целулит Archives - Република https://republika.mk/tema/celulit/ За подобро да се разбереме Sat, 19 Oct 2024 17:52:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png целулит Archives - Република https://republika.mk/tema/celulit/ 32 32 Ефикасен антицелулитен пилинг со состојки од вашата кујна https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/efikasen-antitseluliten-piling-so-sostojki-od-vashata-kujna/ Sat, 19 Oct 2024 08:03:02 +0000 https://republika.mk/?p=828897

Целулитот не исчезнува за еден ден. Но со малку трпение и овој домашен пилинг, со сигурност за брзо ќе се ослободите од него.

Целулитот е честа состојба на кожата која обично е предизвикана од таложење на маснотии. Маснотиите прават кожата да изгледа нерамномерна. Но, не се само жените со прекумерна тежина кои можат да имаат целулит – и слабите жени страдаат од овој проблем. Иако оваа појава е почеста кај жените, сепак може да настане и кај мажите.

Со овој домашен пилинг и масирање на кожата ќе успеете да ја ублажите појавата.Еве како да го направите овој пилинг:
измешајте ¼ шолја кафе со 2 лажици маслиново масло и 3 лажици топла вода. Оставете го ова да отстои 10 минути, дозволувајќи му на кафето да впие вода. Нанесете го пилингот на местата со целулит и масирајте пет до десет минути со циркулациони движења. Исплакнете со топла вода.

Кофеинот во кафето помага за проширување на крвните садови, а со тоа ја подобрува циркулацијата на крвта. Ова заедно со антиоксидансите во кафето помага ефикасно да се ублажи целулитот.

The post Ефикасен антицелулитен пилинг со состојки од вашата кујна appeared first on Република.

]]>

Целулитот не исчезнува за еден ден. Но со малку трпение и овој домашен пилинг, со сигурност за брзо ќе се ослободите од него. Целулитот е честа состојба на кожата која обично е предизвикана од таложење на маснотии. Маснотиите прават кожата да изгледа нерамномерна. Но, не се само жените со прекумерна тежина кои можат да имаат целулит – и слабите жени страдаат од овој проблем. Иако оваа појава е почеста кај жените, сепак може да настане и кај мажите. Со овој домашен пилинг и масирање на кожата ќе успеете да ја ублажите појавата.Еве како да го направите овој пилинг: измешајте ¼ шолја кафе со 2 лажици маслиново масло и 3 лажици топла вода. Оставете го ова да отстои 10 минути, дозволувајќи му на кафето да впие вода. Нанесете го пилингот на местата со целулит и масирајте пет до десет минути со циркулациони движења. Исплакнете со топла вода. Кофеинот во кафето помага за проширување на крвните садови, а со тоа ја подобрува циркулацијата на крвта. Ова заедно со антиоксидансите во кафето помага ефикасно да се ублажи целулитот.

The post Ефикасен антицелулитен пилинг со состојки од вашата кујна appeared first on Република.

]]>
Пет намирници што помагаат во намалување на целулитот https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/pet-namirnitsi-shto-pomagaat-vo-namaluvane-na-tselulitot/ Thu, 24 Aug 2023 15:54:52 +0000 https://republika.mk/?p=675476

Пазарот е полн средства и производи за кожа, за кои се тврди дека го намалуваат целулитот, но доаѓаат со минимални докази за нивната делотворност, пишува „Кликс“.

Многу од овие производи може привремено да го затегнат горниот слој на кожата, велат познавачите, но не можат да го решат основниот проблем под кожата. Наместо тоа, личноста треба да се сосредоточи на здравите навики поврзани со тежината, исхраната, внесот на течности и соодветна физичка активност.

Дополнителната тежина може да го направи целулитот повидлив. Ова значи намалување на калориите онаму каде што има смисла во индивидуалниот животен стил, како што е дозирање на оброците, помалку додадено масло или помала количина шеќери во исхраната. Тоа може да значи и подобрување на рутината за вежбање со кардиоваскуларни активности и тренинг за отпорност. Следат пет намирници коишто може да помогнат во намалување на целулитот.

Боровинки

Јадењето овошје воопшто, како и зеленчукот, постојано се поврзуваат со посакуваната помала телесна тежина. Боровинките, меѓу другото, ја намалуваат и опасноста од хронични болести како што е високиот крвен притисок, објави „Европскиот журнал за нутриција“ (European Journal of Nutrition).

