Драги Рашковски Archives - Република https://republika.mk/tema/dragi-rashkovski/ За подобро да се разбереме Tue, 14 Nov 2023 08:48:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Драги Рашковски Archives - Република https://republika.mk/tema/dragi-rashkovski/ 32 32 Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски https://republika.mk/vesti/makedonija/ukinat-kukniot-pritvor-za-dragi-rashkovski/ Tue, 14 Nov 2023 08:40:47 +0000 https://republika.mk/?p=701295

Укината е мерката куќен притвор за Драги Рашковски од Скопје и прифатена е гаранцијата како мерка за обезбедување на негово присуство во рамки на кривичната постапка што се води против него поради основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.3 на Кривичниот законик и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.1 на Кривичниот законик, соопштија утрово од Апелационен суд Скопје.

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КСЖ - 816/23 на нејавна седница на ден 03.11.2023 година, жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ja одби како неоснована и донесе решение со кое го потврди решението на Основниот кривичен суд Скопје со кое е укината мерката куќен притвор и прифатена гаранција како мерка за обезбедување присуство против обвинетиот Д.Р. од С., во рамките на кривичната постапка која се води против обвинетиот, а поради основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.3 на Кривичниот законик и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.1 на Кривичниот законик, информираат од Апелација.

Вака донесената одлука, посочуваат, ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

The post Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски appeared first on Република.

]]>

Укината е мерката куќен притвор за Драги Рашковски од Скопје и прифатена е гаранцијата како мерка за обезбедување на негово присуство во рамки на кривичната постапка што се води против него поради основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.3 на Кривичниот законик и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.1 на Кривичниот законик, соопштија утрово од Апелационен суд Скопје.
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КСЖ - 816/23 на нејавна седница на ден 03.11.2023 година, жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ja одби како неоснована и донесе решение со кое го потврди решението на Основниот кривичен суд Скопје со кое е укината мерката куќен притвор и прифатена гаранција како мерка за обезбедување присуство против обвинетиот Д.Р. од С., во рамките на кривичната постапка која се води против обвинетиот, а поради основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.3 на Кривичниот законик и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.1 на Кривичниот законик, информираат од Апелација.
Вака донесената одлука, посочуваат, ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

The post Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски appeared first on Република.

]]>
Со гаранција од 192.000 евра: На Рашковски му е укинат куќниот притвор https://republika.mk/vesti/crna-hronika/so-garantsija-od-192-000-evra-na-rashkovski-mu-e-ukinat-kukniot-pritvor/ Fri, 27 Oct 2023 09:39:44 +0000 https://republika.mk/?p=695487

Екс-генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, со над 192 илјади евра гарантира дека нема да избега, а Кривичниот совет му поверувал, прифатил и го пуштил на слобода. По два дена, од Кривичниот суд за „Скопје1“, велат дека решението е неправосилно, а обвинител може да се жали.

„Крвичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција постапувајќи по предлог за укинување на мерката – Куќен притвор за осудениот Д.Р, донесе решение со кое мерката куќен притвор се укинува со определена гаранција во вредност од 11.868.762 денари во недвижен имот. Станува збор за неправосилно решение за кое по добиена жалба на надлежниот обвинител и комплетирање на предметот во Законски утврдениот рок, ќе биде доставен на надлежно постапување во второстепениот суд“, велат од Кривичен суд за „Скопје1“.

Слободното движење на Рашковски доаѓа по скоро четири месеци поминати во домашен притвор. Тој е осуден за злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари. Пресудата не е правосилна, а предметот се наоѓа пред Апелација.

The post Со гаранција од 192.000 евра: На Рашковски му е укинат куќниот притвор appeared first on Република.

]]>

Екс-генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, со над 192 илјади евра гарантира дека нема да избега, а Кривичниот совет му поверувал, прифатил и го пуштил на слобода. По два дена, од Кривичниот суд за „Скопје1“, велат дека решението е неправосилно, а обвинител може да се жали. „Крвичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција постапувајќи по предлог за укинување на мерката – Куќен притвор за осудениот Д.Р, донесе решение со кое мерката куќен притвор се укинува со определена гаранција во вредност од 11.868.762 денари во недвижен имот. Станува збор за неправосилно решение за кое по добиена жалба на надлежниот обвинител и комплетирање на предметот во Законски утврдениот рок, ќе биде доставен на надлежно постапување во второстепениот суд“, велат од Кривичен суд за „Скопје1“. Слободното движење на Рашковски доаѓа по скоро четири месеци поминати во домашен притвор. Тој е осуден за злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари. Пресудата не е правосилна, а предметот се наоѓа пред Апелација.

The post Со гаранција од 192.000 евра: На Рашковски му е укинат куќниот притвор appeared first on Република.

]]>
Зошто се исплаќаат 40 милиони евра за софтверски лиценци на фирма избор на Рашковски? https://republika.mk/vesti/makedonija/zoshto-se-isplakaat-40-milioni-evra-za-softverski-litsentsi-na-firma-izbor-na-rashkovski/ Thu, 14 Sep 2023 06:36:12 +0000 https://republika.mk/?p=681728

Владата на СДС и ДУИ, како за сите скандали досега, така и за овој поврзан со поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски не дава одговор.Владата на СДС и ДУИ не дава одговор на многу јасни прашања, oбјаснува ВМРО-ДПМНЕ.

Зошто се исплаќаат 40 милиони евра за софтверски лиценци на фирма избор на Рашковски?

Зошто по три години продолжуваат да плаќаат на фирмата избрана од Рашковски иако истата услуга пред три години била 15, а сега 25 милиони евра?

Владата на СДС и ДУИ очигледно крие можен криминал.Во меѓувреме, укажавме дека со парите за изборот на фирма за лиценци ќе се направеше нова клиника, ќе се обезбедеа пари за лекот Трикафта за стотината болни од цистична фиброза. За потсетување на критичните осум пациенти Владата одобри 2,2 милиони евра за Трикафта

The post Зошто се исплаќаат 40 милиони евра за софтверски лиценци на фирма избор на Рашковски? appeared first on Република.

]]>

Владата на СДС и ДУИ, како за сите скандали досега, така и за овој поврзан со поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски не дава одговор.Владата на СДС и ДУИ не дава одговор на многу јасни прашања, oбјаснува ВМРО-ДПМНЕ.
Зошто се исплаќаат 40 милиони евра за софтверски лиценци на фирма избор на Рашковски?
Зошто по три години продолжуваат да плаќаат на фирмата избрана од Рашковски иако истата услуга пред три години била 15, а сега 25 милиони евра?
Владата на СДС и ДУИ очигледно крие можен криминал.Во меѓувреме, укажавме дека со парите за изборот на фирма за лиценци ќе се направеше нова клиника, ќе се обезбедеа пари за лекот Трикафта за стотината болни од цистична фиброза. За потсетување на критичните осум пациенти Владата одобри 2,2 милиони евра за Трикафта

The post Зошто се исплаќаат 40 милиони евра за софтверски лиценци на фирма избор на Рашковски? appeared first on Република.

]]>
Владата набавува за 70% поскапи софтверски лиценци од пред 3 години, од фирма со која соработуваше Рашковски https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-nabavuva-za-70-poskapi-softverski-litsentsi-od-pred-3-godini-od-firma-so-koja-sorabotuvashe-rashkovski/ Tue, 12 Sep 2023 07:51:29 +0000 https://republika.mk/?p=681096

СДС продолжува кај што застана Рашковски, истата фирма со која Рашковски склучи договор за набавка на софтвери во 2020 година во вредност од 15 милиони евра, е избрана за набавка на софтвери повторно, но овој пат за 26 милиони долари, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Набавката од фирмата која беше дел од низата скандали заради која Рашковски си замина, сега повторно книжи милиони.

Имено на 1-ви септември потпишан е договорот, а од страна на владата потпишува генералниот секретар Методија Димовски, и веќе на 5-ти септември овој договор е влезен во сила.

Договорот е за софтверски лиценци, и со пресметан ДДВ тежи 26 милиони 429 илјади и 350 долари.

Се поставува прашањето што се смени за 3 години, па наместо за 15 милиони се купува за 26 милиони? Во кој дел работата на владата напреднала и што ново е направено?

Како фирмата која беше во фокусот на скандалите со Рашковски повторно склучува договори со владата на СДС во очи избори за сума поголема за 70% од пред 3 години, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ.

The post Владата набавува за 70% поскапи софтверски лиценци од пред 3 години, од фирма со која соработуваше Рашковски appeared first on Република.

]]>

СДС продолжува кај што застана Рашковски, истата фирма со која Рашковски склучи договор за набавка на софтвери во 2020 година во вредност од 15 милиони евра, е избрана за набавка на софтвери повторно, но овој пат за 26 милиони долари, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ. Набавката од фирмата која беше дел од низата скандали заради која Рашковски си замина, сега повторно книжи милиони. Имено на 1-ви септември потпишан е договорот, а од страна на владата потпишува генералниот секретар Методија Димовски, и веќе на 5-ти септември овој договор е влезен во сила. Договорот е за софтверски лиценци, и со пресметан ДДВ тежи 26 милиони 429 илјади и 350 долари. Се поставува прашањето што се смени за 3 години, па наместо за 15 милиони се купува за 26 милиони? Во кој дел работата на владата напреднала и што ново е направено? Како фирмата која беше во фокусот на скандалите со Рашковски повторно склучува договори со владата на СДС во очи избори за сума поголема за 70% од пред 3 години, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ.

The post Владата набавува за 70% поскапи софтверски лиценци од пред 3 години, од фирма со која соработуваше Рашковски appeared first on Република.

]]>
8 години затвор за Драги Рашковски, забрана децата да го оттуѓат препишаниот имот https://republika.mk/vesti/makedonija/8-godini-zatvor-za-dragi-rashkovski-zabrana-detsata-da-go-ottugat-prepishaniot-imot/ Thu, 06 Jul 2023 12:21:21 +0000 https://republika.mk/?p=658678

Осум години затвор му беа пресудени денеска на поранешниот генерален секретар Драги Рашковски во Основниот кривичен суд за случајот „Софтвери“, во кој за „злоупотреба на службена положба и овластување“ обвинети се и други шест други лица.


Според обвинителниот акт, првообвинетиот, Драги Рашковски, не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

За ова доби казна затвор 7 години, а со казната од 1 год и 6 месеци за перење пари, казната што треба да ја отслуже е вкупно 8 години. Воедно, судот изрече и забрана за децата на Рашковски да ги отуѓат имотите кои се на нивно име.

Обвинетиот Ивица Димитровски доби затворска казна од 5 години, Игор Христов 5 години и 6 месеци, Даниел Станчев 4 години, Ирена Ивановска 3 год и 6 месеци, Игор Ивановски 3 години и Маја Силјаноска 3 години.

Дел од обвинетите, треба и да ја надоместат штетата на буџетот во износ од околу 11милиони денари.

Случајот го водеше судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева.

The post 8 години затвор за Драги Рашковски, забрана децата да го оттуѓат препишаниот имот appeared first on Република.

