате координирани акции, кога нема да „протечат“ одредени информации до оние кои се предмет на самата истрага, тие нема да се најдат токму во тој момент на апсењето во друга држава, туку ќе се најдат како што се најдоа, зад решетки. Тоа е разликата како претходно биле спроведувани акциите а ако сега се спроведуваат. Не дека и сега не би можело да се случи нешто такво, но претходно во континуитет им се случуваше. Во овие две обемни акции коишто ги направивме, сите оние коишто беа предмет на истрагата, беа пронајдени, соодветно лишени од слобода и процесуирани пред органите на прогонот, дециден беше министерот Тошковски.
Тошковски нагласи дека МВР во иднина ќе ги презема сите можни чекори во рамките на своите надлежности, за секој еден за којшто е издадена соодветна наредба од страна на надлежни институции да се најде таму каде што му е местото

The post Тошковски: Имаме голем број докази за криминали добиени преку SKY апликацијата, акциите веќе не протекуваат и сите што треба завршуваат зад решетки appeared first on Република.

]]>
На кој принцип работи апликацијата „Скај“ преку која МВР ги фати полицајците што оддавале тајни на кланот Грчец https://republika.mk/vesti/crna-hronika/na-koj-printsip-raboti-aplikatsijata-skaj-preku-koja-mvr-gi-fati-politsijtsite-shto-oddavale-tajni-na-klanot-grchets/ Wed, 06 Nov 2024 13:44:10 +0000 https://republika.mk/?p=834516

Апликацијата Скај е клучниот канал преку кој полицијата успеала да прибави обемен доказен материјалот за случајот против двајцата пензионирани полицајци кои оддавале тајни на кланот од Грчец.

Скај апликацијата е една од најпознатите што ја користат балканските и светските криминалци за разменување на доверливи пораки и разговори.

Како работи „Скај“

Станува збор за апликација која не може да се симне од ниту еден т.н „Плејстор“, туку за неа се плаќа претплата од 50 до 200 долари.

Скај не работи на сите телефони туку само на неколку и ако ја имате оваа апликација не можете да ги користите Фејсбук и Инстаграм.

Нивните сервери не ја зачувуваат историјата на комуникациите. Тоа значи дека сите пораки, фотографии и разговори се бришат веднаш штом бидат видени од тој на кому му се испратени.Доколку корисникот не ги види за 24 часа автоматски исчезнуваат.

https://republika.mk/vesti/balkan/velja-nevolja-i-mesarot-naredile-da-se-isprzat-skaj-telefonite-preki-koi-nareduvale-ubistva/

The post На кој принцип работи апликацијата „Скај“ преку која МВР ги фати полицајците што оддавале тајни на кланот Грчец appeared first on Република.

]]>

Апликацијата Скај е клучниот канал преку кој полицијата успеала да прибави обемен доказен материјалот за случајот против двајцата пензионирани полицајци кои оддавале тајни на кланот од Грчец.

Скај апликацијата е една од најпознатите што ја користат балканските и светските криминалци за разменување на доверливи пораки и разговори.

Како работи „Скај“

Станува збор за апликација која не може да се симне од ниту еден т.н „Плејстор“, туку за неа се плаќа претплата од 50 до 200 долари. Скај не работи на сите телефони туку само на неколку и ако ја имате оваа апликација не можете да ги користите Фејсбук и Инстаграм. Нивните сервери не ја зачувуваат историјата на комуникациите. Тоа значи дека сите пораки, фотографии и разговори се бришат веднаш штом бидат видени од тој на кому му се испратени.Доколку корисникот не ги види за 24 часа автоматски исчезнуваат.       https://republika.mk/vesti/balkan/velja-nevolja-i-mesarot-naredile-da-se-isprzat-skaj-telefonite-preki-koi-nareduvale-ubistva/

The post На кој принцип работи апликацијата „Скај“ преку која МВР ги фати полицајците што оддавале тајни на кланот Грчец appeared first on Република.

