деца Archives - Република https://republika.mk/tema/deca/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Nov 2024 14:01:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png деца Archives - Република https://republika.mk/tema/deca/ 32 32 Децата и адолесцентите побараа подобар систем за следење на загадувањето на воздухот, дигитална инфраструктура во сите училишта и повеќе можнсти за работа на средба со Владата на високо ниво https://republika.mk/vesti/makedonija/detsata-i-adolestsentite-pobaraa-podobar-sistem-za-sledene-na-zagaduvaneto-na-vozduhot-digitalna-infrastruktura-vo-site-uchilishta-i-poveke-mozhnsti-za-rabota-na-sredba-so-vladata-na-visoko-nivo/ Wed, 20 Nov 2024 13:59:32 +0000 https://republika.mk/?p=839973

Денес, на Светскиот ден на детето, децата и адолесцентите ја предводеа дискусијата на средба со Владата на високо ниво, каде што ги споделија гледиштата за три мега-трендови што ја обликуваат иднината на децата: климатската криза, напредните технологии и демографските промени.

Околу 45 деца на возраст од 13 до 17 години од целата земја се сретнаа со премиерот Христијан Мицковски и со министрите за животна средина и физичко планирање, за финансии, за енергетика, рударство и минерални суровини, за образование и наука, за социјална политика, демографија и млади, за локална самоуправа, со министерот задолжен за интеграција и имплементација на Декадата на Ромите, со заменик-министерот за здравство, заменик-министерот за информатичко општество и дигитална трансформација и со други функционери, меѓу кои и со претставничката на УНИЦЕФ.

“Денеска ги имав можеби најважните соговорници од моето неколку месечно претседателствување со Владата, тоа се децата. Денес кога се одбележува светскиот ден на децата, заедно со нашите партнери од УНИЦЕФ одржавме заедничка Влада каде дискутиравме за положбата и правата на децата,” рече премиерот Христијан Мицкоски. "Ова е ден кога не смееме само да зборуваме, туку и да делуваме. Владата, граѓанските организации, наставниците, родителите и секој поединец имаат улога во оваа борба. Затоа, нашата цел е: да создадеме образовни програми што ќе ги инспирираат нашите деца да бидат лидери на утрешнината; да поддржуваме политики што гарантираат социјална заштита за сите деца, особено за најранливите; да ги слушаме децата, да ги охрабруваме да го кажат своето мислење и да ги вклучиме во процесите на донесување одлуки."

„Нашата тема за дискусија ’Слушнете ја иднината’ ја отсликува суштината на Светскиот ден на детето. Со неа се потврдува дека денешните деца се иднината на земјата и се потенцира колку е битно да се чујат нивните идеи за иднината што ја замислуваат за себе и за идните генерации,“ рече Лесли Милер, претставничката на УНИЦЕФ. “Целта на ’Слушнете ја иднината’ е исто така да погледнеме подалеку од блиската иднина, да ги предвидиме предизвиците и можностите што нѐ очекуваат, и да преземеме чекори веднаш за да создадеме подобар свет за секое дете.“

Застапниците за детски права ја започнаа дискусијата за климатските промени и за нивното влијание врз децата. Побараа подобар систем за следење на загадувањето на воздухот и санкции за главните индустриски загадувачи; распределба на буџетот за зелени иницијативи, како што се зелената инфраструктурата и зелените активности предводени од младите; поддршка за велосипедски патеки, субвенции за велосипеди, подобрен јавен транспорт, пошумување и урбани зелени простори. Исто така побараа поголема поддршка за алтернативни извори на енергија и иновативни методи за управување со отпад.

Децата кои зборуваа за напредните технологии побараа инвестиции во дигиталната инфраструктура во сите училишта, особено руралните; обука за дигитална писменост; регулирање на етичката употреба на ВИ во образованието со фокус на приватноста на учениците и дигитална база на податоци со ресурси што им се достапни на децата со попречености. Во контекст на здравството, децата предложија широка автоматизација на управните постапки во сите болници; регулативи за заштита на приватноста на пациентите; и употреба на ВИ за напредна анализа на податоците за здравјето на популацијата со цел да се спречат потенцијалните здравствени ризици и да се создадат здравствени политики.

Размислувајќи за демографските промени и нивното влијание врз животот на децата, застапниците за детски права се фокусираа на движењето на населението и на одлевањето на мозоци. Побараа повеќе можности за работа и подобра економска и општествена стабилност за сите; еднаков пристап до квалитетно образование, здравствена нега и социјални услуги за сите деца, без оглед на тоа каде живеат; подобра поддршка за квалитетно образование; и повеќе културни и спортски активности во локалните заедници.

„Денес имавме можност да ги споделиме визиите, надежите и предлозите за подобра иднина со сите вас што имате можност и одговорност да ги претворите овие визии во реалност. Оваа можност не ја користиме само за да се чуе што мислиме, туку и да подвлечеме дека имаме конкретни идеи и решенија со кои нашето општество може да се развие и да стане поправично,“ заклучи 17-годишната застапничка Касија.

Македонија подготвува неколку клучни национални стратегии, меѓу кои се Националната стратегија за образование, Стратегијата за ИКТ, Националната стратегија за кибер-безбедност и Национално утврдениот придонес НУП 3.0. Со тоа што ги вклучува согледувањата на децата и со тоа што продолжува да води дијалог со нив, државата има за цел да обезбеди нивните гледишта да бидат земени предвид при изработката на сите политики и стратегии што влијаат врз животот на децата.

The post Децата и адолесцентите побараа подобар систем за следење на загадувањето на воздухот, дигитална инфраструктура во сите училишта и повеќе можнсти за работа на средба со Владата на високо ниво appeared first on Република.

]]>

Денес, на Светскиот ден на детето, децата и адолесцентите ја предводеа дискусијата на средба со Владата на високо ниво, каде што ги споделија гледиштата за три мега-трендови што ја обликуваат иднината на децата: климатската криза, напредните технологии и демографските промени. Околу 45 деца на возраст од 13 до 17 години од целата земја се сретнаа со премиерот Христијан Мицковски и со министрите за животна средина и физичко планирање, за финансии, за енергетика, рударство и минерални суровини, за образование и наука, за социјална политика, демографија и млади, за локална самоуправа, со министерот задолжен за интеграција и имплементација на Декадата на Ромите, со заменик-министерот за здравство, заменик-министерот за информатичко општество и дигитална трансформација и со други функционери, меѓу кои и со претставничката на УНИЦЕФ. “Денеска ги имав можеби најважните соговорници од моето неколку месечно претседателствување со Владата, тоа се децата. Денес кога се одбележува светскиот ден на децата, заедно со нашите партнери од УНИЦЕФ одржавме заедничка Влада каде дискутиравме за положбата и правата на децата,” рече премиерот Христијан Мицкоски. "Ова е ден кога не смееме само да зборуваме, туку и да делуваме. Владата, граѓанските организации, наставниците, родителите и секој поединец имаат улога во оваа борба. Затоа, нашата цел е: да создадеме образовни програми што ќе ги инспирираат нашите деца да бидат лидери на утрешнината; да поддржуваме политики што гарантираат социјална заштита за сите деца, особено за најранливите; да ги слушаме децата, да ги охрабруваме да го кажат своето мислење и да ги вклучиме во процесите на донесување одлуки." „Нашата тема за дискусија ’Слушнете ја иднината’ ја отсликува суштината на Светскиот ден на детето. Со неа се потврдува дека денешните деца се иднината на земјата и се потенцира колку е битно да се чујат нивните идеи за иднината што ја замислуваат за себе и за идните генерации,“ рече Лесли Милер, претставничката на УНИЦЕФ. “Целта на ’Слушнете ја иднината’ е исто така да погледнеме подалеку од блиската иднина, да ги предвидиме предизвиците и можностите што нѐ очекуваат, и да преземеме чекори веднаш за да создадеме подобар свет за секое дете.“ Застапниците за детски права ја започнаа дискусијата за климатските промени и за нивното влијание врз децата. Побараа подобар систем за следење на загадувањето на воздухот и санкции за главните индустриски загадувачи; распределба на буџетот за зелени иницијативи, како што се зелената инфраструктурата и зелените активности предводени од младите; поддршка за велосипедски патеки, субвенции за велосипеди, подобрен јавен транспорт, пошумување и урбани зелени простори. Исто така побараа поголема поддршка за алтернативни извори на енергија и иновативни методи за управување со отпад. Децата кои зборуваа за напредните технологии побараа инвестиции во дигиталната инфраструктура во сите училишта, особено руралните; обука за дигитална писменост; регулирање на етичката употреба на ВИ во образованието со фокус на приватноста на учениците и дигитална база на податоци со ресурси што им се достапни на децата со попречености. Во контекст на здравството, децата предложија широка автоматизација на управните постапки во сите болници; регулативи за заштита на приватноста на пациентите; и употреба на ВИ за напредна анализа на податоците за здравјето на популацијата со цел да се спречат потенцијалните здравствени ризици и да се создадат здравствени политики. Размислувајќи за демографските промени и нивното влијание врз животот на децата, застапниците за детски права се фокусираа на движењето на населението и на одлевањето на мозоци. Побараа повеќе можности за работа и подобра економска и општествена стабилност за сите; еднаков пристап до квалитетно образование, здравствена нега и социјални услуги за сите деца, без оглед на тоа каде живеат; подобра поддршка за квалитетно образование; и повеќе културни и спортски активности во локалните заедници. „Денес имавме можност да ги споделиме визиите, надежите и предлозите за подобра иднина со сите вас што имате можност и одговорност да ги претворите овие визии во реалност. Оваа можност не ја користиме само за да се чуе што мислиме, туку и да подвлечеме дека имаме конкретни идеи и решенија со кои нашето општество може да се развие и да стане поправично,“ заклучи 17-годишната застапничка Касија. Македонија подготвува неколку клучни национални стратегии, меѓу кои се Националната стратегија за образование, Стратегијата за ИКТ, Националната стратегија за кибер-безбедност и Национално утврдениот придонес НУП 3.0. Со тоа што ги вклучува согледувањата на децата и со тоа што продолжува да води дијалог со нив, државата има за цел да обезбеди нивните гледишта да бидат земени предвид при изработката на сите политики и стратегии што влијаат врз животот на децата.

The post Децата и адолесцентите побараа подобар систем за следење на загадувањето на воздухот, дигитална инфраструктура во сите училишта и повеќе можнсти за работа на средба со Владата на високо ниво appeared first on Република.

]]>
На Косово се појавија фотографии од српски деца-жртви на албанска тортура https://republika.mk/vesti/balkan/na-kosovo-se-pojavija-fotografii-od-srpski-detsa-zhrtvi-na-albanska-tortura/ Wed, 20 Nov 2024 10:21:58 +0000 https://republika.mk/?p=839853

На Светскиот ден на детето - 20 ноември, на северот на Косово се појавија фотографии од деца жртви на тортура од Албанци.

На фотографиите се прикажани деца кои доживеале тортура и малтретирање од страна на Албанци.

