Грција Archives - Република https://republika.mk/tema/grcija/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 12:15:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Грција Archives - Република https://republika.mk/tema/grcija/ 32 32 ПАСОК стана втора партија во Грција https://republika.mk/vesti/balkan/pasok-stana-vtora-partija-vo-grtsija/ Thu, 21 Nov 2024 12:15:56 +0000 https://republika.mk/?p=840363

Грчката социјалдемократска партија ПАСОК стана водечка опозициска сила во парламентот откако повеќе пратеници ја напуштија левичарската партија Сириза.

ПАСОК, кој во минатото беше доминантна партија во Грција, сега има шанса да се натпреварува со десноцентристичката Нова демократија, предводена од премиерот Киријакос Мицотакис. Сириза, која до неодамна беше водечка опозициска партија, сега има само 29 пратеници, додека ПАСОК располага со двајца повеќе.

Падот на Сириза започна со серија внатрешни проблеми, вклучувајќи борби за лидерската позиција. Клучен момент беше напуштањето на двајца пратеници, кои дополнително ја ослабнаа партијата.

Со новиот статус како главна опозициска партија, ПАСОК добива и поголеми привилегии, вклучувајќи повеќе време за говор во парламентот. Партијата планира да го искористи овој момент за да привлече гласачи кои се незадоволни од владејачките партии.

ПАСОК беше на власт во Грција повеќе од три децении, но изгуби голем дел од поддршката на граѓаните по 2010 година, кога прифати меѓународен пакет помош во замена за строги мерки за штедење.

Сириза дојде на власт во 2015 година со ветување дека ќе ја прекине политиката на штедење, но подоцна го промени курсот и прифати нов пакет помош. Последниот изборен пораз на Сириза во 2023 година доведе до оставка на лидерот Алексис Ципрас, кој беше заменет од Стефанос Каселакис. Сепак, неговото раководење предизвика незадоволство кај пратениците, што доведе до нивно напуштање и формирање нова група. Каселакис подоцна најави создавање нова политичка партија, со што дополнително ја ослаби Сириза

The post ПАСОК стана втора партија во Грција appeared first on Република.

]]>

Грчката социјалдемократска партија ПАСОК стана водечка опозициска сила во парламентот откако повеќе пратеници ја напуштија левичарската партија Сириза. ПАСОК, кој во минатото беше доминантна партија во Грција, сега има шанса да се натпреварува со десноцентристичката Нова демократија, предводена од премиерот Киријакос Мицотакис. Сириза, која до неодамна беше водечка опозициска партија, сега има само 29 пратеници, додека ПАСОК располага со двајца повеќе. Падот на Сириза започна со серија внатрешни проблеми, вклучувајќи борби за лидерската позиција. Клучен момент беше напуштањето на двајца пратеници, кои дополнително ја ослабнаа партијата. Со новиот статус како главна опозициска партија, ПАСОК добива и поголеми привилегии, вклучувајќи повеќе време за говор во парламентот. Партијата планира да го искористи овој момент за да привлече гласачи кои се незадоволни од владејачките партии. ПАСОК беше на власт во Грција повеќе од три децении, но изгуби голем дел од поддршката на граѓаните по 2010 година, кога прифати меѓународен пакет помош во замена за строги мерки за штедење. Сириза дојде на власт во 2015 година со ветување дека ќе ја прекине политиката на штедење, но подоцна го промени курсот и прифати нов пакет помош. Последниот изборен пораз на Сириза во 2023 година доведе до оставка на лидерот Алексис Ципрас, кој беше заменет од Стефанос Каселакис. Сепак, неговото раководење предизвика незадоволство кај пратениците, што доведе до нивно напуштање и формирање нова група. Каселакис подоцна најави создавање нова политичка партија, со што дополнително ја ослаби Сириза

The post ПАСОК стана втора партија во Грција appeared first on Република.

]]>
Мицкоски очекува до крајот на годината да бидат потпишани договорите за изведба на интерконекторот со Грција https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-ochekuva-do-krajot-na-godinata-da-bidat-potpishani-dogovorite-za-izvedba-na-interkonektorot-so-grtsija/ Tue, 19 Nov 2024 21:38:18 +0000 https://republika.mk/?p=839736

Премиерот Христијан Мицкоски очекува дека до крајот на годината ќе бидат потпишани договорите за изведба на интерконекторот со Грција и дека напролет ќе почне работата на терен.

Овој проект, според него, е многу важен за државата затоа што ќе имаме алтернативен извор на природен гас, посочувајќи дека веќе е потпишан и договор азербејџански „Сокар“ по цена и услови што се многу прифатливи.

Првиот тендер за изградба беше неуспешен по што беше распишан нов на кој се очекува да се пријават компании кои би имале интерес за изградба.

Интерконекторот е во должина од 123 километри, а од македонска страна треба да бидат изградени 67 километри од Гевгелија до Неготино.

Во моментот, единственото гасно поврзување на државата е преку Бугарија.

Следен приоритет, како што вели Мицкоски во интервјуто за косовската државна телевизија, ќе биде изградба на интерконектор и со Косово.

- Може да оствариме исклучително квалитетна комуникација на овој план односно гасот којшто дел ќе завршува кај нас, дел ќе завршува и во Косово имајќи предвид дека употребата на гас тука е многу помала претпоставувам поради големите количини на јаглен. Од 1.1 2026 година поради Планот за раст ќе мора сите компании кои извезуваат во Европската унија да користат електрична енергија којашто е произведена од т.н. зелена енергија. Од тие причини треба да го имате природниот гас како дел од своето производно портфолио, нешто за што ние сме подготвени да соработуваме истовремено и со размена на електрична енергија и тоа во период кога кај нас недостасува, а тука има повеќе и обратно, кога кај нас има повеќе, а во Косово недостасува, вели Мицкоски во интервјуто.

The post Мицкоски очекува до крајот на годината да бидат потпишани договорите за изведба на интерконекторот со Грција appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски очекува дека до крајот на годината ќе бидат потпишани договорите за изведба на интерконекторот со Грција и дека напролет ќе почне работата на терен. Овој проект, според него, е многу важен за државата затоа што ќе имаме алтернативен извор на природен гас, посочувајќи дека веќе е потпишан и договор азербејџански „Сокар“ по цена и услови што се многу прифатливи. Првиот тендер за изградба беше неуспешен по што беше распишан нов на кој се очекува да се пријават компании кои би имале интерес за изградба. Интерконекторот е во должина од 123 километри, а од македонска страна треба да бидат изградени 67 километри од Гевгелија до Неготино. Во моментот, единственото гасно поврзување на државата е преку Бугарија. Следен приоритет, како што вели Мицкоски во интервјуто за косовската државна телевизија, ќе биде изградба на интерконектор и со Косово.
- Може да оствариме исклучително квалитетна комуникација на овој план односно гасот којшто дел ќе завршува кај нас, дел ќе завршува и во Косово имајќи предвид дека употребата на гас тука е многу помала претпоставувам поради големите количини на јаглен. Од 1.1 2026 година поради Планот за раст ќе мора сите компании кои извезуваат во Европската унија да користат електрична енергија којашто е произведена од т.н. зелена енергија. Од тие причини треба да го имате природниот гас како дел од своето производно портфолио, нешто за што ние сме подготвени да соработуваме истовремено и со размена на електрична енергија и тоа во период кога кај нас недостасува, а тука има повеќе и обратно, кога кај нас има повеќе, а во Косово недостасува, вели Мицкоски во интервјуто.

The post Мицкоски очекува до крајот на годината да бидат потпишани договорите за изведба на интерконекторот со Грција appeared first on Република.

]]>
Грција на 20 ноември ќе биде блокирана од штрајкот на вработените во приватниот и јавниот сектор https://republika.mk/vesti/balkan/grtsija-na-20-noemvri-ke-bide-blokirana-od-shtrajkot-na-vrabotenite-vo-privatniot-i-javniot-sektor/ Mon, 18 Nov 2024 13:55:29 +0000 https://republika.mk/?p=839234

Двата најголеми синдикати во Грција – во приватниот (ГСЕЕ) и во јавниот сектор (АДЕДИ) на 20 ноември ќе стапат во 24-часовен генерален штрајк.

Досега своето учество во штрајкот го најавија синдикатот на вработените во приватното образование, во градежништвото, во државните болници и во банкарскиот сектор. Синдикатот на грчките морнари најави дека в среда сите бродови ќе останат во пристаништата.

Еден ден претходно ќе штрајкуваат медиумите. Тие ќе ја прекинат работата од 19 ноември од пет часот до пет часот на 20 ноември.

Општите барања на синдикатите се однесуваат на мерките за справување со зголемените трошоци за живот и зголемените трошоци за домување, враќањето на законските одредби за колективни договори, борбата против картелите на пазарот. Синдикатите на државните службеници бараат враќање на 13-та и 14-та плата и реално зголемување на платите.

Меѓутоа, во различни сектори, штрајкувачите поставуваат и конкретни барања.

The post Грција на 20 ноември ќе биде блокирана од штрајкот на вработените во приватниот и јавниот сектор appeared first on Република.

]]>

Двата најголеми синдикати во Грција – во приватниот (ГСЕЕ) и во јавниот сектор (АДЕДИ) на 20 ноември ќе стапат во 24-часовен генерален штрајк. Досега своето учество во штрајкот го најавија синдикатот на вработените во приватното образование, во градежништвото, во државните болници и во банкарскиот сектор. Синдикатот на грчките морнари најави дека в среда сите бродови ќе останат во пристаништата. Еден ден претходно ќе штрајкуваат медиумите. Тие ќе ја прекинат работата од 19 ноември од пет часот до пет часот на 20 ноември. Општите барања на синдикатите се однесуваат на мерките за справување со зголемените трошоци за живот и зголемените трошоци за домување, враќањето на законските одредби за колективни договори, борбата против картелите на пазарот. Синдикатите на државните службеници бараат враќање на 13-та и 14-та плата и реално зголемување на платите. Меѓутоа, во различни сектори, штрајкувачите поставуваат и конкретни барања.

The post Грција на 20 ноември ќе биде блокирана од штрајкот на вработените во приватниот и јавниот сектор appeared first on Република.

]]>
Македонците и Граѓанската војна во Грција (1946-1949) https://republika.mk/kolumni/makedontsite-i-graganskata-vojna-vo-grtsija-1946-1949/ Fri, 15 Nov 2024 18:39:56 +0000 https://republika.mk/?p=838284

Никола Жежов

Македонија, есен, 2024-то Лето Господово. Студени и дождливи ноемвриски денови во главниот град на Македонија. Темни облаци се надвиснати над Скопје. Граѓаните на метрополата го живеат своето секојдневие исполнето со редовните работни обврски. Дождливото есенско време влијае врз расположението на луѓето и во долгите ноќи, во паузата помеѓу омилените телевизиски емисии, можеби понекој и ќе се сети на некои настани од поблиската или подалечната историја на Македонија. Оваа година се навршија годишнини од повеќе значајни настани за историјата на Македонија и македонскиот народ на кои нашата држава им посвети достојно внимание во нивното одбележување и празнување. Но, соодветните државни институции како да подзаборавија на еден трагичен настан од пред 75 години, настан кој ја потресе не само Македонија, туку и целиот регион, а неговите последици траат и до денешен ден. Споменот на тој трагичен настан остана да биде зачуван и одбележуван само од поединечните здруженија на Македонците од Егејскиот дел на Македонија (за жал разделени помеѓу себе) за што треба да им се изрази посебна почит! Иако поделени и на посебни настани само овие здруженија во 2024 година ја одбележаа 75 годишнината од крајот на Граѓанската војна во Грција, настан што остави трагични последици за Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Несомнено, една од причините за невбројувањето на овој настан во календарот на значајни датуми од македонската историја за оваа година, се и трагичните одредби од фамозниот Преспански договор, чиишто негативни последици допрва ќе ги чувствува нашата држава Република Македонија. Македонската јавност веќе знае дека договорот во себе содржи и таков парадоксален дел според кој Република Македонија и признава на Република Грција дека сѐ што е јужно од денешната македонско- грчка граница, припаѓа на т.н. хеленска историја. Согласно тој дел од договорот, Граѓанската војна во Грција (1946- 1949) е дел од хеленската историја и нема никаква врска со историјата на македонскиот народ! Теза- неодржлива, ненаучна и антицивилизациска!

