ЈСП Archives - Република https://republika.mk/tema/jsp/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 12:03:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЈСП Archives - Република https://republika.mk/tema/jsp/ 32 32 Скандалот се продлабочува: Финансиска полиција ги „чешла“ јавните набавки за мазут во ЈСП https://republika.mk/vesti/skopje/skandalot-se-prodlabochuva-finansiska-politsija-gi-cheshla-javnite-nabavki-za-mazut-vo-jsp/ Thu, 21 Nov 2024 11:49:19 +0000 https://republika.mk/?p=840337

Според последните информации од терен, скандалот во ЈСП се продлабочува. Активирана е и Финансиската полиција.

Во врска со проблемот со јавниот превоз во Скопје, Основното јавно обвинителство Скопје ги следи сите информации и веќе се дадени одредени насоки на Управата за финансиска полиција да ги испита постапките за јавни набавки на мазут за потребите на ЈСП.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

The post Скандалот се продлабочува: Финансиска полиција ги „чешла“ јавните набавки за мазут во ЈСП appeared first on Република.

]]>

Според последните информации од терен, скандалот во ЈСП се продлабочува. Активирана е и Финансиската полиција. Во врска со проблемот со јавниот превоз во Скопје, Основното јавно обвинителство Скопје ги следи сите информации и веќе се дадени одредени насоки на Управата за финансиска полиција да ги испита постапките за јавни набавки на мазут за потребите на ЈСП. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

The post Скандалот се продлабочува: Финансиска полиција ги „чешла“ јавните набавки за мазут во ЈСП appeared first on Република.

]]>
Владата се вклучува во решавањето на проблемот со јавниот превоз, закажана итна седница за 14 часот https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-se-vkluchuva-vo-reshavaneto-na-problemot-so-javniot-prevoz-zakazhana-itna-sednitsa-za-14-chasot/ Thu, 21 Nov 2024 11:05:10 +0000 https://republika.mk/?p=840317

Владата се вклучува во решавање на проблемот со јавниот превоз. Денеска во 14 часот ќе се одржи итна владина седница за надминување на состојбата во Градот Скопје со недостиг на гориво за Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП).

На седницата, најверојатно, ќе се расправа за позајмување на гориво од нафтените државни резерви кои ќе се доделат на Градот Скопје се до надминување на проблемот со набавката на нафта за градот и ЈСП.

Скопјани од утрово мора да се снаоѓаат за да стасаат до своите работни места поради вчерашните најави на синдикатите при ЈСП „Скопје“ дека јавниот градски превоз во главниот град ќе се одвива со драстично редуциран број на автобуси, поради недостиг на гориво.

Уште од вчеравечер граѓаните на социјалните мрежи се организираат како да стигнат на работа. Така, во многу групи на социјалните мрежи се нудат слободни места во автомобилите и се посочува релацијата на која ќе се движат.

 

The post Владата се вклучува во решавањето на проблемот со јавниот превоз, закажана итна седница за 14 часот appeared first on Република.

]]>

Владата се вклучува во решавање на проблемот со јавниот превоз. Денеска во 14 часот ќе се одржи итна владина седница за надминување на состојбата во Градот Скопје со недостиг на гориво за Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП). На седницата, најверојатно, ќе се расправа за позајмување на гориво од нафтените државни резерви кои ќе се доделат на Градот Скопје се до надминување на проблемот со набавката на нафта за градот и ЈСП. Скопјани од утрово мора да се снаоѓаат за да стасаат до своите работни места поради вчерашните најави на синдикатите при ЈСП „Скопје“ дека јавниот градски превоз во главниот град ќе се одвива со драстично редуциран број на автобуси, поради недостиг на гориво. Уште од вчеравечер граѓаните на социјалните мрежи се организираат како да стигнат на работа. Така, во многу групи на социјалните мрежи се нудат слободни места во автомобилите и се посочува релацијата на која ќе се движат.  

The post Владата се вклучува во решавањето на проблемот со јавниот превоз, закажана итна седница за 14 часот appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Срамота е главниот град да им оневозможи на учениците да добијат образование, апелирам итно да се најде решение за јавниот превоз https://republika.mk/vesti/makedonija/janevska-sramota-e-glavniot-grad-da-im-onevozmozhi-na-uchenitsite-da-dobijat-obrazovanie-apeliram-itno-da-se-najde-reshenie-za-javniot-prevoz/ Thu, 21 Nov 2024 10:49:26 +0000 https://republika.mk/?p=840300

Министерката за образование и наука Весна Јаневска апелира до градските власти под итно да најдат соодветно решение за јавниот градски превоз. Според анализата на Министерството за образование и наука од Е-дневник, како што изјави денеска Јаневска, нема значајна разлика во отсуствата на учениците.

Претпоставувам дека учениците и родителите се организираат најдобро што можат нивните деца да стигнат во училиште, но и наставниците имаат разбирање за ова што се случува. Состојбата е многу лоша и срамота е во главниот град да им се онезвоможи на учениците да добијат соодветно образование што е загарантирано право со Устав. Се надевам дека ќе се најде решение за оваа ситуација затоа што е недозволиво сите напори што ги правиме, промените што се обидуваме да ги спроведеме за подобрување на квалитетот на образованието, да бидат на некој начин спречувани заради неорганизираност на градските власти. Се надевам дека градските власти сериозно ќе ја сфатат оваа ситуација и под итно ќе најдат соодветно решение, изјави Јаневска пред почетокот на потпишувањето на Анексот на меморандумот за соработка меѓу МОН и Амбасадата на Франција.

Јаневска дава поддршка и на студентите кои најавија дека утре ќе се приклучат на протестот пред Град Скопје доколку не се најде решение со јавниот превоз.

Апсолутно се во право, имаат право својот револт на соодветен начин да го изразат и ако ова е единствениот начин да најдат решение, јас ги поддржувам, рече Јаневска.

Проблемите со јавниот градски превоз кулминираа вчера откако најголем дел од автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие не возеа поради недостиг на гориво. Во сообраќај беа пуштени само 25 автобуси кои работат на гас.

За денеска во 18 часот е закажана вонредна сендица на Советот на Град Скопје, а дел од политичките партии побараа оставка од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсоваска.

 

The post Јаневска: Срамота е главниот град да им оневозможи на учениците да добијат образование, апелирам итно да се најде решение за јавниот превоз appeared first on Република.

]]>

Министерката за образование и наука Весна Јаневска апелира до градските власти под итно да најдат соодветно решение за јавниот градски превоз. Според анализата на Министерството за образование и наука од Е-дневник, како што изјави денеска Јаневска, нема значајна разлика во отсуствата на учениците.
Претпоставувам дека учениците и родителите се организираат најдобро што можат нивните деца да стигнат во училиште, но и наставниците имаат разбирање за ова што се случува. Состојбата е многу лоша и срамота е во главниот град да им се онезвоможи на учениците да добијат соодветно образование што е загарантирано право со Устав. Се надевам дека ќе се најде решение за оваа ситуација затоа што е недозволиво сите напори што ги правиме, промените што се обидуваме да ги спроведеме за подобрување на квалитетот на образованието, да бидат на некој начин спречувани заради неорганизираност на градските власти. Се надевам дека градските власти сериозно ќе ја сфатат оваа ситуација и под итно ќе најдат соодветно решение, изјави Јаневска пред почетокот на потпишувањето на Анексот на меморандумот за соработка меѓу МОН и Амбасадата на Франција.
Јаневска дава поддршка и на студентите кои најавија дека утре ќе се приклучат на протестот пред Град Скопје доколку не се најде решение со јавниот превоз.
Апсолутно се во право, имаат право својот револт на соодветен начин да го изразат и ако ова е единствениот начин да најдат решение, јас ги поддржувам, рече Јаневска.
Проблемите со јавниот градски превоз кулминираа вчера откако најголем дел од автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие не возеа поради недостиг на гориво. Во сообраќај беа пуштени само 25 автобуси кои работат на гас. За денеска во 18 часот е закажана вонредна сендица на Советот на Град Скопје, а дел од политичките партии побараа оставка од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсоваска.  

The post Јаневска: Срамота е главниот град да им оневозможи на учениците да добијат образование, апелирам итно да се најде решение за јавниот превоз appeared first on Република.

]]>
ЈСП избрале неприфатлива понуда за најповолна: Бирото за јавни набавки објасни зошто е поништен тендерот за набавка на нафта https://republika.mk/vesti/skopje/jsp-izbrale-neprifatliva-ponuda-za-najpovolna-biroto-za-javni-nabavki-objasni-zoshto-e-ponishten-tenderot-za-nabavka-na-nafta/ Thu, 21 Nov 2024 10:14:44 +0000 https://republika.mk/?p=840278

Постапката за јавна набавка на Еуродизел, објавена од страна на договорниот орган ЈСП беше предмет на управна контрола во Бирото за јавни набавки по сила на закон. Имено, сите постапки за јавни набавки на стоки и услуги со вредност над 500.000 евра, се предмет на управна контрола согласно со членот 172 став 3 од Законот за јавни набавки, без оглед на тоа кој договорен орган ги спроведува, стои во Известувањето од Бирото за јавни набавки во однос на набавката на гориво на ЈСП-Скопје.

