Намита Субиото Archives - Република https://republika.mk/tema/namita-subioto/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Oct 2024 07:36:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Намита Субиото Archives - Република https://republika.mk/tema/namita-subioto/ 32 32 Словенечката македонистка Намита Субиото ќе одржи предавање за Ацо Шопов на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ https://republika.mk/vesti/kultura/slovenechkata-makedonistka-namita-subioto-ke-odrzhi-predavane-za-atso-shopov-na-filoloshkiot-fakultet-blazhe-koneski/ Mon, 21 Oct 2024 07:35:27 +0000 https://republika.mk/?p=829261

На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје денеска предавање ќе одржи Намита Субиото, словенечка македонистка, еден од најголемите афирматори на македонскиот јазик, литература и култура во странство и професорка на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана.

Субиото ќе одржи предавање на тема „Ацо Шопов во контекст на македонско-словенечките книжевни и културни врски во XX век и денес“.

Како што е најавено, во рамките на настанот ќе биде претставенa и книгата „Златен круг на времето“ – избор од поезијата на Шопов на македонски и во препев на словенечки јазик што неодамна беше објавен во Словенија.

Инаку, ова издание што воспоставува дијалог помеѓу поезијата на Шопов и уметничките дела на академскиот сликар Боге Димовски е прв избор од поезијата на македонски класик објавен во странство во ваков формат, којшто ги обединува сите препејувачи, односно преведувачи што во децениите наназад се имаат посветено на пренесување на моќта на македонската поетска реч во кодот на својот мајчин јазик. Пред неполн месец се случија и првите промоции на изданието во Словенија.

На предавањето, со македонската јавност ќе бидат споделени и дел од согледбите и заклучоците од новите истражувања на совенечката книжевна македонистика за современата македонска книжевност, односно за творештвото на Ацо Шопов.

The post Словенечката македонистка Намита Субиото ќе одржи предавање за Ацо Шопов на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ appeared first on Република.

]]>

На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје денеска предавање ќе одржи Намита Субиото, словенечка македонистка, еден од најголемите афирматори на македонскиот јазик, литература и култура во странство и професорка на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана. Субиото ќе одржи предавање на тема „Ацо Шопов во контекст на македонско-словенечките книжевни и културни врски во XX век и денес“. Како што е најавено, во рамките на настанот ќе биде претставенa и книгата „Златен круг на времето“ – избор од поезијата на Шопов на македонски и во препев на словенечки јазик што неодамна беше објавен во Словенија. Инаку, ова издание што воспоставува дијалог помеѓу поезијата на Шопов и уметничките дела на академскиот сликар Боге Димовски е прв избор од поезијата на македонски класик објавен во странство во ваков формат, којшто ги обединува сите препејувачи, односно преведувачи што во децениите наназад се имаат посветено на пренесување на моќта на македонската поетска реч во кодот на својот мајчин јазик. Пред неполн месец се случија и првите промоции на изданието во Словенија. На предавањето, со македонската јавност ќе бидат споделени и дел од согледбите и заклучоците од новите истражувања на совенечката книжевна македонистика за современата македонска книжевност, односно за творештвото на Ацо Шопов.

The post Словенечката македонистка Намита Субиото ќе одржи предавање за Ацо Шопов на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ appeared first on Република.

]]>