куќа на цвеќе Archives - Република https://republika.mk/tema/kuka-na-tsveke/ За подобро да се разбереме Sun, 10 Sep 2023 13:11:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png куќа на цвеќе Archives - Република https://republika.mk/tema/kuka-na-tsveke/ 32 32 „Куќата на цвеќето“ во Отешево: Бајковито, магично, волшебно доживување https://republika.mk/zivot/patuvanja/kukata-na-tsveketo-vo-oteshevo-bajkovito-magichno-volshebno-dozhivuvane/ Sun, 10 Sep 2023 13:11:38 +0000 https://republika.mk/?p=680599

Ако барате „рај на земјата“, тогаш треба само да го посетите преспанското село Волкодери. А таму, на самиот влез во селото првата куќа покриена со шаренило од бои е вистински цветен рај. Нема некој што поминал по патот за Отешево, а да не ја забележи „Куќата на цвеќето“. Плени со својата убавина, со стил подредени цвеќиња и разни украси, преовладуваат сурфиниите и петуниите, но не изостануваат ниту другите летни цвеќиња, бегонии, сардели, илјада и еден цвет....

И не само во лето, секое годишно време куќата плени со својата убавина. Како што одминува летото. Ова е магија, не го може секој. Цвеќето бара многу љубов и внимание, но тука владее магија. Се е позитивна енергија, а мене душата ми е исполнета, вели сопственичката Марина Дочоска, која веќе ја планира есенската декорација со хризантемите, а потоа доаѓа и зимското цвеќе.

Магија од цвеќе испреплетена во бајка

Секој дел од дворот си има своја бајковита приказна. Балконите со надвиснати бели сурфинии, дворот со зелена трева, покриена со разновидни украси, а на нив со стил наредени цвеќиња во разни бои. Малку понапред, на прва линија до главниот пат ќе ве пречека бајката со Снежана и седумте џуџиња, како гордо ѕиркаат меѓу цветните грмушки. Дел од приказната е и принцезата на бел велосипед, покриен со циклама петунии, а цветното царство е зачинето со уште многу додатоци и зеленило.

Во дворот ќе ве пречекаат гордите домаќини, чија инспирација за оваа бајковита приказна се позитивните воздишки на сите добронамерници, кои застануваат тука да подишат од воздухот исполнет со цветни ноти и да се фотографираат.

Љубов за цвеќето сум имала од секогаш. Оваа куќа секогаш беше цветна, но сега е се пошарена и поукрасена. Инспирација за создавање на оваа бајка се сите добронамерници што ќе поминат тука, ќе застанат ќе се фотографираат, вели Марина.

За неа не е тешко да го уреди ова мало царство. Цвеќето ја исполнува и секој слободен миг го користи во дворчето околу нивна организација, аранжирање. Секој ден ги полева со вода, секој трет ден ги прихранува, а на 25 до 30 дена ги третира против инсекти. Внимателно е вклопен и секој украс.

Не ми е тешко да ги одгледувам цвеќињата, треба само да им го фатиш редот. Цвеќето ме вика. Цвеќето е како детето, мора да се среди сега и веднаш. Се друго може да се остави за утре, но цвеќето не, нагласува Дочоска.

Уметност изразена преку цвеќе на најфотографираната куќа

Секој добронамерник кој поминува на патот, кој води до Отешево, застанува барем за миг да подиши од миризливите ноти на цвеќињата и да се восхитува на погледот приреден од златните раце на Марина. Неизоставен дел е фотографирањето на куќата, со цвеќињата и прекрасните аранжмани.

Покрај случајните минувачи, тука, како што раскажува Дочоска, се правеле свадбени фотосесии, а се снимале и музички спотови.

Оваа куќа е еден од промоторите на Преспа. Кога би имало некое броило да се знае колку посетители сме имале. Колку многу е фотографирана, ни самата незнам. Секој што поминува ќе застане ќе се фотографира, а доаѓаат и да купат цвеќе за спомен од „Куќата на цвеќето“, со возбуда раскажува Марина.

Љубовта кон цвеќето на оваа позитивна и вредна жена ја инспирирало да отпочне и сопствен бизнис со одгледување и продажба на цвеќиња, од каде се украсени балконите и дворовите во цела Преспа, а главен снабдувач била и на поголем дел од хотелите во охридско-струшкиот регион.

