Го Грин Archives - Република https://republika.mk/tema/go-grin/ За подобро да се разбереме Mon, 20 May 2024 11:14:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Го Грин Archives - Република https://republika.mk/tema/go-grin/ 32 32 Гоу Грин го организира настанот „Бараме климатска акција сега“ https://republika.mk/vesti/skopje/gou-grin-go-organizira-nastanot-barame-klimatska-aktsija-sega/ Mon, 20 May 2024 11:14:03 +0000 https://republika.mk/?p=780121

Асоцијацијата за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу Грин на 25. мај на Школка, во скопскиот Градски парк ќе одржи настан на кој ќе говорат истражувачи и активисти кои ќе бараат преземање акција за превенција од негативните климатски влијанија врз нашата држава.

Климатските промени претставуваат една од најголемите закани за нашето општество. Не само што влијаат на нашата животна средина и здравје, туку ја загрозуваат и нашата економија, земјоделството и природните ресурси. Времето за дејствување е сега, за да обезбедиме сигурна и одржлива иднина за следните генерации, велат од Го Грин.

На настанот ќе има зелени штандови што ќе ги претстават локалните бизниси и организации, промовирајќи еколошки свесен начин на живот. Овие штандови овозможуваат сите преку личен пример и акција да придонесат кон подобра животна средина преку мали, но значајни промени во нашите секојдневни навики.

Исто така, младите ќе имаат можност преку инфо-точките на Гоу Грин да се запознаат поблиску со програмите и активностите што ги нудиме за нив. Ова е одлична можност за младите да се вклучат и да станат дел од климатската акција која е од витално значење за нашата иднина.

Ќе има музика во живо од бенд составен од млади, ќе има различни активности, игри, правење на бомби од семиња, боење на банери и лица, кои ќе придонесат за креативна и забавна атмосфера на настанот.

 

The post Гоу Грин го организира настанот „Бараме климатска акција сега“ appeared first on Република.

]]>

Асоцијацијата за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу Грин на 25. мај на Школка, во скопскиот Градски парк ќе одржи настан на кој ќе говорат истражувачи и активисти кои ќе бараат преземање акција за превенција од негативните климатски влијанија врз нашата држава.
Климатските промени претставуваат една од најголемите закани за нашето општество. Не само што влијаат на нашата животна средина и здравје, туку ја загрозуваат и нашата економија, земјоделството и природните ресурси. Времето за дејствување е сега, за да обезбедиме сигурна и одржлива иднина за следните генерации, велат од Го Грин.
На настанот ќе има зелени штандови што ќе ги претстават локалните бизниси и организации, промовирајќи еколошки свесен начин на живот. Овие штандови овозможуваат сите преку личен пример и акција да придонесат кон подобра животна средина преку мали, но значајни промени во нашите секојдневни навики. Исто така, младите ќе имаат можност преку инфо-точките на Гоу Грин да се запознаат поблиску со програмите и активностите што ги нудиме за нив. Ова е одлична можност за младите да се вклучат и да станат дел од климатската акција која е од витално значење за нашата иднина. Ќе има музика во живо од бенд составен од млади, ќе има различни активности, игри, правење на бомби од семиња, боење на банери и лица, кои ќе придонесат за креативна и забавна атмосфера на настанот.  

The post Гоу Грин го организира настанот „Бараме климатска акција сега“ appeared first on Република.

]]>