новороденчиња Archives - Република https://republika.mk/tema/novorodenchinja/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Nov 2024 08:52:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png новороденчиња Archives - Република https://republika.mk/tema/novorodenchinja/ 32 32 Секое трето новороденче во Англија и Велс минатата година го родила жена родена надвор од Велика Британија. https://republika.mk/vesti/svet/sekoe-treto-novorodenche-vo-anglija-i-vels-minatata-godina-go-rodila-zhena-rodena-nadvor-od-velika-britanija/ Sat, 09 Nov 2024 22:01:28 +0000 https://republika.mk/?p=835972

Речиси секое трето новороденче во Англија и Велс минатата година го родила жена родена надвор од Велика Британија.

Според британската канцеларија за национална статистика, 31,8 отсто од живородените деца во 2023 година биле од мајки кои не се родени во Велика Британија, што е благ пораст во однос на 30,3 отсто во 2022 година, пишува порталот Мејл онлајн.

Пред десет години тој процент беше 26,5 отсто, а во 2010 година првпат надмина четвртина (25,1 отсто).

Индија останува најчеста земја на потекло за мајките (3,6 отсто од сите живородени бебиња) и татковците (3,9 отсто) кои не се родени во Велика Британија, а Пакистан сè уште е на второ место

The post Секое трето новороденче во Англија и Велс минатата година го родила жена родена надвор од Велика Британија. appeared first on Република.

]]>

Речиси секое трето новороденче во Англија и Велс минатата година го родила жена родена надвор од Велика Британија. Според британската канцеларија за национална статистика, 31,8 отсто од живородените деца во 2023 година биле од мајки кои не се родени во Велика Британија, што е благ пораст во однос на 30,3 отсто во 2022 година, пишува порталот Мејл онлајн. Пред десет години тој процент беше 26,5 отсто, а во 2010 година првпат надмина четвртина (25,1 отсто). Индија останува најчеста земја на потекло за мајките (3,6 отсто од сите живородени бебиња) и татковците (3,9 отсто) кои не се родени во Велика Британија, а Пакистан сè уште е на второ место

The post Секое трето новороденче во Англија и Велс минатата година го родила жена родена надвор од Велика Британија. appeared first on Република.

]]>
Пет новороденчиња се родија ноќеска во Охрид https://republika.mk/zivot/zdravje/pet-novorodenchina-se-rodija-nokeska-vo-ohrid/ Mon, 01 Jan 2024 15:34:04 +0000 https://republika.mk/?p=728717

Во Новата 2024 година Охрид уште на самиот почеток влегува со принова од пет новороденчиња. Нив денеска ги посетија градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и директорот на Општа болница Охрид, Асен Шајн.

Оваа година веројатно ќе биде бериќетна не само за Општина Охрид, туку и за сите жители кои се од Охрид. Имаме пет дечиња во новата година, од кои првото е машко. Денес како Општина тука сме традиционално да им честитаме и да дадеме една поддршка за мајките и новороденчињата. Секако дека ова е несекојдневна ситуација бидејќи имаме пет новородени бебиња, а Општина Охрид според правилникот доделува секогаш на првото новороденче 20 000 денари и пригодни подароци. Оваа година ќе доделиме ваучери од 10 000 денари и на останатите, рече градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, посакувајќи им здравје и успех.

Директорот Шајн од своја страна посочи дека провото новородено оваа година на овој свет дошло во 1:54 часот, здраво машко дете тешко 2.730 грама, трето чедо на 27-годишна мајка од Охрид.

Се надевам дека оваа година ќе биде бериќетна по гледањето на првиот ден од оваа година каде имаме пет новородени бебиња. Посакувам оваа година да биде исполнета со здравје, позитивна енергија, мир и спокој да си имаат во својата фамилија сите од новороденчињата, да живеат во среќно и безгрижно детство и на сите им посакувам Новата година да донесе нови успеси, но пред се здравје, изјави тој.

Инаку, во сега веќе старата 2023 година во Охрид се родени 503 бебиња, од кои 320 женски.

The post Пет новороденчиња се родија ноќеска во Охрид appeared first on Република.

