мито Archives - Република https://republika.mk/tema/mito/ За подобро да се разбереме Thu, 05 Sep 2024 08:27:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мито Archives - Република https://republika.mk/tema/mito/ 32 32 Полицаец земал мито од 1000 евра https://republika.mk/vesti/crna-hronika/politsaets-zemal-mito-od-1000-evra/ Wed, 04 Sep 2024 20:10:40 +0000 https://republika.mk/?p=813254

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Дебар поднесе кривична пријава против Љ.З. вработен во Отсек за оружје, експлозивни и опасни материи- Охрид, Сектор за оружје, експлозивни и опасни материи при Оддел за граѓански работи, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба“ по член 353 од Кривичниот законик во врска со член 9 став 5 од Законот за оружје и член 6 и член 7 од Законот за административни такси во МВР.

Пријавениот Љ.З., во својство на одговорно лице, во периодот од 01.01.2022 до 05.08.2024 од барателите, на рака ги земал парите што требало да ги платат на жиро сметката на Министерството за внатрешни работи за административни такси, со цел да им врши услуга, односно во нивно име тој да изврши уплата за административни такси.

Но, наместо тоа, парите тој противправно ги присвоил и со тоа за себе прибавил имотна корист и нанел штета на Буџетот на Министерството за внатрешни работи во износ од 60.950 денари.

Во наведениот период, за вкупно 179 примени барања нема потврда за платени административни такси. Поради потешко кршење на работниот ред и дисциплина, Одделот за внатрешна контрола против Љ.З. ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка

The post Полицаец земал мито од 1000 евра appeared first on Република.

]]>

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Дебар поднесе кривична пријава против Љ.З. вработен во Отсек за оружје, експлозивни и опасни материи- Охрид, Сектор за оружје, експлозивни и опасни материи при Оддел за граѓански работи, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба“ по член 353 од Кривичниот законик во врска со член 9 став 5 од Законот за оружје и член 6 и член 7 од Законот за административни такси во МВР. Пријавениот Љ.З., во својство на одговорно лице, во периодот од 01.01.2022 до 05.08.2024 од барателите, на рака ги земал парите што требало да ги платат на жиро сметката на Министерството за внатрешни работи за административни такси, со цел да им врши услуга, односно во нивно име тој да изврши уплата за административни такси. Но, наместо тоа, парите тој противправно ги присвоил и со тоа за себе прибавил имотна корист и нанел штета на Буџетот на Министерството за внатрешни работи во износ од 60.950 денари. Во наведениот период, за вкупно 179 примени барања нема потврда за платени административни такси. Поради потешко кршење на работниот ред и дисциплина, Одделот за внатрешна контрола против Љ.З. ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка

The post Полицаец земал мито од 1000 евра appeared first on Република.

]]>
Судски совет на полноќ ќе одлучува за имунитетот на судијата фатен како прима мито https://republika.mk/vesti/makedonija/sudski-sovet-na-polnok-ke-odluchuva-za-imunitetot-na-sudijata-faten-kako-prima-mito/ Mon, 20 May 2024 20:33:41 +0000 https://republika.mk/?p=780273

Судски совет на полноќ ќе одлучува да му го одземе имунитетот на врховниот судија фатен како прима мито.  Уапсениот судија има право да се повика на судиски имунитет за кој одлучува Судскиот совет на седница на Советот со мнозинство гласови од вкупниот број членови со право на глас.

Доколку му е одземен, може да му биде одредена мерка притвор. Бидејќи за делото за кое со сомничи е пропишана затворска казна до пет години, согласност за притвор мора да даде Судски совет. За дела за кои лице е затечено на лице место и за кои е пропишана казна над пет години, не треба согласност.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vrhoven-sudija-faten-so-10-000-evra-mito/

Претходно денеска беше соопштено дека полицијата уапсила судија од Врховен суд поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело.

Од МВР дополнуваат дека се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител.

Според последните информации станува збор за судија со иницијали Н.Г., кој бил фатен со 10.000 евра.

The post Судски совет на полноќ ќе одлучува за имунитетот на судијата фатен како прима мито appeared first on Република.

]]>

Судски совет на полноќ ќе одлучува да му го одземе имунитетот на врховниот судија фатен како прима мито.  Уапсениот судија има право да се повика на судиски имунитет за кој одлучува Судскиот совет на седница на Советот со мнозинство гласови од вкупниот број членови со право на глас. Доколку му е одземен, може да му биде одредена мерка притвор. Бидејќи за делото за кое со сомничи е пропишана затворска казна до пет години, согласност за притвор мора да даде Судски совет. За дела за кои лице е затечено на лице место и за кои е пропишана казна над пет години, не треба согласност. https://republika.mk/vesti/makedonija/vrhoven-sudija-faten-so-10-000-evra-mito/ Претходно денеска беше соопштено дека полицијата уапсила судија од Врховен суд поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело. Од МВР дополнуваат дека се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител. Според последните информации станува збор за судија со иницијали Н.Г., кој бил фатен со 10.000 евра.

The post Судски совет на полноќ ќе одлучува за имунитетот на судијата фатен како прима мито appeared first on Република.

