народна банка Archives - Република https://republika.mk/tema/narodna-banka/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Nov 2024 12:47:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png народна банка Archives - Република https://republika.mk/tema/narodna-banka/ 32 32 Народна банка очекува забавување на инфлацијата и во следните години https://republika.mk/vesti/ekonomija/narodna-banka-ochekuva-zabavuvane-na-inflatsijata-i-vo-slednite-godini/ Fri, 08 Nov 2024 12:47:14 +0000 https://republika.mk/?p=835574

Просечната инфлацијата годинава значително ќе забави и од 9,4 отсто минатата година ќе се сведе на 3,5 отсто, а трендот на намалување ќе биде карактеристичен и за следните години, додека економскиот раст постепено ќе забрзува, при претежно стабилна платнобилансна позиција, посочила гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, која ги претстави најновите макроекономски проекции на Народната банка за периодот 2024 ‒ 2027 година пред дипломатскиот кор и пред претставниците на меѓународните институции.

На настанот, којшто се организира редовно, по секој нов циклус макроекономски проекции на Народната банка, присуствувале претставници на Светската банка (СБ), Делегацијата на ЕУ (ДЕУ), Обединетите нации (ОН), како и на дипломатските претставништва на Албанија, Бугарија, Германија, Грција, Италија, Казахстан, Кина, САД, Словачка, Словенија, Турција, Унгарија, Холандија, Швајцарија, Шведска.

Во презентацијата беше наведено дека благодарение на надолното приспособување на инфлацијата и поволниот девизен пазар, Народната банка почна претпазливо да ја нормализира поставеноста на монетарната политика. Се очекува дека инфлацијата и натаму ќе се стабилизира и во просек ќе изнесува 3,5% и 2,5% во 2024 година и 2025 година, соодветно. На среден рок се оценува дека таа ќе се врати на историскиот просек од 2%. И покрај значителното забавување на инфлацијата, и понатаму постојат неизвесности, главно поврзани со цените на примарните производи на светските пазари, но и со домашните политики коишто влијаат на агрегатната побарувачка. Оттаму, потребна е внимателност во овој домен и во иднина. Во рамките на есенскиот циклус проекции се предвидува умерено забрзување на растот на економијата, односно закрепнување на економската активност од 2,3% и 3,3% во 2024 година и 2025 година, соодветно, но побавно во споредба со априлските проекции. Економијата ќе биде поддржана и од кредитната активност, чијшто просечен раст би се движел над 7%, поддржан од натамошното проширување на депозитната база и стабилниот банкарски систем, соопшти Народната банка.

Очекувањата за надворешната позиција на економијата, како клучен сегмент во услови на стратегија на стабилен девизен курс, како што велат од Народната банка, упатуваат на поволна и претежно стабилна позиција на тековната сметка на платниот биланс на среден рок.

Во целиот период на проекцијата се очекуваат солидни нето-приливи во финансиската сметка, поддржани од директните инвестиции и задолжувањето на државата, со што девизните резерви и натаму ќе растат и ќе се задржат на ниво коешто е соодветно за задржување на стабилноста на домашната валута, се наведува во соопштението.

Од Народната банка велат дека внимателно, на дневна основа, ќе ги следиат макроекономските податоци и ризиците коишто сѐ уште постојат и како и досега и ќе ги презема сите неопходни мерки, користејќи ги сите расположливи инструменти, заради задржување на стабилноста на девизниот курс и стабилизирање на инфлацијата на среден рок.

The post Народна банка очекува забавување на инфлацијата и во следните години appeared first on Република.

]]>

Просечната инфлацијата годинава значително ќе забави и од 9,4 отсто минатата година ќе се сведе на 3,5 отсто, а трендот на намалување ќе биде карактеристичен и за следните години, додека економскиот раст постепено ќе забрзува, при претежно стабилна платнобилансна позиција, посочила гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, која ги претстави најновите макроекономски проекции на Народната банка за периодот 2024 ‒ 2027 година пред дипломатскиот кор и пред претставниците на меѓународните институции. На настанот, којшто се организира редовно, по секој нов циклус макроекономски проекции на Народната банка, присуствувале претставници на Светската банка (СБ), Делегацијата на ЕУ (ДЕУ), Обединетите нации (ОН), како и на дипломатските претставништва на Албанија, Бугарија, Германија, Грција, Италија, Казахстан, Кина, САД, Словачка, Словенија, Турција, Унгарија, Холандија, Швајцарија, Шведска. Во презентацијата беше наведено дека благодарение на надолното приспособување на инфлацијата и поволниот девизен пазар, Народната банка почна претпазливо да ја нормализира поставеноста на монетарната политика. Се очекува дека инфлацијата и натаму ќе се стабилизира и во просек ќе изнесува 3,5% и 2,5% во 2024 година и 2025 година, соодветно. На среден рок се оценува дека таа ќе се врати на историскиот просек од 2%. И покрај значителното забавување на инфлацијата, и понатаму постојат неизвесности, главно поврзани со цените на примарните производи на светските пазари, но и со домашните политики коишто влијаат на агрегатната побарувачка. Оттаму, потребна е внимателност во овој домен и во иднина. Во рамките на есенскиот циклус проекции се предвидува умерено забрзување на растот на економијата, односно закрепнување на економската активност од 2,3% и 3,3% во 2024 година и 2025 година, соодветно, но побавно во споредба со априлските проекции. Економијата ќе биде поддржана и од кредитната активност, чијшто просечен раст би се движел над 7%, поддржан од натамошното проширување на депозитната база и стабилниот банкарски систем, соопшти Народната банка. Очекувањата за надворешната позиција на економијата, како клучен сегмент во услови на стратегија на стабилен девизен курс, како што велат од Народната банка, упатуваат на поволна и претежно стабилна позиција на тековната сметка на платниот биланс на среден рок. Во целиот период на проекцијата се очекуваат солидни нето-приливи во финансиската сметка, поддржани од директните инвестиции и задолжувањето на државата, со што девизните резерви и натаму ќе растат и ќе се задржат на ниво коешто е соодветно за задржување на стабилноста на домашната валута, се наведува во соопштението. Од Народната банка велат дека внимателно, на дневна основа, ќе ги следиат макроекономските податоци и ризиците коишто сѐ уште постојат и како и досега и ќе ги презема сите неопходни мерки, користејќи ги сите расположливи инструменти, заради задржување на стабилноста на девизниот курс и стабилизирање на инфлацијата на среден рок.

The post Народна банка очекува забавување на инфлацијата и во следните години appeared first on Република.

]]>
Народна банка: Економскиот раст 2,3 отсто, инфлацијата 3,5 проценти https://republika.mk/vesti/ekonomija/narodna-banka-ekonomskiot-rast-2-3-otsto-inflatsijata-3-5-protsenti/ Thu, 07 Nov 2024 11:40:09 +0000 https://republika.mk/?p=835125

Забавување на инфлацијата и послаб раст на домашната економија за оваа и за следната година во споредба со априлските согледувања, предвидува Народната банка. Според есенските макроекономски проекции, за оваа година економскиот раст е проектиран на 2,3 отсто, а за наредната на 3,3 проценти. На среден рок, оцените за растот се непроменети. Во периодот 2026 ‒ 2027 година се очекува натамошно забрзување на растот, согласно очекувањата за поповолен надворешен амбиент и засилени инвестициски активности поврзани со подолгорочниот карактер на јавниот инфраструктурен циклус. Ризиците за растот и натаму се нагласени и претежно надолни.

Како што соопшти денеска гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, најновите оценки го потврдуваат априлското согледување за просечна стапка на инфлација од 3,5 отсто во 2024 година, иако во последниот квартал се очекуваат одредени нагорни поместувања. За следната година се очекува стапка на инфлација од 2,5 процени што е мала нагорна ревизија во однос на април. На среден рок (2026 ‒ 2027) се очекува стабилизирање на нивото на околу 2 отсто при очекувано исцрпување на ефектите од надворешните ценовни шокови, закотвени инфлациски очекувања и отсуство на позначителни притисоци преку каналот на домашната побарувачка. Како ризици и натаму се сметаат цените на примарните производи, коишто се под влијание на нестабилниот геополитички контекст и климатските фактори, како и домашните политики со кои се влијае врз агрегатната побарувачка во домашната економија.

-И натаму се очекува поволна и претежно стабилна надворешна позиција на економијата на среден рок. По суфицитот остварен во претходната година (0,4 отсто), оваа година се проценува умерен дефицит во тековната сметка од 2,1 процент од БДП, при стабилизирање на салдото во размената со стоки и услуги, како и нормализација на приватните трансфери, по високите нивоа достигнати во 2023 година. За преостанатиот период на проекцијата, 2025 ‒ 2027 година, е проектиран дефицит на тековните трансакции во просек од 2,2 отсто од БДП. Во целиот период на проекцијата се очекуваат солидни нето-приливи во финансиската сметка, поддржани од директните инвестиции и задолжувањето на државата, со што девизните резерви и натаму ќе растат и ќе се задржат на ниво што е соодветно за задржување на стабилноста на домашната валута, истакна гувернерката, презентирајќи го најновиот квартален извештај во кој, рече, макроекономската слика за македонската економија не е значително променета во споредба со априлските проекции.

Според Ангеловска-Бежоска, банкарскиот систем и натаму ќе обезбедува солидна кредитна поддршка. До крајот на годинава се очекува кредитниот раст да биде стабилен и да изнесува 7,5 отсто.

- Се очекува раст и на среден рок, но малку поумерен и со просечна стапка од 7,2 отсто за периодот 2025 ‒ 2027 година, во услови на солидна капитална и ликвидноса позиција на банките. Кредитниот раст, како и досега, ќе биде поддржан од растот на депозитите, како главен извор на финансирање. На крајот на 2024 година, се очекува солиден годишен раст на депозитите од 7,9 проценти, а на среден рок за периодот од 2025 до 2027 година од околу 7,7 отсто, во просек, рече гувернерката.

Во согласност со закрепнувањето на светската економија и странската побарувачка, и натаму се очекува постепено забрзување на растот и на македонската економија.

-Во услови на значително забавување на домашната инфлација и поволен девизен пазар, но кога сѐ уште постојат ризици, Народната банка почна со претпазливо нормализирање на монетарната политика. Народната банка внимателно, на дневна основа, ќе ги следи макроекономските податоци и ризиците коишто сѐ уште постојат и како и досега, ќе ги презема сите неопходни мерки, користејќи ги сите расположливи инструменти, заради задржување на стабилноста на девизниот курс и ценовната стабилност, заклучи Ангеловска-Бежоска.

The post Народна банка: Економскиот раст 2,3 отсто, инфлацијата 3,5 проценти appeared first on Република.

]]>

Забавување на инфлацијата и послаб раст на домашната економија за оваа и за следната година во споредба со априлските согледувања, предвидува Народната банка. Според есенските макроекономски проекции, за оваа година економскиот раст е проектиран на 2,3 отсто, а за наредната на 3,3 проценти. На среден рок, оцените за растот се непроменети. Во периодот 2026 ‒ 2027 година се очекува натамошно забрзување на растот, согласно очекувањата за поповолен надворешен амбиент и засилени инвестициски активности поврзани со подолгорочниот карактер на јавниот инфраструктурен циклус. Ризиците за растот и натаму се нагласени и претежно надолни. Како што соопшти денеска гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, најновите оценки го потврдуваат априлското согледување за просечна стапка на инфлација од 3,5 отсто во 2024 година, иако во последниот квартал се очекуваат одредени нагорни поместувања. За следната година се очекува стапка на инфлација од 2,5 процени што е мала нагорна ревизија во однос на април. На среден рок (2026 ‒ 2027) се очекува стабилизирање на нивото на околу 2 отсто при очекувано исцрпување на ефектите од надворешните ценовни шокови, закотвени инфлациски очекувања и отсуство на позначителни притисоци преку каналот на домашната побарувачка. Како ризици и натаму се сметаат цените на примарните производи, коишто се под влијание на нестабилниот геополитички контекст и климатските фактори, како и домашните политики со кои се влијае врз агрегатната побарувачка во домашната економија.
-И натаму се очекува поволна и претежно стабилна надворешна позиција на економијата на среден рок. По суфицитот остварен во претходната година (0,4 отсто), оваа година се проценува умерен дефицит во тековната сметка од 2,1 процент од БДП, при стабилизирање на салдото во размената со стоки и услуги, како и нормализација на приватните трансфери, по високите нивоа достигнати во 2023 година. За преостанатиот период на проекцијата, 2025 ‒ 2027 година, е проектиран дефицит на тековните трансакции во просек од 2,2 отсто од БДП. Во целиот период на проекцијата се очекуваат солидни нето-приливи во финансиската сметка, поддржани од директните инвестиции и задолжувањето на државата, со што девизните резерви и натаму ќе растат и ќе се задржат на ниво што е соодветно за задржување на стабилноста на домашната валута, истакна гувернерката, презентирајќи го најновиот квартален извештај во кој, рече, макроекономската слика за македонската економија не е значително променета во споредба со априлските проекции.
Според Ангеловска-Бежоска, банкарскиот систем и натаму ќе обезбедува солидна кредитна поддршка. До крајот на годинава се очекува кредитниот раст да биде стабилен и да изнесува 7,5 отсто.
- Се очекува раст и на среден рок, но малку поумерен и со просечна стапка од 7,2 отсто за периодот 2025 ‒ 2027 година, во услови на солидна капитална и ликвидноса позиција на банките. Кредитниот раст, како и досега, ќе биде поддржан од растот на депозитите, како главен извор на финансирање. На крајот на 2024 година, се очекува солиден годишен раст на депозитите од 7,9 проценти, а на среден рок за периодот од 2025 до 2027 година од околу 7,7 отсто, во просек, рече гувернерката.
Во согласност со закрепнувањето на светската економија и странската побарувачка, и натаму се очекува постепено забрзување на растот и на македонската економија.
-Во услови на значително забавување на домашната инфлација и поволен девизен пазар, но кога сѐ уште постојат ризици, Народната банка почна со претпазливо нормализирање на монетарната политика. Народната банка внимателно, на дневна основа, ќе ги следи макроекономските податоци и ризиците коишто сѐ уште постојат и како и досега, ќе ги презема сите неопходни мерки, користејќи ги сите расположливи инструменти, заради задржување на стабилноста на девизниот курс и ценовната стабилност, заклучи Ангеловска-Бежоска.

