книга Archives - Република https://republika.mk/tema/kniga/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Nov 2024 09:21:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png книга Archives - Република https://republika.mk/tema/kniga/ 32 32 Долгогодишниот професионалец во ИТ индустријата Суад Сефери ја објави првата книга за вештачка интелигенција на Балканот „The AI Journey“ https://republika.mk/zivot/tehnologija/dolgogodishniot-profesionalets-vo-it-industrijata-suad-seferi-ja-objavi-prvata-kniga-za-veshtachka-inteligentsija-na-balkanot-the-ai-journey/ Wed, 20 Nov 2024 09:21:30 +0000 https://republika.mk/?p=839832

Долгогодишниот професионалец во ИТ индустријата, Суад Сефери, ја објавува првата книга за вештачка интелигенција на Балканот, „The AI Journey“, со цел да едуцира како луѓето ефикасно да ја користат вештачката интелигенција (ВИ). Во време на неверојатен технолошки напредок, ВИ брзо се наметнува како клучна алатка во различни области – од работните места до креативните индустрии.

Во мојата книга го истражувам односот помеѓу човечката креативност и капацитетите на ВИ. Поставувам прашања како: Дали интелигенцијата која сме ја создале може да нè замени како автори, мислители или уметници? И што значи тоа за иднината на човечката креативност?“, вели Сефери.

Како дел од промоцијата на книгата, Сефери најавува серија бесплатни работилници за употребата на вештачката интелигенција во различни професии. Работилниците ќе бидат профилирани за новинари, маркетери, професори и други професионалци. Учесниците ќе научат како да генерираат податоци за истражувачки стории, да создадат успешни кампањи и да развијат клучни слогани.

Целта на овие работилници е да им помогнеме на луѓето да се запознаат со практичните аспекти на ВИ и да ги подобрат своите перформанси во професионалниот живот. Време е да ја отвориме стручната фела во Македонија за она што е модерно и што би било од особено значење, додава Сефери.

Сите учесници се охрабруваат да донесат свои лаптопи за време на работилниците, бидејќи практичната работа ќе биде клучен дел од обуката. За деталите кога и каде ќе се одржуваат овие работилници, авторот ќе ја информира јавноста.

Без разлика дали сакаме или не, ВИ станува невидлив партнер во нашиот живот и професија. Време е подобро да се запознаеме со неа“, заклучува Сефери.

Книгата „The AI Journey“ може да се најде во сите поголеми книжарници низ градот или може да се нарача онлајн.

The post Долгогодишниот професионалец во ИТ индустријата Суад Сефери ја објави првата книга за вештачка интелигенција на Балканот „The AI Journey“ appeared first on Република.

]]>

Лепа Брена сака да биде снимен филм за нејзиниот живот: Избра која актерка да ја игра главната улога https://republika.mk/scena/estrada/lepa-brena-saka-da-bide-snimen-film-za-nejziniot-zhivot-izbra-koja-akterka-da-ja-igra-glavnata-uloga/ Sat, 16 Nov 2024 19:17:45 +0000 https://republika.mk/?p=838568

Балканската естрадна ѕвезда Лепа Брена, во разговор за хрватските медиуми, открива дека има желба да напише напише книга за себе која потоа би била инспирација за сценарио за филм за нејзиниот бурен живот.

Прво, би сакалa да напишам книга врз основа на која би се снимал филм, бидејќи сценаристот би морал да знае толку многу детали од моето детство кои биле вака или онака. Би знаелa како да го претворам во хумор и да ги претставам подемите и падовите како составен дел од животното патување и растењето. Второ, би можелa да ја опишам сета ментална болка што ја доживеав во текот на мојот живот и да споделам фантастични моменти со луѓето, бидејќи има многу работи што ги немам кажано. Тоа може да биде добра приказна“, вели Брена.

Таа додава дека веќе има замисла како би требало да изгледа филмот.

Треба да има три генерации… Една што е премлада и исплашена. Друга во средна возраст и последната која е постара и позрела и навикната на подеми и падови“, објаснува Брена.

Таа открива дека моментално не знае кои актерки би ја глумеле, но дека особено ја воодушевила енергијата на наградуваната Јасна Ѓуричиќ, а која ја гледала во претставата „Проект Лепа Брена“.

Досега имаме четири жени во претставата „Проект Лепа Брена“, меѓу нив и Јасна Ѓуричиќ. Таа едноставно е предводник на мојата моментална енергија. Јасна има актерско искуство… Во 2021 ја доби наградата за најдобра актерка во Берлин за „Quo vadis, Аида?“. Едноставно, потребни се повеќе актери за да се оствари тоа“, заклучува Брена.

The post Лепа Брена сака да биде снимен филм за нејзиниот живот: Избра која актерка да ја игра главната улога appeared first on Република.

Спортскиот новинар Зоран Михајлов напиша книга за легендарниот Дарко Панчев https://republika.mk/vesti/kultura/sportskiot-novinar-zoran-mihajlov-napisha-kniga-za-legendarniot-darko-panchev/ Mon, 23 Sep 2024 10:57:59 +0000 https://republika.mk/?p=818976

Првата авторизирана биографија на легендарниот фудбалер Дарко Панчев излезе од печат во идание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгата, чиј автор е доајенот на спортското новинарство Зоран Михајлов, ќе биде промовирана на 25 септември (среда), во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“.

Промотори на книгата ќе бидат проф. д-р Љубомир Кекеновски и поранешниот фудбалер и соиграч на Панчев, Васил Рингов, а модератор ќе биде уредничката Бисера Бендевска.

Во долгоочекуваната книга, Михајлов открива познати и помалку познати случувања, факти и анегдоти за Панчев, за неговиот подем, за постигнувањата и за неговата личност, почнувајќи од неговото детство, преку ангажманите во ФК Вардар и ФК Црвена звезда, па сѐ до европската фудбалска авантура. Во книгата се зборува и за животот на Панчев и надвор од зелениот терен...

Македонската Кобра, како што го знаат нашиот Дарко Панчев лаиците и оние поупатените, го разбранува фудбалскиот свет во своето време и на величествен начин – од Вардар преку Црвена звезда – во 1991 година стигна до титулата прв стрелец на Европа, освојувајќи ја „Златната копачка“ на популарниот „Екип“ и на брендот за спортска опрема „Адидас“. Со 34 постигнати гола и со освоените титули со Звезда – европски и светски клупски првак, и „Сребрена топка“ во изборот на реномираниот француски спортски весник „Франс фудбал“ за втор најдобар играч во Европа, иако според мнозинството од фудбалскиот свет ја заслужил „Златната топка“ – Панчев стана една од најинтересните фудбалски појави, не само на Стариот Континент, туку и во светот“, вели Михајлов во книгата.

Во книгата е поместен избор од 40 фотографии од приватната архива на Панчев, кои прикажуваат важни моменти од неговата кариера и од неговиот живот. Публикацијата е збогатена и со искази за Панчев од челниците и легендите на Звезда, од неговите соиграчи, современици, претставници од спортската и од научната фела.

Најславниот и најуспешниот фудбалер на Македонија, Дарко Панчев, е роден на 7 септември во 1965 година, во Скопје. Благодарејќи на неговите голгетерски способности и вродениот рефлекс за скротување на топката во шеснаесетникот, тој се здобива со прекарот Кобра, како што е познат и до денес во фудбалскиот свет. Решетејќи ги мрежите на звучните клубови во Првата југословенска лига како играч на Вардар, успева да стигне до врвот на лигата во сезоната 1986/87 година, по што станува привлечен за клубовите од т.н. „Голема четворка“: српските Црвена звезда и Партизан, и хрватските Динамо Загреб и Хајдук. Но, најбрза во трката за неговиот потпис е белградска Звезда, каде што ќе го достигне зенитот во својата кариера – освојување на тронот на клупска Европа и тоа токму со неговиот победнички погодок во пенал-рулетот против Олимпик Марсеј, и добивањето на „Златната копачка“ и на „Сребрената топка“. Потоа настапува и за гигантот Интер од Милано, за Лајпциг, Фортуна Диселдорф и за Сион, каде што ја завршува својата кариера. Бележити се и неговите настапи за југословенската репрезентација и за репрезентацијата на Македонија по осамостојувањето, станувајќи нејзин прв капитен. Тој е прогласен за Фудбалер на векот во Македонија.

Ова е трета книга на неуморниот спортски новинар и коментатор Зоран Михајлов (р. 1945 година) по „Спортски стории: записи, настани и сеќавања“ (издание на „Арс Либрис“) и монографијата за борачот Шабан Сејдиу (коавтор). Во својата 60-годишна кариера присуствувал на најголемите спортски случувања , меѓу кои и на рекордни 15 олимпијади и притоа ги афирмира настапите на македонските спортисти и ја информира македонската јавност за тамошните случувања.

„Оваа биографија што ја подготвував со задоволство, буквално ќе ја долови кариерата на нашиот најдобар фудбалер. Колку тој беше ценет и почитуван од своите колеги, а и од легендите во другите спортови, ќе имате можност да прочитате низ овие редови, што ќе останат како документ за една знаменита македонска личност. Тој беше вистински афирматор на својата земја, затоа што преку него и неговите постигнувања многу луѓе во светот дознаа за Македонија. И до денес, Панчев е единствениот Македонец кој успеал да освои две високи индивидуални признанија во својот спорт, „Златната копачка“ и „Сребрената топка“ – во изборот за најдобар фудбалер на Европа. Затоа, името Дарко Панчев е врежано со златни букви во нашата фудбалска и национална историја“.

The post Спортскиот новинар Зоран Михајлов напиша книга за легендарниот Дарко Панчев appeared first on Република.