Леќа

Како и другите мешунки како што се грав, папуда или грашок, и леќата е одличен извор на влакна. Исто така, откриено е дека предизвикуваат и губење на тежината за луѓето кои ги консумираат редовно, се наведува во напис на американскиот „Журнал за клиничка нутриција“.

Круши

Тие се едно од овошјата со најмногу растителни влакна - просечно околу шест грама во овошка. Круката особено се препорачува исечкана па натопена во путер од кикирики, или измешана во овесна каша.

Печурки

Toa е „месото“ во растителното царство. Со својот богат вкус, печурките се ставаат во јадења со месо - обично се мешаат со пилешко или говедско месо, заради поразновиден вкус, но и да се намалат калориите.

Банани

Најчесто важат за извор на калиум - минерал поврзан со контролата на отекувањата, бидејќи има обратна врска со натриумот. Задржувањето течности поради високиот внос на сол во исхраната може да доведе до отоци коишто водат до појава на целулит.

The post Пет намирници што помагаат во намалување на целулитот appeared first on Република.

]]>

Пазарот е полн средства и производи за кожа, за кои се тврди дека го намалуваат целулитот, но доаѓаат со минимални докази за нивната делотворност, пишува „Кликс“. Многу од овие производи може привремено да го затегнат горниот слој на кожата, велат познавачите, но не можат да го решат основниот проблем под кожата. Наместо тоа, личноста треба да се сосредоточи на здравите навики поврзани со тежината, исхраната, внесот на течности и соодветна физичка активност. Дополнителната тежина може да го направи целулитот повидлив. Ова значи намалување на калориите онаму каде што има смисла во индивидуалниот животен стил, како што е дозирање на оброците, помалку додадено масло или помала количина шеќери во исхраната. Тоа може да значи и подобрување на рутината за вежбање со кардиоваскуларни активности и тренинг за отпорност. Следат пет намирници коишто може да помогнат во намалување на целулитот.

Боровинки

Јадењето овошје воопшто, како и зеленчукот, постојано се поврзуваат со посакуваната помала телесна тежина. Боровинките, меѓу другото, ја намалуваат и опасноста од хронични болести како што е високиот крвен притисок, објави „Европскиот журнал за нутриција“ (European Journal of Nutrition).

Леќа

Како и другите мешунки како што се грав, папуда или грашок, и леќата е одличен извор на влакна. Исто така, откриено е дека предизвикуваат и губење на тежината за луѓето кои ги консумираат редовно, се наведува во напис на американскиот „Журнал за клиничка нутриција“.

Круши

Тие се едно од овошјата со најмногу растителни влакна - просечно околу шест грама во овошка. Круката особено се препорачува исечкана па натопена во путер од кикирики, или измешана во овесна каша.

Печурки

Toa е „месото“ во растителното царство. Со својот богат вкус, печурките се ставаат во јадења со месо - обично се мешаат со пилешко или говедско месо, заради поразновиден вкус, но и да се намалат калориите.

Банани

Најчесто важат за извор на калиум - минерал поврзан со контролата на отекувањата, бидејќи има обратна врска со натриумот. Задржувањето течности поради високиот внос на сол во исхраната може да доведе до отоци коишто водат до појава на целулит.

The post Пет намирници што помагаат во намалување на целулитот appeared first on Република.

]]>
Научниците тврдат дека сокот од ова овошје го намалува целулитот: Ќе се изненадите од резултатите! https://republika.mk/zivot/zdravje/nauchnicite-tvrdat-deka-sokot-od-ova-ovoshje-go-namaluva-celulitot-kje-se-iznenadite-od-rezultatite/ Sun, 04 Sep 2022 21:21:33 +0000 https://republika.mk/?p=547399

Аронијата е многу популарно овошје во последните години, а ја нарекуваат и суперхрана поради многубројните здравствени придобивки.

Овие сочни, вкусни бобинки содржат завидно ниво на минерали, витамини и влакна, а во исто време се нискокалорични – имаат само 50 калории на 100 грама.

Честото консумирање на аронија е поврзано со бројни благотворни ефекти по здравјето на луѓето – спречува дијабетес, ја подобрува циркулацијата на крвта, ги зајакнува крвните садови, го зајакнува имунитетот, помага за одржување на нормален крвен притисок итн. Придобивките од ова овошје се огромни!

Интересно е што во една студија од 2014 година, научниците откриле дека аронијата може да влијае и на слабеењето, односно на детоксикација на телото и елиминација на целулитот.

Имено, во истражувањето биле вклучени 19 жени кои биле на возраст меѓу 25 и 48 години, а сите консумирале по 100 мл сок од аронија секој ден во текот на 90 дена. Резултатите покажаа дека веќе по 45 дена има видливо намалување на целулитот. Одлична вест, нели?