The post Народна банка: Економскиот раст 2,3 отсто, инфлацијата 3,5 проценти appeared first on Република.

]]>
Нацевска: Високата доверба на граѓаните во домашните банки се огледа во растот на штедните влогови за 35 отсто https://republika.mk/vesti/ekonomija/natsevska-visokata-doverba-na-graganite-vo-domashnite-banki-se-ogleda-vo-rastot-na-shtednite-vlogovi-za-35-otsto/ Fri, 01 Nov 2024 12:01:03 +0000 https://republika.mk/?p=833084

Од почетокот на пандемијата па досега, депозитите на домаќинствата во македонските банки бележат раст од околу 35% и моментално тие сочинуваат околу 60% од нивната финансиска актива. Уште позначајно е што учеството на денарските депозити во вкупните заштеди на домаќинствата веќе надминува 50%, со што продолжува трендот на денаризација. Довербата во банкарскиот систем се огледа и во растот на долгорочните депозити со двоцифрени стапки на раст, највисоки во последната декада, при што во август учеството на долгорочните депозити достигна 30% - истакна вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, во своето обраќање по повод на Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври, на традиционалниот настан којшто го организира Македонската банкарска асоцијација (МБА).

Нацевска рече дека со својата проактивност, Народната банка дава значаен придонес во јакнењето на отпорноста на банкарскиот систем, приспособувајќи ги соодветно сетот мерки коишто ги презема во изминатите години. Банкарскиот сектор активно ги следи овие сигнали на централната банка, нудејќи соодветни депозитни производи со попривлечни каматни стапки.

Еден од клучните предуслови за поттикнување на штедењето во домашните банки е одржувањето на стабилноста на финансискиот систем. Иако банките се соочија со неколку последователни кризи, нивните капитални и ликвидносни позиции се зајакнати. Банкарскиот сектор ја зголеми својата отпорност, што јасно се гледа од повеќе показатели. Адекватноста на капиталот е значително зголемена на 19%, што е највисоко ниво во изминатите две децении. Ликвидноста на банките е на високо ниво. Квалитетот на кредитното портфолио е подобрен во однос на претпандемичниот период, со учество на нефункционалните во вкупните кредити од околу 3%. Овие податоци покажуваат дека банкарскиот сектор го положи тестот на отпорност, во голема мера поддржана од навремените и соодветни макропрудентни мерки коишто ги презеде Народната банка во изминатиов период - рече вицегувернерката Нацевска, истакнувајќи ја потребата од постојана будност и приспособливост на сите чинители, заради заштита од евентуални нови шокови коишто би можеле повторно да ја тестираат издржливоста на банкарскиот систем во иднина.

На Денот на штедењето, вицегувернерката Нацевска порача дека позитивните трендови се несомнено поврзани и со степенот на финансиска едукација на населението ‒ стратегиска цел на која Народната банка посветено работи. Македонската банкарска асоцијација и комерцијалните банки исто така преземаат сопствени иницијативи за финансиска едукација на населението, во рамките на своите стратегии за општествена одговорност, коишто се во пораст во последниве години.

Очекуваме дека во наредниот период уште повеќе ќе вложуваме во проектите за подигнување на финансиската писменост на граѓаните, со цел заедно да дадеме придонес кон градењето поинклузивен финансиски систем, каде што секој ќе ги има потребните знаења и вештини за донесување правилни финансиски одлуки засновани врз информации - истакна Нацевска.

Вицегувернерката посочи дека во светски рамки се пораспространети апликациите за електронско и мобилно банкарство, а во последно време и финансиските алатки управувани од вештачката интелигенција коишто овозможуваат управување и следење на заштедите во реално време. Банкарскиот сектор ќе треба да придонесе кон засилување на овие трендови и кај нас, преку зголемени инвестиции во својата дигитална инфраструктура.

The post Нацевска: Високата доверба на граѓаните во домашните банки се огледа во растот на штедните влогови за 35 отсто appeared first on Република.

]]>

Од почетокот на пандемијата па досега, депозитите на домаќинствата во македонските банки бележат раст од околу 35% и моментално тие сочинуваат околу 60% од нивната финансиска актива. Уште позначајно е што учеството на денарските депозити во вкупните заштеди на домаќинствата веќе надминува 50%, со што продолжува трендот на денаризација. Довербата во банкарскиот систем се огледа и во растот на долгорочните депозити со двоцифрени стапки на раст, највисоки во последната декада, при што во август учеството на долгорочните депозити достигна 30% - истакна вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, во своето обраќање по повод на Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври, на традиционалниот настан којшто го организира Македонската банкарска асоцијација (МБА).
Нацевска рече дека со својата проактивност, Народната банка дава значаен придонес во јакнењето на отпорноста на банкарскиот систем, приспособувајќи ги соодветно сетот мерки коишто ги презема во изминатите години. Банкарскиот сектор активно ги следи овие сигнали на централната банка, нудејќи соодветни депозитни производи со попривлечни каматни стапки.
Еден од клучните предуслови за поттикнување на штедењето во домашните банки е одржувањето на стабилноста на финансискиот систем. Иако банките се соочија со неколку последователни кризи, нивните капитални и ликвидносни позиции се зајакнати. Банкарскиот сектор ја зголеми својата отпорност, што јасно се гледа од повеќе показатели. Адекватноста на капиталот е значително зголемена на 19%, што е највисоко ниво во изминатите две децении. Ликвидноста на банките е на високо ниво. Квалитетот на кредитното портфолио е подобрен во однос на претпандемичниот период, со учество на нефункционалните во вкупните кредити од околу 3%. Овие податоци покажуваат дека банкарскиот сектор го положи тестот на отпорност, во голема мера поддржана од навремените и соодветни макропрудентни мерки коишто ги презеде Народната банка во изминатиов период - рече вицегувернерката Нацевска, истакнувајќи ја потребата од постојана будност и приспособливост на сите чинители, заради заштита од евентуални нови шокови коишто би можеле повторно да ја тестираат издржливоста на банкарскиот систем во иднина.
На Денот на штедењето, вицегувернерката Нацевска порача дека позитивните трендови се несомнено поврзани и со степенот на финансиска едукација на населението ‒ стратегиска цел на која Народната банка посветено работи. Македонската банкарска асоцијација и комерцијалните банки исто така преземаат сопствени иницијативи за финансиска едукација на населението, во рамките на своите стратегии за општествена одговорност, коишто се во пораст во последниве години.
Очекуваме дека во наредниот период уште повеќе ќе вложуваме во проектите за подигнување на финансиската писменост на граѓаните, со цел заедно да дадеме придонес кон градењето поинклузивен финансиски систем, каде што секој ќе ги има потребните знаења и вештини за донесување правилни финансиски одлуки засновани врз информации - истакна Нацевска.
Вицегувернерката посочи дека во светски рамки се пораспространети апликациите за електронско и мобилно банкарство, а во последно време и финансиските алатки управувани од вештачката интелигенција коишто овозможуваат управување и следење на заштедите во реално време. Банкарскиот сектор ќе треба да придонесе кон засилување на овие трендови и кај нас, преку зголемени инвестиции во својата дигитална инфраструктура.

The post Нацевска: Високата доверба на граѓаните во домашните банки се огледа во растот на штедните влогови за 35 отсто appeared first on Република.

]]>
Алармот на Народна банка предизвика паника во Центар https://republika.mk/vesti/crna-hronika/alarmot-na-narodna-banka-predizvika-panika-vo-tsentar/ Wed, 02 Oct 2024 07:06:56 +0000 https://republika.mk/?p=821558

Неколку полициски комбиња и полициски службеници кои утрово забрзано се упатија кон Народна банка предизвикаа паника кај скопјани, кои во моментот се упатуваа кон работните места на една од најфрекфентните крстосници во градот.

Но, наместо обид за грабеж или нешто посериозно, како што веднаш се раширија шпекулации, станувало збор само за лажна тревога од алармот кој сам се вклучил.

Утрово во СВР Скопје била добиена пријава дека е вклучен алармот во Народна банка. Веднаш потоа екипи на СВР Скопје излегле на местото и по извршени проверки било утврдено дека нема настан, односно дека алармот сам се вклучил, велат од СВР Скопје за „Репубилка“.

По лажната тревога улицата беше расчистена.

The post Алармот на Народна банка предизвика паника во Центар appeared first on Република.

]]>

Неколку полициски комбиња и полициски службеници кои утрово забрзано се упатија кон Народна банка предизвикаа паника кај скопјани, кои во моментот се упатуваа кон работните места на една од најфрекфентните крстосници во градот. Но, наместо обид за грабеж или нешто посериозно, како што веднаш се раширија шпекулации, станувало збор само за лажна тревога од алармот кој сам се вклучил.
Утрово во СВР Скопје била добиена пријава дека е вклучен алармот во Народна банка. Веднаш потоа екипи на СВР Скопје излегле на местото и по извршени проверки било утврдено дека нема настан, односно дека алармот сам се вклучил, велат од СВР Скопје за „Репубилка“.
По лажната тревога улицата беше расчистена.

The post Алармот на Народна банка предизвика паника во Центар appeared first on Република.

]]>
НБ: Нето надворешниот долг до 30 јуни, 4,48 милијарди евра https://republika.mk/vesti/ekonomija/nb-neto-nadvoreshniot-dolg-do-30-juni-4-48-milijardi-evra/ Mon, 30 Sep 2024 13:01:53 +0000 https://republika.mk/?p=821095

Народната банка соопшти дека на 30.6.2024 година, нето надворешниот долг изнесувал 4 481 милион евра или 30,8 отсто од проектираниот БДП. Нето надворешниот долг во вториот квартал од 2024 година е зголемен за 109 милиони евра или за 2,5 проценти. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 64 отсто.

Во текот на вториот квартал од 2024 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 185 милиони евра и изнесува 8 622 милионa евра, што претставува 59,2 отсто од проектираниот БДП за 2024 година. Од овој износ, најголемиот дел или 88 проценти се нето-обврски врз основа на директните инвестиции, од кои 71 отсто се врз основа на сопственички капитал.

-На крајот на вториот квартал од 2024 година, бруто надворешниот долг изнесува 11.875 милиони евра и забележа квартално зголемување од 76 милиони евра. Бруто надворешните побарувања се намалија за 33 милиони евра и изнесуваат 7.394 милиони евра. Кварталното зголемување на обврските, при истовремено nамалување на побарувањата доведе до зголемување на нето надворешниот долг за 109 милиони евра, така што на крајот на јуни 2024 година тој изнесува 4.481 милион евра, наведува Банката.

Во споредба со крајот на 2023 година, бруто надворешниот долг е повисок за 519 милиони евра, или за 4,6%. Притоа, во првата половина од 2024 година, долгот со исклучен ефект од специфичните активности за управување со девизните резерви на централната банка е зголемен за 400 милиони евра. Остварениот раст е резултат на зголемениот приватен надворешен долг (за 366 милиони евра) и зголемениот јавен долг (за 34 милиони евра). Кај приватниот долг, раст е забележан кај капитално поврзаните субјекти (за 315 милиони евра) и небанкарскиот приватен сектор (за 180 милиони евра), додека долгот на приватните банки бележи намалување (за 129 милиони евра). Во однос на јавниот долг, растот во најголем дел е резултат на зголемените обврски на јавните банки и јавните претпријатија (за 18 милиони евра) и на секторот „држава“ (за 13 милиони евра).

Според Народната банка, во споредба со крајот на претходната година, бруто надворешните побарувања се повисоки за 404 милиони евра. Без ефектот од специфичните активности за управување со девизните резерви на централната банка, бруто надворешните побарувања се зголемени за 162 милиона евра, и тоа како резултат на зголемените приватни побарувања (за 431 милион евра), при намалени јавни побарувања (за 269 милиони евра). Растот на приватните
побарувања произлегува од зголемените побарувања на капитално поврзаните субјекти (за 336 милиони евра) и останатите сектори (за 164 милиони евра), при пад на побарувањата на депозитните институции (за 69 милиони евра).

-Бруто надворешните побарувања, на крајот на вториот квартал од 2024 година, изнесуваат 7.394 милиони евра (или 50,8% од проектираниот БДП) и забележаа квартално намалување од 33 милиони евра (или за 0,4%). Доколку се исклучи ефектот од специфичните активности на централната банка поврзани со управувањето со девизните резерви, бруто надворешните побарувања се зголемени за 81 милион евра и изнесуваат 7.151 милион евра. Оваа квартална промена е резултат на зголемените приватни побарувања за 59 милиони евра и зголемените јавни побарувања за 22 милиона евра. Кварталниот раст на надворешните побарувања кај приватниот сектор е резултат на зголемените побарувања на останатите сектори (за 58 милиони евра), при речиси непроменета состојба на
побарувањата на депозитните институции и на капитално поврзаните субјекти. Растот на јавните побарувања се должи на зголемените побарувања на централната банка, се нагласува во соопштението.

The post НБ: Нето надворешниот долг до 30 јуни, 4,48 милијарди евра appeared first on Република.