]]>
Врховен судија фатен со 10.000 евра мито https://republika.mk/vesti/makedonija/vrhoven-sudija-faten-so-10-000-evra-mito/ Mon, 20 May 2024 15:15:32 +0000 https://republika.mk/?p=780218

Полицијата денеска уапсила судија од Врховен суд поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело.

Од МВР дополнуваат дека се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител.

Според последните информации станува збор за судија со иницијали Н.Г., кој бил фатен со 10.000 евра.

Уапсениот судија има право да се повика на судиски имунитет за кој одлучува Судскиот совет на седница на Советот со мнозинство гласови од вкупниот број членови со право на глас.

Од Судски совет за МИА информираа дека засега немаат добиено информација.

The post Врховен судија фатен со 10.000 евра мито appeared first on Република.

]]>

Полицијата денеска уапсила судија од Врховен суд поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело. Од МВР дополнуваат дека се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител. Според последните информации станува збор за судија со иницијали Н.Г., кој бил фатен со 10.000 евра. Уапсениот судија има право да се повика на судиски имунитет за кој одлучува Судскиот совет на седница на Советот со мнозинство гласови од вкупниот број членови со право на глас. Од Судски совет за МИА информираа дека засега немаат добиено информација.  

The post Врховен судија фатен со 10.000 евра мито appeared first on Република.

]]>
Млад инспектор се насобрал мито од цел Исток https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mlad-inspektor-se-nasobral-mito-od-tsel-istok/ Sun, 10 Dec 2023 16:28:20 +0000 https://republika.mk/?p=721506

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против К.Ѓ.(34) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“.

Како што информира МВР, пријавениот, вработен во Државен пазарен инспекторат - инспектор во Одделение за инспекциски надзор Струмица во Гевгелија, Валандово и Радовиш, во периодот од јуни до ноември 2023 година, во шест наврати од шест лица примил вкупно 21.000 денари и 150 евра за да не изврши службени дејствија.

The post Млад инспектор се насобрал мито од цел Исток appeared first on Република.

]]>

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против К.Ѓ.(34) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“. Како што информира МВР, пријавениот, вработен во Државен пазарен инспекторат - инспектор во Одделение за инспекциски надзор Струмица во Гевгелија, Валандово и Радовиш, во периодот од јуни до ноември 2023 година, во шест наврати од шест лица примил вкупно 21.000 денари и 150 евра за да не изврши службени дејствија.

The post Млад инспектор се насобрал мито од цел Исток appeared first on Република.

]]>
Земал 300 евра мито за да не пише казна, па го фатиле со бележани пари: Уапсен вработен во Шумска полиција во Демир Хисар https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zemal-300-evra-mito-za-da-ne-pishe-kazna-pa-go-fatile-so-belezhani-pari-uapsen-vraboten-vo-shumska-politsija-vo-demir-hisar/ Mon, 30 Oct 2023 20:55:39 +0000 https://republika.mk/?p=696453

Полициски службеници од ОВР Демир Хисар, во содејство со криминалистичката полиција на СВР Битола, на патот меѓу село Света и село Единаковци, на подрачје на Демир Хисар, го уапсиле Д.Т.(58) од Демир Хисар, вработен во Шумска полиција во Демир Хисар, осомничен за сторено кривично дело по чл.357 од КЗ „примање поткуп".

МВР информира дека Д.Т. од лице од Демир Хисар побарал пари, а за возврат да не постапи односно да не санкционира незаконско работење.

Откако му биле побарани пари, лицето го пријавило случајот во СВР Битола и му биле дадени крим-технички обработени пари, кои тој му ги дал на Д.Т.. Веднаш откако му биле предадени парите, Д.Т. е лишен од слобода и кај него се пронајдени 18.000 денари кои потекнуваат од кривичното дело. Д.Т. е приведен во полициска станица Битола и против него ќе следува кривична пријава, појаснуваат од МВР.

The post Земал 300 евра мито за да не пише казна, па го фатиле со бележани пари: Уапсен вработен во Шумска полиција во Демир Хисар appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од ОВР Демир Хисар, во содејство со криминалистичката полиција на СВР Битола, на патот меѓу село Света и село Единаковци, на подрачје на Демир Хисар, го уапсиле Д.Т.(58) од Демир Хисар, вработен во Шумска полиција во Демир Хисар, осомничен за сторено кривично дело по чл.357 од КЗ „примање поткуп". МВР информира дека Д.Т. од лице од Демир Хисар побарал пари, а за возврат да не постапи односно да не санкционира незаконско работење.
Откако му биле побарани пари, лицето го пријавило случајот во СВР Битола и му биле дадени крим-технички обработени пари, кои тој му ги дал на Д.Т.. Веднаш откако му биле предадени парите, Д.Т. е лишен од слобода и кај него се пронајдени 18.000 денари кои потекнуваат од кривичното дело. Д.Т. е приведен во полициска станица Битола и против него ќе следува кривична пријава, појаснуваат од МВР.

The post Земал 300 евра мито за да не пише казна, па го фатиле со бележани пари: Уапсен вработен во Шумска полиција во Демир Хисар appeared first on Република.