Но, да одиме постепено, со аргументи, факти и неспорни историски докази кои ќе ја срушат оваа беспредметна теза. Официјалниот почеток на Граѓанската војна во Грција се случил во 1946 година, а за тоа постоеле повеќе причини. Најважната причина за почетокот на војната било формирањето на десничарската грчка влада, со доминантен број на министерски места и голема надворешна помош и покрај фактот што ЕЛАС (Грчката национално ослободителна војска) составена претежно од борци, членови на КПГ- на свои плеќи го извојува ослободувањето на Грција за време на Втората светска војна. Во редовите на ЕЛАС се бореле и голем број на Македонци од Егејскиот дел на Македонија. Со заминувањето на германската војска од Грција во есента 1944 година, најголем дел од територијата на државата се наоѓал под контрола на ЕЛАС, се до моментот на истоварувањето на англиска војска во Солун и Атина. Единиците на ЕЛАС неколку недели давале отпор на англиската војска. Во февруари 1945 година бил склучен договорот во Варкиза, предградие на Атина, договор со кој единиците на ЕЛАС се обврзале да го предадат оружјето на грчките владини сили и англиската војска. Тоа било повод да се разгорат непријателствата во државата и да се создадат услови за нова, овој пат граѓанска војна во Грција. Ако за грчките политички фактори, претстојната војна имала таков карактер на граѓанска, за Македонците во Егејска Македонија, тоа била борба за живот или смрт. Уште една година пред официјалниот почеток на војната, во 1945 година, македонските воено- политички фактори во Егејска Македонија веќе имале формирано самостојни партизански одреди во Костурско, Леринско и Воденско кои го бранеле македонскиот народ од нападите на разни грчки паравоени формации на ПАО, ЕДЕС и ЕККА. Македонците во Егејска Македонија во април 1945 година формирале и политичка организација НОФ (Народно ослободителен фронт) која ги формулирала барањата за рамноправност на македонскиот народ и негова национална афирмација. Во рамките на НОФ и во македонските партизански одреди кои дејствувале во Егејскиот дел на Македонија се истакнале повеќе раволуционери и дејци: Паскал Митровски, Михаил Керамитчиев, Атанас Коровешов, Џоџо Урдов, Павле Раковски, Минчо Фотев, Стерјана Вангелова, Евдокија Фотева- Вера и други. Во 1946 година во борбата со грчките владини сили била заробена и егзекутирана македонската партизанка Мирка Гинова, случај и трагичен настан што меѓу првите ја открил голготата и борбата на Македонците во Егејска Македонија за човекови права и опстој на нивните родни огништа. И додека Македонците војувале за да не бидат физички уништени или истерани од нивните домови во Егејска Македонија, грчките комунисти сеуште тактизирале со нивните ставови и се двоумеле дали отворено со оружје да се борат против грчката влада и странските интервенционисти или да ја продолжат политичката дејност во услови на диктатура. Тоа покажува дека македонските воено- политички дејци во Егејска Македонија, една година порано успеале да увидат дека кризата во земјата води кон војна, која за Македонците имала одбрамбен, а не идеолошки карактер, иако меѓу нив имало и комунистички партиски членови во КПГ.

Со официјалниот почеток на војната во март 1946 година и со формирањето на Демократската армија на Грција (ДАГ), Македонците во Егејска Македонија, масовно се вклучувале во редовите на оваа воена формација. Грчките комунисти веднаш влегле во преговори со НОФ, при што бил склучен договор за заедничко дејствување со ветување дека КПГ и раководството на ДАГ ќе ги признаат Македонците како рамноправен партнер во борбата против владините сили и англиската војска која се вмешала во внатрешните работи во Грција. Дека војната во Грција имала и многу македонски национални обележја покажува и фактот што најголем дел од борбените операции се воделе токму во Егејскиот дел на Македонија. Селата во Егејска Македонија биле најголемата организациона база на ДАГ, а Македонците како народ, главната поддршка на грчката левичарска армија. Бројката на војници на ДАГ се движела од околу 15 000 во 1946 година, до околу 45 000 во 1948 година кога таа го достигнала најголемиот раст. Од вкупната бројка во активниот состав на ДАГ, една третина биле Македонци по националност и тоа го докажуваат сите документи од архивата на КПГ и на оваа армија. Ваквата огромна поддршка на ДАГ помеѓу Македонците се должела на две работи: прво, Македонците во нивната борба за рамноправност немале други сојузници и второ, раководството на ДАГ и КПГ имале делумно правилен став кон македонското прашање во Егејска Македонија кој се движел од признавање за отцепување на Егејска Македонија и присоединување кон идната независна обединета македонска држава- до македонски малцински права во рамките на грчката држава. Во однос на националноста на Македонците, грчките комунисти ја употребувале формулацијата „Словеномакедонци“ или „Славомакедонци“, со што и тие како и грчките десничарски партии, сакале да направат разлика и дистинкција на терминот „Македонци“ во тогашните услови со античките Македонци кои и тогаш ги сметале за дел од грчката хеленска историја. И ваквите ставови претставувале еден вид тактизирање со Македонците во Егејска Македонија, единствените сојузници на грчките комунисти во нивната граѓанска војна со десничарските политички партии. За таа цел, кога била формирана и левичарската Привремена демократска влада на Грција, Македонците од Егејска Македонија добиле едно министерско место што повеќе имало формално отколку суштинско значење, иако таквата влада имала ингеренции само на слободните територии на ДАГ, претежно на планинските масиви во Егејскиот дел на Македонија: Воденско, Костурско, Леринско. Единствената принципиелна привилегија и право што Македонците го добиле од оваа левичарска влада било образованието на македонски јазик на слободните територии во Егејска Македонија каде во учебната 1947/48 година се описмениле околу 10 000 македонски дечиња. Тоа претставувал максимумот, кулминација на човековите права на Македонците во Грција за време на Граѓанската војна.

Во 1947 година војната се наоѓала на пресвртница која имала погубни, трагични последици за Македонците во Егејскиот дел на Македонија. Таа година, согласно т.н. Труманова доктрина, во војната во Грција се вмешале САД, најмоќната светска воена сила која застанала на страната на грчката влада и регуларните воени сили. Дури и американски генерали застанале за чело на борбените операции на владините трупи на Грција во решавачките големи битки во Граѓанската војна. Пролетта 1948 година се случил првиот трагичен, во исто време и хуман настан кој најмногу ги засегнал Егејските Македонци. Согласно одлуката на ДАГ, КПГ и Привремената демократска влада биле евакуирани децата од семејствата кои живееле во близина на местата каде требало да се случат најжестоките борби во војната. Околу 20 000 македонски дечиња биле евакуирани и преселени во земјите од поранешниот источен комунистички блок и поранешна Југославија, со што, овие деца физички се спасиле од сигурна смрт, но во исто време се разделиле со нивните родители, а голготата на овие македонски деца- бегалци траела со децении во неможноста на некои од нив, никогаш повеќе да не се сретнат и видат со своите мајки и татковци, со своите браќа и сестри- со своите семејства. Напоредно со ова, раководствата на ДАГ и КПГ ја направиле најголемата стратегиска грешка во војната- започнале отворена фронтална борба со далеку помоќниот непријател и од војничка и од техничка гледна точка. Се случиле големите битки на Кајмакчалан, Грамос и Вичо во текот на 1948 и 1949 година, во кои силите на ДАГ претрпеле тешки војнички порази. Во овие борби загинале или биле ранети и голем број на Македонци, борци на ДАГ. Згора на тоа, генералниот секретар на КПГ, Никос Захаријадис ги влошил односите на партијата и ДАГ со единствениот сојузник до тогаш- Југославија, застанувајќи на страната на резолуцијата на Информбирото. По ова, Југославија ги затворила границите и не дозволувала повеќе од нејзина територија да доаѓа воена и материјална помош, како и помош за ранетите и изнемоштени борци на ДАГ што дотогаш ја укажувала.

Поразот на ДАГ во војната бил неизбежен. По битката на Грамос во летото 1949 година, единиците на ДАГ се повлекле на територијата на Албанија, а војната завршила со победа на владините сили потпомогнати од САД и Велика Британија. Ако за КПГ и останатите левичарски политички партии, војната и поразот имале идеолошки последици, за Македонците во Егејскиот дел на Македонија, последиците имале национален карактер, а трагичноста се граничела со апокалиптични размери. Според документирани податоци, во Граѓанската војна во Грција за период од три години загинале 21 000 Македонци, биле иселени околу 100 000 Македонци, а согласно првиот попис во Грција по војната, исчезнале засекогаш 46 села во Егејска Македонија, целосно населени со Македонци по националност. Македонските воено- политички раководители од НОФ и борците Македонци во ДАГ, по повлекувањето во Албанија биле изложени на дополнителни притисоци и репресии: од страна на тамошните власти биле прогласени дека се „Титови шпиони“, „империјалистички слуги“, „соработници на странски служби“ и уште какви не монструозни обвиненија. Голем дел од нив биле уапсени и присилно депортирани во СССР и земјите од тогашниот источен комунистички блок. Голем дел од македонските бегалци кои биле цивили, заедно со своите семејства биле прифатени и згрижени во поранешна Југославија, односно НР Македонија, а околу 20 000 од нив заминале и биле згрижени во Полска, Чехословачка, Унгарија, Романија и СССР. Во текот на 70-тите и 80-тите години најголем дел од овие македонски бегалци од Егејска Македонија се вратија во поранешна Југославија односно во СР Македонија каде останаа да живеат до крајот на нивните животи. Во моментов, во Република Македонија живеат трета и четврта генерација на Македонци кои се потомци на првата генерација бегалци од Грција после Граѓанската војна. Според статистички податоци на здруженијата на Македонците од Егејска Македонија, денеска во Република Македонија живеат околу 300 000 Македонци по потекло од овој дел на Македонија.

По завршувањето на Граѓанската војна, започнал најтешкиот период за Македонците што останале како малцинство во Грција: политички прогон за тие што не побегнале надвор од земјата, судски процеси, притисоци, негирања и третман како непријателско настроено население кон грчкиот државно- уставен поредок. Дури во 70-тите години на 20 век, Република Грција ги ублажила мерките за населението кое во Граѓанската војна застанало на страната на ДАГ и со закон овозможила репатријација на политичките бегалци, но само под услов да се Грци по род. За Македонци по националност, ако се изјаснеле како такви, немало дозвола за враќање во Грција. Таквата грчка политика, со мали измени продолжила и во 90-тите години, по падот на комунизмот како систем во Европа, а со на поранешна Југославија и осамостојувањето на Република Македонија, грчките влади ја зацврстиле политиката на непризнавање на македонскиот национален идентитет, а на името „Македонија“ му припишувале само грчки историски и географски и регионален карактер. Тоа е една од директните последици од Граѓанската војна во Грција.