]]>

Народната банка соопшти дека на 30.6.2024 година, нето надворешниот долг изнесувал 4 481 милион евра или 30,8 отсто од проектираниот БДП. Нето надворешниот долг во вториот квартал од 2024 година е зголемен за 109 милиони евра или за 2,5 проценти. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 64 отсто. Во текот на вториот квартал од 2024 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 185 милиони евра и изнесува 8 622 милионa евра, што претставува 59,2 отсто од проектираниот БДП за 2024 година. Од овој износ, најголемиот дел или 88 проценти се нето-обврски врз основа на директните инвестиции, од кои 71 отсто се врз основа на сопственички капитал. -На крајот на вториот квартал од 2024 година, бруто надворешниот долг изнесува 11.875 милиони евра и забележа квартално зголемување од 76 милиони евра. Бруто надворешните побарувања се намалија за 33 милиони евра и изнесуваат 7.394 милиони евра. Кварталното зголемување на обврските, при истовремено nамалување на побарувањата доведе до зголемување на нето надворешниот долг за 109 милиони евра, така што на крајот на јуни 2024 година тој изнесува 4.481 милион евра, наведува Банката. Во споредба со крајот на 2023 година, бруто надворешниот долг е повисок за 519 милиони евра, или за 4,6%. Притоа, во првата половина од 2024 година, долгот со исклучен ефект од специфичните активности за управување со девизните резерви на централната банка е зголемен за 400 милиони евра. Остварениот раст е резултат на зголемениот приватен надворешен долг (за 366 милиони евра) и зголемениот јавен долг (за 34 милиони евра). Кај приватниот долг, раст е забележан кај капитално поврзаните субјекти (за 315 милиони евра) и небанкарскиот приватен сектор (за 180 милиони евра), додека долгот на приватните банки бележи намалување (за 129 милиони евра). Во однос на јавниот долг, растот во најголем дел е резултат на зголемените обврски на јавните банки и јавните претпријатија (за 18 милиони евра) и на секторот „држава“ (за 13 милиони евра). Според Народната банка, во споредба со крајот на претходната година, бруто надворешните побарувања се повисоки за 404 милиони евра. Без ефектот од специфичните активности за управување со девизните резерви на централната банка, бруто надворешните побарувања се зголемени за 162 милиона евра, и тоа како резултат на зголемените приватни побарувања (за 431 милион евра), при намалени јавни побарувања (за 269 милиони евра). Растот на приватните побарувања произлегува од зголемените побарувања на капитално поврзаните субјекти (за 336 милиони евра) и останатите сектори (за 164 милиони евра), при пад на побарувањата на депозитните институции (за 69 милиони евра). -Бруто надворешните побарувања, на крајот на вториот квартал од 2024 година, изнесуваат 7.394 милиони евра (или 50,8% од проектираниот БДП) и забележаа квартално намалување од 33 милиони евра (или за 0,4%). Доколку се исклучи ефектот од специфичните активности на централната банка поврзани со управувањето со девизните резерви, бруто надворешните побарувања се зголемени за 81 милион евра и изнесуваат 7.151 милион евра. Оваа квартална промена е резултат на зголемените приватни побарувања за 59 милиони евра и зголемените јавни побарувања за 22 милиона евра. Кварталниот раст на надворешните побарувања кај приватниот сектор е резултат на зголемените побарувања на останатите сектори (за 58 милиони евра), при речиси непроменета состојба на побарувањата на депозитните институции и на капитално поврзаните субјекти. Растот на јавните побарувања се должи на зголемените побарувања на централната банка, се нагласува во соопштението.

The post НБ: Нето надворешниот долг до 30 јуни, 4,48 милијарди евра appeared first on Република.

]]>
Народна банка: Основната каматна стапка се намалува за 0,25 процентни поени https://republika.mk/vesti/ekonomija/narodna-banka-osnovnata-kamatna-stapka-se-namaluva-za-0-25-protsentni-poeni/ Wed, 18 Sep 2024 10:56:58 +0000 https://republika.mk/?p=817425

Најновите услови во економијата овозможуваат да се почне со постепено претпазливо нормализирање на поставеноста на монетарната политика и е одлучено каматната стапка на благајничките записи да се намали за 0,25 процентни поени, на нивото од 6,05 проценти, соопшти денеска Народната банка.

Каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена се непроменети, на нивоата од 4,20 проценти и 4,25 проценти, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е исто така непроменета и изнесува 10 милијарди денари.

Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка вчера на редовна седница ги разгледуваше најновите податоци и информации за глобалната и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика.

Со ваквите промени, според НБ, се задржува внимателноста во монетарната политика имајќи ги предвид ризиците поврзани со надворешното окружување што сè уште постојат, но и со домашните фактори што влијаат врз агрегатната побарувачка. И натаму се очекува дека нивото на каматните стапки, заедно со досегашните промени кај задолжителната резерва и преземените макропрудентни мерки, вклучувајќи го и постепеното зголемување на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките (1 процент со примена од јули 2024 година), ќе придонесат за ценовна стабилност на среден рок и за задржување на стабилноста на девизниот курс. Воедно, промените во инструментот задолжителна резерва коишто се применуваат од јули 2024 година, придонесуваат за дополнителна поддршка на поставеноста на монетарната политика.

Од Народна банка информираат дека одлуката за монетарната политиката е заснована на оцените за инфлацијата, којашто се движи во рамките на очекувањата, како и на постојаните поволни движења на девизниот пазар. Годишната стапка на инфлација во август позначително забави и изнесува 2,2 проценти, при поволни движења кај сите три главни компоненти, односно пад на цените кај прехранбената и енергетската компонента и забавен раст на базичната инфлација.

Со оглед на споредбената основа од 2023 година (мерки за привремено ограничување на растот на цените), до крајот на годината е можна определена променливост во стапката на инфлација, но во просек за целата 2024 година се очекува дека ќе биде во рамките на проектираната од 3,5 проценти, според априлскиот циклус проекции. Во анкетите на ЕК за очекувањата на потрошувачите, веќе пет месеци по ред преовладуваат очекувања за намалување на цените во следниот период. Во однос на берзанските цени на примарните производи, најновите прогнози се ревидирани надолу, во согласност со зголемената понуда и намалената побарувачка, што е поврзано со послабите изгледи за раст, се вели во соопштението.

Во соопштението стои дека состојбата на девизниот пазар е стабилна и движењата се поволни. Нивото на девизните резерви на крајот на август изнесува 4.469,8 милиони евра, што е соодветно за задржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Во согласност со поволните движења на девизниот пазар, Народната банка од почетокот на годината интервенира со нето-откуп на девизи, што придонесе и за подобри остварувања кај девизните резерви од очекувањата. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, трговскиот дефицит во јули 2024 година е во согласност со очекувањата од априлскиот циклус проекции. Остварувањата на менувачкиот пазар заклучно со крајот на август се малку повисоки од проектираните нето-приливи од приватните трансфери. Остварениот дефицит во тековната сметка на билансот на плаќања во вториот квартал од 2024 година е понизок од очекувањата според априлската проекција, при истовремено повисоки остварени нето финансиски приливи.

Во однос на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ), како фактор што Народната банка исто така го има предвид, на последната седница во септември по вторпат оваа година беше донесена одлука за намалување на каматната стапка за 0,25 п.п.

Економскиот раст во вториот квартал на 2024 година забрза и е речиси идентичен со проекциите на Народната банка. Реалниот раст на домашната економија изнесува 2,3 проценти на годишна основа (1,2 проценти во претходниот квартал), при натамошен раст и на квартална основа. Така во првата половина од годината е остварен раст од 1,8 проценти, што е блиску до нашата проекција од 1,9 проценти. Високофреквентните податоци за третиот квартал од 2024 година со кои се располага во моментов се ограничени. Засега, податоците за јули покажуваат реален годишен раст на прометот во вкупната трговија и на индустриското производство, наспроти нивниот пад во претходниот квартал. Во однос на ризиците за растот во следниот период, тие и натаму постојат и се поврзани пред сѐ со случувањата во надворешното окружување, но и со интензитетот на остварувањето на домашните инфраструктурни проекти поосчива централната банка.

Во монетарниот сектор, депозитниот потенцијал на банките е солиден и засега со изгледи за подобри остварувања од очекуваните за третиот квартал. Слични се остварувањата и кај кредитниот раст, којшто се одржува малку над проектираниот.

Општо земено, најновите остварувања кај клучните макроекономски показатели, како и согледувањата во однос на нивната идна патека, создадоа можност за намалување на основната каматна стапка. Сепак, Народната банка го задржува внимателниот пристап при натамошните одлуки за монетарната политика. Ризиците поврзани со надворешното окружување треба и натаму да се следат, пред сè цените на примарните производи, коишто сè уште се под влијание на нестабилниот геополитички контекст и климатските промени, а треба да се внимава и на ризиците од домашните фактори коишто може да влијаат врз побарувачката и цените во следниот период, вклучително и политиката на платите. Оттаму водењето внимателни макроекономски политики ќе биде нашиот приоритет и во иднина. Народната банка и натаму е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема соодветни мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс и ценовната стабилност на среден рок, соопштија од Народната банка.

The post Народна банка: Основната каматна стапка се намалува за 0,25 процентни поени appeared first on Република.

]]>

Најновите услови во економијата овозможуваат да се почне со постепено претпазливо нормализирање на поставеноста на монетарната политика и е одлучено каматната стапка на благајничките записи да се намали за 0,25 процентни поени, на нивото од 6,05 проценти, соопшти денеска Народната банка. Каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена се непроменети, на нивоата од 4,20 проценти и 4,25 проценти, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е исто така непроменета и изнесува 10 милијарди денари. Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка вчера на редовна седница ги разгледуваше најновите податоци и информации за глобалната и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. Со ваквите промени, според НБ, се задржува внимателноста во монетарната политика имајќи ги предвид ризиците поврзани со надворешното окружување што сè уште постојат, но и со домашните фактори што влијаат врз агрегатната побарувачка. И натаму се очекува дека нивото на каматните стапки, заедно со досегашните промени кај задолжителната резерва и преземените макропрудентни мерки, вклучувајќи го и постепеното зголемување на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките (1 процент со примена од јули 2024 година), ќе придонесат за ценовна стабилност на среден рок и за задржување на стабилноста на девизниот курс. Воедно, промените во инструментот задолжителна резерва коишто се применуваат од јули 2024 година, придонесуваат за дополнителна поддршка на поставеноста на монетарната политика. Од Народна банка информираат дека одлуката за монетарната политиката е заснована на оцените за инфлацијата, којашто се движи во рамките на очекувањата, како и на постојаните поволни движења на девизниот пазар. Годишната стапка на инфлација во август позначително забави и изнесува 2,2 проценти, при поволни движења кај сите три главни компоненти, односно пад на цените кај прехранбената и енергетската компонента и забавен раст на базичната инфлација. Со оглед на споредбената основа од 2023 година (мерки за привремено ограничување на растот на цените), до крајот на годината е можна определена променливост во стапката на инфлација, но во просек за целата 2024 година се очекува дека ќе биде во рамките на проектираната од 3,5 проценти, според априлскиот циклус проекции. Во анкетите на ЕК за очекувањата на потрошувачите, веќе пет месеци по ред преовладуваат очекувања за намалување на цените во следниот период. Во однос на берзанските цени на примарните производи, најновите прогнози се ревидирани надолу, во согласност со зголемената понуда и намалената побарувачка, што е поврзано со послабите изгледи за раст, се вели во соопштението. Во соопштението стои дека состојбата на девизниот пазар е стабилна и движењата се поволни. Нивото на девизните резерви на крајот на август изнесува 4.469,8 милиони евра, што е соодветно за задржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Во согласност со поволните движења на девизниот пазар, Народната банка од почетокот на годината интервенира со нето-откуп на девизи, што придонесе и за подобри остварувања кај девизните резерви од очекувањата. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, трговскиот дефицит во јули 2024 година е во согласност со очекувањата од априлскиот циклус проекции. Остварувањата на менувачкиот пазар заклучно со крајот на август се малку повисоки од проектираните нето-приливи од приватните трансфери. Остварениот дефицит во тековната сметка на билансот на плаќања во вториот квартал од 2024 година е понизок од очекувањата според априлската проекција, при истовремено повисоки остварени нето финансиски приливи. Во однос на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ), како фактор што Народната банка исто така го има предвид, на последната седница во септември по вторпат оваа година беше донесена одлука за намалување на каматната стапка за 0,25 п.п. Економскиот раст во вториот квартал на 2024 година забрза и е речиси идентичен со проекциите на Народната банка. Реалниот раст на домашната економија изнесува 2,3 проценти на годишна основа (1,2 проценти во претходниот квартал), при натамошен раст и на квартална основа. Така во првата половина од годината е остварен раст од 1,8 проценти, што е блиску до нашата проекција од 1,9 проценти. Високофреквентните податоци за третиот квартал од 2024 година со кои се располага во моментов се ограничени. Засега, податоците за јули покажуваат реален годишен раст на прометот во вкупната трговија и на индустриското производство, наспроти нивниот пад во претходниот квартал. Во однос на ризиците за растот во следниот период, тие и натаму постојат и се поврзани пред сѐ со случувањата во надворешното окружување, но и со интензитетот на остварувањето на домашните инфраструктурни проекти поосчива централната банка. Во монетарниот сектор, депозитниот потенцијал на банките е солиден и засега со изгледи за подобри остварувања од очекуваните за третиот квартал. Слични се остварувањата и кај кредитниот раст, којшто се одржува малку над проектираниот. Општо земено, најновите остварувања кај клучните макроекономски показатели, како и согледувањата во однос на нивната идна патека, создадоа можност за намалување на основната каматна стапка. Сепак, Народната банка го задржува внимателниот пристап при натамошните одлуки за монетарната политика. Ризиците поврзани со надворешното окружување треба и натаму да се следат, пред сè цените на примарните производи, коишто сè уште се под влијание на нестабилниот геополитички контекст и климатските промени, а треба да се внимава и на ризиците од домашните фактори коишто може да влијаат врз побарувачката и цените во следниот период, вклучително и политиката на платите. Оттаму водењето внимателни макроекономски политики ќе биде нашиот приоритет и во иднина. Народната банка и натаму е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема соодветни мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс и ценовната стабилност на среден рок, соопштија од Народната банка.