]]>

Осум години затвор му беа пресудени денеска на поранешниот генерален секретар Драги Рашковски во Основниот кривичен суд за случајот „Софтвери“, во кој за „злоупотреба на службена положба и овластување“ обвинети се и други шест други лица. Според обвинителниот акт, првообвинетиот, Драги Рашковски, не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици. За ова доби казна затвор 7 години, а со казната од 1 год и 6 месеци за перење пари, казната што треба да ја отслуже е вкупно 8 години. Воедно, судот изрече и забрана за децата на Рашковски да ги отуѓат имотите кои се на нивно име. Обвинетиот Ивица Димитровски доби затворска казна од 5 години, Игор Христов 5 години и 6 месеци, Даниел Станчев 4 години, Ирена Ивановска 3 год и 6 месеци, Игор Ивановски 3 години и Маја Силјаноска 3 години. Дел од обвинетите, треба и да ја надоместат штетата на буџетот во износ од околу 11милиони денари. Случајот го водеше судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева.

The post 8 години затвор за Драги Рашковски, забрана децата да го оттуѓат препишаниот имот appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Рашковски ќе ја чуе пресудата за „Софтвери“ https://republika.mk/vesti/vo-zhivo-rashkovski-ke-ja-chue-presudata-za-softveri/ Thu, 06 Jul 2023 11:11:00 +0000 https://republika.mk/?p=658646

Следете го во живо рочиштето во Основниот кривичен суд на кое ќе биде објавена пресудата за случајот „Софтвери“, во кој обвинети се Драги Рашковски и шест други лица.


Според обвинителниот акт, првообвинетиот, Драги Рашковски, не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „злоупотреба на службена положба и овластување“ од Кривичниот законик

Случајот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева.

The post ВО ЖИВО: Рашковски ќе ја чуе пресудата за „Софтвери“ appeared first on Република.

]]>

Следете го во живо рочиштето во Основниот кривичен суд на кое ќе биде објавена пресудата за случајот „Софтвери“, во кој обвинети се Драги Рашковски и шест други лица. Според обвинителниот акт, првообвинетиот, Драги Рашковски, не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици. Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „злоупотреба на службена положба и овластување“ од Кривичниот законик Случајот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева.

The post ВО ЖИВО: Рашковски ќе ја чуе пресудата за „Софтвери“ appeared first on Република.

]]>
Денеска пресуда за „Софтвери“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/deneska-presuda-za-softveri/ Thu, 06 Jul 2023 09:35:28 +0000 https://republika.mk/?p=658616

Во Основниот кривичен суд денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Софтвери“, во кој првообвинет е Драги Рашкоски.

Според обвинителниот акт, првообвинетиот, Драги Рашковски, не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „злоупотреба на службена положба и овластување“ од Кривичниот законик

Случајот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева.

The post Денеска пресуда за „Софтвери“ appeared first on Република.

]]>

Во Основниот кривичен суд денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Софтвери“, во кој првообвинет е Драги Рашкоски. Според обвинителниот акт, првообвинетиот, Драги Рашковски, не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици. Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „злоупотреба на службена положба и овластување“ од Кривичниот законик Случајот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева.

The post Денеска пресуда за „Софтвери“ appeared first on Република.

]]>
Завршни зборови за „Софтвери“ во Кривичен https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zavrshni-zborovi-za-softveri-vo-krivichen/ Mon, 12 Jun 2023 08:40:52 +0000 https://republika.mk/?p=650334

Одбраната на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, во Основниот Кривичен суд Скопје денеска дава завршни зборови за случајот „Софтвери“ во кој Рашковски е обвинет за „злоупотреба на службена положба и овластување” и „перење пари и други приноси од казниво дело”.

Според обвинението, првообвинетиот, Драги Рашковски, не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

Рашковски е обвинет за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“, а лицата Ивица Димитровски, Игор Христов, Даниел Станчев, Ирена Ивановска, Игор Ивановски и Маја Силјаноска се обвинети за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Случајот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева.

The post Завршни зборови за „Софтвери“ во Кривичен appeared first on Република.

]]>

Одбраната на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, во Основниот Кривичен суд Скопје денеска дава завршни зборови за случајот „Софтвери“ во кој Рашковски е обвинет за „злоупотреба на службена положба и овластување” и „перење пари и други приноси од казниво дело”. Според обвинението, првообвинетиот, Драги Рашковски, не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици. Рашковски е обвинет за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“, а лицата Ивица Димитровски, Игор Христов, Даниел Станчев, Ирена Ивановска, Игор Ивановски и Маја Силјаноска се обвинети за „злоупотреба на службената положба и овластување“. Случајот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева.

The post Завршни зборови за „Софтвери“ во Кривичен appeared first on Република.

]]>
Русковска нема да му се извини на Рашковски https://republika.mk/vesti/makedonija/ruskovska-nema-da-mu-se-izvini-na-rashkovski/ Wed, 05 Apr 2023 07:58:43 +0000 https://republika.mk/?p=627386

Нема зошто да се извинувам, бидејќи воопшто не го навредив, ниту пак за кој било друг кажав клевета и во ниту еден момент во интeрвјуто не спомнав  дека понудата што ми беше дадена за унапредување беше условена со тоа да запре постапката вели обвинителката Русковска за „Телма“ во однос на барањето на Рашковски да му се извини.

Понудата која ја добив за унапредување не беше условена со запирање на истрагата против Рашковски, особено што таа беше во рацете на моја колешка, и не ја водев јас, вели за Телма обвинителката Русковска.

The post Русковска нема да му се извини на Рашковски appeared first on Република.

]]>

Нема зошто да се извинувам, бидејќи воопшто не го навредив, ниту пак за кој било друг кажав клевета и во ниту еден момент во интeрвјуто не спомнав  дека понудата што ми беше дадена за унапредување беше условена со тоа да запре постапката вели обвинителката Русковска за „Телма“ во однос на барањето на Рашковски да му се извини.
Понудата која ја добив за унапредување не беше условена со запирање на истрагата против Рашковски, особено што таа беше во рацете на моја колешка, и не ја водев јас, вели за Телма обвинителката Русковска.

The post Русковска нема да му се извини на Рашковски appeared first on Република.

]]>
Рашковски ја прашува Русковска да не било обратно: „Софтвери“ го отворивте за да уценувате https://republika.mk/vesti/rashkovski-ja-prashuva-ruskovska-da-ne-bilo-obratno-softveri-go-otvorivte-za-da-utsenuvate/ Tue, 04 Apr 2023 12:32:49 +0000 https://republika.mk/?p=627140

Поранешниот генерален секретар, Драги Рашковски денеска излезе со отворено писмо до поранешната шефица на Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција, Вила Русковска. Покрај тоа што побара извинување и јавно повлекување на вчерашната изјава на Русковска, Рашковски ja прашува екс-обвинителката дали случајот „Софтвери“ е отворен против него „за да може со него да уценувате да ве изберат во републичкото јавно обвинителство, а внукот во вишото јавно обвинителство, а не обратно како што тврдите во вашето интервју“.

Меѓу другото Рашковски посочува дека случајот против е пропаднат и изнесува неколку апсурди.

-Од овие правила произлегува дека секој оној кој нема одговор на овие три прашања својот исказ може да го сведе само во категоријата на шпекулација и манипулација. Не заради себе, туку заради јавноста која веќе две години ја труете со овој тип на обраќање кон неа вие мора да дадете одговор: Кој со име и презиме Ви понудил да станете заменик јавен обвинител и вашиот внук да биде избран во Вишото јавно обвинителство во замена за тоа да ја сопрете истрагата за случајот “Софтвери”, кога тоа се случило и на кое место и најбитно ако тоа се случило што е причината за тој настан, а уште повеќе зошто после речиси 2 години Вие дури сега кога Ве суспендираа комплет зборувате за истиот?

Ваквото Ваше синоќешно излагање е одраз на она како обвиненијата ги пишувате – без кој, што, и како направил. Се осеќавте, а и бевте во даден период моќни да придобиете јавност и притиснете судски одлуки само на база на тоа дека Вие така сметате.

Како и во обвиненијата, така и во гостувањето на телевизија, фали општата логика. Еве зошто:

АПСУРД 1 – Велите “Ми беше понудено да ме изберат за заменик републички обвинител …” ВАКВА ПОЗИЦИЈА СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ ПОСТОИ. Постои јавен обвинител кој го заменува Републичкиот јавен обвинител во случај на отсуство, но тоа е веќе сосема друго, Тоа Вие би требало подобро да го знаете од мене

АПСУРД 2 – Велите “Можеби тоа беше причината”  алудирајќи на тоа дека позициите за Вас и за внукот кои Ви биле понудени биле за да се откажете од истрагата за случајот “Софтвери”. На која Вилма треба да и веруваме, на онаа која вели дека некој и пристапил со конкретен предлог или на онаа која после 2 минути кажува дека МОЖЕБИ тоа била причината.

АПСУРД 3 – Велите “не сакам после да се најдам на суд за клевета и навреда….” Па ако е вистина тоа што го зборувате зошто би Ве дал некој на Суд, а особено “истакнат” правник како Вас не треба да се плаши од одење по судови. Каков борец сте за правда ако се плашите да одете на суд за клевета и навреда?

АПСУРД 4 – На која Вилма да и веруваме? На онаа која две години наназад вели дека немала никакви притисоци за овој случај (која може да си ги погледне изјавите дадени за некои телевизии) или на онаа која вели дека не се плаши од поднесената кривична пријава од Драги Рашковски затоа што “„Не можам да местам нешто што не сум го работела. Колешката Ивана Трајчева ја водеше истрагата. Јас учествував само во предистрагата“, посочува Русковска за „А1он“.”. АКО НЕ СТЕ ЈА РАБОТЕЛЕ ИСТРАГАТА ЗОШТО НЕКОЈ ДА ВИ ПРАВИ ПРИТИСОК ДА СЕ ОТКАЖЕТЕ?

Јасно Ви е и Вам и на Трајчева дека случајот “Софтвери” Ви е пропаднат. Но, тоа не Ве плаши толку колку што знаете дека народски кажано “Стапот има два краја”. Затоа што, со ништо, никој и никогаш не Ве попречи во самоволието кое го теравте по овој предмет, ама знаете дека “Ѓаволот доаѓа секогаш по своето” и дека да обвините седум интелектуалци само заради тоа што сте буквално правно неуки е кривично дело.

Бидете искрени и кажете и на јавноста дека: ОД ЦЕЛАТА БУКА КОЈА ЈА КРЕНАВТЕ ЗА НАВОДЕН КРИМИНАЛ ПРИ НАБАВКА НА ПРЕДМЕТНИОТ СОФТВЕР, СЕГА СЕ СВЕДОВТЕ НА ТОА ДЕКА “УПАТСТВОТО ЗА ИНСТАЛАЦИЈА НА СОФТВЕРОТ НЕ БИЛО ДОВОЛНО ЈАСНО И ФАЗИТЕ НЕ БИЛЕ РЕАЛИЗИРАНИ ЗАТОА ШТО ТРЕБАЛО ДА СЕ РЕАЛИЗИРА ЗА 150 ДЕНА, А БИЛЕ РЕАЛИЗИРАНИ ЗА 80”. Одговорете и на ова прашање на јавноста, наместо да пробувате преку вакви интервјуа без присуство на сложени реченици да фрлате прашина во очите на јавноста.

Согласно, Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета член 13 упатувам до Вас барањe за извинување и јавно повлекување на искажаното, кое доколку не следува против вас ќе биде поднесена соодветна тужба за клевета и навреда. Согласно член 9 од истиот закон “Тужениот е должен да ја докажува вистинитоста на фактите содржани во тврдењето”. Извинувањето барам да биде направено на истиот начин како што ја имате дадено и изјавата дека некој Ви правел притисок за овој предмет.

