дестабилизација на македонија Archives - Република https://republika.mk/tema/destabilizatsija-na-makedonija/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Nov 2024 12:19:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дестабилизација на македонија Archives - Република https://republika.mk/tema/destabilizatsija-na-makedonija/ 32 32 Мицкоски: Предупредувавме за обиди за ексалација на етнички тензии, нема да има милост кон никого https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-predupreduvavme-za-obidi-za-eksalatsija-na-etnichki-tenzii-nema-da-ima-milost-kon-nikogo/ Fri, 29 Nov 2024 12:19:55 +0000 https://republika.mk/?p=843105

Премиерот Христијан Мицкоски најостро го осуди сквернавењето на македонското знаме за време на вчерашното славење на Денот на албанското знаме. Тој вели дека претходно предупредувале како Влада за можни инцидденти и обиди за етнички тензии.

„Најостро го осудувам. Тоа сепак претставува чин на агресија, нешто за кое ние предупредувавме дека ќе се случува, дека ваков тип на обиди за ескалација и креирање на етнички тензии дека ќе има и во иднина. Ако мислите дека ова ќе биде изолиран случај, нема да биде, очекувајте дека ќе ги има, бидејќи како правдата пополека, но сигурно се доближува до криминалците и како ќе затропа на нивните врати, така тие ќе стануваат понервозни, понетрпеливи и единствениот начин да го одбранат криминално стекнатиот капитал е токму вака со манипулирање и предизвикување ваков тип на инциденти“ изјави Мицкоски.

The post Мицкоски: Предупредувавме за обиди за ексалација на етнички тензии, нема да има милост кон никого appeared first on Република.

]]>

Тошковски: Ќе одговориме жестоко и сурово на било какви обиди за дестабилизација на Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-ke-odgovorime-zhestoko-i-surovo-na-bilo-kakvi-obidi-za-destabilizatsija-na-makedonija/ Fri, 29 Nov 2024 11:22:03 +0000 https://republika.mk/?p=843090

На денешната прес-конференција, министерот за внатрешни работи Панче Тошовски истакна дека во текот на вчерашниот ден се случиле настани кои биле директно насочени против македонскиот граѓанин. Според министерот, ваквите дејства од поединечни групи во Скопје се недозволени и претставуваат директен напад врз македонската држава.

„МВР одговори брзо и одлучно на сите кривично-правни настани кои се случија вчера. Сакам да го пофалам одговорот на МВР на предизвиците што беа насочени кон македонските граѓани. Во текот на вечерта се целосно расветлени повеќе случаи. Полицијата ќе продолжи со постапки и во текот на денешниот и утрешниот ден, се додека не се констатираат одредени кривични дела“, рече Тошковски.

Во текот на вчерашната вечер, беа уапсени 8 лица. Четири лица се уапсени поради учество во тепачка, додека други 4 лица се уапсени поради основано сомнение дека сториле кривично дело кое се однесува на предизвикување национална и верска омраза, со предвидена казна затвор од 1 година. Едно од лицата е малолетник, а останатите се полнолетни. Станува збор за млади лица кои извршиле кривични дела во текот на вчерашниот ден. Тие се приведени и се наоѓаат во полициска станица и ќе бидат изнесени пред суд.

Тошковски упати и порака до сите оние кои сакаат да предизвикаат дестабилизација на државата, нагласувајќи дека на таквите обиди ќе се одговори жестоко.

„Сакам да упатам порака до сите кои имаат намера да предизвикаат дестабилизација на Македонија: ќе одговориме жестоко и сурово на било какви обиди и ќе се соочиме со сите предизвици. Полицијата реагира соодветно на сите предизвици. Времето на пајакот заврши, сите имаат име и презиме, и сите ќе одговараат“, додаде Тошковски.

Министерот исто така апелираше до јавноста, повикувајќи ги оние кои имаат информации или докази во врска со настаните од вчерашниот ден да ги достават до МВР. Дополнително, тој испрати апел на разум и зрелост до сите граѓани, со порака да не се дозволи подгревање на меѓуетнички тензии од ниту една националност во Македонија.

The post Тошковски: Ќе одговориме жестоко и сурово на било какви обиди за дестабилизација на Македонија appeared first on Република.

]]>

На денешната прес-конференција, министерот за внатрешни работи Панче Тошовски истакна дека во текот на вчерашниот ден се случиле настани кои биле директно насочени против македонскиот граѓанин. Според министерот, ваквите дејства од поединечни групи во Скопје се недозволени и претставуваат директен напад врз македонската држава.
„МВР одговори брзо и одлучно на сите кривично-правни настани кои се случија вчера. Сакам да го пофалам одговорот на МВР на предизвиците што беа насочени кон македонските граѓани. Во текот на вечерта се целосно расветлени повеќе случаи. Полицијата ќе продолжи со постапки и во текот на денешниот и утрешниот ден, се додека не се констатираат одредени кривични дела“, рече Тошковски.
Во текот на вчерашната вечер, беа уапсени 8 лица. Четири лица се уапсени поради учество во тепачка, додека други 4 лица се уапсени поради основано сомнение дека сториле кривично дело кое се однесува на предизвикување национална и верска омраза, со предвидена казна затвор од 1 година. Едно од лицата е малолетник, а останатите се полнолетни. Станува збор за млади лица кои извршиле кривични дела во текот на вчерашниот ден. Тие се приведени и се наоѓаат во полициска станица и ќе бидат изнесени пред суд. Тошковски упати и порака до сите оние кои сакаат да предизвикаат дестабилизација на државата, нагласувајќи дека на таквите обиди ќе се одговори жестоко.