Дурмиши Archives - Република https://republika.mk/tema/durmishi/ За подобро да се разбереме Fri, 06 Sep 2024 08:26:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дурмиши Archives - Република https://republika.mk/tema/durmishi/ 32 32 Дурмиши: Министерството за економија и труд доделува финансиски средства за реализирање на програмата (проектот) за заштита на потрошувачите https://republika.mk/vesti/ekonomija/durmishi-ministerstvoto-za-ekonomija-i-trud-dodeluva-finansiski-sredstva-za-realizirane-na-programata-proektot-za-zashtita-na-potroshuvachite/ Fri, 06 Sep 2024 08:26:14 +0000 https://republika.mk/?p=813713

Министерството за економија и труд, во согласност со својата посветеност на заштита на правата на потрошувачите, денеска објави јавен повик за доделување на финансиски средства за реализација на програми и проекти од страна на здруженијата на потрошувачите во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите за 2024 година. Финансиските средства од оваа Програма се намененети за реализација на програми и проекти од страна на здруженијата на потрошувачите.

Преку ова финансиска поддршка Министерство за економија и труд доделува финансиски средства за реализација на програма (проект) за заштита на потрошувачите во износ од 300.000,00 денари до 500.000,00 денари согласно доставените предлог програми (проекти) за заштита на потрошувачите до исцрпување на финасиските средства предвидени за овој повик, на невладините организации за заштита на потрошувачите за обезбедување информации и помош за потрошувачите.

Оваа иницијатива е дел од нашите постојани напори да се подобри квалитетот на животот на сите граѓани и да се зајакне нивната заштита и права.

Ги охрабруваме сите здруженија на потрошувачите да ја искористат оваа можност и да аплицираат за финансиска поддршка која ќе им овозможи да реализираат значајни проекти за доброто на потрошувачите. Овој повик е доказ за нашата посветеност кон транспарентноста, правичноста и инклузивноста во креирањето на политики кои ги подобруваат условите за живот на сите граѓани.

Повеќе информации за условите за аплицирање, висината на финансиските средства и рокот за доставување на барањата можете да најдете на нашата веб-страница www.economy.gov.mk

The post Дурмиши: Министерството за економија и труд доделува финансиски средства за реализирање на програмата (проектот) за заштита на потрошувачите appeared first on Република.

]]>

Министерството за економија и труд, во согласност со својата посветеност на заштита на правата на потрошувачите, денеска објави јавен повик за доделување на финансиски средства за реализација на програми и проекти од страна на здруженијата на потрошувачите во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите за 2024 година. Финансиските средства од оваа Програма се намененети за реализација на програми и проекти од страна на здруженијата на потрошувачите. Преку ова финансиска поддршка Министерство за економија и труд доделува финансиски средства за реализација на програма (проект) за заштита на потрошувачите во износ од 300.000,00 денари до 500.000,00 денари согласно доставените предлог програми (проекти) за заштита на потрошувачите до исцрпување на финасиските средства предвидени за овој повик, на невладините организации за заштита на потрошувачите за обезбедување информации и помош за потрошувачите. Оваа иницијатива е дел од нашите постојани напори да се подобри квалитетот на животот на сите граѓани и да се зајакне нивната заштита и права. Ги охрабруваме сите здруженија на потрошувачите да ја искористат оваа можност и да аплицираат за финансиска поддршка која ќе им овозможи да реализираат значајни проекти за доброто на потрошувачите. Овој повик е доказ за нашата посветеност кон транспарентноста, правичноста и инклузивноста во креирањето на политики кои ги подобруваат условите за живот на сите граѓани. Повеќе информации за условите за аплицирање, висината на финансиските средства и рокот за доставување на барањата можете да најдете на нашата веб-страница www.economy.gov.mk

The post Дурмиши: Министерството за економија и труд доделува финансиски средства за реализирање на програмата (проектот) за заштита на потрошувачите appeared first on Република.

