албаннско знаме Archives - Република https://republika.mk/tema/albannsko-zname/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Nov 2024 12:42:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png албаннско знаме Archives - Република https://republika.mk/tema/albannsko-zname/ 32 32 Палењето и газењето на државното знаме, добро смислено сценарио за дестабилизација на познати режисери https://republika.mk/vesti/makedonija/paleneto-i-gazeneto-na-drzhavnoto-zname-dobro-smisleno-stsenario-za-destabilizatsija-na-poznati-rezhiseri/ Fri, 29 Nov 2024 12:38:48 +0000 https://republika.mk/?p=843065

Синоќешните настани кога се славеше денот на знамето на соседна Албанија лесно можеше да прерасне во меѓуетнички конфликт во „продукција“ на опозицијата.

Она што ДУИ го најавуваше, дека ќе се „кренат“ на протести и се оствари, овој пат го искористија настанот наречен прослава на Денот на албанското знаме.

Наместо мирен настан, собирот се претвори во понижување на државното знаме, како и нарушување на јавниот ред иако настанот бил пријавен во МВР.

Толпата го газеше и палеше македонското знаме а имаше обид да се „обои“ возилото на полицијата со црвените знамиња со двоглав орел.

Aдвокатот Јанаки Митровски за „Република“ ги коментира синоќешните настани по повод прославата за Денот на албанското знаме.

-Сторени се неколку неколку кривични дела, од полесното предизвикување на општа опасност со истрели од огнено оружје до потешки дела. За газењето и палењето на македонското знаме може да се одговара по два члена. Од повреда на угледот на Република Македонија, па може да се оди кон предизвикување на национална, расна и верска омраза која носи и до пет години затвор, коментира адвокатот за „Република“.

Дека ова е е обид за дестабилизација на земјата пред неколку месеци предупреди премиерот Мицкоски. Денешната негова изјава тоа го потврдува.

Тоа сепак претставува чин на агресија, нешто за кое ние предупредувавме дека ќе се случува, дека ваков тип на обиди за ескалација и креирање на етнички тензии дека ќе има и во иднина. Ако мислите дека ова ќе биде изолиран случај, нема да биде, очекувајте дека ќе ги има, бидејќи како правдата пополека, но сигурно се доближува до криминалците и како ќе затропа на нивните врати, така тие ќе стануваат понервозни, понетрпеливи и единствениот начин да го одбранат криминално стекнатиот капитал е токму вака со манипулирање и предизвикување ваков тип на инциденти“ изјави Мицкоски.

Во таа наскока е и денешната изјава на министерот Панче Тошковски. Тој упати  порака до сите оние кои сакаат да предизвикаат дестабилизација на државата, нагласувајќи дека на таквите обиди ќе се одговори жестоко.

„Сакам да упатам порака до сите кои имаат намера да предизвикаат дестабилизација на Македонија: ќе одговориме жестоко и сурово на било какви обиди и ќе се соочиме со сите предизвици. Полицијата реагира соодветно на сите предизвици. Времето на пајакот заврши, сите имаат име и презиме, и сите ќе одговараат“, додаде Тошковски.

Дека ДУИ си ја ишка мувата од главата потврдува и нивната т.н реакција за вчерашните настани. Од партијата во Мала Речица ги посочија полицајите дека биле виновни за инцидентите.

Наместо да го зачува јавниот ред, предизвика непотребни тензии и создаде клима на конфронтација, нарушувајќи го правото на граѓаните слободно да ја одбележат оваа значајна празнична традиција“, велат од ДУИ.

The post Палењето и газењето на државното знаме, добро смислено сценарио за дестабилизација на познати режисери appeared first on Република.

]]>

Синоќешните настани кога се славеше денот на знамето на соседна Албанија лесно можеше да прерасне во меѓуетнички конфликт во „продукција“ на опозицијата. Она што ДУИ го најавуваше, дека ќе се „кренат“ на протести и се оствари, овој пат го искористија настанот наречен прослава на Денот на албанското знаме. Наместо мирен настан, собирот се претвори во понижување на државното знаме, како и нарушување на јавниот ред иако настанот бил пријавен во МВР. Толпата го газеше и палеше македонското знаме а имаше обид да се „обои“ возилото на полицијата со црвените знамиња со двоглав орел. Aдвокатот Јанаки Митровски за „Република“ ги коментира синоќешните настани по повод прославата за Денот на албанското знаме.