]]>
Тошковски: Ќе има интересни случаи за јавноста поврзани со организиран криминал и висока корупција https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-ke-ima-interesni-sluchai-za-javnosta-povrzani-so-organiziran-kriminal-i-visoka-koruptsija/ Tue, 05 Nov 2024 11:54:36 +0000 https://republika.mk/?p=834339

Во иднина ќе има доста интересни случаи за јавноста поврзани со организиран криминал и висока корупција. Претпоставувам дека ќе следат поголем број на случаи кои се поврзани со доказниот материјал обезбеден од страна на Скај апликацијата која ни е дадена од нашите меѓународни партнери, порача денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Нагласи дека постојат огромен број на докази во рамки на доказниот материјал прибавен преку оваа апликација којшто се анализира од страна на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција.

Станува збор за огромен број на докази поврзани со конкретни кривични дела. Овој конкретен случај е поврзан со двајца полициски службеници во периодот кога ги сториле кривичните дела за кои се товарат. Тие денеска не се повеќе полициски службеници, изјави Тошковски во одговор на новинарско прашање дали и на други вработени ќе се прошири истрагата за протекување на информации од МВР кон кланот Грчец.

Посочи дека на вчерашната седница на Советот за безбедност не беше дискутирано за 500-те сертификати што ги приложиле сегашни и поранешни министри за кои вчера кажа дека ќе се проверуваат. Не сакаше да прецизира за каков вид на проверки станува збор.

Сега за сега мислам дека е доволно тоа што го кажав вчера, рече Тошковски и додаде дека ќе се проверуваат сертификатите за сите актуелни и поранешни функционери за кои има информација дека дале погрешни податоци.

Прашан дали сертификатите се поврзани со безбедноста на државата, рече дека за тоа не станало збор на седницата на Советот за безбедност како тема која е поврзано со надлежноста на Советот.

Дискутиравме за оние прашања кои се од надлежност на Советот за безбедност, изјави Тошковски и посочи дека нема ништо да додаде на соопштението што беше испратено до медиумите по вчерашната седница.

The post Тошковски: Ќе има интересни случаи за јавноста поврзани со организиран криминал и висока корупција appeared first on Република.

]]>

Во иднина ќе има доста интересни случаи за јавноста поврзани со организиран криминал и висока корупција. Претпоставувам дека ќе следат поголем број на случаи кои се поврзани со доказниот материјал обезбеден од страна на Скај апликацијата која ни е дадена од нашите меѓународни партнери, порача денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Нагласи дека постојат огромен број на докази во рамки на доказниот материјал прибавен преку оваа апликација којшто се анализира од страна на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција.
Станува збор за огромен број на докази поврзани со конкретни кривични дела. Овој конкретен случај е поврзан со двајца полициски службеници во периодот кога ги сториле кривичните дела за кои се товарат. Тие денеска не се повеќе полициски службеници, изјави Тошковски во одговор на новинарско прашање дали и на други вработени ќе се прошири истрагата за протекување на информации од МВР кон кланот Грчец.
Посочи дека на вчерашната седница на Советот за безбедност не беше дискутирано за 500-те сертификати што ги приложиле сегашни и поранешни министри за кои вчера кажа дека ќе се проверуваат. Не сакаше да прецизира за каков вид на проверки станува збор.
Сега за сега мислам дека е доволно тоа што го кажав вчера, рече Тошковски и додаде дека ќе се проверуваат сертификатите за сите актуелни и поранешни функционери за кои има информација дека дале погрешни податоци.
Прашан дали сертификатите се поврзани со безбедноста на државата, рече дека за тоа не станало збор на седницата на Советот за безбедност како тема која е поврзано со надлежноста на Советот.
Дискутиравме за оние прашања кои се од надлежност на Советот за безбедност, изјави Тошковски и посочи дека нема ништо да додаде на соопштението што беше испратено до медиумите по вчерашната седница.

The post Тошковски: Ќе има интересни случаи за јавноста поврзани со организиран криминал и висока корупција appeared first on Република.