]]>

Првата авторизирана биографија на легендарниот фудбалер Дарко Панчев излезе од печат во идание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгата, чиј автор е доајенот на спортското новинарство Зоран Михајлов, ќе биде промовирана на 25 септември (среда), во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Промотори на книгата ќе бидат проф. д-р Љубомир Кекеновски и поранешниот фудбалер и соиграч на Панчев, Васил Рингов, а модератор ќе биде уредничката Бисера Бендевска. Во долгоочекуваната книга, Михајлов открива познати и помалку познати случувања, факти и анегдоти за Панчев, за неговиот подем, за постигнувањата и за неговата личност, почнувајќи од неговото детство, преку ангажманите во ФК Вардар и ФК Црвена звезда, па сѐ до европската фудбалска авантура. Во книгата се зборува и за животот на Панчев и надвор од зелениот терен...
Македонската Кобра, како што го знаат нашиот Дарко Панчев лаиците и оние поупатените, го разбранува фудбалскиот свет во своето време и на величествен начин – од Вардар преку Црвена звезда – во 1991 година стигна до титулата прв стрелец на Европа, освојувајќи ја „Златната копачка“ на популарниот „Екип“ и на брендот за спортска опрема „Адидас“. Со 34 постигнати гола и со освоените титули со Звезда – европски и светски клупски првак, и „Сребрена топка“ во изборот на реномираниот француски спортски весник „Франс фудбал“ за втор најдобар играч во Европа, иако според мнозинството од фудбалскиот свет ја заслужил „Златната топка“ – Панчев стана една од најинтересните фудбалски појави, не само на Стариот Континент, туку и во светот“, вели Михајлов во книгата.
Во книгата е поместен избор од 40 фотографии од приватната архива на Панчев, кои прикажуваат важни моменти од неговата кариера и од неговиот живот. Публикацијата е збогатена и со искази за Панчев од челниците и легендите на Звезда, од неговите соиграчи, современици, претставници од спортската и од научната фела. Најславниот и најуспешниот фудбалер на Македонија, Дарко Панчев, е роден на 7 септември во 1965 година, во Скопје. Благодарејќи на неговите голгетерски способности и вродениот рефлекс за скротување на топката во шеснаесетникот, тој се здобива со прекарот Кобра, како што е познат и до денес во фудбалскиот свет. Решетејќи ги мрежите на звучните клубови во Првата југословенска лига како играч на Вардар, успева да стигне до врвот на лигата во сезоната 1986/87 година, по што станува привлечен за клубовите од т.н. „Голема четворка“: српските Црвена звезда и Партизан, и хрватските Динамо Загреб и Хајдук. Но, најбрза во трката за неговиот потпис е белградска Звезда, каде што ќе го достигне зенитот во својата кариера – освојување на тронот на клупска Европа и тоа токму со неговиот победнички погодок во пенал-рулетот против Олимпик Марсеј, и добивањето на „Златната копачка“ и на „Сребрената топка“. Потоа настапува и за гигантот Интер од Милано, за Лајпциг, Фортуна Диселдорф и за Сион, каде што ја завршува својата кариера. Бележити се и неговите настапи за југословенската репрезентација и за репрезентацијата на Македонија по осамостојувањето, станувајќи нејзин прв капитен. Тој е прогласен за Фудбалер на векот во Македонија. Ова е трета книга на неуморниот спортски новинар и коментатор Зоран Михајлов (р. 1945 година) по „Спортски стории: записи, настани и сеќавања“ (издание на „Арс Либрис“) и монографијата за борачот Шабан Сејдиу (коавтор). Во својата 60-годишна кариера присуствувал на најголемите спортски случувања , меѓу кои и на рекордни 15 олимпијади и притоа ги афирмира настапите на македонските спортисти и ја информира македонската јавност за тамошните случувања. „Оваа биографија што ја подготвував со задоволство, буквално ќе ја долови кариерата на нашиот најдобар фудбалер. Колку тој беше ценет и почитуван од своите колеги, а и од легендите во другите спортови, ќе имате можност да прочитате низ овие редови, што ќе останат како документ за една знаменита македонска личност. Тој беше вистински афирматор на својата земја, затоа што преку него и неговите постигнувања многу луѓе во светот дознаа за Македонија. И до денес, Панчев е единствениот Македонец кој успеал да освои две високи индивидуални признанија во својот спорт, „Златната копачка“ и „Сребрената топка“ – во изборот за најдобар фудбалер на Европа. Затоа, името Дарко Панчев е врежано со златни букви во нашата фудбалска и национална историја“.

The post Спортскиот новинар Зоран Михајлов напиша книга за легендарниот Дарко Панчев appeared first on Република.

]]>
Чувството за песната, јазикот, припадноста и идентитетот никогаш не ги напуштиле Македонците: Објавена книга за македонското традиционално пеење во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора од Андријана Јаневска https://republika.mk/vesti/kultura/chuvstvoto-za-pesnata-jazikot-pripadnosta-i-identitetot-nikogash-ne-gi-napushtile-makedontsite-objavena-kniga-za-makedonskoto-traditsionalno-peene-vo-mala-prespa-golo-brdo-i-gora-od-andrijana-janevska/ Wed, 31 Jul 2024 08:22:45 +0000 https://republika.mk/?p=801907

Книгата "Македонското традиционално народно пеење во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора" од Андријана Јаневска, ја презентира моменталната состојба на традиционалното народно пеење, но истовремено се фрлa светлина врз минатото низ кое поминувало ова македонско народно музичко-фолклорн творештво во регионите наведени во самиот наслов.

Книгата опфаќа два дела. Во првиот дел се опишуваат географско-историските и демографско-социополитичките карактеристики на македонскиот ентитет во трите региони, а направен е и осврт врз досегашните проучувања на: етномузиколошките, етнолошките и фолклористичките истражувања. Во овој дел се претставени обредите и пејачките жанрови на Македонците од овие регоиони, како и народните музички инструменти кои најчесто се употребуваат. На крајот од овој дел се укажува на специфичноста на пејачката практика, а образложени се и метроритмичката и мелодиско-созвучната компонента на песните.

Во вториот дел од трудот се приложени: нотните и текстуалните примери, како и дијалектните текстови запишани за време на теренските истражувања во: Мала Преспа, Голо Брдо и Гора. На крајот од вториот дел се приложени: речникот на помалку познати зборови и дијалектизми, картите и фотогрфиите.

Истражувањата покажаа дека чувството за: песната, јазикот, припадноста и идентитетот никогаш не ги напуштиле Македонците од овие региони.

The post Чувството за песната, јазикот, припадноста и идентитетот никогаш не ги напуштиле Македонците: Објавена книга за македонското традиционално пеење во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора од Андријана Јаневска appeared first on Република.

]]>

Книгата "Македонското традиционално народно пеење во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора" од Андријана Јаневска, ја презентира моменталната состојба на традиционалното народно пеење, но истовремено се фрлa светлина врз минатото низ кое поминувало ова македонско народно музичко-фолклорн творештво во регионите наведени во самиот наслов. Книгата опфаќа два дела. Во првиот дел се опишуваат географско-историските и демографско-социополитичките карактеристики на македонскиот ентитет во трите региони, а направен е и осврт врз досегашните проучувања на: етномузиколошките, етнолошките и фолклористичките истражувања. Во овој дел се претставени обредите и пејачките жанрови на Македонците од овие регоиони, како и народните музички инструменти кои најчесто се употребуваат. На крајот од овој дел се укажува на специфичноста на пејачката практика, а образложени се и метроритмичката и мелодиско-созвучната компонента на песните. Во вториот дел од трудот се приложени: нотните и текстуалните примери, како и дијалектните текстови запишани за време на теренските истражувања во: Мала Преспа, Голо Брдо и Гора. На крајот од вториот дел се приложени: речникот на помалку познати зборови и дијалектизми, картите и фотогрфиите. Истражувањата покажаа дека чувството за: песната, јазикот, припадноста и идентитетот никогаш не ги напуштиле Македонците од овие региони.

The post Чувството за песната, јазикот, припадноста и идентитетот никогаш не ги напуштиле Македонците: Објавена книга за македонското традиционално пеење во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора од Андријана Јаневска appeared first on Република.

]]>
Тоциновски: Од секој ред на книгата „Балкански вознеси“ се чита пораката дека треба самите да се почитуваме, ако очекуваме дека некој друг тоа ќе го стори за нас, сме се излажале https://republika.mk/vesti/kultura/totsinovski-od-sekoj-red-na-knigata-balkanski-voznesi-se-chita-porakata-deka-treba-samite-da-se-pochituvame-ako-ochekuvame-deka-nekoj-drug-toa-ke-go-stori-za-nas-sme-se-izlazhale/ Fri, 19 Jul 2024 13:19:55 +0000 https://republika.mk/?p=798486

Книгата „Балкански вознеси“ ги подотвори вратите на некои процеси кои ни покажуваат дека сме биле, постоиме, дека ќе бидеме и дека имаме автори кои ја задолжиле трајно, вековито и лековито да ни биде она што е создадено во фондот на македонската литература и култура воопшто, посочи денеска авторот Васил Тоциновски за време на промоцијата на оваа негова книга, што се одржа во рамки на 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“.

Книгата содржи 20 текстови во кои низ архивски истражувања и нова документација се разгледуваат малку познати и се отвораат нови страници за одредени автори и дела, појави и пројави во македонската книжевност од еден подолг временски период, почнувајќи од втората половина на деветнаесеттиот век до денес.

Настрана од дипломатијата и историјата, авторот аргументирано открива нови и непознати страници од животот и делото на Андреја Д. Петкович и Кочо Рацин. Според Тоциновски, пишаниот збор и литературата се секогаш мост што ги обединува народите.

-Од последните истражува низ архивите од Русија, Србија и Америка добивме материјали кои некако компрехираа една поинаква балканска слика, слика во која имаме потреба, но и умееме да соработуваме, да се разбираме и почитуваме. Во „Балкански вознеси“ имаме две студии во кои Андреја Петкович како руски конзул го известува МНР на Русија за војната во БИХ. Имаме еден Македонец деклариран многу убаво, притоа потпишувајќи и именувајќи го точно местото од каде што доаѓа, од македонско тогашно велешкото Башино село. Неговото претставување како Македонец во кратката белешка кон песната тој ќе рече „македонскиот јазик е посебен јазик“. Еден Македонец пишува за еден друг народ, за Босанците кои по турското ропство доживуваат страшни непогоди, рече Тоциновски на денешната промоција на книгата.

Исто така, како што напомена авторот, во оваа книга посебни студии се посветени на Петар Поп Арсов, на Димитрија Чупоски и на Крсте Мисирков.

-Пораката која ќе ја споменам, пораката која се чита од секој ред на оваа книга, е дека треба да се почитуваме и сакаме самите себе. Ако го очекуваме дека некој друг тоа ќе го стори за нас, сме се излажале, додаде Тоциновски.

Промоторот на книгата, проф. д-р Васил Дрвошанов рече дека Тоциновски е несекојдневна појава во македонската книжевност. Тој е, како што рече, најпродуктивниот книжевен творец во Македонија, пројавувајќи се како писател, научник и публицист, кој продолжува да опстојува и да твори.

- Тоциновски е книжевна институција, со неговиот импозантен книжевен опус, 26 литературни дела, над 40 книги за македонската книжевна историја, енциклопедии, учебници, прирачници и творници, 338 книжевни студии, над 600 есеи, но и сценарија на документарни филмови и серии емитувани на програмите на поранешната Југословенска радио телевизија. Овие податоци го отсликуваат творечкиот кодекс на Васил Тоциновски, чии почетоци се од 1967 година, кои што непрестано траат речиси 60 години до ден денес, додаде Дрвошанов.

Во ова дело, потенцираше Дрвошанов, Васил Тоциновски носи нови сознанија во македонската книжевност. Врз основа на своите научни истражувања, но не игнорирајќи ги истражувањата на други научници од земјата и од странство, тој испишува нови страници, со нови сознанија во македонската книжевност за плејада на врвни македонски дејци.

-Со новите сознанија за книжевните творци, Тоциновски испишува нови страници, со кои се осветлуваат непознати, драгоцени факти, што сведочат за искрените патриотски чувства на македонски дејци кон својот македонски народ. Острото око на истражувачот Тоциновски го забележува и најситниот детаљ во животот и во творештвото на творците, и секоја новост како камче го вградува во нивниот животен и творечки мозаик, додаде Дрвошанов.

Книгата „Балкански вознеси“ е во издание на „Академска мисла“ Скопје.

The post Тоциновски: Од секој ред на книгата „Балкански вознеси“ се чита пораката дека треба самите да се почитуваме, ако очекуваме дека некој друг тоа ќе го стори за нас, сме се излажале appeared first on Република.