На секоја од нив е испишан денешниот датум, со потсетување дека денеска е Светски ден на детето, додека на дното на фотографиите се напишани имињата на повредените со датуми и опис на она што се им случило на тој ден.

The post На Косово се појавија фотографии од српски деца-жртви на албанска тортура appeared first on Република.

]]>

На Светскиот ден на детето - 20 ноември, на северот на Косово се појавија фотографии од деца жртви на тортура од Албанци. На фотографиите се прикажани деца кои доживеале тортура и малтретирање од страна на Албанци. На секоја од нив е испишан денешниот датум, со потсетување дека денеска е Светски ден на детето, додека на дното на фотографиите се напишани имињата на повредените со датуми и опис на она што се им случило на тој ден.

The post На Косово се појавија фотографии од српски деца-жртви на албанска тортура appeared first on Република.

]]>
Повеќе лица и деца се повредени откако џип влета во нив пред основно училиште во Кина https://republika.mk/vesti/svet/poveke-litsa-i-detsa-se-povredeni-otkako-dhip-vleta-vo-niv-pred-osnovno-uchilishte-vo-kina/ Tue, 19 Nov 2024 13:28:19 +0000 https://republika.mk/?p=839631

Неколку деца и возрасни лица се повредени откако маж со џип удрил во нив пред основно училиште во градот Чангде во кинеската провинција Хунан.

Инцидентот се случил утрово кога родителите ги носеле децата во училиште град. За сега нема информации за смртни случаи.

Исто така не е познато дали возачот изгубил контрола над возилото или е намерен чин.

Родителите и обезбедувањето го извлекоа возачот од џипот и го претепаа.

Пред само неколку дена во сличен инцидент во Кина загинаа повеќе од неколку десетици лица:

https://republika.mk/vesti/svet/chovek-nezadovolen-od-razvodot-vletal-so-dhip-vo-tolpa-luge-najmalku-35-mrtvi/

The post Повеќе лица и деца се повредени откако џип влета во нив пред основно училиште во Кина appeared first on Република.

]]>

Неколку деца и возрасни лица се повредени откако маж со џип удрил во нив пред основно училиште во градот Чангде во кинеската провинција Хунан. Инцидентот се случил утрово кога родителите ги носеле децата во училиште град. За сега нема информации за смртни случаи. Исто така не е познато дали возачот изгубил контрола над возилото или е намерен чин. Родителите и обезбедувањето го извлекоа возачот од џипот и го претепаа. Пред само неколку дена во сличен инцидент во Кина загинаа повеќе од неколку десетици лица: https://republika.mk/vesti/svet/chovek-nezadovolen-od-razvodot-vletal-so-dhip-vo-tolpa-luge-najmalku-35-mrtvi/

The post Повеќе лица и деца се повредени откако џип влета во нив пред основно училиште во Кина appeared first on Република.

]]>
Секоја година е сè полошо, врсничкото насилство најмногу го има во основните училишта, жртви се повлечени деца кои потекнуват од посиромашни семејства и деца со попречености https://republika.mk/vesti/makedonija/sekoja-godina-e-se-polosho-vrsnichkoto-nasilstvo-najmnogu-go-ima-vo-osnovnite-uchilishta-zhrtvi-se-povlecheni-detsa-koi-poteknuvat-od-posiromashni-semejstva-i-detsa-so-poprechenosti/ Tue, 19 Nov 2024 11:20:35 +0000 https://republika.mk/?p=839579

Оваа година во канцеларијата на Народниот првобранител стасале тресетина претставки за врсничко насилство. Состојбата секоја година се влошува. Врсничкото насилство е позастапено во основните училишта, дури и во второ и трето одделение, а жртви најчесто се послабите деца, децата кои се поповлечени, многу често децата со попреченост или децата кои потекнуваат од многу посиромашни или недоволно едуцирани семејства...

Ова беше кажано од Канцеларијата на народниот првобранител кој го одбележува Светскиот ден на детето – 20 Ноември. Беше најавена претстојната кампања за подигнување на свеста за промовирање на правата на децата и нивна заштита од насилство, вклучително и од врсничкото. Дел од кампањата е и видеото „Да го прекинеме кругот на врсничкото насилство!" во рамки на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото" финансиран од Европската Унија.

Васка Бајрамовска-Мустафа, државен советник во канцеларијата на Народниот правобранител, изјави дека оваа година имаат триесетина претставки за врсничко насилство, дека состојбата секоја година се влошува и оти најзастапено е кај ученици во основните училишта, дури, рече, и кај деца од второ и трето одделение, а помалку го има во средните училишта.

При посети на училиштата и во разговор со ученици, тимовите на НП констатирале дека врсничкото насилство често се користи како алатка за прикажување моќ или доминација на некои деца меѓу нивните соученици. Состојба во училиштата, рече таа, „во моментов алармира дека многу мора да се вложи во промена“.

Како жртви секогаш се јавуваат или послабите деца, децата кои се поповлечени, многу често децата со попреченост или децата кои потекнуваат од многу посиромашни или недоволно едуцирани семејства... Податоците покажуваат дека состојбата е иста, ако не и полоша за разлика од претходната година. Претставките што ги добиваме покажуваат дека, за жал, врсничкото насилство сѐ уште е присутно и тоа особено во училиштата, а го има и надвор, во парковите. Наместо другарување, користиме насилство. Споредено со минатата година, податоците покажуваат дека во институцијата Народен правобранител бројот на претставки повторно се движи околу триесет, најчесто за физичко насилство, но нашите посети во училиштата покажуваат дека, за жал, ние сѐ уште не ги препознаваме останатите облици на насилство. Токму затоа, преку проектот на ЕУ, одлучивме со видео да почнеме кампања за подигање на свеста за промовирање на правата на децата и заштита на децата од врсничко насилство, изјави Бајрамовска-Мустафа.

Нагласи дека ставот на НП, кој го истакнуваат секоја година, е дека „мора да се укаже на штетните последици од врсничкото насилство и децата од мали нозе мора да ги воспитаме и едуцираме дека конфликтите се решаваат преку дијалог, а не со употреба на сила“.

Според неа, треба да се доекипираат и стручните служби за да препознаат насилство и како да преземат мерки за заштита, притоа посочувајќи дека довербата во нив е „на најниско ниво“, исто како што е слаба довербата и во класните раководители.

На прашањето што презема НП, согласно неговите надлежности, откако ќе добие претставка за врсничко насилство, таа одговори дека доколку е претставката доволно јасна и ги содржи потребните податоци со кои се потврдува насилство и повреда на правото на детето, НП доставува укажување до директорот на училиштето со насока како проблемот да се надмине.

Во случај кога со претставката не може целосно да се потврдат определени сознанија, тогаш се обраќаме до самото училиште за испитување на претставката, бараме докази, и многу често, речиси најчесто, го вклучуваме и Државниот просветен инспекторат кој согласно надлежностите има обврска да изврши вонреден надзор. И секогаш постапуваат по нашите барања, доставуваат докази и во зависност од утврдената состојба, понатаму преземаме мерки, додаде Бајрамовска-Мустафа.

 

The post Секоја година е сè полошо, врсничкото насилство најмногу го има во основните училишта, жртви се повлечени деца кои потекнуват од посиромашни семејства и деца со попречености appeared first on Република.

]]>

Оваа година во канцеларијата на Народниот првобранител стасале тресетина претставки за врсничко насилство. Состојбата секоја година се влошува. Врсничкото насилство е позастапено во основните училишта, дури и во второ и трето одделение, а жртви најчесто се послабите деца, децата кои се поповлечени, многу често децата со попреченост или децата кои потекнуваат од многу посиромашни или недоволно едуцирани семејства... Ова беше кажано од Канцеларијата на народниот првобранител кој го одбележува Светскиот ден на детето – 20 Ноември. Беше најавена претстојната кампања за подигнување на свеста за промовирање на правата на децата и нивна заштита од насилство, вклучително и од врсничкото. Дел од кампањата е и видеото „Да го прекинеме кругот на врсничкото насилство!" во рамки на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото" финансиран од Европската Унија. Васка Бајрамовска-Мустафа, државен советник во канцеларијата на Народниот правобранител, изјави дека оваа година имаат триесетина претставки за врсничко насилство, дека состојбата секоја година се влошува и оти најзастапено е кај ученици во основните училишта, дури, рече, и кај деца од второ и трето одделение, а помалку го има во средните училишта. При посети на училиштата и во разговор со ученици, тимовите на НП констатирале дека врсничкото насилство често се користи како алатка за прикажување моќ или доминација на некои деца меѓу нивните соученици. Состојба во училиштата, рече таа, „во моментов алармира дека многу мора да се вложи во промена“.
Како жртви секогаш се јавуваат или послабите деца, децата кои се поповлечени, многу често децата со попреченост или децата кои потекнуваат од многу посиромашни или недоволно едуцирани семејства... Податоците покажуваат дека состојбата е иста, ако не и полоша за разлика од претходната година. Претставките што ги добиваме покажуваат дека, за жал, врсничкото насилство сѐ уште е присутно и тоа особено во училиштата, а го има и надвор, во парковите. Наместо другарување, користиме насилство. Споредено со минатата година, податоците покажуваат дека во институцијата Народен правобранител бројот на претставки повторно се движи околу триесет, најчесто за физичко насилство, но нашите посети во училиштата покажуваат дека, за жал, ние сѐ уште не ги препознаваме останатите облици на насилство. Токму затоа, преку проектот на ЕУ, одлучивме со видео да почнеме кампања за подигање на свеста за промовирање на правата на децата и заштита на децата од врсничко насилство, изјави Бајрамовска-Мустафа.
Нагласи дека ставот на НП, кој го истакнуваат секоја година, е дека „мора да се укаже на штетните последици од врсничкото насилство и децата од мали нозе мора да ги воспитаме и едуцираме дека конфликтите се решаваат преку дијалог, а не со употреба на сила“. Според неа, треба да се доекипираат и стручните служби за да препознаат насилство и како да преземат мерки за заштита, притоа посочувајќи дека довербата во нив е „на најниско ниво“, исто како што е слаба довербата и во класните раководители. На прашањето што презема НП, согласно неговите надлежности, откако ќе добие претставка за врсничко насилство, таа одговори дека доколку е претставката доволно јасна и ги содржи потребните податоци со кои се потврдува насилство и повреда на правото на детето, НП доставува укажување до директорот на училиштето со насока како проблемот да се надмине.
Во случај кога со претставката не може целосно да се потврдат определени сознанија, тогаш се обраќаме до самото училиште за испитување на претставката, бараме докази, и многу често, речиси најчесто, го вклучуваме и Државниот просветен инспекторат кој согласно надлежностите има обврска да изврши вонреден надзор. И секогаш постапуваат по нашите барања, доставуваат докази и во зависност од утврдената состојба, понатаму преземаме мерки, додаде Бајрамовска-Мустафа.
 

The post Секоја година е сè полошо, врсничкото насилство најмногу го има во основните училишта, жртви се повлечени деца кои потекнуват од посиромашни семејства и деца со попречености appeared first on Република.

