нови национални установи Archives - Република https://republika.mk/tema/novi-natsionalni-ustanovi/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Aug 2023 13:45:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нови национални установи Archives - Република https://republika.mk/tema/novi-natsionalni-ustanovi/ 32 32 Во пресрет на Илинден формирани нови национални установи од областа на културата: „Десет дена Крушевска Република“ и „Денови на Смилевскиот конгрес“ https://republika.mk/vesti/kultura/vo-presret-na-ilinden-formirani-novi-natsionalni-ustanovi-od-oblasta-na-kulturata-deset-dena-krushevska-republika-i-denovi-na-smilevskiot-kongres/ Tue, 01 Aug 2023 13:39:22 +0000 https://republika.mk/?p=667682

Во пресрет на големиот државен празник, Илинден, кога во државата се прославува Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ со што се конституира македонската држава, Владата донесе одлука за формирање две нови национални установи од областа на културата кои ги афирмираат личностите и настаните поврзани со Илинденскиот период и со македонската државност, информираат од Министерството за култура.

Традиционалните активности со кои се слави слободата, победата, борбата и жедтта на македонскиот народ и сите други народи кои живеат во земјава за слободна, независна и демократска држава, „Десет дена Крушевска Република“ и „Денови на Смилевскиот конгрес“ ќе функционираат преку целата година како национални установи.

Иницијативата за основање на  установата  „Десет дена Крушевска Република“ е со цел  поттикнување на творештвото на современиците инспирирано од Илинден и борбата на македонскиот народ за национално ослободување и за афирмација на Република Македонија. Националната установа Центар за култура „Десет дена Крушевска Република“ – Крушево, ќе биде сместена во објектот на Националната установа Историски Музеј – Крушево, што е во сопственост на Република Македонија.

Иницијативите се поднесени од Министерството за култура каде што е предвидено Национална установа, Манифестација „Денови на Смилевскиот конгрес“ – Смилево, Демир Хисар да ги одбележува деновите на  Смилевскиот Конгрес, како историски настан од значење за македонскиот народ и за спомените за Даме Груев. А ќе биде сместена во објект во село Смилево, што е во сопственост на Република Македонија, односно во некогашната куќа на револуционерот Даме Груев.

Новите национални установи според досегашната нивно постоење и програмски содржини, продолжуваат да дејствуваат во духот на афирмација на настани и личности значајни за илинденскиот период и за македонската државност.

Смилевскиот конгрес е одржан од 2 до 7 мај 1903 година во с. Смилево, Демир Хисар. Овој Конгрес според одлуките што ги донел, претставува една од значајните етапи во подготовките на Илинденското востание. Со тоа, Смилевскиот Конгрес е настан длабоко врежан во свеста на македонскиот народ, што трајно ја определил неговата иднина. А спомените за ликот и делото на Даме Груев, како и други историски личности и настани, се постојан потсетник за поставувањето на темелите на македонската државност, стои во писменото соопштение од Министерството за култура.

The post Во пресрет на Илинден формирани нови национални установи од областа на културата: „Десет дена Крушевска Република“ и „Денови на Смилевскиот конгрес“ appeared first on Република.

]]>