дамјан робев Archives - Република https://republika.mk/tema/damjan-robev/ За подобро да се разбереме Sun, 30 Jul 2023 10:52:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дамјан робев Archives - Република https://republika.mk/tema/damjan-robev/ 32 32 Робев: Во Естонија одиме ослабени, но верувам дека на крајот ќе поминеме добро https://republika.mk/sport/kosarka/robev-vo-estonija-odime-oslabeni-no-veruvam-deka-na-krajot-ke-pomineme-dobro/ Sun, 30 Jul 2023 10:52:47 +0000 https://republika.mk/?p=666879

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Дамјан Робев се надева на добри настапи и резултати на претквалификациски турнир за пласман на Олимпијадата во Париз 2024 година.

Сите што сме тука сме дојдени да го дадеме својот максимум. Факт е дека имаме доста ослабен ростер, дека многу играчи се повредени. Но се надевам дека ќе се прикажеме во едно добро издание. Не е лесно да се влезе во оној „работен ритам“ особено ако се знае дека зад најголем дел од играчите, не само во нашиот национален тим, се скоро два месеци паузирање, односно одмор по напорите кои со себе ги донесе ланската сезона. Сепак, ние сме заедно подолго време, две-три години во оваа екипа. Добро се познаваме, доволно за да се воиграме. Во Талин нема фаворити помеѓу овие репрезентации, оттука мислам дека ќе имаме шанси да се натпреваруваме, да бидеме „пата-пата“ со сите. И дека на крајот ќе поминеме добро, вели Робев за веб-страницата на Кошаркарската федерација.

Турнирот во Талин ќе се игра од 12 до 15 август. Во групата со македонската репрезентација се и селекциите на домаќинот Естонија, Израел и Чешка.

The post Робев: Во Естонија одиме ослабени, но верувам дека на крајот ќе поминеме добро appeared first on Република.

]]>