]]>
Затвореник им зел 4.000 на затворски командири ветувајќи им работа во МВР https://republika.mk/vesti/makedonija/zatvorenik-im-zel-4-000-na-zatvorski-komandiri-vetuvajki-im-rabota-vo-mvr/ Mon, 25 Sep 2023 13:27:50 +0000 https://republika.mk/?p=684999

Управата за извршување на санкции на 19 септември 2023 година изврши вонреден наздор во КПД Идризово со цел да се проверат наводите на осудените лица Тони Денковски и Јанко Јаневски за закани по живот, рекет и уцени, соопшти денеска Министерството за правда.

Јанко Јаневски, кој отслужува деветгодишна затворска казна, посочил дека имал уцени и закани по живот да врати 4.000 евра во рок од 24 часа. Управата за извршување на санкции, како што се наведува, изврши разговор со двајца припадници на затворската полиција кои тврделе дека биле измамени од Јаневски. Тој им побарал по 2.000 евра, ветувајќи им дека ќе бидат префрлени со работа во МВР. Вкупната сума од 4.000 евра му ја исплатиле на негов пријател во трговскиот центар „Сити мол“. Командирите, како што се наведува, по извесен период сфатиле дека се измамени и настанот го пријавиле во ПС Кавадарци.

Службените лица од Управата разговарале и со осуденото лице Јанко Јаневски, кој појаснил дека никогаш не зел пари од припадници на затворската полиција, туку напротив, дека лично тој му давал пари на Киро Димов, припадник на затворската полиција.

Осудениот Јаневски парите ги добивал од спортско обложување кое се организирало во установата и на неколку наврати му позајмувал пари на Димов. Потоа почнал да му се заканува преку осудени лица за враќање на долгот во рок од 24 часа. За наводите дека припадникот на затворската полиција земал пари од Јаневски, потврдиле и две други осудени лица, стои во соопштението.

Тони Денковски имал поплака дека му е нарушена безбедноста и дека има закани и уцени од страна на осудени лица и припадници на затворската полиција, за што е поднесена и пријава до Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција. Од разговорот со него, како што се наведува, тој не посочил конкретни имиња на осудени лица или припадници на затворската полиција поради што не можело да се проверат неговите наоди.

За Денковски, во дневните билтени не е евидентиран некаков настан или физички напад на ова лице, а преземени се и мерки за заштита на неговата безбедност, сместен е сам во соба и сам оди на прошетка. До денот на извршениот надзор осуденото лице Тони Денковски нема поднесено барање за преместување во друга установа, се вели во соопштението од Министерството за правда.

The post Затвореник им зел 4.000 на затворски командири ветувајќи им работа во МВР appeared first on Република.

]]>

Управата за извршување на санкции на 19 септември 2023 година изврши вонреден наздор во КПД Идризово со цел да се проверат наводите на осудените лица Тони Денковски и Јанко Јаневски за закани по живот, рекет и уцени, соопшти денеска Министерството за правда. Јанко Јаневски, кој отслужува деветгодишна затворска казна, посочил дека имал уцени и закани по живот да врати 4.000 евра во рок од 24 часа. Управата за извршување на санкции, како што се наведува, изврши разговор со двајца припадници на затворската полиција кои тврделе дека биле измамени од Јаневски. Тој им побарал по 2.000 евра, ветувајќи им дека ќе бидат префрлени со работа во МВР. Вкупната сума од 4.000 евра му ја исплатиле на негов пријател во трговскиот центар „Сити мол“. Командирите, како што се наведува, по извесен период сфатиле дека се измамени и настанот го пријавиле во ПС Кавадарци. Службените лица од Управата разговарале и со осуденото лице Јанко Јаневски, кој појаснил дека никогаш не зел пари од припадници на затворската полиција, туку напротив, дека лично тој му давал пари на Киро Димов, припадник на затворската полиција.
Осудениот Јаневски парите ги добивал од спортско обложување кое се организирало во установата и на неколку наврати му позајмувал пари на Димов. Потоа почнал да му се заканува преку осудени лица за враќање на долгот во рок од 24 часа. За наводите дека припадникот на затворската полиција земал пари од Јаневски, потврдиле и две други осудени лица, стои во соопштението.
Тони Денковски имал поплака дека му е нарушена безбедноста и дека има закани и уцени од страна на осудени лица и припадници на затворската полиција, за што е поднесена и пријава до Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција. Од разговорот со него, како што се наведува, тој не посочил конкретни имиња на осудени лица или припадници на затворската полиција поради што не можело да се проверат неговите наоди.
За Денковски, во дневните билтени не е евидентиран некаков настан или физички напад на ова лице, а преземени се и мерки за заштита на неговата безбедност, сместен е сам во соба и сам оди на прошетка. До денот на извршениот надзор осуденото лице Тони Денковски нема поднесено барање за преместување во друга установа, се вели во соопштението од Министерството за правда.

The post Затвореник им зел 4.000 на затворски командири ветувајќи им работа во МВР appeared first on Република.

]]>
Полски дипломати во Африка, Азија и Блискиот Исток земале мито за да издаваат шенген визи https://republika.mk/vesti/svet/polski-diplomati-vo-afrika-azija-i-bliskiot-istok-zemale-mito-za-da-izdavaat-shengen-vizi/ Mon, 18 Sep 2023 13:01:41 +0000 https://republika.mk/?p=682921

Вработени во полските дипломатски претставништва во Африка, Азија и Блискиот Исток се обвинети за примање мито во замена за издавање визи за Шенген зоната, јавија денеска германските медиуми.