Во однос на конкретната постапка, управната контрола најде дека договорниот орган ЈСП избрал неприфатлива понуда за најповолна. Оваа понуда, која била и единствена поднесена понуда во постапката, не исполнува услов кој самиот ЈСП го навел во точка 1.4.8 од тендерската документација. Тоа всушност е наведено и во самиот извештај од спроведена постапка на комисијата за јавна набавка во ЈСП.

Управната контрола, имајќи го тоа предвид, дала јасни инструкции што треба да преземе ЈСП во записникот од спроведена управна контрола. Имено, со оглед на тоа што ЈСП направил избор на неприфатлива понуда, а други понуди немало во постапката, дала инструкции комисијата за јавна набавка да ја стави вон сила донесената одлука за избор и да донесе одлука за поништување на постапката. Таквите инструкции се согласно член 177 став 3 од законот. Напоменуваме дека ЈСП не ја искористил ниту можноста да ги оспори инструкциите на Бирото преку механизмите што му стојат на располагање во законот, од едноставна причина што станува збор за правилно утврдена фактичка состојба од страна на Бирото и исход на постапката кој не може да биде поинаков, а да биде согласно со законот.

Ставовите искажани во денешното соопштение од Градот Скопје со кои се прави обид фокусот од лошо спроведената постапка да се прекрие со клевети од типот „кадарот на шефот на ВМРО во Бирото за јавни набавки“ во целост ги отфрламе како непримерни и непрофесионални. Бирото за јавни набавки постапува професионално, без оглед на дневните политички препукувања, а наместо да шири политикантство, Градот Скопје навремено треба да реагира и да ги искористи законските можности кои му стојат на располагање да се задоволат итните потреби за гориво до завршување на редовната постапка. За секој проблем има решение, само што Градот треба да има волја и знаење да го најде, наместо да бара дежурни виновници кај другите за проблемите кои самиот ги создава, се вели во соопштението на Бирото за јавни набавки.

The post ЈСП избрале неприфатлива понуда за најповолна: Бирото за јавни набавки објасни зошто е поништен тендерот за набавка на нафта appeared first on Република.

]]>

Постапката за јавна набавка на Еуродизел, објавена од страна на договорниот орган ЈСП беше предмет на управна контрола во Бирото за јавни набавки по сила на закон. Имено, сите постапки за јавни набавки на стоки и услуги со вредност над 500.000 евра, се предмет на управна контрола согласно со членот 172 став 3 од Законот за јавни набавки, без оглед на тоа кој договорен орган ги спроведува, стои во Известувањето од Бирото за јавни набавки во однос на набавката на гориво на ЈСП-Скопје.
Во однос на конкретната постапка, управната контрола најде дека договорниот орган ЈСП избрал неприфатлива понуда за најповолна. Оваа понуда, која била и единствена поднесена понуда во постапката, не исполнува услов кој самиот ЈСП го навел во точка 1.4.8 од тендерската документација. Тоа всушност е наведено и во самиот извештај од спроведена постапка на комисијата за јавна набавка во ЈСП. Управната контрола, имајќи го тоа предвид, дала јасни инструкции што треба да преземе ЈСП во записникот од спроведена управна контрола. Имено, со оглед на тоа што ЈСП направил избор на неприфатлива понуда, а други понуди немало во постапката, дала инструкции комисијата за јавна набавка да ја стави вон сила донесената одлука за избор и да донесе одлука за поништување на постапката. Таквите инструкции се согласно член 177 став 3 од законот. Напоменуваме дека ЈСП не ја искористил ниту можноста да ги оспори инструкциите на Бирото преку механизмите што му стојат на располагање во законот, од едноставна причина што станува збор за правилно утврдена фактичка состојба од страна на Бирото и исход на постапката кој не може да биде поинаков, а да биде согласно со законот. Ставовите искажани во денешното соопштение од Градот Скопје со кои се прави обид фокусот од лошо спроведената постапка да се прекрие со клевети од типот „кадарот на шефот на ВМРО во Бирото за јавни набавки“ во целост ги отфрламе како непримерни и непрофесионални. Бирото за јавни набавки постапува професионално, без оглед на дневните политички препукувања, а наместо да шири политикантство, Градот Скопје навремено треба да реагира и да ги искористи законските можности кои му стојат на располагање да се задоволат итните потреби за гориво до завршување на редовната постапка. За секој проблем има решение, само што Градот треба да има волја и знаење да го најде, наместо да бара дежурни виновници кај другите за проблемите кои самиот ги создава, се вели во соопштението на Бирото за јавни набавки.

The post ЈСП избрале неприфатлива понуда за најповолна: Бирото за јавни набавки објасни зошто е поништен тендерот за набавка на нафта appeared first on Република.

]]>
Ова е колоквиумска недела, не може да стасаме на полагање, нормализирајте го јавниот превоз во Скопје, инаку ќе протестираме https://republika.mk/vesti/skopje/ova-e-kolokviumska-nedela-ne-mozhe-da-stasame-na-polagane-normalizirajte-go-javniot-prevoz-vo-skopje-inaku-ke-protestirame/ Thu, 21 Nov 2024 10:11:48 +0000 https://republika.mk/?p=840266

Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) упати отворено писмо до градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и Јавното сообраќајно претпријатие во кое поставува ултиматум за нормализирање на јавниот превоз во Скопје до крајот на денешниот ден (21 ноември). Во спротивно, ќе се приклучат на протестот најавен за петок (22 ноември).

„По спроведената анкета на која одговорија над 3150 студенти, 84% од нив во последните денови чекаат автобус повеќе од 15 минути, а 65,9% од нив, чекаат автобус над 20 минути. Дополнително, 93,4% од студентите не се задоволни од квалитетот на јавен градски превоз во градот, а 65,9% од истите воопшто не се задоволни од истиот“, велат од УСС УКИМ.

Оттаму напоменуваат дека периодов е колоквиумска недела и се одржуваат редовни предавања на УКИМ, а нередовните линии, неисправните автобуси и долгото чекање на постојките го нарушуваат студентскиот стандард.

„Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје и градоначалник на град Скопје г-ѓа Данела Арсовска до крајот на утрешниот ден 21.11.2024 да воспостават итна и неодложна редовност на автобуските линии и враќање во нормална функција на јавниот градски превоз во град Скопје со цел зачувување на интегритетот на студентите и студентскиот стандард. Доколку не се добие повратен одговор на ова барање и не се регулира сообраќајниот режим, како легитимно тело кое претставува над 28.000 студенти при УКИМ, УСС ќе се приклучи масовно на организираниот протест во петок 22.11.2024 со цел изразување на огромното незадоволството од менаџирањето на Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје- Скопје“, се вели во дописот од УСС УКИМ.

Дополнително, УСС апелира за воспоставување на нови и ефикасни транспортни решенија и отпочнување на предвидените инфраструктурни проекти најавени од страна на градоначалничката и нејзиниот тим во предизборната програма, но и, како што се додава, од страна на претходните градоначалници.

Конкретно, барањата се следните: Продолжување и финализирање на проектот за Bus Rapid Transit, воведување на градска железница со искористување на постоечките капацитети и изградба на пруга до Аеродромот Скопје, Отпочнување и финализирање на предвидените инфраструктурни проекти (Јужен Булевар, бул. Хрватска, бул. Србија, мостот кај Хотел Русија, продолжување на бул. Климент Охридски преку Вардар, под Кале до бул. Никола Карев, продолжување на бул. Илинден, Источна обиколница), мабавка на нови автобуси и отворање на нови автобуски линии, надградба на велосипедската инфраструктура и промоција и поддршка на алтернативни видови на транспорт.

 

The post Ова е колоквиумска недела, не може да стасаме на полагање, нормализирајте го јавниот превоз во Скопје, инаку ќе протестираме appeared first on Република.

