автопати Archives - Република https://republika.mk/tema/avtopati/ За подобро да се разбереме Tue, 11 Apr 2023 09:49:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png автопати Archives - Република https://republika.mk/tema/avtopati/ 32 32 Потпишале документи за кои Уставниот суд се изјаснил дека се противуставни – Панова бара одговорност од Ковачевски и Груби https://republika.mk/vesti/makedonija/potpishale-dokumenti-za-koi-ustavniot-sud-se-izjasnil-deka-se-protivustavni-panova-bara-odgovornost-od-kovachevski-i-grubi/ Tue, 11 Apr 2023 09:49:27 +0000 https://republika.mk/?p=629747

Дали СДС и ДУИ, т.е. Димитар Ковачевски и Артан Груби со договорот кој го потпишале со Бехтел и Енка ја обврзале Македонија да плаќа милионски пенали, доколку не се измени Законот за работни односи и не се овозможи 60 часовна работна недела за работниците кои ќе работат на проектот на Бехтел и Енка на Коридорите 8 и 10д, прашува Ели Панова, заменик координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку е вистина, пеналите кои Ковачевски и Груби ги прифатиле како дел од договорот се на директна штета на државата и надвор од нивните овластувања како извршна власт.

Согласно извадокот од договорот кој го виде македонската јавност се обврзале во рок од 45 дена од денот на потпишување на договорот да го сменат Законот за работни односи и да воведат 60 часовна работна недела, во спротивно треба да исплатат еднократни пенали во висина од 53 милиони евра. Плус, тие се обврзале секој месец да исплаќаат допопнителни 1 милион 265 илјади евра на име постојани пенали додека трае договорот, доколку не се измени Законот и не се воведе 60 часовна работна недела. И Ковачевски и Груби ја злоупотребиле својата службена положба и овластување и за ова мора да има одговорност - рече Панова.

Дополнително треба да се нотира дека и Ковачевски и Груби потпишале договор, кој содржи елементи за кои Уставниот суд се изјаснил дека се противуставни. Имено на седница од 13 јули 2022 година Уставниот суд донесе одлука за укинување на оспорениот член за 60 часовна работна недела кој беше дел од Законот гласан во Собранието за Бехтел и Енка бидејќи е во спротивност со темелните вредности владеење на правото предвидена во членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, како спротивен на членот 9 според кој граѓаните пред Уставот и законите се еднакви. Уставниот суд оцени дека со овој член се повредува правото на дневен и неделен одмор, односно дека е во спротивност со членот 32 став 4 од Уставот.

Зошто Ковачевски и Груби иако знаеле за оваа пресуда на Уставен пристапиле кон потпишување на договор кој содржи неуставни обврски, прашува Панова.

Ова не е единствената штета од законите кои СДС и ДУИ ги предлагаат да бидат изгласани по скратена постапка.

Власта спротивно на сите европски практики му овозможува на изведувачот инстант пренамена на земјоделското земјиште и шуми во градежно земјиште, со ова се прескокнуваат голем број институции и комисии, но и се дерогира системот.

Власта го оштетува буџетот и преку измените на закон со кои изведувачот се ослободува од даноци, царини и акцизи.

Со законските измени предложени од власта му се овозможува на изведувачот да може да врши експлоатација на минерални суровини во било кој дел од Македонија само со одлука на Влада и до 6 месеци по завршување на проектот. Со ова повторно имаме прескокнување на министерства, на институции и се анулираат закони.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе пристапи кон изготвување на суштински амандмани со цел подобрување на овие закони и избегнување на штетите кои би ги трпела Македонија од неспособноста на Ковачевски и Груби - додаде Панова.

The post Потпишале документи за кои Уставниот суд се изјаснил дека се противуставни – Панова бара одговорност од Ковачевски и Груби appeared first on Република.