The post Народна банка: Основната каматна стапка се намалува за 0,25 процентни поени appeared first on Република.

]]>
Николовски на состанокот со гувернерката Ангеловска-Бежоска: Унапредување на институционалната соработка и размената на податоци – клучно за сузбивање на криминалот https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikolovski-na-sostanokot-so-guvernerkata-angelovska-bezhoska-unapreduvane-na-institutsionalnata-sorabotka-i-razmenata-na-podatotsi-kluchno-za-suzbivane-na-kriminalot/ Tue, 20 Aug 2024 11:16:16 +0000 https://republika.mk/?p=808274

Жестока борба со криминалот и негово целосно сузбивање ќе се овозможи преку унапредување и зајакнување на институционалната соработка со Народна банка, Управата за финансиско разузнавање, Управата за јавни приходи и Управата за финансиска полиција. Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, денеска одржа состанок со гувернерката на Народна банка, Анита Ангеловска-Бежоска на којашто ја потенцираше важноста на размената на податоци и нивно мечирање за целосно сузбивање на криминалот.

За овие потреби ќе биде склучен Меморандум во кој ќе се дефинираат ингеренциите и сетовите на податоци со кои располагаат институциите, а што ќе придонесза подобро следење на текот на парите и сузбивање на криминалните дејствија меѓу коишто и спречување перење пари и финансирање тероризам.

„Потребно е да ја зајакнеме и подобриме институционалната соработка, преку размена на податоци. Од аспект на државните интереси за жестока борба со криминалот, следењето на текот на парите, особено во делот на меѓународните трансакции е клучно“, вели Николовски.

На средбата воедно беше договорено Народната банка да спроведе обуки за вработените во Царинската управа во насока на зајакнување на институционалните капацитети во борбата против фалсификување пари.

The post Николовски на состанокот со гувернерката Ангеловска-Бежоска: Унапредување на институционалната соработка и размената на податоци – клучно за сузбивање на криминалот appeared first on Република.

]]>

Жестока борба со криминалот и негово целосно сузбивање ќе се овозможи преку унапредување и зајакнување на институционалната соработка со Народна банка, Управата за финансиско разузнавање, Управата за јавни приходи и Управата за финансиска полиција. Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, денеска одржа состанок со гувернерката на Народна банка, Анита Ангеловска-Бежоска на којашто ја потенцираше важноста на размената на податоци и нивно мечирање за целосно сузбивање на криминалот.

За овие потреби ќе биде склучен Меморандум во кој ќе се дефинираат ингеренциите и сетовите на податоци со кои располагаат институциите, а што ќе придонесза подобро следење на текот на парите и сузбивање на криминалните дејствија меѓу коишто и спречување перење пари и финансирање тероризам.

„Потребно е да ја зајакнеме и подобриме институционалната соработка, преку размена на податоци. Од аспект на државните интереси за жестока борба со криминалот, следењето на текот на парите, особено во делот на меѓународните трансакции е клучно“, вели Николовски.

На средбата воедно беше договорено Народната банка да спроведе обуки за вработените во Царинската управа во насока на зајакнување на институционалните капацитети во борбата против фалсификување пари.

The post Николовски на состанокот со гувернерката Ангеловска-Бежоска: Унапредување на институционалната соработка и размената на податоци – клучно за сузбивање на криминалот appeared first on Република.

]]>
Претседателката на ЕБОР Ренo Басо: Монетарната политика е претпазлива и ужива доверба од меѓународните финансиски институции https://republika.mk/vesti/ekonomija/pretsedatelkata-na-ebor-reno-baso-monetarnata-politika-e-pretpazliva-i-uzhiva-doverba-od-megunarodnite-finansiski-institutsii/ Fri, 26 Jul 2024 12:00:57 +0000 https://republika.mk/?p=800517

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска оствари работна средба со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Ренo Басо, на која заедно со тимовите на Народната банка и на ЕБОР го истакнаа значењето на долгогодишната успешна соработка и партнерство помеѓу двете институции. На средбата беше разговарано за повеќе актуелни прашања, при што тимот на Народната банка ги претстави согледувањата за макроекономските остварувања, економските движења, инфлациските и девизните состојби и состојбите во банкарскиот сектор.

Претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено Басо, изрази поддршка за работата на Народната банка и гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, посебно во овие тешки времиња. Монетарната политика е претпазлива и ја ужива довербата од меѓународните финансиски институции. Соработката помеѓу двете институции е одлична и таква и ќе остане. ЕБОР и натаму ќе ја поддржува земјата на различни начини и во македонскиот банкарски систем гледа важен партнер.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска оцени дека инфлацијата во домашната економија е значително намалена, девизните резерви се зголемени и на солидно ниво, а финансиската стабилност е зајакната. Според неа, насоката на монетарната политика во наредниот период ќе зависи од динамиката на инфлацијата и забавувањето на инфлациските притисоци на потрајна основа, како и од состојбите на девизниот пазар.

Трендовите кај инфлацијата се поволни, a поволни се и движењата на девизниот пазар, каде што од почетокот на годината интервенираме со нето-откуп на девизи. Годишната стапка на инфлација во јуни позначително забави, пред сѐ во делот на прехранбената и базичната компонента и се сведе на 3,2%. За оваа година, според пролетните проекции, просечната годишна стапка на инфлацијата би се свела на 3,5 проценти, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска и оцени дека економијата во земјава полека закрепнува, а банкарскиот систем е стабилен, добро капитализиран и може да обезбеди понатамошна поддршка на економијата.

Макропрудентните мерки на Народната банка ја зајакнаа капиталната сила на банките, што е од суштинско значење за задржувањето на стабилноста на банкарскиот систем при соочување со евентуални ризици. Во целиот изминат период расте поддршката за граѓаните и фирмите, при што во мај стапката на раст на кредитите изнесува 6,8%, со раст на кредитите на домаќинствата од 7,3%, а на фирмите од 6,5% - истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска.

На средбата, гувернерката беше придружувана од вицегувернерката Емилија Нацевска и од генералната директорка на Секторот за супервизија Викторија Глигорова, а од страна на ЕБОР присуствуваа Томас Ревијал, директор на Кабинетот на претседателката на ЕБОР, Шарлот Руе, извршна директорка за Централна и Југоисточна Европа, Олег Левитин, задолжен за политички прашања, Фатих Туркменоглу, шеф на Канцеларијата на ЕБОР во Македонија и Наум Рибароски, самостоен банкар од Канцеларијата на ЕБОР во Скопје.

 

The post Претседателката на ЕБОР Ренo Басо: Монетарната политика е претпазлива и ужива доверба од меѓународните финансиски институции appeared first on Република.

]]>

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска оствари работна средба со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Ренo Басо, на која заедно со тимовите на Народната банка и на ЕБОР го истакнаа значењето на долгогодишната успешна соработка и партнерство помеѓу двете институции. На средбата беше разговарано за повеќе актуелни прашања, при што тимот на Народната банка ги претстави согледувањата за макроекономските остварувања, економските движења, инфлациските и девизните состојби и состојбите во банкарскиот сектор. Претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено Басо, изрази поддршка за работата на Народната банка и гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, посебно во овие тешки времиња. Монетарната политика е претпазлива и ја ужива довербата од меѓународните финансиски институции. Соработката помеѓу двете институции е одлична и таква и ќе остане. ЕБОР и натаму ќе ја поддржува земјата на различни начини и во македонскиот банкарски систем гледа важен партнер. Гувернерката Ангеловска-Бежоска оцени дека инфлацијата во домашната економија е значително намалена, девизните резерви се зголемени и на солидно ниво, а финансиската стабилност е зајакната. Според неа, насоката на монетарната политика во наредниот период ќе зависи од динамиката на инфлацијата и забавувањето на инфлациските притисоци на потрајна основа, како и од состојбите на девизниот пазар. Трендовите кај инфлацијата се поволни, a поволни се и движењата на девизниот пазар, каде што од почетокот на годината интервенираме со нето-откуп на девизи. Годишната стапка на инфлација во јуни позначително забави, пред сѐ во делот на прехранбената и базичната компонента и се сведе на 3,2%. За оваа година, според пролетните проекции, просечната годишна стапка на инфлацијата би се свела на 3,5 проценти, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска и оцени дека економијата во земјава полека закрепнува, а банкарскиот систем е стабилен, добро капитализиран и може да обезбеди понатамошна поддршка на економијата.
Макропрудентните мерки на Народната банка ја зајакнаа капиталната сила на банките, што е од суштинско значење за задржувањето на стабилноста на банкарскиот систем при соочување со евентуални ризици. Во целиот изминат период расте поддршката за граѓаните и фирмите, при што во мај стапката на раст на кредитите изнесува 6,8%, со раст на кредитите на домаќинствата од 7,3%, а на фирмите од 6,5% - истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска.
На средбата, гувернерката беше придружувана од вицегувернерката Емилија Нацевска и од генералната директорка на Секторот за супервизија Викторија Глигорова, а од страна на ЕБОР присуствуваа Томас Ревијал, директор на Кабинетот на претседателката на ЕБОР, Шарлот Руе, извршна директорка за Централна и Југоисточна Европа, Олег Левитин, задолжен за политички прашања, Фатих Туркменоглу, шеф на Канцеларијата на ЕБОР во Македонија и Наум Рибароски, самостоен банкар од Канцеларијата на ЕБОР во Скопје.  

The post Претседателката на ЕБОР Ренo Басо: Монетарната политика е претпазлива и ужива доверба од меѓународните финансиски институции appeared first on Република.

]]>
Народна банка реши: Од август 2025 година се зголемува стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот https://republika.mk/vesti/ekonomija/narodna-banka-reshi-od-avgust-2025-godina-se-zgolemuva-stapkata-na-protivtsiklichniot-zashtiten-sloj-na-kapitalot/ Wed, 17 Jul 2024 08:23:39 +0000 https://republika.mk/?p=797607

Врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици и последните расположливи податоци, Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука за зголемување на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките за дополнителни 0,25 процентни поени, до нивото од 1,75%, којашто ќе се применува од 1 август 2025 година. Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот којашто ќе се применува во јули 2025 година се задржува на нивото од 1,5%, како и во претходниот квартал.

Оваа одлука ќе придонесе за натамошно јакнење на отпорноста на банкарскиот систем, додека сѐ уште постојат ризици во домашната и светската економија. Одлуката се заснова врз оцената дека сѐ уште постојат неизвесности од окружувањето, во услови на сигурен и стабилен банкарски систем, со подобрена солвентност и соодветно ниво на ликвидност, како и ниско системско остварување на кредитниот ризик. Профитабилноста на банките, иако поумерено, и понатаму се зголемува и претставува основа за натамошно јакнење на нивната солвентност. Со оваа одлука дополнително се зајакнува и претпазливоста на монетарната политика.

Неизвесните макроекономски услови и нестабилниот геополитички контекст и натаму упатуваат на ризици за следниот период и на потребата од натамошна внимателност од страна на банките.

Во вакви услови, а имајќи ги предвид билансите на банките, се оцени дека зголемувањето на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот до 1,75% има превентивен карактер и ќе придонесе кон натамошно јакнење на сопствените средства на банките, а со тоа и јакнење на нивната отпорност. Јакнењето на сопствените средства е предуслов и за соодветна кредитна поддршка на граѓаните и на компаниите. Народната банка ќе продолжи со внимателно следење на системските ризици и ќе ја преоценува висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот на редовна квартална основа.

The post Народна банка реши: Од август 2025 година се зголемува стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот appeared first on Република.

]]>

Врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици и последните расположливи податоци, Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука за зголемување на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките за дополнителни 0,25 процентни поени, до нивото од 1,75%, којашто ќе се применува од 1 август 2025 година. Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот којашто ќе се применува во јули 2025 година се задржува на нивото од 1,5%, како и во претходниот квартал. Оваа одлука ќе придонесе за натамошно јакнење на отпорноста на банкарскиот систем, додека сѐ уште постојат ризици во домашната и светската економија. Одлуката се заснова врз оцената дека сѐ уште постојат неизвесности од окружувањето, во услови на сигурен и стабилен банкарски систем, со подобрена солвентност и соодветно ниво на ликвидност, како и ниско системско остварување на кредитниот ризик. Профитабилноста на банките, иако поумерено, и понатаму се зголемува и претставува основа за натамошно јакнење на нивната солвентност. Со оваа одлука дополнително се зајакнува и претпазливоста на монетарната политика. Неизвесните макроекономски услови и нестабилниот геополитички контекст и натаму упатуваат на ризици за следниот период и на потребата од натамошна внимателност од страна на банките. Во вакви услови, а имајќи ги предвид билансите на банките, се оцени дека зголемувањето на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот до 1,75% има превентивен карактер и ќе придонесе кон натамошно јакнење на сопствените средства на банките, а со тоа и јакнење на нивната отпорност. Јакнењето на сопствените средства е предуслов и за соодветна кредитна поддршка на граѓаните и на компаниите. Народната банка ќе продолжи со внимателно следење на системските ризици и ќе ја преоценува висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот на редовна квартална основа.

The post Народна банка реши: Од август 2025 година се зголемува стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот appeared first on Република.

