фотоволтаична централа Archives - Република https://republika.mk/tema/fotovoltaichna-centrala/ За подобро да се разбереме Sun, 02 Jul 2023 11:49:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фотоволтаична централа Archives - Република https://republika.mk/tema/fotovoltaichna-centrala/ 32 32 Ковачки: Синот и внуците на Ахмети сакаат да градат фотоволтаична централа, разговарале со банка и кажале дека им требаат 35 милиони евра https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-sinot-i-vnutsite-na-ahmeti-sakaat-da-gradat-fotovoltaichna-tsentrala-razgovarale-so-banka-i-kazhale-deka-im-trebaat-35-milioni-evra/ Sun, 02 Jul 2023 11:49:54 +0000 https://republika.mk/?p=657425

Синот на Али Ахмети, Шкумбин Ахмети, заедно со внуците на Али Дрин и Бесијан влегуваат во бизнис од 35 милиони евра, за изградба на фотоволтаична централа од 60 MW, во реонот на Кичево, истакна на денешната прес-конференција Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Ковачки:

-Синот на Али, Шкумбин Ахмети, заедно со неговите први братучеди Дрин и Бесијан веќе ја формирале фирмата „Хелиос“, во која секој од нив има по 1/3 од компанијата.

Според документите кои стигнаа до нас од страна на свиркачи, а се анализа на банката во која фирмите на Ахмети имаат сметки, дознаваме за големо мешање на политиката во бизнисот и со тоа енормно богатење на кланот од Зајас.

Имено од анализата на банката дознаваме дека Шкумбин, Дрин и Бесијан Ахмети ја информирале банката дека тие имаат изготвено физибилити студија за 60 MW фотоволтаична централа, во која имаат наведено потенцијални локации. Во анализата пишува дека семејството Ахмети ја информирале банката дека за таквата централа веќе имаат добиено дозвола од надлежните владини органи, а чекаат лиценца од министерството за транспорт. Но, како што се наведува во истата Ахмети не приложиле документи со кои може да го потврдат тоа.

За изградба на таква фотоволтаична централа, тие рекле дека им треба финансиска конструкција од 35 милиони евра, а дека истата ќе биде јавно приватно партнерство.

Од анализата на банката на фирмите на семејството Ахмети може да заклучиме дека синот на Али Ахмети, Шкумбин, заедно со неговите братучеди Дрин и Бесијан или ја лажеле банката дека прават крупен бизнис или откриле дека тие веќе имаат усмен договор со врвот на власта, во овој случај премиерот Димитар Ковачевски, кој е потписник на јавно приватно партнерство дека државата ќе влезе во бизнис со семејството Ахмети за изградба на 60 MW фотоволтаична централа.

Дополнително ако семејството Ахмети не ја лажеле банката, а не доставиле документи дека имаат одобренија од надлежните владини органи за 60 MW фотоволтаична централа, дали тогаш истите имаат усмен договор со низа функционери дека ќе ги добијат потребните договори.

Шкумбин, Дрин и Бесијан Ахмети, настапиле пред банката со презимето Ахмети, и со целата политичка тежина на Али Ахмети во Македонија, тоа им дава дополнителна тежина на истите во разговорите и степенот на сериозност.

Овие разговори во банка во Македонија на Шкумбин, Дрин и Бесијан Ахмети не можеле да бидат водени без знаење на Али Ахмети, па јавно го прашуваме, дали тој стои зад изнесените информации на неговиот син и внуци во банката, каде што кажале дека им требаат 35 милиони евра финансиска конструкција за да бидат партнери со државата во изградба на фотоволтаична централа? Истовремено го прашуваме и Ковачевски дали тој разговарал со Шкумбин, Дрин и Бесијан дека ќе потпише како премиер договор за ЈПП со нивната фирма „Хелиос“ и ќе градат фотоволтаична централа или можеби тоа го разговарал со Али Ахмети или Артан Груби?

Очекуваме Ахмети и Ковачевски да излезат и да и објаснат на јавноста што договараат и како ги делат бизнисите.

И, во наредниот период ќе излегуваме со уште информации за бизнисите на кланот од Зајас, рече Ковачки.