]]>

Дали СДС и ДУИ, т.е. Димитар Ковачевски и Артан Груби со договорот кој го потпишале со Бехтел и Енка ја обврзале Македонија да плаќа милионски пенали, доколку не се измени Законот за работни односи и не се овозможи 60 часовна работна недела за работниците кои ќе работат на проектот на Бехтел и Енка на Коридорите 8 и 10д, прашува Ели Панова, заменик координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Доколку е вистина, пеналите кои Ковачевски и Груби ги прифатиле како дел од договорот се на директна штета на државата и надвор од нивните овластувања како извршна власт.
Согласно извадокот од договорот кој го виде македонската јавност се обврзале во рок од 45 дена од денот на потпишување на договорот да го сменат Законот за работни односи и да воведат 60 часовна работна недела, во спротивно треба да исплатат еднократни пенали во висина од 53 милиони евра. Плус, тие се обврзале секој месец да исплаќаат допопнителни 1 милион 265 илјади евра на име постојани пенали додека трае договорот, доколку не се измени Законот и не се воведе 60 часовна работна недела. И Ковачевски и Груби ја злоупотребиле својата службена положба и овластување и за ова мора да има одговорност - рече Панова.
Дополнително треба да се нотира дека и Ковачевски и Груби потпишале договор, кој содржи елементи за кои Уставниот суд се изјаснил дека се противуставни. Имено на седница од 13 јули 2022 година Уставниот суд донесе одлука за укинување на оспорениот член за 60 часовна работна недела кој беше дел од Законот гласан во Собранието за Бехтел и Енка бидејќи е во спротивност со темелните вредности владеење на правото предвидена во членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, како спротивен на членот 9 според кој граѓаните пред Уставот и законите се еднакви. Уставниот суд оцени дека со овој член се повредува правото на дневен и неделен одмор, односно дека е во спротивност со членот 32 став 4 од Уставот. Зошто Ковачевски и Груби иако знаеле за оваа пресуда на Уставен пристапиле кон потпишување на договор кој содржи неуставни обврски, прашува Панова. Ова не е единствената штета од законите кои СДС и ДУИ ги предлагаат да бидат изгласани по скратена постапка. Власта спротивно на сите европски практики му овозможува на изведувачот инстант пренамена на земјоделското земјиште и шуми во градежно земјиште, со ова се прескокнуваат голем број институции и комисии, но и се дерогира системот. Власта го оштетува буџетот и преку измените на закон со кои изведувачот се ослободува од даноци, царини и акцизи. Со законските измени предложени од власта му се овозможува на изведувачот да може да врши експлоатација на минерални суровини во било кој дел од Македонија само со одлука на Влада и до 6 месеци по завршување на проектот. Со ова повторно имаме прескокнување на министерства, на институции и се анулираат закони.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе пристапи кон изготвување на суштински амандмани со цел подобрување на овие закони и избегнување на штетите кои би ги трпела Македонија од неспособноста на Ковачевски и Груби - додаде Панова.

The post Потпишале документи за кои Уставниот суд се изјаснил дека се противуставни – Панова бара одговорност од Ковачевски и Груби appeared first on Република.

]]>
Дуи ќе ни гради автопати за 1,3 милијарди евра на кои ќе возат електрични коли од фабриката во Тетово која доби 130 милиони евра од државата. Всичко е добре. https://republika.mk/tvitovi/dui-ke-ni-gradi-avtopati-za-1-3-milijardi-evra-na-koi-ke-vozat-elektrichni-koli-od-fabrikata-vo-tetovo-koja-dobi-130-milioni-evra-od-drzhavata-vsichko-e-dobre/ Tue, 14 Mar 2023 16:37:33 +0000 https://republika.mk/?p=619647

Дуи ќе ни гради автопати за 1,3 милијарди евра на кои ќе возат електрични коли од фабриката во Тетово која доби 130 милиони евра од државата. Всичко е добре.

The post Дуи ќе ни гради автопати за 1,3 милијарди евра на кои ќе возат електрични коли од фабриката во Тетово која доби 130 милиони евра од државата. Всичко е добре. appeared first on Република.

