13 Ноември Archives - Република https://republika.mk/tema/13-noemvri/ За подобро да се разбереме Tue, 16 Apr 2024 08:11:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 13 Ноември Archives - Република https://republika.mk/tema/13-noemvri/ 32 32 По 11 години обновена библиотеката „13 Ноември“ во Кисела Вода https://republika.mk/vesti/kultura/po-11-godini-obnovena-bibliotekata-13-noemvri-vo-kisela-voda/ Tue, 16 Apr 2024 08:11:28 +0000 https://republika.mk/?p=766566

Библиотеката „13 Ноември“, клон на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, после 11 години продолжува да работи во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода. Библиотеката се реотвора со книжен фонд од околу 8.000 книги: лектирни изданија, книги и сликовници за деца, белетристика и научна литература.

Градската библиотека годинава го слави својот 79.роденден и повеќе од кога и да е веруваме дека книгата не е привилегија, туку право на секој човек. Среќни сме што библиотеката се враќа на своето место во центарот на Општината. Се надеваме дека ќе се вратат и некогашните читатели, а ќе стекнеме и нови. За нив нудиме светски и домашни класици, голем избор популарни наслови и автори. Во моментов работиме на откуп на нови наслови (домашна и преводна литература), кои ќе се најдат токму на овие полици. Сакам да упатам огромна благодарност до Општина Кисела Вода и градоначалникот Ѓорѓиевски, кој за многу краток рок одговори на нашето барање што резултираше со повторното отворање на оваа библиотека. Се надевам дека неговиот пример ќе го следат и останатите општини – подвлече Снежана Стојчевска директорката на Ју Градска библиотека „Браќа Миладиновци“.

Обработката и заемот на книги се врши преку Кооперативниот онлајн библиографски систем и сервис (COBISS), а библиотеката ќе понуди и разновидни културни содржини.

Првата, почесна членска книшка му припадна на градоначалникот Ѓорѓиевски, кој го истакна значаењето на библиотеката за сите вљубеници во пишаниот збор, но и нејзиното место во културното живеење на сите граѓани:

Посебно сакам да нагласам дека на располагање има и многу литература за деца, бидејќи сме свесни дека љубовта кон читањето треба да се всади уште од најраните години. Дополнително, овој простор ќе биде искористен и за друга културна програма-креативни работилници, литературни читања, промоции на книги, средби со автори, со што очекувам дека библиотеката ќе биде честа дестинација на сите наши жители“ истакна градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Првите посетители на библиотеката „13 Ноември“ беа првачињата од ООУ „Круме Кепески“, а по нив и неколкумина повозрасни жители, кои не го криеја задовослтвото дека библиотеката е повторно близу до нив.

Обновата на библиотеката во Кисела Вода е продолжување на библиотечната дејност на територијата на општината, односно на традицијата долга повеќе од 50 години. Подружницата „13 Ноември“ била отворена во 1961 година токму во тогашниот Дом на културата.

The post По 11 години обновена библиотеката „13 Ноември“ во Кисела Вода appeared first on Република.

]]>

Библиотеката „13 Ноември“, клон на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, после 11 години продолжува да работи во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода. Библиотеката се реотвора со книжен фонд од околу 8.000 книги: лектирни изданија, книги и сликовници за деца, белетристика и научна литература.
Градската библиотека годинава го слави својот 79.роденден и повеќе од кога и да е веруваме дека книгата не е привилегија, туку право на секој човек. Среќни сме што библиотеката се враќа на своето место во центарот на Општината. Се надеваме дека ќе се вратат и некогашните читатели, а ќе стекнеме и нови. За нив нудиме светски и домашни класици, голем избор популарни наслови и автори. Во моментов работиме на откуп на нови наслови (домашна и преводна литература), кои ќе се најдат токму на овие полици. Сакам да упатам огромна благодарност до Општина Кисела Вода и градоначалникот Ѓорѓиевски, кој за многу краток рок одговори на нашето барање што резултираше со повторното отворање на оваа библиотека. Се надевам дека неговиот пример ќе го следат и останатите општини – подвлече Снежана Стојчевска директорката на Ју Градска библиотека „Браќа Миладиновци“.
Обработката и заемот на книги се врши преку Кооперативниот онлајн библиографски систем и сервис (COBISS), а библиотеката ќе понуди и разновидни културни содржини. Првата, почесна членска книшка му припадна на градоначалникот Ѓорѓиевски, кој го истакна значаењето на библиотеката за сите вљубеници во пишаниот збор, но и нејзиното место во културното живеење на сите граѓани:
Посебно сакам да нагласам дека на располагање има и многу литература за деца, бидејќи сме свесни дека љубовта кон читањето треба да се всади уште од најраните години. Дополнително, овој простор ќе биде искористен и за друга културна програма-креативни работилници, литературни читања, промоции на книги, средби со автори, со што очекувам дека библиотеката ќе биде честа дестинација на сите наши жители“ истакна градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
Првите посетители на библиотеката „13 Ноември“ беа првачињата од ООУ „Круме Кепески“, а по нив и неколкумина повозрасни жители, кои не го криеја задовослтвото дека библиотеката е повторно близу до нив. Обновата на библиотеката во Кисела Вода е продолжување на библиотечната дејност на територијата на општината, односно на традицијата долга повеќе од 50 години. Подружницата „13 Ноември“ била отворена во 1961 година токму во тогашниот Дом на културата.