Ова се историските факти поврзани со Граѓанската војна во Грција кои можат лесно да се проверат, кои се објавени, а најголем дел од нив ја потврдуваат трагичната судбина на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Нашата држава Република Македонија не треба да ги изостави од вид овие неспорни историски факти кои се на наша страна, кои ја покажуваат објективната слика на овој настан од пред 75 години. Не можеме и не смееме да дозволиме некаков параграф од напишан договор на парче хартија да биде посилен од историските факти! Не смееме да дозволиме вештачки склопените клаузули од Преспа да бидат посилни и да ја погребаат македонската историска вистина за 1949 година! Овој дел од Преспанскиот договор директно негира постоење на македонско национално малцинство на грчка државна територија, а во согласност со тоа го негира и постоењето на околу 300 000 Македонци кои денеска живеат во Република Македонија, а се по потекло од Егејскиот дел на Македонија, која сега е област на територијата на Северна Грција. Дали ќе дозволиме некој од надвор, со наша дозвола и согласност повторно да ја прекројува македонската историја по негова мерка и да не натера да заборавиме дека на Грамос, Вичо и Кајмакчалан е пролеана и македонска крв за правдините на Македонците во Егејска Македонија?! НЕ! Од друга страна, со историските факти и документи за овие настани од пред 75 години, не треба да бараме ниту одмазда, а не смееме да шириме ниту омраза, напротив, да понудиме рака од наша страна и да ја покажеме македонската големина кон нашиот сосед Грција! Било некогаш, да не се повтори никогаш повеќе! Во интерес на едно сеопшто историско помирување за настаните од Граѓанската војна во Грција и грчката држава е потребно да направи гест од нејзина страна, гест со кој ќе се извини за неправдите кон Македонците од пред 75 години! Тоа ќе биде огромен исчекор кон трајно помирување на двата соседни народи! Ваквата политика е високо над сите одредби на договорот во Преспа, кој не реши ниту едно отворено прашање, а напротив ја продлабочи недовербата помеѓу Македонците и Грците. Крајот на Граѓанската војна во 1949 година може да биде нов почеток помеѓу Република Македонија и Република Грција!

Ние Македонците знаеме да простуваме, но никогаш нема да заборавиме! Во името на тоа, нека им е вечна славата на сите загинати Македонци од Егејска Македонија во Граѓанската војна во Грција! Нека е живо сеќавањето за сите раселени Македонци од Егејска Македонија! Нашите мисли нека бидат со сите Егејски Македонци ширум светот!

The post Македонците и Граѓанската војна во Грција (1946-1949) appeared first on Република.

]]>

Никола Жежов

Македонија, есен, 2024-то Лето Господово. Студени и дождливи ноемвриски денови во главниот град на Македонија. Темни облаци се надвиснати над Скопје. Граѓаните на метрополата го живеат своето секојдневие исполнето со редовните работни обврски. Дождливото есенско време влијае врз расположението на луѓето и во долгите ноќи, во паузата помеѓу омилените телевизиски емисии, можеби понекој и ќе се сети на некои настани од поблиската или подалечната историја на Македонија. Оваа година се навршија годишнини од повеќе значајни настани за историјата на Македонија и македонскиот народ на кои нашата држава им посвети достојно внимание во нивното одбележување и празнување. Но, соодветните државни институции како да подзаборавија на еден трагичен настан од пред 75 години, настан кој ја потресе не само Македонија, туку и целиот регион, а неговите последици траат и до денешен ден. Споменот на тој трагичен настан остана да биде зачуван и одбележуван само од поединечните здруженија на Македонците од Егејскиот дел на Македонија (за жал разделени помеѓу себе) за што треба да им се изрази посебна почит! Иако поделени и на посебни настани само овие здруженија во 2024 година ја одбележаа 75 годишнината од крајот на Граѓанската војна во Грција, настан што остави трагични последици за Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Несомнено, една од причините за невбројувањето на овој настан во календарот на значајни датуми од македонската историја за оваа година, се и трагичните одредби од фамозниот Преспански договор, чиишто негативни последици допрва ќе ги чувствува нашата држава Република Македонија. Македонската јавност веќе знае дека договорот во себе содржи и таков парадоксален дел според кој Република Македонија и признава на Република Грција дека сѐ што е јужно од денешната македонско- грчка граница, припаѓа на т.н. хеленска историја. Согласно тој дел од договорот, Граѓанската војна во Грција (1946- 1949) е дел од хеленската историја и нема никаква врска со историјата на македонскиот народ! Теза- неодржлива, ненаучна и антицивилизациска! Но, да одиме постепено, со аргументи, факти и неспорни историски докази кои ќе ја срушат оваа беспредметна теза. Официјалниот почеток на Граѓанската војна во Грција се случил во 1946 година, а за тоа постоеле повеќе причини. Најважната причина за почетокот на војната било формирањето на десничарската грчка влада, со доминантен број на министерски места и голема надворешна помош и покрај фактот што ЕЛАС (Грчката национално ослободителна војска) составена претежно од борци, членови на КПГ- на свои плеќи го извојува ослободувањето на Грција за време на Втората светска војна. Во редовите на ЕЛАС се бореле и голем број на Македонци од Егејскиот дел на Македонија. Со заминувањето на германската војска од Грција во есента 1944 година, најголем дел од територијата на државата се наоѓал под контрола на ЕЛАС, се до моментот на истоварувањето на англиска војска во Солун и Атина. Единиците на ЕЛАС неколку недели давале отпор на англиската војска. Во февруари 1945 година бил склучен договорот во Варкиза, предградие на Атина, договор со кој единиците на ЕЛАС се обврзале да го предадат оружјето на грчките владини сили и англиската војска. Тоа било повод да се разгорат непријателствата во државата и да се создадат услови за нова, овој пат граѓанска војна во Грција. Ако за грчките политички фактори, претстојната војна имала таков карактер на граѓанска, за Македонците во Егејска Македонија, тоа била борба за живот или смрт. Уште една година пред официјалниот почеток на војната, во 1945 година, македонските воено- политички фактори во Егејска Македонија веќе имале формирано самостојни партизански одреди во Костурско, Леринско и Воденско кои го бранеле македонскиот народ од нападите на разни грчки паравоени формации на ПАО, ЕДЕС и ЕККА. Македонците во Егејска Македонија во април 1945 година формирале и политичка организација НОФ (Народно ослободителен фронт) која ги формулирала барањата за рамноправност на македонскиот народ и негова национална афирмација. Во рамките на НОФ и во македонските партизански одреди кои дејствувале во Егејскиот дел на Македонија се истакнале повеќе раволуционери и дејци: Паскал Митровски, Михаил Керамитчиев, Атанас Коровешов, Џоџо Урдов, Павле Раковски, Минчо Фотев, Стерјана Вангелова, Евдокија Фотева- Вера и други. Во 1946 година во борбата со грчките владини сили била заробена и егзекутирана македонската партизанка Мирка Гинова, случај и трагичен настан што меѓу првите ја открил голготата и борбата на Македонците во Егејска Македонија за човекови права и опстој на нивните родни огништа. И додека Македонците војувале за да не бидат физички уништени или истерани од нивните домови во Егејска Македонија, грчките комунисти сеуште тактизирале со нивните ставови и се двоумеле дали отворено со оружје да се борат против грчката влада и странските интервенционисти или да ја продолжат политичката дејност во услови на диктатура. Тоа покажува дека македонските воено- политички дејци во Егејска Македонија, една година порано успеале да увидат дека кризата во земјата води кон војна, која за Македонците имала одбрамбен, а не идеолошки карактер, иако меѓу нив имало и комунистички партиски членови во КПГ. Со официјалниот почеток на војната во март 1946 година и со формирањето на Демократската армија на Грција (ДАГ), Македонците во Егејска Македонија, масовно се вклучувале во редовите на оваа воена формација. Грчките комунисти веднаш влегле во преговори со НОФ, при што бил склучен договор за заедничко дејствување со ветување дека КПГ и раководството на ДАГ ќе ги признаат Македонците како рамноправен партнер во борбата против владините сили и англиската војска која се вмешала во внатрешните работи во Грција. Дека војната во Грција имала и многу македонски национални обележја покажува и фактот што најголем дел од борбените операции се воделе токму во Егејскиот дел на Македонија. Селата во Егејска Македонија биле најголемата организациона база на ДАГ, а Македонците како народ, главната поддршка на грчката левичарска армија. Бројката на војници на ДАГ се движела од околу 15 000 во 1946 година, до околу 45 000 во 1948 година кога таа го достигнала најголемиот раст. Од вкупната бројка во активниот состав на ДАГ, една третина биле Македонци по националност и тоа го докажуваат сите документи од архивата на КПГ и на оваа армија. Ваквата огромна поддршка на ДАГ помеѓу Македонците се должела на две работи: прво, Македонците во нивната борба за рамноправност немале други сојузници и второ, раководството на ДАГ и КПГ имале делумно правилен став кон македонското прашање во Егејска Македонија кој се движел од признавање за отцепување на Егејска Македонија и присоединување кон идната независна обединета македонска држава- до македонски малцински права во рамките на грчката држава. Во однос на националноста на Македонците, грчките комунисти ја употребувале формулацијата „Словеномакедонци“ или „Славомакедонци“, со што и тие како и грчките десничарски партии, сакале да направат разлика и дистинкција на терминот „Македонци“ во тогашните услови со античките Македонци кои и тогаш ги сметале за дел од грчката хеленска историја. И ваквите ставови претставувале еден вид тактизирање со Македонците во Егејска Македонија, единствените сојузници на грчките комунисти во нивната граѓанска војна со десничарските политички партии. За таа цел, кога била формирана и левичарската Привремена демократска влада на Грција, Македонците од Егејска Македонија добиле едно министерско место што повеќе имало формално отколку суштинско значење, иако таквата влада имала ингеренции само на слободните територии на ДАГ, претежно на планинските масиви во Егејскиот дел на Македонија: Воденско, Костурско, Леринско. Единствената принципиелна привилегија и право што Македонците го добиле од оваа левичарска влада било образованието на македонски јазик на слободните територии во Егејска Македонија каде во учебната 1947/48 година се описмениле околу 10 000 македонски дечиња. Тоа претставувал максимумот, кулминација на човековите права на Македонците во Грција за време на Граѓанската војна. Во 1947 година војната се наоѓала на пресвртница која имала погубни, трагични последици за Македонците во Егејскиот дел на Македонија. Таа година, согласно т.н. Труманова доктрина, во војната во Грција се вмешале САД, најмоќната светска воена сила која застанала на страната на грчката влада и регуларните воени сили. Дури и американски генерали застанале за чело на борбените операции на владините трупи на Грција во решавачките големи битки во Граѓанската војна. Пролетта 1948 година се случил првиот трагичен, во исто време и хуман настан кој најмногу ги засегнал Егејските Македонци. Согласно одлуката на ДАГ, КПГ и Привремената демократска влада биле евакуирани децата од семејствата кои живееле во близина на местата каде требало да се случат најжестоките борби во војната. Околу 20 000 македонски дечиња биле евакуирани и преселени во земјите од поранешниот источен комунистички блок и поранешна Југославија, со што, овие деца физички се спасиле од сигурна смрт, но во исто време се разделиле со нивните родители, а голготата на овие македонски деца- бегалци траела со децении во неможноста на некои од нив, никогаш повеќе да не се сретнат и видат со своите мајки и татковци, со своите браќа и сестри- со своите семејства. Напоредно со ова, раководствата на ДАГ и КПГ ја направиле најголемата стратегиска грешка во војната- започнале отворена фронтална борба со далеку помоќниот непријател и од војничка и од техничка гледна точка. Се случиле големите битки на Кајмакчалан, Грамос и Вичо во текот на 1948 и 1949 година, во кои силите на ДАГ претрпеле тешки војнички порази. Во овие борби загинале или биле ранети и голем број на Македонци, борци на ДАГ. Згора на тоа, генералниот секретар на КПГ, Никос Захаријадис ги влошил односите на партијата и ДАГ со единствениот сојузник до тогаш- Југославија, застанувајќи на страната на резолуцијата на Информбирото. По ова, Југославија ги затворила границите и не дозволувала повеќе од нејзина територија да доаѓа воена и материјална помош, како и помош за ранетите и изнемоштени борци на ДАГ што дотогаш ја укажувала. Поразот на ДАГ во војната бил неизбежен. По битката на Грамос во летото 1949 година, единиците на ДАГ се повлекле на територијата на Албанија, а војната завршила со победа на владините сили потпомогнати од САД и Велика Британија. Ако за КПГ и останатите левичарски политички партии, војната и поразот имале идеолошки последици, за Македонците во Егејскиот дел на Македонија, последиците имале национален карактер, а трагичноста се граничела со апокалиптични размери. Според документирани податоци, во Граѓанската војна во Грција за период од три години загинале 21 000 Македонци, биле иселени околу 100 000 Македонци, а согласно првиот попис во Грција по војната, исчезнале засекогаш 46 села во Егејска Македонија, целосно населени со Македонци по националност. Македонските воено- политички раководители од НОФ и борците Македонци во ДАГ, по повлекувањето во Албанија биле изложени на дополнителни притисоци и репресии: од страна на тамошните власти биле прогласени дека се „Титови шпиони“, „империјалистички слуги“, „соработници на странски служби“ и уште какви не монструозни обвиненија. Голем дел од нив биле уапсени и присилно депортирани во СССР и земјите од тогашниот источен комунистички блок. Голем дел од македонските бегалци кои биле цивили, заедно со своите семејства биле прифатени и згрижени во поранешна Југославија, односно НР Македонија, а околу 20 000 од нив заминале и биле згрижени во Полска, Чехословачка, Унгарија, Романија и СССР. Во текот на 70-тите и 80-тите години најголем дел од овие македонски бегалци од Егејска Македонија се вратија во поранешна Југославија односно во СР Македонија каде останаа да живеат до крајот на нивните животи. Во моментов, во Република Македонија живеат трета и четврта генерација на Македонци кои се потомци на првата генерација бегалци од Грција после Граѓанската војна. Според статистички податоци на здруженијата на Македонците од Егејска Македонија, денеска во Република Македонија живеат околу 300 000 Македонци по потекло од овој дел на Македонија. По завршувањето на Граѓанската војна, започнал најтешкиот период за Македонците што останале како малцинство во Грција: политички прогон за тие што не побегнале надвор од земјата, судски процеси, притисоци, негирања и третман како непријателско настроено население кон грчкиот државно- уставен поредок. Дури во 70-тите години на 20 век, Република Грција ги ублажила мерките за населението кое во Граѓанската војна застанало на страната на ДАГ и со закон овозможила репатријација на политичките бегалци, но само под услов да се Грци по род. За Македонци по националност, ако се изјаснеле како такви, немало дозвола за враќање во Грција. Таквата грчка политика, со мали измени продолжила и во 90-тите години, по падот на комунизмот како систем во Европа, а со на поранешна Југославија и осамостојувањето на Република Македонија, грчките влади ја зацврстиле политиката на непризнавање на македонскиот национален идентитет, а на името „Македонија“ му припишувале само грчки историски и географски и регионален карактер. Тоа е една од директните последици од Граѓанската војна во Грција. Ова се историските факти поврзани со Граѓанската војна во Грција кои можат лесно да се проверат, кои се објавени, а најголем дел од нив ја потврдуваат трагичната судбина на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Нашата држава Република Македонија не треба да ги изостави од вид овие неспорни историски факти кои се на наша страна, кои ја покажуваат објективната слика на овој настан од пред 75 години. Не можеме и не смееме да дозволиме некаков параграф од напишан договор на парче хартија да биде посилен од историските факти! Не смееме да дозволиме вештачки склопените клаузули од Преспа да бидат посилни и да ја погребаат македонската историска вистина за 1949 година! Овој дел од Преспанскиот договор директно негира постоење на македонско национално малцинство на грчка државна територија, а во согласност со тоа го негира и постоењето на околу 300 000 Македонци кои денеска живеат во Република Македонија, а се по потекло од Егејскиот дел на Македонија, која сега е област на територијата на Северна Грција. Дали ќе дозволиме некој од надвор, со наша дозвола и согласност повторно да ја прекројува македонската историја по негова мерка и да не натера да заборавиме дека на Грамос, Вичо и Кајмакчалан е пролеана и македонска крв за правдините на Македонците во Егејска Македонија?! НЕ! Од друга страна, со историските факти и документи за овие настани од пред 75 години, не треба да бараме ниту одмазда, а не смееме да шириме ниту омраза, напротив, да понудиме рака од наша страна и да ја покажеме македонската големина кон нашиот сосед Грција! Било некогаш, да не се повтори никогаш повеќе! Во интерес на едно сеопшто историско помирување за настаните од Граѓанската војна во Грција и грчката држава е потребно да направи гест од нејзина страна, гест со кој ќе се извини за неправдите кон Македонците од пред 75 години! Тоа ќе биде огромен исчекор кон трајно помирување на двата соседни народи! Ваквата политика е високо над сите одредби на договорот во Преспа, кој не реши ниту едно отворено прашање, а напротив ја продлабочи недовербата помеѓу Македонците и Грците. Крајот на Граѓанската војна во 1949 година може да биде нов почеток помеѓу Република Македонија и Република Грција! Ние Македонците знаеме да простуваме, но никогаш нема да заборавиме! Во името на тоа, нека им е вечна славата на сите загинати Македонци од Егејска Македонија во Граѓанската војна во Грција! Нека е живо сеќавањето за сите раселени Македонци од Егејска Македонија! Нашите мисли нека бидат со сите Егејски Македонци ширум светот!