Ова е најголемиот скандал во Полска во 21 век, изјави лидерот на опозицијата и кандидат на либерално-конзервативната Граѓанска платформа (ПО) на претстојните избори, Доналд Туск, коментирајќи го покренувањето истрага против седум членови на полската дипломатска служба и апсење на три лица обвинети за мито и корупција, а во врска со издавањето визи за Шенген зоната.

Туск и некои опозициски медиуми како „Газета Виборча“( Gazeta Wyborcza) зборуваат за издавање на над 250.000 работни визи за Полска, а со тоа и за Шенген зоната, кои беа издадени во последните 30 месеци во полските дипломатски претставништва во Африка и Азија.

На крајот на август, заменик-министерот за надворешни работи задолжен за конзуларните претставништва, Пјотр Ваврзик, беше разрешен без објаснување, а неговиот оддел беше претресен од полската антикорупциска канцеларија CBA.

Според печатот, апликантите во Индија плаќале до 40.000 евра за издавање визи за Шенген зоната. Според истите извори, многу луѓе преминале во Германија со полски визи.

Туск ја обвини владејачката партија ПиС за „лицемерие“ затоа што, од една страна, го блокира компромисот на ЕУ за политиката за азил, а од друга страна, нејзините дипломати издаваат незаконски визи за мито.

Неколку недели пред изборите во Полска, владејачката ПиС ги отфрла обвинувањата на опозицијата и дел од печатот.

-Тука немаме скандал. Тоа е глупава и криминална идеја на неколку луѓе кои немаат никаква врска со владата, изјави претседателот на владејачката ПиС, Јарослав Качински.

The post Полски дипломати во Африка, Азија и Блискиот Исток земале мито за да издаваат шенген визи appeared first on Република.

]]>

Вработени во полските дипломатски претставништва во Африка, Азија и Блискиот Исток се обвинети за примање мито во замена за издавање визи за Шенген зоната, јавија денеска германските медиуми. Ова е најголемиот скандал во Полска во 21 век, изјави лидерот на опозицијата и кандидат на либерално-конзервативната Граѓанска платформа (ПО) на претстојните избори, Доналд Туск, коментирајќи го покренувањето истрага против седум членови на полската дипломатска служба и апсење на три лица обвинети за мито и корупција, а во врска со издавањето визи за Шенген зоната. Туск и некои опозициски медиуми како „Газета Виборча“( Gazeta Wyborcza) зборуваат за издавање на над 250.000 работни визи за Полска, а со тоа и за Шенген зоната, кои беа издадени во последните 30 месеци во полските дипломатски претставништва во Африка и Азија. На крајот на август, заменик-министерот за надворешни работи задолжен за конзуларните претставништва, Пјотр Ваврзик, беше разрешен без објаснување, а неговиот оддел беше претресен од полската антикорупциска канцеларија CBA. Според печатот, апликантите во Индија плаќале до 40.000 евра за издавање визи за Шенген зоната. Според истите извори, многу луѓе преминале во Германија со полски визи. Туск ја обвини владејачката партија ПиС за „лицемерие“ затоа што, од една страна, го блокира компромисот на ЕУ за политиката за азил, а од друга страна, нејзините дипломати издаваат незаконски визи за мито. Неколку недели пред изборите во Полска, владејачката ПиС ги отфрла обвинувањата на опозицијата и дел од печатот. -Тука немаме скандал. Тоа е глупава и криминална идеја на неколку луѓе кои немаат никаква врска со владата, изјави претседателот на владејачката ПиС, Јарослав Качински.

The post Полски дипломати во Африка, Азија и Блискиот Исток земале мито за да издаваат шенген визи appeared first on Република.

]]>
Зелa пари од болни од рак 62 пати за 7 дена, примала и сирење, кафе, колачи: Уапсенa шефицата на онкологија во Сучава https://republika.mk/vesti/svet/zela-pari-od-bolni-od-rak-62-pati-za-7-dena-primala-i-sirene-kafe-kolachi-uapsena-shefitsata-na-onkologija-vo-suchava/ Sat, 21 Jan 2023 17:19:01 +0000 https://republika.mk/?p=599437

Шефицата на онколошкиот оддел на окружната болница во Сучава, Романија, е приведена откако била обвинет дека за само една недела примила мито од болни од рак 62 пати, пишува романскиот портал Romanian Journal.

По претресот на нејзината лекарска ординација и службениот автомобил полицијата пронашла докази за 64 дела на поткуп, од кои 62 се случиле во текот на една недела во декември минатата година, а се тврди дека примала мито од болни од рак во износ од 50, 100 и 200 леи, односно 10, 20 и 40 евра, а покрај пари добила и слатки, парфеми, скапи пијалоци и храна - мед, сирење, кафе, чоколади и сирење.

Полицијата и обвинителството покренаа истрага откако неколку пациенти се пожалија дека шефицата им барала мито за да го добијат потребниот медицински третман, пишува Romanian Journal.

The post Зелa пари од болни од рак 62 пати за 7 дена, примала и сирење, кафе, колачи: Уапсенa шефицата на онкологија во Сучава appeared first on Република.