]]>

Книгата „Балкански вознеси“ ги подотвори вратите на некои процеси кои ни покажуваат дека сме биле, постоиме, дека ќе бидеме и дека имаме автори кои ја задолжиле трајно, вековито и лековито да ни биде она што е создадено во фондот на македонската литература и култура воопшто, посочи денеска авторот Васил Тоциновски за време на промоцијата на оваа негова книга, што се одржа во рамки на 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“. Книгата содржи 20 текстови во кои низ архивски истражувања и нова документација се разгледуваат малку познати и се отвораат нови страници за одредени автори и дела, појави и пројави во македонската книжевност од еден подолг временски период, почнувајќи од втората половина на деветнаесеттиот век до денес. Настрана од дипломатијата и историјата, авторот аргументирано открива нови и непознати страници од животот и делото на Андреја Д. Петкович и Кочо Рацин. Според Тоциновски, пишаниот збор и литературата се секогаш мост што ги обединува народите. -Од последните истражува низ архивите од Русија, Србија и Америка добивме материјали кои некако компрехираа една поинаква балканска слика, слика во која имаме потреба, но и умееме да соработуваме, да се разбираме и почитуваме. Во „Балкански вознеси“ имаме две студии во кои Андреја Петкович како руски конзул го известува МНР на Русија за војната во БИХ. Имаме еден Македонец деклариран многу убаво, притоа потпишувајќи и именувајќи го точно местото од каде што доаѓа, од македонско тогашно велешкото Башино село. Неговото претставување како Македонец во кратката белешка кон песната тој ќе рече „македонскиот јазик е посебен јазик“. Еден Македонец пишува за еден друг народ, за Босанците кои по турското ропство доживуваат страшни непогоди, рече Тоциновски на денешната промоција на книгата. Исто така, како што напомена авторот, во оваа книга посебни студии се посветени на Петар Поп Арсов, на Димитрија Чупоски и на Крсте Мисирков. -Пораката која ќе ја споменам, пораката која се чита од секој ред на оваа книга, е дека треба да се почитуваме и сакаме самите себе. Ако го очекуваме дека некој друг тоа ќе го стори за нас, сме се излажале, додаде Тоциновски. Промоторот на книгата, проф. д-р Васил Дрвошанов рече дека Тоциновски е несекојдневна појава во македонската книжевност. Тој е, како што рече, најпродуктивниот книжевен творец во Македонија, пројавувајќи се како писател, научник и публицист, кој продолжува да опстојува и да твори. - Тоциновски е книжевна институција, со неговиот импозантен книжевен опус, 26 литературни дела, над 40 книги за македонската книжевна историја, енциклопедии, учебници, прирачници и творници, 338 книжевни студии, над 600 есеи, но и сценарија на документарни филмови и серии емитувани на програмите на поранешната Југословенска радио телевизија. Овие податоци го отсликуваат творечкиот кодекс на Васил Тоциновски, чии почетоци се од 1967 година, кои што непрестано траат речиси 60 години до ден денес, додаде Дрвошанов. Во ова дело, потенцираше Дрвошанов, Васил Тоциновски носи нови сознанија во македонската книжевност. Врз основа на своите научни истражувања, но не игнорирајќи ги истражувањата на други научници од земјата и од странство, тој испишува нови страници, со нови сознанија во македонската книжевност за плејада на врвни македонски дејци. -Со новите сознанија за книжевните творци, Тоциновски испишува нови страници, со кои се осветлуваат непознати, драгоцени факти, што сведочат за искрените патриотски чувства на македонски дејци кон својот македонски народ. Острото око на истражувачот Тоциновски го забележува и најситниот детаљ во животот и во творештвото на творците, и секоја новост како камче го вградува во нивниот животен и творечки мозаик, додаде Дрвошанов. Книгата „Балкански вознеси“ е во издание на „Академска мисла“ Скопје.

The post Тоциновски: Од секој ред на книгата „Балкански вознеси“ се чита пораката дека треба самите да се почитуваме, ако очекуваме дека некој друг тоа ќе го стори за нас, сме се излажале appeared first on Република.

]]>
Промоција на книгата „(Пре)врски-препознавање на нарцисоидна злоупотреба“ од Слаѓана Васовиќ во Охрид https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-knigata-pre-vrski-prepoznavane-na-nartsisoidna-zloupotreba-od-slagana-vasovik-vo-ohrid/ Wed, 17 Jul 2024 19:07:20 +0000 https://republika.mk/?p=797787

В среда, во Охрид, во кафе-бар Шила (комплекс Летница) со почеток во 18:30 часот, ќе биде промовирана книгата „(Пре)врски-препознавање на нарцисоидна злоупотреба“ од Слаѓана Васовиќ.

Книга која јасно го дефинира емотивното насилствo

“Насилство во кое не се гледаат модринки и рани на телото, а душата крвави. Ова насилство низ годините се смета за начин на однесување и не е казниво со закон.
Книга за секоја жртва на нарцисоидна злоупотреба која е во потрага по дефинирање на својот проблем.
Најтешкиот чекор на секоја жртва на ова насилство е да го прифати и дефинира како насилство тоа кое ја повредува. Најчесто овие жртви имаат преголемо чувство на вина и сметаат дека тие се виновни за сè што им се случува.
Токму меѓу овие редови ќе успеат да препознаат свои однесувања, доживувања и размислувања. Тоа помага да се осознае дека жртвата не „измислува“, туку напротив, доживува реално насилство и не е сама во борбата против ова.
Преку лични и вистински примери доловена е манипулативната игра на нарцисот која дава поголема јаснотија на истата шема кај сите различни примери.
Јасно е посочена проблематика на влијанието на културата и општеството врз создавањето и поддржувањето ваков тип насилство.
Книга која ќе ви даде поддршка доколку постојано сте во позиција да се објаснувате, да докажувате низ што се поминувате, да излезете од тој круг и да не се чувствувате единствени во таа борба, пишува рецензентот на книгата, Проф.д-р Ана Чучкова, психолог.

Зошто треба да правиме разлика меѓу патолошкиот нарцизам и нарцизмот како појава во постмодерното општество кој им дава смисла на некои нови процеси, или накратко, како селфи цивилизацијата да ја разликуваме од нарцизмот кој може да уништи животи? Честото зборување за некаква пандемија на нарцизам ги меша поимите. На спектарот од нарцизмот, патолошки се екстремните степени.
Во денешно време и пречесто се употребува зборот нарцис, многу често кога зборуваме за познати личности, политичари, инфлуенсери на социјалните мрежи и токсични личности во нашето опкружување. Многумина ќе забележат дека зборот е премногу дијагностички или етикетирачки, но најголемата опасност како што забележува професорката д-р Рамани Дурвасула е во тоа што комплексноста на една личност овде се сведува на еден збор. Ако се користи пречесто, тој ја губи својата описна моќ. Исто така, може погрешно да се употребува за некој кој е површен, бара внимание, фалбаџија е или неверен, а всушност да не е нарцисоиден. Тоа креира повеќе ризици, вели д-р Рамани. На тој начин може да се минимизира неволјата на тие што се наоѓаат во нарцисоидни врски, што значи дека нема да ја добијат поддршката или емпатијата што им треба.“

The post Промоција на книгата „(Пре)врски-препознавање на нарцисоидна злоупотреба“ од Слаѓана Васовиќ во Охрид appeared first on Република.

]]>

В среда, во Охрид, во кафе-бар Шила (комплекс Летница) со почеток во 18:30 часот, ќе биде промовирана книгата „(Пре)врски-препознавање на нарцисоидна злоупотреба“ од Слаѓана Васовиќ.
Книга која јасно го дефинира емотивното насилствo “Насилство во кое не се гледаат модринки и рани на телото, а душата крвави. Ова насилство низ годините се смета за начин на однесување и не е казниво со закон. Книга за секоја жртва на нарцисоидна злоупотреба која е во потрага по дефинирање на својот проблем. Најтешкиот чекор на секоја жртва на ова насилство е да го прифати и дефинира како насилство тоа кое ја повредува. Најчесто овие жртви имаат преголемо чувство на вина и сметаат дека тие се виновни за сè што им се случува. Токму меѓу овие редови ќе успеат да препознаат свои однесувања, доживувања и размислувања. Тоа помага да се осознае дека жртвата не „измислува“, туку напротив, доживува реално насилство и не е сама во борбата против ова. Преку лични и вистински примери доловена е манипулативната игра на нарцисот која дава поголема јаснотија на истата шема кај сите различни примери. Јасно е посочена проблематика на влијанието на културата и општеството врз создавањето и поддржувањето ваков тип насилство. Книга која ќе ви даде поддршка доколку постојано сте во позиција да се објаснувате, да докажувате низ што се поминувате, да излезете од тој круг и да не се чувствувате единствени во таа борба, пишува рецензентот на книгата, Проф.д-р Ана Чучкова, психолог.
 
Зошто треба да правиме разлика меѓу патолошкиот нарцизам и нарцизмот како појава во постмодерното општество кој им дава смисла на некои нови процеси, или накратко, како селфи цивилизацијата да ја разликуваме од нарцизмот кој може да уништи животи? Честото зборување за некаква пандемија на нарцизам ги меша поимите. На спектарот од нарцизмот, патолошки се екстремните степени. Во денешно време и пречесто се употребува зборот нарцис, многу често кога зборуваме за познати личности, политичари, инфлуенсери на социјалните мрежи и токсични личности во нашето опкружување. Многумина ќе забележат дека зборот е премногу дијагностички или етикетирачки, но најголемата опасност како што забележува професорката д-р Рамани Дурвасула е во тоа што комплексноста на една личност овде се сведува на еден збор. Ако се користи пречесто, тој ја губи својата описна моќ. Исто така, може погрешно да се употребува за некој кој е површен, бара внимание, фалбаџија е или неверен, а всушност да не е нарцисоиден. Тоа креира повеќе ризици, вели д-р Рамани. На тој начин може да се минимизира неволјата на тие што се наоѓаат во нарцисоидни врски, што значи дека нема да ја добијат поддршката или емпатијата што им треба.“

The post Промоција на книгата „(Пре)врски-препознавање на нарцисоидна злоупотреба“ од Слаѓана Васовиќ во Охрид appeared first on Република.

]]>
Промоција на книгата „Филм и филмска писменост“ од Даниела Станковска – Плачковска во Кинотека https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-knigata-film-i-filmska-pismenost-od-daniela-stankovska-plachkovska-vo-kinoteka/ Fri, 31 May 2024 09:28:05 +0000 https://republika.mk/?p=783032

Промоцијата на книгата „Филм и филмска писменост“ од авторката Даниела Станковска - Плачковска, ќе се одржи во Кинотека на Македонија, во петок, на 31 мај со почеток во 19 часот. Книгата е издание на издавачката куќа Флип Бук Букс.

The post Промоција на книгата „Филм и филмска писменост“ од Даниела Станковска – Плачковска во Кинотека appeared first on Република.

Промоција на книгата „Додека спиеш“ од Биљана Стојановска https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-knigata-dodeka-spiesh-od-bilana-stojanovska/ Thu, 23 May 2024 08:43:31 +0000 https://republika.mk/?p=781035

Промоција на книгата „Додека спиеш“ од македонската поетеса Биљана Стојановска ќе се одржи в понеделник (27 мај), во кафе-книжарницата „Буква“ со почеток во 20 часот. Ова е трета поетска збирка на авторката, a прва во издание на „Чудна шума“.

Дизајнот на корицата го изработи Хари Дудески.

Промотор ќе биде писателката Билјана Црвенковска, стихови ќе интерпретираат Ана Голејшка Џикова, Долорес Атанасова-Лори, Снежана Стојчевска и Елена Митреска. Поетскиот перформанс ќе биде придружен од музичката трупа „ВИС Тркалезна маса“ (Владимир Мартиновски, Васко Марковски, Владимир Лукаш, Toма Димовски, Душан Кировски, Деан Шкартов).

Во рамки на промоцијата премиерно ќе биде промовиран и кус поетски филм, директно инспириран од книгата „Додека спиеш“, чиј автор е српската актерка и поетеса Валентина Бактијаревиќ. Главна актерка во филмот е српската уметница Сузана Вуловиќ, која живее и работи во Лондон, стиховите ги интерпретира поетот Ѓоко Здравески, а музиката е на уметникот Владимир Лукаш.

Стојановска умее со природноста на Господинов, да напише стихови за празнење на цревата и тоа да биде поетично. Умее во песните да даде неочекуван пресврт или ефект на изненадување, но умее и од реалност незабележливо да нѐ внесе во бајка и да нѐ воодушеви со магичниот реализам. Да ни раскаже приказна за камионот со сладолед и за вкусовите на летото среде зима, но и да нѐ тресне од сивиот бетон и да нѐ врати во реалноста на болничките соби каде што луѓето се обидуваат да си го вратат достоинството и да си ја задржат главата на рамена,  вели Снежана Стојчевска во рецензијата за книгата.