The post Македонците и Граѓанската војна во Грција (1946-1949) appeared first on Република.

]]>
Колку ќе ве чини одмор во Грција во 2025 година https://republika.mk/zivot/patuvanja/kolku-ke-ve-chini-odmor-vo-grtsija-vo-2025-godina/ Sun, 10 Nov 2024 20:28:31 +0000 https://republika.mk/?p=836190

Грција е најпопуларната дестинација за одмор меѓу нашите туристи и секоја година е домаќин на околу 30 милиони посетители од целиот свет. Нејзините прекрасни плажи, тиркизното море, историските места и гостопримливите домаќини го прават совршено место за одмор. Сепак, оние кои планираат да го посетат за прв пат се прашуваат колку чини одморот во Грција и како да ја најдат најдобрата понуда за сместување.

Во оваа статија, детално ќе ги истражиме цените на сместувањето за 2025 година и ќе ви дадеме корисни совети за да ги пронајдете најдобрите опции за вашиот одмор во Грција. Без разлика дали планирате да престојувате во луксузен хотел, апартман или кампување, дознајте што да очекувате од цените за сместување во Грција и како да го направите најдобриот избор. Просечни цени. Цените на сместувањето во Грција варираат во зависност од туристичката дестинација, близината до морето, видот на сместување, сезоната и други фактори. Еве преглед на просечните цени за сместување во Грција:

Хотели: Цената на хотелското сместување во Грција зависи од бројот на ѕвезди, сезоната, локацијата и понудата. Генерално, хотелското сместување во Грција може да чини помеѓу 30 и 200 евра за ноќ, во зависност од категоријата на хотелот.

Студио: Студио без поглед на море може да се најде за околу 30-50 евра од ноќевање во претсезона и постсезона, додека во сезона цената може да биде околу 60-100 евра од ноќ. Студио со поглед на море може да чини околу 50-80 евра од ноќ во предсезона и после сезона, додека во сезона цената може да биде околу 100-150 евра за ноќ. Цените може да бидат значително повисоки на островите и на попопуларните туристички дестинации како што се Санторини или Миконос, каде цените на студиото со поглед на море можат да достигнат до 200-300 евра за ноќ во екот на сезоната.

Апартмани: Цената на еднособен стан во Грција може да се движи од 30 до 100 евра за ноќевање, додека цената на двособен стан може да биде од 60 до 150 евра за ноќевање. Луксузните апартмани со поглед на море и приватен базен се значително поскапи и чинат над 300 евра од ноќ.

Вили: Вилите се популарен избор за поголеми семејства или групи пријатели кои бараат приватност и повеќе простор. Цените на вилите во Грција се движат од 100 до 400 евра за ноќ, во зависност од локацијата и големината.

Кампување: Грција има многу кампови кои обезбедуваат сместување во камп приколки или за кампување во вашите сопствени шатори. Цените за кампување во Грција се движат од 5 до 15 евра во просек за ноќ, во зависност од локацијата и сезоната.

Забелешка: Овие цени се само индикативни и може да варираат во зависност од многу фактори, како сезона, попусти, достапност и други. Исто така, цените за сместување во Грција се секогаш повисоки во текот на главната сезона (јули и август) во споредба со претсезонските и постсезонските.

Дали сместувањето е поскапо на островите или во континентална Грција?

Во Грција има разлики во цените за сместување помеѓу островите и континентална Грција. Општо прифатено е мислењето дека островите се поскапи од копното, но тоа зависи и од многу фактори, како што се популарноста на одредена дестинација, сезона, тип на сместување, дали е вклучен појадок или полупансион, превоз итн.

Островите кои се популарни кај туристите, како што се Санторини, Миконос, Крит, Родос и Крф, често имаат повисоки цени за сместување, храна и пијалоци од некои помалку познати острови. Исто така, поради ограничените ресурси и повисоките транспортни трошоци, цените на храната и пијалоците на островите имаат тенденција да бидат малку повисоки отколку на копното.

Сепак, има и острови кои не се толку популарни меѓу туристите, а нивните цени се попристапни. Покрај тоа, континентална Грција има и многу популарни туристички дестинации, како што се Атина, некои делови на Халкидики, Пелион, кои имаат цени споредливи со оние на островите.

Така, генерално, може да се каже дека цените на островите во Грција обично се малку повисоки во споредба со цените на копното.

The post Колку ќе ве чини одмор во Грција во 2025 година appeared first on Република.

]]>

Грција е најпопуларната дестинација за одмор меѓу нашите туристи и секоја година е домаќин на околу 30 милиони посетители од целиот свет. Нејзините прекрасни плажи, тиркизното море, историските места и гостопримливите домаќини го прават совршено место за одмор. Сепак, оние кои планираат да го посетат за прв пат се прашуваат колку чини одморот во Грција и како да ја најдат најдобрата понуда за сместување. Во оваа статија, детално ќе ги истражиме цените на сместувањето за 2025 година и ќе ви дадеме корисни совети за да ги пронајдете најдобрите опции за вашиот одмор во Грција. Без разлика дали планирате да престојувате во луксузен хотел, апартман или кампување, дознајте што да очекувате од цените за сместување во Грција и како да го направите најдобриот избор. Просечни цени. Цените на сместувањето во Грција варираат во зависност од туристичката дестинација, близината до морето, видот на сместување, сезоната и други фактори. Еве преглед на просечните цени за сместување во Грција: Хотели: Цената на хотелското сместување во Грција зависи од бројот на ѕвезди, сезоната, локацијата и понудата. Генерално, хотелското сместување во Грција може да чини помеѓу 30 и 200 евра за ноќ, во зависност од категоријата на хотелот. Студио: Студио без поглед на море може да се најде за околу 30-50 евра од ноќевање во претсезона и постсезона, додека во сезона цената може да биде околу 60-100 евра од ноќ. Студио со поглед на море може да чини околу 50-80 евра од ноќ во предсезона и после сезона, додека во сезона цената може да биде околу 100-150 евра за ноќ. Цените може да бидат значително повисоки на островите и на попопуларните туристички дестинации како што се Санторини или Миконос, каде цените на студиото со поглед на море можат да достигнат до 200-300 евра за ноќ во екот на сезоната. Апартмани: Цената на еднособен стан во Грција може да се движи од 30 до 100 евра за ноќевање, додека цената на двособен стан може да биде од 60 до 150 евра за ноќевање. Луксузните апартмани со поглед на море и приватен базен се значително поскапи и чинат над 300 евра од ноќ. Вили: Вилите се популарен избор за поголеми семејства или групи пријатели кои бараат приватност и повеќе простор. Цените на вилите во Грција се движат од 100 до 400 евра за ноќ, во зависност од локацијата и големината. Кампување: Грција има многу кампови кои обезбедуваат сместување во камп приколки или за кампување во вашите сопствени шатори. Цените за кампување во Грција се движат од 5 до 15 евра во просек за ноќ, во зависност од локацијата и сезоната. Забелешка: Овие цени се само индикативни и може да варираат во зависност од многу фактори, како сезона, попусти, достапност и други. Исто така, цените за сместување во Грција се секогаш повисоки во текот на главната сезона (јули и август) во споредба со претсезонските и постсезонските. Дали сместувањето е поскапо на островите или во континентална Грција? Во Грција има разлики во цените за сместување помеѓу островите и континентална Грција. Општо прифатено е мислењето дека островите се поскапи од копното, но тоа зависи и од многу фактори, како што се популарноста на одредена дестинација, сезона, тип на сместување, дали е вклучен појадок или полупансион, превоз итн. Островите кои се популарни кај туристите, како што се Санторини, Миконос, Крит, Родос и Крф, често имаат повисоки цени за сместување, храна и пијалоци од некои помалку познати острови. Исто така, поради ограничените ресурси и повисоките транспортни трошоци, цените на храната и пијалоците на островите имаат тенденција да бидат малку повисоки отколку на копното. Сепак, има и острови кои не се толку популарни меѓу туристите, а нивните цени се попристапни. Покрај тоа, континентална Грција има и многу популарни туристички дестинации, како што се Атина, некои делови на Халкидики, Пелион, кои имаат цени споредливи со оние на островите. Така, генерално, може да се каже дека цените на островите во Грција обично се малку повисоки во споредба со цените на копното.