]]>
Министерот Дурмиши се сретна со директорката на AХК Македонија, Антје Ванделт: Работиме на подобрување на деловната клима и празарот на труд за привлекување на нови странски инвеститори https://republika.mk/vesti/ekonomija/ministerot-durmishi-se-sretna-so-direktorkata-na-ahk-makedonija-antje-vandelt-rabotime-na-podobruvane-na-delovnata-klima-i-prazarot-na-trud-za-privlekuvane-na-novi-stranski-investitori/ Wed, 21 Aug 2024 14:31:33 +0000 https://republika.mk/?p=808717

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска оствари средба со Антје Ванделт , директор на АХК Македонија, која е дел од мрежата на германските стопански комори.
Средбата беше со цел меѓусебно запознавање и информирање за новите надлежности кои ги има Министерството за економија и труд од една страна и запознавање со тековните проекти кои ги има АХК Македонија од друга страна.
Министерот Дурмиши истакна дека Германија е рангирана на 1-во место на листата на земји со кои Македонија остварува најголем обем на трговска размена, а трендот на размена бележи континуиран раст. Тоа според министерот Дурмиши во најголем дел се должи на значајните германски инвестиции кои успешно работат во Македонија.
“За 10 години вкупните инвестиции од Германија во Македонија изнесуваат 675 милиони евра, а само во 2023 година се инвестирани 108 милиони евра од германски компании во нашата земја. За нас како Министерство за економија и труд во чија надлежност се условите за работа на странските инвеститори од голема важност е да работиме на подобрување на деловната клима, се со цел да имаме повеќе инвестиции кои ќе значат поголема вработеност и поголем економски раст. Колку повеќе германски компании инвестираат во Македонија, толку повеќе расте извозот“ кажа министерот Дурмиши на средбата и потенцираше дека Министерството за економија и труд и Владата активно ќе продолжат да работат на одржување на добра комуникација со веќе постоечките компании, но и на привлекување на нови инвеститори од Германија.
Министерот кажа дека како нова надлежност во наредниот период Министерството за економија и труд ќе работи на мерки подобрување на пазарот на труд со цел да им се излезе во пресрет на компаниите кои имаат недостаток на квалификувана работна сила, како мерката за дуално образование која даде позитивни резултати.
„Министерството за економија и труд ќе ги поддржува сите мерки и активности кои ќе значат подобрување на пазарот на труд на барањето на компаниите“ кажа министерот на средбата со директорката на АХК Македонија.

 

 

The post Министерот Дурмиши се сретна со директорката на AХК Македонија, Антје Ванделт: Работиме на подобрување на деловната клима и празарот на труд за привлекување на нови странски инвеститори appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска оствари средба со Антје Ванделт , директор на АХК Македонија, која е дел од мрежата на германските стопански комори. Средбата беше со цел меѓусебно запознавање и информирање за новите надлежности кои ги има Министерството за економија и труд од една страна и запознавање со тековните проекти кои ги има АХК Македонија од друга страна. Министерот Дурмиши истакна дека Германија е рангирана на 1-во место на листата на земји со кои Македонија остварува најголем обем на трговска размена, а трендот на размена бележи континуиран раст. Тоа според министерот Дурмиши во најголем дел се должи на значајните германски инвестиции кои успешно работат во Македонија. “За 10 години вкупните инвестиции од Германија во Македонија изнесуваат 675 милиони евра, а само во 2023 година се инвестирани 108 милиони евра од германски компании во нашата земја. За нас како Министерство за економија и труд во чија надлежност се условите за работа на странските инвеститори од голема важност е да работиме на подобрување на деловната клима, се со цел да имаме повеќе инвестиции кои ќе значат поголема вработеност и поголем економски раст. Колку повеќе германски компании инвестираат во Македонија, толку повеќе расте извозот“ кажа министерот Дурмиши на средбата и потенцираше дека Министерството за економија и труд и Владата активно ќе продолжат да работат на одржување на добра комуникација со веќе постоечките компании, но и на привлекување на нови инвеститори од Германија. Министерот кажа дека како нова надлежност во наредниот период Министерството за економија и труд ќе работи на мерки подобрување на пазарот на труд со цел да им се излезе во пресрет на компаниите кои имаат недостаток на квалификувана работна сила, како мерката за дуално образование која даде позитивни резултати. „Министерството за економија и труд ќе ги поддржува сите мерки и активности кои ќе значат подобрување на пазарот на труд на барањето на компаниите“ кажа министерот на средбата со директорката на АХК Македонија.    