Доколку сакате да го испробате овој метод, ви носиме рецепт за пијалок од аронија и цвекло – овие две намирници во симбиоза се особено моќни.

Потребни состојки:

2 лажици свежо исцеден сок од аронија

0,5 децилитри сок од цвекло

0,5 децилитри минерална вода

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки и пијте го напитокот во текот на денот.

The post Научниците тврдат дека сокот од ова овошје го намалува целулитот: Ќе се изненадите од резултатите! appeared first on Република.

]]>

Аронијата е многу популарно овошје во последните години, а ја нарекуваат и суперхрана поради многубројните здравствени придобивки. Овие сочни, вкусни бобинки содржат завидно ниво на минерали, витамини и влакна, а во исто време се нискокалорични – имаат само 50 калории на 100 грама. Честото консумирање на аронија е поврзано со бројни благотворни ефекти по здравјето на луѓето – спречува дијабетес, ја подобрува циркулацијата на крвта, ги зајакнува крвните садови, го зајакнува имунитетот, помага за одржување на нормален крвен притисок итн. Придобивките од ова овошје се огромни! Интересно е што во една студија од 2014 година, научниците откриле дека аронијата може да влијае и на слабеењето, односно на детоксикација на телото и елиминација на целулитот. Имено, во истражувањето биле вклучени 19 жени кои биле на возраст меѓу 25 и 48 години, а сите консумирале по 100 мл сок од аронија секој ден во текот на 90 дена. Резултатите покажаа дека веќе по 45 дена има видливо намалување на целулитот. Одлична вест, нели? Доколку сакате да го испробате овој метод, ви носиме рецепт за пијалок од аронија и цвекло – овие две намирници во симбиоза се особено моќни. Потребни состојки: 2 лажици свежо исцеден сок од аронија 0,5 децилитри сок од цвекло 0,5 децилитри минерална вода Подготовка: Измешајте ги сите состојки и пијте го напитокот во текот на денот.

The post Научниците тврдат дека сокот од ова овошје го намалува целулитот: Ќе се изненадите од резултатите! appeared first on Република.

]]>
Смути кое ги топи целулитот и масните наслаги https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/smuti-koe-gi-topi-celulitot-i-masnite-naslagi/ Sat, 06 Aug 2022 19:35:14 +0000 https://republika.mk/?p=537522

Ретко кој успева да им одолее на газираните сокови, слатките и грицките. Сепак, неодоливиот вкус на овие намирници не ѝ е најсоодветен сојузник на витата линија, но и на здравјето. Според тоа, тие се најголеми причинители за појава на целулит и масни наслаги.

За да ја намалите нивната видливост, може да ви помогне еден напиток. Тој содржи доволно витамини и минерало кои се потребни на организмот, а според тоа ќе се намалат и мастите.

Состојки:

1 исцеден лимон

диња со средна величина

сол

малку свеж мелен бибер

1/3 лажици изрендано морско оревче

мала низа исечкан целер

2 лажици овесни снегулки

мала шолја свеж сок од јаболка

2 чешниња лук

Дињата ја сечкате на коцки, а потоа ги ставате сите состојки во блендер, освен овесните снегулки. Кога ќе добиете хомогена смеса, доставете ги и овесните снегулки.

The post Смути кое ги топи целулитот и масните наслаги appeared first on Република.

]]>

Ретко кој успева да им одолее на газираните сокови, слатките и грицките. Сепак, неодоливиот вкус на овие намирници не ѝ е најсоодветен сојузник на витата линија, но и на здравјето. Според тоа, тие се најголеми причинители за појава на целулит и масни наслаги. За да ја намалите нивната видливост, може да ви помогне еден напиток. Тој содржи доволно витамини и минерало кои се потребни на организмот, а според тоа ќе се намалат и мастите. Состојки: 1 исцеден лимон диња со средна величина сол малку свеж мелен бибер 1/3 лажици изрендано морско оревче мала низа исечкан целер 2 лажици овесни снегулки мала шолја свеж сок од јаболка 2 чешниња лук Дињата ја сечкате на коцки, а потоа ги ставате сите состојки во блендер, освен овесните снегулки. Кога ќе добиете хомогена смеса, доставете ги и овесните снегулки.

The post Смути кое ги топи целулитот и масните наслаги appeared first on Република.