The post Колку ќе ве чини одмор во Грција во 2025 година appeared first on Република.

]]>
Девет земјотреси за еден час во Грција, најсилниот со јачина од 5.3 степени https://republika.mk/vesti/balkan/devet-zemjotresi-za-eden-chas-vo-grtsija-najsilniot-so-jachina-od-5-3-stepeni/ Sun, 03 Nov 2024 18:26:20 +0000 https://republika.mk/?p=833837

Неколку земјотреси попладево ја затресоа Грција. Најсилниот со јачина од 5.3 степени по Рихтер, беше некаде по 17 часот. Бил почувствуван и во Солун.

Потоа имаше уште еден потрес со јачинна од 3.8 степени и следуваа уште седум послаби удари со јачина од околу 2 степени.

Сите земјотреси се со епицентар во близина Неа Мудањана на Халкидики.

The post Девет земјотреси за еден час во Грција, најсилниот со јачина од 5.3 степени appeared first on Република.

]]>

Неколку земјотреси попладево ја затресоа Грција. Најсилниот со јачина од 5.3 степени по Рихтер, беше некаде по 17 часот. Бил почувствуван и во Солун. Потоа имаше уште еден потрес со јачинна од 3.8 степени и следуваа уште седум послаби удари со јачина од околу 2 степени. Сите земјотреси се со епицентар во близина Неа Мудањана на Халкидики.

The post Девет земјотреси за еден час во Грција, најсилниот со јачина од 5.3 степени appeared first on Република.

]]>
Мицотакис: Сакаме да имаме добри односи со Турција, не треба да бидеме на работ на војна https://republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-sakame-da-imame-dobri-odnosi-so-turtsija-ne-treba-da-bideme-na-rabot-na-vojna/ Sat, 02 Nov 2024 16:48:01 +0000 https://republika.mk/?p=833545

Ако конечно се согласиме дека не се согласуваме, дека не можеме да го решиме прашањето за Ексклузивната економка зона и континенталниот гребен, бидејќи имаме многу различни позиции, тоа не значи дека треба да бидеме на работ на војна со Турција, посочи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за телевизијата „Скај“ и истакна дека сака да имаат добри односи со Турција.

Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан в петок ќе биде во Атина на средба со министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис, а Мицотакис посочи дека односите меѓу двата народа се добри, како пример ја спомена посетата на туристи од Турција на островите од Егејското море по воведената експресна туристичка виза за турските државјани.

Паралелно, немаме прекршувања во Егејското Море. Имаме соработка, која може да стане подобра во бегалското прашање. Ова не се позитивни работи? Имаше некоја отстапка од националните линии за да се постигне овој подобар однос со Турција? Јас сакам да имам добри односи со Турција, истакна Мицотакис.

Дополнително, Мицотакис изјави дека постојат многу земји кои сè уште имаат гранични спорови, како што се Канада и САД, но „не се на работ на војна, ниту пак некој се повлекува од своите позиции“.

Грција денес е силна, и геополитички и одбранбено и економски. И ние имаме обврска, со самодоверба, а не од позиција на слабост, да разговараме со нашите соседи, истакна грчкиот премиер.

Мицотакис објасни дека преферираат „мирни води“ во односите со Анкара, но и да разговараат и да ја истражат можноста „главно да ја убедиме Турција дека турскиот ревизионизам на крајот не може да доведе до решение“.

За претседателските избори во САД, грчкиот премиер рече дека нема да коментира околу прогнозите за исходот, но истакна дека се подготвени „за сите евентуални можности“ и нагласи дека во Конгресот, но и во Претставничкиот дом и во Сенатот, имаат многу силни контакти со многу избрани претставници и сенатори од двете партии.

Ставот дека Грција е столб на стабилност, стратешки партнер на Соединетите Американски Држави - на овој однос, со наша мала помош сега се додава и Кипар - е став на сенаторите и пратениците и од двете партии. И сакам да потсетам дека кога имав голема чест да зборувам во Конгресот, ми аплаудираа и двете страни на Конгресот. Значи, ќе се адаптираме и ќе работиме со кој и да биде избран, токму затоа што стратешкото јадро на односите САД-Грција нема да биде оспорено ниту од Трамп, ниту од Харис, посочи Мицотакис.

Во интервјуто, Мицотакис се осврна и на германските репарации од Втората светска војна и окупацискиот заем, особено по посетата на Грција на претседателот на Германија, кој истакна дека конкретното прашање за нив е затворено.

Мицотакис рече дека може да разговараат со Германците како стратешки партнери и да кажат дека тоа е нешто што го бараат од нив и сакаат конечно да се најде решение.

The post Мицотакис: Сакаме да имаме добри односи со Турција, не треба да бидеме на работ на војна appeared first on Република.

]]>

Ако конечно се согласиме дека не се согласуваме, дека не можеме да го решиме прашањето за Ексклузивната економка зона и континенталниот гребен, бидејќи имаме многу различни позиции, тоа не значи дека треба да бидеме на работ на војна со Турција, посочи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за телевизијата „Скај“ и истакна дека сака да имаат добри односи со Турција.
Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан в петок ќе биде во Атина на средба со министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис, а Мицотакис посочи дека односите меѓу двата народа се добри, како пример ја спомена посетата на туристи од Турција на островите од Егејското море по воведената експресна туристичка виза за турските државјани.
Паралелно, немаме прекршувања во Егејското Море. Имаме соработка, која може да стане подобра во бегалското прашање. Ова не се позитивни работи? Имаше некоја отстапка од националните линии за да се постигне овој подобар однос со Турција? Јас сакам да имам добри односи со Турција, истакна Мицотакис.
Дополнително, Мицотакис изјави дека постојат многу земји кои сè уште имаат гранични спорови, како што се Канада и САД, но „не се на работ на војна, ниту пак некој се повлекува од своите позиции“.
Грција денес е силна, и геополитички и одбранбено и економски. И ние имаме обврска, со самодоверба, а не од позиција на слабост, да разговараме со нашите соседи, истакна грчкиот премиер.
Мицотакис објасни дека преферираат „мирни води“ во односите со Анкара, но и да разговараат и да ја истражат можноста „главно да ја убедиме Турција дека турскиот ревизионизам на крајот не може да доведе до решение“. За претседателските избори во САД, грчкиот премиер рече дека нема да коментира околу прогнозите за исходот, но истакна дека се подготвени „за сите евентуални можности“ и нагласи дека во Конгресот, но и во Претставничкиот дом и во Сенатот, имаат многу силни контакти со многу избрани претставници и сенатори од двете партии.
Ставот дека Грција е столб на стабилност, стратешки партнер на Соединетите Американски Држави - на овој однос, со наша мала помош сега се додава и Кипар - е став на сенаторите и пратениците и од двете партии. И сакам да потсетам дека кога имав голема чест да зборувам во Конгресот, ми аплаудираа и двете страни на Конгресот. Значи, ќе се адаптираме и ќе работиме со кој и да биде избран, токму затоа што стратешкото јадро на односите САД-Грција нема да биде оспорено ниту од Трамп, ниту од Харис, посочи Мицотакис.
Во интервјуто, Мицотакис се осврна и на германските репарации од Втората светска војна и окупацискиот заем, особено по посетата на Грција на претседателот на Германија, кој истакна дека конкретното прашање за нив е затворено. Мицотакис рече дека може да разговараат со Германците како стратешки партнери и да кажат дека тоа е нешто што го бараат од нив и сакаат конечно да се најде решение.

The post Мицотакис: Сакаме да имаме добри односи со Турција, не треба да бидеме на работ на војна appeared first on Република.

]]>
Почина тригодишното дете што беше застрелано во Грција https://republika.mk/vesti/balkan/pochina-trigodishnoto-dete-shto-beshe-zastrelano-vo-grtsija/ Fri, 01 Nov 2024 11:53:55 +0000 https://republika.mk/?p=833082

Детето (3), кое утрово беше застрелано во Грција, починало и покрај напорите на лекарите. Смртта била констатирана набргу по пристигнувањето во болница.

Престрелката во која учествувале повеќе лица се случила утрово во Маркопулос.

Според неофицијални информации, во престрелката учествувале патници од два автомобила. Наводно еден од автомобилите застанал до друго возило, во кое имало и дете, и од засега непозната причина почнале да пукаат. Најмалку еден куршум завршил во детето.

Полициски извор изјави дека на местото на злосторството биле пронајдени повеќе од 20 патрони.

Детето добило прострелна рана во главата, а неговите роднини бргу го однеле тешко рането во најблискиот здравствен дом. Оттаму детето со возило на брзата помош било префрлено во детската болница.

По приемот, детето не давало знаци за живот.

The post Почина тригодишното дете што беше застрелано во Грција appeared first on Република.

]]>

Детето (3), кое утрово беше застрелано во Грција, починало и покрај напорите на лекарите. Смртта била констатирана набргу по пристигнувањето во болница. Престрелката во која учествувале повеќе лица се случила утрово во Маркопулос. Според неофицијални информации, во престрелката учествувале патници од два автомобила. Наводно еден од автомобилите застанал до друго возило, во кое имало и дете, и од засега непозната причина почнале да пукаат. Најмалку еден куршум завршил во детето. Полициски извор изјави дека на местото на злосторството биле пронајдени повеќе од 20 патрони. Детето добило прострелна рана во главата, а неговите роднини бргу го однеле тешко рането во најблискиот здравствен дом. Оттаму детето со возило на брзата помош било префрлено во детската болница. По приемот, детето не давало знаци за живот.

The post Почина тригодишното дете што беше застрелано во Грција appeared first on Република.

]]>
Трагедија во Грција: Тригодишно дете застрелано во глава! https://republika.mk/vesti/balkan/tragedija-vo-grtsija-trigodishno-dete-zastrelano-vo-glava/ Fri, 01 Nov 2024 10:45:07 +0000 https://republika.mk/?p=833050

Тригодишно дете се бори за живот во Грција, откако било застрелано во главта. Овој инцидент се случил во Маркопулос, град во јужна Атика во близина на главниот град Атина. Првите сознанија од истрагата укажуваат на тоа дека детето било застрелано случајно.

Пукањето се случило утрово, а детето со повреда на главата било примено во Здравствениот дом во Маркопули, а потоа пренесено во друга болница.

Детето е во тешка состојба. Според неофицијалните информации, дошло до престрелка меѓу патници на два автомобили, по што куршум испукан од еден од автомобилите завршил во главата на детето.

 

The post Трагедија во Грција: Тригодишно дете застрелано во глава! appeared first on Република.

]]>

Тригодишно дете се бори за живот во Грција, откако било застрелано во главта. Овој инцидент се случил во Маркопулос, град во јужна Атика во близина на главниот град Атина. Првите сознанија од истрагата укажуваат на тоа дека детето било застрелано случајно.