Антониа и Илина се првите новороденчиња во Битола https://republika.mk/zivot/semejstvo/antonia-i-ilina-se-prvite-novorodenchina-vo-bitola/ Mon, 01 Jan 2024 14:30:04 +0000 https://republika.mk/?p=728681

Антониа која се роди десет минути по полноќ во ПЗУ „Плодност“ и Илина која се роди во 02:07 часот во ЈЗУ Клиничка болница, се првите новороденчиња во Битола во 2024 година.

Во ПЗУ „Плодност“ на првиот ден од новата година се роди и едно машко дете, Матео чија мајка е од Прилеп додека во ЈЗУ Клиничка болница на Одделението за гинекологија се родија уште две машки бебиња, на кои пригодни подароци им додели градоначалникот Тони Коњановски.

Денес сме тука со колегите од мојата професија, каде што присуствуваме на убав чин, каде во име на граѓаните и на Општина Битола им доделивме скромни подароци за новороденчињата. Добро здравје и успеси за сите, истакна градоначалникот Коњановски, по посетата на на двете здравствени установи.

The post Антониа и Илина се првите новороденчиња во Битола appeared first on Република.

]]>

Антониа која се роди десет минути по полноќ во ПЗУ „Плодност“ и Илина која се роди во 02:07 часот во ЈЗУ Клиничка болница, се првите новороденчиња во Битола во 2024 година. Во ПЗУ „Плодност“ на првиот ден од новата година се роди и едно машко дете, Матео чија мајка е од Прилеп додека во ЈЗУ Клиничка болница на Одделението за гинекологија се родија уште две машки бебиња, на кои пригодни подароци им додели градоначалникот Тони Коњановски.
Денес сме тука со колегите од мојата професија, каде што присуствуваме на убав чин, каде во име на граѓаните и на Општина Битола им доделивме скромни подароци за новороденчињата. Добро здравје и успеси за сите, истакна градоначалникот Коњановски, по посетата на на двете здравствени установи.

The post Антониа и Илина се првите новороденчиња во Битола appeared first on Република.

]]>
Во Србија задолжителен скрининг на новороденчињата за СМА https://republika.mk/vesti/vo-srbija-zadolzhitelen-skrining-na-novorodenchinata-za-sma/ Thu, 07 Sep 2023 10:42:30 +0000 https://republika.mk/?p=679672

Од 14 септември за сите новороденчиња во Србија ќе биде обврзен скринингот за спинална мускулна атрофија. Прегледот ќе биде на трошок на српскиот Републички фонд за здравствено осигурување (РФЗО).

Предвидено е мострите да се земаат во сите породилишта во Србија, додека анализата на примероците ќе се врши на Биолошкиот факултет на Универзитетот во Белград.

Целта за воведување скрининг веднаш по раѓањето е рана дијагноза во предсимптоматската фаза на болеста, што е од суштинско значење за исходот од третманот на спинална мускулна атрофија, а со тестирањето по раѓањето нема да се губи повеќе време за утврдување дијагноза“, се наведува во соопштението на РФЗО.

На сметка на РФЗО од 2021 година задолжителни се скрининзите за фенилкетонурија, хипотироидизам и за цистична фиброза.

The post Во Србија задолжителен скрининг на новороденчињата за СМА appeared first on Република.

]]>

Од 14 септември за сите новороденчиња во Србија ќе биде обврзен скринингот за спинална мускулна атрофија. Прегледот ќе биде на трошок на српскиот Републички фонд за здравствено осигурување (РФЗО). Предвидено е мострите да се земаат во сите породилишта во Србија, додека анализата на примероците ќе се врши на Биолошкиот факултет на Универзитетот во Белград. Целта за воведување скрининг веднаш по раѓањето е рана дијагноза во предсимптоматската фаза на болеста, што е од суштинско значење за исходот од третманот на спинална мускулна атрофија, а со тестирањето по раѓањето нема да се губи повеќе време за утврдување дијагноза“, се наведува во соопштението на РФЗО. На сметка на РФЗО од 2021 година задолжителни се скрининзите за фенилкетонурија, хипотироидизам и за цистична фиброза.

The post Во Србија задолжителен скрининг на новороденчињата за СМА appeared first on Република.