]]>

Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) упати отворено писмо до градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и Јавното сообраќајно претпријатие во кое поставува ултиматум за нормализирање на јавниот превоз во Скопје до крајот на денешниот ден (21 ноември). Во спротивно, ќе се приклучат на протестот најавен за петок (22 ноември). „По спроведената анкета на која одговорија над 3150 студенти, 84% од нив во последните денови чекаат автобус повеќе од 15 минути, а 65,9% од нив, чекаат автобус над 20 минути. Дополнително, 93,4% од студентите не се задоволни од квалитетот на јавен градски превоз во градот, а 65,9% од истите воопшто не се задоволни од истиот“, велат од УСС УКИМ. Оттаму напоменуваат дека периодов е колоквиумска недела и се одржуваат редовни предавања на УКИМ, а нередовните линии, неисправните автобуси и долгото чекање на постојките го нарушуваат студентскиот стандард. „Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје и градоначалник на град Скопје г-ѓа Данела Арсовска до крајот на утрешниот ден 21.11.2024 да воспостават итна и неодложна редовност на автобуските линии и враќање во нормална функција на јавниот градски превоз во град Скопје со цел зачувување на интегритетот на студентите и студентскиот стандард. Доколку не се добие повратен одговор на ова барање и не се регулира сообраќајниот режим, како легитимно тело кое претставува над 28.000 студенти при УКИМ, УСС ќе се приклучи масовно на организираниот протест во петок 22.11.2024 со цел изразување на огромното незадоволството од менаџирањето на Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје- Скопје“, се вели во дописот од УСС УКИМ. Дополнително, УСС апелира за воспоставување на нови и ефикасни транспортни решенија и отпочнување на предвидените инфраструктурни проекти најавени од страна на градоначалничката и нејзиниот тим во предизборната програма, но и, како што се додава, од страна на претходните градоначалници. Конкретно, барањата се следните: Продолжување и финализирање на проектот за Bus Rapid Transit, воведување на градска железница со искористување на постоечките капацитети и изградба на пруга до Аеродромот Скопје, Отпочнување и финализирање на предвидените инфраструктурни проекти (Јужен Булевар, бул. Хрватска, бул. Србија, мостот кај Хотел Русија, продолжување на бул. Климент Охридски преку Вардар, под Кале до бул. Никола Карев, продолжување на бул. Илинден, Источна обиколница), мабавка на нови автобуси и отворање на нови автобуски линии, надградба на велосипедската инфраструктура и промоција и поддршка на алтернативни видови на транспорт.  

The post Ова е колоквиумска недела, не може да стасаме на полагање, нормализирајте го јавниот превоз во Скопје, инаку ќе протестираме appeared first on Република.

]]>
Скопјани на социјалните мрежи се организираат за превоз до работа поради колапсот на ЈСП https://republika.mk/vesti/skopje/skopjani-na-sotsijalnite-mrezhi-se-organiziraat-za-prevoz-do-rabota-poradi-kolapsot-na-jsp/ Thu, 21 Nov 2024 08:27:15 +0000 https://republika.mk/?p=840168

Скопјани од утрово сами се организираат за да стигнат на работа поради вчерашните најави на синдикатите при ЈСП „Скопје“ дека јавниот градски превоз во главниот град ќе се одвива со драстично редуциран број на автобуси, поради недостиг на гориво.

https://republika.mk/vesti/skopje/za-tselo-skopje-samo-25-avtobusi-drugite-stojat-parkirani/

Во многу групи на социјалните мрежи се нудат слободни места во автомобилите и се посочува релацијата на која ќе се движат.

Утре тргнувам на работа во 6.25 од Марино кај Злате, возам по автопат, автобуска Коце и продолжувам по мост „Автокоманда“ „Бриколаж“ хотел „Русија“ и поминувам кај Мајчин Дом. Ако некоја има потреба, можам најмногу три жени да земам, затоа што позади имам бебе, ама ќе се стуткаме, напиша една жена на социјалните медиуми.

Друга граѓанка напиша:

Ако на некоја од вас и е потребен превоз на релација од Ново Лисиче до Центар, кај Олимпискии базен меѓу 7,30 и 7,45 контактирајте ме.

На Фејсбук кружат и објави со апел до граѓаните да се солидаризираат со патниците на кои им е потребен превоз.

Утрово и во текот на денот ако проаѓате со кола покрај автобуска станица и забележите гужвa, застанете качете некое дете или пензионер префрлете ги до школо или болница. Да бидеме луѓе, да се чуваме“, се вели во објавата што се споделува.

https://republika.mk/vesti/skopje/slaveski-svika-itna-vonredna-sednitsa-na-sovetot-na-skopje-poradi-kolapsot-na-javniot-prevoz/

The post Скопјани на социјалните мрежи се организираат за превоз до работа поради колапсот на ЈСП appeared first on Република.

]]>

Скопјани од утрово сами се организираат за да стигнат на работа поради вчерашните најави на синдикатите при ЈСП „Скопје“ дека јавниот градски превоз во главниот град ќе се одвива со драстично редуциран број на автобуси, поради недостиг на гориво. https://republika.mk/vesti/skopje/za-tselo-skopje-samo-25-avtobusi-drugite-stojat-parkirani/ Во многу групи на социјалните мрежи се нудат слободни места во автомобилите и се посочува релацијата на која ќе се движат.
Утре тргнувам на работа во 6.25 од Марино кај Злате, возам по автопат, автобуска Коце и продолжувам по мост „Автокоманда“ „Бриколаж“ хотел „Русија“ и поминувам кај Мајчин Дом. Ако некоја има потреба, можам најмногу три жени да земам, затоа што позади имам бебе, ама ќе се стуткаме, напиша една жена на социјалните медиуми.
Друга граѓанка напиша:
Ако на некоја од вас и е потребен превоз на релација од Ново Лисиче до Центар, кај Олимпискии базен меѓу 7,30 и 7,45 контактирајте ме.
На Фејсбук кружат и објави со апел до граѓаните да се солидаризираат со патниците на кои им е потребен превоз.
Утрово и во текот на денот ако проаѓате со кола покрај автобуска станица и забележите гужвa, застанете качете некое дете или пензионер префрлете ги до школо или болница. Да бидеме луѓе, да се чуваме“, се вели во објавата што се споделува.
https://republika.mk/vesti/skopje/slaveski-svika-itna-vonredna-sednitsa-na-sovetot-na-skopje-poradi-kolapsot-na-javniot-prevoz/

The post Скопјани на социјалните мрежи се организираат за превоз до работа поради колапсот на ЈСП appeared first on Република.

]]>
Нема јавен превоз низ цело Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/nema-javen-prevoz-niz-tselo-skopje/ Thu, 21 Nov 2024 06:35:31 +0000 https://republika.mk/?p=840113

Денеска цело Скопје остана без јавен превоз и вистинска умешност е да се стигне на работа за тие што немаат автомобил. Доцнат и учениците за на училиште.

Бесот се искажува на социјалните мрежи а се најавуваат и протести.

Недостигот на нафта веќе неколку недели го попречува нормалното функционирање на ЈСП и предизвика сериозен проблем на транспортот на учениците и на вработените во главниот град.

Од ССМ ЈСП Скопје за МИА рекоа дека нема дистрибуција на нафта од „Пуцко Петрол“ за ЈСП „Скопје“ поради голем долг.

Африм Муча, претседател на Независниот синдикат на возачите во ЈСП, вели дека состојбата е многу сериозна, дури и алармантна, бидејќи речиси 70 проценти од возилата се паркирани.

Град Скопје ја префрла топката кон ЈСП, нагласувајќи дека се работи за смислено сценарио од страна на ВМРО-ДПМНЕ со цел пропаѓање на претпријатието.

The post Нема јавен превоз низ цело Скопје appeared first on Република.

]]>

Денеска цело Скопје остана без јавен превоз и вистинска умешност е да се стигне на работа за тие што немаат автомобил. Доцнат и учениците за на училиште. Бесот се искажува на социјалните мрежи а се најавуваат и протести. Недостигот на нафта веќе неколку недели го попречува нормалното функционирање на ЈСП и предизвика сериозен проблем на транспортот на учениците и на вработените во главниот град. Од ССМ ЈСП Скопје за МИА рекоа дека нема дистрибуција на нафта од „Пуцко Петрол“ за ЈСП „Скопје“ поради голем долг. Африм Муча, претседател на Независниот синдикат на возачите во ЈСП, вели дека состојбата е многу сериозна, дури и алармантна, бидејќи речиси 70 проценти од возилата се паркирани. Град Скопје ја префрла топката кон ЈСП, нагласувајќи дека се работи за смислено сценарио од страна на ВМРО-ДПМНЕ со цел пропаѓање на претпријатието.

The post Нема јавен превоз низ цело Скопје appeared first on Република.

]]>
Доколку до изутрина нема нафта за автобусите, Скопје утре ќе остане без градски превоз https://republika.mk/vesti/skopje/dokolku-do-izutrina-nema-nafta-za-avtobusite-skopje-utre-ke-ostane-bez-gradski-prevoz/ Wed, 20 Nov 2024 20:15:55 +0000 https://republika.mk/?p=840088

Денеска јавниот превоз во Скопје, колабираше. Поради недостиг на гориво, повеќето автобуси останаа во гаража, а граѓаните ги опслужуваа само 25 автобуси, што беше причина на постојките да се чека и повеќе од час. Граѓаните револтирани, измрзнати, нервозни незнаеја како да стасаат на училиште, на работа или дома. И овој проблем не е актуелен само денеска. Напротив, утре најверојатно Скопје ќе остане без ниту еден автобус на терен, доколку автобусите не добијат нафта до вечер или утре изутрина, најавуваат од Независниот синдикат на возачи.

Револтирани се сите, па и студентите.