Вам и на Ивана Трајчева Ви е јасно колку неправда нанесовте, но на јавноста и на Судот ќе му стане јасно колку правна неукост е сконцентрирана во овој судски предмет. Срамот од таа неукост ќе е Ваш, стои во писмото на Рашковски.

Поранешната главна јавна обвинителка вчера во „Топ тема“ изнесе тврдење дека била разрешена од функцијата затоа што отворила истрага против Рашковски. Порача дека имала притисок и закани да се откаже од шефовското место, а за возврат и било понудено да стане заменик републички Јавен Обвинител.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ruskovska-imav-pritisotsi-da-se-otkazham-od-sluchajot-rashkovski-mi-nudea-da-bidam-drzhaven-zamenik-obvinitel/

Русковска претпоставува дека со понудата на тие повисоки функции, ако таа ги прифатела, можеби ќе требала и да ја повлече односно откаже од истрагата за случајот со Рашковски.

-Освен притисоците за Рашковски и заканите кои ги имав, други пречки не сум имала, рече Русковска.

The post Рашковски ја прашува Русковска да не било обратно: „Софтвери“ го отворивте за да уценувате appeared first on Република.

]]>

Поранешниот генерален секретар, Драги Рашковски денеска излезе со отворено писмо до поранешната шефица на Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција, Вила Русковска. Покрај тоа што побара извинување и јавно повлекување на вчерашната изјава на Русковска, Рашковски ja прашува екс-обвинителката дали случајот „Софтвери“ е отворен против него „за да може со него да уценувате да ве изберат во републичкото јавно обвинителство, а внукот во вишото јавно обвинителство, а не обратно како што тврдите во вашето интервју“. Меѓу другото Рашковски посочува дека случајот против е пропаднат и изнесува неколку апсурди.
-Од овие правила произлегува дека секој оној кој нема одговор на овие три прашања својот исказ може да го сведе само во категоријата на шпекулација и манипулација. Не заради себе, туку заради јавноста која веќе две години ја труете со овој тип на обраќање кон неа вие мора да дадете одговор: Кој со име и презиме Ви понудил да станете заменик јавен обвинител и вашиот внук да биде избран во Вишото јавно обвинителство во замена за тоа да ја сопрете истрагата за случајот “Софтвери”, кога тоа се случило и на кое место и најбитно ако тоа се случило што е причината за тој настан, а уште повеќе зошто после речиси 2 години Вие дури сега кога Ве суспендираа комплет зборувате за истиот? Ваквото Ваше синоќешно излагање е одраз на она како обвиненијата ги пишувате – без кој, што, и како направил. Се осеќавте, а и бевте во даден период моќни да придобиете јавност и притиснете судски одлуки само на база на тоа дека Вие така сметате. Како и во обвиненијата, така и во гостувањето на телевизија, фали општата логика. Еве зошто: АПСУРД 1 – Велите “Ми беше понудено да ме изберат за заменик републички обвинител …” ВАКВА ПОЗИЦИЈА СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ ПОСТОИ. Постои јавен обвинител кој го заменува Републичкиот јавен обвинител во случај на отсуство, но тоа е веќе сосема друго, Тоа Вие би требало подобро да го знаете од мене АПСУРД 2 – Велите “Можеби тоа беше причината”  алудирајќи на тоа дека позициите за Вас и за внукот кои Ви биле понудени биле за да се откажете од истрагата за случајот “Софтвери”. На која Вилма треба да и веруваме, на онаа која вели дека некој и пристапил со конкретен предлог или на онаа која после 2 минути кажува дека МОЖЕБИ тоа била причината. АПСУРД 3 – Велите “не сакам после да се најдам на суд за клевета и навреда….” Па ако е вистина тоа што го зборувате зошто би Ве дал некој на Суд, а особено “истакнат” правник како Вас не треба да се плаши од одење по судови. Каков борец сте за правда ако се плашите да одете на суд за клевета и навреда? АПСУРД 4 – На која Вилма да и веруваме? На онаа која две години наназад вели дека немала никакви притисоци за овој случај (која може да си ги погледне изјавите дадени за некои телевизии) или на онаа која вели дека не се плаши од поднесената кривична пријава од Драги Рашковски затоа што “„Не можам да местам нешто што не сум го работела. Колешката Ивана Трајчева ја водеше истрагата. Јас учествував само во предистрагата“, посочува Русковска за „А1он“.”. АКО НЕ СТЕ ЈА РАБОТЕЛЕ ИСТРАГАТА ЗОШТО НЕКОЈ ДА ВИ ПРАВИ ПРИТИСОК ДА СЕ ОТКАЖЕТЕ? Јасно Ви е и Вам и на Трајчева дека случајот “Софтвери” Ви е пропаднат. Но, тоа не Ве плаши толку колку што знаете дека народски кажано “Стапот има два краја”. Затоа што, со ништо, никој и никогаш не Ве попречи во самоволието кое го теравте по овој предмет, ама знаете дека “Ѓаволот доаѓа секогаш по своето” и дека да обвините седум интелектуалци само заради тоа што сте буквално правно неуки е кривично дело. Бидете искрени и кажете и на јавноста дека: ОД ЦЕЛАТА БУКА КОЈА ЈА КРЕНАВТЕ ЗА НАВОДЕН КРИМИНАЛ ПРИ НАБАВКА НА ПРЕДМЕТНИОТ СОФТВЕР, СЕГА СЕ СВЕДОВТЕ НА ТОА ДЕКА “УПАТСТВОТО ЗА ИНСТАЛАЦИЈА НА СОФТВЕРОТ НЕ БИЛО ДОВОЛНО ЈАСНО И ФАЗИТЕ НЕ БИЛЕ РЕАЛИЗИРАНИ ЗАТОА ШТО ТРЕБАЛО ДА СЕ РЕАЛИЗИРА ЗА 150 ДЕНА, А БИЛЕ РЕАЛИЗИРАНИ ЗА 80”. Одговорете и на ова прашање на јавноста, наместо да пробувате преку вакви интервјуа без присуство на сложени реченици да фрлате прашина во очите на јавноста. Согласно, Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета член 13 упатувам до Вас барањe за извинување и јавно повлекување на искажаното, кое доколку не следува против вас ќе биде поднесена соодветна тужба за клевета и навреда. Согласно член 9 од истиот закон “Тужениот е должен да ја докажува вистинитоста на фактите содржани во тврдењето”. Извинувањето барам да биде направено на истиот начин како што ја имате дадено и изјавата дека некој Ви правел притисок за овој предмет. Вам и на Ивана Трајчева Ви е јасно колку неправда нанесовте, но на јавноста и на Судот ќе му стане јасно колку правна неукост е сконцентрирана во овој судски предмет. Срамот од таа неукост ќе е Ваш, стои во писмото на Рашковски.
Поранешната главна јавна обвинителка вчера во „Топ тема“ изнесе тврдење дека била разрешена од функцијата затоа што отворила истрага против Рашковски. Порача дека имала притисок и закани да се откаже од шефовското место, а за возврат и било понудено да стане заменик републички Јавен Обвинител. https://republika.mk/vesti/makedonija/ruskovska-imav-pritisotsi-da-se-otkazham-od-sluchajot-rashkovski-mi-nudea-da-bidam-drzhaven-zamenik-obvinitel/ Русковска претпоставува дека со понудата на тие повисоки функции, ако таа ги прифатела, можеби ќе требала и да ја повлече односно откаже од истрагата за случајот со Рашковски. -Освен притисоците за Рашковски и заканите кои ги имав, други пречки не сум имала, рече Русковска.

The post Рашковски ја прашува Русковска да не било обратно: „Софтвери“ го отворивте за да уценувате appeared first on Република.

]]>
Русковска: Имав притисоци да се откажам од случајот „Рашковски“, ми нудеа да бидам државен заменик-обвинител https://republika.mk/vesti/makedonija/ruskovska-imav-pritisotsi-da-se-otkazham-od-sluchajot-rashkovski-mi-nudea-da-bidam-drzhaven-zamenik-obvinitel/ Mon, 03 Apr 2023 21:06:01 +0000 https://republika.mk/?p=626868

Во гостување во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма, обвинителкатаВилма Русковска тврди дека предлогот за нејзино разрешување е резултат на истрагата што таа како шефица на Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција ја отворила за Драги Рашковски.

Таа изјави дека имала притисок и закани да се откаже од шефовското место, а за возврат и било понудено да стане заменик републички јавен обвинител. Со овие понуди, како што рече таа, „сакаа да ме фатат на пенал, а тоа е почнувањето предистрага за тогашниот директор на Финансиската полиција, Арафат Муареми“.

Русковска претпоставува дека со понудата на тие повисоки функции, ако таа ги прифатела, можеби ќе требала и да ја повлече односно да се откаже од истрагата за случајот со Рашковски.

Можеби и тоа беше причината, тогашниот премиер и јавно кажа дека не ми верува мене кога станува збор за овој предмет. Кога бевме сега на дисциплинската комисија, јас го предложив професорот Калајџиев, за сведок-експерт, бидејќи таму се наведува дека сум сторила повреди на Законот за кривична постапка, а Калајџиев кој бил дел од Законот за кривична постапка, да каже дали јас навистина сум го сторила тоа дело. Но, не беше прифатен како сведок. А како докази за дисциплинската постапка беа наведени само претставките од Арафат Муареми, изјави Русковска во гостувањето на ТВ Телма.

The post Русковска: Имав притисоци да се откажам од случајот „Рашковски“, ми нудеа да бидам државен заменик-обвинител appeared first on Република.

]]>

Во гостување во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма, обвинителкатаВилма Русковска тврди дека предлогот за нејзино разрешување е резултат на истрагата што таа како шефица на Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција ја отворила за Драги Рашковски. Таа изјави дека имала притисок и закани да се откаже од шефовското место, а за возврат и било понудено да стане заменик републички јавен обвинител. Со овие понуди, како што рече таа, „сакаа да ме фатат на пенал, а тоа е почнувањето предистрага за тогашниот директор на Финансиската полиција, Арафат Муареми“. Русковска претпоставува дека со понудата на тие повисоки функции, ако таа ги прифатела, можеби ќе требала и да ја повлече односно да се откаже од истрагата за случајот со Рашковски.
Можеби и тоа беше причината, тогашниот премиер и јавно кажа дека не ми верува мене кога станува збор за овој предмет. Кога бевме сега на дисциплинската комисија, јас го предложив професорот Калајџиев, за сведок-експерт, бидејќи таму се наведува дека сум сторила повреди на Законот за кривична постапка, а Калајџиев кој бил дел од Законот за кривична постапка, да каже дали јас навистина сум го сторила тоа дело. Но, не беше прифатен како сведок. А како докази за дисциплинската постапка беа наведени само претставките од Арафат Муареми, изјави Русковска во гостувањето на ТВ Телма.

The post Русковска: Имав притисоци да се откажам од случајот „Рашковски“, ми нудеа да бидам државен заменик-обвинител appeared first on Република.