]]>
МВР ќе проверува 500 функционери за потенцијални прекршоци https://republika.mk/vesti/makedonija/mvr-ke-proveruva-500-funktsioneri-za-potentsijalni-prekrshotsi/ Mon, 04 Nov 2024 13:51:12 +0000 https://republika.mk/?p=834060

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека МВР ќе ги провери информациите за 500 функционери за кои постојат индиции дека сториле нешто што не е во согласност со законските прописи во смисла на соодветни докази кои не соодветствуваат со потребни законски процедури.

Тошковски го изјави ова по прашањето дали МВР ќе го провери сертификатот за англиски јазик на директорот на АБН, Бојан Христовски, за кој постојат наводи дека е невалиден. Тој истакна дека МВР ќе постапува согласно законските прописи и дека се преземени процесни дејствија во неколку постапки.

Во изминатиот период од МВР се преземени процесни дејствија во неколку постапки, тие се како завршно дејствие на претходни предистражни дејствија кои што траеле многу повеќе од десетина дена. Така што сметам дека во рамки на она што ни е надлежност ќе настапиме, рече тој во изјава за медиуми по денешната прес-конференција на ЗНМ по повод Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за злосторствата против новинарите.

Во однос на прашањето дали смета дека Христовски треба да поднесе оставка, министерот одговори дека смета дека, како што рече „не треба да навлегувам во тој дел“.

Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, потврди дека се стигнати анонимни пријави против Христовски, кои се здружени во еден предмет и ќе бидат предмет на истрага.

Минатата недела во ОЈО се стигнати анонимни пријави против сегашниот директор на АНБ. Тие се здружени во еден предмет и ЈО ќе постапува. Во овој момент не можеме да ви дадеме никакви информации со оглед дека пријавите се штотуку распоредени, односно дадени на одреден јавен обвинител, изјави државниот јавен обвинител.

Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски, е под истрага поради наводи дека неговиот сертификат за англиски јазик е фалсификуван. Според информациите, Христовски поседува ТОЕФЛ-сертификат издаден од непостоечки испитен центар во Пловдив, Бугарија.

The post МВР ќе проверува 500 функционери за потенцијални прекршоци appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека МВР ќе ги провери информациите за 500 функционери за кои постојат индиции дека сториле нешто што не е во согласност со законските прописи во смисла на соодветни докази кои не соодветствуваат со потребни законски процедури. Тошковски го изјави ова по прашањето дали МВР ќе го провери сертификатот за англиски јазик на директорот на АБН, Бојан Христовски, за кој постојат наводи дека е невалиден. Тој истакна дека МВР ќе постапува согласно законските прописи и дека се преземени процесни дејствија во неколку постапки.
Во изминатиот период од МВР се преземени процесни дејствија во неколку постапки, тие се како завршно дејствие на претходни предистражни дејствија кои што траеле многу повеќе од десетина дена. Така што сметам дека во рамки на она што ни е надлежност ќе настапиме, рече тој во изјава за медиуми по денешната прес-конференција на ЗНМ по повод Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за злосторствата против новинарите.
Во однос на прашањето дали смета дека Христовски треба да поднесе оставка, министерот одговори дека смета дека, како што рече „не треба да навлегувам во тој дел“. Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, потврди дека се стигнати анонимни пријави против Христовски, кои се здружени во еден предмет и ќе бидат предмет на истрага.
Минатата недела во ОЈО се стигнати анонимни пријави против сегашниот директор на АНБ. Тие се здружени во еден предмет и ЈО ќе постапува. Во овој момент не можеме да ви дадеме никакви информации со оглед дека пријавите се штотуку распоредени, односно дадени на одреден јавен обвинител, изјави државниот јавен обвинител.
Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски, е под истрага поради наводи дека неговиот сертификат за англиски јазик е фалсификуван. Според информациите, Христовски поседува ТОЕФЛ-сертификат издаден од непостоечки испитен центар во Пловдив, Бугарија.

The post МВР ќе проверува 500 функционери за потенцијални прекршоци appeared first on Република.