Универзитетско студентско собрание при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје попладнево испрати соопштение во кое има голем број поплаки од состојбата во која се наоѓаат студентите поради нередовниот превоз. Претседателот на Универзитетското студентско собрание (УСС) на УКИМ, Александар Николоски бара итно воспоставување на редовните линии и враќање во нормала на функцијата на јавниот превоз и воведување на нови и ефикасни транспортни решенија. Нивните барања се упатени на адреса на градоначалничката Данела Арсовска и на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Ако не се најде решение за јавниот превоз и над 28.000 студенти ќе излезат на протест и ќе им се приклучат на граѓаните кои веќе најавија дека во петок излегуваат на улица.

Данела Арсовска и и Јавно сообраќајно претпријатие Скопје, по спроведената анкета на која

одговорија над 3.150 студенти, 84% од нив во последните денови чекаат автобус повеќе од 15 минути, а 65,9% од нив, чекаат автобус над 20 минути. Дополнително, 93,4% од студентите не се задоволни од квалитетот на јавен градски превоз во градот, а 65,9% од истите воопшто не се задоволни од истиот. Затоа, по добиените бројни интерни поплаки од страна на студентите за време на одржување на колоквиумска недела и предавања при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ – Скопје и спроведената анкета за евидентната катастрофална положба во која што се наоѓа градскиот превоз, нередовност на линии, неисправност на автобуси, долго чекање на постојки, која секојдневно го нарушува студенскиот стандард“, се вели во реакцијата на УСС на УКИМ.

Оттаму го доставија следниот ултиматум кој ви го пренесуваме во целост:

Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје и градоначаlni;kata на град Скопје, Данела Арсовска до крајот на утрешниот ден 21.11.2024 да воспостават итна и неодложна редовност на автобуските линии и враќање во нормална функција на јавниот градски превоз во град Скопје со цел зачувување на интегритетот на студентите и студентскиот стандард. Доколку не се добие повратен одговор на ова барање и не се регулира сообраќајниот режим, како легитимно тело кое претставува над 28.000 студенти при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје, Универзитетското студентско собрание ќе се приклучи масовно на организираниот протест во петок 22.11.2024 со цел изразување на огромното незадоволството од менаџирањето на Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје- Скопје.

Дополнително, испраќаме силен апел за воспоставување на нови и ефикасни транспортни решенија и конечно отпочнување на предвидените инфраструктурни проекти најавени од ваша страна и вашиот тим во градоначалничката предизборна програма, но и од страна на претходните градоначалници.

Конкретно, барањата се следните: продолжување и финализирање на проектот за Bus Rapid Transit, воведување на градска железница со искористување на постоечките капацитети и изградба на пруга до Аеродромот Скопје, отпочнување и финализирање на предвидените инфраструктурни проекти (Јужен Булевар, бул. Хрватска, бул. Србија, мостот кај Хотел Русија, продолжување на бул. Климент Охридски преку Вардар, под Кале до бул. Никола Карев, продолжување на бул. Илинден, Источна обиколница), набавка на нови автобуси и отворање на нови автобуски линии, надградба на велосипедската инфраструктура и промоција и поддршка на алтернативни видови на транспорт.

Доколку не можете да ги исполните ветувањата дадени во програмата, но и силните барања на граѓаните на вашиот Град, оставката секогаш е отворена опција“.

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш денеска преку соопштение упати поддршка до своите сограѓани за организација на голем сенароден протест пред просториите на Град Скопје, со цел изразување на незадоволството од нефункционирањето на јавниот сообраќаен превоз.

 

 

The post Доколку до изутрина нема нафта за автобусите, Скопје утре ќе остане без градски превоз appeared first on Република.

]]>

Денеска јавниот превоз во Скопје, колабираше. Поради недостиг на гориво, повеќето автобуси останаа во гаража, а граѓаните ги опслужуваа само 25 автобуси, што беше причина на постојките да се чека и повеќе од час. Граѓаните револтирани, измрзнати, нервозни незнаеја како да стасаат на училиште, на работа или дома. И овој проблем не е актуелен само денеска. Напротив, утре најверојатно Скопје ќе остане без ниту еден автобус на терен, доколку автобусите не добијат нафта до вечер или утре изутрина, најавуваат од Независниот синдикат на возачи. Револтирани се сите, па и студентите. Универзитетско студентско собрание при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје попладнево испрати соопштение во кое има голем број поплаки од состојбата во која се наоѓаат студентите поради нередовниот превоз. Претседателот на Универзитетското студентско собрание (УСС) на УКИМ, Александар Николоски бара итно воспоставување на редовните линии и враќање во нормала на функцијата на јавниот превоз и воведување на нови и ефикасни транспортни решенија. Нивните барања се упатени на адреса на градоначалничката Данела Арсовска и на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Ако не се најде решение за јавниот превоз и над 28.000 студенти ќе излезат на протест и ќе им се приклучат на граѓаните кои веќе најавија дека во петок излегуваат на улица. Данела Арсовска и и Јавно сообраќајно претпријатие Скопје, по спроведената анкета на која одговорија над 3.150 студенти, 84% од нив во последните денови чекаат автобус повеќе од 15 минути, а 65,9% од нив, чекаат автобус над 20 минути. Дополнително, 93,4% од студентите не се задоволни од квалитетот на јавен градски превоз во градот, а 65,9% од истите воопшто не се задоволни од истиот. Затоа, по добиените бројни интерни поплаки од страна на студентите за време на одржување на колоквиумска недела и предавања при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ – Скопје и спроведената анкета за евидентната катастрофална положба во која што се наоѓа градскиот превоз, нередовност на линии, неисправност на автобуси, долго чекање на постојки, која секојдневно го нарушува студенскиот стандард“, се вели во реакцијата на УСС на УКИМ. Оттаму го доставија следниот ултиматум кој ви го пренесуваме во целост: Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје и градоначаlni;kata на град Скопје, Данела Арсовска до крајот на утрешниот ден 21.11.2024 да воспостават итна и неодложна редовност на автобуските линии и враќање во нормална функција на јавниот градски превоз во град Скопје со цел зачувување на интегритетот на студентите и студентскиот стандард. Доколку не се добие повратен одговор на ова барање и не се регулира сообраќајниот режим, како легитимно тело кое претставува над 28.000 студенти при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје, Универзитетското студентско собрание ќе се приклучи масовно на организираниот протест во петок 22.11.2024 со цел изразување на огромното незадоволството од менаџирањето на Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје- Скопје. Дополнително, испраќаме силен апел за воспоставување на нови и ефикасни транспортни решенија и конечно отпочнување на предвидените инфраструктурни проекти најавени од ваша страна и вашиот тим во градоначалничката предизборна програма, но и од страна на претходните градоначалници. Конкретно, барањата се следните: продолжување и финализирање на проектот за Bus Rapid Transit, воведување на градска железница со искористување на постоечките капацитети и изградба на пруга до Аеродромот Скопје, отпочнување и финализирање на предвидените инфраструктурни проекти (Јужен Булевар, бул. Хрватска, бул. Србија, мостот кај Хотел Русија, продолжување на бул. Климент Охридски преку Вардар, под Кале до бул. Никола Карев, продолжување на бул. Илинден, Источна обиколница), набавка на нови автобуси и отворање на нови автобуски линии, надградба на велосипедската инфраструктура и промоција и поддршка на алтернативни видови на транспорт. Доколку не можете да ги исполните ветувањата дадени во програмата, но и силните барања на граѓаните на вашиот Град, оставката секогаш е отворена опција“. Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш денеска преку соопштение упати поддршка до своите сограѓани за организација на голем сенароден протест пред просториите на Град Скопје, со цел изразување на незадоволството од нефункционирањето на јавниот сообраќаен превоз.    

The post Доколку до изутрина нема нафта за автобусите, Скопје утре ќе остане без градски превоз appeared first on Република.

]]>
Ножот дојде до коска: Нема дистрибуција на нафта од „Пуцко Петрол“ за ЈСП „Скопје“ поради голем долг https://republika.mk/vesti/skopje/nozhot-dojde-do-koska-nema-distributsija-na-nafta-od-putsko-petrol-za-jsp-skopje-poradi-golem-dolg/ Wed, 20 Nov 2024 15:33:10 +0000 https://republika.mk/?p=840020

Проблемот со јавниот градски превоз во Скопје и малиот број на автобуси кои сообраќаат низ градот е поради недостигот на гориво. Нема дистрибуција на нафта од „Пуцко Петрол“ за ЈСП „Скопје“ поради голем долг, вели за МИА Миќо Стојановски од ССМ ЈСП Скопје.

Причина за тоа е меѓусебниот однос меѓу градоначалничката Данела Арсовска, претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески и Советот на Град Скопје и одлуките кои ги носат. Имаше најава од Град Скопје дека ќе се нормализира дотурот на нафта за ЈСП, но тоа не се случува. Проблеми со нафта има и ЈП „Комунална хигиена“ Скопје поради што само дел од камионите собираат смет. Затоа сите синдикати на јавните градски претпријатија планираме од понеделник да одржиме заеднички состанок на кој ќе одлучиме какви мерки ќе преземеме, изјави Стојановски за МИА.