]]>

Шефицата на онколошкиот оддел на окружната болница во Сучава, Романија, е приведена откако била обвинет дека за само една недела примила мито од болни од рак 62 пати, пишува романскиот портал Romanian Journal. По претресот на нејзината лекарска ординација и службениот автомобил полицијата пронашла докази за 64 дела на поткуп, од кои 62 се случиле во текот на една недела во декември минатата година, а се тврди дека примала мито од болни од рак во износ од 50, 100 и 200 леи, односно 10, 20 и 40 евра, а покрај пари добила и слатки, парфеми, скапи пијалоци и храна - мед, сирење, кафе, чоколади и сирење. Полицијата и обвинителството покренаа истрага откако неколку пациенти се пожалија дека шефицата им барала мито за да го добијат потребниот медицински третман, пишува Romanian Journal.

The post Зелa пари од болни од рак 62 пати за 7 дена, примала и сирење, кафе, колачи: Уапсенa шефицата на онкологија во Сучава appeared first on Република.

]]>
Снимен македонски граничар како бара мито?! Објавено видео на социјалните мрежи https://republika.mk/vesti/crna-hronika/snimen-makedonski-granichar-kako-bara-mito-objaveno-video-na-sotsijalnite-mrezhi/ Sun, 08 Jan 2023 18:42:35 +0000 https://republika.mk/?p=594679

На социјалните мрежи се појави видео за кое се тврди дека е снимено во декември минатата година. Според податоците објавени со видеото наводно македонски граничар бара и добива мито од грчки државјанин.

Скопски полицаец бара „подарок“ за да ги пушти патниците да ја преминат границата, стои во описот на видеото.

Нема никаква потврда дека се работи за македонски царинарник, освен тврдењето на оној кој го снимил видеото.

The post Снимен македонски граничар како бара мито?! Објавено видео на социјалните мрежи appeared first on Република.

Државјанин на Македонија се обидел да подмити косовски полицаец со пет евра https://republika.mk/vesti/crna-hronika/drzavjanin-na-makedonija-se-obidel-da-podmiti-kosovski-policaec-so-pet-evra/ Wed, 01 Jun 2022 11:35:37 +0000 https://republika.mk/?p=509744

 Државјанин на Република Македонија е приведен од страна на косовската полиција, поради обид да поткупи со пет евра полицаец кој му ги прегледувал патните исправи, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во дневниот извештај на косовската полиција се наведува дека настанот се случил вчера (вторник, 31 мај), на граничниот премин Вермица/Морина на косовско –албанската граница.

По налог на надлежен обвинител македонскиот државјанин е пуштен да се брани од слобода, додека пасошот му е запленет до завршувањето на судските процедури.

The post Државјанин на Македонија се обидел да подмити косовски полицаец со пет евра appeared first on Република.

]]>

 Државјанин на Република Македонија е приведен од страна на косовската полиција, поради обид да поткупи со пет евра полицаец кој му ги прегледувал патните исправи, јави дописникот на МИА од Приштина. Во дневниот извештај на косовската полиција се наведува дека настанот се случил вчера (вторник, 31 мај), на граничниот премин Вермица/Морина на косовско –албанската граница. По налог на надлежен обвинител македонскиот државјанин е пуштен да се брани од слобода, додека пасошот му е запленет до завршувањето на судските процедури.

The post Државјанин на Македонија се обидел да подмити косовски полицаец со пет евра appeared first on Република.

]]>
Му даде беса на неговата икона Заев, па падна за 120 евра мито https://republika.mk/vesti/makedonija/mu-dade-besa-na-negovata-ikona-zaev-pa-padna-za-120-evra-mito/ Wed, 13 Apr 2022 20:43:03 +0000 https://republika.mk/?p=488108

На социјалните мрежи беше споделен моментот каде што цариникот-митаџија на еден од митинзите на СДСМ му вели на Заев дека е нивна икона, и му дава беса дека ќе победат.

The post Му даде беса на неговата икона Заев, па падна за 120 евра мито appeared first on Република.

Кривични пријави и суспензија за полицајците кои земале мито на Блаце https://republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichni-prijavi-i-suspenzija-za-policajcite-koi-zemale-mito-na-blace/ Wed, 13 Apr 2022 15:34:07 +0000 https://republika.mk/?p=488038

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното обвинителство против полициските службеници Е.Ш. и З.Р. ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „примање поткуп“, а ќе биде покрената и постапка за утврдување дисциплинска одговорност.

Како што соопшти МВР, полициските службеници до завршување на дисциплинската постапка се отстранети од работното место согласно одредбите од Колективниот договор на Министерството.

Во врска со случајот со земање поткуп на граничниот премин Блаце, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со надлежното обвинителство, како и службите за внатрешна контрола на Република Косово и Република Албанија, го документираше кривично правниот настан и изврши службени разговори со полициските службеници, информира МВР.

The post Кривични пријави и суспензија за полицајците кои земале мито на Блаце appeared first on Република.

