Мисијата на ОБСЕ Archives - Република https://republika.mk/tema/misijata-na-obse/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Nov 2024 19:49:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мисијата на ОБСЕ Archives - Република https://republika.mk/tema/misijata-na-obse/ 32 32 Средба Гаши-Борг: Мисијата на ОБСЕ одигра значајна улога во спроведувањето на реформските процеси https://republika.mk/vesti/makedonija/sredba-gashi-borg-misijata-na-obse-odigra-znachajna-uloga-vo-sproveduvaneto-na-reformskite-protsesi/ Tue, 12 Nov 2024 19:49:20 +0000 https://republika.mk/?p=836944

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со Јан Борг, претседавач на ОБСЕ, заменик-претседател на Владата и министер за надворешни и европски работи и трговија на Малта, во рамките на неговата работна посета на земјава. На средбата присуствуваа пратениците: Моника Зајкова, шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ; Никола Мицевски и Халил Снопче, членови на Делегагацијата, како и Марина Димовска, генерална секретарка на Собранието.

Претседателот Гаши оцени дека средбата претставува уште една потврда на значењето што Малтешкото претседавање со ОБСЕ го придава на парламентите и парламентарната дипломатија. Тој нагласи дека Собранието на Република Македонија активно учествува во работата на Парламентарното собрание на ОБСЕ, кое врши улога на витална врска меѓу владиниот дел на ОБСЕ и пратениците кои се директно избрани од граѓаните. Истовремено, тој информираше дека членовите на Делегацијата во ПС на ОБСЕ ги набљудуваа изборите во САД, кои се одржаа на 5 ноември годинава.

Претседателот на Собранието истакна дека како земја домаќин на првата теренска мисија на ОБСЕ, која сè уште е активна, Република Македонија може од прва рака да посведочи за придобивките од теренското присуство на ОБСЕ. Во изминатите години, Мисијата на ОБСЕ во Скопје одигра значајна улога во спроведувањето на реформските процеси во земјава во бројни области. Претседателот Африм Гаши се осврна и на претседавањето на Република Македонија со ОБСЕ во 2023 година, кое го оцени како круна на нашата соработка со Организацијата.

Претседавачот со ОБСЕ, Јан Борг, информираше за активностите на Малтешкото претседателство со Организација, при што се осврна на напорите за постигнување консензус за буџетот и за избор на генерален секретар, претставник за слобода на медиумите, висок комесар за национални малцинства и директор на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОБСЕ/ОДИХР). Тој оцени дека Парламентарното собрание на ОБСЕ е една од најзначајните институции на Организацијата, а пратениците, со своето влијание врз претставниците на владите, можат да придонесат за разрешување на предизвиците со кои се соочува ОБСЕ.

Министерот Борг, исто така, се осврна на европската интеграција на Република Македонија и нагласи дека Малта отсекогаш ја поддржува политиката на проширување на ЕУ.

Шефот на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ, Моника Зајкова, нагласи дека претседавањето со најголемата регионална организација за безбедност и соработка во турбулентни времиња претставува чест и предизвик и му посака на министерот Борг успешно завршување на Малтешкото претседателство со ОБСЕ. Таа оцени дека пратениците можат да одиграат значајна улога во генерирањето политичка доверба и промовирањето на улогата на ОБСЕ.

Пратеникот Халил Снопче се задржа на позитивната улога на ОБСЕ во регионов и на значењето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, кое редовно дискутира на важни теми за подобрување на животот на луѓето, кои се крајни корисници на услугите на ОБСЕ.

Соговорниците изразија уверување дека и во иднина ќе продолжи отворениот дијалог и плодната соработка на Собранието на Република Македонија со ОБСЕ и со сите нејзини институции и структури.

The post Средба Гаши-Борг: Мисијата на ОБСЕ одигра значајна улога во спроведувањето на реформските процеси appeared first on Република.

]]>