Биљана Стојановска е родена 1984 година. Има дипломирано на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на отсекот за македонска книжевност и јужнословенски книжевности.
Во 2015 година ја објави нејзината прва збирка поезија „Зборовите немаат значење“ во издание на „Антолог“.

Добитник е на книжевната награда „Тодор Чаловски“ за 2017 година за книгата „Стан што се распаѓа“ (2018, „Галикул“).

Нејзината поезија е преведена на англиски, германски, кинески, српски, полски, словенечки јазик, а застапена е и во повеќе списанија за литература и антологии.

The post Промоција на книгата „Додека спиеш“ од Биљана Стојановска appeared first on Република.

]]>

Промоција на книгата „Додека спиеш“ од македонската поетеса Биљана Стојановска ќе се одржи в понеделник (27 мај), во кафе-книжарницата „Буква“ со почеток во 20 часот. Ова е трета поетска збирка на авторката, a прва во издание на „Чудна шума“. Дизајнот на корицата го изработи Хари Дудески. Промотор ќе биде писателката Билјана Црвенковска, стихови ќе интерпретираат Ана Голејшка Џикова, Долорес Атанасова-Лори, Снежана Стојчевска и Елена Митреска. Поетскиот перформанс ќе биде придружен од музичката трупа „ВИС Тркалезна маса“ (Владимир Мартиновски, Васко Марковски, Владимир Лукаш, Toма Димовски, Душан Кировски, Деан Шкартов). Во рамки на промоцијата премиерно ќе биде промовиран и кус поетски филм, директно инспириран од книгата „Додека спиеш“, чиј автор е српската актерка и поетеса Валентина Бактијаревиќ. Главна актерка во филмот е српската уметница Сузана Вуловиќ, која живее и работи во Лондон, стиховите ги интерпретира поетот Ѓоко Здравески, а музиката е на уметникот Владимир Лукаш.
Стојановска умее со природноста на Господинов, да напише стихови за празнење на цревата и тоа да биде поетично. Умее во песните да даде неочекуван пресврт или ефект на изненадување, но умее и од реалност незабележливо да нѐ внесе во бајка и да нѐ воодушеви со магичниот реализам. Да ни раскаже приказна за камионот со сладолед и за вкусовите на летото среде зима, но и да нѐ тресне од сивиот бетон и да нѐ врати во реалноста на болничките соби каде што луѓето се обидуваат да си го вратат достоинството и да си ја задржат главата на рамена,  вели Снежана Стојчевска во рецензијата за книгата.
Биљана Стојановска е родена 1984 година. Има дипломирано на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на отсекот за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Во 2015 година ја објави нејзината прва збирка поезија „Зборовите немаат значење“ во издание на „Антолог“. Добитник е на книжевната награда „Тодор Чаловски“ за 2017 година за книгата „Стан што се распаѓа“ (2018, „Галикул“). Нејзината поезија е преведена на англиски, германски, кинески, српски, полски, словенечки јазик, а застапена е и во повеќе списанија за литература и антологии.

The post Промоција на книгата „Додека спиеш“ од Биљана Стојановска appeared first on Република.

]]>
Александра Велинова, авторка на книгата „Мечето што не го фаќаше зимски сон“: Голема е одговорноста да се пишува за деца https://republika.mk/vesti/kultura/aleksandra-velinova-avtorka-na-knigata-mecheto-shto-ne-go-fakashe-zimski-son-golema-e-odgovornosta-da-se-pishuva-za-detsa/ Fri, 19 Apr 2024 14:14:27 +0000 https://republika.mk/?p=767226

...„Родителите на мечето беа во длабок сон. Со затворени очи се смешкаа, нешто убаво сонуваа.  Но, малото мече сон не го „фаќаше“  наслушнувајќи го детскиот  џагор што доаѓаше  однадвор…-пишува во најновата сликовница за деца „ Мечето што не го фаќаше зимски сон“ авторката Александра Велинова.

Во неа ,љубопитниот Алексеј и мечето ги носат најмладите читатели во незаборавна зимска авантура: прават пепрутки во снегот, жонглираат со снежни топки, скијаат, се сончаат на бачило и пијат чај, дишат чист воздух, се валкаат во снегот, уживаат во глетката на снежната планина. Но, и забележуваат и учат дека снегот се претвора во лед и во вода, всушност водата ја менува агрегатната состојба.

Никогаш не помислував да пишувам книги за деца додека не се родија моите. Голема е одговорноста да се пишува за деца, тешко е кратко да се пишува и треба да се внимава на каков начин и каква порака ќе им се пренесе на младите читатели. Кога станува збор пак за сликовница треба додека пишуваш да размислуваш и визуелно како ќе изгледа, илустрирано. Во зависност за која возраст е наменета треба да се запази и процентот на застапеност на текст и илустрација на страниците. Ако нема доза на хумор тешко дека ќе им го привлече вниманието, но пред се треба да бидат и едукативни.  Всушност, Стефан и Алексеј „ги пишуваат“, јас се потпишувам. И претходните и новава се инспирирани од наши патувања и разговори со нив. И тоа обично се случува неколку години потоа, не одам со план дека ќе пишувам. „Мечето што не го фаќаше зимски сон“ како идеја се роди при првата посета на планина на Алексеј пред  три години, објаснува Александра.

„Мечето што не го фаќаше зимски сон“ е поддржана од Министерството за култура. Им се придружува на „Бидејќи сум дете“, „Стефан во магичниот град“, „Стефан на прошетка со Ками во Египет“, „Стефан во Дино парк“, „На крилјата на самовилското коњче“, „Најубавите години“, „Стапки во пустина“, „Од дното на душата“, „Како ги заработив првите пари“ ( книга со интервјуа) кои се дел од творечкиот опус на Велинова. Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Добитничка на престижната меѓународна награда „Антево слово“ (Сицилија, Италија).

The post Александра Велинова, авторка на книгата „Мечето што не го фаќаше зимски сон“: Голема е одговорноста да се пишува за деца appeared first on Република.

]]>

...„Родителите на мечето беа во длабок сон. Со затворени очи се смешкаа, нешто убаво сонуваа.  Но, малото мече сон не го „фаќаше“  наслушнувајќи го детскиот  џагор што доаѓаше  однадвор…-пишува во најновата сликовница за деца „ Мечето што не го фаќаше зимски сон“ авторката Александра Велинова. Во неа ,љубопитниот Алексеј и мечето ги носат најмладите читатели во незаборавна зимска авантура: прават пепрутки во снегот, жонглираат со снежни топки, скијаат, се сончаат на бачило и пијат чај, дишат чист воздух, се валкаат во снегот, уживаат во глетката на снежната планина. Но, и забележуваат и учат дека снегот се претвора во лед и во вода, всушност водата ја менува агрегатната состојба.
Никогаш не помислував да пишувам книги за деца додека не се родија моите. Голема е одговорноста да се пишува за деца, тешко е кратко да се пишува и треба да се внимава на каков начин и каква порака ќе им се пренесе на младите читатели. Кога станува збор пак за сликовница треба додека пишуваш да размислуваш и визуелно како ќе изгледа, илустрирано. Во зависност за која возраст е наменета треба да се запази и процентот на застапеност на текст и илустрација на страниците. Ако нема доза на хумор тешко дека ќе им го привлече вниманието, но пред се треба да бидат и едукативни.  Всушност, Стефан и Алексеј „ги пишуваат“, јас се потпишувам. И претходните и новава се инспирирани од наши патувања и разговори со нив. И тоа обично се случува неколку години потоа, не одам со план дека ќе пишувам. „Мечето што не го фаќаше зимски сон“ како идеја се роди при првата посета на планина на Алексеј пред  три години, објаснува Александра.
„Мечето што не го фаќаше зимски сон“ е поддржана од Министерството за култура. Им се придружува на „Бидејќи сум дете“, „Стефан во магичниот град“, „Стефан на прошетка со Ками во Египет“, „Стефан во Дино парк“, „На крилјата на самовилското коњче“, „Најубавите години“, „Стапки во пустина“, „Од дното на душата“, „Како ги заработив првите пари“ ( книга со интервјуа) кои се дел од творечкиот опус на Велинова. Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Добитничка на престижната меѓународна награда „Антево слово“ (Сицилија, Италија).  

The post Александра Велинова, авторка на книгата „Мечето што не го фаќаше зимски сон“: Голема е одговорноста да се пишува за деца appeared first on Република.

]]>
Одбележување на 100 години од појавата на надреализмот, движењето што ќе го промени сензибилитетот на модерните времиња: Големо јавно судење на книгата „Птици во аквариум“ https://republika.mk/vesti/kultura/odbelezhuvane-na-100-godini-od-pojavata-na-nadrealizmot-dvizheneto-shto-ke-go-promeni-senzibilitetot-na-modernite-vremina-golemo-javno-sudene-na-knigata-ptitsi-vo-akvarium/ Mon, 15 Apr 2024 09:16:19 +0000 https://republika.mk/?p=766206

На 15 април, понеделник, во 18 часот, во аулата на Филолошкиот факултет ќе се одржи големо јавно судење на книгата „Птици во аквариум; надреализам 1924 – 2024“, напишана и составена од Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ, со предговор на Владимир Јанковски, а објавена од издавачката куќа „Полица“.

Во судскиот процес ќе земат учество судијата Владимир Мартиновски, јавниот обвинител Венко Андоновски, јавниот бранител Гоце Смилевски, адвокатот Владимир Јанковски, како и сведоците повикани од обвинителот и од одбраната: Соња Стојменска-Елзесер, Марија Гиревска и Иван Шопов.

Издавачката куќа „Полица“ како публика на ова големо јавно судење ги поканува да присуствуваат сите што ќе се осмелат да дојдат, со напомена дека е забрането присуство на помлади од 5 години!

На официјалниот настан на Фејсбук-страницата на „Полица“ стојат и следниве насоки:

  • Понеси 600 денари за да ја купиш книгата, бидејќи ова е можеби единствената можност да дојдеш до инкриминираното дело пред да биде осудено!
  • Немој да го пропуштиш овој настан што во идните истории на книжевноста ќе биде познат под името: „Афера со аквариумот“!
  • Можни се драматични пресврти во текот на судењето!
  • Судиите предупредуваат на притисоци што врз нив се вршат од некои писателски кругови!
  • Потсетуваме на правилото: Никој не е виновен пред да се докаже вината! (или, кажано со стручна терминологија: „In vino veritas“, т. е. „ Veni, vidi, vici“):
  • Правни стручњаци тврдат дека постои можност за амнестија на сите учесници (вклучувајќи ја тука и публиката)!
  • Дојди и присуствувај на најсензационалниот настан во македонската книжевност од појавата на книгата „Глувчето Мице“ на Ванчо Николески!
  • Дозволено е внесување музички инструменти, носење маски, цитирање марксистичка литература и грицкање семки.

Со овој настан, македонската култура, меѓу првите во Европа, ја одбележува стогодишнината од појавата на надреализмот, движењето што ќе го промени сензибилитетот на модерните времиња.

The post Одбележување на 100 години од појавата на надреализмот, движењето што ќе го промени сензибилитетот на модерните времиња: Големо јавно судење на книгата „Птици во аквариум“ appeared first on Република.

