„Новогодишна музичка идила со Симон и пријателите“ Archives - Република https://republika.mk/tema/novogodishna-muzichka-idila-so-simon-i-prijatelite/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Nov 2024 09:59:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Новогодишна музичка идила со Симон и пријателите“ Archives - Република https://republika.mk/tema/novogodishna-muzichka-idila-so-simon-i-prijatelite/ 32 32 „Новогодишна музичка идила со Симон и пријателите“ на 20 декември во арена „Борис Трајковски“ https://republika.mk/vesti/kultura/novogodishna-muzichka-idila-so-simon-i-prijatelite-na-20-dekemvri-vo-arena-boris-trajkovski/ Mon, 04 Nov 2024 09:59:47 +0000 https://republika.mk/?p=833919

Скопје, 4 ноември 2024 (МИА) - Македонскиот пијанист Симон Трпчески на 20 декември во арената „Борис Трајковски“ ќе одржи новогодишен концерт насловен „Новогодишна музичка идила со Симон и пријателите“.

Концертот е во организација на „Прагма продукција“, а Трпчески ќе настапи заедно со неговите пријатели, врвни македонски уметници.

Ова нема да биде класичен концерт, туку ќе биде новогодишен спектакл, каде што за првпат, Симон Трпчески ќе свири и популарни новогодишни песни, како што тоа го прават и најголемите музички ѕвезди. Но, овојпат тој ќе оди чекор понатаму, па заедно со него, на сцената ќе му се придружат врвни пејачи кои дополнително ќе ја зајакнат атмосферата, најавија организаторите.

Како што посочуваат, на програмата ќе биде „Оревокршачка“, но и омилените арии и популарните дуети, па сѐ до валцерите и бисерите од класичната музика и виртуозни предизвици.

Секој дел од програмата е вистински виртуозен предизвик, но Трпчески и неговите пријатели се подготвени да го исполнат со леснотија и страст, како што само тие знаат. Зборувајќи за новата средба со македонската публика, Симон Трпчески вели дека секогаш кога настапува на сцените низ светот дава сѐ од себе, но потенцира дека емоцијата е посилна кога се свири дома. Вистинска реткост е да се слуша Симон во Скопје, бидејќи неговите концертни активности траат во текот на целата година и се одвиваат на сите континенти низ светот, се вели во соопштението.

Трпчески редовно соработува со познати диригенти, а меѓу нив се издвојуваат имиња како Шарл Дитоа, Сер Лорин Мазел, Василиј Петренко, Владимир Ашкенази, Густав Дудамел итн. Настапува со најголемите странски оркестри, како Њујоршката филхармонија, Кралската филхармонија од Лондон, симфонискиот оркестар на Сан Франциско… Многу музички критичари го споредуваат со најдобрите пијанисти на денешницата, истакнувајќи дека Трпчески не само што ја поседува техниката, туку и длабока, уникатна музикалност што му овозможува да ги спои традицијата и современиот израз на извонреден начин.

Оваа новогодишна вечер е за сите – за оние кои го сакаат класичниот звук, но и за оние кои едноставно сакаат да уживаат во празничен концерт кој носи радост и инспирација. Во пријатната атмосфера на декемвриската ноќ, арената ќе биде вистинско уметничко прибежиште. Затоа, подгответе се за незаборавна вечер, споделете ја со своите најблиски и дозволете си да бидете дел од оваа ноќ, каде што Симон Трпчески и неговите пријатели ќе запишат уште една незаборавна страница во македонската музичка приказна, посочуваат организаторите.

The post „Новогодишна музичка идила со Симон и пријателите“ на 20 декември во арена „Борис Трајковски“ appeared first on Република.

]]>