]]>
Зацртаните рутини на игра и сон позитивно влијаат врз детскиот развој https://republika.mk/zivot/semejstvo/zatsrtanite-rutini-na-igra-i-son-pozitivno-vlijaat-vrz-detskiot-razvoj/ Sun, 17 Nov 2024 07:17:42 +0000 https://republika.mk/?p=838666

Воспоставувањето рутина е предизвик за родителите - поради енергијата и љубопитноста на малечкото, но е исклучително важно за децата, бидејќи има клучно влијание врз нивниот развој и стабилност. Истражување спроведено во Југоисточна Европа, покажува дека 67 отсто од децата ноќе бараат „засолниште“ кај своите родители, пренесува порталот „Кликс“.

Докажано е дека зацртаните рутини позитивно влијаат врз детскиот развој. Рамномерниот ритам на игра, спиење, учење и хранење им носи на децата чувство на удобност дома и мир. Детето на тој начин се чувствува безбедно во својата предвидлива средина, бидејќи инстинктивно знаат што да очекуваат и што се очекува од нив. Рутината е полезна не само за физичкото здравје, туку и за емоционално-менталната благосостојба. Ги учи децата да ги препознаваат и да управуваат со своите емоции, што им помага да се справат со предизвиците и стресните случаи.

Стручњаците издвојуваат две многу важни рутини во животот на детето: Играта и спиењето.

Воспоставувањето дневна рутина на време за игра и спиење може да биде предизвик за родителите, бидејќи децата често се борат да преминат од енергична игра во сон.

Кога собата е неуредна и преполна со играчки, едно дете тешко би можело да престане да си игра и да се смири. Освен тоа, прекумерната „стимулација“ како што се цртаните и енергичните игри, вообичаено и премногу „го разбудуваат“ детето пред спиење, што го отежнува смирувањето и влијае на квалитетот на одморот.

Кога воспоставуваат рутина, родителите често се соочуваат со отпорот на детето кон спиењето. Тоа е така, според познавачите, бидејќи децата, поради нивната љубопитност, се плашат дека ќе пропуштат нешто.

Може да има и повеќе причини за овој вид анксиозност, но тие најчесто произлегуваат од недостатокот на чувство на сигурност, удобност и - стравот од темнина. Ноќното будење на децата освен што ги вознемирува децата, е проблем и за сонот на родителите.

The post Зацртаните рутини на игра и сон позитивно влијаат врз детскиот развој appeared first on Република.

]]>

Воспоставувањето рутина е предизвик за родителите - поради енергијата и љубопитноста на малечкото, но е исклучително важно за децата, бидејќи има клучно влијание врз нивниот развој и стабилност. Истражување спроведено во Југоисточна Европа, покажува дека 67 отсто од децата ноќе бараат „засолниште“ кај своите родители, пренесува порталот „Кликс“. Докажано е дека зацртаните рутини позитивно влијаат врз детскиот развој. Рамномерниот ритам на игра, спиење, учење и хранење им носи на децата чувство на удобност дома и мир. Детето на тој начин се чувствува безбедно во својата предвидлива средина, бидејќи инстинктивно знаат што да очекуваат и што се очекува од нив. Рутината е полезна не само за физичкото здравје, туку и за емоционално-менталната благосостојба. Ги учи децата да ги препознаваат и да управуваат со своите емоции, што им помага да се справат со предизвиците и стресните случаи. Стручњаците издвојуваат две многу важни рутини во животот на детето: Играта и спиењето. Воспоставувањето дневна рутина на време за игра и спиење може да биде предизвик за родителите, бидејќи децата често се борат да преминат од енергична игра во сон. Кога собата е неуредна и преполна со играчки, едно дете тешко би можело да престане да си игра и да се смири. Освен тоа, прекумерната „стимулација“ како што се цртаните и енергичните игри, вообичаено и премногу „го разбудуваат“ детето пред спиење, што го отежнува смирувањето и влијае на квалитетот на одморот. Кога воспоставуваат рутина, родителите често се соочуваат со отпорот на детето кон спиењето. Тоа е така, според познавачите, бидејќи децата, поради нивната љубопитност, се плашат дека ќе пропуштат нешто. Може да има и повеќе причини за овој вид анксиозност, но тие најчесто произлегуваат од недостатокот на чувство на сигурност, удобност и - стравот од темнина. Ноќното будење на децата освен што ги вознемирува децата, е проблем и за сонот на родителите.

The post Зацртаните рутини на игра и сон позитивно влијаат врз детскиот развој appeared first on Република.

]]>
Осум држави најавија забрана за физичко казнување деца https://republika.mk/vesti/svet/osum-drzhavi-najavija-zabrana-za-fizichko-kaznuvane-detsa/ Thu, 07 Nov 2024 10:16:25 +0000 https://republika.mk/?p=835076

Осум земји, вклучувајќи ги Панама, Уганда, Шри Ланка, Киргистан, Бурунди и Чешка, најавија дека ќе забранат физичко казнување на деца. Активистите тоа го нарекоа „фундаментална промена“ која ќе влијае на повеќе од 100 милиони деца ширум светот, пишува Гардијан.

Владите на овие земји ветија дека целосно ќе го укинат физичкото казнување, додека Гамбија и Нигерија ветија дека ќе го забранат во училиштата.

Овие обврски доаѓаат како дел од глобалните напори за борба против насилството врз децата, пред првиот светски самит на Обединетите нации на оваа тема, што ќе се одржи на 7 и 8 ноември во Богота.

Ова е навистина неверојатно. Овие земји заедно опфаќаат околу 150 милиони деца и ова е фундаментална промена за нив. Тоа испраќа силна порака до светот дека повеќе не прифаќаме насилство врз децата, изјави експертот Бес Херберт од организацијата „Престанете со физичкото казнување“ при Светската здравствена организација.

Во моментов, 67 земји од 193 целосно го забрануваат физичкото казнување. Првата земја што го стори тоа беше Шведска во 1979 година. Во Велика Британија, Шкотска и Велс го забранија физичкото казнување, додека во Англија и Северна Ирска сè уште е дозволено.

Се поголем број истражувања покажуваат дека физичкото казнување на децата има негативно влијание врз нивното здравје и однесување, вклучувајќи лошо ментално здравје, когнитивен развој и образовни резултати, како и зголемена агресија. Критичарите тврдат дека физичкото казнување има лош ефект врз семејните односи и наместо да ги учи децата како да се однесуваат, ги учи дека насилството е прифатлив начин за решавање на конфликтите.

The post Осум држави најавија забрана за физичко казнување деца appeared first on Република.

]]>

Осум земји, вклучувајќи ги Панама, Уганда, Шри Ланка, Киргистан, Бурунди и Чешка, најавија дека ќе забранат физичко казнување на деца. Активистите тоа го нарекоа „фундаментална промена“ која ќе влијае на повеќе од 100 милиони деца ширум светот, пишува Гардијан. Владите на овие земји ветија дека целосно ќе го укинат физичкото казнување, додека Гамбија и Нигерија ветија дека ќе го забранат во училиштата. Овие обврски доаѓаат како дел од глобалните напори за борба против насилството врз децата, пред првиот светски самит на Обединетите нации на оваа тема, што ќе се одржи на 7 и 8 ноември во Богота. Ова е навистина неверојатно. Овие земји заедно опфаќаат околу 150 милиони деца и ова е фундаментална промена за нив. Тоа испраќа силна порака до светот дека повеќе не прифаќаме насилство врз децата, изјави експертот Бес Херберт од организацијата „Престанете со физичкото казнување“ при Светската здравствена организација. Во моментов, 67 земји од 193 целосно го забрануваат физичкото казнување. Првата земја што го стори тоа беше Шведска во 1979 година. Во Велика Британија, Шкотска и Велс го забранија физичкото казнување, додека во Англија и Северна Ирска сè уште е дозволено. Се поголем број истражувања покажуваат дека физичкото казнување на децата има негативно влијание врз нивното здравје и однесување, вклучувајќи лошо ментално здравје, когнитивен развој и образовни резултати, како и зголемена агресија. Критичарите тврдат дека физичкото казнување има лош ефект врз семејните односи и наместо да ги учи децата како да се однесуваат, ги учи дека насилството е прифатлив начин за решавање на конфликтите.

The post Осум држави најавија забрана за физичко казнување деца appeared first on Република.

]]>
СЗО: Три од пет деца секојдневно доживуваат семејно насилство https://republika.mk/vesti/svet/szo-tri-od-pet-detsa-sekojdnevno-dozhivuvaat-semejno-nasilstvo/ Thu, 07 Nov 2024 09:30:38 +0000 https://republika.mk/?p=835040

Стотици милиони деца и адолесценти ширум светот секојдневно се соочуваат со насилство во нивните домови, училишта и на други места, што може да има доживотни последици, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Насилството вклучува удирање од членови на семејството, малтретирање на училиште, како и физичко, емоционално и сексуално насилство, соопшти СЗО.

Во повеќето случаи насилството се случува зад затворени врати. Според СЗО, повеќе од половина од децата на возраст од 2 до 17 години – или вкупно повеќе од милијарда малолетници доживуваат насилство секоја година.

Кај три од пет деца и адолесценти тоа е физичко насилство дома, при што секое петто девојче и секое седмо момче доживеале сексуално насилство. Помеѓу четвртина и половина од малолетниците се малтретирани, според дадените информации.

Само половина од децата, наводно, зборуваат за своите искуства на насилство, а помалку од 10 проценти добиваат помош.

Доживотните последици може да вклучуваат депресија и анксиозни нарушувања или употреба на тутун и дрога. Како резултат на тоа, многу деца не го достигнуваат својот потенцијал за учење на училиште.

И покрај тоа што може многу да се спречи, насилството останува ужасна секојдневна реалност за милиони деца ширум светот – оставајќи лузни кои опфаќаат генерации, изјави Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на СЗО.

Првата конференција на ОН за насилство врз децата е отворена денеска во Богота, Колумбија. Повеќе од 100 земји ветија дека ќе најдат начини за подобра поддршка на преоптоварените родители и за воведување училишни програми против малтретирањето и за здраво социјално однесување.

Тие, исто така, ветија дека ќе ја зголемат минималната возраст за брак. Некои земји сакаат генерално да забранат децата да бидат удирани на училиште или дома.

The post СЗО: Три од пет деца секојдневно доживуваат семејно насилство appeared first on Република.