https://youtu.be/6cZO-fxgSO0

The post Ковачки: Синот и внуците на Ахмети сакаат да градат фотоволтаична централа, разговарале со банка и кажале дека им требаат 35 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Синот на Али Ахмети, Шкумбин Ахмети, заедно со внуците на Али Дрин и Бесијан влегуваат во бизнис од 35 милиони евра, за изградба на фотоволтаична централа од 60 MW, во реонот на Кичево, истакна на денешната прес-конференција Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Ковачки: -Синот на Али, Шкумбин Ахмети, заедно со неговите први братучеди Дрин и Бесијан веќе ја формирале фирмата „Хелиос“, во која секој од нив има по 1/3 од компанијата. Според документите кои стигнаа до нас од страна на свиркачи, а се анализа на банката во која фирмите на Ахмети имаат сметки, дознаваме за големо мешање на политиката во бизнисот и со тоа енормно богатење на кланот од Зајас. Имено од анализата на банката дознаваме дека Шкумбин, Дрин и Бесијан Ахмети ја информирале банката дека тие имаат изготвено физибилити студија за 60 MW фотоволтаична централа, во која имаат наведено потенцијални локации. Во анализата пишува дека семејството Ахмети ја информирале банката дека за таквата централа веќе имаат добиено дозвола од надлежните владини органи, а чекаат лиценца од министерството за транспорт. Но, како што се наведува во истата Ахмети не приложиле документи со кои може да го потврдат тоа. За изградба на таква фотоволтаична централа, тие рекле дека им треба финансиска конструкција од 35 милиони евра, а дека истата ќе биде јавно приватно партнерство. Од анализата на банката на фирмите на семејството Ахмети може да заклучиме дека синот на Али Ахмети, Шкумбин, заедно со неговите братучеди Дрин и Бесијан или ја лажеле банката дека прават крупен бизнис или откриле дека тие веќе имаат усмен договор со врвот на власта, во овој случај премиерот Димитар Ковачевски, кој е потписник на јавно приватно партнерство дека државата ќе влезе во бизнис со семејството Ахмети за изградба на 60 MW фотоволтаична централа. Дополнително ако семејството Ахмети не ја лажеле банката, а не доставиле документи дека имаат одобренија од надлежните владини органи за 60 MW фотоволтаична централа, дали тогаш истите имаат усмен договор со низа функционери дека ќе ги добијат потребните договори. Шкумбин, Дрин и Бесијан Ахмети, настапиле пред банката со презимето Ахмети, и со целата политичка тежина на Али Ахмети во Македонија, тоа им дава дополнителна тежина на истите во разговорите и степенот на сериозност. Овие разговори во банка во Македонија на Шкумбин, Дрин и Бесијан Ахмети не можеле да бидат водени без знаење на Али Ахмети, па јавно го прашуваме, дали тој стои зад изнесените информации на неговиот син и внуци во банката, каде што кажале дека им требаат 35 милиони евра финансиска конструкција за да бидат партнери со државата во изградба на фотоволтаична централа? Истовремено го прашуваме и Ковачевски дали тој разговарал со Шкумбин, Дрин и Бесијан дека ќе потпише како премиер договор за ЈПП со нивната фирма „Хелиос“ и ќе градат фотоволтаична централа или можеби тоа го разговарал со Али Ахмети или Артан Груби? Очекуваме Ахмети и Ковачевски да излезат и да и објаснат на јавноста што договараат и како ги делат бизнисите. И, во наредниот период ќе излегуваме со уште информации за бизнисите на кланот од Зајас, рече Ковачки. https://youtu.be/6cZO-fxgSO0

The post Ковачки: Синот и внуците на Ахмети сакаат да градат фотоволтаична централа, разговарале со банка и кажале дека им требаат 35 милиони евра appeared first on Република.

]]>
ЈП „Стрежево“ – Битола ќе гради фотоволтаична централа https://republika.mk/vesti/ekonomija/jp-strezhevo-bitola-ke-gradi-fotovoltaichna-tsentrala/ Mon, 20 Mar 2023 09:48:48 +0000 https://republika.mk/?p=621486

ЈП Хидросистем „Стрежево“-Битола потпиша договор за изградба на фотоволтаична централа со компанијата „КМГ ЕО КВАЗАР“ Дооел Скопје, со што стана првото јавно претпријатие во земјава кое гради фотоволтаична централа со сопствени средства.

Според договорот, централата ќе биде изградена и пуштена во употреба за 180 денови, а надзорот ќе го вршат експерти од Техничкиот факултет во Битола.

ЈП Хидросистем „Стрежево“-Битола во моментов стопанисува и со пет мали хидроцентрални од кои исто така се произведува електрична енергија.

The post ЈП „Стрежево“ – Битола ќе гради фотоволтаична централа appeared first on Република.

]]>

ЈП Хидросистем „Стрежево“-Битола потпиша договор за изградба на фотоволтаична централа со компанијата „КМГ ЕО КВАЗАР“ Дооел Скопје, со што стана првото јавно претпријатие во земјава кое гради фотоволтаична централа со сопствени средства. Според договорот, централата ќе биде изградена и пуштена во употреба за 180 денови, а надзорот ќе го вршат експерти од Техничкиот факултет во Битола. ЈП Хидросистем „Стрежево“-Битола во моментов стопанисува и со пет мали хидроцентрални од кои исто така се произведува електрична енергија.

The post ЈП „Стрежево“ – Битола ќе гради фотоволтаична централа appeared first on Република.