]]>
На овие светски криминалци МВР на чело со Спасовски им даде македонски пасоши https://republika.mk/vesti/crna-hronika/na-ovie-svetski-kriminaltsi-mvr-na-chelo-so-spasovski-im-dade-makedonski-pasoshi/ Fri, 01 Nov 2024 11:16:15 +0000 https://republika.mk/?p=833045

Македонија за време на владеењето на СДСМ и ДУИ беше омилена земја од која криминалците и нарко клановите сакаат да имаат пасош.

Секако, тие не го сакаа нашиот пасош бидејќи со него можат лесно да патуваат туку до него лесно доаѓаа. На некому дури и им пристигнувале на домашна адреса како божиќен подарок.

Судска завршница за овој скандал имаше, но обвинети беа обични службеници од МВР кои никако не би можеле да дадат пасоши на вакви ликови без да добијат наредба од „горе“. Тие од „горе“ се спасија.Барем засега.

Вчера премиерот Мицкоски од собраниската говорница беше јасен дека ќе побара одговорнот од сегашниот министер за внатрешни работи Панче Тошковски ако тој не побара одговорност од поранешниот Оливер Спасовски.

„Република“ направи пресек кој се за време на СДСМ доби македонски пасош. Важно е да се напомене дека не станува збор за фалсификувани патни исправи туку легални, издадени на шалтерите на МВР како за сите граѓани.

Тука е украинскиот бизнисмен Олександар Онишченко. Овој репрезентативец на Македонија во коњички спорт има тесни врски со Русија најпрво доби позитвни оценки од неколку инститции дека нема пречки да стане македонски државјанин.

Шкаљарците Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ во 2019 година беа убиени во ресторан во Атина.

Игор Дедовиќ бил Горан Тасевски, а Стаматовиќ Емил Филипов.

Лани во септември беше убиен и Јовица Вукотиќ водачот на Шкаљарскиот клан. Тој беше ликвидиран на автопат во близина на Истанбул од непознато лице кое го следело на мотоцикл.

Вукотиќ имаше македонски пасош на име Георги Андонов и со него беше уапсен во Истанбул во 2018 година и екстрадиран во Србија каде што одлежа 15 месеци затвор.Како четири години подоцна пак се нашол во Турција не се знае и чии пасош користел.

Турската полиција е уште трага по припадникот на Кавачкиот клан, Жељко Бојаниќ (56) од Котор. Бојаниќ е најблизок соработник на Дарко Шариќ, најголемиот наркобос на Балканот.

Бојаниќ е посебен случај бидејќи има не еден туку два македонски пасоши. Еден на име Спиро Аговски и втор со име на украден идентитет на Јордан Белчев.

Најпознат е турскиот нарко бос Седат Пекер кој самиот призна дека во полициската станица во Драчево дошол да се фотографира,

Тој самиот објави дека се се сретнал со Заев во неговиот дом и оти македонската лична карта ја добил откако се сликал во полициската станица во Драчево. Тој го доби името Џадин Адемовски.

Македонец по заслуга на Заев и Спасовски стана и водачот на италијанската мафија НдрангетаВалид Иса Хмаис кој важи за главниот перач на пари од трговијата со кокаин на италијанската нарко мафија на 09.01.2019 година во Скопје во регуларна постапка се сликал во управните служби на МВР, а потоа и го подигнал македонскиот пасош со украден идентитет на Македонец од Корча, Вурмо Таќо роден 1965-тата година.

The post На овие светски криминалци МВР на чело со Спасовски им даде македонски пасоши appeared first on Република.