]]>

Стотици милиони деца и адолесценти ширум светот секојдневно се соочуваат со насилство во нивните домови, училишта и на други места, што може да има доживотни последици, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Насилството вклучува удирање од членови на семејството, малтретирање на училиште, како и физичко, емоционално и сексуално насилство, соопшти СЗО. Во повеќето случаи насилството се случува зад затворени врати. Според СЗО, повеќе од половина од децата на возраст од 2 до 17 години – или вкупно повеќе од милијарда малолетници доживуваат насилство секоја година. Кај три од пет деца и адолесценти тоа е физичко насилство дома, при што секое петто девојче и секое седмо момче доживеале сексуално насилство. Помеѓу четвртина и половина од малолетниците се малтретирани, според дадените информации. Само половина од децата, наводно, зборуваат за своите искуства на насилство, а помалку од 10 проценти добиваат помош. Доживотните последици може да вклучуваат депресија и анксиозни нарушувања или употреба на тутун и дрога. Како резултат на тоа, многу деца не го достигнуваат својот потенцијал за учење на училиште. И покрај тоа што може многу да се спречи, насилството останува ужасна секојдневна реалност за милиони деца ширум светот – оставајќи лузни кои опфаќаат генерации, изјави Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на СЗО. Првата конференција на ОН за насилство врз децата е отворена денеска во Богота, Колумбија. Повеќе од 100 земји ветија дека ќе најдат начини за подобра поддршка на преоптоварените родители и за воведување училишни програми против малтретирањето и за здраво социјално однесување. Тие, исто така, ветија дека ќе ја зголемат минималната возраст за брак. Некои земји сакаат генерално да забранат децата да бидат удирани на училиште или дома.

The post СЗО: Три од пет деца секојдневно доживуваат семејно насилство appeared first on Република.

]]>
Помалку шеќер во првите 1.000 дена од детскиот живот, еве од какви болести штити https://republika.mk/zivot/zdravje/pomalku-sheker-vo-prvite-1-000-dena-od-detskiot-zhivot-eve-od-kakvi-bolesti-shtiti/ Sun, 03 Nov 2024 09:32:57 +0000 https://republika.mk/?p=833651

Научниците спровеле природен експеримент во Велика Британија уште во 1940-тите и 50-тите. По укинувањето на ограничувањата, потрошувачката на шеќер самостојно се удвоила од 40 грама на 80 грама дневно.

Ново истражување покажува дека намалувањето на количината на шеќер што децата ја внесуваат во првите 1.000 дена од својот живот може да ги заштити од дијабетес и висок крвен притисок во позрела возраст.

Ова истражување се сосредотчува на здравата исхрана во првите 1.000 дена, т.е. првите три години од животот на едно бебе или дете. Тоа, прво како доенче, ги апсорбира хранливите материи од мајката, а потоа преминува кон одвоена исхрана. Научниците открија дека ограничувањето на внесот на шеќер на таа возраст е поврзано со 35 отсто помала стапка на дијабетес тип 2 во средната возраст и 20 отсто помала стапка на висок крвен притисок. Тадеја Гренчер од американскиот Универзитет на Јужна Калифорнија во Лос Анџелес појаснува дека е докажано оти помалку шеќер во раното детство значително ја намалува опасноста од болести.

Научниците спровеле природен експеримент во Велика Британија уште во 1940-тите и 50-тите. По укинувањето на ограничувањата, потрошувачката на шеќер самостојно се удвоила од 40 грама на 80 грама дневно.

Истражувачите потоа направиле споредба на здравјето на 38.000 лица кои биле родени пред ограничувањето на шеќерот и 22.000 луѓе родени набргу потоа. Ова истражување покажаа дека стапките на дијабетес и висок крвен притисок биле многу пониски кај оние кои наполниле две години во периодот додека траело ограничувањето на шеќерот.

Препорачаната доза шеќер за возрасни во текот на денот е околу 30 грама. За деца до четири години, се советува повеќе да избегнуваат засладени напивки и храна со додадени шеќери.

Проф. Кит Годфри од Универзитетот во Саутемптон, Англија, се согласува оти има јасни докази дека намалувањето на внесот на шеќер на рана возраст е навистина благотворно како превентива за подоцнежната возраст.

 

The post Помалку шеќер во првите 1.000 дена од детскиот живот, еве од какви болести штити appeared first on Република.

]]>

Научниците спровеле природен експеримент во Велика Британија уште во 1940-тите и 50-тите. По укинувањето на ограничувањата, потрошувачката на шеќер самостојно се удвоила од 40 грама на 80 грама дневно.

Ново истражување покажува дека намалувањето на количината на шеќер што децата ја внесуваат во првите 1.000 дена од својот живот може да ги заштити од дијабетес и висок крвен притисок во позрела возраст.

Ова истражување се сосредотчува на здравата исхрана во првите 1.000 дена, т.е. првите три години од животот на едно бебе или дете. Тоа, прво како доенче, ги апсорбира хранливите материи од мајката, а потоа преминува кон одвоена исхрана. Научниците открија дека ограничувањето на внесот на шеќер на таа возраст е поврзано со 35 отсто помала стапка на дијабетес тип 2 во средната возраст и 20 отсто помала стапка на висок крвен притисок. Тадеја Гренчер од американскиот Универзитет на Јужна Калифорнија во Лос Анџелес појаснува дека е докажано оти помалку шеќер во раното детство значително ја намалува опасноста од болести.

Научниците спровеле природен експеримент во Велика Британија уште во 1940-тите и 50-тите. По укинувањето на ограничувањата, потрошувачката на шеќер самостојно се удвоила од 40 грама на 80 грама дневно.

Истражувачите потоа направиле споредба на здравјето на 38.000 лица кои биле родени пред ограничувањето на шеќерот и 22.000 луѓе родени набргу потоа. Ова истражување покажаа дека стапките на дијабетес и висок крвен притисок биле многу пониски кај оние кои наполниле две години во периодот додека траело ограничувањето на шеќерот.

Препорачаната доза шеќер за возрасни во текот на денот е околу 30 грама. За деца до четири години, се советува повеќе да избегнуваат засладени напивки и храна со додадени шеќери.

Проф. Кит Годфри од Универзитетот во Саутемптон, Англија, се согласува оти има јасни докази дека намалувањето на внесот на шеќер на рана возраст е навистина благотворно како превентива за подоцнежната возраст.

 

The post Помалку шеќер во првите 1.000 дена од детскиот живот, еве од какви болести штити appeared first on Република.

]]>
„Хотел мама“: Mладите Македонци најдоцна го напуштаат домот на родителите https://republika.mk/zivot/semejstvo/hotel-mama-mladite-makedontsi-najdotsna-go-napushtaat-domot-na-roditelite/ Tue, 29 Oct 2024 06:27:14 +0000 https://republika.mk/?p=831896

Младите во Македонија и во Црна Гора најдоцна во Европа ги напуштаат домовите на своите родители, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат.

Балканот е на врвот на оваа листа. Младите во Црна Гора во просек остануваат да живеат со своите родители до 33,3 години, во Македонија до 32,1, во Хрватска 31,8, во Србија до 31,5, Грција 30,6, а во Бугарија до 30 години.

Во Јужна Европа и на Балканот, повеќе од половина од луѓето на возраст од 20-25 години живеат со своите родители. Во Северна Европа, пак, овој процент е под 20%, па дури и под 10%.

Најрано од домовите на нивните родители си заминуваат младите во скандинавските земји. Со просечна возраст од 21,4 години, младите Финци се тие кои најрано за заминуваат. Веднаш зад нив се Данците и Швеѓаните на 21,8, па Норвежаните на 22,5 години.

Меѓу западновропските земаји, најдолго со своите родители остануваат да живеат младите Шпанци и Португалци, до 30,4 односно до 29,1 годишна возраст. Младите Британци, пак, се осамостојуваат на 24,6, Германците на 23,9, а Французите на 23,7 години

The post „Хотел мама“: Mладите Македонци најдоцна го напуштаат домот на родителите appeared first on Република.

]]>

Младите во Македонија и во Црна Гора најдоцна во Европа ги напуштаат домовите на своите родители, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат. Балканот е на врвот на оваа листа. Младите во Црна Гора во просек остануваат да живеат со своите родители до 33,3 години, во Македонија до 32,1, во Хрватска 31,8, во Србија до 31,5, Грција 30,6, а во Бугарија до 30 години. Во Јужна Европа и на Балканот, повеќе од половина од луѓето на возраст од 20-25 години живеат со своите родители. Во Северна Европа, пак, овој процент е под 20%, па дури и под 10%. Најрано од домовите на нивните родители си заминуваат младите во скандинавските земји. Со просечна возраст од 21,4 години, младите Финци се тие кои најрано за заминуваат. Веднаш зад нив се Данците и Швеѓаните на 21,8, па Норвежаните на 22,5 години. Меѓу западновропските земаји, најдолго со своите родители остануваат да живеат младите Шпанци и Португалци, до 30,4 односно до 29,1 годишна возраст. Младите Британци, пак, се осамостојуваат на 24,6, Германците на 23,9, а Французите на 23,7 години

The post „Хотел мама“: Mладите Македонци најдоцна го напуштаат домот на родителите appeared first on Република.

]]>
Над 120.000 деца во земјава живеат под националниот праг на сиромаштија, државата да воведе парична помош за секое дете, апелира УНИЦЕФ https://republika.mk/vesti/ekonomija/nad-120-000-detsa-vo-zemjava-zhiveat-pod-natsionalniot-prag-na-siromashtija-drzhavata-da-vovede-parichna-pomosh-za-sekoe-dete-apelira-unitsef/ Thu, 17 Oct 2024 14:16:38 +0000 https://republika.mk/?p=828107

Над 120.000 деца во земјава, или 32,8 отсто од сите деца, живеат под националниот праг на сиромаштија, објави Државниот завод за статистика.

Стапката на сиромаштија кај децата е за 50 отсто повисока отколку кај возрасната популација (22 отсто) и се зголеми од 28 отсто во 2015 година на 32,8 отсто во 2021 година, покажувајќи со тоа дека децата се изоставени од економскиот развој на земјата.

Состојбата предизвикува голема загриженост имајќи предвид дека децата се поранливи на ефектите од сиромаштијата. Сиромаштијата во детството ги засега сите аспекти од животот и може да има доживотни последици врз физичкиот, когнитивниот и социјалниот развој на децата, и има висока цена врз човечкиот капитал и просперитетот, се вели во извештајот на УНИЦЕФ за Македонија по повод Меѓународниот ден посветен на искоренување на сиромаштијата.

Недоволното инвестирање во социјалната заштита придонесе да има постојано недоволна опфатеност на децата во земјата. Јавните расходи за социјална заштита заостануваат зад другите сектори и се далеку под просекот на Европската Унија. Денес помалку од 23 отсто од домаќинствата со деца во Македонија добиваат парична помош наменета за деца или домаќинства со деца, додека просекот во ЕУ изнесува 88,4 отсто.

Една од клучните можности за справување со детската сиромаштија е проширување на опфатот и подобрување на висината на паричната помош за децата што живеат во сиромаштија. Ова може да вклучи проширување на образовниот додаток за да ги опфати и децата во предучилишно образование кое е клучно за градење вештини што им се потребни на децата за да успеат подоцна во животот; подобро информирање и поддршка за да им се овозможи на семејствата пристап до паричната помош која им следува; и усогласување на паричната помош насочена кон децата со реалните трошоци на живот.