]]>

На 15 април, понеделник, во 18 часот, во аулата на Филолошкиот факултет ќе се одржи големо јавно судење на книгата „Птици во аквариум; надреализам 1924 – 2024“, напишана и составена од Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ, со предговор на Владимир Јанковски, а објавена од издавачката куќа „Полица“. Во судскиот процес ќе земат учество судијата Владимир Мартиновски, јавниот обвинител Венко Андоновски, јавниот бранител Гоце Смилевски, адвокатот Владимир Јанковски, како и сведоците повикани од обвинителот и од одбраната: Соња Стојменска-Елзесер, Марија Гиревска и Иван Шопов. Издавачката куќа „Полица“ како публика на ова големо јавно судење ги поканува да присуствуваат сите што ќе се осмелат да дојдат, со напомена дека е забрането присуство на помлади од 5 години! На официјалниот настан на Фејсбук-страницата на „Полица“ стојат и следниве насоки:
  • Понеси 600 денари за да ја купиш книгата, бидејќи ова е можеби единствената можност да дојдеш до инкриминираното дело пред да биде осудено!
  • Немој да го пропуштиш овој настан што во идните истории на книжевноста ќе биде познат под името: „Афера со аквариумот“!
  • Можни се драматични пресврти во текот на судењето!
  • Судиите предупредуваат на притисоци што врз нив се вршат од некои писателски кругови!
  • Потсетуваме на правилото: Никој не е виновен пред да се докаже вината! (или, кажано со стручна терминологија: „In vino veritas“, т. е. „ Veni, vidi, vici“):
  • Правни стручњаци тврдат дека постои можност за амнестија на сите учесници (вклучувајќи ја тука и публиката)!
  • Дојди и присуствувај на најсензационалниот настан во македонската книжевност од појавата на книгата „Глувчето Мице“ на Ванчо Николески!
  • Дозволено е внесување музички инструменти, носење маски, цитирање марксистичка литература и грицкање семки.
Со овој настан, македонската култура, меѓу првите во Европа, ја одбележува стогодишнината од појавата на надреализмот, движењето што ќе го промени сензибилитетот на модерните времиња.

The post Одбележување на 100 години од појавата на надреализмот, движењето што ќе го промени сензибилитетот на модерните времиња: Големо јавно судење на книгата „Птици во аквариум“ appeared first on Република.

]]>
Промоција на книгата со најубави бајки на сите времиња „Си беше еднаш“ https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-knigata-so-najubavi-bajki-na-site-vremina-si-beshe-ednash/ Tue, 09 Apr 2024 10:14:11 +0000 https://republika.mk/?p=764193

Новата книга за деца, со најубавите бајки на сите времиња, „Си беше еднаш“, ќе биде промовирана на 11 април (четврток), со почеток во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. На настанот ќе учествуваат: уредничката Оливера Ќорвезироска, која ги направи изборот и адаптацијата на бајките, илустраторката Наталија Лукомска и книжевната теоретичарка и професорка Калина Малеска, која ќе биде во улога на промотор.

Книгата „Си беше еднаш“ е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за внимателно селектирани и спакувани во ново руво, 52 бајки од Ханс Кристијан Андерсен, браќата Грим и Шарл Перо, по една за секоја недела во годината.

Оваа книга-ковчеже има и „златно клуче“ за отклучување и влез во најубавите бајки на сите времиња. Секое дете има право на своја прва средба со бајките со кои пораснале генерации и генерации претходно, заедно со нивните родители, нивните баби и дедовци. Да им читаме на децата покрај нас и во нас, да читаме заедно со нив, за заспивање и за будење, за воспитување и за уживање, за развивање на мечтите и на чувството за праведност. Бајките се најсигурниот патоказ кон нивната иднина.

„Си беше еднаш“ (Најубавите бајки на сите времиња) е голема книга за малите читатели со нова, уедначена раскажувачка адаптација на Оливера Ќорвезироска (соодветна и примерена на новото време и на новите генерации читатели) и раскошни илустрации од Наталија Лукомска, во која можат да се најдат и неколку бајки што првпат се преведени и адаптирани на македонски јазик.

Оливера Ќорвезироска (1965) е родена во Куманово. Основно и средно образование завршила во родниот град, а Филолошки факултет во Скопје, каде што живее и работи. Автор е на следниве книги: „Трети кат“ и „Високите бели“ (поезија), „Кифличката Мирна“ и „Мојот брат од тринаесеттиот кат“ (романи за деца); „Дедо Миле“ (сликовница), „Отвораат ли сништата работа“, „Еден текст и една жена“ и „На полпат“ (критика и есеистика), „Заклученото тело на Лу“ и „Аб’т“ (романи за возрасни), „Страдањата на младиот лектор“, „(С)плетени раскази“, „Две перници“, „(Со)шиени раскази“, „Новелички без шеќер“, „Улиците што ги нема“ и „Престапни години“ (раскази за возрасни). Застапена е во дваесетина антологии на современиот македонски расказ, објавени дома и во странство. Нејзините раскази се преведувани на англиски, француски, унгарски, албански, чешки, српски, бугарски, словенечки, полски, руски, германски и грчки јазик.
Повеќекратен добитник е на значајни награди за расказ во Македонија, а за „Сплетени раскази“ во 2003 година ја има добиено наградата за најдобра проза на Друштвото на писателите на Македонија „Стале Попов“. Член е на ДПМ и на Македонскиот ПЕН-центар.

Наталија Лукомска е полска илустраторка и графичка дизајнерка која живее и работи во Скопје. Има дипломирано на Шлезискиот универзитет во Катовице, полонистика и славистика, каде што го има изучувано македонски јазик. Во Македонија има дојдено како професор по полски јазик на Катедрата за славистика на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Денес, се занимава со илустрирање и графичка обработка на книги и дизајн на постери, црта детски книги, дизајнира корици, соработува со издавачи и културни институции во Полска и во Македонија. Досега има илустрирано 15-тина книги за деца. За нејзините илустрации има добиено повеќе награди. Предава полски јазик и преведува книги.

Покрај „Си беше еднаш“, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, со нејзини илустрации досега се објавени и сликовниците: „Ши, ѕифри, копчи“ од авторот Владимир Лукаш и „Ремек-дело“ на Дејан Алексиќ.

The post Промоција на книгата со најубави бајки на сите времиња „Си беше еднаш“ appeared first on Република.

]]>

Новата книга за деца, со најубавите бајки на сите времиња, „Си беше еднаш“, ќе биде промовирана на 11 април (четврток), со почеток во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. На настанот ќе учествуваат: уредничката Оливера Ќорвезироска, која ги направи изборот и адаптацијата на бајките, илустраторката Наталија Лукомска и книжевната теоретичарка и професорка Калина Малеска, која ќе биде во улога на промотор. Книгата „Си беше еднаш“ е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за внимателно селектирани и спакувани во ново руво, 52 бајки од Ханс Кристијан Андерсен, браќата Грим и Шарл Перо, по една за секоја недела во годината. Оваа книга-ковчеже има и „златно клуче“ за отклучување и влез во најубавите бајки на сите времиња. Секое дете има право на своја прва средба со бајките со кои пораснале генерации и генерации претходно, заедно со нивните родители, нивните баби и дедовци. Да им читаме на децата покрај нас и во нас, да читаме заедно со нив, за заспивање и за будење, за воспитување и за уживање, за развивање на мечтите и на чувството за праведност. Бајките се најсигурниот патоказ кон нивната иднина. „Си беше еднаш“ (Најубавите бајки на сите времиња) е голема книга за малите читатели со нова, уедначена раскажувачка адаптација на Оливера Ќорвезироска (соодветна и примерена на новото време и на новите генерации читатели) и раскошни илустрации од Наталија Лукомска, во која можат да се најдат и неколку бајки што првпат се преведени и адаптирани на македонски јазик. Оливера Ќорвезироска (1965) е родена во Куманово. Основно и средно образование завршила во родниот град, а Филолошки факултет во Скопје, каде што живее и работи. Автор е на следниве книги: „Трети кат“ и „Високите бели“ (поезија), „Кифличката Мирна“ и „Мојот брат од тринаесеттиот кат“ (романи за деца); „Дедо Миле“ (сликовница), „Отвораат ли сништата работа“, „Еден текст и една жена“ и „На полпат“ (критика и есеистика), „Заклученото тело на Лу“ и „Аб’т“ (романи за возрасни), „Страдањата на младиот лектор“, „(С)плетени раскази“, „Две перници“, „(Со)шиени раскази“, „Новелички без шеќер“, „Улиците што ги нема“ и „Престапни години“ (раскази за возрасни). Застапена е во дваесетина антологии на современиот македонски расказ, објавени дома и во странство. Нејзините раскази се преведувани на англиски, француски, унгарски, албански, чешки, српски, бугарски, словенечки, полски, руски, германски и грчки јазик. Повеќекратен добитник е на значајни награди за расказ во Македонија, а за „Сплетени раскази“ во 2003 година ја има добиено наградата за најдобра проза на Друштвото на писателите на Македонија „Стале Попов“. Член е на ДПМ и на Македонскиот ПЕН-центар. Наталија Лукомска е полска илустраторка и графичка дизајнерка која живее и работи во Скопје. Има дипломирано на Шлезискиот универзитет во Катовице, полонистика и славистика, каде што го има изучувано македонски јазик. Во Македонија има дојдено како професор по полски јазик на Катедрата за славистика на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Денес, се занимава со илустрирање и графичка обработка на книги и дизајн на постери, црта детски книги, дизајнира корици, соработува со издавачи и културни институции во Полска и во Македонија. Досега има илустрирано 15-тина книги за деца. За нејзините илустрации има добиено повеќе награди. Предава полски јазик и преведува книги. Покрај „Си беше еднаш“, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, со нејзини илустрации досега се објавени и сликовниците: „Ши, ѕифри, копчи“ од авторот Владимир Лукаш и „Ремек-дело“ на Дејан Алексиќ.

The post Промоција на книгата со најубави бајки на сите времиња „Си беше еднаш“ appeared first on Република.

]]>
МНТ ќе ја промовира книгата „Иванов 1887/1889: две верзии, А.Чехов“ https://republika.mk/vesti/kultura/mnt-ke-ja-promovira-knigata-ivanov-1887-1889-dve-verzii-a-chehov/ Tue, 02 Apr 2024 12:26:26 +0000 https://republika.mk/?p=761269

Во вторник, на 2 април, во фоајето на Македонскиот народен театар, со почеток во 19 часот, ќе биде промовирана книгата „Иванов 1887/1889: две верзии“, А.Чехов.

Покрај главниот уредник – Зоја Бузалковска, како главни промотери ќе зборуваат и Драгица Најческа – преведувачката на книгата, Ѓорѓи Јолевски – актер и Гоце Смилевски – писател, а издавач е Македонски народен театар.

Со ова драгоцено издание на „Иванов”, комедијата од 1887 година, и „Иванов“, драмата од 1889 година, во одличниот, лесно читлив, но и изговорлив превод на Драгица Најческа, многу нови, идни постановки и драматуршко-режисерски читања на оваа пиеса стануваат возможни и веројатни. Изданието, бездруго, ќе иницира и понатамошни анализи на драматуршката постапка во правењето суштински промени на еден, кон крајот на XIX век навидум кревок, a денес толку поставуван, игран, посакуван, секогаш одново актуелен, многуслоен драмски материјал.

По промоцијата ќе следи потпишување на книгата, како и изведба на претставата „Иванов“ во режија на Бузалковска.

Билетите за изведбата на претставата се пуштени во продажба.

The post МНТ ќе ја промовира книгата „Иванов 1887/1889: две верзии, А.Чехов“ appeared first on Република.