]]>

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното обвинителство против полициските службеници Е.Ш. и З.Р. ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „примање поткуп“, а ќе биде покрената и постапка за утврдување дисциплинска одговорност. Како што соопшти МВР, полициските службеници до завршување на дисциплинската постапка се отстранети од работното место согласно одредбите од Колективниот договор на Министерството.
Во врска со случајот со земање поткуп на граничниот премин Блаце, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со надлежното обвинителство, како и службите за внатрешна контрола на Република Косово и Република Албанија, го документираше кривично правниот настан и изврши службени разговори со полициските службеници, информира МВР.

The post Кривични пријави и суспензија за полицајците кои земале мито на Блаце appeared first on Република.

]]>
Мисајловски: Молк наместо одговорност октако луѓе блиски до СДСМ се фатени како земаат мито на царина https://republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-molk-namesto-odgovornost-oktako-lugje-bliski-do-sdsm-se-fateni-kako-zemaat-mito-na-carina/ Wed, 13 Apr 2022 14:20:49 +0000 https://republika.mk/?p=488010

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денес во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“ беше во посета на oпштина Ранковце каде заедно со градоначалникот Борче Спасовски извршија увид на градежни активности на улици во село Радибуш каде беше дадена и изјава за медиумите.

Запрашан за коментар околу снимката која се појави вчера каде се гледа како македонски полицајци бараат и примаат мито од албански новинари, Мисајловски истакна дека и за оваа како и за сите криминални афери кои излегоа на површина деновиве од луѓето кои ги водат институциите има само молк наместо да се осудат сите овие работи.

Тој исто така додаде дека се надева дека за ваквите активности ќе има одговорност и дека доколку од овие институции нема, ВМРО-ДПМНЕ со новата влада ќе преземе одговорност да овие луѓе бидат санкционирани.

Јас пред некој ден реков дека во Македонија како секој ден да гледаме црна хроника. За жал ни се случуваат не само вакви афери туку имаше и нерасчистено убиство кое што пробаа на некој начин да го затскријат, што е срамно и безобразно. Денеска видовме нова снимка каде што службеници кои што работат на царина земаат мито и тоа се блиски до СДСМ, луѓе што се поставени од раководните луѓе на СДСМ. Затоа треба да има одговорност за сите овие луѓе од СДСМ. Тие што ги водат институциите како Оливер Спасовски и останатите, па еве го повикувам и Димитар Ковачевски како премиер да каже што има да каже како навод по овие сите криминални афери, бидејќи гледаме дека има некој молк. Не е добро да се има молк и треба да се осудат сите овие работи. Нерасчистени убиства кои пробаа да ги затскријат, гледаме дека има местени тендери со милионски суми за физибилити студии, а сега гледаме како се прима мито и корупција на царина. Тоа е сликата на СДСМ за Македонија. Жално, но се надевам дека ќе има одговорност. И ако од овие институции нема, верувајте дека ВМРО-ДПМНЕ со новата влада ќе преземе одговорност да овие луѓе бидат санкционирани, истакна Мисајловски.

The post Мисајловски: Молк наместо одговорност октако луѓе блиски до СДСМ се фатени како земаат мито на царина appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денес во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“ беше во посета на oпштина Ранковце каде заедно со градоначалникот Борче Спасовски извршија увид на градежни активности на улици во село Радибуш каде беше дадена и изјава за медиумите. Запрашан за коментар околу снимката која се појави вчера каде се гледа како македонски полицајци бараат и примаат мито од албански новинари, Мисајловски истакна дека и за оваа како и за сите криминални афери кои излегоа на површина деновиве од луѓето кои ги водат институциите има само молк наместо да се осудат сите овие работи. Тој исто така додаде дека се надева дека за ваквите активности ќе има одговорност и дека доколку од овие институции нема, ВМРО-ДПМНЕ со новата влада ќе преземе одговорност да овие луѓе бидат санкционирани.
Јас пред некој ден реков дека во Македонија како секој ден да гледаме црна хроника. За жал ни се случуваат не само вакви афери туку имаше и нерасчистено убиство кое што пробаа на некој начин да го затскријат, што е срамно и безобразно. Денеска видовме нова снимка каде што службеници кои што работат на царина земаат мито и тоа се блиски до СДСМ, луѓе што се поставени од раководните луѓе на СДСМ. Затоа треба да има одговорност за сите овие луѓе од СДСМ. Тие што ги водат институциите како Оливер Спасовски и останатите, па еве го повикувам и Димитар Ковачевски како премиер да каже што има да каже како навод по овие сите криминални афери, бидејќи гледаме дека има некој молк. Не е добро да се има молк и треба да се осудат сите овие работи. Нерасчистени убиства кои пробаа да ги затскријат, гледаме дека има местени тендери со милионски суми за физибилити студии, а сега гледаме како се прима мито и корупција на царина. Тоа е сликата на СДСМ за Македонија. Жално, но се надевам дека ќе има одговорност. И ако од овие институции нема, верувајте дека ВМРО-ДПМНЕ со новата влада ќе преземе одговорност да овие луѓе бидат санкционирани, истакна Мисајловски.
 
The post Мисајловски: Молк наместо одговорност октако луѓе блиски до СДСМ се фатени како земаат мито на царина appeared first on Република.