Земјата исто така би можела да размисли и за воведување универзална парична помош за деца, која на глобално ниво покажа дека државите може да си ја дозволат дури и во време на кризи, и е ефикасна политика за намалување како на вкупната сиромаштија, така и на детската сиромаштија. Универзалниот пристап – парична помош за секое дете – драстично ги намалува административните трошоци, ризикот да се исклучат некои деца на кои им е потребна помош и ризиците од стигма и дискриминација. Притоа универзалната парична помош за деца придонесува да се изгради и одржи социјалната кохезија, намалувајќи ја нееднаквоста.

Покрај подобрување на паричната помош за семејствата со деца, справувањето со детската сиромаштија, исто така, налага повеќесекторски одговор со цел децата да имаат пристап до основните социјални услуги, како што се образование, здравство, исхрана и заштита, без стигма и дискриминација.

Социјалната заштита е моќен придвижувач на правата на децата и на националниот развој. Владата во својата програма за работа се обврза да ја намали сиромаштијата и да ја зголеми помошта за најранливите групи, вклучително и децата и лицата со попреченост. Со проширување на социјалната заштита на децата, Владата, исто така, ќе придонесе за остварување на својот приоритет за забрзување и одржување на економскиот раст, повисок животен стандард и квалитетен живот за граѓаните. УНИЦЕФ продолжува да ги поддржува напорите на Министерството за социјална политика, демографија и млади, со што ќе обезбеди секое дете да има шанса за здрава и продуктивна иднина.

 

The post Над 120.000 деца во земјава живеат под националниот праг на сиромаштија, државата да воведе парична помош за секое дете, апелира УНИЦЕФ appeared first on Република.

]]>

Над 120.000 деца во земјава, или 32,8 отсто од сите деца, живеат под националниот праг на сиромаштија, објави Државниот завод за статистика. Стапката на сиромаштија кај децата е за 50 отсто повисока отколку кај возрасната популација (22 отсто) и се зголеми од 28 отсто во 2015 година на 32,8 отсто во 2021 година, покажувајќи со тоа дека децата се изоставени од економскиот развој на земјата.
Состојбата предизвикува голема загриженост имајќи предвид дека децата се поранливи на ефектите од сиромаштијата. Сиромаштијата во детството ги засега сите аспекти од животот и може да има доживотни последици врз физичкиот, когнитивниот и социјалниот развој на децата, и има висока цена врз човечкиот капитал и просперитетот, се вели во извештајот на УНИЦЕФ за Македонија по повод Меѓународниот ден посветен на искоренување на сиромаштијата.
Недоволното инвестирање во социјалната заштита придонесе да има постојано недоволна опфатеност на децата во земјата. Јавните расходи за социјална заштита заостануваат зад другите сектори и се далеку под просекот на Европската Унија. Денес помалку од 23 отсто од домаќинствата со деца во Македонија добиваат парична помош наменета за деца или домаќинства со деца, додека просекот во ЕУ изнесува 88,4 отсто. Една од клучните можности за справување со детската сиромаштија е проширување на опфатот и подобрување на висината на паричната помош за децата што живеат во сиромаштија. Ова може да вклучи проширување на образовниот додаток за да ги опфати и децата во предучилишно образование кое е клучно за градење вештини што им се потребни на децата за да успеат подоцна во животот; подобро информирање и поддршка за да им се овозможи на семејствата пристап до паричната помош која им следува; и усогласување на паричната помош насочена кон децата со реалните трошоци на живот. Земјата исто така би можела да размисли и за воведување универзална парична помош за деца, која на глобално ниво покажа дека државите може да си ја дозволат дури и во време на кризи, и е ефикасна политика за намалување како на вкупната сиромаштија, така и на детската сиромаштија. Универзалниот пристап – парична помош за секое дете – драстично ги намалува административните трошоци, ризикот да се исклучат некои деца на кои им е потребна помош и ризиците од стигма и дискриминација. Притоа универзалната парична помош за деца придонесува да се изгради и одржи социјалната кохезија, намалувајќи ја нееднаквоста. Покрај подобрување на паричната помош за семејствата со деца, справувањето со детската сиромаштија, исто така, налага повеќесекторски одговор со цел децата да имаат пристап до основните социјални услуги, како што се образование, здравство, исхрана и заштита, без стигма и дискриминација. Социјалната заштита е моќен придвижувач на правата на децата и на националниот развој. Владата во својата програма за работа се обврза да ја намали сиромаштијата и да ја зголеми помошта за најранливите групи, вклучително и децата и лицата со попреченост. Со проширување на социјалната заштита на децата, Владата, исто така, ќе придонесе за остварување на својот приоритет за забрзување и одржување на економскиот раст, повисок животен стандард и квалитетен живот за граѓаните. УНИЦЕФ продолжува да ги поддржува напорите на Министерството за социјална политика, демографија и млади, со што ќе обезбеди секое дете да има шанса за здрава и продуктивна иднина.  

The post Над 120.000 деца во земјава живеат под националниот праг на сиромаштија, државата да воведе парична помош за секое дете, апелира УНИЦЕФ appeared first on Република.

]]>
Децата што се обиделе да силуваат соученик се првачиња, учителката не направила ништо кога тоа ѝ се пожалило https://republika.mk/vesti/crna-hronika/detsata-shto-se-obidele-da-siluvaat-souchenik-se-prvachina-uchitelkata-ne-napravila-nishto-koga-toa-se-pozhalilo/ Sat, 12 Oct 2024 07:15:21 +0000 https://republika.mk/?p=825757

Случајот со нападнатото дете во Ѓорче Петров добива посериозна димензија, откако се дознава дека во инцидентот биле вклучени деца од прво одделение. Нападот на детето се случил во дворот на ОУ „Димитар поп Георгиев Беровски“. Двајцата соученици, како што дознава „Сител“ се обиделе сексуално да го нападнат користејќи стаклено шише.

Детето веднаш ја информирала наставничката, но според инфомрации на „Сител“, таа не превзела ништо. Обидот за силување во полиција го пријавил таткото на детето во вторникот доцна попладне откако бил извршен лекарски преглед врз детето. С

Во СВР Скопје, 44-годишен маж од Скопје пријавил дека во периодот од 11 до 15 часот во двор на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца негови соученици, кои со тврд предмет се обиделе да извршат полово дејствије врз него.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/direktorot-na-skopskoto-uchilishte-vo-chij-dvor-dve-detsa-sakale-da-siluvaat-souchenik-podnese-ostavka/

Како што соопштија вчера од Општината, директорот на училиштето поднесе оставка од лични и морални причини. На негово место, веќе е именуван нов ВД директор.

Формирана е и комисија која ќе поведува дисциплинска постапка против четири наставници, а веднаш е суспендирана наставничката одговорна за одделението во кое заедно учеле трите деца.   во меѓувреме на разговор биле повикани родителите на децата, а училишните служби работат со класот првооделенци.

The post Децата што се обиделе да силуваат соученик се првачиња, учителката не направила ништо кога тоа ѝ се пожалило appeared first on Република.

]]>

Случајот со нападнатото дете во Ѓорче Петров добива посериозна димензија, откако се дознава дека во инцидентот биле вклучени деца од прво одделение. Нападот на детето се случил во дворот на ОУ „Димитар поп Георгиев Беровски“. Двајцата соученици, како што дознава „Сител“ се обиделе сексуално да го нападнат користејќи стаклено шише. Детето веднаш ја информирала наставничката, но според инфомрации на „Сител“, таа не превзела ништо. Обидот за силување во полиција го пријавил таткото на детето во вторникот доцна попладне откако бил извршен лекарски преглед врз детето. С
Во СВР Скопје, 44-годишен маж од Скопје пријавил дека во периодот од 11 до 15 часот во двор на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца негови соученици, кои со тврд предмет се обиделе да извршат полово дејствије врз него.
https://republika.mk/vesti/crna-hronika/direktorot-na-skopskoto-uchilishte-vo-chij-dvor-dve-detsa-sakale-da-siluvaat-souchenik-podnese-ostavka/ Како што соопштија вчера од Општината, директорот на училиштето поднесе оставка од лични и морални причини. На негово место, веќе е именуван нов ВД директор. Формирана е и комисија која ќе поведува дисциплинска постапка против четири наставници, а веднаш е суспендирана наставничката одговорна за одделението во кое заедно учеле трите деца.   во меѓувреме на разговор биле повикани родителите на децата, а училишните служби работат со класот првооделенци.

The post Децата што се обиделе да силуваат соученик се првачиња, учителката не направила ништо кога тоа ѝ се пожалило appeared first on Република.

]]>
Џони Деп изненади деца во болница во Шпанија облечен како Џек Спароу (ВИДЕО) https://republika.mk/zivot/dhoni-dep-iznenadi-detsa-vo-bolnitsa-vo-shpanija-oblechen-kako-dhek-sparou-video/ Sat, 28 Sep 2024 20:27:46 +0000 https://republika.mk/?p=820643

Џони Деп одлучил да ги изненади децата во блиската болница додека присуствувал на филмскиот фестивал во Сан Себастијан во Шпанија, пренесува Канал 5.

Во четвртокот, 61-годишникот ги посети децата на Универзитетската болница Доностија во Сан Себастијан, Шпанија, облечен во еден од неговите најпознати ликови, капетанот Џек Спароу од франшизата Пирати од Карибите,објави Индипендент.

Актерот можеше да се појави по премиерата на неговиот нов филм Моди - Три дена на крилото на лудилото, за животот на италијанскиот уметник Амедео Модиљани во Париз за време на Првата светска војна. Моди го означува првиот филм што го режира Деп по „The Brave“ од 1997 година, во кој тој исто така глумеше заедно со Марлон Брандо.

Болницата објави на X (поранешен Твитер) различни слики од актерот како позира со деца и зборува со нив за време на престојот таму.

„Од целиот персонал на Универзитетската болница Доностија, сакаме да ја изразиме нашата бескрајна благодарност до Џони Деп за неговото време, неговата поддршка и неговата енергија, како и до @sansebastianfes што ја олесни оваа посета“, се вели во објавата на болницата.

„Тие споделија смеа и анегдоти, а тој им помогна на неколку минути да заборават на тешкотиите низ кои минуваат во моментот“, велат тие. „Тоа беше подарок што им донесе радост на пациентите, семејствата, медицинските работници, лекарите и целиот персонал кој работеше на одделението во тоа време“.

Ова не е прв пат Деп да го носи својот костим на Џек Спaроу за да ги посети децата во болница. Во 2015 година, тој откри дека неговата ќерка Лили-Роуз поминала девет дена во болницата Great Ormond Street во Лондон, каде што добила третман поради откажување на бубрезите предизвикано од труење со E.coli во 2007 година, за што му рекол на Греам Нортон дека бил „најтемниот период на мојот живот.”

Оттогаш тој се врати во таа болница во својот костим во обид да ги расположи другите деца. „За мене тоа е подарок. Ми го даваат подарокот“, рече тој.

„Кога ќерка ми беше болна на улицата Грејт Ормонд, тоа беше најтемниот период од мојот живот. Отсекогаш ги правев овие посети, но после тоа искуство, посетите стануваа сè поважни“.