]]>
Народната банка поднесе барање за членство во СЕПА https://republika.mk/vesti/ekonomija/narodnata-banka-podnese-barane-za-chlenstvo-vo-sepa/ Thu, 11 Jul 2024 08:12:18 +0000 https://republika.mk/?p=795677

Народната банка, во својство на регулаторна и надзорна институција за давателите на платежни услуги во земјата, го поднесе формалното барање за пристапување на земјава во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), што претставува клучен исчекор за понатамошниот развој и интеграција на домашниот финансиски систем во европскиот економски простор. Членството на земјава во СЕПА ќе донесе бројни придобивки за граѓаните, фирмите и целокупната економија, преку обезбедување побрзи, поефикасни и поевтини плаќања во евра кон и од земјите членки на СЕПА, поедноставување на процедурите, поголема транспарентност и засилена заштита на потрошувачите.

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска која го потпиша барањето, истакна дека предностите од пристапувањето во СЕПА се многу значајни за граѓаните и за компаниите, имајќи предвид дека најголемиот број од плаќањата со другите држави (или странство) се извршуваат во евра. „Минатата година, 87% од вкупните одливни плаќања, односно 77% од вкупните приливни плаќања со странство кај домашните банки се извршени во евра“, вели Ангеловска-Бежоска и истакнува дека ефикасноста на плаќањата во СЕПА ќе придонесе и за намалување на користењето готовина, ставајќи ја на преден план употребата на дигиталните начини на плаќање и поддржувајќи го преминот кон дигитално општество.

СЕПА носи повеќекратни придобивки за граѓаните, стопанството и давателите на платежни услуги. Граѓаните ќе можат поевтино, побргу и поедноставно да примаат и да испраќаат парични средства во евра во земјите од СЕПА. Фирмите ќе можат полесно да се вклучат во прекуграничната трговија со стоки и услуги во земјите од областа на СЕПА, да го прошират својот бизнис и да ја зголемат конкурентноста. Пристапувањето за нив подразбира и пониски надоместоци, како и подобрено управување со паричните текови, имајќи предвид дека трансферите на СЕПА вообичаено се обработуваат во рок од еден работен ден, а кај инстант плаќањата, преносот на паричните средства ќе се извршува за 10 секунди најмногу, во кое било време во текот на денот, односно во рамките на вообичаеното работно време, но и надвор од работното време, како и за викенд и за празници (24 часа седмично). Со пристапот до СЕПА, домашните даватели на платежни услуги ќе добијат можност да бидат учесници во платните системи (платежните шеми) во областа на СЕПА, што ќе обезбеди директни релации со многу странски даватели на платежни услуги и намалување на нивните трошоци коишто произлегуваат од кореспондентното банкарство, а тоа ќе придонесе за побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и за компаниите во земјата.

Интензивните активности во изминатите неколку години за усогласување на домашната правна рамка во платежната сфера со правото на Европската Унија, создадоа основа за започнување на процесот за интеграција на земјата во СЕПА, пред да пристапиме во ЕУ. Документацијата за поднесување барање во СЕПА е резултат на заедничкиот напор на Народната банка и повеќе министерства и институции, како и на Македонската банкарска асоцијација. Овој заеднички напор ја истакнува посветеноста на нашата држава да го усогласи националното законодавство и неговата примена со стандардите на СЕПА, изедначувајќи го со нив во правна и функционална смисла.

Процесот на подготовка на барањето започна во рамките на Регионалниот проект „Модернизација на плаќањата за земјите од Западен Балкан“, како дел од Планот за раст на Западен Балкан, финансиран од ЕУ и произлезен од Берлинската иницијатива за создавање заеднички регионален пазар. Тој беше технички поддржан од долгогодишниот и значен партнер на Народната банка во сферата на плаќањата, Светската банка.

По однос на членството на нашата земја во СЕПА одлучува Европскиот совет за плаќања, тело одговорно за стандардизација и подобрување на платниот систем во Европа, со седиште во Брисел. Во наредниот период, Советот ќе го разгледа барањето и по процената на усогласеноста со стандардите на СЕПА, во соработка со Европската комисија, ќе донесе конечна одлука за прием во членството.

СЕПА брои 36 земји членки, при што покрај 27-те земји членки на Европската Унија, членуваат и 9 европски земји коишто не се во ЕУ (Обединетото Кралство, Норвешка, Швајцарија, Исланд, Андора, Монако, Лихтенштајн, Сан Марино и Ватикан).

 

The post Народната банка поднесе барање за членство во СЕПА appeared first on Република.

]]>

Народната банка, во својство на регулаторна и надзорна институција за давателите на платежни услуги во земјата, го поднесе формалното барање за пристапување на земјава во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), што претставува клучен исчекор за понатамошниот развој и интеграција на домашниот финансиски систем во европскиот економски простор. Членството на земјава во СЕПА ќе донесе бројни придобивки за граѓаните, фирмите и целокупната економија, преку обезбедување побрзи, поефикасни и поевтини плаќања во евра кон и од земјите членки на СЕПА, поедноставување на процедурите, поголема транспарентност и засилена заштита на потрошувачите. Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска која го потпиша барањето, истакна дека предностите од пристапувањето во СЕПА се многу значајни за граѓаните и за компаниите, имајќи предвид дека најголемиот број од плаќањата со другите држави (или странство) се извршуваат во евра. „Минатата година, 87% од вкупните одливни плаќања, односно 77% од вкупните приливни плаќања со странство кај домашните банки се извршени во евра“, вели Ангеловска-Бежоска и истакнува дека ефикасноста на плаќањата во СЕПА ќе придонесе и за намалување на користењето готовина, ставајќи ја на преден план употребата на дигиталните начини на плаќање и поддржувајќи го преминот кон дигитално општество. СЕПА носи повеќекратни придобивки за граѓаните, стопанството и давателите на платежни услуги. Граѓаните ќе можат поевтино, побргу и поедноставно да примаат и да испраќаат парични средства во евра во земјите од СЕПА. Фирмите ќе можат полесно да се вклучат во прекуграничната трговија со стоки и услуги во земјите од областа на СЕПА, да го прошират својот бизнис и да ја зголемат конкурентноста. Пристапувањето за нив подразбира и пониски надоместоци, како и подобрено управување со паричните текови, имајќи предвид дека трансферите на СЕПА вообичаено се обработуваат во рок од еден работен ден, а кај инстант плаќањата, преносот на паричните средства ќе се извршува за 10 секунди најмногу, во кое било време во текот на денот, односно во рамките на вообичаеното работно време, но и надвор од работното време, како и за викенд и за празници (24 часа седмично). Со пристапот до СЕПА, домашните даватели на платежни услуги ќе добијат можност да бидат учесници во платните системи (платежните шеми) во областа на СЕПА, што ќе обезбеди директни релации со многу странски даватели на платежни услуги и намалување на нивните трошоци коишто произлегуваат од кореспондентното банкарство, а тоа ќе придонесе за побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и за компаниите во земјата. Интензивните активности во изминатите неколку години за усогласување на домашната правна рамка во платежната сфера со правото на Европската Унија, создадоа основа за започнување на процесот за интеграција на земјата во СЕПА, пред да пристапиме во ЕУ. Документацијата за поднесување барање во СЕПА е резултат на заедничкиот напор на Народната банка и повеќе министерства и институции, како и на Македонската банкарска асоцијација. Овој заеднички напор ја истакнува посветеноста на нашата држава да го усогласи националното законодавство и неговата примена со стандардите на СЕПА, изедначувајќи го со нив во правна и функционална смисла. Процесот на подготовка на барањето започна во рамките на Регионалниот проект „Модернизација на плаќањата за земјите од Западен Балкан“, како дел од Планот за раст на Западен Балкан, финансиран од ЕУ и произлезен од Берлинската иницијатива за создавање заеднички регионален пазар. Тој беше технички поддржан од долгогодишниот и значен партнер на Народната банка во сферата на плаќањата, Светската банка. По однос на членството на нашата земја во СЕПА одлучува Европскиот совет за плаќања, тело одговорно за стандардизација и подобрување на платниот систем во Европа, со седиште во Брисел. Во наредниот период, Советот ќе го разгледа барањето и по процената на усогласеноста со стандардите на СЕПА, во соработка со Европската комисија, ќе донесе конечна одлука за прием во членството. СЕПА брои 36 земји членки, при што покрај 27-те земји членки на Европската Унија, членуваат и 9 европски земји коишто не се во ЕУ (Обединетото Кралство, Норвешка, Швајцарија, Исланд, Андора, Монако, Лихтенштајн, Сан Марино и Ватикан).  

The post Народната банка поднесе барање за членство во СЕПА appeared first on Република.

]]>
Народна банка: Платежната сметка со основни функции е погодна зa пензионерите https://republika.mk/vesti/ekonomija/narodna-banka-platezhnata-smetka-so-osnovni-funktsii-e-pogodna-za-penzionerite/ Thu, 04 Jul 2024 11:36:06 +0000 https://republika.mk/?p=793397

Пензионерите може да отворат платежна сметка со основни функции којашто нуди повеќе придобивки, како што се ниски трошоци за одржување, можност за користење релативно широк сет платежни услуги од банките и надоместок којшто во моментов не може да надмине 38 денари, велат од Народната банка.

Од Народната банка денеска информираа дека ова било посочено при средбата на претставници од Народната банка, предводени од гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска со претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија Станка Трајкова и претставници на Сојузот.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска ја истакнала важноста од поблиска соработка со здруженијата на пензионерите, заради заштита на нивните права како корисници на платежните услуги и нивно информирање за новините и погодностите што ги нуди новата законска рамка во оваа сфера.

Заменик-директорката на Дирекцијата за платни системи Биљана Доновска-Гечева појаснила дека со новиот Закон за платежни услуги и платни системи за првпат се воведува платежна сметка за која законски е ограничена висината на надоместокот.

За услугите коишто се опфатени со платежната сметка со основни функции, банката може да пресмета и да наплати вкупен месечен надоместок до одредена разумна висина којашто не смее да биде повисока од 0,1 проценти од просекот на последните 12 месечни просечни исплатени нето-плати во земјата, според Државниот завод за статистика (или во моментов 38 денари). Овој надоместок вклучува одржување на платежната сметка и дебитната картичка, онлајн користење интернет и мобилна апликација, неограничен број платежни трансакции за уплата или повлекување готовина непосредно на шалтерите во работните простории на банката или преку нејзината мрежа на банкомати, неограничен број платежни трансакции со дебитни картички и извршување минимум пет платежни трансакции во рамките на истата банка“, истакнала Доновска-Гечева.

Од централната банка посочуваат дека платежната сметка со основни функции е особено погодна за пензионерите, учениците и студентите кои користат државна стипендија. За потрошувачите, пак, коишто ѝ припаѓаат на групата корисници на законски права, платежната сметка со основни функции е бесплатна.

За отворање платежна сметка со основни функции кај банките заинтересираните треба да поднесат барање за отворање ваква сметка или за трансформирање на постојната.

 

The post Народна банка: Платежната сметка со основни функции е погодна зa пензионерите appeared first on Република.

]]>

Пензионерите може да отворат платежна сметка со основни функции којашто нуди повеќе придобивки, како што се ниски трошоци за одржување, можност за користење релативно широк сет платежни услуги од банките и надоместок којшто во моментов не може да надмине 38 денари, велат од Народната банка. Од Народната банка денеска информираа дека ова било посочено при средбата на претставници од Народната банка, предводени од гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска со претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија Станка Трајкова и претставници на Сојузот. Гувернерката Ангеловска-Бежоска ја истакнала важноста од поблиска соработка со здруженијата на пензионерите, заради заштита на нивните права како корисници на платежните услуги и нивно информирање за новините и погодностите што ги нуди новата законска рамка во оваа сфера. Заменик-директорката на Дирекцијата за платни системи Биљана Доновска-Гечева појаснила дека со новиот Закон за платежни услуги и платни системи за првпат се воведува платежна сметка за која законски е ограничена висината на надоместокот.
За услугите коишто се опфатени со платежната сметка со основни функции, банката може да пресмета и да наплати вкупен месечен надоместок до одредена разумна висина којашто не смее да биде повисока од 0,1 проценти од просекот на последните 12 месечни просечни исплатени нето-плати во земјата, според Државниот завод за статистика (или во моментов 38 денари). Овој надоместок вклучува одржување на платежната сметка и дебитната картичка, онлајн користење интернет и мобилна апликација, неограничен број платежни трансакции за уплата или повлекување готовина непосредно на шалтерите во работните простории на банката или преку нејзината мрежа на банкомати, неограничен број платежни трансакции со дебитни картички и извршување минимум пет платежни трансакции во рамките на истата банка“, истакнала Доновска-Гечева.
Од централната банка посочуваат дека платежната сметка со основни функции е особено погодна за пензионерите, учениците и студентите кои користат државна стипендија. За потрошувачите, пак, коишто ѝ припаѓаат на групата корисници на законски права, платежната сметка со основни функции е бесплатна. За отворање платежна сметка со основни функции кај банките заинтересираните треба да поднесат барање за отворање ваква сметка или за трансформирање на постојната.  

The post Народна банка: Платежната сметка со основни функции е погодна зa пензионерите appeared first on Република.

]]>
Нема попуштање: Народна банка не ги намалува каматните стапки https://republika.mk/vesti/ekonomija/nema-popushtane-narodna-banka-ne-gi-namaluva-kamatnite-stapki/ Wed, 12 Jun 2024 10:12:42 +0000 https://republika.mk/?p=786881

На 11 јуни 2024 година се одржа редовна седница на ИО за поставеноста на монетарната политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за глобалната и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика.

На седницата беше оценето дека тековната поставеност на монетарната политика е соодветна на условите во економијата. Со тоа, каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 6,30%, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20% и 4,25%, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е исто така непроменета и изнесува 10 милијарди денари. И натаму се очекува дека тековното ниво на каматните стапки, заедно со досегашните промени кај задолжителната резерва и преземените макропрудентни мерки ќе придонесат за натамошно забавување на инфлацијата и за задржување на стабилноста на девизниот курс. Притоа, последните промени кај инструментот задолжителна резерва, чија примена започнува од јуни, обезбедуваат дополнителна поддршка за прудентноста на монетарната политика.