]]>
Рускоска: Власта не сфати дека не ми е важна фотелјата, туку желбата да ставам темели на една правна држава https://republika.mk/vesti/makedonija/ruskoska-vlasta-ne-sfati-deka-ne-mi-e-vazhna-foteljata-tuku-zhelbata-da-stavam-temeli-na-edna-pravna-drzhava/ Mon, 03 Apr 2023 18:29:03 +0000 https://republika.mk/?p=626846

Поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал Вилма Рускоска во Топ тема на Телма откри информации кои не ѝ се познати на јавноста за најинтересните случаи на ова обвинителство.

Обвинителката во Топ тема тврди дека предлогот за нејзино разрешување е резултат на истрагата што ја отворила за поранешниот генерален секретар на Владата на Зоран Заев, Драги Рашковски. Рускоска обвини дека трпела притисоци и закани да се откаже од шефовското место, а за возврат ѝ било понудено да стане заменик-републички Јавен 0бвинител. Со овие понуди, како што рече, „сакаа да ме фатат на пенал, а тоа е почнувањето предистрага за тогашниот директор на Финансова полиција, Арафат Муареми“.

Русковска претпоставува дека со понудата на тие повисоки функции, ако таа ги прифатела, можеби ќе требала и да ја повлече, односно да се откаже од истрагата за случајот со поранешниот генерален секретар, Драги Рашковски.

Можеби и тоа беше причината, тогашниот премиер и јавно кажа дека не ми верува мене кога станува збор за овој предмет. Кога бевме сега на дисциплинската комисија, јас го предложив професорот Калајџиев за сведок-експерт, бидејќи таму се наведува дека сум сторила повреди на Законот за кривична постапка. Калајџиев, кој бил дел од Законот за кривична постапка, да каже дали јас навистина сум го сторила тоа дело. Но, не беше прифатен како сведок. А како докази за дисциплинската постапка беа наведени само претставките од Арафат Муареми“, вели Русковска.

Таа додава дека власта не сфатила дека нејзе „не ѝ била важна фотелјата, туку желбата да става темели на една правна држава“, и поради тоа повторно ја поднела кандидатурата за прв човек на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Едноставно не сфатија дека мене не ми беше важно функција и фотелја. Јас сама се изборив за позицијата шеф на обвинителството за борба против организиран криминал од причина што сакав да почнам да ставам темели на една правна држава. Сите знаеме во каква состојба беше тоа обвинителство, едноставно не немаше на мапа. И затоа не се каам што тогаш не го прифатив тој предлог, рече Русковска во интервјуто на „Телма“.

The post Рускоска: Власта не сфати дека не ми е важна фотелјата, туку желбата да ставам темели на една правна држава appeared first on Република.

]]>

Поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал Вилма Рускоска во Топ тема на Телма откри информации кои не ѝ се познати на јавноста за најинтересните случаи на ова обвинителство.
Обвинителката во Топ тема тврди дека предлогот за нејзино разрешување е резултат на истрагата што ја отворила за поранешниот генерален секретар на Владата на Зоран Заев, Драги Рашковски. Рускоска обвини дека трпела притисоци и закани да се откаже од шефовското место, а за возврат ѝ било понудено да стане заменик-републички Јавен 0бвинител. Со овие понуди, како што рече, „сакаа да ме фатат на пенал, а тоа е почнувањето предистрага за тогашниот директор на Финансова полиција, Арафат Муареми“. Русковска претпоставува дека со понудата на тие повисоки функции, ако таа ги прифатела, можеби ќе требала и да ја повлече, односно да се откаже од истрагата за случајот со поранешниот генерален секретар, Драги Рашковски.
Можеби и тоа беше причината, тогашниот премиер и јавно кажа дека не ми верува мене кога станува збор за овој предмет. Кога бевме сега на дисциплинската комисија, јас го предложив професорот Калајџиев за сведок-експерт, бидејќи таму се наведува дека сум сторила повреди на Законот за кривична постапка. Калајџиев, кој бил дел од Законот за кривична постапка, да каже дали јас навистина сум го сторила тоа дело. Но, не беше прифатен како сведок. А како докази за дисциплинската постапка беа наведени само претставките од Арафат Муареми“, вели Русковска.
Таа додава дека власта не сфатила дека нејзе „не ѝ била важна фотелјата, туку желбата да става темели на една правна држава“, и поради тоа повторно ја поднела кандидатурата за прв човек на Обвинителството за организиран криминал и корупција.
Едноставно не сфатија дека мене не ми беше важно функција и фотелја. Јас сама се изборив за позицијата шеф на обвинителството за борба против организиран криминал од причина што сакав да почнам да ставам темели на една правна држава. Сите знаеме во каква состојба беше тоа обвинителство, едноставно не немаше на мапа. И затоа не се каам што тогаш не го прифатив тој предлог, рече Русковска во интервјуто на „Телма“.

The post Рускоска: Власта не сфати дека не ми е важна фотелјата, туку желбата да ставам темели на една правна држава appeared first on Република.

]]>
Министерот, Владата и Собранието знаеле дека ќе Драги Рашковски ќе набавува софтвер https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ministerot-vladata-i-sobranieto-znaele-deka-ke-dragi-rashkovski-ke-nabavuva-softver/ Tue, 14 Mar 2023 15:29:13 +0000 https://republika.mk/?p=619631

Генералниот секретар на Владата и кое било друго раководно лице не доставува барање до Владата за да му одобрат нешто за набавка. Тие барања се даваат кога се одобрува Буџет. Јас моето барање сум го реферирал пред министер, пред Владата и Собранието, кога сум реферирал зошто се барани тие средства, изјави поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски на денешното рочиште за случајот „Софтвери“, одговарајќи на прашање од обвинителството „дали доставил информација до Владата дека ќе набави софтвер“.

Одговарајќи на вкрстено прашање на јавниот обвинител дали како генерален секретар до Владата доставил намера за ваква набавка, Рашковски рече дека нема потреба од доставување на таква информација.

Прашан дали имал одобрување од Владата за набавка на софтверот, Рашковски рече дека нема, затоа што немал потреба да побарува и затоа не може да има.

Додека во однос на тоа дали има информација од него до Владата за фазите од имплементацијата, Рашковски рече дека според тендерска информација, потврдувањето на фазите е работа што ја прави договорниот орган.

Софтверот е целосно реализирани во првите 80 дена. Не може да барате потврдување на фази на имплементација, кога пред вас имате готов производ, рече Рашковски.

Откако обвинителката укажа на исказ на едно од вештите лица дека не биле доставени податоците од МВР, Рашковски рече дека софтверот работи и без дата базите од МВР, односно дека тие се потребни за да може да изрекувате казни.

На вкрстено прашање од Обвинителството „дали текстот од тендерската документација во голем дел се поклопува со текстот од неговото патентно барање“, Рашковски рече дека приказот на техничкиот проблем, по Законот за авторски права, не е составен дел од патентните барања.

Во однос на тоа дека нема запис за присуство на работа во Владата за лицата ангажирани со авторски договор, Рашковски рече дека има запис за тоа што е сработено од нив.

Не знам што повеќе треба од тоа. Јас имам 5 430 состаноци додека сум бил генерален секретар во Владата и од ниту еден нема записник, зошто тоа е бирократизирање на работата, рече Рашковски.

На денешното рочиште заврши изведувањето на материјалните докази од одбраната, а нејзин предлог Рашковски даде исказ пред Судот, по што беше вкрстено испрашан и од јавната обвинителка Маја Конеска.

Судскиот процес се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска.

Според обвинителниот акт, Рашковски е обвинет за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „злоупотреба на службена положба и овластување“ од Кривичниот законик.

Следното рочиште за случајот „Софтвери“ е 30 март.

The post Министерот, Владата и Собранието знаеле дека ќе Драги Рашковски ќе набавува софтвер appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на Владата и кое било друго раководно лице не доставува барање до Владата за да му одобрат нешто за набавка. Тие барања се даваат кога се одобрува Буџет. Јас моето барање сум го реферирал пред министер, пред Владата и Собранието, кога сум реферирал зошто се барани тие средства, изјави поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски на денешното рочиште за случајот „Софтвери“, одговарајќи на прашање од обвинителството „дали доставил информација до Владата дека ќе набави софтвер“. Одговарајќи на вкрстено прашање на јавниот обвинител дали како генерален секретар до Владата доставил намера за ваква набавка, Рашковски рече дека нема потреба од доставување на таква информација. Прашан дали имал одобрување од Владата за набавка на софтверот, Рашковски рече дека нема, затоа што немал потреба да побарува и затоа не може да има. Додека во однос на тоа дали има информација од него до Владата за фазите од имплементацијата, Рашковски рече дека според тендерска информација, потврдувањето на фазите е работа што ја прави договорниот орган.
Софтверот е целосно реализирани во првите 80 дена. Не може да барате потврдување на фази на имплементација, кога пред вас имате готов производ, рече Рашковски.
Откако обвинителката укажа на исказ на едно од вештите лица дека не биле доставени податоците од МВР, Рашковски рече дека софтверот работи и без дата базите од МВР, односно дека тие се потребни за да може да изрекувате казни. На вкрстено прашање од Обвинителството „дали текстот од тендерската документација во голем дел се поклопува со текстот од неговото патентно барање“, Рашковски рече дека приказот на техничкиот проблем, по Законот за авторски права, не е составен дел од патентните барања. Во однос на тоа дека нема запис за присуство на работа во Владата за лицата ангажирани со авторски договор, Рашковски рече дека има запис за тоа што е сработено од нив.
Не знам што повеќе треба од тоа. Јас имам 5 430 состаноци додека сум бил генерален секретар во Владата и од ниту еден нема записник, зошто тоа е бирократизирање на работата, рече Рашковски.
На денешното рочиште заврши изведувањето на материјалните докази од одбраната, а нејзин предлог Рашковски даде исказ пред Судот, по што беше вкрстено испрашан и од јавната обвинителка Маја Конеска. Судскиот процес се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска. Според обвинителниот акт, Рашковски е обвинет за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“. Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „злоупотреба на службена положба и овластување“ од Кривичниот законик. Следното рочиште за случајот „Софтвери“ е 30 март.

The post Министерот, Владата и Собранието знаеле дека ќе Драги Рашковски ќе набавува софтвер appeared first on Република.

]]>
Рашковски: За истиот систем за биометириска идентификација, Велика Британија потроши 14 милиони фунти https://republika.mk/vesti/makedonija/rashkovski-za-istiot-sistem-za-biometiriska-identifikatsija-velika-britanija-potroshi-14-milioni-funti/ Tue, 14 Mar 2023 13:52:35 +0000 https://republika.mk/?p=619651

Системот за биометириска идентификација коишто ние го имаме направено во Владата е истиот оној за чија што реализација Велика Британија има потрошено 14 милиони фунти, вели поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски за случајот „Софтвери“, што се води против него и шест други лица.

Според Рашковски, јавноста треба да знае кои се бенефитите од ваквите системи кои што се набавени, а за кои, како што вели, државата не потрошила многу средства.

Тоа не е ниту некоја сума која што државата ја оптоварила. Она коешто се очекуваше од сето ова беше еден убав проект на којшто сите ќе се радувавме и на мапата на земји коишто имаат вакви системи ќе бевме, гарантирам, на врвот на Европа и во светот, рече Рашковски во изјава за медиумите денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје.

Според Рашковски, доколку се изреализирал до крај системот за контрола на сообраќајот ќе се спаселе 20 односно 50 отсто од жртвите и две третини од повредените.