Деп продолжи: „Децата се толку храбри, но да можам да им донесам насмевка или насмевка на родителите, за мене значи сè на светот“.

The post Џони Деп изненади деца во болница во Шпанија облечен како Џек Спароу (ВИДЕО) appeared first on Република.

]]>

Џони Деп одлучил да ги изненади децата во блиската болница додека присуствувал на филмскиот фестивал во Сан Себастијан во Шпанија, пренесува Канал 5.

Во четвртокот, 61-годишникот ги посети децата на Универзитетската болница Доностија во Сан Себастијан, Шпанија, облечен во еден од неговите најпознати ликови, капетанот Џек Спароу од франшизата Пирати од Карибите,објави Индипендент. Актерот можеше да се појави по премиерата на неговиот нов филм Моди - Три дена на крилото на лудилото, за животот на италијанскиот уметник Амедео Модиљани во Париз за време на Првата светска војна. Моди го означува првиот филм што го режира Деп по „The Brave“ од 1997 година, во кој тој исто така глумеше заедно со Марлон Брандо. Болницата објави на X (поранешен Твитер) различни слики од актерот како позира со деца и зборува со нив за време на престојот таму.
„Од целиот персонал на Универзитетската болница Доностија, сакаме да ја изразиме нашата бескрајна благодарност до Џони Деп за неговото време, неговата поддршка и неговата енергија, како и до @sansebastianfes што ја олесни оваа посета“, се вели во објавата на болницата.
„Тие споделија смеа и анегдоти, а тој им помогна на неколку минути да заборават на тешкотиите низ кои минуваат во моментот“, велат тие. „Тоа беше подарок што им донесе радост на пациентите, семејствата, медицинските работници, лекарите и целиот персонал кој работеше на одделението во тоа време“.
Ова не е прв пат Деп да го носи својот костим на Џек Спaроу за да ги посети децата во болница. Во 2015 година, тој откри дека неговата ќерка Лили-Роуз поминала девет дена во болницата Great Ormond Street во Лондон, каде што добила третман поради откажување на бубрезите предизвикано од труење со E.coli во 2007 година, за што му рекол на Греам Нортон дека бил „најтемниот период на мојот живот.” Оттогаш тој се врати во таа болница во својот костим во обид да ги расположи другите деца. „За мене тоа е подарок. Ми го даваат подарокот“, рече тој.
„Кога ќерка ми беше болна на улицата Грејт Ормонд, тоа беше најтемниот период од мојот живот. Отсекогаш ги правев овие посети, но после тоа искуство, посетите стануваа сè поважни“.
Деп продолжи: „Децата се толку храбри, но да можам да им донесам насмевка или насмевка на родителите, за мене значи сè на светот“.

The post Џони Деп изненади деца во болница во Шпанија облечен како Џек Спароу (ВИДЕО) appeared first on Република.

]]>
Деца истепани на екскурзија во Сарај: Напаѓачите им се заканувале и на учителките https://republika.mk/vesti/crna-hronika/detsa-istepani-na-ekskurzija-vo-saraj-napagachite-im-se-zakanuvale-i-na-uchitelkite/ Sat, 28 Sep 2024 15:45:19 +0000 https://republika.mk/?p=820577

МВР извести дека на 27.09 во Полициската станица Ѓорче Петров, И.К. и Ј.Г., двајцата од Скопје, пријавиле дека нивните малолетни деца, додека биле на екскурзија во Спортско – рекреативниот центар Сарај, организирана од основно училиште од Скопје, биле физички нападнати од неколку лица, кои употребиле и метални предмети.

Според пријавеното, кога учителките на децата реагирале, напаѓачите им се заканиле и заминале.

СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

The post Деца истепани на екскурзија во Сарај: Напаѓачите им се заканувале и на учителките appeared first on Република.

]]>

МВР извести дека на 27.09 во Полициската станица Ѓорче Петров, И.К. и Ј.Г., двајцата од Скопје, пријавиле дека нивните малолетни деца, додека биле на екскурзија во Спортско – рекреативниот центар Сарај, организирана од основно училиште од Скопје, биле физички нападнати од неколку лица, кои употребиле и метални предмети. Според пријавеното, кога учителките на децата реагирале, напаѓачите им се заканиле и заминале. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

The post Деца истепани на екскурзија во Сарај: Напаѓачите им се заканувале и на учителките appeared first on Република.

]]>
Наставничка од Скопје алармира: Децата си ја притискаат дијафрагмата до онесвестување поради „Тик ток“ предизвик https://republika.mk/vesti/crna-hronika/nastavnichka-od-skopje-alarmira-detsata-si-ja-pritiskaat-dijafragmata-do-onesvestuvane-poradi-tik-tok-predizvik/ Thu, 26 Sep 2024 20:07:44 +0000 https://republika.mk/?p=820017

Наставничка од скопско основно училиште предупредува дека и во Македонија меѓу учениците масовно се шири опасен Тик ток предизвик. Таа за „Локално“ упати апел до родителите да внимаваат на своите дека зошто тие го пробуваат предизвикот на онесвестување, кој може да има сериозни последици.

Не знам како точно се вика предизвикот, но децата велат дека го виделе на Тик ток. Си ги стискаат дијафрагмите сè додека не се онесвестат. Некогаш тоа го прават еден на друг, некогаш сами. Но, имало случај кога дете останало онесвестено подолго време па морале да го прскаат со вода и да повикаат некој да им помогне, раскажа наставничката.

The post Наставничка од Скопје алармира: Децата си ја притискаат дијафрагмата до онесвестување поради „Тик ток“ предизвик appeared first on Република.

]]>

Наставничка од скопско основно училиште предупредува дека и во Македонија меѓу учениците масовно се шири опасен Тик ток предизвик. Таа за „Локално“ упати апел до родителите да внимаваат на своите дека зошто тие го пробуваат предизвикот на онесвестување, кој може да има сериозни последици.
Не знам како точно се вика предизвикот, но децата велат дека го виделе на Тик ток. Си ги стискаат дијафрагмите сè додека не се онесвестат. Некогаш тоа го прават еден на друг, некогаш сами. Но, имало случај кога дете останало онесвестено подолго време па морале да го прскаат со вода и да повикаат некој да им помогне, раскажа наставничката.

The post Наставничка од Скопје алармира: Децата си ја притискаат дијафрагмата до онесвестување поради „Тик ток“ предизвик appeared first on Република.

]]>
Секое трето дете во светот страда од миопија https://republika.mk/zivot/zdravje/sekoe-treto-dete-vo-svetot-strada-od-miopija/ Wed, 25 Sep 2024 19:30:44 +0000 https://republika.mk/?p=819635

Глобално истражување во кое учествуваа повеќе од пет милиони деца и тинејџери од 50 земји на сите шест континенти покажа дека нивниот вид постојано се влошува со текот на времето, поради што денес секое трето дете боледува од миопија или не гледа јасно предмети во далечина.

Истражувачите велат дека ограничувањата наметнати за време `на пандемијата на коронавирусот имаа многу негативен ефект врз развојот на видот кај децата и тинејџерите, со оглед на тоа што тие поминуваа многу повеќе време пред екрани, а многу малку на отворено.

Миопијата, или кратковидоста, станува се поголем јавно здравствен проблем на глобално ниво што ќе влијае на уште милиони деца до 2050 година, предупредува студијата.

Највисоки стапки на миопија кај децата се забележани во Азија - 85 отсто од децата страдаат од миопија во Јапонија и 73 отсто во Јужна Кореја, а повеќе од 40 отсто од нив во Кина и Русија.

Најниска стапка на миопија е забележана кај младите во Парагвај и Уганда - околу еден процент, а во Обединетото Кралство, Ирска и САД од неа страдаат околу 15 проценти од тинејџерите и помалите деца.
Истражувањето покажа дека миопијата кај младите се тројно зголемена помеѓу 1990 и 2023 година, искачувајќи се на 36 проценти, а „значителен пораст“ на кратковидоста кај децата е забележан особено по пандемијата на коронавирусот.

The post Секое трето дете во светот страда од миопија appeared first on Република.

]]>

Глобално истражување во кое учествуваа повеќе од пет милиони деца и тинејџери од 50 земји на сите шест континенти покажа дека нивниот вид постојано се влошува со текот на времето, поради што денес секое трето дете боледува од миопија или не гледа јасно предмети во далечина. Истражувачите велат дека ограничувањата наметнати за време `на пандемијата на коронавирусот имаа многу негативен ефект врз развојот на видот кај децата и тинејџерите, со оглед на тоа што тие поминуваа многу повеќе време пред екрани, а многу малку на отворено. Миопијата, или кратковидоста, станува се поголем јавно здравствен проблем на глобално ниво што ќе влијае на уште милиони деца до 2050 година, предупредува студијата. Највисоки стапки на миопија кај децата се забележани во Азија - 85 отсто од децата страдаат од миопија во Јапонија и 73 отсто во Јужна Кореја, а повеќе од 40 отсто од нив во Кина и Русија. Најниска стапка на миопија е забележана кај младите во Парагвај и Уганда - околу еден процент, а во Обединетото Кралство, Ирска и САД од неа страдаат околу 15 проценти од тинејџерите и помалите деца. Истражувањето покажа дека миопијата кај младите се тројно зголемена помеѓу 1990 и 2023 година, искачувајќи се на 36 проценти, а „значителен пораст“ на кратковидоста кај децата е забележан особено по пандемијата на коронавирусот.

The post Секое трето дете во светот страда од миопија appeared first on Република.

]]>
Промоција на романот „Деца“ од Милена Марковиќ во МКЦ https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-romanot-detsa-od-milena-markovik-vo-mkts/ Wed, 04 Sep 2024 08:36:03 +0000 https://republika.mk/?p=812970

Во бифето на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, вечерва, на 4 септември, со почеток во 20 часот, ќе се одржи промоција на романот „Деца“ од познатата српска авторка Милена Марковиќ. Овој роман, што во 2021 година ја освои престижната НИН-ова награда, носи моќна и емотивна приказна за животот и растењето.

Промоцијата ќе биде проследена со разговор меѓу авторката и македонската писателка Јулијана Величковска, а изданието е објавено од ПНВ Публикации, со поддршка од Министерството за култура на Република Србија. Преводот на македонски јазик е дело на Сашо Огненовски.

Критиките за романот се одлични. Познатиот новинар Теофил Панчиќ за „Деца“ вели: „Ова е книга што ќе остави траен впечаток на читателот. Не можам да замислам некој кој ќе ја прочита, а нема да се почувствува променет“. Писателот Миљенко Јерговиќ додава: „’Деца‘ е поетско ремек-дело за женственоста, мајчинството и историјата, роман што ни ги отвора трауматичните сеќавања на минатото“.

Милена Марковиќ е истакната драматургка, сценаристка и поетеса. Нејзини дела, како сценариото за серијата „Мочуриште“ и драмите „Брод за кукли“ и „Павилјони“, се изведуваат и на македонските сцени, вклучувајќи го и Народниот театар во Битола. Во својата кариера, Марковиќ има освоено бројни награди за својата литературна и драмска работа, како што се „Милош Црњански“ и „Борисав Михајловиќ Михиз“.