Јавното обвинителство веднаш да почне постапка за надзорот на автопатиштата https://republika.mk/vesti/makedonija/javnoto-obvinitelstvo-vednash-da-pochne-postapka-za-nadzorot-na-avtopatishtata/ Mon, 13 Mar 2023 07:37:42 +0000 https://republika.mk/?p=618943

Владата треба веднаш да го поништи тендерот за надзор при изградбата на автопатиштата на коридорите 8 и 10Д, а ЈО да отвори постапка, кај три од четирите компании од корзорциумот има големи неправилности и криминал, бара ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија, покрај компанијата Ептиса, која има кинески капитал и за која се менувала тендерската постапка се со цел да може да учествува и да го добие тендерот, и покрај Евро консалтинг каде што сопственик е Бранимир Димитријевиќ лице барано со меѓународна потерница од Ерменија за сторен криминал во вредност од над 1.8 милион долари, и кај третата компанија Електра Солушан има неправилности при тендерската постапка и руски капитал.

Првиот тендер за надзор на автопатиштата беше поништен бидејќи, во Конзорциумот ИГХ имаше руски капитал, конзорциум во кој дел беше и компанијата Институт за патишта Велес.

Компанијата Електра солушн е ќерка фирма на компанијата Институт за патишта Велес, каде што сопственик на Институт за патишта Велес е Сотир Ампов, а кај компанијата Електра солушн сопственик е неговиот син Андон Ампов.

Откако е раскинат првиот договор со ИГХ, се распишува нов оглас, во период на распишување на новиот оглас, сега помалиот Ампов, преку Електра Солушн поднесува за лиценца за надзор на објекти од прва категорија, која и ја добива среде јавен повик за поднесување на понуди. По добивањето на лиценцата на Електра Солушн, се менуваат условите на тендерот, се продолжува рокот за доставување на понуди, и се овозможува фирми загубари како ЕПТИСА и Електра Солушн да бидат дел од работата.

За да ја добие лиценцата за надзор компанијата на Ампов потребно е да има одреден број на вработени со соодветна стручна спрема и за таа цел дел од вработените во Институт за патишта Велес, кој се поврзува со руската врска од првиот тендер се пријавуваат и во Електра Солушн на работно време од 10 часа неделно.
Се со цел да ја добие лиценцата за да учествува во тендерот синот ги пријавува овие лица од фирмата на неговиот татко. Со тоа се отвора огромен сомнеж за странски капитал и во оваа компанија.

Целиот процес за избор на надзорот на автопатиштата е скандалозен и криминален.

За тоа Јавното обвинителство мора да реагира. Фирми со сомнителен капитал, промени во тендерската постапка, фирми кои добиваат лиценца во постапката се причини за да се поведе постапка-смета ВМРО-ДПМНЕ.

The post Јавното обвинителство веднаш да почне постапка за надзорот на автопатиштата appeared first on Република.