The post Ножот дојде до коска: Нема дистрибуција на нафта од „Пуцко Петрол“ за ЈСП „Скопје“ поради голем долг appeared first on Република.

]]>

Проблемот со јавниот градски превоз во Скопје и малиот број на автобуси кои сообраќаат низ градот е поради недостигот на гориво. Нема дистрибуција на нафта од „Пуцко Петрол“ за ЈСП „Скопје“ поради голем долг, вели за МИА Миќо Стојановски од ССМ ЈСП Скопје. Причина за тоа е меѓусебниот однос меѓу градоначалничката Данела Арсовска, претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески и Советот на Град Скопје и одлуките кои ги носат. Имаше најава од Град Скопје дека ќе се нормализира дотурот на нафта за ЈСП, но тоа не се случува. Проблеми со нафта има и ЈП „Комунална хигиена“ Скопје поради што само дел од камионите собираат смет. Затоа сите синдикати на јавните градски претпријатија планираме од понеделник да одржиме заеднички состанок на кој ќе одлучиме какви мерки ќе преземеме, изјави Стојановски за МИА.

The post Ножот дојде до коска: Нема дистрибуција на нафта од „Пуцко Петрол“ за ЈСП „Скопје“ поради голем долг appeared first on Република.

]]>
Скоро и да нема автобуси, граѓаните чекаат со часови: Поради недостиг на гориво, редуциран превозот во Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/skoro-i-da-nema-avtobusi-graganite-chekaat-so-chasovi-poradi-nedostig-na-gorivo-redutsiran-prevozot-vo-skopje/ Wed, 20 Nov 2024 15:17:05 +0000 https://republika.mk/?p=840018

Во Скопје попладнево сообраќаат само 25 автобуси, а останатите се паркирани во автобазите на ЈСП „Скопје“ во Автокоманда и Ѓорче Петров поради недостиг на гориво.

Африм Муча, претседател на Независниот синдикат на возачите во ЈСП „Скопје“ за МИА изјави дека состојбата е многу сериозна, дури и алармантна бидејќи, како ѓто рече, речиси 70 проценти од возилата се паркирани.

Одговорот е едноставен, нема нафта. Утрово возачите беа повикани да дојдат на работа, но тие се во базите во Автокоманда и во Ѓорче Петров заедно со автобусите бидејќи нема нафта и ТНГ. Во моментов мислам дека околу 70 проценти од автобусите на ЈСП се паркирани во базите. Низ градот сообраќаат мал број двосменски автобуси кои имаат наточено нафта пред два дена, како и возилата со ТНГ. За нормално функционирање на ЈСП на дневна основа се потребни 25 тони нафта, што не ја добиваме. Нафтата вообичаено ни ја доставува „Пуцко Петрол“ во базите на ЈСП „Скопје“, но бидејќи должиме поголема сума на пари, деновиве не ни доставуваат нафта. Во ЈСП „Скопје“ работат 1.200 луѓе и нема да дозволиме некој да си поигрува со нивните судбини, рече Муча.

Најави дека е можно утре воопшто да не сообраќаат автобусите доколку во теков на денов не им се достави гориво. Посочи дека Независниот синдикат на возачите во ЈСП „Скопје“ од петок ќе одлучи какви натамошни постапки ќе преземе доколку не се среди состојбата во јавното градско претпријатие.

Приватните превозници во Град Скопје „Јофи Бус“, „Вестор Транс“, „Радос Компани“ денеска преку соопштение апелираат до надлежните веднаш да се направи проширен состанок со цел решавање на проблемот со јавниот градски превоз.

Сведоци сме на состојбата со јавниот градски превоз во Градот Скопје која се влошува од ден на ден. Повторно упатуваме јавен апел до надлежните веднаш да се направи проширен состанок со цел решавање на проблемот со јавниот градски превоз. Приватните превозници располагаат со 200 автобуса кои не се максимално искористени и со кои можеме да го надополниме недостатокот на автобуси на ЈСП, се вели во соопштението.

Според приватните превозници, за да биде во целост исполнет зимскиот возен ред по одлука на Совет за линиски превоз на патници во Град Скопје потребни се 352 автобуса или со резервни вкупно 444 автобуси. Наведуваат дека во моментов на дневно ниво недостасуваат од 160 до 200 автобуси.

- Приватните превозници не можат да одговорат на зададениот возен ред поради следниве причини: неподмирен долг од јуни, немаме верификувани извештаи за месеците јули, август, септември и октомври, ниска цена за изминат километар, со која не можеме да ги покриеме основните трошоци, стои во соопштението.

Од „Јофи Бус“, „Вестор Транс“ и „Радос Компани“ велат дека не е точна информацијата која беше пласирана во јавноста дека доколку се покачи цената за изминат километар кај приватните превозници ќе значи и покачување на цената на билетот.

Информацијата која беше пласирана во јавноста дека доколку се покачи цената за изминат километар кај приватните превозници ќе значи и покачување на цената на билетот, одговорно тврдиме дека не е така туку потребна е реформа во јавниот градски превоз. Ние сме последната дејност каде што нема покачување, немаме волшебно стапче да ги надоместиме загубите. Со покачувањето на цената ќе можеме да работиме рентабилно, но и нашите корисници ќе добијат понови еколошки климатизирани автобуси, се вели во соопштението од „Јофи Бус“, „Вестор Транс“ и „Радос Компани“.

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш денеска ги повика сите жители на протест, кој е закажан за в петок, 22 ноември.

Очекуваме преку протестот да ја пренесеме пораката до Градоначалничката на градот Скопје и до ЈСП дека граѓаните на општина Шуто Оризари и воопшто граѓаните на градот Скопје треба да добиваат услуги за кои плаќаат и дека нефункционирањето на јавниот превоз веќе втора година не само што влијае на влошување на економската состојба на граѓаните кои треба да користат приватен превоз туку влијае и на губење на нивните работни места поради нередовост на работа, отсуство од часови на ученици и непосета на лекари од страна на постарите и болните лица, информира Дудуш.

The post Скоро и да нема автобуси, граѓаните чекаат со часови: Поради недостиг на гориво, редуциран превозот во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во Скопје попладнево сообраќаат само 25 автобуси, а останатите се паркирани во автобазите на ЈСП „Скопје“ во Автокоманда и Ѓорче Петров поради недостиг на гориво. Африм Муча, претседател на Независниот синдикат на возачите во ЈСП „Скопје“ за МИА изјави дека состојбата е многу сериозна, дури и алармантна бидејќи, како ѓто рече, речиси 70 проценти од возилата се паркирани. Одговорот е едноставен, нема нафта. Утрово возачите беа повикани да дојдат на работа, но тие се во базите во Автокоманда и во Ѓорче Петров заедно со автобусите бидејќи нема нафта и ТНГ. Во моментов мислам дека околу 70 проценти од автобусите на ЈСП се паркирани во базите. Низ градот сообраќаат мал број двосменски автобуси кои имаат наточено нафта пред два дена, како и возилата со ТНГ. За нормално функционирање на ЈСП на дневна основа се потребни 25 тони нафта, што не ја добиваме. Нафтата вообичаено ни ја доставува „Пуцко Петрол“ во базите на ЈСП „Скопје“, но бидејќи должиме поголема сума на пари, деновиве не ни доставуваат нафта. Во ЈСП „Скопје“ работат 1.200 луѓе и нема да дозволиме некој да си поигрува со нивните судбини, рече Муча. Најави дека е можно утре воопшто да не сообраќаат автобусите доколку во теков на денов не им се достави гориво. Посочи дека Независниот синдикат на возачите во ЈСП „Скопје“ од петок ќе одлучи какви натамошни постапки ќе преземе доколку не се среди состојбата во јавното градско претпријатие. Приватните превозници во Град Скопје „Јофи Бус“, „Вестор Транс“, „Радос Компани“ денеска преку соопштение апелираат до надлежните веднаш да се направи проширен состанок со цел решавање на проблемот со јавниот градски превоз. Сведоци сме на состојбата со јавниот градски превоз во Градот Скопје која се влошува од ден на ден. Повторно упатуваме јавен апел до надлежните веднаш да се направи проширен состанок со цел решавање на проблемот со јавниот градски превоз. Приватните превозници располагаат со 200 автобуса кои не се максимално искористени и со кои можеме да го надополниме недостатокот на автобуси на ЈСП, се вели во соопштението. Според приватните превозници, за да биде во целост исполнет зимскиот возен ред по одлука на Совет за линиски превоз на патници во Град Скопје потребни се 352 автобуса или со резервни вкупно 444 автобуси. Наведуваат дека во моментов на дневно ниво недостасуваат од 160 до 200 автобуси. - Приватните превозници не можат да одговорат на зададениот возен ред поради следниве причини: неподмирен долг од јуни, немаме верификувани извештаи за месеците јули, август, септември и октомври, ниска цена за изминат километар, со која не можеме да ги покриеме основните трошоци, стои во соопштението. Од „Јофи Бус“, „Вестор Транс“ и „Радос Компани“ велат дека не е точна информацијата која беше пласирана во јавноста дека доколку се покачи цената за изминат километар кај приватните превозници ќе значи и покачување на цената на билетот. Информацијата која беше пласирана во јавноста дека доколку се покачи цената за изминат километар кај приватните превозници ќе значи и покачување на цената на билетот, одговорно тврдиме дека не е така туку потребна е реформа во јавниот градски превоз. Ние сме последната дејност каде што нема покачување, немаме волшебно стапче да ги надоместиме загубите. Со покачувањето на цената ќе можеме да работиме рентабилно, но и нашите корисници ќе добијат понови еколошки климатизирани автобуси, се вели во соопштението од „Јофи Бус“, „Вестор Транс“ и „Радос Компани“. Градоначалникот на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш денеска ги повика сите жители на протест, кој е закажан за в петок, 22 ноември. Очекуваме преку протестот да ја пренесеме пораката до Градоначалничката на градот Скопје и до ЈСП дека граѓаните на општина Шуто Оризари и воопшто граѓаните на градот Скопје треба да добиваат услуги за кои плаќаат и дека нефункционирањето на јавниот превоз веќе втора година не само што влијае на влошување на економската состојба на граѓаните кои треба да користат приватен превоз туку влијае и на губење на нивните работни места поради нередовост на работа, отсуство од часови на ученици и непосета на лекари од страна на постарите и болните лица, информира Дудуш.