Главниот акцент при носењето на одлуката за задржување на тековната поставеност на монетарната политика беше ставен на потребата од стабилизирање на инфлацијата и инфлациските очекувања на потрајна основа. Инфлацијата во мај 2024 година умерено забрза и изнесува 4,5% на годишно ниво, при позитивен придонес за растот како од базичната инфлација, така и од останатите компоненти. Сепак, динамиката на инфлацијата во мај не отстапува од патеката на движење предвидена во рамките на пролетните проекции на Народната банка. Според овие проекции, за целата 2024 година се очекува просечна инфлација од 3,5%. Во однос на цените на примарните производи на берзите, најновите прогнози се ревидирани умерено нагоре, односно се очекува нивен помал пад оваа година, а нестабилниот геополитички контекст и натаму создава неизвесност и нагорни ризици за следниот период. Оттука, беше оценето дека е потребна натамошна претпазливост при водењето на монетарната политика. Во однос на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ), на последната седница во јуни беше донесена одлука за намалување на основните каматни стапки за 0,25 п.п., во согласност со очекувањата на пазарите. Притоа, ЕЦБ нагласи дека и покрај намалувањето, со новото ниво на каматните стапки сè уште се задржува затегнатоста и претпазливоста на монетарната политика.

Состојбата на девизниот пазар е стабилна и движењата се поволни. Нивото на девизните резерви на крајот на мај изнесува 4.293,6 милиони евра, што е соодветно за задржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Движењата на девизниот пазар и натаму се поволни и придонесуваат за интервенции со нето-откуп на девизи од страна на Народната банка од почетокот на годината, при солиден прилив на девизи и на менувачкиот пазар. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, трговскиот дефицит во април 2024 година е во согласност со очекувањата од априлскиот циклус проекции. Остварувањата на менувачкиот пазар во вториот квартал, заклучно со втората декада од мај засега се близу до проектираните нето-приливи од приватните трансфери.

Економскиот раст во првиот квартал на 2024 година малку забрза, во согласност со проекциите на Народната банка, но поумерено од очекувањата. Реалниот раст на домашната економија изнесува 1,2% на годишна основа, при натамошен раст и на квартална основа. Високофреквентните податоци за вториот квартал од 2024 година со кои се располага упатуваат на висок реален годишен раст на прометот во вкупната трговија, а индустриското производство бележи мал пад. Сепак, расположливоста на податоците е ограничена и не е доволна за попрецизна оцена. Во однос на ризиците за растот во следниот период, тие и натаму постојат и се поврзани пред сѐ со случувањата во надворешното окружување, но и со интензитетот на остварувањето на домашните инфраструктурни проекти.

Во монетарниот сектор, според првичните податоците за мај 2024 година, депозитниот потенцијал на банките и натаму расте, слично на очекувањата, при малку посилен кредитен раст од проектираниот.

Општо земено, најновите остварувања кај макроекономските показатели засега се близу до очекувањата од последните проекции, но условите за водење на монетарната политика и натаму се неизвесни. Потребно е натамошно внимателно следење на динамиката и факторите кај инфлацијата, како и претпазливост во однос на водењето на макроекономските политики коишто влијаат врз побарувачката во економијата, вклучително и на пазарот на трудот. Народната банка и натаму е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема соодветни мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и за ценовна стабилност на среден рок.

The post Нема попуштање: Народна банка не ги намалува каматните стапки appeared first on Република.

]]>

На 11 јуни 2024 година се одржа редовна седница на ИО за поставеноста на монетарната политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за глобалната и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата беше оценето дека тековната поставеност на монетарната политика е соодветна на условите во економијата. Со тоа, каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 6,30%, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20% и 4,25%, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е исто така непроменета и изнесува 10 милијарди денари. И натаму се очекува дека тековното ниво на каматните стапки, заедно со досегашните промени кај задолжителната резерва и преземените макропрудентни мерки ќе придонесат за натамошно забавување на инфлацијата и за задржување на стабилноста на девизниот курс. Притоа, последните промени кај инструментот задолжителна резерва, чија примена започнува од јуни, обезбедуваат дополнителна поддршка за прудентноста на монетарната политика. Главниот акцент при носењето на одлуката за задржување на тековната поставеност на монетарната политика беше ставен на потребата од стабилизирање на инфлацијата и инфлациските очекувања на потрајна основа. Инфлацијата во мај 2024 година умерено забрза и изнесува 4,5% на годишно ниво, при позитивен придонес за растот како од базичната инфлација, така и од останатите компоненти. Сепак, динамиката на инфлацијата во мај не отстапува од патеката на движење предвидена во рамките на пролетните проекции на Народната банка. Според овие проекции, за целата 2024 година се очекува просечна инфлација од 3,5%. Во однос на цените на примарните производи на берзите, најновите прогнози се ревидирани умерено нагоре, односно се очекува нивен помал пад оваа година, а нестабилниот геополитички контекст и натаму создава неизвесност и нагорни ризици за следниот период. Оттука, беше оценето дека е потребна натамошна претпазливост при водењето на монетарната политика. Во однос на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ), на последната седница во јуни беше донесена одлука за намалување на основните каматни стапки за 0,25 п.п., во согласност со очекувањата на пазарите. Притоа, ЕЦБ нагласи дека и покрај намалувањето, со новото ниво на каматните стапки сè уште се задржува затегнатоста и претпазливоста на монетарната политика. Состојбата на девизниот пазар е стабилна и движењата се поволни. Нивото на девизните резерви на крајот на мај изнесува 4.293,6 милиони евра, што е соодветно за задржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Движењата на девизниот пазар и натаму се поволни и придонесуваат за интервенции со нето-откуп на девизи од страна на Народната банка од почетокот на годината, при солиден прилив на девизи и на менувачкиот пазар. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, трговскиот дефицит во април 2024 година е во согласност со очекувањата од априлскиот циклус проекции. Остварувањата на менувачкиот пазар во вториот квартал, заклучно со втората декада од мај засега се близу до проектираните нето-приливи од приватните трансфери. Економскиот раст во првиот квартал на 2024 година малку забрза, во согласност со проекциите на Народната банка, но поумерено од очекувањата. Реалниот раст на домашната економија изнесува 1,2% на годишна основа, при натамошен раст и на квартална основа. Високофреквентните податоци за вториот квартал од 2024 година со кои се располага упатуваат на висок реален годишен раст на прометот во вкупната трговија, а индустриското производство бележи мал пад. Сепак, расположливоста на податоците е ограничена и не е доволна за попрецизна оцена. Во однос на ризиците за растот во следниот период, тие и натаму постојат и се поврзани пред сѐ со случувањата во надворешното окружување, но и со интензитетот на остварувањето на домашните инфраструктурни проекти. Во монетарниот сектор, според првичните податоците за мај 2024 година, депозитниот потенцијал на банките и натаму расте, слично на очекувањата, при малку посилен кредитен раст од проектираниот. Општо земено, најновите остварувања кај макроекономските показатели засега се близу до очекувањата од последните проекции, но условите за водење на монетарната политика и натаму се неизвесни. Потребно е натамошно внимателно следење на динамиката и факторите кај инфлацијата, како и претпазливост во однос на водењето на макроекономските политики коишто влијаат врз побарувачката во економијата, вклучително и на пазарот на трудот. Народната банка и натаму е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема соодветни мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и за ценовна стабилност на среден рок.

The post Нема попуштање: Народна банка не ги намалува каматните стапки appeared first on Република.

]]>
Митреска: Политиките на централната банка овозможуваат стабилизација на инфлацијата и зајакнување на отпорноста на банкарскиот систем https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitreska-politikite-na-tsentralnata-banka-ovozmozhuvaat-stabilizatsija-na-inflatsijata-i-zajaknuvane-na-otpornosta-na-bankarskiot-sistem/ Wed, 22 May 2024 08:40:58 +0000 https://republika.mk/?p=780735

Вицегувернерката на Народната банка Ана Митреска на 23. состанок на Банката за меѓународни порамнувања (БИС) за монетарната политика во Централна и Источна Европа посочила дека мерките за справување со инфлацијата што ги презела Народната банка придонеле и за дополнително јакнење на отпорноста на банкарскиот сектор.

Макропрудентните мерки во основа беа користени за да се зголеми отпорноста на банкарскиот систем, но исто така претставуваа и поддршка на затегнувањето на монетарната политика во борбата против инфлацијата. Во неколку наврати беше зголемен контрацикличниот заштитен слој на капиталот на банките и беа воведени макропрудентни инструменти за квалитетот на кредитната побарувачка од физичките лица. Податоците покажуваат дека многу земји применија макропрудентни мерки, не само за задржување на финансиската стабилност, туку и за поддршка на монетарната политика. Во Европа, на пример, од почетокот на 2020 година досега, контрацикличниот заштитен слој на капиталот е зголемен од 0,25 п.п. до 2,5 п.п., посочила вицегувернерката Митреска.

Како што соопшти Народната банка, вицегувернерката посочила дека циклусот на монетарно затегнување бил придружен и со низа макропрудентни мерки, преку коишто се спречила појавата на финансиски стрес. Притоа, таа истакнала дека резултатите од стрес-тестовите за ефектите од зголемувањето на каматните стапки врз портфолиото на домашниот банкарски сектор покажале дека банките се добро подготвени за да ги надминат евентуалните предизвици, како и дека досега нема остварување на ризиците. Сепак, според вицегувернерката поради постојаната неизвесност, и централните банки, и банкарскиот систем во целина треба да бидат внимателни и подготвени за соодветна реакција во случај на нови шокови.

The post Митреска: Политиките на централната банка овозможуваат стабилизација на инфлацијата и зајакнување на отпорноста на банкарскиот систем appeared first on Република.

]]>

Вицегувернерката на Народната банка Ана Митреска на 23. состанок на Банката за меѓународни порамнувања (БИС) за монетарната политика во Централна и Источна Европа посочила дека мерките за справување со инфлацијата што ги презела Народната банка придонеле и за дополнително јакнење на отпорноста на банкарскиот сектор. Макропрудентните мерки во основа беа користени за да се зголеми отпорноста на банкарскиот систем, но исто така претставуваа и поддршка на затегнувањето на монетарната политика во борбата против инфлацијата. Во неколку наврати беше зголемен контрацикличниот заштитен слој на капиталот на банките и беа воведени макропрудентни инструменти за квалитетот на кредитната побарувачка од физичките лица. Податоците покажуваат дека многу земји применија макропрудентни мерки, не само за задржување на финансиската стабилност, туку и за поддршка на монетарната политика. Во Европа, на пример, од почетокот на 2020 година досега, контрацикличниот заштитен слој на капиталот е зголемен од 0,25 п.п. до 2,5 п.п., посочила вицегувернерката Митреска. Како што соопшти Народната банка, вицегувернерката посочила дека циклусот на монетарно затегнување бил придружен и со низа макропрудентни мерки, преку коишто се спречила појавата на финансиски стрес. Притоа, таа истакнала дека резултатите од стрес-тестовите за ефектите од зголемувањето на каматните стапки врз портфолиото на домашниот банкарски сектор покажале дека банките се добро подготвени за да ги надминат евентуалните предизвици, како и дека досега нема остварување на ризиците. Сепак, според вицегувернерката поради постојаната неизвесност, и централните банки, и банкарскиот систем во целина треба да бидат внимателни и подготвени за соодветна реакција во случај на нови шокови.

The post Митреска: Политиките на централната банка овозможуваат стабилизација на инфлацијата и зајакнување на отпорноста на банкарскиот систем appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска − Камер: Претпазливите политики на Народната банка клучни за одржување на макроекономската стабилност https://republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezhoska-kamer-pretpazlivite-politiki-na-narodnata-banka-kluchni-za-odrzhuvane-na-makroekonomskata-stabilnost/ Fri, 17 May 2024 09:56:25 +0000 https://republika.mk/?p=779120

Претпазливата монетарна политика и макропрудентата политика, како и зголемената транспарентност на Народната банка одиграа клучна улога во одржувањето на макроекономската стабилност. Во првиот квартал од оваа година, инфлацијата беше сведена на едноцифрено ниво од 3,4 проценти, девизните резерви и натаму се зголемуваат достигнувајќи ниво коешто е повисоко за 30 проценти во однос на периодот пред пандемијата, а финансиската стабилност беше дополнително зајакната.

Ова, како што информираа денеска од Народната банка, било посочено на средбата меѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Европа, Алфред Камер, на маргините на Конференцијата од високо ниво во организација на централната банка на Словенија и ММФ, што се одржува во Порторож, Словенија.

Камер истакнал дека претпазливите политики на Народната банка биле клучни за соодветно надминување на кризниот период и важно е да се продолжи на тој начин. Ова ја нагласува важноста од зачувување на независноста на централната банка.

Гувернерката посочила дека, во период од една година, инфлацијата петкратно се намалила и се свела на пониски едноцифрени стапки, додека јазот меѓу домашната и инфлацијата во еврозоната значително се намалил.

Истовремено, и покрај затегнувањето на монетарната политика, стабилноста на домашниот банкарски сектор беше зачувана, а истовремено беше зголемена отпорноста со преземањето на макропрудентните мерки од страна на централната банка. Во изминатите неколку кризни години, показателите покажуваат дека адекватноста на капиталот е на највисоко ниво во изминатите 17 години, додека нефункционалните кредити се блиску до историски најниското ниво. Кредитната активност, иако во еден период забави, и натаму претставува значителна поддршка за домаќинствата и за корпоративниот сектор, рекла гувернерката.

Ангеловска-Бежоска изразила благодарност до Камер за значајната поддршка што ММФ и ја дава на Народната банка во справување со неодамнешните незапаметени шокови.

The post Ангеловска-Бежоска − Камер: Претпазливите политики на Народната банка клучни за одржување на макроекономската стабилност appeared first on Република.