The post Министерот Дурмиши се сретна со директорката на AХК Македонија, Антје Ванделт: Работиме на подобрување на деловната клима и празарот на труд за привлекување на нови странски инвеститори appeared first on Република.

]]>
Дурмиши на средба со Харасти: Унапредување на социјалниот дијалог, креирање на повеќе работни места и инклузивен пазар на труд https://republika.mk/vesti/ekonomija/durmishi-na-sredba-so-kler-harasti-unapreduvane-na-sotsijalniot-dijalog-kreirane-na-poveke-rabotni-mesta-i-inkluziven-pazar-na-trud-se-nash-prioritet/ Wed, 31 Jul 2024 12:06:06 +0000 https://republika.mk/?p=801974

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска оствари средба со Клер Харасти, директорка на Меѓународната организација на трудот (МОТ) за Централна и Источна Европа.

На средбата се разговараше за досегашниот ангажман на оваа организација во Македонија, за улогата на Меѓународната организација на трудот при носење на социјалните политики, за поддршката при формирањето на Економско-социјалниот совет во 2010 година, како и за имплементацијата на низа политики на пазарот на труд.

Министерот Дурмиши истакна дека блиската соработка на Министерството за економија и труд со МОТ од сега па натаму ќе биде од големо значење за нас.

Како што потенцираше министерот, со реорганизацијата на министерствата, Министерството за економија и труд ги превзема надлежностите од секторот труд, што значи дека фокусот на ова министерство во иднина ќе биде подобрување на работничките права и креирање на политики за подобрување на пазарот на труд во земјата.

Информираше дека согласно тоа сега како Министер за економија и труд ќе преседава и со Економско социјалниот совет (ЕСС)

„Како Влада од особено значење е социјалниот дијалог, односно вклучување на сите засегнати страни при креирање на мерки, мора да ги имаме во предвид интересите и на работниците и на бизнис секторот.Со реорганизацијата на министерствата сега Министерството за економија и труд ја превзема и надлежноста да ја претставува Македонија во МОТ.Тоа значи дека МОТ ќе биде нашиот најзначаен надворешен партнер во областа на трудот, вработувањето, безбедноста и здравјето при работа, минималната плата, меѓународните стандарди на трудот и исполнувањето на меѓународните обврски на Македонија“ кажа министерот Дурмиши на средбата.

Двајцата соговорници се согласија дека клучни прооритети на соработката во иднина ќе бидат унапредување на социјалниот дијалог, креирање на повеќе и подобри работни места, и инклузивен пазар на труд.

Министерот се заблагодари на досегашната поддршка за активностите на МОТ во Македонија за подобрување на правата и условите за живот на работниците во нашата земја и изрази надеж дека воспоставената успешна соработка во иднина  дополнително ќе се продлабочи.

„Во Министерството за економија и труд и кај мене како Министер за економија и труд секогаш ќе имате отворена врата и партнер за заедничко креирање на мерки, посебно за вашата експертска и техничка поддршка во креирањето на законските решенија кои произлегуваат од секторот труд и социјалниот дијалог“ кажа министерот Дурмиши.

 