The post Скоро и да нема автобуси, граѓаните чекаат со часови: Поради недостиг на гориво, редуциран превозот во Скопје appeared first on Република.

]]>
Приватни превозници: На дневно ниво недостигаат од 160 до 200 автобуси за да биде исполнет зимскиот возен ред https://republika.mk/vesti/skopje/privatni-prevoznitsi-na-dnevno-nivo-nedostigaat-od-160-do-200-avtobusi-za-da-bide-ispolnet-zimskiot-vozen-red/ Wed, 20 Nov 2024 13:33:03 +0000 https://republika.mk/?p=839966

Приватните превозници во македонската престолнина, Јофи Бус, Вестор Транс и Радос Компани, упатија јавен апел до надлежните веднаш да се направи проширен состанок со цел решавање на проблемот со јавниот градски превоз.

Во нивното соопштение се наведува дека приватните превозници располагаат со 200 автобуси, кои не се максимално искористени и со кои може да го надополнат недостигот на автобуси на ЈСП. За да биде во целост исполнет зимскиот возен ред по одлука на Советот за линиски превоз на патници во Град Скопје, потребни се 352 автобуса или со резервни – вкупно 444 автобуси. Во моментот на дневно ниво недостигаат од 160 до 200 автобуси.

Приватните превозници додаваат дека не може да одговорат на зададениот возен ред поради следните причини: ненамирен долг од јуни, немаат верификувани извештаи за јули, август, септември и октомври, како и ниска цена за изминат километар, со која не може да ги покријат основните трошоци.

The post Приватни превозници: На дневно ниво недостигаат од 160 до 200 автобуси за да биде исполнет зимскиот возен ред appeared first on Република.

]]>

Приватните превозници во македонската престолнина, Јофи Бус, Вестор Транс и Радос Компани, упатија јавен апел до надлежните веднаш да се направи проширен состанок со цел решавање на проблемот со јавниот градски превоз. Во нивното соопштение се наведува дека приватните превозници располагаат со 200 автобуси, кои не се максимално искористени и со кои може да го надополнат недостигот на автобуси на ЈСП. За да биде во целост исполнет зимскиот возен ред по одлука на Советот за линиски превоз на патници во Град Скопје, потребни се 352 автобуса или со резервни – вкупно 444 автобуси. Во моментот на дневно ниво недостигаат од 160 до 200 автобуси. Приватните превозници додаваат дека не може да одговорат на зададениот возен ред поради следните причини: ненамирен долг од јуни, немаат верификувани извештаи за јули, август, септември и октомври, како и ниска цена за изминат километар, со која не може да ги покријат основните трошоци.

The post Приватни превозници: На дневно ниво недостигаат од 160 до 200 автобуси за да биде исполнет зимскиот возен ред appeared first on Република.

]]>
ЦУК: Автобусите на линиите 18, 63А, 118, 66 и 66А се движат по друга траса https://republika.mk/vesti/skopje/tsuk-avtobusite-na-liniite-18-63a-118-66-i-66a-se-dvizhat-po-druga-trasa/ Wed, 20 Nov 2024 09:48:00 +0000 https://republika.mk/?p=839842

Центарот за управување со кризи информира дека од ЈСП Скопје ги известе дека поради градежни работи на пат, автобусите на линиите 18, 63А и 118 во еден дел имаат изменета траса на движење, додека линиите 66 и 66А се движат во трасата на 63А.

ЦУК исто така информира оти имало вкупно 1 552 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 62,37%, а 37,63% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Имало 593 повици за итни случаи на 112 што се решавале преку ЦУК, координирано со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

Од Центарот за управување со кризи информираат и дека Институтот за трансфузиона медицина денеска ги реализира следните крводарителни акции: со граѓаните на Гевгелија, на Пробиштип и со граѓаните на Струмица. Па граѓаните на овие три града може да дадат свој придонес во денешните крводарителни акции.

 

The post ЦУК: Автобусите на линиите 18, 63А, 118, 66 и 66А се движат по друга траса appeared first on Република.

]]>

Центарот за управување со кризи информира дека од ЈСП Скопје ги известе дека поради градежни работи на пат, автобусите на линиите 18, 63А и 118 во еден дел имаат изменета траса на движење, додека линиите 66 и 66А се движат во трасата на 63А. ЦУК исто така информира оти имало вкупно 1 552 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 62,37%, а 37,63% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Имало 593 повици за итни случаи на 112 што се решавале преку ЦУК, координирано со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК). Од Центарот за управување со кризи информираат и дека Институтот за трансфузиона медицина денеска ги реализира следните крводарителни акции: со граѓаните на Гевгелија, на Пробиштип и со граѓаните на Струмица. Па граѓаните на овие три града може да дадат свој придонес во денешните крводарителни акции.  

The post ЦУК: Автобусите на линиите 18, 63А, 118, 66 и 66А се движат по друга траса appeared first on Република.

]]>
Голем срам за градот е да не можат да обезбедат нафта, не е само да седнете во фотелја, треба и да се работи https://republika.mk/vesti/skopje/golem-sram-za-gradot-e-da-ne-mozhat-da-obezbedat-nafta-ne-e-samo-da-sednete-vo-fotelja-treba-i-da-se-raboti/ Mon, 18 Nov 2024 13:30:19 +0000 https://republika.mk/?p=839211

Скопјани утрово наместо во автобус останаа на постројките. Граѓаните утринава чекале повеќе од 40 минути за автобус. Неофицијано, ЈСП е без нафта.

Според Африм Муча од независниот синдикат на ЈСП, јавното претпријатие се уште е без нафта. Од таму велат ова е голем срам за градот.

„Се уште не е дојдена нафта од двете автобази. Со нафтата имаме проблем последните три месеци, а можеби и повеќе, последните 6 месеци. Секој ден кубуриме за нафта. И затоа денеска и мене ми се јавија патници, прашуваа. Не знам што се случува. За мене ова е голема неспособност, дали од градоначалничката, дали од директорите, јас мислам дека е од двете страни“, рече Африм Муча од независниот синдикат на ЈСП.

Тој смета дека е голем срам за Градот што дозволи да се дојде до ваква состојба.

„Да не можат обезбедат нафта, тоа е голем срам, голем срам за нив. Не е само да седнете во фотелја, да бидете градоначалник или да бидете директор на некое јавно претпријатие, туку да се работи, како што бараат од вработените возачи кои работат на овие услови без парно, без ништо“, изјави Африм Муча од независниот синдикат на ЈСП.

The post Голем срам за градот е да не можат да обезбедат нафта, не е само да седнете во фотелја, треба и да се работи appeared first on Република.

]]>

Скопјани утрово наместо во автобус останаа на постројките. Граѓаните утринава чекале повеќе од 40 минути за автобус. Неофицијано, ЈСП е без нафта. Според Африм Муча од независниот синдикат на ЈСП, јавното претпријатие се уште е без нафта. Од таму велат ова е голем срам за градот.
„Се уште не е дојдена нафта од двете автобази. Со нафтата имаме проблем последните три месеци, а можеби и повеќе, последните 6 месеци. Секој ден кубуриме за нафта. И затоа денеска и мене ми се јавија патници, прашуваа. Не знам што се случува. За мене ова е голема неспособност, дали од градоначалничката, дали од директорите, јас мислам дека е од двете страни“, рече Африм Муча од независниот синдикат на ЈСП.
Тој смета дека е голем срам за Градот што дозволи да се дојде до ваква состојба.
„Да не можат обезбедат нафта, тоа е голем срам, голем срам за нив. Не е само да седнете во фотелја, да бидете градоначалник или да бидете директор на некое јавно претпријатие, туку да се работи, како што бараат од вработените возачи кои работат на овие услови без парно, без ништо“, изјави Африм Муча од независниот синдикат на ЈСП.

