библиотека „Браќа Миладинвци“ Archives - Република https://republika.mk/tema/biblioteka-braka-miladinvtsi/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Nov 2024 08:24:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png библиотека „Браќа Миладинвци“ Archives - Република https://republika.mk/tema/biblioteka-braka-miladinvtsi/ 32 32 Разговор со Виолета Танчева-Златева во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/razgovor-so-violeta-tancheva-zlateva-vo-gradskata-biblioteka-braka-miladinovtsi-vo-skopje/ Wed, 06 Nov 2024 08:24:52 +0000 https://republika.mk/?p=834578

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје вечер ќе се одржи разговор со поетесата и писателка Виолета Танчева-Златева, чиј роман „Бела Сама“ е книга на месецот. Разговорот со авторката и книгата на месецот се дел од кампањата „Читаме современи македонски автори“ што библиотеката ја води трета година по ред.

„Бела Сама“ е семеен роман за тагата, загубата, осаменоста и себеприфаќањето. Тоа е книга за вечната борба меѓу доброто и злото, меѓу градот и селото, за комплицираните семејни релации.

Бела Сама е и Бела и Сама, впрочем, како толкумина други девојчиња, девојки и жени кои поминуваат покрај нас со своето време што можат да го видат само нашите внатрешни очи. Виолета Танчева-Златева на топол хуманистички начин токму ним им дава право на глас и со тоа им нуди четиво за промислување, за сеќавање, за поддршка и дејствување, пишува Лидија Димковска.

Разговорот ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј Серафимовски.

Виолета Танчева-Златева (1968, с. Бориево, Струмица) е поетеса, раскажувач, есеист, преведувач, лектор. Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 2000 година и на Здружението на лекторите на Република Македонија. Била член на редакциите на списанието за книжевност и култура „АКТ“ и на списанието на ДПМ „Стожер“. Работи како лектор во Издавачки центар ТРИ – Скопје. Ги има објавено следните книги проза: „Книга за сонот“ (куса проза, 1991), „Враќања“ (роман, 1993), „Враќајќи се во Бориево“ (раскази, 1999); епистоларниот роман за деца „Шарени писма“ (2008), „Раскази од минатиот век“ (2022), романот „Бела Сама“ (2023).

Објавени се и нејзините поетски книги: „Мојот Пикасо“ (2007; и двојазично издание на српски и македонски јазик „Мој Пикасо/Мојот Пикасо“, Задужбина „Петар Кочиќ“, Бања Лука–Београд, 2008), „Заробеници на молкот“ (2010), „Огнена“ (2011), „Нашата приказна“ (2013), „Година без лето“ (2015, и на англиски „A Summerless Year“ во издание на Струшки вечери на поезијата, 2016), „Патот“ (2018), „На работ на светот и Капе времето“ (2021), „Глуво време“ (2023). Застапена е во повеќе избори, панорами и антологии на повеќе јазици и добитник е на повеќе значајни домашни и меѓународни книжевни награди. 

The post Разговор со Виолета Танчева-Златева во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје appeared first on Република.

]]>