]]>
Не кажа зошто: Медицинска сестра уби седум новороденчиња, други шест се спасени https://republika.mk/vesti/svet/ne-kazha-zoshto-meditsinska-sestra-ubi-sedum-novorodenchina-drugi-shest-se-spaseni/ Fri, 18 Aug 2023 19:10:13 +0000 https://republika.mk/?p=673544

Медицинска сестра од одделот за неонатологија во британска болница денеска е прогласена за виновна за убиство на седум бебиња и обид за убиство на уште шест.

Луси Летби (33) беше обвинета за убиство за смртта на пет машки и две женски новороденчиња, како и пет обиди за убиства на машки бебиња и пет обиди за убиства на девојчиња помеѓу 2015 и 2016 година кога работела во болницата во Честер во Северна Западна Англија.

Таа беше обвинета за намерно повредување на новородените бебиња на различни начини, вклучително и вбризгување воздух во нивните крвотоци и внесување воздух или млеко во нивниот стомак преку назогастричните цевки (цевките што одат од носот до желудникот).

Таа, исто така, беше обвинета за труење бебиња со интровенозно додавање инсулин и оштетување на цевките за дишење.

Летби се изјасни дека не е виновна за ниту едно од обвиненијата.

Поротата составена од седум жени и четворица мажи расправаше 22 дена пред да донесе пресуда. Еден од поротниците од првичниот совет не учествуваше во постапката откако побара да биде изземен од лични причини.

Потоа судијата им даде право на поротниците да донесат пресуда со 10 гласа наместо потребната едногласност

The post Не кажа зошто: Медицинска сестра уби седум новороденчиња, други шест се спасени appeared first on Република.

]]>

Медицинска сестра од одделот за неонатологија во британска болница денеска е прогласена за виновна за убиство на седум бебиња и обид за убиство на уште шест. Луси Летби (33) беше обвинета за убиство за смртта на пет машки и две женски новороденчиња, како и пет обиди за убиства на машки бебиња и пет обиди за убиства на девојчиња помеѓу 2015 и 2016 година кога работела во болницата во Честер во Северна Западна Англија. Таа беше обвинета за намерно повредување на новородените бебиња на различни начини, вклучително и вбризгување воздух во нивните крвотоци и внесување воздух или млеко во нивниот стомак преку назогастричните цевки (цевките што одат од носот до желудникот). Таа, исто така, беше обвинета за труење бебиња со интровенозно додавање инсулин и оштетување на цевките за дишење. Летби се изјасни дека не е виновна за ниту едно од обвиненијата. Поротата составена од седум жени и четворица мажи расправаше 22 дена пред да донесе пресуда. Еден од поротниците од првичниот совет не учествуваше во постапката откако побара да биде изземен од лични причини. Потоа судијата им даде право на поротниците да донесат пресуда со 10 гласа наместо потребната едногласност

The post Не кажа зошто: Медицинска сестра уби седум новороденчиња, други шест се спасени appeared first on Република.

]]>
Во Белград 600 бебиња добија физиолошки раствор наместо БСЖ вакцина https://republika.mk/vesti/balkan/vo-belgrad-600-bebinja-dobija-fizioloshki-rastvor-namesto-bsz-vakcina/ Thu, 27 Oct 2022 12:02:43 +0000 https://republika.mk/?p=566357

аместо БСЖ вакцина, 600 бебиња во ГАК „Народен фронт“ во Белград добија физиолошки раствор, соопшти новоименуваната министерка за здравство Даница Грујичиќ. Децата не се загрозени, вакцината ќе ја примат во наредниот период.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, министерката Грујичиќ одржа вонредна прес-конференција на која соопшти дека 600 бебиња на ГАК „Народен фронт“ во Белград наместо вакцина против БСЖ добиле физиолошки раствор.

Груичиќ истакна дека децата не се загрозени, а вакцината ќе ја примат во наредниот период, објави РТС.

Оваа вакцина на децата се дава на возраст до 12 месеци.

Според Грујичиќ, грешката ја направила медицинска сестра. Директорот на ГАК „Народен фронт“ и понудил оставка, но таа не била прифатена.

Министерката за здравство посочи и дека се назначени тројца лекари кои ќе се грижат правилно да се изврши вакцинацијата.

