ЛГТБ Archives - Република https://republika.mk/tema/lgtb/ За подобро да се разбереме Tue, 20 Aug 2024 09:13:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЛГТБ Archives - Република https://republika.mk/tema/lgtb/ 32 32 Бугарскиот претседател го прифати новиот закон за ЛГБТ пропаганда и покрај противењето на Советот на Европа https://republika.mk/vesti/balkan/bugarskiot-pretsedatel-go-prifati-noviot-zakon-za-lgbt-propaganda-i-pokraj-protiveneto-na-sovetot-na-evropa/ Tue, 20 Aug 2024 09:13:09 +0000 https://republika.mk/?p=808222

Бугарскиот претседател Румен Радев ги потпиша измените и дополнувањата на законот за ЛГБТ пропаганда со кој во бугарските училишта се забранува каква било образовна програма за „нетрадиционална сексуална ориентација“, и покрај повиците од Советот на Европа да стави вето на амандманите.

Амандманите ги иницираше проруската партија Препород, а усвоени се со помош на ГЕРБ и проруската БСП. Амандманите беа усвоени минатата недела, по само две читања, а во „Државниот гласник“ беа објавени во петокот.

Според измените на законот, секоја образовна програма во училиштата која се однесува на „нетрадиционална сексуална ориентација“ ќе биде означена како ЛГБТ пропаганда.

Според законот, „нетрадиционалната сексуална ориентација“ е дефинирана како „различна од општоприфатените норми, содржани во бугарската правна традиција“, кои се однесуваат на емоционална, романтична, сексуална или сензуална привлечност меѓу лица од спротивниот пол, пренесува Еуроактив.

Донесувањето на измените на законот ги отфрли претходниот парламент на Гугарија, но ги усвои актуелниот.

По потпишувањето на законот, кабинетот на Радев соопшти дека „шефот на државата изрази став за измените и дополнувањата на Законот за претшколско и школско образование со потпишување на указот за негово прогласување“.

The post Бугарскиот претседател го прифати новиот закон за ЛГБТ пропаганда и покрај противењето на Советот на Европа appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот претседател Румен Радев ги потпиша измените и дополнувањата на законот за ЛГБТ пропаганда со кој во бугарските училишта се забранува каква било образовна програма за „нетрадиционална сексуална ориентација“, и покрај повиците од Советот на Европа да стави вето на амандманите. Амандманите ги иницираше проруската партија Препород, а усвоени се со помош на ГЕРБ и проруската БСП. Амандманите беа усвоени минатата недела, по само две читања, а во „Државниот гласник“ беа објавени во петокот. Според измените на законот, секоја образовна програма во училиштата која се однесува на „нетрадиционална сексуална ориентација“ ќе биде означена како ЛГБТ пропаганда. Според законот, „нетрадиционалната сексуална ориентација“ е дефинирана како „различна од општоприфатените норми, содржани во бугарската правна традиција“, кои се однесуваат на емоционална, романтична, сексуална или сензуална привлечност меѓу лица од спротивниот пол, пренесува Еуроактив. Донесувањето на измените на законот ги отфрли претходниот парламент на Гугарија, но ги усвои актуелниот. По потпишувањето на законот, кабинетот на Радев соопшти дека „шефот на државата изрази став за измените и дополнувањата на Законот за претшколско и школско образование со потпишување на указот за негово прогласување“.

The post Бугарскиот претседател го прифати новиот закон за ЛГБТ пропаганда и покрај противењето на Советот на Европа appeared first on Република.

]]>