The post Голем срам за градот е да не можат да обезбедат нафта, не е само да седнете во фотелја, треба и да се работи appeared first on Република.

]]>
Побаран притвор за 15 годишник кој со нож издупил друго дете во глава во автобус на ЈСП https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pobaran-pritvor-za-15-godishnik-koj-so-nozh-izdupil-drugo-dete-vo-glava-vo-avtobus-na-jsp/ Mon, 18 Nov 2024 12:25:54 +0000 https://republika.mk/?p=839173

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд – Скопје поднел барање за поведување подготвителна постапка против дете во судир со законот родено 2009 година за кое постои основано сомнение дека извршило дејствија кои со закон се предвидени како кривично дело насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Јавно обвинителство денеска соопшти дека на 25 октомври, детето заедно со други непознати лица, започнале разговор со малолетник, но набрзо потоа без особен повод започнале да го удираат со тврди предмети. Детето во судир со законот, се додава, извадило нож и ја прободело жртвата во натколеницата.

На 13 ноември, во автобус на ЈСП Скопје, тој, во група со уште три непознати лица, извршил грубо насилство и нанел телесна повреда – убоди со нож во главата на 15-годишник, со што кај останатите патници предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв, се вели во соопштението.

Јавниот обвинител до судијата за деца доставил и предлог за определување мерка притвор за детето во судир со законот.

The post Побаран притвор за 15 годишник кој со нож издупил друго дете во глава во автобус на ЈСП appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд – Скопје поднел барање за поведување подготвителна постапка против дете во судир со законот родено 2009 година за кое постои основано сомнение дека извршило дејствија кои со закон се предвидени како кривично дело насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Јавно обвинителство денеска соопшти дека на 25 октомври, детето заедно со други непознати лица, започнале разговор со малолетник, но набрзо потоа без особен повод започнале да го удираат со тврди предмети. Детето во судир со законот, се додава, извадило нож и ја прободело жртвата во натколеницата.
На 13 ноември, во автобус на ЈСП Скопје, тој, во група со уште три непознати лица, извршил грубо насилство и нанел телесна повреда – убоди со нож во главата на 15-годишник, со што кај останатите патници предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв, се вели во соопштението.
Јавниот обвинител до судијата за деца доставил и предлог за определување мерка притвор за детето во судир со законот.

The post Побаран притвор за 15 годишник кој со нож издупил друго дете во глава во автобус на ЈСП appeared first on Република.

]]>
Автобус на ЈСП излета од патот Раштак – Булачани https://republika.mk/vesti/skopje/avtobus-na-jsp-izleta-od-patot-rashtak-bulachani/ Sat, 16 Nov 2024 17:44:33 +0000 https://republika.mk/?p=838619

Автобус на ЈСП Скопје утрово излетал од патот Раштак – Булачани, но за среќа, нема повредени, бидејќи возилото било празно, објави градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, на својот профил на Фејсбук.

„Изразувам сериозна загриженост по однос на состојбата во која се наоѓа возниот парк на ЈСП Скопје, истакнува Стефковски, барајќи целосна истрага за инцидентот и утврдување на причините за несреќата.

Градоначалникот упати апел до менаџментот на ЈСП и градоначалничката на Град Скопје во заминување, Данела Арсовска, да преземат итни мерки за подобрување на безбедноста во јавниот превоз. „Не сакам ниту да помислам што можеше да се случи доколку автобусот беше полн со патници!“ изрази загриженост Стефковски.

Тој исто така побара јавно да се објават причините за овој немил настан, со цел да се спречат слични инциденти во иднина.

 

The post Автобус на ЈСП излета од патот Раштак – Булачани appeared first on Република.

]]>

Автобус на ЈСП Скопје утрово излетал од патот Раштак – Булачани, но за среќа, нема повредени, бидејќи возилото било празно, објави градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, на својот профил на Фејсбук.
„Изразувам сериозна загриженост по однос на состојбата во која се наоѓа возниот парк на ЈСП Скопје, истакнува Стефковски, барајќи целосна истрага за инцидентот и утврдување на причините за несреќата.
Градоначалникот упати апел до менаџментот на ЈСП и градоначалничката на Град Скопје во заминување, Данела Арсовска, да преземат итни мерки за подобрување на безбедноста во јавниот превоз. „Не сакам ниту да помислам што можеше да се случи доколку автобусот беше полн со патници!“ изрази загриженост Стефковски. Тој исто така побара јавно да се објават причините за овој немил настан, со цел да се спречат слични инциденти во иднина.  

The post Автобус на ЈСП излета од патот Раштак – Булачани appeared first on Република.

]]>
Автобус на ЈСП излета на патот Раштак-Булачани https://republika.mk/vesti/crna-hronika/avtobus-na-jsp-izleta-na-patot-rashtak-bulachani/ Sat, 16 Nov 2024 09:26:27 +0000 https://republika.mk/?p=838405

Автобус на ЈСП утрово излета од патот Раштак-Булачани. Според првичните информации, нема повредени лица, бидејќи во автобусот немало патници.

Засега не е позната причината за несреќата, но извесно е дека ќе треба да се проверува и техничката исправност на возилото. Не така одамна, јавноста памети дека кога автобус на ЈСП влета во жардењери кај „Мавровка“, возачот излезе на прес-конференција и обвини дека возилото било технички неисправно. Обвинителството уште го чека вештачењето.

The post Автобус на ЈСП излета на патот Раштак-Булачани appeared first on Република.

]]>

Автобус на ЈСП утрово излета од патот Раштак-Булачани. Според првичните информации, нема повредени лица, бидејќи во автобусот немало патници. Засега не е позната причината за несреќата, но извесно е дека ќе треба да се проверува и техничката исправност на возилото. Не така одамна, јавноста памети дека кога автобус на ЈСП влета во жардењери кај „Мавровка“, возачот излезе на прес-конференција и обвини дека возилото било технички неисправно. Обвинителството уште го чека вештачењето.

The post Автобус на ЈСП излета на патот Раштак-Булачани appeared first on Република.

]]>
ЈСП со изменет режим на линиите в недела заради атлетската трка во Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/jsp-so-izmenet-rezhim-na-liniite-v-nedela-zaradi-atletskata-trka-vo-skopje/ Fri, 15 Nov 2024 14:10:20 +0000 https://republika.mk/?p=838174

Во недела (17.11.2024 год) во период од од 9 до 12 часот или до ослободување на затворените улици, поради одржување на Атлетска трка, неколку сообраќајници ќе бидат затворени, па од тие причини дел од линиите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, соопштија од ЈСП.

Во целост ќе бидат затворени улиците од пред ТЦ Палома Бјанка до Црвен крст (ул.Димитрие
Чуповски и ул.11ти Октомври) и од Собранието до ГТЦ (ул.Филип Втори Македонски).

Изменети траси ќе имаат линиите 4, 4А, 5, 7, 15, 21, 21А, 21Б, 22, 23, 24, 27, 50, 50А, 57 и 59.

 

The post ЈСП со изменет режим на линиите в недела заради атлетската трка во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во недела (17.11.2024 год) во период од од 9 до 12 часот или до ослободување на затворените улици, поради одржување на Атлетска трка, неколку сообраќајници ќе бидат затворени, па од тие причини дел од линиите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, соопштија од ЈСП. Во целост ќе бидат затворени улиците од пред ТЦ Палома Бјанка до Црвен крст (ул.Димитрие Чуповски и ул.11ти Октомври) и од Собранието до ГТЦ (ул.Филип Втори Македонски). Изменети траси ќе имаат линиите 4, 4А, 5, 7, 15, 21, 21А, 21Б, 22, 23, 24, 27, 50, 50А, 57 и 59.  

The post ЈСП со изменет режим на линиите в недела заради атлетската трка во Скопје appeared first on Република.

]]>
Тинејџер претепан и ранет со нож во автобус на ЈСП https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tinejdher-pretepan-i-ranet-so-nozh-vo-avtobus-na-jsp/ Thu, 14 Nov 2024 17:54:54 +0000 https://republika.mk/?p=837817

На 13.11.2024 во 22:00 часот во СВР Скопје, Б.О.(18) од с.Никиштани, скопско, пријавил дека околу 18:20 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Карпош, бил физички нападнат од неколку малолетници, а еден од нив му нанел повреди со остар предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

The post Тинејџер претепан и ранет со нож во автобус на ЈСП appeared first on Република.

]]>

На 13.11.2024 во 22:00 часот во СВР Скопје, Б.О.(18) од с.Никиштани, скопско, пријавил дека околу 18:20 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Карпош, бил физички нападнат од неколку малолетници, а еден од нив му нанел повреди со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

The post Тинејџер претепан и ранет со нож во автобус на ЈСП appeared first on Република.