The post Дурмиши на средба со Харасти: Унапредување на социјалниот дијалог, креирање на повеќе работни места и инклузивен пазар на труд appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска оствари средба со Клер Харасти, директорка на Меѓународната организација на трудот (МОТ) за Централна и Источна Европа. На средбата се разговараше за досегашниот ангажман на оваа организација во Македонија, за улогата на Меѓународната организација на трудот при носење на социјалните политики, за поддршката при формирањето на Економско-социјалниот совет во 2010 година, како и за имплементацијата на низа политики на пазарот на труд. Министерот Дурмиши истакна дека блиската соработка на Министерството за економија и труд со МОТ од сега па натаму ќе биде од големо значење за нас. Како што потенцираше министерот, со реорганизацијата на министерствата, Министерството за економија и труд ги превзема надлежностите од секторот труд, што значи дека фокусот на ова министерство во иднина ќе биде подобрување на работничките права и креирање на политики за подобрување на пазарот на труд во земјата. Информираше дека согласно тоа сега како Министер за економија и труд ќе преседава и со Економско социјалниот совет (ЕСС) „Како Влада од особено значење е социјалниот дијалог, односно вклучување на сите засегнати страни при креирање на мерки, мора да ги имаме во предвид интересите и на работниците и на бизнис секторот.Со реорганизацијата на министерствата сега Министерството за економија и труд ја превзема и надлежноста да ја претставува Македонија во МОТ.Тоа значи дека МОТ ќе биде нашиот најзначаен надворешен партнер во областа на трудот, вработувањето, безбедноста и здравјето при работа, минималната плата, меѓународните стандарди на трудот и исполнувањето на меѓународните обврски на Македонија“ кажа министерот Дурмиши на средбата. Двајцата соговорници се согласија дека клучни прооритети на соработката во иднина ќе бидат унапредување на социјалниот дијалог, креирање на повеќе и подобри работни места, и инклузивен пазар на труд. Министерот се заблагодари на досегашната поддршка за активностите на МОТ во Македонија за подобрување на правата и условите за живот на работниците во нашата земја и изрази надеж дека воспоставената успешна соработка во иднина  дополнително ќе се продлабочи. „Во Министерството за економија и труд и кај мене како Министер за економија и труд секогаш ќе имате отворена врата и партнер за заедничко креирање на мерки, посебно за вашата експертска и техничка поддршка во креирањето на законските решенија кои произлегуваат од секторот труд и социјалниот дијалог“ кажа министерот Дурмиши.  

The post Дурмиши на средба со Харасти: Унапредување на социјалниот дијалог, креирање на повеќе работни места и инклузивен пазар на труд appeared first on Република.

]]>
Дурмиши, Меџити и Ганиу и Сали во посета на занаетчиите во Старата Скопска Чаршија: Продолжуваме со поддршка за развој на занаетчиството кое е фактор за економски развој во нашата земја https://republika.mk/vesti/ekonomija/durmishi-medhiti-i-ganiu-i-sali-vo-poseta-na-zanaetchiite-vo-starata-skopska-charshija-prodolzhuvame-so-poddrshka-za-razvoj-na-zanaetchistvoto-koe-e-faktor-za-ekonomski-razvoj-vo-nashata-zemja/ Fri, 26 Jul 2024 10:10:20 +0000 https://republika.mk/?p=800440

Министерот за економија Бесар Дурмиши заедно со првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, со градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу, и пратеникот Беким Сали денеска ги посетија занаетчиските дуќани во Старата Скопска Чаршија.

Министерот Дурмиши ги информираше занаетчиите за мерките за поддршка на занаетчиството во рамки на Министерството за економија и труд.

„Чест и задоволство ми е што денеска сум тука заедно со вас да ги посетиме занаетчиите во Старата Скопска Чаршија и лично да ги информирам за поддршката која што Министерството за економија и труд ја дава за нив.

Занаетчиството е важен сегмент на нашата економија, а Министерството за економија и труд  и Владата во наредниот период ќе продолжат со континуирана поддршка, преку мерки и активности кои се дел од политиките за развој и унапредување на занаетчитвото во државата“ кажа министерот Дурмиши.

Министерот информираше дека Министерството за економија и труд минатата недела го објави јавниот повик за поодршка на занаетчиството.

„Со оваа мерка е предвидено да се субвенционираат занаетчии и вршители на занаетчиска дејност преку кофинансирање на 40% од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари по барател, направени зa набавка на нови машини или алати и дизајн на нов производ.За оваа мерка согласно Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на малите и средни претпријатија предвидени се средства во вкупен износ од 6.500.000 денари од Буџетот на Министерството за економија и труд, а субвенционирани ќе бидат докажаните трошоци кои занаетчиите ги направиле, во 2023 и 2024 година. На јавниот повик може да аплицираат активни регистрирани занаетчии и вршители на занаетчиска дејност, да не е отворена стечајна постапка за нив, да немаат долгови кон државата и кон вработените, да работеле најмалку една година пред објавување на јавниот повик и да немаат добиено финансиски средства по јавните повици на Министерството за економија во изминатите три години“ кажа Дурмиши.

Министерот информираше дека во насока на развој и поддршка на занаетчиството, исто така Министерството за економија и труд минатата недела обајви и повик за поддршка на проекти на здруженија и занаетчиски комори за проекти воделот на организирање на обуки за поединечни занаетчиски дејности и креативни занаети, организирање на форуми, организирање на промотивни активности и обуки за јакнење на свеста за придобивките од легализација на занетчискиот бизнис.