]]>
Поза со која ќе се ослободите од целулитот за еден месец https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/poza-so-koja-kje-se-oslobodite-od-celulitot-za-eden-mesec/ Tue, 14 Jun 2022 19:44:05 +0000 https://republika.mk/?p=514871

Не сте сигурни точно кога се случи, но ви се чини дека таканаречената „кора од портокал“ ви ги опседна бутовите и задникот за многу кратко време?

За среќа постои одличен, евтин и ефективен начин како повторно да добиете мазна и затегната кожа.

Се работи за јога поза која ќе ви помогне во борбата со целулитот.

Истражувањата докажале дека вежбањето јога е најефикасен начин за да го поттикнете протокот на лимфа, за елиминација на токсини и намалено задржување на течности во телото.

noze stikli celulit

Секојдневно практикувајте ја по 20 минути, а доколку немате време секој ден, обидете се барем трипати неделно.

Вежбата мора да ја правите смирено и бавно. Резултатите ќе бидат видливи за месец дена.

Изведување на вежбата:

balerina balet

Заземете став со благ расчекор. Ставете ги рацете на колковите, а десната нога поткренете ја и свиткајте ја наназад кај коленото. Полека подигајте ја нагоре. Со лесни движења, 20 пати турнете ја петата нагоре.

Кога ќе завршите со подигнувањето, со десната рака фатете го десниот зглоб. Повлечете ја ногата нагоре, а истовремено левата рака кренете ја во вис.

Во таа положба останете 20 секунди. Правилно дишете.

Вратете се во почетната положба и повторете со другата нога.

The post Поза со која ќе се ослободите од целулитот за еден месец appeared first on Република.

]]>

Не сте сигурни точно кога се случи, но ви се чини дека таканаречената „кора од портокал“ ви ги опседна бутовите и задникот за многу кратко време? За среќа постои одличен, евтин и ефективен начин како повторно да добиете мазна и затегната кожа. Се работи за јога поза која ќе ви помогне во борбата со целулитот. Истражувањата докажале дека вежбањето јога е најефикасен начин за да го поттикнете протокот на лимфа, за елиминација на токсини и намалено задржување на течности во телото. noze stikli celulit Секојдневно практикувајте ја по 20 минути, а доколку немате време секој ден, обидете се барем трипати неделно. Вежбата мора да ја правите смирено и бавно. Резултатите ќе бидат видливи за месец дена. Изведување на вежбата: balerina balet Заземете став со благ расчекор. Ставете ги рацете на колковите, а десната нога поткренете ја и свиткајте ја наназад кај коленото. Полека подигајте ја нагоре. Со лесни движења, 20 пати турнете ја петата нагоре. Кога ќе завршите со подигнувањето, со десната рака фатете го десниот зглоб. Повлечете ја ногата нагоре, а истовремено левата рака кренете ја во вис. Во таа положба останете 20 секунди. Правилно дишете. Вратете се во почетната положба и повторете со другата нога.

The post Поза со која ќе се ослободите од целулитот за еден месец appeared first on Република.

]]>
Лимон диетата е апсолутен летен хит https://republika.mk/zivot/kujnski-tefter/limon-dietata-e-apsoluten-leten-hit/ Fri, 10 Jun 2022 19:00:11 +0000 https://republika.mk/?p=513297

Оваа диета е многу популарна затоа што, покрај тоа што дава резултати, не бара комплицирана подготовка на оброк

Лимонот е моќен антиоксиданс кој ја поттикнува работата на дебелото црево, има антиканцерогени својства, ги намалува воспалителните состојби. Лимонската киселина, која ја има во изобилство во лимонот, помага во спречување на камења во бубрезите. Богат е со витамини Ц, Б, содржи селен, тиамин, рибофлавин, калциум, железо и магнезиум.

Лимонската киселина исто така има способност да согорува масти и да го забрза метаболизмот. Влакната сочинуваат околу 4,5 проценти од тежината на секој лимон и го спречуваат гладот. Излегува дека, за време на оваа диета, нема да имате постојана желба за храна, а со тоа и за внесување повеќе калории.

Диетата со лимон има едноставен принцип: не мора да ја подготвувате на посебен начин, туку само да исцедите сок од лимон. Диетата трае 14 дена, а и да прескокнете еден ден, нема да го расипете резултатот.