]]>

Претпазливата монетарна политика и макропрудентата политика, како и зголемената транспарентност на Народната банка одиграа клучна улога во одржувањето на макроекономската стабилност. Во првиот квартал од оваа година, инфлацијата беше сведена на едноцифрено ниво од 3,4 проценти, девизните резерви и натаму се зголемуваат достигнувајќи ниво коешто е повисоко за 30 проценти во однос на периодот пред пандемијата, а финансиската стабилност беше дополнително зајакната. Ова, како што информираа денеска од Народната банка, било посочено на средбата меѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Европа, Алфред Камер, на маргините на Конференцијата од високо ниво во организација на централната банка на Словенија и ММФ, што се одржува во Порторож, Словенија. Камер истакнал дека претпазливите политики на Народната банка биле клучни за соодветно надминување на кризниот период и важно е да се продолжи на тој начин. Ова ја нагласува важноста од зачувување на независноста на централната банка. Гувернерката посочила дека, во период од една година, инфлацијата петкратно се намалила и се свела на пониски едноцифрени стапки, додека јазот меѓу домашната и инфлацијата во еврозоната значително се намалил. Истовремено, и покрај затегнувањето на монетарната политика, стабилноста на домашниот банкарски сектор беше зачувана, а истовремено беше зголемена отпорноста со преземањето на макропрудентните мерки од страна на централната банка. Во изминатите неколку кризни години, показателите покажуваат дека адекватноста на капиталот е на највисоко ниво во изминатите 17 години, додека нефункционалните кредити се блиску до историски најниското ниво. Кредитната активност, иако во еден период забави, и натаму претставува значителна поддршка за домаќинствата и за корпоративниот сектор, рекла гувернерката. Ангеловска-Бежоска изразила благодарност до Камер за значајната поддршка што ММФ и ја дава на Народната банка во справување со неодамнешните незапаметени шокови.

The post Ангеловска-Бежоска − Камер: Претпазливите политики на Народната банка клучни за одржување на макроекономската стабилност appeared first on Република.

]]>
Народната банка стана дел од Алијансата за финансиска вклученост (АФИ) https://republika.mk/vesti/ekonomija/narodnata-banka-stana-del-od-alijansata-za-finansiska-vkluchenost-afi/ Sat, 11 May 2024 08:46:21 +0000 https://republika.mk/?p=776993

Народната банка стана дел од Алијансата за финансиска вклученост (АФИ), мрежа на централни банки и финансиски регулатори, чија цел е да се унапреди финансиската вклученост. Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју објавено на веб-страницата на Алијансата, посочува дека во изминатиот период, финансиската вклученост кај нас е значително зголемена, и тоа во различни демографски групи.

Од НБ денеска соопштија дека тоа се должи на напорите и залагањата за олеснување на пристапот до финансиските услуги, како и за финансиска едукација на населението.

Според последните податоци објавени од базата на Светската банка „Финдекс“, процентот на населението постаро од 15 години со пристап до финансиска сметка е зголемено од 74 проценти во 2014 година на 85 проценти во 2021 година. Според истите податоци, се забележува висок раст кај дигиталните плаќања, особено кај младите, на возраст од 15 до 24 години, каде што бројот на лицата кои направиле или примиле дигитално плаќање е зголемено за една третина од 2014 до 2021 година, посочува гувернерката.

Таа истакнува дека и покрај видливите подобрувања кај нас, сѐ уште постои јаз во споредба со развиените економии, како на пример со еврозоната, каде што процентот на возрасните со платежна сметка е речиси 100 проценти.

Затоа, преку проактивен пристап придонесуваме за намалување на овој јаз. Преземаме различни мерки и политики за да ја поддржиме финансиската вклученост на различни маргинализирани групи, како жените, младите и повозрасните граѓани, вели Ангеловска-Бежоска.

Во тек е спроведување на Националната стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија (2021 − 2025 година), под водство на Народната банка, а во соработка со останатите финансиски регулатори. Меѓу значајните достигнувања, укажуваат од централната банка, се воспоставувањето рамка за соработка со засегнатите страни и усвојување повеќе стратешки документи, како што е Кодексот на добри практики за финансиска едукација. Во изминатите неколку години, Народната банка едуцирала околу 22 000 лица од различни возрасни групи. Во рамките на централната банка е основана и посебна Дирекција за заштита на потрошувачите и финансиска едукација, заради поттикнување на вклученоста и заштитата при користењето на финансиските услуги. Преку усвојувањето на новата законодавна рамка во платежната сфера, исто така, беше зацврстена заштитата на правата на потрошувачите.

Во иднина, нашите приоритети ќе бидат насочени кон натамошно зајакнување на регулативата и практиките за заштита на потрошувачките права, проширување на програмите за финансиска едукација кон различни целни групи и користење на дигиталните канали во прилог на едукативниот процес. На кус рок, ќе бидеме посветени на зајакнување на надзорот над банкарскиот систем, финансиската вклученост на лицата со посебни потреби, како и финансиската вклученост на жените претприемачи, посочува гувернерката.

Членството во АФИ, поддржано од ЕФСЕ и ЕБОР, ќе придонесе кон целите на Народната банка за унапредување на финансиската вклученост и писменост, преку размена на искуства и соработка со другите централни банки и меѓународните чинители.

The post Народната банка стана дел од Алијансата за финансиска вклученост (АФИ) appeared first on Република.

]]>

Народната банка стана дел од Алијансата за финансиска вклученост (АФИ), мрежа на централни банки и финансиски регулатори, чија цел е да се унапреди финансиската вклученост. Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју објавено на веб-страницата на Алијансата, посочува дека во изминатиот период, финансиската вклученост кај нас е значително зголемена, и тоа во различни демографски групи. Од НБ денеска соопштија дека тоа се должи на напорите и залагањата за олеснување на пристапот до финансиските услуги, како и за финансиска едукација на населението.
Според последните податоци објавени од базата на Светската банка „Финдекс“, процентот на населението постаро од 15 години со пристап до финансиска сметка е зголемено од 74 проценти во 2014 година на 85 проценти во 2021 година. Според истите податоци, се забележува висок раст кај дигиталните плаќања, особено кај младите, на возраст од 15 до 24 години, каде што бројот на лицата кои направиле или примиле дигитално плаќање е зголемено за една третина од 2014 до 2021 година, посочува гувернерката.
Таа истакнува дека и покрај видливите подобрувања кај нас, сѐ уште постои јаз во споредба со развиените економии, како на пример со еврозоната, каде што процентот на возрасните со платежна сметка е речиси 100 проценти.
Затоа, преку проактивен пристап придонесуваме за намалување на овој јаз. Преземаме различни мерки и политики за да ја поддржиме финансиската вклученост на различни маргинализирани групи, како жените, младите и повозрасните граѓани, вели Ангеловска-Бежоска.
Во тек е спроведување на Националната стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија (2021 − 2025 година), под водство на Народната банка, а во соработка со останатите финансиски регулатори. Меѓу значајните достигнувања, укажуваат од централната банка, се воспоставувањето рамка за соработка со засегнатите страни и усвојување повеќе стратешки документи, како што е Кодексот на добри практики за финансиска едукација. Во изминатите неколку години, Народната банка едуцирала околу 22 000 лица од различни возрасни групи. Во рамките на централната банка е основана и посебна Дирекција за заштита на потрошувачите и финансиска едукација, заради поттикнување на вклученоста и заштитата при користењето на финансиските услуги. Преку усвојувањето на новата законодавна рамка во платежната сфера, исто така, беше зацврстена заштитата на правата на потрошувачите.
Во иднина, нашите приоритети ќе бидат насочени кон натамошно зајакнување на регулативата и практиките за заштита на потрошувачките права, проширување на програмите за финансиска едукација кон различни целни групи и користење на дигиталните канали во прилог на едукативниот процес. На кус рок, ќе бидеме посветени на зајакнување на надзорот над банкарскиот систем, финансиската вклученост на лицата со посебни потреби, како и финансиската вклученост на жените претприемачи, посочува гувернерката.
Членството во АФИ, поддржано од ЕФСЕ и ЕБОР, ќе придонесе кон целите на Народната банка за унапредување на финансиската вклученост и писменост, преку размена на искуства и соработка со другите централни банки и меѓународните чинители.

The post Народната банка стана дел од Алијансата за финансиска вклученост (АФИ) appeared first on Република.

]]>
Народна банка: Да се провери дизајнот на предната и задната страна на евро монетата и нејзиниот раб https://republika.mk/vesti/ekonomija/narodna-banka-da-se-proveri-dizajnot-na-prednata-i-zadnata-strana-na-evro-monetata-i-nejziniot-rab/ Wed, 01 May 2024 11:51:40 +0000 https://republika.mk/?p=772992

Народна банка на Македонија посочува на разликите меѓу оригиналните и фалсификуваните евра за да се намали ризикот на нашите граѓани, кои патуваат во странство и кои можат да дојдат во контакт со фалсификувани ковани евра.

-Фалсификуваните евро монети можат лесно да се препознаат, доколку внимателно се провери дизајнот на предната и задната страна на монетата и нејзиниот раб: Дизајнот на фалсификуваните монети често изгледа заматен, со доста нерамнини и гребнатини, а формата им е неправилна. Натписите на рабовите на оригиналните евро монети се остри, заради полесно препознавање од лицата со оштетен вид, додека кај фалсификуваните се нејасни и непрепознатливи, а се разликува и растојанието помеѓу поединечните симболи и зборови, се вели во соопштението.

Преку употреба на магнет, наведуваат дека може релативно лесно и едноставно да се утврди фалсификувана кована пара.

- Централниот дел на монетите е изработен од посебен безбедносен материјал кој е поседува слаби магнетни својства, додека надворешниот прстен не поседува магнетни својства. За разлика од оригиналните, фалсификуваните монети имаат изразено силни магнетни својства или пак воопшто ги немаат, стои во соопштението од Народна банка.

The post Народна банка: Да се провери дизајнот на предната и задната страна на евро монетата и нејзиниот раб appeared first on Република.

]]>

Народна банка на Македонија посочува на разликите меѓу оригиналните и фалсификуваните евра за да се намали ризикот на нашите граѓани, кои патуваат во странство и кои можат да дојдат во контакт со фалсификувани ковани евра.
-Фалсификуваните евро монети можат лесно да се препознаат, доколку внимателно се провери дизајнот на предната и задната страна на монетата и нејзиниот раб: Дизајнот на фалсификуваните монети често изгледа заматен, со доста нерамнини и гребнатини, а формата им е неправилна. Натписите на рабовите на оригиналните евро монети се остри, заради полесно препознавање од лицата со оштетен вид, додека кај фалсификуваните се нејасни и непрепознатливи, а се разликува и растојанието помеѓу поединечните симболи и зборови, се вели во соопштението.
Преку употреба на магнет, наведуваат дека може релативно лесно и едноставно да се утврди фалсификувана кована пара.
- Централниот дел на монетите е изработен од посебен безбедносен материјал кој е поседува слаби магнетни својства, додека надворешниот прстен не поседува магнетни својства. За разлика од оригиналните, фалсификуваните монети имаат изразено силни магнетни својства или пак воопшто ги немаат, стои во соопштението од Народна банка.

The post Народна банка: Да се провери дизајнот на предната и задната страна на евро монетата и нејзиниот раб appeared first on Република.

]]>
Се одбележуваат 32 години од воведувањето на денарот https://republika.mk/vesti/ekonomija/se-odbelezhuvaat-32-godini-od-voveduvaneto-na-denarot/ Fri, 26 Apr 2024 15:03:34 +0000 https://republika.mk/?p=771475

На 26 април пред 32 години беше воведен денарот како национална валута и беше воспоставена институционална рамка на монетарниот систем, односно Народната банка започна да функционира како самостојна централна банка.

- Овој датум е значаен во нашата историја, бидејќи со монетарната самостојност се заокружи целовитоста на процесот на формирањето на нашата држава! Во изминатите 32 години, Народната банка се соочи со голем број предизвици, на кои успешно им одговори, додека денарот беше и ќе остане да биде „сидрото на стабилноста на нашата економија“, стои во објавата на Народната банка на Фејсбук.

The post Се одбележуваат 32 години од воведувањето на денарот appeared first on Република.

]]>

На 26 април пред 32 години беше воведен денарот како национална валута и беше воспоставена институционална рамка на монетарниот систем, односно Народната банка започна да функционира како самостојна централна банка.
- Овој датум е значаен во нашата историја, бидејќи со монетарната самостојност се заокружи целовитоста на процесот на формирањето на нашата држава! Во изминатите 32 години, Народната банка се соочи со голем број предизвици, на кои успешно им одговори, додека денарот беше и ќе остане да биде „сидрото на стабилноста на нашата економија“, стои во објавата на Народната банка на Фејсбук.

The post Се одбележуваат 32 години од воведувањето на денарот appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска на средба со ММФ: Народната Банка обезбеди стабилност на денарот, инфлациските движења и банкарскиот сектор https://republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezhoska-na-sredba-so-mmf-narodnata-banka-obezbedi-stabilnost-na-denarot-inflatsiskite-dvizhena-i-bankarskiot-sektor/ Sat, 20 Apr 2024 10:29:26 +0000 https://republika.mk/?p=768382

Народната банка води соодветни политики, кои придонесоа за стабилизација на инфлацијата, курсот на денарот и одржување на стабилноста на банкарскиот сектор“, истакна заменик генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, за време на состанокот со македонската делегација на Пролетните средби на ММФ и Светска банка, која ја предводат гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и заменик министерот за финансии, Филип Николоски, а од која е дел и вицегувернерот Фадил Бајрами.

Притоа, високиот претставник на ММФ укажа на потребата од понатамошна внимателност во водењето на политиките, со оглед на неизвесниот глобален контекст, кадешто инфлацијата забавува - но поспоро, додека стапките на глобален раст се под историскиот просек.