Јавните повици се објавени на веб-страната на Министерството за економија, а  занаетчиите и занаетчиските здруженија може да аплицираат најдоцна до 1 октомври 2024 година

“Сакам да ги повикам сите занаетчии од сите региони во државата да аплицираат за поддршката што како Министерство за економија и труд им ја даваме. Како Министер сакам да ги уверам дека нема да застанеме тука и дека и во иднина ќе креираме мерки и политики за поддршка на занаетчиите бидејќи занаетчиството  е фактор за економски развој во нашата земја. Министерството за економија останува посветено и отворено за предлози кои имаат за цел развојот на занаетчиството во Република Македонија“ им порача министерот Дурмиши на занаетчиите.

 

 

The post Дурмиши, Меџити и Ганиу и Сали во посета на занаетчиите во Старата Скопска Чаршија: Продолжуваме со поддршка за развој на занаетчиството кое е фактор за економски развој во нашата земја appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Бесар Дурмиши заедно со првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, со градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу, и пратеникот Беким Сали денеска ги посетија занаетчиските дуќани во Старата Скопска Чаршија. Министерот Дурмиши ги информираше занаетчиите за мерките за поддршка на занаетчиството во рамки на Министерството за економија и труд. „Чест и задоволство ми е што денеска сум тука заедно со вас да ги посетиме занаетчиите во Старата Скопска Чаршија и лично да ги информирам за поддршката која што Министерството за економија и труд ја дава за нив. Занаетчиството е важен сегмент на нашата економија, а Министерството за економија и труд  и Владата во наредниот период ќе продолжат со континуирана поддршка, преку мерки и активности кои се дел од политиките за развој и унапредување на занаетчитвото во државата“ кажа министерот Дурмиши. Министерот информираше дека Министерството за економија и труд минатата недела го објави јавниот повик за поодршка на занаетчиството. „Со оваа мерка е предвидено да се субвенционираат занаетчии и вршители на занаетчиска дејност преку кофинансирање на 40% од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари по барател, направени зa набавка на нови машини или алати и дизајн на нов производ.За оваа мерка согласно Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на малите и средни претпријатија предвидени се средства во вкупен износ од 6.500.000 денари од Буџетот на Министерството за економија и труд, а субвенционирани ќе бидат докажаните трошоци кои занаетчиите ги направиле, во 2023 и 2024 година. На јавниот повик може да аплицираат активни регистрирани занаетчии и вршители на занаетчиска дејност, да не е отворена стечајна постапка за нив, да немаат долгови кон државата и кон вработените, да работеле најмалку една година пред објавување на јавниот повик и да немаат добиено финансиски средства по јавните повици на Министерството за економија во изминатите три години“ кажа Дурмиши. Министерот информираше дека во насока на развој и поддршка на занаетчиството, исто така Министерството за економија и труд минатата недела обајви и повик за поддршка на проекти на здруженија и занаетчиски комори за проекти воделот на организирање на обуки за поединечни занаетчиски дејности и креативни занаети, организирање на форуми, организирање на промотивни активности и обуки за јакнење на свеста за придобивките од легализација на занетчискиот бизнис. Јавните повици се објавени на веб-страната на Министерството за економија, а  занаетчиите и занаетчиските здруженија може да аплицираат најдоцна до 1 октомври 2024 година “Сакам да ги повикам сите занаетчии од сите региони во државата да аплицираат за поддршката што како Министерство за економија и труд им ја даваме. Како Министер сакам да ги уверам дека нема да застанеме тука и дека и во иднина ќе креираме мерки и политики за поддршка на занаетчиите бидејќи занаетчиството  е фактор за економски развој во нашата земја. Министерството за економија останува посветено и отворено за предлози кои имаат за цел развојот на занаетчиството во Република Македонија“ им порача министерот Дурмиши на занаетчиите.    

The post Дурмиши, Меџити и Ганиу и Сали во посета на занаетчиите во Старата Скопска Чаршија: Продолжуваме со поддршка за развој на занаетчиството кое е фактор за економски развој во нашата земја appeared first on Република.

]]>