]]>

Македонија за време на владеењето на СДСМ и ДУИ беше омилена земја од која криминалците и нарко клановите сакаат да имаат пасош. Секако, тие не го сакаа нашиот пасош бидејќи со него можат лесно да патуваат туку до него лесно доаѓаа. На некому дури и им пристигнувале на домашна адреса како божиќен подарок. Судска завршница за овој скандал имаше, но обвинети беа обични службеници од МВР кои никако не би можеле да дадат пасоши на вакви ликови без да добијат наредба од „горе“. Тие од „горе“ се спасија.Барем засега. Вчера премиерот Мицкоски од собраниската говорница беше јасен дека ќе побара одговорнот од сегашниот министер за внатрешни работи Панче Тошковски ако тој не побара одговорност од поранешниот Оливер Спасовски. „Република“ направи пресек кој се за време на СДСМ доби македонски пасош. Важно е да се напомене дека не станува збор за фалсификувани патни исправи туку легални, издадени на шалтерите на МВР како за сите граѓани. Тука е украинскиот бизнисмен Олександар Онишченко. Овој репрезентативец на Македонија во коњички спорт има тесни врски со Русија најпрво доби позитвни оценки од неколку инститции дека нема пречки да стане македонски државјанин. Шкаљарците Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ во 2019 година беа убиени во ресторан во Атина. Игор Дедовиќ бил Горан Тасевски, а Стаматовиќ Емил Филипов. Лани во септември беше убиен и Јовица Вукотиќ водачот на Шкаљарскиот клан. Тој беше ликвидиран на автопат во близина на Истанбул од непознато лице кое го следело на мотоцикл. Вукотиќ имаше македонски пасош на име Георги Андонов и со него беше уапсен во Истанбул во 2018 година и екстрадиран во Србија каде што одлежа 15 месеци затвор.Како четири години подоцна пак се нашол во Турција не се знае и чии пасош користел. Турската полиција е уште трага по припадникот на Кавачкиот клан, Жељко Бојаниќ (56) од Котор. Бојаниќ е најблизок соработник на Дарко Шариќ, најголемиот наркобос на Балканот. Бојаниќ е посебен случај бидејќи има не еден туку два македонски пасоши. Еден на име Спиро Аговски и втор со име на украден идентитет на Јордан Белчев. Најпознат е турскиот нарко бос Седат Пекер кој самиот призна дека во полициската станица во Драчево дошол да се фотографира, Тој самиот објави дека се се сретнал со Заев во неговиот дом и оти македонската лична карта ја добил откако се сликал во полициската станица во Драчево. Тој го доби името Џадин Адемовски. Македонец по заслуга на Заев и Спасовски стана и водачот на италијанската мафија НдрангетаВалид Иса Хмаис кој важи за главниот перач на пари од трговијата со кокаин на италијанската нарко мафија на 09.01.2019 година во Скопје во регуларна постапка се сликал во управните служби на МВР, а потоа и го подигнал македонскиот пасош со украден идентитет на Македонец од Корча, Вурмо Таќо роден 1965-тата година.  

The post На овие светски криминалци МВР на чело со Спасовски им даде македонски пасоши appeared first on Република.

]]>
Тошковски праша зошто не се барало оставка од Спасовски: Бројот на убиства е намален, а од мене побаравте 300 пати https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-prasha-zoshto-ne-se-baralo-ostavka-od-spasovski-brojot-na-ubistva-e-namalen-a-od-mene-pobaravte-300-pati/ Thu, 31 Oct 2024 18:06:48 +0000 https://republika.mk/?p=832895

СДСМ се неконструктивна опозиција затоа што се обидува да ги излаже граѓаnите, бидејќи статистиките покажуваат пад во криминалитетот во однос на убиствата и на разбојништвата за 2024 година во споредба со 2023 година кога министер за внатрешни работи беше Оливер Спасовски, рече денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одговарајќи на пратеничко прашање за безбедносната состојба во државата поставено од пратеникот Оливер Спасовски од СДСМ.

Ваша работа е да барате оставка, доколку сметате дека некој не работи како што треба. Но, во 2023 година на територија на Македонија има 23 убиства, досега во 2024 година 16 убиства. Во 2024 година две нерасчистени, 2023 година пак две нерасчистени. Ниту еднаш во 2023 година за овие 23 убиства кои се случени, ниту еднаш, не излеговте да побарате оставка од почитуваниот Спасовски. Тука е лицемерието што јавно им го покажувате на македонските граѓани. На територија на град Скопје во текот на 2023 година имало околу 300 разбојништва, во 2024 година околу 150 досега или околу 35 отсто помалку од истиот период лани. Факт е дека бројките се намалени и дека за 320 разбојништва ниту еднаш не побаравте оставка од мојот претходник на позицијата, а од мене побаравте 300 пати – се обрати Тошковски до опозицијата.