]]>

Владата треба веднаш да го поништи тендерот за надзор при изградбата на автопатиштата на коридорите 8 и 10Д, а ЈО да отвори постапка, кај три од четирите компании од корзорциумот има големи неправилности и криминал, бара ВМРО-ДПМНЕ. Според опозициската партија, покрај компанијата Ептиса, која има кинески капитал и за која се менувала тендерската постапка се со цел да може да учествува и да го добие тендерот, и покрај Евро консалтинг каде што сопственик е Бранимир Димитријевиќ лице барано со меѓународна потерница од Ерменија за сторен криминал во вредност од над 1.8 милион долари, и кај третата компанија Електра Солушан има неправилности при тендерската постапка и руски капитал. Првиот тендер за надзор на автопатиштата беше поништен бидејќи, во Конзорциумот ИГХ имаше руски капитал, конзорциум во кој дел беше и компанијата Институт за патишта Велес.
Компанијата Електра солушн е ќерка фирма на компанијата Институт за патишта Велес, каде што сопственик на Институт за патишта Велес е Сотир Ампов, а кај компанијата Електра солушн сопственик е неговиот син Андон Ампов.
Откако е раскинат првиот договор со ИГХ, се распишува нов оглас, во период на распишување на новиот оглас, сега помалиот Ампов, преку Електра Солушн поднесува за лиценца за надзор на објекти од прва категорија, која и ја добива среде јавен повик за поднесување на понуди. По добивањето на лиценцата на Електра Солушн, се менуваат условите на тендерот, се продолжува рокот за доставување на понуди, и се овозможува фирми загубари како ЕПТИСА и Електра Солушн да бидат дел од работата. За да ја добие лиценцата за надзор компанијата на Ампов потребно е да има одреден број на вработени со соодветна стручна спрема и за таа цел дел од вработените во Институт за патишта Велес, кој се поврзува со руската врска од првиот тендер се пријавуваат и во Електра Солушн на работно време од 10 часа неделно. Се со цел да ја добие лиценцата за да учествува во тендерот синот ги пријавува овие лица од фирмата на неговиот татко. Со тоа се отвора огромен сомнеж за странски капитал и во оваа компанија. Целиот процес за избор на надзорот на автопатиштата е скандалозен и криминален.
За тоа Јавното обвинителство мора да реагира. Фирми со сомнителен капитал, промени во тендерската постапка, фирми кои добиваат лиценца во постапката се причини за да се поведе постапка-смета ВМРО-ДПМНЕ.

The post Јавното обвинителство веднаш да почне постапка за надзорот на автопатиштата appeared first on Република.

]]>
Вучиќ ќе мери колку автопати изградил тој, а колку Тито https://republika.mk/vesti/vuchik-ke-meri-kolku-avtopati-izgradil-toj-a-kolku-tito/ Sat, 07 Jan 2023 19:32:22 +0000 https://republika.mk/?p=593929

Претседателот Александар Вучиќ вели дека во Србија се градат автопати колку никогаш порано и дека кога ќе му заврши мандатот ќе се спрореди со Тито кој има изградено повеќе.

Имаше луѓе кои велеа дека нема да биде изграден ниту еден автопат.Јас пред крајот на мандатот ќе ги измерам километрите за време на владеењето на 35 години на Тито и сопственото владеење па да види народ кој повеќе патишта изградил. Да видиме и кој повеќе пруги изградил, чии плати и пензии се зголемени. Само да го сочуваме мирот - најави Вучиќ.

The post Вучиќ ќе мери колку автопати изградил тој, а колку Тито appeared first on Република.

Груби: Тендерот за надзор на Коридорот 8 пропадна поради „руски пари“ во хрватската комапнија https://republika.mk/vesti/ekonomija/grubi-tenderot-za-nadzor-na-koridorot-8-propadna-poradi-ruski-pari-vo-hrvatskata-komapnija/ Tue, 20 Sep 2022 06:55:19 +0000 https://republika.mk/?p=552471

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби ексклузивно во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 одовори во врска со тендерот за надзор на изградба на Коридор 8, договор кој го доби „Бехтел Енка“.

На тендерот за надзор се јавиле две компании, Хил, американска и една хрватска компанија. Американската компанија не ја доставила документацијата навремено со што била дисквалификувана и со тоа останала само хрватската. Но, хрватската компанија не ја доставила банкарската гаранција од 2.7 милиони евра. Подоцна се увидело дека зад таа компанија стојат руски пари.

Според Груби, добро што излегло вака, на наредниот тендер оваа компанија нема да има право да учествува. Според него, сега се очекува во средината на ноември да започне се ако се оди според планот.

Ова беше објаснување на Првиот Заменик на Претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби зошто не започнала изградбата во месец август како што рече лидерот Ахмети во истото студио.