Не сакам да звучи морбидно, меѓутоа многу од сообраќајките за коишто се изнаслушавме деновиве, да дозволеше Обвинителството целиот процес да го истераме и да не тераше ништо на сила, се со цел да задоволи нечие его, до сега тој систем ќе беше во многу понапредна фаза на реализација, изјави Рашковски.

Според него, тоа што се ставаат на товар кривични дела на лица коишто совесно ги извршувале своите задачи, е само доказ за непостоење на аргументација.

Синдромот на нинџа, вие да барате од некој од обвинетите да призне нешто што не е, се со цел да ги заглавите другите, проба обвинителката и тука да го направи. Во завршните зборови секој од обвинетите ќе си го каже своето и како бил третиран за време на истрагата, пред истрагата и за време на сослушувањата, рече Рашковски.

Тој истакна дека обвинителката Ивана Трајчевска требала да дојде денес, за, како што рече, самата да се соочи со него и постави прашања.

Независно, може е оправдано отсутна, меѓутоа да го имате вие на тацна да го испрашувате, прво осомничениот, а да не дојдете, по мене е малку е нелогично, рече Рашковски.

Според него, не постои поубав начин како да го побиете, односно да докажете дека некој е виновен, освен преку прашање.

Ќе видиме заменската обвинителка какви прашања ќе постави. Меѓутоа тоа сепак е случај на обвинителката Ивана Трајчева, која што треба да си ги постави сама прашањата, изјави Рашковски.

The post Рашковски: За истиот систем за биометириска идентификација, Велика Британија потроши 14 милиони фунти appeared first on Република.

]]>

Системот за биометириска идентификација коишто ние го имаме направено во Владата е истиот оној за чија што реализација Велика Британија има потрошено 14 милиони фунти, вели поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски за случајот „Софтвери“, што се води против него и шест други лица. Според Рашковски, јавноста треба да знае кои се бенефитите од ваквите системи кои што се набавени, а за кои, како што вели, државата не потрошила многу средства.
Тоа не е ниту некоја сума која што државата ја оптоварила. Она коешто се очекуваше од сето ова беше еден убав проект на којшто сите ќе се радувавме и на мапата на земји коишто имаат вакви системи ќе бевме, гарантирам, на врвот на Европа и во светот, рече Рашковски во изјава за медиумите денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје.
Според Рашковски, доколку се изреализирал до крај системот за контрола на сообраќајот ќе се спаселе 20 односно 50 отсто од жртвите и две третини од повредените.
Не сакам да звучи морбидно, меѓутоа многу од сообраќајките за коишто се изнаслушавме деновиве, да дозволеше Обвинителството целиот процес да го истераме и да не тераше ништо на сила, се со цел да задоволи нечие его, до сега тој систем ќе беше во многу понапредна фаза на реализација, изјави Рашковски.
Според него, тоа што се ставаат на товар кривични дела на лица коишто совесно ги извршувале своите задачи, е само доказ за непостоење на аргументација.
Синдромот на нинџа, вие да барате од некој од обвинетите да призне нешто што не е, се со цел да ги заглавите другите, проба обвинителката и тука да го направи. Во завршните зборови секој од обвинетите ќе си го каже своето и како бил третиран за време на истрагата, пред истрагата и за време на сослушувањата, рече Рашковски.
Тој истакна дека обвинителката Ивана Трајчевска требала да дојде денес, за, како што рече, самата да се соочи со него и постави прашања.
Независно, може е оправдано отсутна, меѓутоа да го имате вие на тацна да го испрашувате, прво осомничениот, а да не дојдете, по мене е малку е нелогично, рече Рашковски.
Според него, не постои поубав начин како да го побиете, односно да докажете дека некој е виновен, освен преку прашање.
Ќе видиме заменската обвинителка какви прашања ќе постави. Меѓутоа тоа сепак е случај на обвинителката Ивана Трајчева, која што треба да си ги постави сама прашањата, изјави Рашковски.

The post Рашковски: За истиот систем за биометириска идентификација, Велика Британија потроши 14 милиони фунти appeared first on Република.

]]>
Oдбраната на Рашковски ќе изведува докази https://republika.mk/vesti/crna-hronika/odbranata-na-rashkovski-ke-izveduva-dokazi/ Tue, 14 Mar 2023 10:59:40 +0000 https://republika.mk/?p=619505

Со изведување на материјални докази од одбраната денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжува судењето против поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, кој заедно со уште шест лица се товари за нелегална набавка на софтвер.

Судскиот процес се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Маја Конеска.

По изведувањето на материјалните докази од одбраната, на предлог на одбраната на Драги Рашковски, тој ќе биде испитан и ќе даде исказ пред Судот.

Судот на почетокот на денешното рочиште информираше дека донел одлука за прифаќање на барањето на Обвинителството за одредување привремена мерка - забрана на обвинетиот Драги Рашковски за располагање со средства во висина од 700 илјади денари, од сметката на име на неговото малолетно дете. Овие средства биле обезбедени од почетокот на постапката, но како орочени и по истекот тие биле префрлени од девизна, на денарска сметка.

Според обвинителниот акт, Рашковски е обвинет за кривичните дела „ Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“.

Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од КЗ

The post Oдбраната на Рашковски ќе изведува докази appeared first on Република.

]]>

Со изведување на материјални докази од одбраната денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжува судењето против поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, кој заедно со уште шест лица се товари за нелегална набавка на софтвер. Судскиот процес се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Маја Конеска. По изведувањето на материјалните докази од одбраната, на предлог на одбраната на Драги Рашковски, тој ќе биде испитан и ќе даде исказ пред Судот. Судот на почетокот на денешното рочиште информираше дека донел одлука за прифаќање на барањето на Обвинителството за одредување привремена мерка - забрана на обвинетиот Драги Рашковски за располагање со средства во висина од 700 илјади денари, од сметката на име на неговото малолетно дете. Овие средства биле обезбедени од почетокот на постапката, но како орочени и по истекот тие биле префрлени од девизна, на денарска сметка. Според обвинителниот акт, Рашковски е обвинет за кривичните дела „ Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“. Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од КЗ

The post Oдбраната на Рашковски ќе изведува докази appeared first on Република.

]]>
Рашковски нуди идеи како да се лоцираат заканите, но вели џабе со обвинители кои не знаат ни што е PDF https://republika.mk/vesti/makedonija/rashkovski-nudi-idei-kako-da-se-lotsiraat-zakanite-no-veli-dhabe-so-obviniteli-koi-ne-znaat-ni-shto-e-pdf/ Sat, 04 Mar 2023 10:01:31 +0000 https://republika.mk/?p=615792

Додека ги чека новите рочишта и пресудата во предметот „Софтвери“ во кој е првообвинет, поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, постојано ѝ се обраќа на јавноста со јавни писма за актуелните случувања во Македонија. Во последното, тој нуди неколку идеи како да се реши проблемот со постојаните дојави за бомби кои со месеци пристигнуваат на адресите на училиштата и институциите, но како што вели - ќе се соочиме и со друг проблем.

Ви го пренесуваме неговиот текст во

Можеби е комплетно погрешна перцепијата дека позади дојавите за бомби стои некои човек, група или организација. Многу поверојатно е дека е тоа алгоритам (компјутерски код - софтвер) кој „излегол од контрола”. Во таков случај не може да бараме човек, не може да бараме компјутер, не може да бараме IP адреса. Треба да бараме алгоритам (софтвер).

За да биде посликовито одјаснето. Кога се појави корона вирусот, таргет беше да се лоцира изворот на истиот. Па се отиде до тоа да се наведува и името и презимето на „човекот кој го изеде лилјакот”. Кога вирусот се рашири, веќе не беше важно „кој е првиот, туку како да не станеме следниот”. Колку и да сакаме да персонализираме испраќач на дојавите за бомби сепак поизвесно е дека е тоа компјутерски генериран алгоритам кој „кружи”.

Имаме ли досега поставено „генетика” на алгоритмот? Не треба да бараме профил на личност, туку генетика на алгоритмот. Како тој ги определува школите? Како знае кога е распуст, кога има часови?

Уште една паралела со корона вирусот. Лекувањето од корона на почетокот одеше отежнато од причина што не се знаеше точно на што вирусот реагира. Времето покажа дека многу терапии, како инванзивната филтрација со респиратори е погрешна. Така и со дојавите на бомби. Ги предизвикал ли до сега некој овие мејлови?

На пример:
Со креирање на неколку веб страни на училишта, кои училишта вистински не постојат, но се доволно автентични за да „алгоритмот загризе”. Нешто како лажна рипка за ловење на риби, или како што во спортот го одомаќинивме терминот „лажен цепелин”. Па доколку стаса маил и на фиктивното училиште, веќе сме почнале да навлегуваме во генезата на проблемот.

Ова е само почетна идеја. Има многу „итроштини” за тоа како да дојдете до некои сознанија. Несомнена е заложбата и брзата интервенција на припадниците на МВР, кои верувам дека и се преморени од овие активности кои доведуваат до слабеење на безбедносниот систем, но решението можеби треба да го бараме во римската максима !Vis kon vi repulit” или „Силата со сила се победува”, односно македонската „Од што е болката, од тоа е лекот”. Како што врвни научници создадоа векцина за корона вирусот, така постојат и врвни информатиари...

Она што треба да не плаши е што ако секој од нас, преку својот смарт уред почне да станува испраќач на вакви дојави без да знае? Нешто слично како во време на корона кризата кога многу од нас немаа симптоми на корона, а сепак пренесуваа. Наеднаш би можело да се доведеме во ситуација на тотално лудило. Нашиот телефон да биде регистриран како испраќач, а ние за тоа воопшто да не сме свесни. Што тогаш? Ќе ги наполниме притворите како што ги наполнивме болниците?
Тука доаѓаме до друг момент кој мора да го превенираме. Правна подготовка на обвинителствата за едно вакво сценарио. Како што билниците се спремаат за бранови на корона.

Затоа што не може на обвинител од видот на Ивана Трајчева, која гони организиран криминал да и објасните што е тоа алгоритам кога неколку рочишта по ред го убедува судот дека PDF документ е исто што и форензичка копија? Тоа е исто како да убедувате некој дека лист хартија е исто што и книгата Ана Каренина.

Не може со таков обвинител кој доставува докази креирани на компјутер кој ги носи неговите иницијали и институцијата во која работи (името на компјутерот е ojo gokk IT) кои ги пишувал во Microsoft Word и сакал да се „попрофесионали” па ги прикачил на веб сајт www.ilovepdf.com за да ги конвертира во pdf… од таков обвинител да очекувате декаквалитетно ќе се бори против сајбер криминал.

Има во обвинителството многу стручни обвинители. Мора да се направи посебен оддел од нив кои ќе се занимаваат со оваа проблематика. Зашто на крајот на денот, ти се тие кои можат и смеат да поведат кривична постапка за ваков тип на криминал. Има такви обвинители затоа што сум сретнал и запознал.

Но, не може да се повикуваме на НАТО безбедносни процедури кога имате во судска постапка извештај од полициски службеник Наде Карева Глигоровска која во рамки на ОЈО ГОКК прекршиле 10тина НАТО процедури за дигитална форензика.

Компјутерските вируси, како и билолошките, ги напаѓаат сите, но слабите организми немаат одбранбен механизам за тоа и потклекнуваат. За разлика од биолошките, копјутерските вируси се многу повештачкоинтелигентни. Тие знаат да ја оценат техничката спремност, но и правната спремност на една држава за да се одбрани од нив.