Пукањето се случило утрово, а детето со повреда на главата било примено во Здравствениот дом во Маркопули, а потоа пренесено во друга болница.

Детето е во тешка состојба. Според неофицијалните информации, дошло до престрелка меѓу патници на два автомобили, по што куршум испукан од еден од автомобилите завршил во главата на детето.

 

The post Трагедија во Грција: Тригодишно дете застрелано во глава! appeared first on Република.

]]>
Грција ја следи ситуацијата со балканската рута и поради опасноста меѓу бегалците и мигрантите да има борци од Хамас или Хезболах https://republika.mk/vesti/balkan/grtsija-ja-sledi-situatsijata-so-balkanskata-ruta-i-poradi-opasnosta-megu-begaltsite-i-migrantite-da-ima-bortsi-od-hamas-ili-hezbolah/ Sun, 27 Oct 2024 10:53:03 +0000 https://republika.mk/?p=831366

Ситуацијата со бегалците и мигрантите на балканската рута е стабилна и за разлика од пристигнувањата по морски пат, не се забележуваат зголемувања, брифираат високи извори од Министерството за миграција и азил на Грција, но посочуваат дека состојбата се следи и од безбедносни причини поради опасноста меѓу бегалците од јужен Либан да има борци од Хамас или Хезболах, јави дописничката на МИА од Атина.

Вниманието на Грција е насочено кон морските граници и пристигнувањата на бегалци и мигранти по морски пат до островите, кое во изминатиот период е зголемено, за разлика од балканската рута која е постабилна, но сепак изворот вели дека не можеме да бидеме сигурни дека нема да се промени ако се зголемат притисоците на Блискиот исток.

-Соработуваме со Фронтекс, побаравме поголема инволвираност на Еуропол за да ја контролираме балканската рута, како и сите други рути, доколку постојат бранови од Либан, но ова е и од безбедносни причини, посочуваат изворите од Министерството за миграција и азил на Грција.

Објаснуваат дека ако во јужен Либан се влоши ситуацијата и ако се создадат мигрантски бранови од таму, можеби нема да бидат само семејства кои сакаат да си заминат од воената зона, туку може да се обидат и борци од Хезболах и Хамас да стигнат до Европа, што од безбедносни причини треба да се следи.

Затоа, нагласуваат дека мора да бидат во состојба на внимателност и будност.

Чамците со бегалци и мигранти кои пристигнуваат во Грција веќе се секојдневие, а високите извори од Министерството за миграција и азил проценуваат дека до крајот на годинава околу 50.000 ќе биде бројот на пристигнувања во земјата.

Според официјалните податоци, од почетокот на 2024 година, заклучно со септември пристигнале нешто повеќе од 37.000 лица, што е за 25 отсто повеќе споредбено со првите девет месеци од 2023 година.

Главниот проблем, според истите извори се криумчарите на мигранти кои „ги ставаат во опасност животите на луѓето“, злоупотребувајќи ја нивната ситуацијата „ги ставаат во небезбедни пловни средства за опасни морски патувања“.

Еден таков пример е и неодамнешната несреќата во близина на островот Кос кога две жени и две деца загинаа поради опасните маневри на криумчарот, кој управувал со чамецот.

-Не се занимаваме доволно со криумчарите. Тоа е тема што им ја поставуваме и на нашите европски партнери и на нашите турски соседи, нагласуваат високите извори од Министерството за миграција и азил на Грција и посочуваат дека намерата е да се интензивира соработката со Турција и да се фокусираат на борбата против мрежите на криумчарите во Егејското море.

Дополнително, истите извори велат дека со Турција треба да се разговара и за враќањата, нешто што е предвидено со заедничката изјава ЕУ-Турција, но не се спроведува веќе четири-пет години.

-Со фактот што не се враќаат мигранти во Турција, всушност ја прави рутата еднонасочна, оној што влегува, не може да излезе и ова треба да се смени и оваа еднонасочна улица да стане двонасочна, посочуваат изворите и додаваат дека ова е нешто што Грција го бара на европско ниво и не може да се разговара на билатерално ниво.

Враќањата на мигрантите и бегалците и во земјата на потекло и во трети земји е темата која е актуелна во изминатиот период, а за која изворите од Грција велат дека ќе добие особена динамика во ЕУ.

За враќањето на бегалците кои имаат признат статус и одобрен азил од една во друга земја, тешкотијата е нивното пронаоѓање и лоцирање.

Како пример, изворите споменуваат дека Грција прифатила од Германија да се вратат околу 570 признати бегалци, а се вратиле само 15 бидејќи е тешко останатите да се лоцираат, нешто што е проблем и кога станува збор за нелегалните мигранти и оние кои не добиле позитивен одговор на барањето за азил или за добивање дозвола за престој.

The post Грција ја следи ситуацијата со балканската рута и поради опасноста меѓу бегалците и мигрантите да има борци од Хамас или Хезболах appeared first on Република.

]]>

Ситуацијата со бегалците и мигрантите на балканската рута е стабилна и за разлика од пристигнувањата по морски пат, не се забележуваат зголемувања, брифираат високи извори од Министерството за миграција и азил на Грција, но посочуваат дека состојбата се следи и од безбедносни причини поради опасноста меѓу бегалците од јужен Либан да има борци од Хамас или Хезболах, јави дописничката на МИА од Атина. Вниманието на Грција е насочено кон морските граници и пристигнувањата на бегалци и мигранти по морски пат до островите, кое во изминатиот период е зголемено, за разлика од балканската рута која е постабилна, но сепак изворот вели дека не можеме да бидеме сигурни дека нема да се промени ако се зголемат притисоците на Блискиот исток.
-Соработуваме со Фронтекс, побаравме поголема инволвираност на Еуропол за да ја контролираме балканската рута, како и сите други рути, доколку постојат бранови од Либан, но ова е и од безбедносни причини, посочуваат изворите од Министерството за миграција и азил на Грција.
Објаснуваат дека ако во јужен Либан се влоши ситуацијата и ако се создадат мигрантски бранови од таму, можеби нема да бидат само семејства кои сакаат да си заминат од воената зона, туку може да се обидат и борци од Хезболах и Хамас да стигнат до Европа, што од безбедносни причини треба да се следи. Затоа, нагласуваат дека мора да бидат во состојба на внимателност и будност. Чамците со бегалци и мигранти кои пристигнуваат во Грција веќе се секојдневие, а високите извори од Министерството за миграција и азил проценуваат дека до крајот на годинава околу 50.000 ќе биде бројот на пристигнувања во земјата. Според официјалните податоци, од почетокот на 2024 година, заклучно со септември пристигнале нешто повеќе од 37.000 лица, што е за 25 отсто повеќе споредбено со првите девет месеци од 2023 година. Главниот проблем, според истите извори се криумчарите на мигранти кои „ги ставаат во опасност животите на луѓето“, злоупотребувајќи ја нивната ситуацијата „ги ставаат во небезбедни пловни средства за опасни морски патувања“. Еден таков пример е и неодамнешната несреќата во близина на островот Кос кога две жени и две деца загинаа поради опасните маневри на криумчарот, кој управувал со чамецот.
-Не се занимаваме доволно со криумчарите. Тоа е тема што им ја поставуваме и на нашите европски партнери и на нашите турски соседи, нагласуваат високите извори од Министерството за миграција и азил на Грција и посочуваат дека намерата е да се интензивира соработката со Турција и да се фокусираат на борбата против мрежите на криумчарите во Егејското море.
Дополнително, истите извори велат дека со Турција треба да се разговара и за враќањата, нешто што е предвидено со заедничката изјава ЕУ-Турција, но не се спроведува веќе четири-пет години.
-Со фактот што не се враќаат мигранти во Турција, всушност ја прави рутата еднонасочна, оној што влегува, не може да излезе и ова треба да се смени и оваа еднонасочна улица да стане двонасочна, посочуваат изворите и додаваат дека ова е нешто што Грција го бара на европско ниво и не може да се разговара на билатерално ниво.
Враќањата на мигрантите и бегалците и во земјата на потекло и во трети земји е темата која е актуелна во изминатиот период, а за која изворите од Грција велат дека ќе добие особена динамика во ЕУ. За враќањето на бегалците кои имаат признат статус и одобрен азил од една во друга земја, тешкотијата е нивното пронаоѓање и лоцирање. Како пример, изворите споменуваат дека Грција прифатила од Германија да се вратат околу 570 признати бегалци, а се вратиле само 15 бидејќи е тешко останатите да се лоцираат, нешто што е проблем и кога станува збор за нелегалните мигранти и оние кои не добиле позитивен одговор на барањето за азил или за добивање дозвола за престој.

The post Грција ја следи ситуацијата со балканската рута и поради опасноста меѓу бегалците и мигрантите да има борци од Хамас или Хезболах appeared first on Република.

]]>
Во август во Грција имало зголемен број туристи во споредба со лани, но потрошиле помалку пари https://republika.mk/vesti/balkan/vo-avgust-vo-grtsija-imalo-zgolemen-broj-turisti-vo-sporedba-so-lani-no-potroshile-pomalku-pari/ Wed, 23 Oct 2024 07:20:08 +0000 https://republika.mk/?p=830039

Бројот на туристи кои во август годинава ја посетиле Грција е за 6,6 отсто повисок во споредба со истиот месец лани, меѓутоа приходите од посетителите се намалени за 1,8 проценти, покажуваат официјалните податоци од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Во август пристигнале 6.908.000 туристи, а порастот на бројот на туристи е по зголемувањето на посетители и од ЕУ (за 8,1 отсто) и од останатите земји (за 4,1 процент), но намалувањата на приходите споредбено со истиот месец од 2023 година е поради драстичното намалување (од 13,9 отсто) на трошоците на жителите од трети земји, наспроти порастот од 5,1 отсто на приходите од туристите од земјите од Европската унија.

Од друга страна, во периодот од осум месеци, односно од јануари до август, Грција ја посетиле нешто помалку од 25 милиони туристи (24.890.600) за 9,9 отсто повеќе во споредба со истиот период лани, а зголемени се и 12,2 проценти и приходите од туризмот и изнесуваат 15,1 милијарда евра.

Ова, според Банката на Грција се должи на зголемувањето на приходите од жителите на земјите од Европската унија за 6 отсто додека приходите од жителите на другите земји се намалени за 2,8 проценти.

Во конкретниот период патничкиот сообраќај преку аеродромите бил зголемен за 11,1 отсто, а преку копнените гранични премини за 7,7 проценти.

Минатата година беше особено успешна за грчкиот туризам, со оглед на тоа дека Грција ја посетија 32,7 милиони туристи, за 17,6 отсто повеќе споредбено со 2022 година, a приходите за земјата беа 20,5 милијарди евра.

The post Во август во Грција имало зголемен број туристи во споредба со лани, но потрошиле помалку пари appeared first on Република.

]]>

Бројот на туристи кои во август годинава ја посетиле Грција е за 6,6 отсто повисок во споредба со истиот месец лани, меѓутоа приходите од посетителите се намалени за 1,8 проценти, покажуваат официјалните податоци од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Во август пристигнале 6.908.000 туристи, а порастот на бројот на туристи е по зголемувањето на посетители и од ЕУ (за 8,1 отсто) и од останатите земји (за 4,1 процент), но намалувањата на приходите споредбено со истиот месец од 2023 година е поради драстичното намалување (од 13,9 отсто) на трошоците на жителите од трети земји, наспроти порастот од 5,1 отсто на приходите од туристите од земјите од Европската унија. Од друга страна, во периодот од осум месеци, односно од јануари до август, Грција ја посетиле нешто помалку од 25 милиони туристи (24.890.600) за 9,9 отсто повеќе во споредба со истиот период лани, а зголемени се и 12,2 проценти и приходите од туризмот и изнесуваат 15,1 милијарда евра. Ова, според Банката на Грција се должи на зголемувањето на приходите од жителите на земјите од Европската унија за 6 отсто додека приходите од жителите на другите земји се намалени за 2,8 проценти. Во конкретниот период патничкиот сообраќај преку аеродромите бил зголемен за 11,1 отсто, а преку копнените гранични премини за 7,7 проценти. Минатата година беше особено успешна за грчкиот туризам, со оглед на тоа дека Грција ја посетија 32,7 милиони туристи, за 17,6 отсто повеќе споредбено со 2022 година, a приходите за земјата беа 20,5 милијарди евра.