]]>

Во вторник, на 2 април, во фоајето на Македонскиот народен театар, со почеток во 19 часот, ќе биде промовирана книгата „Иванов 1887/1889: две верзии“, А.Чехов. Покрај главниот уредник – Зоја Бузалковска, како главни промотери ќе зборуваат и Драгица Најческа – преведувачката на книгата, Ѓорѓи Јолевски – актер и Гоце Смилевски – писател, а издавач е Македонски народен театар. Со ова драгоцено издание на „Иванов”, комедијата од 1887 година, и „Иванов“, драмата од 1889 година, во одличниот, лесно читлив, но и изговорлив превод на Драгица Најческа, многу нови, идни постановки и драматуршко-режисерски читања на оваа пиеса стануваат возможни и веројатни. Изданието, бездруго, ќе иницира и понатамошни анализи на драматуршката постапка во правењето суштински промени на еден, кон крајот на XIX век навидум кревок, a денес толку поставуван, игран, посакуван, секогаш одново актуелен, многуслоен драмски материјал. По промоцијата ќе следи потпишување на книгата, како и изведба на претставата „Иванов“ во режија на Бузалковска. Билетите за изведбата на претставата се пуштени во продажба.  

The post МНТ ќе ја промовира книгата „Иванов 1887/1889: две верзии, А.Чехов“ appeared first on Република.

]]>
„Книга“ од Жозе Луиш Пејшото објавена на македонски јазик https://republika.mk/vesti/kultura/kniga-od-zhoze-luish-pejshoto-objavena-na-makedonski-jazik/ Tue, 02 Apr 2024 07:41:55 +0000 https://republika.mk/?p=761142

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје соопшти дека во рамките на проектот „Создадено во Европа: Моќта на различноста“ ја објави книгата „Книга“ од португалскиот прозаист, поет и драматург Жозе Луиш Пејшото.

Една мајка му дава книга на своето дете и му вели дека набргу ќе се врати. Таа никогаш не се враќа. Илидио ќе порасне во внатрешноста на Португалија и ќе се вљуби во прекрасната Аделајд. Но парот се разделува. Девојката ќе замине во Франција и со себе понесува само една книга што ја добива на подарок – истата онаа што ќе му ја остави мајката на Илидио пред многу години. Аделајд ќе се омажи и тоа повторно со посредство на книгата, но нејзиниот маж е позаинтересиран за политиката отколку за сопругата. Илидио се решава да отпатува во потрага по својата поранешна девојка, оставајќи го Жозуе, човекот што го израснал.

„Книга“ е летопис за руралниот егзодус во кој над милион португалски емигранти трагаат по својата среќа во периодот меѓу 1960 и 1974 година. Низ очите на ликовите сведочиме за суровата реалност на емигрантскиот живот, но и за истрајната надеж за враќањето.

Писма што не стигнуваат, неуспешни потраги, комплицирани љубови и горчлив-сладок копнеж го исполнуваат овој романтичен роман, во кој болката се претвора во услов на постоењето.

Преводот од португалски на македонски го направи Ненад Трповски.

Книгата на македонски јазик е објавена со поддршка на програмата Циркулација на европски книжевни дела во склоп на Креативна Европа на Европската Унија – Потпрограма „Култура“.

[caption id="attachment_761146" align="alignnone" width="1080"] Жозе Луиш Пејшото: За книгата „Книга“ му е доделена наградата „Салерно“ – книга на Европа за 2013 година.[/caption]

За авторот: Жозе Луиш Пејшото (1974) е португалски прозаист, поет и драматург. Роден е во мало гратче во областа Алентежо. Студирал современи јазици и книжевност на Универзитетот „Нова“ во Лисабон. По студиите бил учител во Португалија и на Зелен ’Рт. Од 2001 година професионално се занимава со пишување. Има објавено тринаесет книги проза, четири збирки поезија, два патописи и две книги за деца. Неговите дела се преведени на повеќе од триесет јазици. Тој е најмладиот добитник на наградата „Сарамаго“ во чест на Жозе Сарамаго. За книгата „Книга“ му е доделена наградата „Салерно“ – книга на Европа за 2013 година.

[caption id="attachment_761147" align="alignnone" width="1228"] Ненад Трповски e книжевен преведувач[/caption]

Ненад Трповски e книжевен преведувач. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на катедрите за италијански и португалски јазик и книжевност во 2009 година. Во периодот помеѓу 2011 и 2013 година живеел и работел во Лисабон, Португалија. Како стипендист на португалскиот институт „Камоиш“ завршил и напреден степен по португалски јазик и книжевност на Универзитетот во Лисабон. За „Антолог“ ги превел книгите „Сочувство“ од Дулсе Марија Кардозо, „Девет ноќи“ од Бернардо Карваљо, „Просечен индекс на среќата“ од Давид Машадо и „Сенки“ од Томазо Ландолфи.

The post „Книга“ од Жозе Луиш Пејшото објавена на македонски јазик appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје соопшти дека во рамките на проектот „Создадено во Европа: Моќта на различноста“ ја објави книгата „Книга“ од португалскиот прозаист, поет и драматург Жозе Луиш Пејшото. Една мајка му дава книга на своето дете и му вели дека набргу ќе се врати. Таа никогаш не се враќа. Илидио ќе порасне во внатрешноста на Португалија и ќе се вљуби во прекрасната Аделајд. Но парот се разделува. Девојката ќе замине во Франција и со себе понесува само една книга што ја добива на подарок – истата онаа што ќе му ја остави мајката на Илидио пред многу години. Аделајд ќе се омажи и тоа повторно со посредство на книгата, но нејзиниот маж е позаинтересиран за политиката отколку за сопругата. Илидио се решава да отпатува во потрага по својата поранешна девојка, оставајќи го Жозуе, човекот што го израснал. „Книга“ е летопис за руралниот егзодус во кој над милион португалски емигранти трагаат по својата среќа во периодот меѓу 1960 и 1974 година. Низ очите на ликовите сведочиме за суровата реалност на емигрантскиот живот, но и за истрајната надеж за враќањето. Писма што не стигнуваат, неуспешни потраги, комплицирани љубови и горчлив-сладок копнеж го исполнуваат овој романтичен роман, во кој болката се претвора во услов на постоењето. Преводот од португалски на македонски го направи Ненад Трповски. Книгата на македонски јазик е објавена со поддршка на програмата Циркулација на европски книжевни дела во склоп на Креативна Европа на Европската Унија – Потпрограма „Култура“. [caption id="attachment_761146" align="alignnone" width="1080"] Жозе Луиш Пејшото: За книгата „Книга“ му е доделена наградата „Салерно“ – книга на Европа за 2013 година.[/caption] За авторот: Жозе Луиш Пејшото (1974) е португалски прозаист, поет и драматург. Роден е во мало гратче во областа Алентежо. Студирал современи јазици и книжевност на Универзитетот „Нова“ во Лисабон. По студиите бил учител во Португалија и на Зелен ’Рт. Од 2001 година професионално се занимава со пишување. Има објавено тринаесет книги проза, четири збирки поезија, два патописи и две книги за деца. Неговите дела се преведени на повеќе од триесет јазици. Тој е најмладиот добитник на наградата „Сарамаго“ во чест на Жозе Сарамаго. За книгата „Книга“ му е доделена наградата „Салерно“ – книга на Европа за 2013 година. [caption id="attachment_761147" align="alignnone" width="1228"] Ненад Трповски e книжевен преведувач[/caption] Ненад Трповски e книжевен преведувач. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на катедрите за италијански и португалски јазик и книжевност во 2009 година. Во периодот помеѓу 2011 и 2013 година живеел и работел во Лисабон, Португалија. Како стипендист на португалскиот институт „Камоиш“ завршил и напреден степен по португалски јазик и книжевност на Универзитетот во Лисабон. За „Антолог“ ги превел книгите „Сочувство“ од Дулсе Марија Кардозо, „Девет ноќи“ од Бернардо Карваљо, „Просечен индекс на среќата“ од Давид Машадо и „Сенки“ од Томазо Ландолфи.  

The post „Книга“ од Жозе Луиш Пејшото објавена на македонски јазик appeared first on Република.

]]>
МНТ ќе ја промовира книгата „Иванов 1887/1889: две верзии“ од Антон П. Чехов https://republika.mk/vesti/kultura/mnt-ke-ja-promovira-knigata-ivanov-1887-1889-dve-verzii-od-anton-p-chehov/ Wed, 20 Mar 2024 11:20:06 +0000 https://republika.mk/?p=756678

Во вторник, на 2 април, во фоајето на Македонскиот народен театар, со почеток во 19 часот, ќе биде промовирана книгата „Иванов 1887/1889: две верзии“, А.Чехов.

Покрај главниот уредник - Зоја Бузалковска, како главни промотери ќе зборуваат и Драгица Најческа - преведувачката на книгата, Ѓорѓи Јолевски - актер и Гоце Смилевски - писател, а издавач е Македонски народен театар.

Со ова драгоцено издание на „Иванов", комедијата од 1887 година, и „Иванов“, драмата од 1889 година, во одличниот, лесно читлив, но и изговорлив превод на Драгица Најческа, многу нови, идни постановки и драматуршко-режисерски читања на оваа пиеса стануваат возможни и веројатни. Изданието, бездруго, ќе иницира и понатамошни анализи на драматуршката постапка во правењето суштински промени на еден, кон крајот на XIX век навидум кревок, a денес толку поставуван, игран, посакуван, секогаш одново актуелен, многуслоен драмски материјал, вели издавачот.

По промоцијата ќе следи потпишување на книгата, како и изведба на претставата „Иванов“ во режија на Бузалковска.

The post МНТ ќе ја промовира книгата „Иванов 1887/1889: две верзии“ од Антон П. Чехов appeared first on Република.

]]>

Во вторник, на 2 април, во фоајето на Македонскиот народен театар, со почеток во 19 часот, ќе биде промовирана книгата „Иванов 1887/1889: две верзии“, А.Чехов. Покрај главниот уредник - Зоја Бузалковска, како главни промотери ќе зборуваат и Драгица Најческа - преведувачката на книгата, Ѓорѓи Јолевски - актер и Гоце Смилевски - писател, а издавач е Македонски народен театар.
Со ова драгоцено издание на „Иванов", комедијата од 1887 година, и „Иванов“, драмата од 1889 година, во одличниот, лесно читлив, но и изговорлив превод на Драгица Најческа, многу нови, идни постановки и драматуршко-режисерски читања на оваа пиеса стануваат возможни и веројатни. Изданието, бездруго, ќе иницира и понатамошни анализи на драматуршката постапка во правењето суштински промени на еден, кон крајот на XIX век навидум кревок, a денес толку поставуван, игран, посакуван, секогаш одново актуелен, многуслоен драмски материјал, вели издавачот.
По промоцијата ќе следи потпишување на книгата, како и изведба на претставата „Иванов“ во режија на Бузалковска.

The post МНТ ќе ја промовира книгата „Иванов 1887/1889: две верзии“ од Антон П. Чехов appeared first on Република.

]]>
Појавувањето на книгата „Автопортрет со седум прсти“ од Ацо Шопов е исклучително значаен момент за македонската литература и култура https://republika.mk/vesti/kultura/pojavuvaneto-na-knigata-avtoportret-so-sedum-prsti-od-atso-shopov-e-iskluchitelno-znachaen-moment-za-makedonskata-literatura-i-kultura/ Wed, 20 Mar 2024 09:31:14 +0000 https://republika.mk/?p=756614

Во нетипичната – и преполна хала – на „Лабораториум“, во која како сè уште да не исчезнал мирисот на олово и хартија, но и духот на старата печатница на „Нова Македонија“, вчера беше промовирана книгата „Автопортрет со седум прсти“ од Ацо Шопов, во издание на „Антолог“. Нетипичен простор идеален за промоција на нетипичната, волуменозна книга, во која за првпат се објавени прозните написи, огледи, критички осврти, есеи, дебати, беседи и интервјуа на познатиот македонски поет. Книга која им нуди можност на новите генерации да се препознаат во старите, да научат нешто повеќе од нив, за да ја продолжат културната и општествена изградба на нашата земја, и афирмацијата на нашата литература во светот.