Договорот беше склучен на 3 август годинава помеѓу ЈПДП и фирмата носител на групата понудувачи „ИГХ Институт“ од Загреб, Хрватска. Вредноста на договорот изнесувала 22,6 милиони евра, а во информацијата што ИГХ Институт ја доставил до Загрепската берза пишува дека таа на тендерот настапила заедно со македонска фирма со назив „Институт за патишта“ со седиште во Велес.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/i-ova-go-utnaa-propadna-tenderot-za-nadzor-vrz-behtel-i-enka-za-izgradbata-na-avtopatite/

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски сподели куса информација дека пропаднал проект вреден повеќе од 2 милијарди евра. Причина за тоа, според кусата објава на Мицкоски, е презафатеноста на владата со местење тендери за надзор. Вредноста на тендерите е вртоглава – 22,9 милиони евра.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/mickoski-za-tenderi-od-23-milioni-evra-propadna-proekt-vreden-nad-2-milijardi-evra/

The post Груби: Тендерот за надзор на Коридорот 8 пропадна поради „руски пари“ во хрватската комапнија appeared first on Република.

]]>

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби ексклузивно во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 одовори во врска со тендерот за надзор на изградба на Коридор 8, договор кој го доби „Бехтел Енка“. На тендерот за надзор се јавиле две компании, Хил, американска и една хрватска компанија. Американската компанија не ја доставила документацијата навремено со што била дисквалификувана и со тоа останала само хрватската. Но, хрватската компанија не ја доставила банкарската гаранција од 2.7 милиони евра. Подоцна се увидело дека зад таа компанија стојат руски пари. Според Груби, добро што излегло вака, на наредниот тендер оваа компанија нема да има право да учествува. Според него, сега се очекува во средината на ноември да започне се ако се оди според планот. Ова беше објаснување на Првиот Заменик на Претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби зошто не започнала изградбата во месец август како што рече лидерот Ахмети во истото студио. Договорот беше склучен на 3 август годинава помеѓу ЈПДП и фирмата носител на групата понудувачи „ИГХ Институт“ од Загреб, Хрватска. Вредноста на договорот изнесувала 22,6 милиони евра, а во информацијата што ИГХ Институт ја доставил до Загрепската берза пишува дека таа на тендерот настапила заедно со македонска фирма со назив „Институт за патишта“ со седиште во Велес. https://republika.mk/vesti/ekonomija/i-ova-go-utnaa-propadna-tenderot-za-nadzor-vrz-behtel-i-enka-za-izgradbata-na-avtopatite/ Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски сподели куса информација дека пропаднал проект вреден повеќе од 2 милијарди евра. Причина за тоа, според кусата објава на Мицкоски, е презафатеноста на владата со местење тендери за надзор. Вредноста на тендерите е вртоглава – 22,9 милиони евра. https://republika.mk/vesti/ekonomija/mickoski-za-tenderi-od-23-milioni-evra-propadna-proekt-vreden-nad-2-milijardi-evra/

The post Груби: Тендерот за надзор на Коридорот 8 пропадна поради „руски пари“ во хрватската комапнија appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: За тендери од 23 милиони евра пропадна проект вреден над 2 милијарди евра https://republika.mk/vesti/ekonomija/mickoski-za-tenderi-od-23-milioni-evra-propadna-proekt-vreden-nad-2-milijardi-evra/ Tue, 16 Aug 2022 08:48:53 +0000 https://republika.mk/?p=540795

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски сподели куса информација дека пропаднал прокет вреден повеќе од 2 милијарди евра. Причина за тоа, според кусата објава на Мицкоски, е презафатеноста на владата со местење тендери за надзор. Вредноста на тендерите е вртоглава - 22,9 милиони евра.

Претходно, Јавното претпријатие за државни патишта го поништи тендерот на кој за надзор врз изградбата на новите автопати беа избрани фирми од Хрватска и од Македонија. Раководството на ЈПДП соопшти дека постапката е поништена и договорот шт беше потпишан минатата недела е ништовен затоа што добитникот на тендерот не доставил банкарска гаранција на износ од 2,6 милиони евра.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/i-ova-go-utnaa-propadna-tenderot-za-nadzor-vrz-behtel-i-enka-za-izgradbata-na-avtopatite/

ВМРО-ДПМНЕ тогаш ја обвини власта дека местејќи го надзорот пропаднаа тендер од над 2 милијарди евра за 3 автопатски делници.