 

The post Промоција на романот „Деца“ од Милена Марковиќ во МКЦ appeared first on Република.

]]>

Во бифето на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, вечерва, на 4 септември, со почеток во 20 часот, ќе се одржи промоција на романот „Деца“ од познатата српска авторка Милена Марковиќ. Овој роман, што во 2021 година ја освои престижната НИН-ова награда, носи моќна и емотивна приказна за животот и растењето. Промоцијата ќе биде проследена со разговор меѓу авторката и македонската писателка Јулијана Величковска, а изданието е објавено од ПНВ Публикации, со поддршка од Министерството за култура на Република Србија. Преводот на македонски јазик е дело на Сашо Огненовски. Критиките за романот се одлични. Познатиот новинар Теофил Панчиќ за „Деца“ вели: „Ова е книга што ќе остави траен впечаток на читателот. Не можам да замислам некој кој ќе ја прочита, а нема да се почувствува променет“. Писателот Миљенко Јерговиќ додава: „’Деца‘ е поетско ремек-дело за женственоста, мајчинството и историјата, роман што ни ги отвора трауматичните сеќавања на минатото“. Милена Марковиќ е истакната драматургка, сценаристка и поетеса. Нејзини дела, како сценариото за серијата „Мочуриште“ и драмите „Брод за кукли“ и „Павилјони“, се изведуваат и на македонските сцени, вклучувајќи го и Народниот театар во Битола. Во својата кариера, Марковиќ има освоено бројни награди за својата литературна и драмска работа, како што се „Милош Црњански“ и „Борисав Михајловиќ Михиз“.  

The post Промоција на романот „Деца“ од Милена Марковиќ во МКЦ appeared first on Република.

]]>
Цело семејство изгоре во пожар во Нови Сад: Огнот проголта родители и четири деца https://republika.mk/vesti/balkan/tselo-semejstvo-izgore-vo-pozhar-vo-novi-sad-ognot-progolta-roditeli-i-chetiri-detsa/ Fri, 23 Aug 2024 06:40:41 +0000 https://republika.mk/?p=809246

Во пожар во Нови Сад што избувна утрово во семејна куќа загинаа шест луѓе, меѓу кои четири деца.
„Во пожарот што избувна утринава, околу три часот, во куќата на улицата „Ѓорѓа Дера“, загинаа шест лица, меѓу кои четири деца на возраст од две до седум години“, изјави српскиот министер за внатрешни работи.

Сите жртви се од едно семејство. Децата биле на возраст од седум, пет, четири и две години.

Пожарот е изгаснат, а полицијата и јавниот обвинител извршиле увид на местото на трагедијата.

Според првичните информации, пожарот најверојатно го предизвикал скутер што бил приклучен на електричната мрежа.

The post Цело семејство изгоре во пожар во Нови Сад: Огнот проголта родители и четири деца appeared first on Република.

]]>

Во пожар во Нови Сад што избувна утрово во семејна куќа загинаа шест луѓе, меѓу кои четири деца. „Во пожарот што избувна утринава, околу три часот, во куќата на улицата „Ѓорѓа Дера“, загинаа шест лица, меѓу кои четири деца на возраст од две до седум години“, изјави српскиот министер за внатрешни работи. Сите жртви се од едно семејство. Децата биле на возраст од седум, пет, четири и две години. Пожарот е изгаснат, а полицијата и јавниот обвинител извршиле увид на местото на трагедијата. Според првичните информации, пожарот најверојатно го предизвикал скутер што бил приклучен на електричната мрежа.

The post Цело семејство изгоре во пожар во Нови Сад: Огнот проголта родители и четири деца appeared first on Република.

]]>
Грк снимал голи деца на Истра – го фатило обезбедувањето https://republika.mk/vesti/balkan/grk-snimal-goli-detsa-na-istra-go-fatilo-obezbeduvaneto/ Tue, 13 Aug 2024 13:32:54 +0000 https://republika.mk/?p=806195

Истарската полиција ја заврши кривичната истрага против маж за кој се сомничи дека сторил кривично дело искористување деца за порнографија, објави „Индекс.хр“.

Имено, завчера, околу 19.30 часот, чувар во туристички објект на подрачјето на Истра затекнал 55-годишен грчки државјанин како снима голи деца со мобилен телефон и го задржал додека не дошла полицијата, соопшти истарската полиција.

По наредба на надлежен суд, полицијата извршила претрес на мобилниот телефон и возилото што ги користел пријавениот и нашла инкриминирачки материјал. На 12 август вечерта мажот со кривична пријава е предаден во притворското одделение на Полициската управа на Истра.

 

The post Грк снимал голи деца на Истра – го фатило обезбедувањето appeared first on Република.

]]>

Истарската полиција ја заврши кривичната истрага против маж за кој се сомничи дека сторил кривично дело искористување деца за порнографија, објави „Индекс.хр“. Имено, завчера, околу 19.30 часот, чувар во туристички објект на подрачјето на Истра затекнал 55-годишен грчки државјанин како снима голи деца со мобилен телефон и го задржал додека не дошла полицијата, соопшти истарската полиција. По наредба на надлежен суд, полицијата извршила претрес на мобилниот телефон и возилото што ги користел пријавениот и нашла инкриминирачки материјал. На 12 август вечерта мажот со кривична пријава е предаден во притворското одделение на Полициската управа на Истра.  

The post Грк снимал голи деца на Истра – го фатило обезбедувањето appeared first on Република.

]]>
18 лица меѓу кои три деца загинаа во новиот изреалски напад во Газа https://republika.mk/vesti/svet/18-litsa-megu-koi-tri-detsa-zaginaa-vo-noviot-izrealski-napad-vo-gaza/ Sun, 04 Aug 2024 12:26:52 +0000 https://republika.mk/?p=803239

Најмалку 18 лица загинаа утринава во новите израелски напади врз Појасот Газа, меѓу кои најмалку четири лица кои беа убиени во израелски воздушен напад врз камп во кој се сместени раселените Палестинци во Деир ал Балах, во центарот на Газа.

Најмалку осум лица, меѓу кои три деца, загинаа утринава во израелски напад врз куќа во северниот дел на Газа, соопшти Министерството за здравство на Газа под контрола на Хамас.

Американските медиуми пренесуваат дека израелските сили утринава нападнаа и шаторски камп во дворот на болницата Ал Акса во Деир ал Балах, а во тој напад се повредени неколку лица, соопштија здравствени власти .

Болницата во Деир ал Балах е главната медицинска установа која работи во централниот дел на Појасот Газа, каде што се засолниле илјадници Палестинци кои избегале од конфликтот во другите делови на енклавата

меѓу кои најмалку четири лица кои беа убиени во израелски воздушен напад врз камп во кој се сместени раселените Палестинци во Деир ал Балах, во центарот на Газа.

Најмалку осум лица, меѓу кои три деца, загинаа утринава во израелски напад врз куќа во северниот дел на Газа, соопшти Министерството за здравство на Газа под контрола на Хамас.

Американските медиуми пренесуваат дека израелските сили утринава нападнаа и шаторски камп во дворот на болницата Ал Акса во Деир ал Балах, а во тој напад се повредени неколку лица, соопштија здравствени власти .

Болницата во Деир ал Балах е главната медицинска установа која работи во централниот дел на Појасот Газа, каде што се засолниле илјадници Палестинци кои избегале од конфликтот во другите делови на енклавата

The post 18 лица меѓу кои три деца загинаа во новиот изреалски напад во Газа appeared first on Република.

]]>

Најмалку 18 лица загинаа утринава во новите израелски напади врз Појасот Газа, меѓу кои најмалку четири лица кои беа убиени во израелски воздушен напад врз камп во кој се сместени раселените Палестинци во Деир ал Балах, во центарот на Газа. Најмалку осум лица, меѓу кои три деца, загинаа утринава во израелски напад врз куќа во северниот дел на Газа, соопшти Министерството за здравство на Газа под контрола на Хамас. Американските медиуми пренесуваат дека израелските сили утринава нападнаа и шаторски камп во дворот на болницата Ал Акса во Деир ал Балах, а во тој напад се повредени неколку лица, соопштија здравствени власти . Болницата во Деир ал Балах е главната медицинска установа која работи во централниот дел на Појасот Газа, каде што се засолниле илјадници Палестинци кои избегале од конфликтот во другите делови на енклавата меѓу кои најмалку четири лица кои беа убиени во израелски воздушен напад врз камп во кој се сместени раселените Палестинци во Деир ал Балах, во центарот на Газа. Најмалку осум лица, меѓу кои три деца, загинаа утринава во израелски напад врз куќа во северниот дел на Газа, соопшти Министерството за здравство на Газа под контрола на Хамас. Американските медиуми пренесуваат дека израелските сили утринава нападнаа и шаторски камп во дворот на болницата Ал Акса во Деир ал Балах, а во тој напад се повредени неколку лица, соопштија здравствени власти . Болницата во Деир ал Балах е главната медицинска установа која работи во централниот дел на Појасот Газа, каде што се засолниле илјадници Палестинци кои избегале од конфликтот во другите делови на енклавата

The post 18 лица меѓу кои три деца загинаа во новиот изреалски напад во Газа appeared first on Република.

]]>
УНИЦЕФ: Децата сочинуваат 70 отсто од сите идентификувани жртви на трговија со луѓе во Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/unitsef-detsata-sochinuvaat-70-otsto-od-site-identifikuvani-zhrtvi-na-trgovija-so-luge-vo-severna-makedonija/ Tue, 30 Jul 2024 09:45:00 +0000 https://republika.mk/?p=801587

И покрај тоа што децата-жртви на трговија со луѓе често остануваат неоткриени и непријавени ширум светот, достапните податоци од Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, што опфаќаат две децении (2001-2021), покажуваат дека децата сочинуваат 70 отсто од жртвите во Македонија, се наведува во соопштението од од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, по повод Светскиот ден на борба против трговија со луѓе, кој оваа година е посветен на децата жртви на трговија со луѓе.

Оваа бројка значително го надминува глобалниот просек, според кој речиси една третина од сите идентификувани жртви на трговија со луѓе се деца. Просечната возраст на децатажртви во земјата е 15 години, при што девојчињата страдаат несразмерно повеќе и се подложени на двојна експлоатација: и сексуална и трудова. Ваквата алармантна распространетост која особено ги погодува младите девојки, го нагласува загрижувачкиот тренд што се влошува во дигиталната ера, се посочува во соопштението и се додава дека УНИЦЕФ повикува на поголеми инвестиции во превенција, заштита, прогон на сторителите и склучување партнерства за да се стави крај на трговијата со деца.

Трговијата со деца на Западен Балкан и понатаму е во пораст и покрај бројните законодавни и практични мерки преземени во претходните години, потенцирано е во Белград на регионалната конференцiиa.