]]>
Уапсениот началник за Заев велеше дека е негова икона https://republika.mk/vesti/makedonija/uapseniot-nachalnik-za-zaev-veleshe-deka-e-negova-ikona/ Wed, 13 Apr 2022 09:49:44 +0000 https://republika.mk/?p=487783

Е.Ш од Скопје, началник на смена на преминот меѓу Макеоднија и Косово кој беше фатен како прима мито е симпатизер на СДСМ. На социјалните мрежи можат да се најдат негови фотографии со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и со порешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев. За Заев во една прилика има изјавено и дека е негова икона.

Е.Ш беше фатен како прима 12о евра за да пропушти на Блаце албански државјани.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsen-e-nachanikot-koj-baral-mito-od-prevoznicite-na-makedonsko-kosovskata-granica/

The post Уапсениот началник за Заев велеше дека е негова икона appeared first on Република.

]]>

Е.Ш од Скопје, началник на смена на преминот меѓу Макеоднија и Косово кој беше фатен како прима мито е симпатизер на СДСМ. На социјалните мрежи можат да се најдат негови фотографии со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и со порешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев. За Заев во една прилика има изјавено и дека е негова икона. Е.Ш беше фатен како прима 12о евра за да пропушти на Блаце албански државјани. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsen-e-nachanikot-koj-baral-mito-od-prevoznicite-na-makedonsko-kosovskata-granica/

The post Уапсениот началник за Заев велеше дека е негова икона appeared first on Република.

]]>
Уапсен е начаникот кој барал мито од превозниците на македонско-косовската граница https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsen-e-nachanikot-koj-baral-mito-od-prevoznicite-na-makedonsko-kosovskata-granica/ Wed, 13 Apr 2022 07:56:04 +0000 https://republika.mk/?p=487670

Заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши, за ТВ21 потврдува дека е уапсен началникот на смената на граничниот премин Блаце, кој со скриена камера е фатен како бара 20 евра за патниците кои влегуваат во Македонија.

Внатрешната контрола веднаш по добивањето на веста го уапсила - вели заменик министерот.

Според информациите, првопријавениот е Е.Ш од Скопје, началник на смена на преминот меѓу Макеоднија и Косово, додека другиот полицаец кој се појавува на видеото е со иницијали З.Р.

https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonski-granichar-za-120-evra-mito-propushta-shest-albanski-drzavjani-go-snimija-kamerite-na-albanska-televizija/

Скандалот беше откриен откако бизнисмен, кој се занимава со превоз на патници, во емисијата „Стоп“ на ТВ Клан, реагираше за притисокот на граница што му се врши со барање мито за услуга која треба да биде бесплатна и која му следува.

The post Уапсен е начаникот кој барал мито од превозниците на македонско-косовската граница appeared first on Република.

]]>

Заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши, за ТВ21 потврдува дека е уапсен началникот на смената на граничниот премин Блаце, кој со скриена камера е фатен како бара 20 евра за патниците кои влегуваат во Македонија.
Внатрешната контрола веднаш по добивањето на веста го уапсила - вели заменик министерот.
Според информациите, првопријавениот е Е.Ш од Скопје, началник на смена на преминот меѓу Макеоднија и Косово, додека другиот полицаец кој се појавува на видеото е со иницијали З.Р. https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonski-granichar-za-120-evra-mito-propushta-shest-albanski-drzavjani-go-snimija-kamerite-na-albanska-televizija/ Скандалот беше откриен откако бизнисмен, кој се занимава со превоз на патници, во емисијата „Стоп“ на ТВ Клан, реагираше за притисокот на граница што му се врши со барање мито за услуга која треба да биде бесплатна и која му следува.

The post Уапсен е начаникот кој барал мито од превозниците на македонско-косовската граница appeared first on Република.

]]>
Македонски граничар за 120 евра мито пропушта шест албански државјани – го снимија камерите на албанска телевизија https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonski-granichar-za-120-evra-mito-propushta-shest-albanski-drzavjani-go-snimija-kamerite-na-albanska-televizija/ Tue, 12 Apr 2022 23:01:15 +0000 https://republika.mk/?p=487573

Скандал го тресе македонскиот државен апарат откако албанската телевизија Клан со своите камери успеа да улови како македонски цариници земаат мито од телевизиската екипа. Екипата на клан плати 120 евра за цариникот да пропушти шест албански државјани без никакви проверки на граничниот премин.

Бизнисмен, кој се занимава со превоз на патници се обратил до телевизија Клан потончно шоуто „Стоп“ со информации дека му бара поткуп за услуга што треба да биде бесплатна од страна на граничарите. Тој трпел огромен притисок од македонските цариници.

-„Јас сум албански бизнисмен кој превезува автомобили и луѓе внатре и надвор од државата. Многу проблеми имаме со македонската царинска полиција. Не мито, туку им даваме плати секој ден, од 500 евра, 700 евра по автомобил. За секој патник тарифата беше 50 евра, но сега падна на 20 евра. Мито! За секој човек. Носам 20-30 патници. За секој патник мора да се дадат 20 евра, открива бизнисменот за Клан.

Екипата на „Стоп“ потоа замина на граничниот премин Блаце за да ја открие тамошна корупција, а од новинарската екипа беше побаран поткуп од 20 евра по човек.

Неофицијално се работи за Е.Ш. полициски службеник на полицискиот премин Блаце, кој во 2019 година го нарече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, икона.

