исмаил ханија Archives - Република https://republika.mk/tema/ismail-hanija/ За подобро да се разбереме Sat, 03 Aug 2024 14:10:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png исмаил ханија Archives - Република https://republika.mk/tema/ismail-hanija/ 32 32 Иранската револуционерна гарда соопшти дека Ханија е убиен од проектил со краток дострел https://republika.mk/vesti/svet/iranskata-revolutsionerna-garda-soopshti-deka-hanija-e-ubien-od-proektil-so-kratok-dostrel/ Sat, 03 Aug 2024 14:10:32 +0000 https://republika.mk/?p=803064

Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија, беше убиен пред неговата соба во резиденција во Техеран со истрелување проектил со краток дострел со боева глава, тежок околу седум килограми, што потоа било проследено со голема експлозија.

Британските медиуми пренесуваат дека Револуционерната гарда притоа предупреди дека одмаздата на Техеран ќе биде голема и дека ќе се случи во вистинско време, на вистинско место и на вистински начин.

Ханија беше убиен во Техеран во средата, а Хамас и Иран најавија одмазда против Израел, обвинувајќи го за нападот.

Лидерот на Хамас беше погребан вчера во Катар, откако еден ден претходно беше одржана погребна церемонија во Техеран.

The post Иранската револуционерна гарда соопшти дека Ханија е убиен од проектил со краток дострел appeared first on Република.

]]>

Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија, беше убиен пред неговата соба во резиденција во Техеран со истрелување проектил со краток дострел со боева глава, тежок околу седум килограми, што потоа било проследено со голема експлозија. Британските медиуми пренесуваат дека Револуционерната гарда притоа предупреди дека одмаздата на Техеран ќе биде голема и дека ќе се случи во вистинско време, на вистинско место и на вистински начин. Ханија беше убиен во Техеран во средата, а Хамас и Иран најавија одмазда против Израел, обвинувајќи го за нападот. Лидерот на Хамас беше погребан вчера во Катар, откако еден ден претходно беше одржана погребна церемонија во Техеран.

The post Иранската револуционерна гарда соопшти дека Ханија е убиен од проектил со краток дострел appeared first on Република.

]]>
Њујорк тајмс: Ханија е убиен од бомба прошверцувана во резиденцијата, одговорен е Израел https://republika.mk/vesti/svet/nujork-tajms-hanija-e-ubien-od-bomba-proshvertsuvana-vo-rezidentsijata-odgovoren-e-izrael/ Thu, 01 Aug 2024 15:51:19 +0000 https://republika.mk/?p=802433

Лидерот на палестински Хамас, Исмаил Ханија е убиен во средата наутро со „софистицирана бомба на далечинско управување“ прошверцувана во резиденцијата во Техеран каде што престојувал, а не со ракета, како што беше претходно објавено, пишува денеска „Њујорк тајмс“.

Според извештајот на весникот кој се повикува на седум функционери од Блискиот Исток, меѓу кои двајца Иранци и еден Американец, бомбата била прошверцувана во зградата на Иранската револуционерна гарда во Техеран пред два месеца.

Нема официјален коментар од Израел за убиството на Ханија.

Американскиот весник цитира официјални лица од Блискиот Исток дека израелското разузнавање ги информирало САД и другите западни влади за деталите од операцијата веднаш по нејзиното завршување.

-Некои американски официјални лица кои побараа да останат анонимни заклучија дека Израел е одговорен за убиството, пишува Њујорк Тајмс.

Ханија во вторникот пристигна во Техеран за да присуствува на инаугурацијата на новиот претседател на Иран, Масуд Пезешкијан.

The post Њујорк тајмс: Ханија е убиен од бомба прошверцувана во резиденцијата, одговорен е Израел appeared first on Република.

]]>

Лидерот на палестински Хамас, Исмаил Ханија е убиен во средата наутро со „софистицирана бомба на далечинско управување“ прошверцувана во резиденцијата во Техеран каде што престојувал, а не со ракета, како што беше претходно објавено, пишува денеска „Њујорк тајмс“. Според извештајот на весникот кој се повикува на седум функционери од Блискиот Исток, меѓу кои двајца Иранци и еден Американец, бомбата била прошверцувана во зградата на Иранската револуционерна гарда во Техеран пред два месеца. Нема официјален коментар од Израел за убиството на Ханија. Американскиот весник цитира официјални лица од Блискиот Исток дека израелското разузнавање ги информирало САД и другите западни влади за деталите од операцијата веднаш по нејзиното завршување. -Некои американски официјални лица кои побараа да останат анонимни заклучија дека Израел е одговорен за убиството, пишува Њујорк Тајмс. Ханија во вторникот пристигна во Техеран за да присуствува на инаугурацијата на новиот претседател на Иран, Масуд Пезешкијан.

The post Њујорк тајмс: Ханија е убиен од бомба прошверцувана во резиденцијата, одговорен е Израел appeared first on Република.

]]>
Хамнеи нареди директен напад врз Израел поради убиството на Ханија https://republika.mk/vesti/svet/hamnei-naredi-direkten-napad-vrz-izrael-poradi-ubistvoto-na-hanija/ Thu, 01 Aug 2024 07:35:58 +0000 https://republika.mk/?p=802153

Тројца ирански претставници објавија дека врховниот лидер на земјата, ајатолахот Али Хамнеи, наредил директен напад врз Израел поради убиството на водачот на милитантната група Хамас, Исмаил Ханија.