Во врска со убиствата во Чаир и во Лептокарија, Тошковски рече дека сторителите се во притвор и дека МВР ја завршило својата работа.

Пратеникот Спасовски критикуваше дека откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт, сериозно е нарушена безбедносна состојба во земјата.

Само во октомври, за неполн месец, имаше 5 инциденти со пукање, а над 25 вооружени инциденти се случија во изминатите 4 месеци. Пред три дена имаше пукање од автоматско оружје во Чаир, пред една недела, исто така имаше пукање на скопската обиколница, потоа пред две недели, имаше пукање во Чаир, каде што директно беше и помилуваниот наркобос, Барон, кој беше вмешан во тој инцидент. Сето ова е во октомври. Исто така, на почеток на октомври се пукаше во Чаир каде беше повредено 19-годишно момче, а се пукаше и во Арачиново, Батинци, Сингелиќ, на пластичарската улица. Имаше пукање и во Тетово, се случи и убиство кај Мавровка – рече Спасовски.

Тој го праша премиерот Христијсн Мицкоски, дали по сите овие вооружени инциденти, ќе побара одговорност од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, дали Тошковски ќе поднесе оставка или Мицкоски ќе поднесе предлог за разрешување на министерот.

Мицкоски како претседател на Владата излезе со став дека се подготвува сериозно нарушување на безбедносната состојба во земјата, некаде на есен, од страна на одредени групации и поединци за кои досега не добивме никаква конкретна информација. Доколку тоа е во истрага нема да се соопшти, но доволно е да се соопшти дека е отворена постапка против тие, затоа што не треба да чекаме да ни се случи дестабилизација на безбедносната состојба, па дури тогаш да реагираме – рече Спасовски.

The post Тошковски праша зошто не се барало оставка од Спасовски: Бројот на убиства е намален, а од мене побаравте 300 пати appeared first on Република.

]]>

СДСМ се неконструктивна опозиција затоа што се обидува да ги излаже граѓаnите, бидејќи статистиките покажуваат пад во криминалитетот во однос на убиствата и на разбојништвата за 2024 година во споредба со 2023 година кога министер за внатрешни работи беше Оливер Спасовски, рече денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одговарајќи на пратеничко прашање за безбедносната состојба во државата поставено од пратеникот Оливер Спасовски од СДСМ.
Ваша работа е да барате оставка, доколку сметате дека некој не работи како што треба. Но, во 2023 година на територија на Македонија има 23 убиства, досега во 2024 година 16 убиства. Во 2024 година две нерасчистени, 2023 година пак две нерасчистени. Ниту еднаш во 2023 година за овие 23 убиства кои се случени, ниту еднаш, не излеговте да побарате оставка од почитуваниот Спасовски. Тука е лицемерието што јавно им го покажувате на македонските граѓани. На територија на град Скопје во текот на 2023 година имало околу 300 разбојништва, во 2024 година околу 150 досега или околу 35 отсто помалку од истиот период лани. Факт е дека бројките се намалени и дека за 320 разбојништва ниту еднаш не побаравте оставка од мојот претходник на позицијата, а од мене побаравте 300 пати – се обрати Тошковски до опозицијата.
Во врска со убиствата во Чаир и во Лептокарија, Тошковски рече дека сторителите се во притвор и дека МВР ја завршило својата работа. Пратеникот Спасовски критикуваше дека откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт, сериозно е нарушена безбедносна состојба во земјата.
Само во октомври, за неполн месец, имаше 5 инциденти со пукање, а над 25 вооружени инциденти се случија во изминатите 4 месеци. Пред три дена имаше пукање од автоматско оружје во Чаир, пред една недела, исто така имаше пукање на скопската обиколница, потоа пред две недели, имаше пукање во Чаир, каде што директно беше и помилуваниот наркобос, Барон, кој беше вмешан во тој инцидент. Сето ова е во октомври. Исто така, на почеток на октомври се пукаше во Чаир каде беше повредено 19-годишно момче, а се пукаше и во Арачиново, Батинци, Сингелиќ, на пластичарската улица. Имаше пукање и во Тетово, се случи и убиство кај Мавровка – рече Спасовски.
Тој го праша премиерот Христијсн Мицкоски, дали по сите овие вооружени инциденти, ќе побара одговорност од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, дали Тошковски ќе поднесе оставка или Мицкоски ќе поднесе предлог за разрешување на министерот.
Мицкоски како претседател на Владата излезе со став дека се подготвува сериозно нарушување на безбедносната состојба во земјата, некаде на есен, од страна на одредени групации и поединци за кои досега не добивме никаква конкретна информација. Доколку тоа е во истрага нема да се соопшти, но доволно е да се соопшти дека е отворена постапка против тие, затоа што не треба да чекаме да ни се случи дестабилизација на безбедносната состојба, па дури тогаш да реагираме – рече Спасовски.