Оние што ќе купат цвеќе од „Куќата на цвеќето“, добиваат и совети како да го одгледуваат, но и бесплатна заштита во текот на целата сезона.

Јас толку многу работам може нема ни да излезам да погледнам, но кога ќе ги товарам колите со цвеќе од другата страна на улицата и кога ќе се свртам накај куќата ќе си речам, па како да не застанат, па ова вистина е бајка, вели Дочоска.

The post „Куќата на цвеќето“ во Отешево: Бајковито, магично, волшебно доживување appeared first on Република.

]]>

Ако барате „рај на земјата“, тогаш треба само да го посетите преспанското село Волкодери. А таму, на самиот влез во селото првата куќа покриена со шаренило од бои е вистински цветен рај. Нема некој што поминал по патот за Отешево, а да не ја забележи „Куќата на цвеќето“. Плени со својата убавина, со стил подредени цвеќиња и разни украси, преовладуваат сурфиниите и петуниите, но не изостануваат ниту другите летни цвеќиња, бегонии, сардели, илјада и еден цвет....
И не само во лето, секое годишно време куќата плени со својата убавина. Како што одминува летото. Ова е магија, не го може секој. Цвеќето бара многу љубов и внимание, но тука владее магија. Се е позитивна енергија, а мене душата ми е исполнета, вели сопственичката Марина Дочоска, која веќе ја планира есенската декорација со хризантемите, а потоа доаѓа и зимското цвеќе.

Магија од цвеќе испреплетена во бајка

Секој дел од дворот си има своја бајковита приказна. Балконите со надвиснати бели сурфинии, дворот со зелена трева, покриена со разновидни украси, а на нив со стил наредени цвеќиња во разни бои. Малку понапред, на прва линија до главниот пат ќе ве пречека бајката со Снежана и седумте џуџиња, како гордо ѕиркаат меѓу цветните грмушки. Дел од приказната е и принцезата на бел велосипед, покриен со циклама петунии, а цветното царство е зачинето со уште многу додатоци и зеленило. Во дворот ќе ве пречекаат гордите домаќини, чија инспирација за оваа бајковита приказна се позитивните воздишки на сите добронамерници, кои застануваат тука да подишат од воздухот исполнет со цветни ноти и да се фотографираат.
Љубов за цвеќето сум имала од секогаш. Оваа куќа секогаш беше цветна, но сега е се пошарена и поукрасена. Инспирација за создавање на оваа бајка се сите добронамерници што ќе поминат тука, ќе застанат ќе се фотографираат, вели Марина.
За неа не е тешко да го уреди ова мало царство. Цвеќето ја исполнува и секој слободен миг го користи во дворчето околу нивна организација, аранжирање. Секој ден ги полева со вода, секој трет ден ги прихранува, а на 25 до 30 дена ги третира против инсекти. Внимателно е вклопен и секој украс.
Не ми е тешко да ги одгледувам цвеќињата, треба само да им го фатиш редот. Цвеќето ме вика. Цвеќето е како детето, мора да се среди сега и веднаш. Се друго може да се остави за утре, но цвеќето не, нагласува Дочоска.

Уметност изразена преку цвеќе на најфотографираната куќа

Секој добронамерник кој поминува на патот, кој води до Отешево, застанува барем за миг да подиши од миризливите ноти на цвеќињата и да се восхитува на погледот приреден од златните раце на Марина. Неизоставен дел е фотографирањето на куќата, со цвеќињата и прекрасните аранжмани. Покрај случајните минувачи, тука, како што раскажува Дочоска, се правеле свадбени фотосесии, а се снимале и музички спотови.
Оваа куќа е еден од промоторите на Преспа. Кога би имало некое броило да се знае колку посетители сме имале. Колку многу е фотографирана, ни самата незнам. Секој што поминува ќе застане ќе се фотографира, а доаѓаат и да купат цвеќе за спомен од „Куќата на цвеќето“, со возбуда раскажува Марина.
Љубовта кон цвеќето на оваа позитивна и вредна жена ја инспирирало да отпочне и сопствен бизнис со одгледување и продажба на цвеќиња, од каде се украсени балконите и дворовите во цела Преспа, а главен снабдувач била и на поголем дел од хотелите во охридско-струшкиот регион. Оние што ќе купат цвеќе од „Куќата на цвеќето“, добиваат и совети како да го одгледуваат, но и бесплатна заштита во текот на целата сезона.