Со www.iLovePDF.com не се заплашува алгоритам?

The post Рашковски нуди идеи како да се лоцираат заканите, но вели џабе со обвинители кои не знаат ни што е PDF appeared first on Република.

]]>

Додека ги чека новите рочишта и пресудата во предметот „Софтвери“ во кој е првообвинет, поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, постојано ѝ се обраќа на јавноста со јавни писма за актуелните случувања во Македонија. Во последното, тој нуди неколку идеи како да се реши проблемот со постојаните дојави за бомби кои со месеци пристигнуваат на адресите на училиштата и институциите, но како што вели - ќе се соочиме и со друг проблем. Ви го пренесуваме неговиот текст во Можеби е комплетно погрешна перцепијата дека позади дојавите за бомби стои некои човек, група или организација. Многу поверојатно е дека е тоа алгоритам (компјутерски код - софтвер) кој „излегол од контрола”. Во таков случај не може да бараме човек, не може да бараме компјутер, не може да бараме IP адреса. Треба да бараме алгоритам (софтвер). За да биде посликовито одјаснето. Кога се појави корона вирусот, таргет беше да се лоцира изворот на истиот. Па се отиде до тоа да се наведува и името и презимето на „човекот кој го изеде лилјакот”. Кога вирусот се рашири, веќе не беше важно „кој е првиот, туку како да не станеме следниот”. Колку и да сакаме да персонализираме испраќач на дојавите за бомби сепак поизвесно е дека е тоа компјутерски генериран алгоритам кој „кружи”. Имаме ли досега поставено „генетика” на алгоритмот? Не треба да бараме профил на личност, туку генетика на алгоритмот. Како тој ги определува школите? Како знае кога е распуст, кога има часови? Уште една паралела со корона вирусот. Лекувањето од корона на почетокот одеше отежнато од причина што не се знаеше точно на што вирусот реагира. Времето покажа дека многу терапии, како инванзивната филтрација со респиратори е погрешна. Така и со дојавите на бомби. Ги предизвикал ли до сега некој овие мејлови? На пример: Со креирање на неколку веб страни на училишта, кои училишта вистински не постојат, но се доволно автентични за да „алгоритмот загризе”. Нешто како лажна рипка за ловење на риби, или како што во спортот го одомаќинивме терминот „лажен цепелин”. Па доколку стаса маил и на фиктивното училиште, веќе сме почнале да навлегуваме во генезата на проблемот. Ова е само почетна идеја. Има многу „итроштини” за тоа како да дојдете до некои сознанија. Несомнена е заложбата и брзата интервенција на припадниците на МВР, кои верувам дека и се преморени од овие активности кои доведуваат до слабеење на безбедносниот систем, но решението можеби треба да го бараме во римската максима !Vis kon vi repulit” или „Силата со сила се победува”, односно македонската „Од што е болката, од тоа е лекот”. Како што врвни научници создадоа векцина за корона вирусот, така постојат и врвни информатиари... Она што треба да не плаши е што ако секој од нас, преку својот смарт уред почне да станува испраќач на вакви дојави без да знае? Нешто слично како во време на корона кризата кога многу од нас немаа симптоми на корона, а сепак пренесуваа. Наеднаш би можело да се доведеме во ситуација на тотално лудило. Нашиот телефон да биде регистриран како испраќач, а ние за тоа воопшто да не сме свесни. Што тогаш? Ќе ги наполниме притворите како што ги наполнивме болниците? Тука доаѓаме до друг момент кој мора да го превенираме. Правна подготовка на обвинителствата за едно вакво сценарио. Како што билниците се спремаат за бранови на корона. Затоа што не може на обвинител од видот на Ивана Трајчева, која гони организиран криминал да и објасните што е тоа алгоритам кога неколку рочишта по ред го убедува судот дека PDF документ е исто што и форензичка копија? Тоа е исто како да убедувате некој дека лист хартија е исто што и книгата Ана Каренина. Не може со таков обвинител кој доставува докази креирани на компјутер кој ги носи неговите иницијали и институцијата во која работи (името на компјутерот е ojo gokk IT) кои ги пишувал во Microsoft Word и сакал да се „попрофесионали” па ги прикачил на веб сајт www.ilovepdf.com за да ги конвертира во pdf… од таков обвинител да очекувате декаквалитетно ќе се бори против сајбер криминал. Има во обвинителството многу стручни обвинители. Мора да се направи посебен оддел од нив кои ќе се занимаваат со оваа проблематика. Зашто на крајот на денот, ти се тие кои можат и смеат да поведат кривична постапка за ваков тип на криминал. Има такви обвинители затоа што сум сретнал и запознал. Но, не може да се повикуваме на НАТО безбедносни процедури кога имате во судска постапка извештај од полициски службеник Наде Карева Глигоровска која во рамки на ОЈО ГОКК прекршиле 10тина НАТО процедури за дигитална форензика. Компјутерските вируси, како и билолошките, ги напаѓаат сите, но слабите организми немаат одбранбен механизам за тоа и потклекнуваат. За разлика од биолошките, копјутерските вируси се многу повештачкоинтелигентни. Тие знаат да ја оценат техничката спремност, но и правната спремност на една држава за да се одбрани од нив. Со www.iLovePDF.com не се заплашува алгоритам?

The post Рашковски нуди идеи како да се лоцираат заканите, но вели џабе со обвинители кои не знаат ни што е PDF appeared first on Република.

]]>
Рашковски за „Латас сениор“ и „Латас јуниор“: Русковска и Трајчева, ве мачи рочиштето на 2 март https://republika.mk/vesti/makedonija/rashkovski-za-latas-senior-i-latas-junior-ruskovska-i-trajcheva-ve-machi-rochishteto-na-2-mart/ Wed, 22 Feb 2023 08:47:55 +0000 https://republika.mk/?p=611762

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски кој е обвинет во предметот „Софтвери“ во обраќање до јавноста ги нарече обвинителките Вилма Русковска и Ивана Трајчева „Латас сениор“ и „Латас јуниор“ бидејќи со јавни настани ја поттикнувале омразата кон него, не со факти туку со свои замисли и претпоставки.

Ви го пренесуваме неговото писмо во целост:

10тина јавни настапи имаше Вилма Русковска (Латас сениор) и околу 5 настапи Ивана Трајчева (Латас јуниор) во обидот да ја поттикнат омразата кон Драги Рашковски. Не изнесуваа факти туку свои замисли и претпоставки за настани и причини, вели поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

„Што сакаа:
1. Сакаа најпрвин да створат терен за да може полесно да поминуваат нивните намери во судовите, па така во јавноста се пласираше наводна моја порака со текст „Слушај, изразувај се стручно, овие се глупи, ништо нема да те разберат“. Со ова сакаа да ја поттикнат омразата и кај обвинителите и кај судиите кон мене и останатите во случајот.

Читаше Ивана Трајчева 7 (седум) рочишта некакви текстуални записи (небаре сме неписмени и не знаеме да читаме), на кои немаше ниту телефонски број, ниту име и презиме… но немаше ни ваква порака. Денес, после речиси две години “Латасовци” треба на јавноста, а пред се на своите колеги и во судовите и во обвинителството да им одговорат: ДАЛИ ИМА ВАКВА ПОРАКА ИСПРАТЕНА ОД ДРАГИ РАШКОВСКИ КОН БИЛО КОГО? Ако нема, дали тоа значи дека тие ја измислиле??? Дали некојј ја пласирал во јавноста како лажен извор? Дали е нешто друго во прашање? Нека покажат дека тие не се изворот на оваа лажна вест па нека покренат постапка да го најдат изворот на оваа дезинформација. Ако не покренат, легитимно е да се мисли дека тие тоа го измислиле или не дај боже го мислат?

2. Ширеа пораки дека моите деца се збогатиле енормно. Се спомнуваа суми од неколку стотици илјади евра, за да се дојде до милионски суми. Сетоа тоа им требаше за да не само мене, туку и цело мое семејство некој го мрази? Што им покажаа вештачењата? Зошто не излезете и не кажете колкава е таа сума која ја спомнувавте дека е “натрупана”? “Латас сениор” е под правна суспензија, но “Латас јуниор” може да излезе пред јавноста и да каже колку е таа сума без посебни лични подготовки, како што според мои сознанија ако се точни ја чекавме да се врати од фризер за да ја соопштат одлуката за нашиот притвор, како би можела да даде изјава пред камери за својот “успех”. Зошто не излезете и не и кажете на јавноста дека таа фантастична сума за која Вие зборувавте е 1500 евра!!! Затоа што 1500 евра не предизвикуваат омраза?

3. Дирекно Ви се обраќам. Малку Ви беше ова, не пропуштавте да кажете дека лицето кое било мое обезбедување уплаќало за школарина за мојот син. И повторно за да некој посилно од душата мрази и колне? Зошто не излезете и кажете дека таа сума е 2390 денари? Затоа што за толку малку никој нема да мрази?

4. Зошто не излезете пред јавноста и не кажете дека и двајцата вештаци не најдоа (затоа што и нема) никакво, макар ни мало, прекршување на закони, подзаконски акти, па дури ни интерни акти во постапките за јавни набавки? Затоа што омразата која сакавте да ја ширите ќе згаснеше? Затоа што се што е набавено е тука, со попис попишано. Класично ширеше на омраза. Класична злоупотреба на функција. Местото на обвинителот е во суд. Таму требаше да ги докажувате вашите резултати од истрагата, но дури кога истата ќе заврши. Вие издававте непроверени информации од истрагата, што преку новинари, што дирекно, иако да
сте малку правници ќе знаевте дека тоа е противзаконски, а за се што е противзаконски знаете дека ќе добиете кривична. Видеата на кој зборувате за “резултатите” од истрагата стојат на интернет. Од нас како учесници во постапката ги криете наредбите за истрага, а за пуста слава и наводен сензационализам на јавни емисии изнесувавте се и сешто.

Сте се запрашале зошто речиси никој од обвинителите, освен Вас не излегува по емисии да зборува за случаите? Затоа што знаат, што е пред се правно дозволено, а понатаму и што е етика, морал и култура. Затоа што знаат дека случај се елаборира во судница по завршена истрага, а не на телевизија.

“Латас сениор” вели дека поради овој случај била сменета. Што повеќе сакавте да добиете? Истрагата никој не Ви ја попречи. Обвинение напишавте кое е оксиморон од граматичка гледна точка, но ви беше прифатено. Ниедно рочиште не е одложено по моја вина ниту сум барал да се одложи. Што повеќе од ова може да посака еден обвинител?

Велите дека политиката се мешала… а дали вие баравте во последните неколку месеци заштита од политички фунционери за поднесените кривични пријави и дисциплински постапки?

Јас знам што ве мачи. Ве мачи рочиштето на 2ри март. Тогаш ќе се види, кој, што и како правел

The post Рашковски за „Латас сениор“ и „Латас јуниор“: Русковска и Трајчева, ве мачи рочиштето на 2 март appeared first on Република.