The post Во август во Грција имало зголемен број туристи во споредба со лани, но потрошиле помалку пари appeared first on Република.

]]>
Анкета во Грција: СИРИЗА на петтото место https://republika.mk/vesti/balkan/anketa-vo-grtsija-siriza-na-pettoto-mesto/ Tue, 22 Oct 2024 08:24:31 +0000 https://republika.mk/?p=829644

Грчката владејачка партија Нова демократија со 25 отсто е стабилна на првата позиција, ПАСОК е втора со 9,7 проценти помалку, потоа следат десничарско-националистичката Грчко решение и Комунистичката партија, а СИРИЗА е петта политичка сила во земјата, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење во Грција спроведено од агенцијата „Алко“ за грчката телевизија „Алфа“, јави дописничката на МИА од Атина.

Во однос на тоа дали граѓаните се оптимисти дека ситуацијата за нив и нивното семејство во иднина ќе се подобри, 44 отсто сметаат дека состојбата ќе биде полоша, а исто толку дека ќе остане иста, додека пак за резултатите на владината политика, 53 проценти велат дека не се воопшто задоволни.

На прашањето која од опозициските партии може да понуди кредибилна владина алтернатива, речиси половина од анкетираните (49 проценти) одговориле „никоја“, а 21 отсто ја избрале ПАСОК.

Истражувањето на јавното мислење од агенцијата „Алко“ за грчката телевизија „Алфа“ било спроведено од 15 до 19 октомври со анкетирани 1.003 лица.

The post Анкета во Грција: СИРИЗА на петтото место appeared first on Република.

]]>

Грчката владејачка партија Нова демократија со 25 отсто е стабилна на првата позиција, ПАСОК е втора со 9,7 проценти помалку, потоа следат десничарско-националистичката Грчко решение и Комунистичката партија, а СИРИЗА е петта политичка сила во земјата, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење во Грција спроведено од агенцијата „Алко“ за грчката телевизија „Алфа“, јави дописничката на МИА од Атина. Во однос на тоа дали граѓаните се оптимисти дека ситуацијата за нив и нивното семејство во иднина ќе се подобри, 44 отсто сметаат дека состојбата ќе биде полоша, а исто толку дека ќе остане иста, додека пак за резултатите на владината политика, 53 проценти велат дека не се воопшто задоволни. На прашањето која од опозициските партии може да понуди кредибилна владина алтернатива, речиси половина од анкетираните (49 проценти) одговориле „никоја“, а 21 отсто ја избрале ПАСОК. Истражувањето на јавното мислење од агенцијата „Алко“ за грчката телевизија „Алфа“ било спроведено од 15 до 19 октомври со анкетирани 1.003 лица.

The post Анкета во Грција: СИРИЗА на петтото место appeared first on Република.

]]>
Суспендирани над 6.000 ученици во Грција поради користење мобилен телефон за време на настава https://republika.mk/vesti/balkan/suspendirani-nad-6-000-uchenitsi-vo-grtsija-poradi-koristene-mobilen-telefon-za-vreme-na-nastava/ Mon, 21 Oct 2024 14:45:08 +0000 https://republika.mk/?p=829515

Од почетокот на учебната година во Грција, поради употреба на мобилен телефон за време на наставата суспендирани биле 6.043 ученици, според министерот за образование, религија и спорт Кирјакос Пиеракакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Во интервјуто за радиото „Скај“, надлежниот министер истакна дека мерката воведена за првпат оваа година има „спектакуларно добро“ влијание и е прифатена од училишната заедница.

На 11 септември започна новата учебна година во Грција, една од новините воведени беше и забраната за користење на мобилните телефони за време на наставата, а кога беше презентирана мерката, грчкиот премиер истакна дека слоганот оваа година е „мобилниот во ранец“.

The post Суспендирани над 6.000 ученици во Грција поради користење мобилен телефон за време на настава appeared first on Република.

]]>

Од почетокот на учебната година во Грција, поради употреба на мобилен телефон за време на наставата суспендирани биле 6.043 ученици, според министерот за образование, религија и спорт Кирјакос Пиеракакис, јави дописничката на МИА од Атина. Во интервјуто за радиото „Скај“, надлежниот министер истакна дека мерката воведена за првпат оваа година има „спектакуларно добро“ влијание и е прифатена од училишната заедница. На 11 септември започна новата учебна година во Грција, една од новините воведени беше и забраната за користење на мобилните телефони за време на наставата, а кога беше презентирана мерката, грчкиот премиер истакна дека слоганот оваа година е „мобилниот во ранец“.

The post Суспендирани над 6.000 ученици во Грција поради користење мобилен телефон за време на настава appeared first on Република.

]]>
ОМД организира Форум за човекови права во Солун https://republika.mk/vesti/makedonija/omd-organizira-forum-za-chovekovi-prava-vo-solun/ Sat, 19 Oct 2024 07:34:19 +0000 https://republika.mk/?p=828691

Обединета македонска дијаспора (ОМД) во партнерство со НПО Крсте Мисирков, денеска го организира вториот Форум за човекови права во Солун.

ОМД соопшти дека фокусот на форумот ќе биде на иднината на правата на малцинствата, бенефитите (економски, туристички, културни итн) на Република Грција, имајќи мултиетничко општество, како и колку едукацијата е клучна во креирањето на сплотување во самата држава, а сето тоа поткрепено со примери од минатото кои ќе служат како поука за иднина.

Овој форум останува клучна платформа за зацврстување на позициите на малцинствата и застапување за човековите права во Грција. Говорници на форумот ќе бидат реномирани професори од држави членки на ЕУ, претставници на европски организации, како и претставници на малцински групи од повеќе држави, наведуваат од ОМД.

The post ОМД организира Форум за човекови права во Солун appeared first on Република.

]]>

Обединета македонска дијаспора (ОМД) во партнерство со НПО Крсте Мисирков, денеска го организира вториот Форум за човекови права во Солун. ОМД соопшти дека фокусот на форумот ќе биде на иднината на правата на малцинствата, бенефитите (економски, туристички, културни итн) на Република Грција, имајќи мултиетничко општество, како и колку едукацијата е клучна во креирањето на сплотување во самата држава, а сето тоа поткрепено со примери од минатото кои ќе служат како поука за иднина.
Овој форум останува клучна платформа за зацврстување на позициите на малцинствата и застапување за човековите права во Грција. Говорници на форумот ќе бидат реномирани професори од држави членки на ЕУ, претставници на европски организации, како и претставници на малцински групи од повеќе држави, наведуваат од ОМД.

The post ОМД организира Форум за човекови права во Солун appeared first on Република.

]]>
Македонски државјанин баран по потерница од Интерпол уапсен во Солун https://republika.mk/vesti/balkan/makedonski-drzhavjanin-baran-po-poternitsa-od-interpol-uapsen-vo-solun/ Fri, 18 Oct 2024 09:56:16 +0000 https://republika.mk/?p=828399

41-годишен македонски државјанин е уапсен од страна на грчката полиција во Солун. Против него била распишана црвена потерница од Интерпол. Потерницата била издадена затоа што додека издржувал вкупно 14 години и 9 месеци затвор за измама, разбојништво, тешки телесни повреди и трговија со дрога, добил неколкудневно отсуство од затворот и не се вратил.

– 41-годишен странски државјанин приложил лажен идентитет. При полициската проверка е утврдено дека организирал и нелегално повторно влегување на свој сограѓанин во земјата. Интерпол против него издала црвена потерница бидејќи додека отслужувал вкупна затворска казна од 14 години и 9 месеци за измама, разбојништво, тешки телесни повреди и трговија со дрога, добил неколкудневно отсуство од затворот на соседната земја и не се вратил – соопшти Генералната полициска управа на Солун.

При извршените полициски проверки во текот на вчерашниот ден во Солун грчката полиција уапси вкупно седум лица за различни кривични и прекршочни дела, објавија грчките медиуми.

Уапсените ќе бидат спроведени до надлежните судски органи, а полициските проверки продолжуваат систематски и секојдневно.

The post Македонски државјанин баран по потерница од Интерпол уапсен во Солун appeared first on Република.

]]>

41-годишен македонски државјанин е уапсен од страна на грчката полиција во Солун. Против него била распишана црвена потерница од Интерпол. Потерницата била издадена затоа што додека издржувал вкупно 14 години и 9 месеци затвор за измама, разбојништво, тешки телесни повреди и трговија со дрога, добил неколкудневно отсуство од затворот и не се вратил.
– 41-годишен странски државјанин приложил лажен идентитет. При полициската проверка е утврдено дека организирал и нелегално повторно влегување на свој сограѓанин во земјата. Интерпол против него издала црвена потерница бидејќи додека отслужувал вкупна затворска казна од 14 години и 9 месеци за измама, разбојништво, тешки телесни повреди и трговија со дрога, добил неколкудневно отсуство од затворот на соседната земја и не се вратил – соопшти Генералната полициска управа на Солун.
При извршените полициски проверки во текот на вчерашниот ден во Солун грчката полиција уапси вкупно седум лица за различни кривични и прекршочни дела, објавија грчките медиуми. Уапсените ќе бидат спроведени до надлежните судски органи, а полициските проверки продолжуваат систематски и секојдневно.

The post Македонски државјанин баран по потерница од Интерпол уапсен во Солун appeared first on Република.

]]>
Мнозинството Грци сметаат дека „сигурно“ или „веројатно“ постои прекумерен туризам во земјата https://republika.mk/vesti/balkan/mnozinstvoto-grtsi-smetaat-deka-sigurno-ili-verojatno-postoi-prekumeren-turizam-vo-zemjata/ Wed, 16 Oct 2024 08:10:14 +0000 https://republika.mk/?p=827417

Речиси седум од десет Грци, односно 67 отсто сметаа дека „сигурно“ или „веројатно“ во земјата постои прекумерен туризам, согласно истражувањето на јавното мислење презентирано на конференцијата за туризам „Reimagine Tourism in Greece“ организирана од весникот „Катимерини“, додека пак грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис посочува дека „Грција нема проблем со прекумерен туризам“, јави дописничката на МИА од Атина.

На прашањето „Дали постои прекумерен туризам во Грција“, 29 отсто од анкетираните одговориле „сигурно“, 38 проценти рекле „веројатно да“, 20 отсто сметаат дека „веројатно не“, а само шест проценти се сигурни дека „не постои“.

Мицотакис, за време на учеството на панел дискусија на конференцијата објасни дека Грција нема проблем со прекумерен туризам, туку „се соочува со проблеми со голема концентрација на туристи на конкретни, мал број дестинации, неколку месеци во годината“.

Но, проблем со прекумерен туризам, онака како што е дефиниран како системски проблем кој веќе предизвикува реакции кај локалните заедници, во Грција не постои. И не треба да постои во иднина, рече Мицотакис.

Додаде дека она што е важно е во иднина како ќе управуваат со туристичките бранови, „за да не се соочиме со овој проблем“.

Навистина, на некои острови во Егејското Море, некои месеци од годината, почнуваме да имаме проблем каде погодена е инфраструктурата на островите. Кога би имале подобра инфраструктура, теоретски би можеле да пречекаме повеќе туристи. Според мене, не постои апсолутен број, апсолутна граница над која не можеме да одиме. Ова, во голема мера зависи од способноста на нашите острови да управуваат со туристичките бранови во однос на отпадот, во однос на водата, во однос на сообраќајот што може да се создаде на патиштата. Значи, теоретски, ако подобриме дел од нашата инфраструктура, би можеле да примиме повеќе посетители, објасни Мицотакис.