The post Во Белград 600 бебиња добија физиолошки раствор наместо БСЖ вакцина appeared first on Република.

]]>

аместо БСЖ вакцина, 600 бебиња во ГАК „Народен фронт“ во Белград добија физиолошки раствор, соопшти новоименуваната министерка за здравство Даница Грујичиќ. Децата не се загрозени, вакцината ќе ја примат во наредниот период. Како што јави дописникот на МИА од Белград, министерката Грујичиќ одржа вонредна прес-конференција на која соопшти дека 600 бебиња на ГАК „Народен фронт“ во Белград наместо вакцина против БСЖ добиле физиолошки раствор. Груичиќ истакна дека децата не се загрозени, а вакцината ќе ја примат во наредниот период, објави РТС. Оваа вакцина на децата се дава на возраст до 12 месеци. Според Грујичиќ, грешката ја направила медицинска сестра. Директорот на ГАК „Народен фронт“ и понудил оставка, но таа не била прифатена. Министерката за здравство посочи и дека се назначени тројца лекари кои ќе се грижат правилно да се изврши вакцинацијата.

The post Во Белград 600 бебиња добија физиолошки раствор наместо БСЖ вакцина appeared first on Република.

]]>
100 семејства во Центар добија по 7.000 денари парична помош за новороденчиња https://republika.mk/vesti/skopje/100-semejstva-vo-centar-dobija-po-7-000-denari-parichna-pomosh-za-novorodenchinja/ Fri, 16 Sep 2022 12:26:10 +0000 https://republika.mk/?p=551407

Општина Центар започна со исплата на парична помош за новороденчиња. Денеска градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во Паркот на Франкофонијата на 100 семејства од Центар кои имаат новороденче лично им ги врачи решенијата во висина од 7.000 денари.

На мое задоволство денеска овде во Паркот на Франкофонијата ги доделуваме решенијата за еднократна парична помош за најмладите Центарци. Покрај овие средства, новите родители добиваат и пакет производи и услуги од општествено одговорните компании Еурофарм, ПЗУ Жан Митрев, Реплек, Геопром, Хип, Веледа за што би сакал да им упатам искрена благодарност. Со подарувањето педијатриски услуги и сет производи општествено одговорните компании покажуваат дека се силно фокусирани на своите потрошувачи. Тоа е навистина за поздрав, истакна Герасимовски.

Еднократната парична помош за новите родители кои редовно ги доделува општина Центар се во рамки на проектот на општината за доделување првична помош и поддршка на родителите, жители на Општина Центар. Во Паркот на Франкофонијата градоначалникот Герасимовски на родителите на најмладите сограѓани во општината им посака добро здравје и среќно и безгрижно детство, а на родителите успешно родителство и хармонични моменти во семејството.
Општина Центар ќе продолжи да реализира проекти од областа на детската заштита и да се грижи за најмладите во општината.

The post 100 семејства во Центар добија по 7.000 денари парична помош за новороденчиња appeared first on Република.

]]>

Општина Центар започна со исплата на парична помош за новороденчиња. Денеска градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во Паркот на Франкофонијата на 100 семејства од Центар кои имаат новороденче лично им ги врачи решенијата во висина од 7.000 денари.
На мое задоволство денеска овде во Паркот на Франкофонијата ги доделуваме решенијата за еднократна парична помош за најмладите Центарци. Покрај овие средства, новите родители добиваат и пакет производи и услуги од општествено одговорните компании Еурофарм, ПЗУ Жан Митрев, Реплек, Геопром, Хип, Веледа за што би сакал да им упатам искрена благодарност. Со подарувањето педијатриски услуги и сет производи општествено одговорните компании покажуваат дека се силно фокусирани на своите потрошувачи. Тоа е навистина за поздрав, истакна Герасимовски.
Еднократната парична помош за новите родители кои редовно ги доделува општина Центар се во рамки на проектот на општината за доделување првична помош и поддршка на родителите, жители на Општина Центар. Во Паркот на Франкофонијата градоначалникот Герасимовски на родителите на најмладите сограѓани во општината им посака добро здравје и среќно и безгрижно детство, а на родителите успешно родителство и хармонични моменти во семејството. Општина Центар ќе продолжи да реализира проекти од областа на детската заштита и да се грижи за најмладите во општината.  