Секој ден треба да пиете одредена количина лимонада. Се разбира, со балансирани оброци и тренинг. Ова е планот:

Ден 1: Измешајте сок од еден лимон со чаша вода и испијте веднаш по будењето.
Ден 2: Измешајте сок од два лимони со две чаши вода. Додадете малку мед и испијте веднаш наутро.
Ден 3: Измешајте сок од три лимони со три чаши вода и додадете мед. Пијте половина наутро и половина пред ручек.
Ден 4: Измешајте сок од четири лимони со четири чаши вода и малку мед. Пијте малку наутро, пред ручек и пред спиење.
Ден 5: Измешајте сок од пет лимони со пет чаши вода и мед. Пијте исто како и претходниот ден.
Ден 6: Измешајте сок од шест лимони со шест чаши вода и пијте малку пред секој оброк.
Ден 7: Измешајте сок од три лимони со десет чаши вода. Пијте три пати пред јадење.
Ден 8: Измешајте сок од шест лимони со шест чаши вода. Пијте три пати пред јадење.
Ден 9: Измешајте сок од пет лимони со пет чаши вода. Пијте три пати пред јадење.
Ден 10: Измешајте сок од четири лимони со четири чаши вода и малку мед. Пијте три пати пред јадење.
Ден 11: Измешајте сок од три лимони со три чаши вода и малку мед. Пијте двапати.
Ден 12: Измешајте сок од два лимони со две чаши вода. Пијте наутро пред појадок.
Ден 13: Пијте сок од еден лимон измешан со чаша вода.
Ден 14: Измешајте сок од три лимони со десет чаши вода. Додадете една лажичка мед и пијте неколку пати.

НАПОМЕНА: Оваа диета не се препорачува за луѓе со гастроинтестинални проблеми, затоа најдобро е прво да се консултирате со вашиот лекар.

The post Лимон диетата е апсолутен летен хит appeared first on Република.

]]>

Оваа диета е многу популарна затоа што, покрај тоа што дава резултати, не бара комплицирана подготовка на оброк Лимонот е моќен антиоксиданс кој ја поттикнува работата на дебелото црево, има антиканцерогени својства, ги намалува воспалителните состојби. Лимонската киселина, која ја има во изобилство во лимонот, помага во спречување на камења во бубрезите. Богат е со витамини Ц, Б, содржи селен, тиамин, рибофлавин, калциум, железо и магнезиум. Лимонската киселина исто така има способност да согорува масти и да го забрза метаболизмот. Влакната сочинуваат околу 4,5 проценти од тежината на секој лимон и го спречуваат гладот. Излегува дека, за време на оваа диета, нема да имате постојана желба за храна, а со тоа и за внесување повеќе калории. Диетата со лимон има едноставен принцип: не мора да ја подготвувате на посебен начин, туку само да исцедите сок од лимон. Диетата трае 14 дена, а и да прескокнете еден ден, нема да го расипете резултатот. Секој ден треба да пиете одредена количина лимонада. Се разбира, со балансирани оброци и тренинг. Ова е планот: Ден 1: Измешајте сок од еден лимон со чаша вода и испијте веднаш по будењето. Ден 2: Измешајте сок од два лимони со две чаши вода. Додадете малку мед и испијте веднаш наутро. Ден 3: Измешајте сок од три лимони со три чаши вода и додадете мед. Пијте половина наутро и половина пред ручек. Ден 4: Измешајте сок од четири лимони со четири чаши вода и малку мед. Пијте малку наутро, пред ручек и пред спиење. Ден 5: Измешајте сок од пет лимони со пет чаши вода и мед. Пијте исто како и претходниот ден. Ден 6: Измешајте сок од шест лимони со шест чаши вода и пијте малку пред секој оброк. Ден 7: Измешајте сок од три лимони со десет чаши вода. Пијте три пати пред јадење. Ден 8: Измешајте сок од шест лимони со шест чаши вода. Пијте три пати пред јадење. Ден 9: Измешајте сок од пет лимони со пет чаши вода. Пијте три пати пред јадење. Ден 10: Измешајте сок од четири лимони со четири чаши вода и малку мед. Пијте три пати пред јадење. Ден 11: Измешајте сок од три лимони со три чаши вода и малку мед. Пијте двапати. Ден 12: Измешајте сок од два лимони со две чаши вода. Пијте наутро пред појадок. Ден 13: Пијте сок од еден лимон измешан со чаша вода. Ден 14: Измешајте сок од три лимони со десет чаши вода. Додадете една лажичка мед и пијте неколку пати. НАПОМЕНА: Оваа диета не се препорачува за луѓе со гастроинтестинални проблеми, затоа најдобро е прво да се консултирате со вашиот лекар.

The post Лимон диетата е апсолутен летен хит appeared first on Република.

]]>