The post По 11 години обновена библиотеката „13 Ноември“ во Кисела Вода appeared first on Република.

]]>
Да се почитува минатото на Скопје, бидејќи тоа е трезорот кој што го ткае и го сочинува ткивото на градот https://republika.mk/vesti/skopje/da-se-pochituva-minatoto-na-skopje-bidejki-toa-e-trezorot-koj-shto-go-tkae-i-go-sochinuva-tkivoto-na-gradot/ Tue, 14 Nov 2023 18:59:43 +0000 https://republika.mk/?p=701557

Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на одбележувањето на Денот на ослободување на Скопје – 13 Ноември организираше мултимедијален настан во Јавна соба (Public Room).

Настанот се реализираше во соработка со нашите пријатели од Здружението на граѓани за унапредување на националната култура „Диверзиум“ од Скопје чија основна цел е подигнување на свеста и личниот потенцијал за развој на секоја личност од аспект на културата.

Во рамки на одбележувањето на еден од најзначајните денови во историјата на град Скопје беше поставена изложба на фотографии во кој го прикажавме историјатот на Скопје, се емитуваа видео материјали од животот во Скопје некогаш и сега, како и кратки сведоштва на неколку скопски урбани легенди.

Дополнително, организирана беше и панел дискусија со наслов „Скопски муабети“ на која панелисти беа:

⁃ Јасмина Намичева, кустос во Музејот на градСкопје,

⁃ Тошо Филиповски, музички новинар ихроничар на македонската популарна музика и

⁃ Калина Јовчевска Корчагин, внука намакедонскиот народен херој и учесник во НОВ, Раде Јовчевски Корчагин.

На панел дискусијата „Скопски муабети“, гостите од свој агол проговорија за амбиентот од домовите на старите семејства или секојдневниот животот во Скопје во различни историски периоди.

„Тука сме да ги споменеме луѓето кои што допринеле за нашата слобода. Музеите се места кои што се трезори на различни наративи, на историски случувања трезори на сето она што е исткаено во историјата на градовите и секако на семејните истории. Сакам да ве потсетам на неколку клучни работи кои што го ткаат го сочинуваат ткивото на овој град. Зад планината која што се наоѓа зад нас некои 8 илјади години наназад Скопјаните од Говрлево успеале од еден грст најобична глина да ја создадат заштитничката односно божицата мајка која што низ сите овие векови до денес бдее над жителите на градот“, Јасмина Намичева, кустос во Музејот на градСкопје.

Намичава посочи и неколку дела на луѓе кои што минувале низ Скопје и креирале многубројни дела кои го направиле градот што поубав за живеење.

150 години пред појавата на раната ренесанса нашите зуграфи, или зоографи како што ги нарекуваме успеале да направат врвни дела, успеале да ја искреираат повторно чувателката на градот односно Богородица, која што бдее врз одарот на својот син во манастирот Пантелејмон. Многу луѓе кои што низ своите крстопати тука минувале успеале да создадат многубројни различни дела. Хотелот „Јадран“ кој е изграден во 30-тите години од 20-тиот век кој е дело на руски архитект кој застанал во Скопје и за само 10 години успеал да направи повеќе од 500 објекти во Скопје. Понатаму во Скопје доаѓаат и светски урбанисти светски архитекти кои што се во тој момент најпопуларните урбанисти во светот, студиото на Кензо Танге, како и останатите 7 студија да искреираат еден нов лик на градот современ лик на Скопје. Полските урбанисти исто така создале еден проект за градот кој што понатаму е доразвиен. Вакви приказни имаме илјадници, посочи Намичева.

„Шест децениската врска помеѓу рок музиката и Скопје е навистина како класична љубовна врска која имала подеми и падови. Рок музиката навистина се инспирирала од тоа што значи Скопје, скопскиот живот, скопскиот мирис, скопските топоними, скопскиот зрак, Скопје како начин на живот. И самите музичари дале многу за Скопје споменувајќи ги сите овие приказни низ нивните дела“, истакна Тошо Филиповски, музички новинар и хроничар на македонската популарна музика.