Трговците со луѓе во светот, се вели, го искористија технолошкиот напредок за да оперираат во поголема тајност и да ја зголемат својата профитабилност. Националната подгрупа за борба против трговија со деца известува дека трговците со луѓе сè повеќе ги намамуваат децата со помош на технологијата, преку меѓународно организирани криминални групи и онлајн предатори.

Иако националните партнери постојано вложуваат напори за заштита на децата од трговија со луѓе, состојбата налага поголема заложба и повеќе инвестиции за подобрување на превенцијата, заштитата, прогонот на сторителите и склучувањето партнерства, порачуваат од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.

Се препорачува да се зголемат инвестициите во службите за детска заштита и во зајакнување на системот за детска заштита за подобро справување со основните причини за трговија со деца. Сиромаштијата, дисфункционалните семејства и дискриминацијата, се вели во соопштението, ги ставаат децата во поголем ризик да станат жртви на трговија со луѓе. Ситуацијата дополнително се усложнува со слабото спроведување на законите за работни односи и за детска заштита. Поддршката и услугите за превенција, сметаат, мора да опфатат пристап до социјална заштита, здравство и образование за децата и нивните семејства.

Судот во Ндола, Замбија денеска го отфрли обвинението против хрватските државјани за трговија со деца и тие мора да ја напуштат земјата во рок од 48 часа, потврди хрватското Министерство за н

Да се зајакнат капацитетите за откривање и заштита на децата-жртви на трговија со луѓе, меѓу кои спаѓаат и децата „во ризик“ од трговија. Отсуството на долгорочна помош и рехабилитација, како и преголемата зависност од сместување на децата во неадекватни шелтер-центри го зголемува ризикот од натамошна трауматизација и ревиктимизација. Итно се потребни подобри механизми за идентификација и одржливи решенија за ранливите деца, како и дополнителни инвестиции со кои ќе се гарантира дека системот за детска заштита нуди соодветно старателство и други алтернативни форми на згрижување, се наведува во соопштението.

Се препорачува и да се зголемат капацитетите за децата да добијат пристап до правда, а сторителите кривично да се гонат. Потребни се, се посочува во соопштението, инвестиции за спроведување на постоечките закони, каде што спаѓаат и постапките за истрага, складирање и зачувување на електронските докази. Ова налага континуирани инвестиции во градење капацитети на обвинителите, обвинителските одделенија, судството, специјалните полициски единици и другите релевантни стручни лица и практичари кои треба да се справат со новите предизвици што технологијата ги носи во експлоатацијата и злоупотребата на деца.

Во соопштението од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје се додава дека треба да се поттикнат мултисекторски партнерства во борбата за искоренување на трговијата со деца. Соработката со граѓанскиот сектор, со децата кои преживеале злоупотреба и со групите предводени од поранешни жртви на трговија со луѓе преживеани, е клучна за градење превентивни стратегии и системи за реагирање по мерка на децата и врз основа на информации за доживеаната траума.

Потребна е прекугранична соработка и соработка со технолошки компании за да се осигура дека напорите се исто така насочени кон справување со новите ризици. За подигање на свеста околу опасностите од трговијата со луѓе, од суштинско значење е да се работи со заедниците и децата и адолесцентите во ризик, како на пример, да се споделат практични информации за тоа како да се пријават инциденти и да се побара помош. Трговијата со деца може да се спречи, а на децата што преживеале злоупотреба мора да им се понуди заштита и пристап до правда. Децата жртви на трговија со луѓе доживуваат незамисливи ситуации и често се изложени на тешка експлоатација и злоупотреба. Неоткриени и незаштитени, тие се невидливи, лишени од грижа и поддршка, обесправени и пречесто заробени во мачен циклус на злоупотреба и експлоатација што продолжува дури и кога ќе станат возрасни, наведуваат во соопштението од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје .

УНИЦЕФ, се додава, ќе продолжи да ги поддржува властите во нивните напори да ги забрзаат мултисекторските активности за зајакнување на законодавно-политичките рамки, одговорот на кривичното правосудство, поддршката на жртвите и едукативните програми. Преку обучување на стручните лица на теми од областа на детската заштита и правосудниот систем, УНИЦЕФ има за цел да обезбеди грижа за децата кои биле жртви на трговија со луѓе што ќе се раководи од нивната доживеана траума и дополнително ќе го подобри управувањето со податоците за случаите на трговија со деца.

Само преку заеднички и засилени напори земјата може да ги заштити сите деца и да не изостави ниедно дете во борбата против трговијата со луѓе. На овогодинешниот Светски ден на борба против трговијата со луѓе, глобалната заедница се обединува зад пораката „Ниедно дете да не се изостави во борбата против трговијата со луѓе“ и УНИЦЕФ повикува на поголеми инвестиции во заложбите за спречување на експлоатација и злоупотреба на децата и за почитување на нивните права на заштита, се вели меѓу другото во соопштението.

The post УНИЦЕФ: Децата сочинуваат 70 отсто од сите идентификувани жртви на трговија со луѓе во Македонија appeared first on Република.

]]>

И покрај тоа што децата-жртви на трговија со луѓе често остануваат неоткриени и непријавени ширум светот, достапните податоци од Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, што опфаќаат две децении (2001-2021), покажуваат дека децата сочинуваат 70 отсто од жртвите во Македонија, се наведува во соопштението од од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, по повод Светскиот ден на борба против трговија со луѓе, кој оваа година е посветен на децата жртви на трговија со луѓе.
Оваа бројка значително го надминува глобалниот просек, според кој речиси една третина од сите идентификувани жртви на трговија со луѓе се деца. Просечната возраст на децатажртви во земјата е 15 години, при што девојчињата страдаат несразмерно повеќе и се подложени на двојна експлоатација: и сексуална и трудова. Ваквата алармантна распространетост која особено ги погодува младите девојки, го нагласува загрижувачкиот тренд што се влошува во дигиталната ера, се посочува во соопштението и се додава дека УНИЦЕФ повикува на поголеми инвестиции во превенција, заштита, прогон на сторителите и склучување партнерства за да се стави крај на трговијата со деца. Трговијата со деца на Западен Балкан и понатаму е во пораст и покрај бројните законодавни и практични мерки преземени во претходните години, потенцирано е во Белград на регионалната конференцiиa.
Трговците со луѓе во светот, се вели, го искористија технолошкиот напредок за да оперираат во поголема тајност и да ја зголемат својата профитабилност. Националната подгрупа за борба против трговија со деца известува дека трговците со луѓе сè повеќе ги намамуваат децата со помош на технологијата, преку меѓународно организирани криминални групи и онлајн предатори.
Иако националните партнери постојано вложуваат напори за заштита на децата од трговија со луѓе, состојбата налага поголема заложба и повеќе инвестиции за подобрување на превенцијата, заштитата, прогонот на сторителите и склучувањето партнерства, порачуваат од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.
Се препорачува да се зголемат инвестициите во службите за детска заштита и во зајакнување на системот за детска заштита за подобро справување со основните причини за трговија со деца. Сиромаштијата, дисфункционалните семејства и дискриминацијата, се вели во соопштението, ги ставаат децата во поголем ризик да станат жртви на трговија со луѓе. Ситуацијата дополнително се усложнува со слабото спроведување на законите за работни односи и за детска заштита. Поддршката и услугите за превенција, сметаат, мора да опфатат пристап до социјална заштита, здравство и образование за децата и нивните семејства. Судот во Ндола, Замбија денеска го отфрли обвинението против хрватските државјани за трговија со деца и тие мора да ја напуштат земјата во рок од 48 часа, потврди хрватското Министерство за н
Да се зајакнат капацитетите за откривање и заштита на децата-жртви на трговија со луѓе, меѓу кои спаѓаат и децата „во ризик“ од трговија. Отсуството на долгорочна помош и рехабилитација, како и преголемата зависност од сместување на децата во неадекватни шелтер-центри го зголемува ризикот од натамошна трауматизација и ревиктимизација. Итно се потребни подобри механизми за идентификација и одржливи решенија за ранливите деца, како и дополнителни инвестиции со кои ќе се гарантира дека системот за детска заштита нуди соодветно старателство и други алтернативни форми на згрижување, се наведува во соопштението.
Се препорачува и да се зголемат капацитетите за децата да добијат пристап до правда, а сторителите кривично да се гонат. Потребни се, се посочува во соопштението, инвестиции за спроведување на постоечките закони, каде што спаѓаат и постапките за истрага, складирање и зачувување на електронските докази. Ова налага континуирани инвестиции во градење капацитети на обвинителите, обвинителските одделенија, судството, специјалните полициски единици и другите релевантни стручни лица и практичари кои треба да се справат со новите предизвици што технологијата ги носи во експлоатацијата и злоупотребата на деца. Во соопштението од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје се додава дека треба да се поттикнат мултисекторски партнерства во борбата за искоренување на трговијата со деца. Соработката со граѓанскиот сектор, со децата кои преживеале злоупотреба и со групите предводени од поранешни жртви на трговија со луѓе преживеани, е клучна за градење превентивни стратегии и системи за реагирање по мерка на децата и врз основа на информации за доживеаната траума.
Потребна е прекугранична соработка и соработка со технолошки компании за да се осигура дека напорите се исто така насочени кон справување со новите ризици. За подигање на свеста околу опасностите од трговијата со луѓе, од суштинско значење е да се работи со заедниците и децата и адолесцентите во ризик, како на пример, да се споделат практични информации за тоа како да се пријават инциденти и да се побара помош. Трговијата со деца може да се спречи, а на децата што преживеале злоупотреба мора да им се понуди заштита и пристап до правда. Децата жртви на трговија со луѓе доживуваат незамисливи ситуации и често се изложени на тешка експлоатација и злоупотреба. Неоткриени и незаштитени, тие се невидливи, лишени од грижа и поддршка, обесправени и пречесто заробени во мачен циклус на злоупотреба и експлоатација што продолжува дури и кога ќе станат возрасни, наведуваат во соопштението од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје .
УНИЦЕФ, се додава, ќе продолжи да ги поддржува властите во нивните напори да ги забрзаат мултисекторските активности за зајакнување на законодавно-политичките рамки, одговорот на кривичното правосудство, поддршката на жртвите и едукативните програми. Преку обучување на стручните лица на теми од областа на детската заштита и правосудниот систем, УНИЦЕФ има за цел да обезбеди грижа за децата кои биле жртви на трговија со луѓе што ќе се раководи од нивната доживеана траума и дополнително ќе го подобри управувањето со податоците за случаите на трговија со деца.
Само преку заеднички и засилени напори земјата може да ги заштити сите деца и да не изостави ниедно дете во борбата против трговијата со луѓе. На овогодинешниот Светски ден на борба против трговијата со луѓе, глобалната заедница се обединува зад пораката „Ниедно дете да не се изостави во борбата против трговијата со луѓе“ и УНИЦЕФ повикува на поголеми инвестиции во заложбите за спречување на експлоатација и злоупотреба на децата и за почитување на нивните права на заштита, се вели меѓу другото во соопштението.

The post УНИЦЕФ: Децата сочинуваат 70 отсто од сите идентификувани жртви на трговија со луѓе во Македонија appeared first on Република.

]]>