Делот со митото започнува на 13 минута, на истиот претходи сведочењето на бизнисменот кој бил секојдневна жртва на граничарите.

https://www.youtube.com/watch?v=8EuHPsDFxig

The post Македонски граничар за 120 евра мито пропушта шест албански државјани – го снимија камерите на албанска телевизија appeared first on Република.

]]>

Скандал го тресе македонскиот државен апарат откако албанската телевизија Клан со своите камери успеа да улови како македонски цариници земаат мито од телевизиската екипа. Екипата на клан плати 120 евра за цариникот да пропушти шест албански државјани без никакви проверки на граничниот премин. Бизнисмен, кој се занимава со превоз на патници се обратил до телевизија Клан потончно шоуто „Стоп“ со информации дека му бара поткуп за услуга што треба да биде бесплатна од страна на граничарите. Тој трпел огромен притисок од македонските цариници.
-„Јас сум албански бизнисмен кој превезува автомобили и луѓе внатре и надвор од државата. Многу проблеми имаме со македонската царинска полиција. Не мито, туку им даваме плати секој ден, од 500 евра, 700 евра по автомобил. За секој патник тарифата беше 50 евра, но сега падна на 20 евра. Мито! За секој човек. Носам 20-30 патници. За секој патник мора да се дадат 20 евра, открива бизнисменот за Клан.
Екипата на „Стоп“ потоа замина на граничниот премин Блаце за да ја открие тамошна корупција, а од новинарската екипа беше побаран поткуп од 20 евра по човек. Неофицијално се работи за Е.Ш. полициски службеник на полицискиот премин Блаце, кој во 2019 година го нарече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, икона. Делот со митото започнува на 13 минута, на истиот претходи сведочењето на бизнисменот кој бил секојдневна жртва на граничарите. https://www.youtube.com/watch?v=8EuHPsDFxig

The post Македонски граничар за 120 евра мито пропушта шест албански државјани – го снимија камерите на албанска телевизија appeared first on Република.

]]>
Бугарски полицаец му удри шлаканица на турски камионџија бидејќи не му дал десет евра мито за кафе и супа https://republika.mk/vesti/balkan/bugarski-policaec-mu-udri-shlakanica-na-turski-kamiondzija-bidejkji-ne-mu-dal-deset-evra-mito-za-kafe-i-supa/ Fri, 08 Apr 2022 06:40:47 +0000 https://republika.mk/?p=485085

Турски камионџија тврди дека бугарски полицаец му удрил шлаканица, зашто не сакал да му даде рушвет од 10 евра, „колку за супа и кафе“! Веста доаѓа од туртски медиуми, а е потврдена од видео снимено од камера во камионот.

Според 52-годишниот Мусхит Казан, инцидентот се случил во реонот на Ихтиман. Тој патувал кон Турција кога бил запрен за проверка. Полицајците му рекле дека претекнувал неправилно. Казан, пак, тврдел дека и други возачи правеле прекршок, но нив не ги запирале.

Според неговите зборови, по ова започнала караница, зашто на полицајците им рекол дека во камионот има камера, што ги снимила прекршоците. На видеото се гледа како Казан разговара со полицаецот до десната врата на полициското возило. Камионџијата мавта со рацете сакајќи да објасни нешто. Во еден момент полицаецот излегува од возилото и му удира шлаканица.

Казан вели дека тоа се случило, откако полицаецот му побарал потпкуп од 10 евра „колку за супа и кафе“. Тој одбил да даде пари.

За настанот Казан ја информирал турската амбасада во Софија, како и турското Министерство за надворешни работи во Анкара.

Од бугарското МВР изјавиле дека за случајот е започната проверка.Полицајците од видеото биле пронајдени и со нив се извршени разговори.

The post Бугарски полицаец му удри шлаканица на турски камионџија бидејќи не му дал десет евра мито за кафе и супа appeared first on Република.

]]>

Турски камионџија тврди дека бугарски полицаец му удрил шлаканица, зашто не сакал да му даде рушвет од 10 евра, „колку за супа и кафе“! Веста доаѓа од туртски медиуми, а е потврдена од видео снимено од камера во камионот. Според 52-годишниот Мусхит Казан, инцидентот се случил во реонот на Ихтиман. Тој патувал кон Турција кога бил запрен за проверка. Полицајците му рекле дека претекнувал неправилно. Казан, пак, тврдел дека и други возачи правеле прекршок, но нив не ги запирале. Според неговите зборови, по ова започнала караница, зашто на полицајците им рекол дека во камионот има камера, што ги снимила прекршоците. На видеото се гледа како Казан разговара со полицаецот до десната врата на полициското возило. Камионџијата мавта со рацете сакајќи да објасни нешто. Во еден момент полицаецот излегува од возилото и му удира шлаканица. Казан вели дека тоа се случило, откако полицаецот му побарал потпкуп од 10 евра „колку за супа и кафе“. Тој одбил да даде пари.
За настанот Казан ја информирал турската амбасада во Софија, како и турското Министерство за надворешни работи во Анкара. Од бугарското МВР изјавиле дека за случајот е започната проверка.Полицајците од видеото биле пронајдени и со нив се извршени разговори.

The post Бугарски полицаец му удри шлаканица на турски камионџија бидејќи не му дал десет евра мито за кафе и супа appeared first on Република.

]]>