Ајатолахот Хамнеи денеска во Техеран ќе ја предводи погребната церемонија на лидерот на политичкото крило на Хамас.

„Њујорк Тајмс“ пишува дека тројцата официјални претставници, вклучително и двајца членови на Револуционерната гарда, кои побараа имињата да не им се објавуваат затоа што не биле овластени да зборуваат јавно, посочиле дека иранскиот лидер ја издадал наредбата на вонредниот состанок на Врховниот совет за национална безбедност, одржан вчераутро, непосредно откако Иран соопшти дека Ханија е убиен.

Иран и Хамас го обвинија Израел за атентатот.

Политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија, беше убиен вчераутро во Техеран, каде што присуствуваше на инаугурацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.

Засега никој не ја презеде одговорноста за атентатот, но се сомнева дека зад убиството стои Израел, кој претходно вети дека ќе ги убие лидерите на Хамас поради нападот на групата на 7 октомври.

Поради убиството на Ханија иранската Влада за денови на жалост во земјата ги прогласи среда, како и 1 и 2 август.

Ханија ќе биде погребан утре во главниот град на Катар, Доха, каде живееше во прогонство од 2019 година.

The post Хамнеи нареди директен напад врз Израел поради убиството на Ханија appeared first on Република.

]]>

Тројца ирански претставници објавија дека врховниот лидер на земјата, ајатолахот Али Хамнеи, наредил директен напад врз Израел поради убиството на водачот на милитантната група Хамас, Исмаил Ханија. Ајатолахот Хамнеи денеска во Техеран ќе ја предводи погребната церемонија на лидерот на политичкото крило на Хамас. „Њујорк Тајмс“ пишува дека тројцата официјални претставници, вклучително и двајца членови на Револуционерната гарда, кои побараа имињата да не им се објавуваат затоа што не биле овластени да зборуваат јавно, посочиле дека иранскиот лидер ја издадал наредбата на вонредниот состанок на Врховниот совет за национална безбедност, одржан вчераутро, непосредно откако Иран соопшти дека Ханија е убиен. Иран и Хамас го обвинија Израел за атентатот. Политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија, беше убиен вчераутро во Техеран, каде што присуствуваше на инаугурацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан. Засега никој не ја презеде одговорноста за атентатот, но се сомнева дека зад убиството стои Израел, кој претходно вети дека ќе ги убие лидерите на Хамас поради нападот на групата на 7 октомври. Поради убиството на Ханија иранската Влада за денови на жалост во земјата ги прогласи среда, како и 1 и 2 август. Ханија ќе биде погребан утре во главниот град на Катар, Доха, каде живееше во прогонство од 2019 година.

The post Хамнеи нареди директен напад врз Израел поради убиството на Ханија appeared first on Република.

]]>
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, е убиен во Техеран https://republika.mk/vesti/svet/liderot-na-hamas-ismail-hanija-e-ubien-vo-teheran/ Wed, 31 Jul 2024 05:54:18 +0000 https://republika.mk/?p=801844

Палестинската милитантна организација Хамас утринава соопшти дека нејзиниот лидер, Исмаил Ханија е убиен во „ционистички напад“ врз неговата резиденција во Техеран, јави ДПА.

Во изјава на Телеграм, Хамас ја оплакува смртта на Ханија „како резултат на предавничката ционистичка акција врз неговата резиденција во Техеран“.

Првично нема потврда за смртта на Ханија од израелската страна, додава ДПА.

Веста за убиството на Ханија се случи неколку часа по израелскиот воздушен напад врз предградие на Бејрут, насочен кон командантот на про-иранската милиција на Хезболах, Фуад Шук „Сајид Мухсан“.

Хезболах засега не ја потврдува неговата смрт.

Либански Хезболах е отворен сојузник и помагач на Хамас во Појасот Газа. И двете движења се сојузнички на израелскиот архи-непријател Иран, преенесува германската агенција.

Хамас соопшти дека Ханија е убиен откако присуствувал на церемонијата на инаугурација на новиот ирански претседател, Масуд Пезешијан, што беше во неделата во иранската престолнина.

The post Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, е убиен во Техеран appeared first on Република.

]]>

Палестинската милитантна организација Хамас утринава соопшти дека нејзиниот лидер, Исмаил Ханија е убиен во „ционистички напад“ врз неговата резиденција во Техеран, јави ДПА. Во изјава на Телеграм, Хамас ја оплакува смртта на Ханија „како резултат на предавничката ционистичка акција врз неговата резиденција во Техеран“. Првично нема потврда за смртта на Ханија од израелската страна, додава ДПА. Веста за убиството на Ханија се случи неколку часа по израелскиот воздушен напад врз предградие на Бејрут, насочен кон командантот на про-иранската милиција на Хезболах, Фуад Шук „Сајид Мухсан“. Хезболах засега не ја потврдува неговата смрт. Либански Хезболах е отворен сојузник и помагач на Хамас во Појасот Газа. И двете движења се сојузнички на израелскиот архи-непријател Иран, преенесува германската агенција. Хамас соопшти дека Ханија е убиен откако присуствувал на церемонијата на инаугурација на новиот ирански претседател, Масуд Пезешијан, што беше во неделата во иранската престолнина.

The post Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, е убиен во Техеран appeared first on Република.

]]>