Не е залудно враќањето на текстовите од поблиското и од подалечното минато“, бидејќи тие одговараат на „многу прашања кои и ден-денес нѐ мачат“, напишал некогаш Шопов. Повеќе од шест децении подоцна, кога се враќаме на неговите текстови објавени во тогашната периодика, сфаќаме дека „виталните проблеми на денешницата“ од неговото време остануваат извонредно актуелни и во сегашниот миг. Зарем и ден-денес не го плаќаме цехот на нашата „особина да импровизираме“, на нашата навика да „се играме одговорност“, на „напластеното сало на нашето спокојство“? Зарем и ден-денес не нѐ мачат темните обиди да се покријат со лага страниците од нашата историја, и зарем не нѐ водат кон безизлез „сфаќањата што осцилираат помеѓу тоталната негација и тоталната глорификација на сѐ она што го среќаваме во нашата културна историја“?

 „Автопортрет со седум прсти“ е своевидна хроника на современата македонска културна историја, испишана со лирското перо и надвремениот стил на Ацо Шопов.

Во овие прозни текстови на Шопов, клокоти извориштето на неговата поезија“, изјави по промоцијата Никола Ристановски. „Пред да се запознаам со содржината на книгата и не помислував дека поетот може да се претстави пред публиката без да се се изречат стиховите Патував долго, патував цела вечност / од мене до твојата небиднина или Има долу тешка една крв / од древноста чиниш останата... или пак Тука е тој оган под овие улави води, / под овој бигор и зло самото што се плоди. // Под овие води тешки и зрели / тримеѓница црна црно што ги дели.... Но штом почнав да ја читам книгата“, дополни првенецот на Македонскиот народен театар, „со секој следен збор сè повисоко се исправаше пред мене онаа сенка на Шопов која ми е позната и блиска уште од Небиднина или Гледач во пепелта, бидејќи овие негови прозни текстови, кои се движат по рабовите на различните литературни жанрови, сврзувајќи ги со најфина лирска срма, се… поезија“.

За интимната врска помеѓу стиховите и текстовите од „Автортрет со седум прсти“ говореше Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Како поетот (си) прави автопортрет?“, се запраша промоторот. „Наједноставниот одговор би бил: со поетскиот опус. Сепак, драгоцената книга Автортрет со седум прсти, приредена од ќерката на поетот, Јасмина Шопова, нè уверува дека всушност и прозните текстови (беседи, написи, статии, огледи, студии, критички осврти, интервјуа, посланија) пишувани во текот на целиот животен век и собрани во една нова и моќна целина, во еден мамутски мозаик, ни овозможуваат да ги запознаеме подлабоко и поетот и поезијата од бројни нови агли едновремено, како во кубистичка слика.

Во книгата Ацо Шопов е (авто)портретиран како темелен мислител, ангажиран интелектуалец, посветен револуционер, многустран културен работник, суптилен есеист и раскажувач, книжевен преведувач, беседник (и мора да ставиме три точки), а од секој текст се гледа дека сите негови дејности се неразделни од примарната поетска вокација, забележа Мартиновски пред да заклучи: Затоа, оваа книга отвора пат не само кон нови читања и толкувања на песните и стиховите на Ацо Шопов, туку и кон потемелно разбирање на контекстот (и личен и општествен) во кој е настаната неговата вонвременска лирика.

Ете зошто појавувањето на оваа книга е исклучително значаен момент за македонската литература и култура. Текстовите објавени во неа, кои со години трпеливо ги собирала сопругата на поетот, Светлана Шопова, пред да ги предаде во Архивот на Македонската академија на науките и уметностите, го отсликуваат поетското творештво и интелектуалниот ангажман на Шопов, но истовремено и нашата севкупна општествена и културна сцена во втората половина на давесеттиот век.

На оваа мала грутка земја која ја чувствуваме како наша татковина и во која како сиот свет во мало да застанал, со пркос кон себеси и кон другите, на оваа земја изрована од несон и себенаоѓање, како што Ацо Шопов ја чувствуваше и нарекуваше Македонија, насушно ѝ се потребни ваквите книги, изјави за медиумите Јасмина Шопова, приредувач на изданието. Книги кои застануваат во одбрана на нашиот национален идентитет, без никакви националистички тенденции; книги кои ја афирмираат нашата литература како пред нас самите, така и во очите на светот; книги кои одговараат на највисоките етички и естетски критериуми и со тоа ја валоризираат нашата уметност и нашата култура; книги чии хуманистички и универзални валери го поткрепуваат дигнитетот на нашиот човек и на човекот воопшто.

Многубројните книжевни, уметнички и научни проекти изведени во национални и меѓународни рамки, во текот на 2023, Година во чест на Ацо Шопов – меѓу кои се присутни на оваа промоција оние на Националната опера и балет, на ФлипБук – Фестивалот на анимирани филмови и на Друштвото на ликовни уметници, како и сите актуелни проекти во кои спаѓа овој Автопортрет, објавен по повод осумдесет години од излегувањето на првата книга на македонски јазик во слободна Македонија, Песни од Ацо Шопов (1944), имаат еден заеднички именител. Тој заеднички именител е противотровот за заборавот на нашето културно наследство“, истакна потпретседателката на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија.

И да не заборавиме – пред долги години, Шопов напиша: „Ме учеа како да го заборавам своето потекло, своето јас, оваа грутка црница што ме родила. Ме учеа и не ме научија“.

The post Појавувањето на книгата „Автопортрет со седум прсти“ од Ацо Шопов е исклучително значаен момент за македонската литература и култура appeared first on Република.

Промоција на книга „30+ Жените тоа го можат“ https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-kniga-30-zhenite-toa-go-mozhat/ Wed, 06 Mar 2024 09:12:10 +0000 https://republika.mk/?p=751791

Во Собранието денеска ќе се одржи промоцијата на книгата „30+ Жените тоа го можат“ за работата на женските невладини организации по независноста на земјата.

Како што информираат од собраниската прес-служба, на промоцијата ќе се обрати претседателот на Собранието Јован Митрески.

Ќе бидат прикажани снимени обраќања од претставници од регионот и видео запис за работата на организираните жени на НВО.

Во завршниот дел, ќе се обрати Савка Тодоровска, претседателка на Националниот сојуз за родова рамноправност.

The post Промоција на книга „30+ Жените тоа го можат“ appeared first on Република.

]]>

Во Собранието денеска ќе се одржи промоцијата на книгата „30+ Жените тоа го можат“ за работата на женските невладини организации по независноста на земјата. Како што информираат од собраниската прес-служба, на промоцијата ќе се обрати претседателот на Собранието Јован Митрески.
Ќе бидат прикажани снимени обраќања од претставници од регионот и видео запис за работата на организираните жени на НВО.
Во завршниот дел, ќе се обрати Савка Тодоровска, претседателка на Националниот сојуз за родова рамноправност.

The post Промоција на книга „30+ Жените тоа го можат“ appeared first on Република.

]]>
Промоција на збирка детски песни „Чичко маестро Џамбаз – во светот на децата“ https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-zbirka-detski-pesni-chichko-maestro-dhambaz-vo-svetot-na-detsata/ Fri, 02 Feb 2024 08:38:13 +0000 https://republika.mk/?p=739606

В сабота, на 3 февруари, со почеток во 12 часот ќе се оддржи промоцијата на книгата „Чичко маестро Џамбаз - во светот на децата“ во Дебар Маало, на улица „Орце Николов“, посветена на композиторот и диригент Александар Џамбазов, од познатите македонски музички публицисти Бранка Костиќ-Марковиќ (автор на воведниот текст) и Марко Коловски (автор на нотографиите). Ова издание претставува збирка на песни од маестро Александар Џамбазов, еден од нашите најистакнати македонски композитори, диригенти и втемелувачи на македонската популарна и детска музика. Изборот на композициите, кој опфаќа 52 песни за деца од предучилишна и училишна возраст, е направен од страна на самиот Џамбазов за време на неговиот живот.

Како што вели авторката Костиќ-Маровиќ во воведот, насловот на збирката не е случаен. Сите „славејчиња“, поранешни солисти на познатиот фестивал на детска песна „Златно славејче“ и хористите на детскиот хор „Развигорче“, го нарекуваа својот диригент Александар Џамбазов, кој ги водеше низ живата фестивалска изведба, „Чичко маестро Џамбаз“. А тој возвратно, на шега, ги нарекуваше „златни гавранчиња“. Песните издвоени во оваа збирка денеска претставуваат своевидни детски евергрини за сите генерации, а авторскиот тим и издавачот ценат дека изданието ќе биде и одлично дидактичко средство и извор на квалитетен дополнителен материјал за денешните одделенски и предметни наставници во реализирањето на наставата по музичко образование, но и на секој истражувач и љубител на детската песна, вклучувајќи ги и децата.

Оваа промоција ќе биде дел од еден поголем настан, „За Маестрото“, кој е во организација на синот на маестро Џамбазов, Игор Џамбазов и Општина Центар, по повод сеќавање на животот и делото на композиторот, токму на денот на неговиот роденден, 3 февруари. На самиот настан ќе биде откриен и муралот со ликот на Александар Џамбазов, во срцето на Дебар Маало. За таа цел е подготвена и мала музичка програма во која заедно со дел од поранешните „Златни славејчиња“ и „Развигорчиња“ под диригентство на Запро Запров, ќе „оживееме“ четири детски евергрини, кои се вброени во изборот на нотографии во книгата. Тоа се безвременските песни на нашето детство, на детставата на многу генерации, „Песна за Скопје“ („Градот убав“), „За сите деца“, „Мојата учителка“ и „Еј, гулаби, гулаби бели“, за чија изведба специјално од Битола ќе допатува оригиналното „Златно славејче“ од 1972 година, Билјана Дамјановска Јанчевска.

The post Промоција на збирка детски песни „Чичко маестро Џамбаз – во светот на децата“ appeared first on Република.

]]>

В сабота, на 3 февруари, со почеток во 12 часот ќе се оддржи промоцијата на книгата „Чичко маестро Џамбаз - во светот на децата“ во Дебар Маало, на улица „Орце Николов“, посветена на композиторот и диригент Александар Џамбазов, од познатите македонски музички публицисти Бранка Костиќ-Марковиќ (автор на воведниот текст) и Марко Коловски (автор на нотографиите). Ова издание претставува збирка на песни од маестро Александар Џамбазов, еден од нашите најистакнати македонски композитори, диригенти и втемелувачи на македонската популарна и детска музика. Изборот на композициите, кој опфаќа 52 песни за деца од предучилишна и училишна возраст, е направен од страна на самиот Џамбазов за време на неговиот живот. Како што вели авторката Костиќ-Маровиќ во воведот, насловот на збирката не е случаен. Сите „славејчиња“, поранешни солисти на познатиот фестивал на детска песна „Златно славејче“ и хористите на детскиот хор „Развигорче“, го нарекуваа својот диригент Александар Џамбазов, кој ги водеше низ живата фестивалска изведба, „Чичко маестро Џамбаз“. А тој возвратно, на шега, ги нарекуваше „златни гавранчиња“. Песните издвоени во оваа збирка денеска претставуваат своевидни детски евергрини за сите генерации, а авторскиот тим и издавачот ценат дека изданието ќе биде и одлично дидактичко средство и извор на квалитетен дополнителен материјал за денешните одделенски и предметни наставници во реализирањето на наставата по музичко образование, но и на секој истражувач и љубител на детската песна, вклучувајќи ги и децата. Оваа промоција ќе биде дел од еден поголем настан, „За Маестрото“, кој е во организација на синот на маестро Џамбазов, Игор Џамбазов и Општина Центар, по повод сеќавање на животот и делото на композиторот, токму на денот на неговиот роденден, 3 февруари. На самиот настан ќе биде откриен и муралот со ликот на Александар Џамбазов, во срцето на Дебар Маало. За таа цел е подготвена и мала музичка програма во која заедно со дел од поранешните „Златни славејчиња“ и „Развигорчиња“ под диригентство на Запро Запров, ќе „оживееме“ четири детски евергрини, кои се вброени во изборот на нотографии во книгата. Тоа се безвременските песни на нашето детство, на детставата на многу генерации, „Песна за Скопје“ („Градот убав“), „За сите деца“, „Мојата учителка“ и „Еј, гулаби, гулаби бели“, за чија изведба специјално од Битола ќе допатува оригиналното „Златно славејче“ од 1972 година, Билјана Дамјановска Јанчевска.