]]>
„Леле што си бевме големото друштво“: Во фирмата за струја на сопругата на премиерот е и семејството на директорот на Катастар и синот на кумот https://republika.mk/vesti/ekonomija/lele-shto-si-bevme-golemoto-drushtvo-vo-firmata-za-struja-na-soprugata-na-premierot-e-i-semejstvoto-na-direktorot-na-katastar-i-sinot-na-kumot/ Tue, 13 Dec 2022 14:31:13 +0000 https://republika.mk/?p=585205

Премиерот Ковачевски призна дека неговата сопруга има инвестирано во изградба на фотоволтаична централа. Премиерот се правдаше дека Елена со свои пари инвестирала и дека тоа било уредно пријавено во анкетните листови пред да дојде на функцијата. Уште убедуваше дека  секој граѓанин може да инвестира свои сопствени средства.

Но, уште поинтересно е кои се другите сопственици на оваа централа. Покрај Елена Ковачевска и Димитар Тренчев, како сопственик се појавува и Кирил Паунов, син на кумот на Ковачевски, кој е заведен и како управител на компанијата. Во низата сопственици е и името на Светлана Тунџева, која е сопруга на директорот на Агенцијата за катастар за недвижности, Борис Тунџев.

Кој е Борис Тунџев?

Целото семјество Тунџеви на директен или индиректен начин е поврзано со СДСМ. Борис беше главен вештак во случајот „Топлик“ за комплексот „Сончев Град“ и покрај забелешките од страна на одбраната на обвинетите дека има конфликт на интереси и оти неговото вештачење не смее да биде дел од листата на докази.

https://republika.mk/vesti/skopje/semejstvo-tundzevi-tatkoto-glaven-veshtak-na-obvinitelstvo-kjerkata-sovetnik-vo-sdsm/

За одбраната беше спорно неговото вештачење бидејќи Тунџев бидејќи истовремено е и директор на Агенцијата за катастар а во моментот кога го правел вештачењето лиценцата му била истечена.

Ќерката Катерина Тунџева пак беше советничката листа на СДСМ за Општина Карпош а сега и мајката станува бизнис партнер на семејството Ковачевски.

Опозицијата минатата година реагираше што Тунџеви имаат компанија за производство на електрична енергија и оти добиле лиценца на 35 години.

https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-boris-tundzev-e-direktor-na-drzavniot-katastar-a-dobiva-licenci-za-proizvodstvo-na-struja-na-celi-35-godini/

 

 

 

The post „Леле што си бевме големото друштво“: Во фирмата за струја на сопругата на премиерот е и семејството на директорот на Катастар и синот на кумот appeared first on Република.

]]>

Премиерот Ковачевски призна дека неговата сопруга има инвестирано во изградба на фотоволтаична централа. Премиерот се правдаше дека Елена со свои пари инвестирала и дека тоа било уредно пријавено во анкетните листови пред да дојде на функцијата. Уште убедуваше дека  секој граѓанин може да инвестира свои сопствени средства. Но, уште поинтересно е кои се другите сопственици на оваа централа. Покрај Елена Ковачевска и Димитар Тренчев, како сопственик се појавува и Кирил Паунов, син на кумот на Ковачевски, кој е заведен и како управител на компанијата. Во низата сопственици е и името на Светлана Тунџева, која е сопруга на директорот на Агенцијата за катастар за недвижности, Борис Тунџев.

Кој е Борис Тунџев?

Целото семјество Тунџеви на директен или индиректен начин е поврзано со СДСМ. Борис беше главен вештак во случајот „Топлик“ за комплексот „Сончев Град“ и покрај забелешките од страна на одбраната на обвинетите дека има конфликт на интереси и оти неговото вештачење не смее да биде дел од листата на докази. https://republika.mk/vesti/skopje/semejstvo-tundzevi-tatkoto-glaven-veshtak-na-obvinitelstvo-kjerkata-sovetnik-vo-sdsm/ За одбраната беше спорно неговото вештачење бидејќи Тунџев бидејќи истовремено е и директор на Агенцијата за катастар а во моментот кога го правел вештачењето лиценцата му била истечена. Ќерката Катерина Тунџева пак беше советничката листа на СДСМ за Општина Карпош а сега и мајката станува бизнис партнер на семејството Ковачевски. Опозицијата минатата година реагираше што Тунџеви имаат компанија за производство на електрична енергија и оти добиле лиценца на 35 години. https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-boris-tundzev-e-direktor-na-drzavniot-katastar-a-dobiva-licenci-za-proizvodstvo-na-struja-na-celi-35-godini/      

The post „Леле што си бевме големото друштво“: Во фирмата за струја на сопругата на премиерот е и семејството на директорот на Катастар и синот на кумот appeared first on Република.

]]>