Посочи дека прашањето е дали сакаат повеќе туристи или во основа сакаат туристи кои ќе можат да трошат повеќе пари во земјата и дали мерило за успешноста на една туристичка година е апсолутниот број на пристигнувања или се приходите.

Целта се приходите. Па така, повеќе ме интересира да имаме рекорд во приходите, што очигледно, во голема мера е поврзано и со бројот на пристигнувања, но она што првенствено го гледам е вкупниот придонес на туризмот во однос на динамиката на развојот на земјата, а во исто време и трошењето по глава на жител на посетителите, што секако зависи од цените што ги наплаќаме, објасни грчкиот премиер.

Во истражувањето на јавното мислење во кое биле анкетирани 1.149 лица во периодот од 13 до 16 септември, на прашањето колку е важен туризмот во земјата 86 отсто одговориле „многу“ или „доста“, а 54 проценти преферираат „помалку туристи со подобра финансиска ситуација“

The post Мнозинството Грци сметаат дека „сигурно“ или „веројатно“ постои прекумерен туризам во земјата appeared first on Република.

]]>

Речиси седум од десет Грци, односно 67 отсто сметаа дека „сигурно“ или „веројатно“ во земјата постои прекумерен туризам, согласно истражувањето на јавното мислење презентирано на конференцијата за туризам „Reimagine Tourism in Greece“ организирана од весникот „Катимерини“, додека пак грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис посочува дека „Грција нема проблем со прекумерен туризам“, јави дописничката на МИА од Атина. На прашањето „Дали постои прекумерен туризам во Грција“, 29 отсто од анкетираните одговориле „сигурно“, 38 проценти рекле „веројатно да“, 20 отсто сметаат дека „веројатно не“, а само шест проценти се сигурни дека „не постои“. Мицотакис, за време на учеството на панел дискусија на конференцијата објасни дека Грција нема проблем со прекумерен туризам, туку „се соочува со проблеми со голема концентрација на туристи на конкретни, мал број дестинации, неколку месеци во годината“. Но, проблем со прекумерен туризам, онака како што е дефиниран како системски проблем кој веќе предизвикува реакции кај локалните заедници, во Грција не постои. И не треба да постои во иднина, рече Мицотакис. Додаде дека она што е важно е во иднина како ќе управуваат со туристичките бранови, „за да не се соочиме со овој проблем“. Навистина, на некои острови во Егејското Море, некои месеци од годината, почнуваме да имаме проблем каде погодена е инфраструктурата на островите. Кога би имале подобра инфраструктура, теоретски би можеле да пречекаме повеќе туристи. Според мене, не постои апсолутен број, апсолутна граница над која не можеме да одиме. Ова, во голема мера зависи од способноста на нашите острови да управуваат со туристичките бранови во однос на отпадот, во однос на водата, во однос на сообраќајот што може да се создаде на патиштата. Значи, теоретски, ако подобриме дел од нашата инфраструктура, би можеле да примиме повеќе посетители, објасни Мицотакис. Посочи дека прашањето е дали сакаат повеќе туристи или во основа сакаат туристи кои ќе можат да трошат повеќе пари во земјата и дали мерило за успешноста на една туристичка година е апсолутниот број на пристигнувања или се приходите. Целта се приходите. Па така, повеќе ме интересира да имаме рекорд во приходите, што очигледно, во голема мера е поврзано и со бројот на пристигнувања, но она што првенствено го гледам е вкупниот придонес на туризмот во однос на динамиката на развојот на земјата, а во исто време и трошењето по глава на жител на посетителите, што секако зависи од цените што ги наплаќаме, објасни грчкиот премиер. Во истражувањето на јавното мислење во кое биле анкетирани 1.149 лица во периодот од 13 до 16 септември, на прашањето колку е важен туризмот во земјата 86 отсто одговориле „многу“ или „доста“, а 54 проценти преферираат „помалку туристи со подобра финансиска ситуација“

The post Мнозинството Грци сметаат дека „сигурно“ или „веројатно“ постои прекумерен туризам во земјата appeared first on Република.

]]>
Продолжен викенд и гужва кон Грција: Македонците го освојуваат Солун https://republika.mk/zivot/servisi/prodolzhen-vikend-i-guzhva-kon-grtsija-makedontsite-go-osvojuvaat-solun/ Fri, 11 Oct 2024 08:22:32 +0000 https://republika.mk/?p=825424

Пет колони и стотици автомобили од рано утринава чекаат на граничниот премин „Богородица“ да поминат граница и продолжемиот викенд да го поминат кај јужниот сосед.

Иако од АМСМ известуваат дека нема подолги задржувања за излез од државата, сепак, патници сведочат дека се чека и по 45 минути, а колоните се километарски.

Повод за одењето во Солун е неработниот петок. Заминувањата на продолжен викенд започнаа од вчера кога наплатните рампи беа блокирани, особено, рампата „Миладиновци“ за излез од Скопје.

The post Продолжен викенд и гужва кон Грција: Македонците го освојуваат Солун appeared first on Република.

]]>

Пет колони и стотици автомобили од рано утринава чекаат на граничниот премин „Богородица“ да поминат граница и продолжемиот викенд да го поминат кај јужниот сосед. Иако од АМСМ известуваат дека нема подолги задржувања за излез од државата, сепак, патници сведочат дека се чека и по 45 минути, а колоните се километарски. Повод за одењето во Солун е неработниот петок. Заминувањата на продолжен викенд започнаа од вчера кога наплатните рампи беа блокирани, особено, рампата „Миладиновци“ за излез од Скопје.

The post Продолжен викенд и гужва кон Грција: Македонците го освојуваат Солун appeared first on Република.

]]>
Ковид во Грција: За една недела 613 луѓе во болница – 17 починати https://republika.mk/vesti/balkan/kovid-vo-grtsija-za-edna-nedela-613-luge-vo-bolnitsa-17-pochinati/ Fri, 11 Oct 2024 08:17:32 +0000 https://republika.mk/?p=825421

Намалување на позитивните, хоспитализираните и починатите од Ковид-19 е регистрирано во текот на минатата седмица во Грција, согласно официјалните податоци од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

Во периодот од 30 септември до 6 октомври позитивноста кај сите тестирани примероци е намалена во однос на претходната седмица, регистрирани се 613 нови хоспитализации, што исто така бележи намалување во однос на минатата седмица, додека просекот во претходните четири седмици бил 592 лица, а вкупно 23 пациенти се приклучени на апарати.

Од Ковид-19 починале 17 лица, додека просечниот неделен број на смртни случаи во претходните четири седмици бил 28.

The post Ковид во Грција: За една недела 613 луѓе во болница – 17 починати appeared first on Република.

]]>

Намалување на позитивните, хоспитализираните и починатите од Ковид-19 е регистрирано во текот на минатата седмица во Грција, согласно официјалните податоци од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Во периодот од 30 септември до 6 октомври позитивноста кај сите тестирани примероци е намалена во однос на претходната седмица, регистрирани се 613 нови хоспитализации, што исто така бележи намалување во однос на минатата седмица, додека просекот во претходните четири седмици бил 592 лица, а вкупно 23 пациенти се приклучени на апарати. Од Ковид-19 починале 17 лица, додека просечниот неделен број на смртни случаи во претходните четири седмици бил 28.

The post Ковид во Грција: За една недела 613 луѓе во болница – 17 починати appeared first on Република.

]]>
Во Грција регистрирани вкупно 206 случаи на вирусот Западен Нил, починале 33 лица https://republika.mk/zivot/zdravje/vo-grtsija-registrirani-vkupno-206-sluchai-na-virusot-zapaden-nil-pochinale-33-litsa/ Thu, 10 Oct 2024 09:07:41 +0000 https://republika.mk/?p=825061

Од почетокот на сезоната, односно од јули, заклучно со вчера напладне, во Грција се регистрирани вкупно 206 случаи на вирусот Западен Нил, а починале 33 лица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

Во изминатата седмица биле потврдени три нови случаи и се регистрирани два смртни случаи.

Дополнително, во изминатиот период постојат и четири увезени случаи, три од Албанија и еден од Австрија, односно инфекција кај пациенти изложени во друга земја, кои не се опфатени во анализите на ЕОДИ.

Вирусот Западен Нил, што го пренесуваат комарците, присутен е речиси во цела Грција, односно во девет од вкупно 13 периферии, а потврдени случаи има во северниот, североисточниот, западниот и централниот дел на земјата, во Епир и Јонските острови, на Пелопонез, како и во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Вирусот во земјата е присутен во летниот период од 2010 до 2014 година, како и од 2017 до денес.

Најголем број случаи на Западен Нил имало во 2018 година, вкупно 317, а истото лето, највисок бил и бројот на починати лица вкупно 51.

Лани, во Грција биле регистрирани 162 случаи, а од Западен Нил починале 23 лица.

Првиот случај за годинава на заразен со вирусот Западен Нил во Грција беше регистриран на почетокот на јули.

The post Во Грција регистрирани вкупно 206 случаи на вирусот Западен Нил, починале 33 лица appeared first on Република.

]]>

Од почетокот на сезоната, односно од јули, заклучно со вчера напладне, во Грција се регистрирани вкупно 206 случаи на вирусот Западен Нил, а починале 33 лица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Во изминатата седмица биле потврдени три нови случаи и се регистрирани два смртни случаи. Дополнително, во изминатиот период постојат и четири увезени случаи, три од Албанија и еден од Австрија, односно инфекција кај пациенти изложени во друга земја, кои не се опфатени во анализите на ЕОДИ. Вирусот Западен Нил, што го пренесуваат комарците, присутен е речиси во цела Грција, односно во девет од вкупно 13 периферии, а потврдени случаи има во северниот, североисточниот, западниот и централниот дел на земјата, во Епир и Јонските острови, на Пелопонез, како и во областа Атика, поширокиот регион на Атина. Вирусот во земјата е присутен во летниот период од 2010 до 2014 година, како и од 2017 до денес. Најголем број случаи на Западен Нил имало во 2018 година, вкупно 317, а истото лето, највисок бил и бројот на починати лица вкупно 51. Лани, во Грција биле регистрирани 162 случаи, а од Западен Нил починале 23 лица. Првиот случај за годинава на заразен со вирусот Западен Нил во Грција беше регистриран на почетокот на јули.

The post Во Грција регистрирани вкупно 206 случаи на вирусот Западен Нил, починале 33 лица appeared first on Република.

]]>
Грција ќе носи црни ленти на средбите со Англија и со Ирска https://republika.mk/vesti/balkan/grtsija-ke-nosi-tsrni-lenti-na-sredbite-so-anglija-i-so-irska/ Thu, 10 Oct 2024 07:24:54 +0000 https://republika.mk/?p=824965

Грчката фудбалска федерација побара од Европската фудбалска асоцијација да им дозволи на играчите да носат ленти на нивните наредни два натпревара во спомен на дефанзивецот Џорџ Балдок.

Вчеравечер 31-годишниот грчки интернационалец беше пронајден мртов во базенот во неговиот дом. Се уште не се познати деталите за смртта.

Грчката репрезентација во Лигата на нации вечер ќе гостува во Лондон против Англија, а на 13 ќе се соочи со Ирска

The post Грција ќе носи црни ленти на средбите со Англија и со Ирска appeared first on Република.

]]>

Грчката фудбалска федерација побара од Европската фудбалска асоцијација да им дозволи на играчите да носат ленти на нивните наредни два натпревара во спомен на дефанзивецот Џорџ Балдок. Вчеравечер 31-годишниот грчки интернационалец беше пронајден мртов во базенот во неговиот дом. Се уште не се познати деталите за смртта. Грчката репрезентација во Лигата на нации вечер ќе гостува во Лондон против Англија, а на 13 ќе се соочи со Ирска

The post Грција ќе носи црни ленти на средбите со Англија и со Ирска appeared first on Република.

]]>