Владата местејќи го тендерот за надзор вреден вреден над 22,9 милиони евра, го пропаднаа проектот вреден од над 2 милијарди евра за изградба на 3-те автопатски делници.

Пропаѓаат пари од европски фондови, патиштата кои започнуваат да ги градат, не ги доградуваат. За ова сведочи автопатската делница Кичево – Охрид, која 6 години не е помрдната ниту милиметар. Од друга страна, пак, поради реконструкцијата на 5 километри, автопатот Петровец - Каталаново половина година е нефункционален и се вози во една лента.

Ама за тоа експресно ги изградија патарините на автопатот Миладиновци-Штип, коментираат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Мицкоски: За тендери од 23 милиони евра пропадна проект вреден над 2 милијарди евра appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски сподели куса информација дека пропаднал прокет вреден повеќе од 2 милијарди евра. Причина за тоа, според кусата објава на Мицкоски, е презафатеноста на владата со местење тендери за надзор. Вредноста на тендерите е вртоглава - 22,9 милиони евра. Претходно, Јавното претпријатие за државни патишта го поништи тендерот на кој за надзор врз изградбата на новите автопати беа избрани фирми од Хрватска и од Македонија. Раководството на ЈПДП соопшти дека постапката е поништена и договорот шт беше потпишан минатата недела е ништовен затоа што добитникот на тендерот не доставил банкарска гаранција на износ од 2,6 милиони евра. https://republika.mk/vesti/ekonomija/i-ova-go-utnaa-propadna-tenderot-za-nadzor-vrz-behtel-i-enka-za-izgradbata-na-avtopatite/ ВМРО-ДПМНЕ тогаш ја обвини власта дека местејќи го надзорот пропаднаа тендер од над 2 милијарди евра за 3 автопатски делници.
Владата местејќи го тендерот за надзор вреден вреден над 22,9 милиони евра, го пропаднаа проектот вреден од над 2 милијарди евра за изградба на 3-те автопатски делници.
Пропаѓаат пари од европски фондови, патиштата кои започнуваат да ги градат, не ги доградуваат. За ова сведочи автопатската делница Кичево – Охрид, која 6 години не е помрдната ниту милиметар. Од друга страна, пак, поради реконструкцијата на 5 километри, автопатот Петровец - Каталаново половина година е нефункционален и се вози во една лента.
Ама за тоа експресно ги изградија патарините на автопатот Миладиновци-Штип, коментираат од ВМРО-ДПМНЕ.
 
The post Мицкоски: За тендери од 23 милиони евра пропадна проект вреден над 2 милијарди евра appeared first on Република.

]]>
Делница по делница: Ивановски образложи зошто изградбата на државната инфраструктура е во целосен колапс https://republika.mk/vesti/makedonija/delnica-po-delnica-ivanovski-obrazlozi-zoshto-izgradbata-na-drzavnata-infrastruktura-e-vo-celosen-kolaps/ Thu, 03 Feb 2022 16:52:19 +0000 https://republika.mk/?p=453740

СДСМ во последниве 5 години по трет пат формира старо-нова влада и по трет пат во владината програма ветува изградба на инфраструктурни проекти кои во реалноста и не се случуваат. Ниту пак меѓувремено оние проекти започнати од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ добиле некаков прогрес во нивната реализација, рече на денешната прес-конференција Синиша Ивановски, претседател на Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ. Додаде дека продолжувајќи во истиот стил на ветено и неостварено СДСМ мораа себеси да се надминат, по што наброја сè што власта вети дека ќе реализира и ќе работи овие наредни две години.