Во рамки на Пролетните средби, делегацијата оствари средба и со Директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, којшто исто така констатираше дека резултатите од соодветното водење на монетарната политика од страна на Народната банка, се видливи преку опаѓачкиот тренд на инфлацијата, позитивните движења кај девизните резерви и стабилноста на банкарскиот систем.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна дека и покрај повеќе шокови, преку бројните монетарни, но и макропруденти мерки е задржана макроекономската стабилност. Сепак, ризиците постојат и потребен е внимателен пристап.

Исто така, делегацијата оствари средба и со извршниот директор на ММФ и алтернативниот извршен директор, Пол Хилберс и Лук Дресе, на која се зборуваше за најновите макроекономски трендови и потребата за натамошна внимателност при водењето на макроекономските политики.

The post Ангеловска-Бежоска на средба со ММФ: Народната Банка обезбеди стабилност на денарот, инфлациските движења и банкарскиот сектор appeared first on Република.

]]>

Народната банка води соодветни политики, кои придонесоа за стабилизација на инфлацијата, курсот на денарот и одржување на стабилноста на банкарскиот сектор“, истакна заменик генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, за време на состанокот со македонската делегација на Пролетните средби на ММФ и Светска банка, која ја предводат гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и заменик министерот за финансии, Филип Николоски, а од која е дел и вицегувернерот Фадил Бајрами.
Притоа, високиот претставник на ММФ укажа на потребата од понатамошна внимателност во водењето на политиките, со оглед на неизвесниот глобален контекст, кадешто инфлацијата забавува - но поспоро, додека стапките на глобален раст се под историскиот просек. Во рамки на Пролетните средби, делегацијата оствари средба и со Директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, којшто исто така констатираше дека резултатите од соодветното водење на монетарната политика од страна на Народната банка, се видливи преку опаѓачкиот тренд на инфлацијата, позитивните движења кај девизните резерви и стабилноста на банкарскиот систем. Гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна дека и покрај повеќе шокови, преку бројните монетарни, но и макропруденти мерки е задржана макроекономската стабилност. Сепак, ризиците постојат и потребен е внимателен пристап. Исто така, делегацијата оствари средба и со извршниот директор на ММФ и алтернативниот извршен директор, Пол Хилберс и Лук Дресе, на која се зборуваше за најновите макроекономски трендови и потребата за натамошна внимателност при водењето на макроекономските политики.

The post Ангеловска-Бежоска на средба со ММФ: Народната Банка обезбеди стабилност на денарот, инфлациските движења и банкарскиот сектор appeared first on Република.

]]>
Народна банка ја задржа основната каматна стапка на 6,30 проценти https://republika.mk/vesti/ekonomija/narodna-banka-ja-zadrzha-osnovnata-kamatna-stapka-na-6-30-protsenti/ Wed, 17 Apr 2024 10:29:52 +0000 https://republika.mk/?p=767074

Основната каматна стапка останува на ниво од 6,30 проценти. Според Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, монетарната политика е соодветна на условите во економијата, но сепак ризиците кај инфлацијата наметнуваат потреба од натамошно внимателно следење на факторите на инфлацијата и претпазливост во однос на водењето на макроекономските политики што влијаат врз побарувачката во економијата, вклучително и преку пазарот на труд каде што има високи стапки на реален раст на платите.

Како што информираше денеска Народната банка, понудата на благајнички записи на редовната аукција останува непроменета и изнесува 10 милијарди денари. Каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена се на нивоа од 4,20 проценти и 4,25 проценти.

И натаму се очекува дека тековното ниво на каматните стапки, заедно со досегашните промени кај задолжителната резерва и преземените макропрудентни мерки ќе придонесат за натамошно забавување на инфлацијата и за задржување на стабилноста на девизниот курс. Притоа, последните промени кај инструментот задолжителна резерва, чијашто примена започнува од јуни 2024 година, значат и дополнителна поддршка на прудентниот карактер на монетарната политика, истакнуваат од Централната банка.

Оттаму посочуваат дека во услови на стабилен девизен пазар, главниот акцент при носење на одлуката за задржување на тековната поставеност на монетарната политика бил ставен на потребата од стабилизирање на инфлацијата на историски ниските нивоа и инфлациските очекувања на потрајна основа имајќи ги предвид присутните ризици, коишто во голема мера се поврзани со геополитичките тензии.

Имено, инфлацијата очекувано забрза во март 2024 година на 4 проценти на годишно ниво (3 проценти во февруари), со оглед на престанокот на важноста на мерките за гарантирани цени на дел од прехранбените производи и пијалаци и за укинување/намалување на дел од увозните давачки. Сепак, остварувањето е под проекцијата на Народната банка, при значително намален притисок од цените на храната и енергијата, но и пониски ценовни притисоци од помалку променливите категории во првиот квартал, во согласност и со преземените монетарни мерки. Цените на примарните производи на берзите и натаму надолно се приспособуваат, со исклучок на нафтата којашто има одредени флуктуации. Остварувањата кај инфлацијата од почетокот на годината се пониски од очекувањата, но нивото сѐ уште е над историскиот просек, а ризиците во однос на идната динамика на цените и натаму постојат. Оттука, беше оценето дека е потребна натамошна претпазливост при водењето на политиките, вклучително и на политиките што делуваат врз побарувачката во економијата, се наведува во соопштението.

Нивото на девизните резерви на крајот на март изнесувало 4.287,1 милион евра, што, според Народната банка, е соодветно за задржување на стабилноста на курсот на домашната валута.

Трговскиот дефицит во првите два месеца од годинава, според последните расположливи податоци од надворешниот сектор, е малку повисок од очекувањата со октомврискиот циклус проекции, а остварениот економски раст во последниот квартал на 2023 година и за целата година, како што посочува Народната банка, е под проектираниот, што упатува на посилно забавување на економскиот раст од очекуваното.

Во монетарниот сектор, според првичните податоци за март годинава, депозитите растат со слична динамика како и претходниот месец, но малку посилно од очекувањата, а од друга страна, кредитната активност на банките умерено забавува, но годишниот раст е малку над проекциите за првиот квартал.

The post Народна банка ја задржа основната каматна стапка на 6,30 проценти appeared first on Република.

]]>

Основната каматна стапка останува на ниво од 6,30 проценти. Според Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, монетарната политика е соодветна на условите во економијата, но сепак ризиците кај инфлацијата наметнуваат потреба од натамошно внимателно следење на факторите на инфлацијата и претпазливост во однос на водењето на макроекономските политики што влијаат врз побарувачката во економијата, вклучително и преку пазарот на труд каде што има високи стапки на реален раст на платите. Како што информираше денеска Народната банка, понудата на благајнички записи на редовната аукција останува непроменета и изнесува 10 милијарди денари. Каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена се на нивоа од 4,20 проценти и 4,25 проценти. И натаму се очекува дека тековното ниво на каматните стапки, заедно со досегашните промени кај задолжителната резерва и преземените макропрудентни мерки ќе придонесат за натамошно забавување на инфлацијата и за задржување на стабилноста на девизниот курс. Притоа, последните промени кај инструментот задолжителна резерва, чијашто примена започнува од јуни 2024 година, значат и дополнителна поддршка на прудентниот карактер на монетарната политика, истакнуваат од Централната банка. Оттаму посочуваат дека во услови на стабилен девизен пазар, главниот акцент при носење на одлуката за задржување на тековната поставеност на монетарната политика бил ставен на потребата од стабилизирање на инфлацијата на историски ниските нивоа и инфлациските очекувања на потрајна основа имајќи ги предвид присутните ризици, коишто во голема мера се поврзани со геополитичките тензии. Имено, инфлацијата очекувано забрза во март 2024 година на 4 проценти на годишно ниво (3 проценти во февруари), со оглед на престанокот на важноста на мерките за гарантирани цени на дел од прехранбените производи и пијалаци и за укинување/намалување на дел од увозните давачки. Сепак, остварувањето е под проекцијата на Народната банка, при значително намален притисок од цените на храната и енергијата, но и пониски ценовни притисоци од помалку променливите категории во првиот квартал, во согласност и со преземените монетарни мерки. Цените на примарните производи на берзите и натаму надолно се приспособуваат, со исклучок на нафтата којашто има одредени флуктуации. Остварувањата кај инфлацијата од почетокот на годината се пониски од очекувањата, но нивото сѐ уште е над историскиот просек, а ризиците во однос на идната динамика на цените и натаму постојат. Оттука, беше оценето дека е потребна натамошна претпазливост при водењето на политиките, вклучително и на политиките што делуваат врз побарувачката во економијата, се наведува во соопштението. Нивото на девизните резерви на крајот на март изнесувало 4.287,1 милион евра, што, според Народната банка, е соодветно за задржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Трговскиот дефицит во првите два месеца од годинава, според последните расположливи податоци од надворешниот сектор, е малку повисок од очекувањата со октомврискиот циклус проекции, а остварениот економски раст во последниот квартал на 2023 година и за целата година, како што посочува Народната банка, е под проектираниот, што упатува на посилно забавување на економскиот раст од очекуваното. Во монетарниот сектор, според првичните податоци за март годинава, депозитите растат со слична динамика како и претходниот месец, но малку посилно од очекувањата, а од друга страна, кредитната активност на банките умерено забавува, но годишниот раст е малку над проекциите за првиот квартал.

The post Народна банка ја задржа основната каматна стапка на 6,30 проценти appeared first on Република.

]]>
Народна банка: Годишен раст на зелените кредити за 29 проценти во 2023 година https://republika.mk/vesti/ekonomija/narodna-banka-godishen-rast-na-zelenite-krediti-za-29-protsenti-vo-2023-godina/ Mon, 08 Apr 2024 08:04:13 +0000 https://republika.mk/?p=763667

Народната банка ги објави податоците за „зелените кредити“ за четвртиот квартал од 2023 година, каде што се забележува раст на квартално ниво од 5 проценти, додека на годишна основа од 29,1 проценти. Во споредба со крајот на 2019 година, кога почнале да се прибираат податоците, „зелените кредити“ се зголемени за 2,8 пати. Станува збор за заеми наменети за проекти коишто поддржуваат одржливи, еколошки цели, или цели коишто придонесуваат за зелената транзиција во општеството, како што е развивање нова еколошка технологија, информираат од Народната банка.

Според податоците на со кои таа располага, на крајот од 2023 година, банкарските побарувања врз основа на зелени кредити изнесуваат 19.863 милиони денари. За споредба, на крајот на 2019 година тие изнесувале 7.176 милиони денари. Растот на зеленото кредитирање се должи најмногу на кредитите земени од фирмите, додека најмногу зелени кредити давале големите банки.

Од Народната банка додаваат дека расте и уделот на зелените во вкупните кредити, иако сѐ уште е на ниско ниво. Oд крајот на 2019 година, заклучно со 2023 година, учеството на зелените во вкупните кредити е зголемено од 2,2 на 4,5 отсто.

Народната банка, препознавајќи ги ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ја постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија. Преку низа активности, нашата централна банка придонесува за поттикнување на зеленото финансирање, вклучувајќи ги и монетарните мерки. Народната банка изработи Среднорочен план на активностите во доменот на управување со ризиците поврзани со климатските промени за периодот 2023 − 2025 година, а неодамна заради подобрување на расположливоста на податоците за климатските промени објави и Преглед на зелените показатели коишто ќе помогнат во анализите за понатамошно носење политики, се вели во соопштението од Народната банка.

Од Банката додаваат дека се гради и зелено портфолио на хартиите од вредност во девизните резерви. За оцена на отпорноста на банкарскиот систем на климатските промени се планираат стрес-тестови.

The post Народна банка: Годишен раст на зелените кредити за 29 проценти во 2023 година appeared first on Република.

]]>

Народната банка ги објави податоците за „зелените кредити“ за четвртиот квартал од 2023 година, каде што се забележува раст на квартално ниво од 5 проценти, додека на годишна основа од 29,1 проценти. Во споредба со крајот на 2019 година, кога почнале да се прибираат податоците, „зелените кредити“ се зголемени за 2,8 пати. Станува збор за заеми наменети за проекти коишто поддржуваат одржливи, еколошки цели, или цели коишто придонесуваат за зелената транзиција во општеството, како што е развивање нова еколошка технологија, информираат од Народната банка. Според податоците на со кои таа располага, на крајот од 2023 година, банкарските побарувања врз основа на зелени кредити изнесуваат 19.863 милиони денари. За споредба, на крајот на 2019 година тие изнесувале 7.176 милиони денари. Растот на зеленото кредитирање се должи најмногу на кредитите земени од фирмите, додека најмногу зелени кредити давале големите банки. Од Народната банка додаваат дека расте и уделот на зелените во вкупните кредити, иако сѐ уште е на ниско ниво. Oд крајот на 2019 година, заклучно со 2023 година, учеството на зелените во вкупните кредити е зголемено од 2,2 на 4,5 отсто. Народната банка, препознавајќи ги ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ја постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија. Преку низа активности, нашата централна банка придонесува за поттикнување на зеленото финансирање, вклучувајќи ги и монетарните мерки. Народната банка изработи Среднорочен план на активностите во доменот на управување со ризиците поврзани со климатските промени за периодот 2023 − 2025 година, а неодамна заради подобрување на расположливоста на податоците за климатските промени објави и Преглед на зелените показатели коишто ќе помогнат во анализите за понатамошно носење политики, се вели во соопштението од Народната банка. Од Банката додаваат дека се гради и зелено портфолио на хартиите од вредност во девизните резерви. За оцена на отпорноста на банкарскиот систем на климатските промени се планираат стрес-тестови.

The post Народна банка: Годишен раст на зелените кредити за 29 проценти во 2023 година appeared first on Република.

]]>