]]>
71-годишна жена тешко повредена, паднала во автобус на ЈСП https://republika.mk/vesti/crna-hronika/71-godishna-zhena-teshko-povredena-padnala-vo-avtobus-na-jsp-2/ Sun, 27 Oct 2024 11:41:05 +0000 https://republika.mk/?p=831389

На 26.10.2024 во 15:00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на кружниот тек од ул.„Александар Урдаревски“ и ул.„Боца Иванова“ во Скопје, З.А.(71) од Скопје, додека се превезувала како патник во автобус на ЈСП, управуван од Г.С.(55) од Скопје, паднала во автобусот.

При падот таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

The post 71-годишна жена тешко повредена, паднала во автобус на ЈСП appeared first on Република.

]]>

На 26.10.2024 во 15:00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на кружниот тек од ул.„Александар Урдаревски“ и ул.„Боца Иванова“ во Скопје, З.А.(71) од Скопје, додека се превезувала како патник во автобус на ЈСП, управуван од Г.С.(55) од Скопје, паднала во автобусот. При падот таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

The post 71-годишна жена тешко повредена, паднала во автобус на ЈСП appeared first on Република.

]]>
Перински: Нема жив човек на светот што може да го пресмета долгот на ЈСП https://republika.mk/vesti/skopje/perinski-nema-zhiv-chovek-na-svetot-shto-mozhe-da-go-presmeta-dolgot-na-jsp/ Fri, 25 Oct 2024 13:19:31 +0000 https://republika.mk/?p=831014

Следната година ќе мораме да работиме системски за да профункционира градот Скопје и да почне од нула, а потоа да почнеме и да го градиме, порача денеска министерот за локална самоуправа Златко Перински.

- Во суштина Скопје е град на солидарноста, но мизерно e што една метропола се доведе во ситуација да пука по сите шевови, а градскиот превоз е само еден од нив. Станува збор за неофицијална изјава од град Белград. Да почекаме што ќе се случи, па ќе донесеме конкретен став, рече Перински во одговор на новинарско прашање за коментар за најавената донација од 100 користени автобуси од Белград за градот Скопје, на денешната Платформа: 100% посветени за тебе - „Мерки и политики за земјоделието, животната средина и локалната самоуправа“ што се одржа во Владата.

Проблеми, како што кажа, Скопје има и со отпадот, со зеленилото, со депонијата Дрисла.

- Жал ми е што сме доведени во ситуација градот Скопје да не може сам да си ги сервисира обврските. Ова не е проблем кој што е настанат од вчера и не е настанат откако оваа Влада стапи на функција, туку е проблем за кој говоревме многу подолго време во јавноста дека ќе се случува. Загрижен сум што во моментов обврските на градот Скопје кон добавувачите се околу 8 милиони евра, а неофицијални информации ми потврдуваат дека Водовод и канализација должи околу 15 милиони евра, Комунална хигиена околу 6 милиони евра, Улици и патишта 3,5 до 4 милиони евра, а за ЈСП нема жив човек на светот што може да го пресмета долгот, истакна Перински.

Во одговор на прашање рече дека не може да се каже колку точно пари ќе се потрошат до крајот на годинава за големите инфраструктурни проектите во општините што планира да ги финансира централната власт.

- Одлуките за избор кои проекти ќе бидат финансирани треба да се објават на веб страниците на ресорните министерства. Тие пред ден два поминаа и се објавени во службено гласило. Сепак, не може да се каже колку точно ќе се потрошат до крајот на годинава зашто имаме голем диспаритет помеѓу проектите – имаме мали проекти, но имаме и огромни. Покрај тоа, во некои локални самоуправи зимата доаѓа многу порано отколку во другите и нема да може да се работи. Како и да е во суштина како централна власт ги имаме преземено тие обврски. Дали ќе се потрошат парите до 31 декември или ќе се пренесат за следната година тоа апсолутно не треба да ја загрижува локалната самоуправа. Тие секако имаат обврски кои треба да ги сработат после потпишувањето на договорите и да направат измена во нивните програми и да ги направат потребните ребаланси за да можат да тендерираат, порача Перински.

Очекуваме, додаде, за 20 до 30 дена овие процеси во целост да бидат завршени и да се објават првите јавни набавки кои ќе бидат финансирани со поддршка од централната власт и дека до крајот на ноември ќе има некаде поставување камен-темелници.

Првиот вицепремиер Изет Меџити, пак, посочи дека и Министерството за животна средина и просторно планирање има кредит од ЕИБ во вредност од околу 50 милиони евра што главно се однесува на подземна инфраструктура.

- Очекуваме до крајот на годинава 10 милиони евра од овие средства да се поделат по различни основи на општините. И таму ќе има тендерирање за решавање на реални проблеми на граѓаните со што бројката се качува на околу 150 милиони евра поддршка за локалната самоуправа само во првата година од владеењето на новата Влада, рече Меџити.

Очекувам, посочи, тоа да биде поттик и за ЗЕЛС, кој е невладина организација и има сила само кога има унифициран глас на сите општини, и да го поздрави.

- Би ги сфатил ако бараат ова да не биде само добра волја на владата, туку да биде системско решение и да не зависи од наредните влади, истакна Меџити

The post Перински: Нема жив човек на светот што може да го пресмета долгот на ЈСП appeared first on Република.

]]>

Следната година ќе мораме да работиме системски за да профункционира градот Скопје и да почне од нула, а потоа да почнеме и да го градиме, порача денеска министерот за локална самоуправа Златко Перински.
- Во суштина Скопје е град на солидарноста, но мизерно e што една метропола се доведе во ситуација да пука по сите шевови, а градскиот превоз е само еден од нив. Станува збор за неофицијална изјава од град Белград. Да почекаме што ќе се случи, па ќе донесеме конкретен став, рече Перински во одговор на новинарско прашање за коментар за најавената донација од 100 користени автобуси од Белград за градот Скопје, на денешната Платформа: 100% посветени за тебе - „Мерки и политики за земјоделието, животната средина и локалната самоуправа“ што се одржа во Владата.
Проблеми, како што кажа, Скопје има и со отпадот, со зеленилото, со депонијата Дрисла.
- Жал ми е што сме доведени во ситуација градот Скопје да не може сам да си ги сервисира обврските. Ова не е проблем кој што е настанат од вчера и не е настанат откако оваа Влада стапи на функција, туку е проблем за кој говоревме многу подолго време во јавноста дека ќе се случува. Загрижен сум што во моментов обврските на градот Скопје кон добавувачите се околу 8 милиони евра, а неофицијални информации ми потврдуваат дека Водовод и канализација должи околу 15 милиони евра, Комунална хигиена околу 6 милиони евра, Улици и патишта 3,5 до 4 милиони евра, а за ЈСП нема жив човек на светот што може да го пресмета долгот, истакна Перински.
Во одговор на прашање рече дека не може да се каже колку точно пари ќе се потрошат до крајот на годинава за големите инфраструктурни проектите во општините што планира да ги финансира централната власт.
- Одлуките за избор кои проекти ќе бидат финансирани треба да се објават на веб страниците на ресорните министерства. Тие пред ден два поминаа и се објавени во службено гласило. Сепак, не може да се каже колку точно ќе се потрошат до крајот на годинава зашто имаме голем диспаритет помеѓу проектите – имаме мали проекти, но имаме и огромни. Покрај тоа, во некои локални самоуправи зимата доаѓа многу порано отколку во другите и нема да може да се работи. Како и да е во суштина како централна власт ги имаме преземено тие обврски. Дали ќе се потрошат парите до 31 декември или ќе се пренесат за следната година тоа апсолутно не треба да ја загрижува локалната самоуправа. Тие секако имаат обврски кои треба да ги сработат после потпишувањето на договорите и да направат измена во нивните програми и да ги направат потребните ребаланси за да можат да тендерираат, порача Перински.
Очекуваме, додаде, за 20 до 30 дена овие процеси во целост да бидат завршени и да се објават првите јавни набавки кои ќе бидат финансирани со поддршка од централната власт и дека до крајот на ноември ќе има некаде поставување камен-темелници. Првиот вицепремиер Изет Меџити, пак, посочи дека и Министерството за животна средина и просторно планирање има кредит од ЕИБ во вредност од околу 50 милиони евра што главно се однесува на подземна инфраструктура.
- Очекуваме до крајот на годинава 10 милиони евра од овие средства да се поделат по различни основи на општините. И таму ќе има тендерирање за решавање на реални проблеми на граѓаните со што бројката се качува на околу 150 милиони евра поддршка за локалната самоуправа само во првата година од владеењето на новата Влада, рече Меџити.
Очекувам, посочи, тоа да биде поттик и за ЗЕЛС, кој е невладина организација и има сила само кога има унифициран глас на сите општини, и да го поздрави.
- Би ги сфатил ако бараат ова да не биде само добра волја на владата, туку да биде системско решение и да не зависи од наредните влади, истакна Меџити

The post Перински: Нема жив човек на светот што може да го пресмета долгот на ЈСП appeared first on Република.

]]>