]]>

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски кој е обвинет во предметот „Софтвери“ во обраќање до јавноста ги нарече обвинителките Вилма Русковска и Ивана Трајчева „Латас сениор“ и „Латас јуниор“ бидејќи со јавни настани ја поттикнувале омразата кон него, не со факти туку со свои замисли и претпоставки. Ви го пренесуваме неговото писмо во целост: 10тина јавни настапи имаше Вилма Русковска (Латас сениор) и околу 5 настапи Ивана Трајчева (Латас јуниор) во обидот да ја поттикнат омразата кон Драги Рашковски. Не изнесуваа факти туку свои замисли и претпоставки за настани и причини, вели поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски. „Што сакаа: 1. Сакаа најпрвин да створат терен за да може полесно да поминуваат нивните намери во судовите, па така во јавноста се пласираше наводна моја порака со текст „Слушај, изразувај се стручно, овие се глупи, ништо нема да те разберат“. Со ова сакаа да ја поттикнат омразата и кај обвинителите и кај судиите кон мене и останатите во случајот. Читаше Ивана Трајчева 7 (седум) рочишта некакви текстуални записи (небаре сме неписмени и не знаеме да читаме), на кои немаше ниту телефонски број, ниту име и презиме… но немаше ни ваква порака. Денес, после речиси две години “Латасовци” треба на јавноста, а пред се на своите колеги и во судовите и во обвинителството да им одговорат: ДАЛИ ИМА ВАКВА ПОРАКА ИСПРАТЕНА ОД ДРАГИ РАШКОВСКИ КОН БИЛО КОГО? Ако нема, дали тоа значи дека тие ја измислиле??? Дали некојј ја пласирал во јавноста како лажен извор? Дали е нешто друго во прашање? Нека покажат дека тие не се изворот на оваа лажна вест па нека покренат постапка да го најдат изворот на оваа дезинформација. Ако не покренат, легитимно е да се мисли дека тие тоа го измислиле или не дај боже го мислат? 2. Ширеа пораки дека моите деца се збогатиле енормно. Се спомнуваа суми од неколку стотици илјади евра, за да се дојде до милионски суми. Сетоа тоа им требаше за да не само мене, туку и цело мое семејство некој го мрази? Што им покажаа вештачењата? Зошто не излезете и не кажете колкава е таа сума која ја спомнувавте дека е “натрупана”? “Латас сениор” е под правна суспензија, но “Латас јуниор” може да излезе пред јавноста и да каже колку е таа сума без посебни лични подготовки, како што според мои сознанија ако се точни ја чекавме да се врати од фризер за да ја соопштат одлуката за нашиот притвор, како би можела да даде изјава пред камери за својот “успех”. Зошто не излезете и не и кажете на јавноста дека таа фантастична сума за која Вие зборувавте е 1500 евра!!! Затоа што 1500 евра не предизвикуваат омраза? 3. Дирекно Ви се обраќам. Малку Ви беше ова, не пропуштавте да кажете дека лицето кое било мое обезбедување уплаќало за школарина за мојот син. И повторно за да некој посилно од душата мрази и колне? Зошто не излезете и кажете дека таа сума е 2390 денари? Затоа што за толку малку никој нема да мрази? 4. Зошто не излезете пред јавноста и не кажете дека и двајцата вештаци не најдоа (затоа што и нема) никакво, макар ни мало, прекршување на закони, подзаконски акти, па дури ни интерни акти во постапките за јавни набавки? Затоа што омразата која сакавте да ја ширите ќе згаснеше? Затоа што се што е набавено е тука, со попис попишано. Класично ширеше на омраза. Класична злоупотреба на функција. Местото на обвинителот е во суд. Таму требаше да ги докажувате вашите резултати од истрагата, но дури кога истата ќе заврши. Вие издававте непроверени информации од истрагата, што преку новинари, што дирекно, иако да сте малку правници ќе знаевте дека тоа е противзаконски, а за се што е противзаконски знаете дека ќе добиете кривична. Видеата на кој зборувате за “резултатите” од истрагата стојат на интернет. Од нас како учесници во постапката ги криете наредбите за истрага, а за пуста слава и наводен сензационализам на јавни емисии изнесувавте се и сешто. Сте се запрашале зошто речиси никој од обвинителите, освен Вас не излегува по емисии да зборува за случаите? Затоа што знаат, што е пред се правно дозволено, а понатаму и што е етика, морал и култура. Затоа што знаат дека случај се елаборира во судница по завршена истрага, а не на телевизија. “Латас сениор” вели дека поради овој случај била сменета. Што повеќе сакавте да добиете? Истрагата никој не Ви ја попречи. Обвинение напишавте кое е оксиморон од граматичка гледна точка, но ви беше прифатено. Ниедно рочиште не е одложено по моја вина ниту сум барал да се одложи. Што повеќе од ова може да посака еден обвинител? Велите дека политиката се мешала… а дали вие баравте во последните неколку месеци заштита од политички фунционери за поднесените кривични пријави и дисциплински постапки? Јас знам што ве мачи. Ве мачи рочиштето на 2ри март. Тогаш ќе се види, кој, што и како правел

The post Рашковски за „Латас сениор“ и „Латас јуниор“: Русковска и Трајчева, ве мачи рочиштето на 2 март appeared first on Република.

]]>
Обвинителството ќе ги провери наводите на Рашковски против обвинителката https://republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinitelstvoto-ke-gi-proveri-navodite-na-rashkovski-protiv-obvinitelkata/ Thu, 26 Jan 2023 10:42:12 +0000 https://republika.mk/?p=601232

Со кривичната пријава што обвинетите во случајот „Софтвери“, поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски и сопственикот на фирмата „Инвока груп“ од која Владата ги набави спорните софтвери за мерење брзина на возилата Даниел Станчев, ја поднеле против обвинителката која го води предметот и против еден од нејзините стручни соработници, Обвинителството ќе постапи исто како и во сите други случаи, тврдат оттаму.

Штом ќе пристигне пријавата, Обвинителството ќе постапи и ќе ги провери наводите – одговорија од Обвинителството на прашањето дали се запознаени со тврдењата изнесени денешното соопштение на Рашковски и Станчев.

Двајцата обвинети во случајот „Софтвери“, претходно до јавноста доставија соопштение во кое тврдат дека обвинителката која го води предметот ја излажала и се уште ја лаже македонската јавност, ги крие или ги прикрива доказите пред судот, со цел да предизвика омраза кај јавноста кон обвинетите и да го изманипулира судот.

Во прилог на наводите од соопштението, Рашковски и Станчев го доставија и документ за кој тврдат дека пријавената го скрила и не го приложувала ниту кон списите на предметот кога се вршело продолжување на мерките притвор против оштетените, ниту кон листата на докази при поднесување на обвинителниот акт, „свесна дека со овој допис во целост поднесениот обвинителен акт е беспредметен“.

The post Обвинителството ќе ги провери наводите на Рашковски против обвинителката appeared first on Република.

]]>

Со кривичната пријава што обвинетите во случајот „Софтвери“, поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски и сопственикот на фирмата „Инвока груп“ од која Владата ги набави спорните софтвери за мерење брзина на возилата Даниел Станчев, ја поднеле против обвинителката која го води предметот и против еден од нејзините стручни соработници, Обвинителството ќе постапи исто како и во сите други случаи, тврдат оттаму. Штом ќе пристигне пријавата, Обвинителството ќе постапи и ќе ги провери наводите – одговорија од Обвинителството на прашањето дали се запознаени со тврдењата изнесени денешното соопштение на Рашковски и Станчев. Двајцата обвинети во случајот „Софтвери“, претходно до јавноста доставија соопштение во кое тврдат дека обвинителката која го води предметот ја излажала и се уште ја лаже македонската јавност, ги крие или ги прикрива доказите пред судот, со цел да предизвика омраза кај јавноста кон обвинетите и да го изманипулира судот. Во прилог на наводите од соопштението, Рашковски и Станчев го доставија и документ за кој тврдат дека пријавената го скрила и не го приложувала ниту кон списите на предметот кога се вршело продолжување на мерките притвор против оштетените, ниту кон листата на докази при поднесување на обвинителниот акт, „свесна дека со овој допис во целост поднесениот обвинителен акт е беспредметен“.

The post Обвинителството ќе ги провери наводите на Рашковски против обвинителката appeared first on Република.

]]>
Рашковски: Допрва јавноста ќе дознае дека зад случајот „Софтвери“ стои само зла намера https://republika.mk/vesti/makedonija/rashkovski-doprva-javnosta-ke-doznae-deka-zad-sluchajot-softveri-stoi-samo-zla-namera/ Thu, 26 Jan 2023 08:51:21 +0000 https://republika.mk/?p=601175

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски се огласи одново со соопштение во кое вели дека обвинителката која го води случајот „Софтвери“ ја излажа и сеуште ја лаже македонската јавност:

Потребата од сензационализам и неуспешноста во извршување на своите задачи за кои се платени, а притоа нанесувајќи огромна штета врз угледот на правосудниот систем со неизвршување на своите работни задачи, некои обвинители и нивни стручни соработници сакаа да ја сокријат со МОНТИРАЊЕ на кривично правни предмети, преку кои се сакаше да се креира перцепција кај јавноста за неприкосновеност, непоколебливост и неселективност, а во позадина на истото се криеше токму спротивното на што е додадено гола амбиција преку газање врз човековото достоинство да се дојде до ШЕФОВСКОТО место,, ветено од претходничката.

Со цел да предизвика ОМРАЗА кај јавноста, основната јавна обвинителка која го водеше и сеуште го води случајот “Софтвери” ја излажа и сеуште ја лаже целата македонска јавност.

Затоа, сакаме да Ве известиме дека е поднесена Кривична пријава против истата И.Т како јавен обвинител и против стручен соработник О.А. во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. При тоа, ова нема да е последната кривична пријава, туку е една меѓу првите, За истото е веќе поднесена и претставка за нејзината работа до Советот на јавни обвинители, Републичкиот јавен обвинител и до Шефот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. За сето ова ќе биде известена во детали и целата меѓународна заедница. Со цел јавноста да биде објективно известена, Ви го ставаме на располагање еден од документите кои јавната обвинителка го има сокриено како од судиите кои одлучувале во сите досегашни фази, така и од јавноста.

Кривичната пријава е затоа што:
Првопријавената како основен јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за геноње на организиран криминал и корпупција на ден 20.05.2021 година доставила барање за доставување на документација до Генерален секретаријат на Република Македонија под број КО 36/21. На истото барање од страна на генералниот секретаријат и е одговорено со допис број 45-5165/11 во кој од страна на Генералниот секретаријат е наведено дека:
• Ве известуваме дека примопредавање е извршено на целокупната опрема која е наведена и во двата предметни договори
• Исто така, примопредавање е извршено и на двата споменати софтвери и истите се инсталирани на компјутери кои се во сопственост на Владата на Република Македонија
• Дополнително, исто така со цел да се утврди дали постои предметната опрема на 26.05 и 25.05.2021 година извршен е попис за кој е составен извештај број 11-5772/3 од 01.06.2021 година при што е утврдено дека истата постои и е согласно предметните договори
• Во прилог се наведени Записници од технички прием и предавање на опрема од наведените софтверски решенија и опрема.

Првопријавената, потпомогната од второпријавениот како стручен соработник при вршење на увид од страна на оштетените на 30.06.2021 година не им го дале овој допис, иако согласно Законот за кривична постапка, особено член 70 е должна да ја стави на располагање целокулната прибрана документација.
Исто така НАЈБИТНО, знаејќи дека со ваквиот допис во целост се побива обвинението против двајцата оштетени, првопријавената овој допис ГО СКРИЛА и не го приложувала ниту кон списите на предметот кога се вршело продолжување на мерките притвор против оштетените, како и не го поднела во листата на докази при поднесување на обвинителниот акт, свесна дека со овој допис во целост поднесениот обвинителен акт е беспредметен.

