14 жртви Archives - Република https://republika.mk/tema/14-zhrtvi/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Nov 2024 19:46:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 14 жртви Archives - Република https://republika.mk/tema/14-zhrtvi/ 32 32 14 лица загинаа во несреќата кај Железничката станица во Нови Сад, бројот на настрадани не е конечен, познат идентитетот на дел од жртвите https://republika.mk/vesti/balkan/14-litsa-zaginaa-vo-nesrekata-kaj-zheleznichkata-stanitsa-vo-novi-sad-brojot-na-nastradani-ne-e-konechen-poznat-identitetot-na-del-od-zhrtvite/ Fri, 01 Nov 2024 18:55:55 +0000 https://republika.mk/?p=833277

Денеска околу 11 часот и 50 минути загинаа 14 лица при уривање на стариот дел од настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, покажуваат последните податоци што ги презентираше Ивица Дачиќ. Таа бројка не е конечна, додаде тој.

На местото веднаш се испратени огромен број амбулантни возила, полиција и пожарникари, а според последните официјални информации, под тешката конструкција која се урнала загинале 14 лица. Има и голем број повредени лица, а 20-годишна девојка и жена се спасени по повеќе од четири и пол часа поминати под урнатините.

По повод трагичниот настан што се случи на 01.11.2024 г. година во Нови Сад, кога се урна дел од зградата на Железничката станица во Нови Сад, Вишото јавно обвинителство во Нови Сад ја информира јавноста дека во текот на досегашната истрага од урнатините се извлечени 14 тела на починатите, од кои две женски лица се идентификувани како А.Р. (20.) и А.Ќ.С. (35) години и пет машки лица: Х.С. (27), М.М. (21), Ш.Ѓ. (77), Р.В. (69) и С.В. (45) години.

Лука Чаушиќ, началник на Секторот за вонредни состојби, за ТВ Блиц вели дека преместувањето на плочите на Железничката станица во Нови Сад може да потрае уште неколку часа. Тој објасни дека екипите мора да бидат многу внимателни, бидејќи плочите тежат неколку тони, а поместувањето на едната страна од плочата може да доведе до целосно уривање на плочата и да ги загрози животите на луѓето во урнатините.

The post 14 лица загинаа во несреќата кај Железничката станица во Нови Сад, бројот на настрадани не е конечен, познат идентитетот на дел од жртвите appeared first on Република.

]]>