The post Тошковски праша зошто не се барало оставка од Спасовски: Бројот на убиства е намален, а од мене побаравте 300 пати appeared first on Република.

]]>
МВР предупредува: Не отварајте пораки што наводно ви ги испраќа министерот Тошковски https://republika.mk/vesti/makedonija/mvr-predupreduva-ne-otvarajte-poraki-shto-navodno-vi-gi-ispraka-ministerot-toshkovski/ Thu, 31 Oct 2024 17:47:49 +0000 https://republika.mk/?p=832884

Зголемен бројот на измами со фишинг-напади и случаи на лажно претставување во име на министерот за внатрешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност, граѓаните да не наседнуваат, предупредува Министерството за внатрешни работи.

Од Секторот за компјутерски криминал при МВР известуваат дека главната цел на фишинг-измамите е да се приберат личните податоци на примателот или да се натера да посети лажна веб-страница.

– Обидите најчесто доаѓаат преку електронска пошта, но и преку социјалните мрежи, СМС пораки или телефонски повици. Во некои случаи, жртвите добиваат порака дека се предмет на наводни правни постапки за измислени кривични дела и се повикуваат да стапат во контакт со испраќачот преку вибер или телеграм линк. Дополнително, постојат случаи во кои граѓаните добивале пораки наводно испратени од директорот на Бирото за јавна безбедност или од министерот за внатрешни работи, со кои им се соопштува дека се под истрага за извршени кривични дела и дека е потребно да се регистрираат преку е-пошта и да ги достават нивните лични податоци. Овие електронски пораки се класичен обид за измама со цел прибирање на лични податоци за нивна понатамошна злоупотреба – се вели во соопштението на МВР.

Од полицијата апелираат до сите граѓани да бидат внимателни, да не ги отвораат овие пораки и никако да не контактираат со испраќачот преку доставениот линк или да споделуваат лични податоци доколку тоа се бара.

– За да се избегне ризикот од зараза со малициозен софтвер, Секторот за компјутерски криминал препорачува граѓаните да не отвораат сомнителни линкови и датотеки прикачени во е-маил пораки од непознати испраќачи. Дополнително, сакаме да ја информираме јавноста дека ваквите измами честопати имаат меѓународна димензија, бидејќи слични пораки се забележани и во други држави од регионот – се посочува во соопштението на МВР.

The post МВР предупредува: Не отварајте пораки што наводно ви ги испраќа министерот Тошковски appeared first on Република.

]]>

Зголемен бројот на измами со фишинг-напади и случаи на лажно претставување во име на министерот за внатрешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност, граѓаните да не наседнуваат, предупредува Министерството за внатрешни работи. Од Секторот за компјутерски криминал при МВР известуваат дека главната цел на фишинг-измамите е да се приберат личните податоци на примателот или да се натера да посети лажна веб-страница.