Со ваквите дејствија првопријавената, помогната од второпријавениот ја довеле во заблуда целата јавност, при што во своите јавни настапи тврдела дека предметните јавни набавки не се испочитувани, иако до неа била доставена целосна документација.

Првоипријавената, помогната од второпијавениот, со цел да предизвика омраза од јавноста кон двајцата оштетени, овој доказ не го приложила ниту при поднесување на обвинителниот акт, ниту во листата на докази кои се доставени до судечкиот совет, со цел да се предизвика погрешна перцепција кај јавноста дека оштетените постапувале спротивно на закон, како и да ги доведе во заблуда судиите кои одлучувале да донесат решенија кои не соодветствуваат на фактичката состојба. Првопријавената, помогната од второпријавениот како стручен соработник кој целосно бил вклучен во предистражната и истражната постапка за предметото кој се води против оштетените ГО СКРИЛЕ И ПРИКРИЛЕ ваквиот доказ доставен од страна на Генералниот секретаријат од судијата кој одлучувал за прифаќање на обвинителниот акт, свесни дека со приложување на таквиот документ обвинителниот акт би бил беспредметен и немало да биде одобрен.

Оштетените го побарале ваквиот допис од Генералниот секратријат со два дописи при што и со допис од 07.03.2022 година под број 46-687/7 потшишан од тогашниот генерален секретар, како и со допис 46-10949/13 од 29.12.2022 година потпишано од сегашниот генерален секретар на Владата е потврдено и е доставена копија од дописот кој првопријавената и второпријавениот го скриле.

Со опишаните дејствија, првопријавената сторила повеќе кривични дела и тоа: „Противправно лишување од слобода“ од член 140 став 5 в.в став 1 од КЗ на РСМ, кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 3 в.в став 1 од КЗ на РСМ, кривично дело „Несовесно работење во службата” од член 353-в став 3 в.в став 1 од КЗ на РСМ, кривично дело „ Лажно пријавување на кривично дело” од член 366 став 1, 2 3 и 4 од КЗ на РСМ, кривично дело „Спречување на докажување” од член 368 став 1 од КЗ на РСМ.

Со опишаните дејствија, второпријавениот сторил повеќе кривични дела и тоа: „Противправно лишување од слобода“ од член 140 став 5 в.в став 1 од КЗ на РСМ, кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 3 в.в став 1 од КЗ на РСМ, кривично дело „Несовесно работење во службата” од член 353-в став 3 в.в став 1 од КЗ на РСМ, кривично дело „Поднесување лажни докази” од член 366-а став 2 в.в став 1 од КЗ на РСМ, кривично дело „Спречување на докажување” од член 368 став 1 од КЗ на РСМ в.в со член 24 став 1 и 2 од КЗ на РСМ.

ДОПРВА ЈАВНОСТА ЌЕ СЕ ЗАПОЗНАЕ СО СИТЕ ДЕЈАНИЈА, КАКО КРИВИЧНИ, ТАКА И НЕПРОФЕСИОНАЛНИ ИЗВРШЕНИ ОД ДВАЈЦАТА ПРИЈАВЕНИ. ЈАВНОСТА ЌЕ БИДЕ ЗАПОЗНАЕНА СО СИТЕ ДЕТАЛИ СО КОИ ЌЕ СЕ ПОТВРДИ ДЕКА ПОЗАДИ ОВОЈ СЛУЧАЈ ПОСТОИ САМО ЗЛА НАМЕРА, КОЈА НАМЕРА СИ ИМА СВОЈА ПОЗАДИНА ОД ЛИЧНА ПРИРОДА НА ПОЕДИНЦИ., се вели во соопштението потпишанот од Драги Рашковски и Даниел Станчев.

The post Рашковски: Допрва јавноста ќе дознае дека зад случајот „Софтвери“ стои само зла намера appeared first on Република.

]]>

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски се огласи одново со соопштение во кое вели дека обвинителката која го води случајот „Софтвери“ ја излажа и сеуште ја лаже македонската јавност: Потребата од сензационализам и неуспешноста во извршување на своите задачи за кои се платени, а притоа нанесувајќи огромна штета врз угледот на правосудниот систем со неизвршување на своите работни задачи, некои обвинители и нивни стручни соработници сакаа да ја сокријат со МОНТИРАЊЕ на кривично правни предмети, преку кои се сакаше да се креира перцепција кај јавноста за неприкосновеност, непоколебливост и неселективност, а во позадина на истото се криеше токму спротивното на што е додадено гола амбиција преку газање врз човековото достоинство да се дојде до ШЕФОВСКОТО место,, ветено од претходничката. Со цел да предизвика ОМРАЗА кај јавноста, основната јавна обвинителка која го водеше и сеуште го води случајот “Софтвери” ја излажа и сеуште ја лаже целата македонска јавност. Затоа, сакаме да Ве известиме дека е поднесена Кривична пријава против истата И.Т како јавен обвинител и против стручен соработник О.А. во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. При тоа, ова нема да е последната кривична пријава, туку е една меѓу првите, За истото е веќе поднесена и претставка за нејзината работа до Советот на јавни обвинители, Републичкиот јавен обвинител и до Шефот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. За сето ова ќе биде известена во детали и целата меѓународна заедница. Со цел јавноста да биде објективно известена, Ви го ставаме на располагање еден од документите кои јавната обвинителка го има сокриено како од судиите кои одлучувале во сите досегашни фази, така и од јавноста. Кривичната пријава е затоа што: Првопријавената како основен јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за геноње на организиран криминал и корпупција на ден 20.05.2021 година доставила барање за доставување на документација до Генерален секретаријат на Република Македонија под број КО 36/21. На истото барање од страна на генералниот секретаријат и е одговорено со допис број 45-5165/11 во кој од страна на Генералниот секретаријат е наведено дека: • Ве известуваме дека примопредавање е извршено на целокупната опрема која е наведена и во двата предметни договори • Исто така, примопредавање е извршено и на двата споменати софтвери и истите се инсталирани на компјутери кои се во сопственост на Владата на Република Македонија • Дополнително, исто така со цел да се утврди дали постои предметната опрема на 26.05 и 25.05.2021 година извршен е попис за кој е составен извештај број 11-5772/3 од 01.06.2021 година при што е утврдено дека истата постои и е согласно предметните договори • Во прилог се наведени Записници од технички прием и предавање на опрема од наведените софтверски решенија и опрема. Првопријавената, потпомогната од второпријавениот како стручен соработник при вршење на увид од страна на оштетените на 30.06.2021 година не им го дале овој допис, иако согласно Законот за кривична постапка, особено член 70 е должна да ја стави на располагање целокулната прибрана документација. Исто така НАЈБИТНО, знаејќи дека со ваквиот допис во целост се побива обвинението против двајцата оштетени, првопријавената овој допис ГО СКРИЛА и не го приложувала ниту кон списите на предметот кога се вршело продолжување на мерките притвор против оштетените, како и не го поднела во листата на докази при поднесување на обвинителниот акт, свесна дека со овој допис во целост поднесениот обвинителен акт е беспредметен. Со ваквите дејствија првопријавената, помогната од второпријавениот ја довеле во заблуда целата јавност, при што во своите јавни настапи тврдела дека предметните јавни набавки не се испочитувани, иако до неа била доставена целосна документација. Првоипријавената, помогната од второпијавениот, со цел да предизвика омраза од јавноста кон двајцата оштетени, овој доказ не го приложила ниту при поднесување на обвинителниот акт, ниту во листата на докази кои се доставени до судечкиот совет, со цел да се предизвика погрешна перцепција кај јавноста дека оштетените постапувале спротивно на закон, како и да ги доведе во заблуда судиите кои одлучувале да донесат решенија кои не соодветствуваат на фактичката состојба. Првопријавената, помогната од второпријавениот како стручен соработник кој целосно бил вклучен во предистражната и истражната постапка за предметото кој се води против оштетените ГО СКРИЛЕ И ПРИКРИЛЕ ваквиот доказ доставен од страна на Генералниот секретаријат од судијата кој одлучувал за прифаќање на обвинителниот акт, свесни дека со приложување на таквиот документ обвинителниот акт би бил беспредметен и немало да биде одобрен. Оштетените го побарале ваквиот допис од Генералниот секратријат со два дописи при што и со допис од 07.03.2022 година под број 46-687/7 потшишан од тогашниот генерален секретар, како и со допис 46-10949/13 од 29.12.2022 година потпишано од сегашниот генерален секретар на Владата е потврдено и е доставена копија од дописот кој првопријавената и второпријавениот го скриле. Со опишаните дејствија, првопријавената сторила повеќе кривични дела и тоа: „Противправно лишување од слобода“ од член 140 став 5 в.в став 1 од КЗ на РСМ, кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 3 в.в став 1 од КЗ на РСМ, кривично дело „Несовесно работење во службата” од член 353-в став 3 в.в став 1 од КЗ на РСМ, кривично дело „ Лажно пријавување на кривично дело” од член 366 став 1, 2 3 и 4 од КЗ на РСМ, кривично дело „Спречување на докажување” од член 368 став 1 од КЗ на РСМ. Со опишаните дејствија, второпријавениот сторил повеќе кривични дела и тоа: „Противправно лишување од слобода“ од член 140 став 5 в.в став 1 од КЗ на РСМ, кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 3 в.в став 1 од КЗ на РСМ, кривично дело „Несовесно работење во службата” од член 353-в став 3 в.в став 1 од КЗ на РСМ, кривично дело „Поднесување лажни докази” од член 366-а став 2 в.в став 1 од КЗ на РСМ, кривично дело „Спречување на докажување” од член 368 став 1 од КЗ на РСМ в.в со член 24 став 1 и 2 од КЗ на РСМ. ДОПРВА ЈАВНОСТА ЌЕ СЕ ЗАПОЗНАЕ СО СИТЕ ДЕЈАНИЈА, КАКО КРИВИЧНИ, ТАКА И НЕПРОФЕСИОНАЛНИ ИЗВРШЕНИ ОД ДВАЈЦАТА ПРИЈАВЕНИ. ЈАВНОСТА ЌЕ БИДЕ ЗАПОЗНАЕНА СО СИТЕ ДЕТАЛИ СО КОИ ЌЕ СЕ ПОТВРДИ ДЕКА ПОЗАДИ ОВОЈ СЛУЧАЈ ПОСТОИ САМО ЗЛА НАМЕРА, КОЈА НАМЕРА СИ ИМА СВОЈА ПОЗАДИНА ОД ЛИЧНА ПРИРОДА НА ПОЕДИНЦИ., се вели во соопштението потпишанот од Драги Рашковски и Даниел Станчев.

The post Рашковски: Допрва јавноста ќе дознае дека зад случајот „Софтвери“ стои само зла намера appeared first on Република.

]]>
Рашковски „лабаво“ облечен си купува хамбургер во „седмица“ https://republika.mk/tvitovi/rashkovski-labavo-oblechen-si-kupuva-hamburger-vo-sedmica/ Sat, 24 Dec 2022 21:05:54 +0000 https://republika.mk/?p=589605

The post Рашковски „лабаво“ облечен си купува хамбургер во „седмица“ appeared first on Република.

]]>

The post Рашковски „лабаво“ облечен си купува хамбургер во „седмица“ appeared first on Република.

]]>