Ние Archives - Република https://republika.mk/tema/nie/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Nov 2024 08:37:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ние Archives - Република https://republika.mk/tema/nie/ 32 32 Премиера на претставата „Ние, луѓето“ на Театар „Пи“ во која како актери се вклучени лица со попреченост и лица со атипичен развој https://republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-pretstavata-nie-lugeto-na-teatar-pi-vo-koja-kako-akteri-se-vklucheni-litsa-so-poprechenost-i-litsa-so-atipichen-razvoj/ Mon, 11 Nov 2024 08:37:07 +0000 https://republika.mk/?p=836238

Театарската претстава „Ние, луѓето“ на Театар „Пи“, во режија на Златко Митрески и Македонка Илиевска Митреска вечер премиерно ќе биде изведена во Центарот за култура во Ѓорче Петров.

Асистент на режија и едукатор е режисерката од Бугарија, Гергана Тодева. Во претставата како актери се вклучени лица со попреченост и лица со атипичен развој.

Ние, луѓето“ е мултимедијален концепт со кој низ главно театарски, но и фотографски, сценографски, музички и психолошки работилници кои ги водат едукатори-професионалци во својата област, учесниците со типичен и атипичен развој поминаа низ целосен процес на создавање на комплетно театарско дело, информира Театар „Пи“.

Претставата е дел од кампањата за вклучување на лица со посебни потреби, како и лица со атипичен развој во културата почната во јануари 2023 година, а завршува со театарска премиера. Проектот е финансиран со средства од Бугарска развојна помош.

Театар „Пи“ е создаден пред 15 години и единствениот на Балканот кој континуирано работи со лица со интелектуална попреченост и лица со атипичен развој. Тој е основан и предводен од актерите Златко Митрески и Македонка Илиевска. 

The post Премиера на претставата „Ние, луѓето“ на Театар „Пи“ во која како актери се вклучени лица со попреченост и лица со атипичен развој appeared first on Република.

]]>

Објавен „Ние“, четвртиот роман на Ана Стојаноска https://republika.mk/vesti/kultura/objaven-nie-chetvrtiot-roman-na-ana-stojanoska/ Mon, 26 Dec 2022 08:01:30 +0000 https://republika.mk/?p=589904

Романот „Ние“ на Ана Стојаноска е објавен деновиве во издание на „Арс Либрис“ (дел од „Арс Ламина – публикации“) од Скопје. Четвртиот роман на Стојаноска влезе во потесниот избор за наградата „Пегаз“ за 2021 година (заедно со „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков, кој ја доби наградата „Пегаз“ и „Мастилна мапа“ од Марија Ралповска), што ја доделува „Арс Ламина“ во соработка со фондацијата „Славко Јаневски“.

Романот има интересна, загонетна структура во трите елементарни форми на нарација (јас, ти и ние форма) и истовремено си игра со читателот, поставувајќи го во централната позиција на откривање на тоа што е вистинито, а што измислено во романот. Романот е концентриран на една навидум обична љубовна приказна, помеѓу една писателка и нејзиниот маж, а всушност раскажува неколку попатни приказни, постхумно откриени од страна на нејзиниот сега веќе возрасен син. Романот си игра и со приказната и со читателите, создавајќи една динамична наративна линија, во која еден настан е раскажан и низ призмата на машкиот и низ призмата на женскиот главен лик.

Ана Стојаноска создава роман кој излегува од рамките на вообичаеното раскажување и покажува како една љубовна приказна може да е третирана како наративен предизвик.

Ова е четвртиот роман на Ана Стојаноска, после „Јас и Лин, отпосле“ (прво издание за „Блесок“, 2016, второ издание за „Култура“, 2019 за кој го доби „Рациновото признание“ за 2017г., романот е преведен и објавен и на украински и на англиски јазик), „Дијалози во еднина“ (Култура, 2019) и „Лебед“ (Полица, 2021, во моментов „Книга на месец декември“ во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје).

Ана Стојаноска (Прилеп, 1977) е писателка, театролог, редовна професорка на Факултетот за драмски уметности – Скопје и актуелна директорка на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп. Авторка е на повеќе од сто библиографски единици од областа на книжевноста, театрологијата и културологијата. Авторка и коавторка на неколку театарски монографии и собрани драми. Нејзината поетска збирка „Потпис: Трепетлика“ ја доби наградата „Антево перо“ за 2020 година.

The post Објавен „Ние“, четвртиот роман на Ана Стојаноска appeared first on Република.

]]>

Романот „Ние“ на Ана Стојаноска е објавен деновиве во издание на „Арс Либрис“ (дел од „Арс Ламина – публикации“) од Скопје. Четвртиот роман на Стојаноска влезе во потесниот избор за наградата „Пегаз“ за 2021 година (заедно со „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков, кој ја доби наградата „Пегаз“ и „Мастилна мапа“ од Марија Ралповска), што ја доделува „Арс Ламина“ во соработка со фондацијата „Славко Јаневски“. Романот „Ние“ на Ана Стојаноска е објавен деновиве во издание на „Арс Либрис“ (дел од „Арс Ламина – публикации“) од Скопје. Четвртиот роман на Стојаноска влезе во потесниот избор за наградата „Пегаз“ за 2021 година (заедно со „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков, кој ја доби наградата „Пегаз“ и „Мастилна мапа“ од Марија Ралповска), што ја доделува „Арс Ламина“ во соработка со фондацијата „Славко Јаневски“. Романот има интересна, загонетна структура во трите елементарни форми на нарација (јас, ти и ние форма) и истовремено си игра со читателот, поставувајќи го во централната позиција на откривање на тоа што е вистинито, а што измислено во романот. Романот е концентриран на една навидум обична љубовна приказна, помеѓу една писателка и нејзиниот маж, а всушност раскажува неколку попатни приказни, постхумно откриени од страна на нејзиниот сега веќе возрасен син. Романот си игра и со приказната и со читателите, создавајќи една динамична наративна линија, во која еден настан е раскажан и низ призмата на машкиот и низ призмата на женскиот главен лик. Ана Стојаноска создава роман кој излегува од рамките на вообичаеното раскажување и покажува како една љубовна приказна може да е третирана како наративен предизвик. Ова е четвртиот роман на Ана Стојаноска, после „Јас и Лин, отпосле“ (прво издание за „Блесок“, 2016, второ издание за „Култура“, 2019 за кој го доби „Рациновото признание“ за 2017г., романот е преведен и објавен и на украински и на англиски јазик), „Дијалози во еднина“ (Култура, 2019) и „Лебед“ (Полица, 2021, во моментов „Книга на месец декември“ во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје). Ана Стојаноска (Прилеп, 1977) е писателка, театролог, редовна професорка на Факултетот за драмски уметности – Скопје и актуелна директорка на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп. Авторка е на повеќе од сто библиографски единици од областа на книжевноста, театрологијата и културологијата. Авторка и коавторка на неколку театарски монографии и собрани драми. Нејзината поетска збирка „Потпис: Трепетлика“ ја доби наградата „Антево перо“ за 2020 година.

The post Објавен „Ние“, четвртиот роман на Ана Стојаноска appeared first on Република.

]]>