The post 100 семејства во Центар добија по 7.000 денари парична помош за новороденчиња appeared first on Република.

]]>
Новороденчињата можат да наследат ковид-антитела ако мајката била вакцинирана со мРНК вакцина https://republika.mk/zivot/zdravje/novorodenchinjata-mozat-da-nasledat-kovid-antitela-ako-majkata-bila-vakcinirana-so-mrnk-vakcina/ Wed, 09 Feb 2022 10:55:44 +0000 https://republika.mk/?p=456124

Откако се појавија вакцините, најголемиот дел од нив се одобрени и за бремени жени, но прашањето кое се поставува е дали бебето е заштитено од зараза одреден период од првите месеци?

Според истражувањето објавено во магазинот ЈАМА, вакцинираните трудници развиваат повеќе антитела споредено со оние кои во текот на бременоста го прележале вирусот. Исто така, бебињата на мајки вакцинирани со некоја од мРНК вакцините, наследуваат антитела кои можат да траат и до шест месеци, особено ако вакцината е примена помеѓу 20-тата и 32-та недела од бременоста.

Сепак, антителата не се единствен одбранбен механизам на телото, но кога се работи за бебиња, количините кои се наследуваат од мајката, веројатно се доволни за да пружат високо ниво на заштита. Но, конечен одговор на оваа дилема засега нема и темата останува предмет на натамошни истражувања.

The post Новороденчињата можат да наследат ковид-антитела ако мајката била вакцинирана со мРНК вакцина appeared first on Република.

]]>

Откако се појавија вакцините, најголемиот дел од нив се одобрени и за бремени жени, но прашањето кое се поставува е дали бебето е заштитено од зараза одреден период од првите месеци? Според истражувањето објавено во магазинот ЈАМА, вакцинираните трудници развиваат повеќе антитела споредено со оние кои во текот на бременоста го прележале вирусот. Исто така, бебињата на мајки вакцинирани со некоја од мРНК вакцините, наследуваат антитела кои можат да траат и до шест месеци, особено ако вакцината е примена помеѓу 20-тата и 32-та недела од бременоста. Сепак, антителата не се единствен одбранбен механизам на телото, но кога се работи за бебиња, количините кои се наследуваат од мајката, веројатно се доволни за да пружат високо ниво на заштита. Но, конечен одговор на оваа дилема засега нема и темата останува предмет на натамошни истражувања.

The post Новороденчињата можат да наследат ковид-антитела ако мајката била вакцинирана со мРНК вакцина appeared first on Република.

]]>
Стефковски во посета на првите нови жители на општина Гази Баба за 2022 година https://republika.mk/vesti/skopje/stefkovski-vo-poseta-na-prvite-novi-ziteli-na-opshtina-gazi-baba-za-2022-godina/ Mon, 03 Jan 2022 13:34:48 +0000 https://republika.mk/?p=440039

Три машки бебиња се првите нови жители на општина Гази Баба во 2022 година, соопшти градоначалникот Бобан Стефковски кој утрово ги посети мајките и новороденчињата.

Среќна и бериќетна ќе биде новата 2022 година!
Утрово ги посетив првите нови жители на општина Гази Баба, кои се три машки бебиња.
Две се родени на 01.01.2022 година, додека едното е родено на 03.01.2022 година.
Им посакувам многу здравје, среќа и успех во животот, порача тој.

The post Стефковски во посета на првите нови жители на општина Гази Баба за 2022 година appeared first on Република.

]]>

Три машки бебиња се првите нови жители на општина Гази Баба во 2022 година, соопшти градоначалникот Бобан Стефковски кој утрово ги посети мајките и новороденчињата.
Среќна и бериќетна ќе биде новата 2022 година! Утрово ги посетив првите нови жители на општина Гази Баба, кои се три машки бебиња. Две се родени на 01.01.2022 година, додека едното е родено на 03.01.2022 година. Им посакувам многу здравје, среќа и успех во животот, порача тој.

The post Стефковски во посета на првите нови жители на општина Гази Баба за 2022 година appeared first on Република.

]]>