Тој посочи дека во сите тие шест децении Скопје во различни декади имало силни експоненти на таа современа урбана култура.

Во текот на панел дискусијата се обрати и Калина Јовчевска Корчагин, внука на македонскиот народен херој и учесник во НОВ, Раде Јовчевски Корчагин која што го честита празникот 13 Ноември – Денот на ослободување на Скопје.

Јас сум внуката на Раде Јовчевски Корчагин кој што е роден 1919-та година во Скопје, во близина на Народната Банка каде што е сега и има спомен обележје. Тој е еден од основачите на двата скопски партизански одреди кои биле формирани со цел да ја ослободат Македонија од окупаторот. Поради неговите дела и борба за ослободување на Македонија, бугарскиот фашистички окупатор на двапати го има осудено со смртна казна без да биде присутен тој. И најмалку трипати е мачен до смрт, рече Јовчевска Корчагин.

Таа посочи дека дедо и Раде Јовчевски Корчагин бил убиен во 1943-тата година од бугарски агент по наредба на бугарската полиција.

Денес во негова чест една од можеби најпознатите гимназии го носи неговото име, во чест и да потсети за неговото дело и жртва која што ја дал за ослободување на Македонија. А, јас како негов потомок мојата должност е да не дозволам сега да не се прави политика со Македонија и да знаеме што значи слобода и кои се човековите права, укажа таа.

Скопските муабети беа заокружени со размислувањата на новата генерација скопјани, нивните мечти и соништа, предизвици и визии за тоа како треба да изгледа еден модерен град и што ни е потребно за да ги постигнеме нивните очекувања за да ги задржиме овде – во Скопје!

The post Да се почитува минатото на Скопје, бидејќи тоа е трезорот кој што го ткае и го сочинува ткивото на градот appeared first on Република.

]]>

Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на одбележувањето на Денот на ослободување на Скопје – 13 Ноември организираше мултимедијален настан во Јавна соба (Public Room). Настанот се реализираше во соработка со нашите пријатели од Здружението на граѓани за унапредување на националната култура „Диверзиум“ од Скопје чија основна цел е подигнување на свеста и личниот потенцијал за развој на секоја личност од аспект на културата. Во рамки на одбележувањето на еден од најзначајните денови во историјата на град Скопје беше поставена изложба на фотографии во кој го прикажавме историјатот на Скопје, се емитуваа видео материјали од животот во Скопје некогаш и сега, како и кратки сведоштва на неколку скопски урбани легенди. Дополнително, организирана беше и панел дискусија со наслов „Скопски муабети“ на која панелисти беа: ⁃ Јасмина Намичева, кустос во Музејот на градСкопје, ⁃ Тошо Филиповски, музички новинар ихроничар на македонската популарна музика и ⁃ Калина Јовчевска Корчагин, внука намакедонскиот народен херој и учесник во НОВ, Раде Јовчевски Корчагин. На панел дискусијата „Скопски муабети“, гостите од свој агол проговорија за амбиентот од домовите на старите семејства или секојдневниот животот во Скопје во различни историски периоди. „Тука сме да ги споменеме луѓето кои што допринеле за нашата слобода. Музеите се места кои што се трезори на различни наративи, на историски случувања трезори на сето она што е исткаено во историјата на градовите и секако на семејните истории. Сакам да ве потсетам на неколку клучни работи кои што го ткаат го сочинуваат ткивото на овој град. Зад планината која што се наоѓа зад нас некои 8 илјади години наназад Скопјаните од Говрлево успеале од еден грст најобична глина да ја создадат заштитничката односно божицата мајка која што низ сите овие векови до денес бдее над жителите на градот“, Јасмина Намичева, кустос во Музејот на градСкопје. Намичава посочи и неколку дела на луѓе кои што минувале низ Скопје и креирале многубројни дела кои го направиле градот што поубав за живеење.
150 години пред појавата на раната ренесанса нашите зуграфи, или зоографи како што ги нарекуваме успеале да направат врвни дела, успеале да ја искреираат повторно чувателката на градот односно Богородица, која што бдее врз одарот на својот син во манастирот Пантелејмон. Многу луѓе кои што низ своите крстопати тука минувале успеале да создадат многубројни различни дела. Хотелот „Јадран“ кој е изграден во 30-тите години од 20-тиот век кој е дело на руски архитект кој застанал во Скопје и за само 10 години успеал да направи повеќе од 500 објекти во Скопје. Понатаму во Скопје доаѓаат и светски урбанисти светски архитекти кои што се во тој момент најпопуларните урбанисти во светот, студиото на Кензо Танге, како и останатите 7 студија да искреираат еден нов лик на градот современ лик на Скопје. Полските урбанисти исто така создале еден проект за градот кој што понатаму е доразвиен. Вакви приказни имаме илјадници, посочи Намичева.
„Шест децениската врска помеѓу рок музиката и Скопје е навистина како класична љубовна врска која имала подеми и падови. Рок музиката навистина се инспирирала од тоа што значи Скопје, скопскиот живот, скопскиот мирис, скопските топоними, скопскиот зрак, Скопје како начин на живот. И самите музичари дале многу за Скопје споменувајќи ги сите овие приказни низ нивните дела“, истакна Тошо Филиповски, музички новинар и хроничар на македонската популарна музика. Тој посочи дека во сите тие шест децении Скопје во различни декади имало силни експоненти на таа современа урбана култура. Во текот на панел дискусијата се обрати и Калина Јовчевска Корчагин, внука на македонскиот народен херој и учесник во НОВ, Раде Јовчевски Корчагин која што го честита празникот 13 Ноември – Денот на ослободување на Скопје.
Јас сум внуката на Раде Јовчевски Корчагин кој што е роден 1919-та година во Скопје, во близина на Народната Банка каде што е сега и има спомен обележје. Тој е еден од основачите на двата скопски партизански одреди кои биле формирани со цел да ја ослободат Македонија од окупаторот. Поради неговите дела и борба за ослободување на Македонија, бугарскиот фашистички окупатор на двапати го има осудено со смртна казна без да биде присутен тој. И најмалку трипати е мачен до смрт, рече Јовчевска Корчагин.
Таа посочи дека дедо и Раде Јовчевски Корчагин бил убиен во 1943-тата година од бугарски агент по наредба на бугарската полиција.
Денес во негова чест една од можеби најпознатите гимназии го носи неговото име, во чест и да потсети за неговото дело и жртва која што ја дал за ослободување на Македонија. А, јас како негов потомок мојата должност е да не дозволам сега да не се прави политика со Македонија и да знаеме што значи слобода и кои се човековите права, укажа таа.
Скопските муабети беа заокружени со размислувањата на новата генерација скопјани, нивните мечти и соништа, предизвици и визии за тоа како треба да изгледа еден модерен град и што ни е потребно за да ги постигнеме нивните очекувања за да ги задржиме овде – во Скопје!