Ветија изградба на Коридорот 8, тука пред се мислат на Тетово – Гостивар проширување до ниво на автопат, потоа изградба – завршување на автопатот од Кичево - Охрид, како и автопат од Требеништа до Струга и Ќафасан. Потоа ветија железничкото поврзување од Куманово до Крива Паланка па се до границата со Бугарија, целосна реконструкција и доизградба на коридорот 10 и неговиот крак 10-Д, тука пред се мислат на експресниот пат од Градско до Прилеп како и автопатот од Прилеп до Битола и понатаму до границата со Грција. И ова се добро звучи на хартија, ова е лесно да се стави во владина програма но кога ќе дојдеме до оперативно реализирање на ветените инфраструктурни проекти сфаќаме дека си имаме работа со СДСМ, си имаме работа со нивната нестручност, нивната инертност, и нивната неможност да ја градат државната инфраструктура, вели Ивановски.

Тој коментира дека Македонија ниту има капацитет финансиски во две години да ги изгради или пак паралелно да ги гради сите овие инфраструктурни ветувања, ниту пак има капацитет на градежната оператива во државата за да се направат сите овие делници.

Како еден пример ќе наведам еден голем шопинг мол во Скопје кој што неодамна се градеше, истиот тој сериозно ја подзакочи целата оператива во оваа држава, па затоа за да се заврши овој шопинг мол имаше потреба да се носат градежни екипи од државите до Македонија, потсети Ивановски.

Тој даде краток осврт за сите инфраструктурни ветувања на СДСМ:

1. Изградба на автопат Кичево – Охрид

За овој автопат веќе е и срамно да се говори, петта година поминува како СДСМ се докажаа како мајстори за застој во изградбата на овој автопат. Наместо да се возиме веќе втора, трета година по модерен автопат, на самата траса гледаме никната трева и гледаме недостиг на механизација на градежна оператива. Ќе потсетиме во 2017 година при примопредавање на власта помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за реализација на овој автопат беше заклучено дека е направено 51% од реализираност, денес после 5 години имаме само едвај 70% во реализација, а она што е поважно овој автопат успеаја да го дигнат во чинење за скоро 200 милиони евра.

2. Автопат Скопје - Блаце

Овој автопат е огледало на неработењето на сите влади на СДСМ, замислете должината на првиот дел е само 2 километри и веќе петта година не успеваат да направат ниту еден километар, и согласно овој пример ние не можеме да очекуваме никакви успеси во изградбата на виталните државни коридори.

3. Автопат Гостивар – Кичево

Ќе напоменам дека овој автопат е започнат со проектирање уште во 2016 година, сега сме 2022 година и се уште не е започната изградбата на овој автопат, а како ветување стои во токму секоја програма која што СДСМ ја ветува пред избори или после избори.

4. Експресен пат Градско - Прилеп

Започнат е со реализација уште во 2015-та година, значи пред 7 години и во овие 5 години единствено што се случи на овој пат е да побегне фирмата изведувач и дури сега, во последнава година дена да имаме какви такви придвижувања наместо овој автопат да биде завршен веќе одамна.

5. Автопат Прилеп - Битола

Иако го ветуваше СДСМ уште во 2016 година во нивната изборна програма, засега можеме само да го видиме во владините програми, а далеку од тоа да го видиме реалноста или да се реализира истиот.

6. Железничкото поврзување со Бугарија, преку Куманово – Бељаковце - Крива Паланка

И понатаму останува енигма за оваа власт, тие наместо да работат ветуваат само завршување, даваат рокови, а првиот беше во 2019-та година и не го остварија. Сами дадоа нов рок 2021 година и се разбира и тој е пробиен, а како може да запазиме некој рок, како можеме да реализираме инфраструктурен проект ако на терен не се случуваат никакви градежни активности.

Да сумирам, СДСМ и изградба на државната инфраструктура, која е од интерес на државата, на граѓаните, на економијата, од интерес на туризмот, безбедноста и СДСМ не одат заедно. Меѓутоа СДСМ и неработење, СДСМ и анекси, пробиени рокови, е тоа веќе оди заедно, смета Ивановски.

https://youtu.be/O4G4uDdzG0o

The post Делница по делница: Ивановски образложи зошто изградбата на државната инфраструктура е во целосен колапс appeared first on Република.