The post Промоција на збирка детски песни „Чичко маестро Џамбаз – во светот на децата“ appeared first on Република.

]]>
Ликовите од конфликтната 2001-ва се враќаат во „Северна“: Амбасадорот кој даваше поддршка на Албанците промовира книга https://republika.mk/vesti/makedonija/likovite-od-konfliktnata-2001-va-se-vrakaat-vo-severna-ambasadorot-koj-davashe-poddrshka-na-albantsite-promovira-kniga/ Thu, 01 Feb 2024 12:01:56 +0000 https://republika.mk/?p=739377

Денеска во Македонија доаѓа Ален Ле Роа. Помладите сигурно не знаат за кого станува збор но возрасните добро знаат кој е Ле Роа.

Тој е долгогодишен француски дипломат кој во конфликтната 2001 година и потоа се „моташе“ во Македонија како специјален претставник за ЕУ.

Сѐ уште се памети неговата недвослислена поддршка на Албанците и настојувањето да се потпише Охридскиот рамковен договор.

Ле Роа даде поддршка и на договорот од Преспа.Тогаш говореше дека со него Македонија ќе ги почне преговорите со ЕУ.

https://republika.mk/vesti/kultura/alen-le-roa-ke-ja-promovira-knigata-dolgata-tranzitsija-na-makedonija-od-nezavisnosta-do-prespanskiot-dogovor-i-potoa-od-ivan-dodovski-i-robert-hadson/

Денеска пак ќе промовира книгата Книгата „Долгата транзиција на Македонија: од независноста до Преспанскиот договор и потоа

The post Ликовите од конфликтната 2001-ва се враќаат во „Северна“: Амбасадорот кој даваше поддршка на Албанците промовира книга appeared first on Република.

]]>

Денеска во Македонија доаѓа Ален Ле Роа. Помладите сигурно не знаат за кого станува збор но возрасните добро знаат кој е Ле Роа. Тој е долгогодишен француски дипломат кој во конфликтната 2001 година и потоа се „моташе“ во Македонија како специјален претставник за ЕУ. Сѐ уште се памети неговата недвослислена поддршка на Албанците и настојувањето да се потпише Охридскиот рамковен договор. Ле Роа даде поддршка и на договорот од Преспа.Тогаш говореше дека со него Македонија ќе ги почне преговорите со ЕУ. https://republika.mk/vesti/kultura/alen-le-roa-ke-ja-promovira-knigata-dolgata-tranzitsija-na-makedonija-od-nezavisnosta-do-prespanskiot-dogovor-i-potoa-od-ivan-dodovski-i-robert-hadson/ Денеска пак ќе промовира книгата Книгата „Долгата транзиција на Македонија: од независноста до Преспанскиот договор и потоа  

The post Ликовите од конфликтната 2001-ва се враќаат во „Северна“: Амбасадорот кој даваше поддршка на Албанците промовира книга appeared first on Република.

]]>
Милчо Манчевски вечерва ќе ја промовира новата книга https://republika.mk/vesti/kultura/milcho-manchevski-vecherva-ke-ja-promovira-novata-kniga/ Thu, 01 Feb 2024 07:53:06 +0000 https://republika.mk/?p=739195

Новата книга на нашиот најтрофеен режисер Милчо Манчевски, „Манчевски: Пет есеи“ ќе биде претставена како дел од целовечерна мултимедијална презентација (со проекција на филмови и промоција) на 1 февруари (четврток) во 19 часот во новиот Културен центар „Лабораториум“ (старата печатница на „Нова Македонија“, Бул. „Климент Охридски“ 68) во Скопје.

Издавач на двојазичната книга (македонски и англиски) е Филозофското друштво на Македонија. Предговорот е на проф. д-р Иван Џепароски.

Книгата содржи пет есеи пишувани во различни периоди, кои се резултат на долгогодишните размислувања на Манчевски за уметноста од позиција на уметник во повеќе области (покрај филм, тој твори и во полето на фотографија, ликовни уметности, и книжевност), но и од позиција на педагог. Манчевски долги години работи како професор на постдипломски студии, прво на реномираниот Њујоршки универзитет, од каде произлегуваат Мартин Скорсезе, браќата Коен, Кери Фукунага, Клое Жао (студенти на Манчевски имаат освоено бројни награди, меѓу кои и два Оскари; режисерот на последниот филм за Џејмс Бонд е исто така студент на Манчевски), но и на државните филмски школи во Куба и во Москва, како и во Шангај, Берлин и други.

Размислувањата и анализите на Манчевски резултираат со комплексни есеи кои се претставени на меѓународни конференции. Меѓу нив се и „Засновано на вистински настан: вистина и прикаска, уметност и верба“, првпат претставена на конференцијата „Филм и вера“ во Ватикан, 2011; есејот „Зошто сакам да пишувам и мразам да режирам: исповед на еден сценарист-режисер што се лечи“ претставена на конференцијата на професори по сценарио и режија во Потсдам 2014 и есејот „Кога некој филм ‘не е доволно македонски’“ од 2022.

Kнигата на нашиот бележит режисер и сценарист Милчо Манчевски претставува несекојдневно и особено успешно понирање во тајновидниот свет на творештвото воопшто, како и на конкретното индивидуално искуство поврзано со создавањето на сопствените најзначајни филмски остварувања… Петте есеи во оваа книга не само што нè внесуваат во секогаш возбудливиот свет на авторот и на авторството, туку, едновремено, претставуваат и несомнен придонес за теоријата и историјата на филмот воопшто, како и за теоријата и историјата на македонскиот филм поодделно, и тоа од гледна точка на естетичката теорија на творештвото, како и на категоријата ‘естетско искуство’, односно ‘естетско доживување’“, вели проф. Џепароски во предговорот.

Промотивна реч за книгата ќе одржи проф. д-р Ана Димишковска, а делови од есеите ќе читаат актерите Никола Ристески и Елена Кузманов.

Мултимедијалниот настан под наслов МИЛЧО НА ПРВИ ВТОРИ: ФОКУС МАНЧЕВСКИ продолжува со проекција на наградуваните филмови на Манчевски БИКИНИ МУН (2017, САД), ЧЕТВРТОК (2014, САД) и КРАЈОТ НА ВРЕМЕТО (2017 кубанско-американски).

Ќе бидат презентирани и визуелни моменти од книгата ТАМУ, како и музика од филмовите на Манчевски, а Игор Василев-Новоградска, чест соработник на Манчевски, ќе ја заврши вечерта со музика од оригиналниот саундтрак за филмот БИКИНИ МУН.

The post Милчо Манчевски вечерва ќе ја промовира новата книга appeared first on Република.

]]>

Новата книга на нашиот најтрофеен режисер Милчо Манчевски, „Манчевски: Пет есеи“ ќе биде претставена како дел од целовечерна мултимедијална презентација (со проекција на филмови и промоција) на 1 февруари (четврток) во 19 часот во новиот Културен центар „Лабораториум“ (старата печатница на „Нова Македонија“, Бул. „Климент Охридски“ 68) во Скопје. Издавач на двојазичната книга (македонски и англиски) е Филозофското друштво на Македонија. Предговорот е на проф. д-р Иван Џепароски. Книгата содржи пет есеи пишувани во различни периоди, кои се резултат на долгогодишните размислувања на Манчевски за уметноста од позиција на уметник во повеќе области (покрај филм, тој твори и во полето на фотографија, ликовни уметности, и книжевност), но и од позиција на педагог. Манчевски долги години работи како професор на постдипломски студии, прво на реномираниот Њујоршки универзитет, од каде произлегуваат Мартин Скорсезе, браќата Коен, Кери Фукунага, Клое Жао (студенти на Манчевски имаат освоено бројни награди, меѓу кои и два Оскари; режисерот на последниот филм за Џејмс Бонд е исто така студент на Манчевски), но и на државните филмски школи во Куба и во Москва, како и во Шангај, Берлин и други. Размислувањата и анализите на Манчевски резултираат со комплексни есеи кои се претставени на меѓународни конференции. Меѓу нив се и „Засновано на вистински настан: вистина и прикаска, уметност и верба“, првпат претставена на конференцијата „Филм и вера“ во Ватикан, 2011; есејот „Зошто сакам да пишувам и мразам да режирам: исповед на еден сценарист-режисер што се лечи“ претставена на конференцијата на професори по сценарио и режија во Потсдам 2014 и есејот „Кога некој филм ‘не е доволно македонски’“ од 2022.
Kнигата на нашиот бележит режисер и сценарист Милчо Манчевски претставува несекојдневно и особено успешно понирање во тајновидниот свет на творештвото воопшто, како и на конкретното индивидуално искуство поврзано со создавањето на сопствените најзначајни филмски остварувања… Петте есеи во оваа книга не само што нè внесуваат во секогаш возбудливиот свет на авторот и на авторството, туку, едновремено, претставуваат и несомнен придонес за теоријата и историјата на филмот воопшто, како и за теоријата и историјата на македонскиот филм поодделно, и тоа од гледна точка на естетичката теорија на творештвото, како и на категоријата ‘естетско искуство’, односно ‘естетско доживување’“, вели проф. Џепароски во предговорот.
Промотивна реч за книгата ќе одржи проф. д-р Ана Димишковска, а делови од есеите ќе читаат актерите Никола Ристески и Елена Кузманов. Мултимедијалниот настан под наслов МИЛЧО НА ПРВИ ВТОРИ: ФОКУС МАНЧЕВСКИ продолжува со проекција на наградуваните филмови на Манчевски БИКИНИ МУН (2017, САД), ЧЕТВРТОК (2014, САД) и КРАЈОТ НА ВРЕМЕТО (2017 кубанско-американски). Ќе бидат презентирани и визуелни моменти од книгата ТАМУ, како и музика од филмовите на Манчевски, а Игор Василев-Новоградска, чест соработник на Манчевски, ќе ја заврши вечерта со музика од оригиналниот саундтрак за филмот БИКИНИ МУН.  

The post Милчо Манчевски вечерва ќе ја промовира новата книга appeared first on Република.

]]>
Ѓоковиќ пишува нова книга: Ќе откријам многу работи https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/gokovik-pishuva-nova-kniga-ke-otkrijam-mnogu-raboti/ Tue, 16 Jan 2024 08:02:30 +0000 https://republika.mk/?p=733441

Новак Ѓоковиќ најави дека пишува книга.Ова ќе биде негова прва книга по првата „Сервирај за победа“.

Ќе дојде на ред и автобиографија. Сепак, пред автобиографијата ќе има уште една книга која веќе самостојно почнав да ја пишувам, но веројатно ќе побарам помош за сето тоа. Тоа треба да биде продолжение на книгата „Служи за победа“, ќе биде за исхрана, закрепнување, тренинзи, толку потехнички по природа. А автобиографијата ќе дојде еден ден, најверојатно кога ќе ја завршам кариерата. Ќе се направи, не сакам да избрзувам затоа што има многу да се каже. Ќе има многу кажувања кога повеќе нема да ги гледам овие луѓе - ха ха, само се шегувам, се разбира! - изјави Ѓоковиќ.

The post Ѓоковиќ пишува нова книга: Ќе откријам многу работи appeared first on Република.