The post Да се почитува минатото на Скопје, бидејќи тоа е трезорот кој што го ткае и го сочинува ткивото на градот appeared first on Република.

]]>
Шамбевски: Скопје по 79 години повторно е окупирано, овојпат од сопствената Влада и градоначалник кои ја уништуваат државата и градот https://republika.mk/vesti/skopje/shambevski-skopje-po-79-godini-povtorno-e-okupirano-ovojpat-od-sopstvenata-vlada-i-gradonachalnik-koi-ja-unishtuvaat-drzhavata-i-gradot/ Mon, 13 Nov 2023 17:20:54 +0000 https://republika.mk/?p=701183

На денешен ден пред 79 години Скопје е ослободено од фашистичката окупација. За Скопје да стане слободно 426 борци го дадоа својот живот. На вакви денови кога ги славиме славните битки и слободата, и кога им оддаваме почит на жртвите вреди да се потсетиме на оној славен аманет оставен на потомците за да си ја ценат слободата, бидејќи не знаат колку скапо ги чинело тоа претходните генерации, изјави Борис Шамбевски, претседател на Градскиот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Па да видиме колку го почитуваме овој аманет. Ние како ГК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ со овој симболичен марш сакаме да укажеме дека Скопје денес по 79 години повторно е окупиран, но не со оружје и странски војски, туку со неспособна администрација, тотално нефункционален градски превоз, валкан е, небезбеден, нема соодветна културна понуда, ноќниот живот е претворен во кичерајски натпревар помеѓу мафијашите кои се обидуваат да покажат кој има повеќе црни пари.

 

Скопје е универзитетски град со распаднати студентски домови и универзитети кои никаде не се рангирани, Скопје е за жал седиште на Владата која е најнеспособна во историјата на Македонија. Скопје за прв пат во 79-годишната историја на слободна Македонија гледа како сопствената Влада ја уништува државата што треба да ја раководи.

 

Скопје го окупираа мафијаши, Скопје го окупираа нивните слуги, Скопје го окупираа црни пари и белосветски криминал, Скопје има градоначалничка на која не и е гајле за Скопје, Скопје има градоначалничка која не знае што прави и каде се наоѓа.
Доста е!

 

Ние го сакаме Скопје, но не вакво, ние го сакаме Скопје слободно, го сакаме Скопје функционално, го сакаме Скопје со нови студентски домови, го сакаме Скопје чисто, го сакаме Скопје со јавен превоз кој е функционален, го сакаме Скопје во кое ноќниот живот ќе има понуда за сите вкусови, го сакаме Скопје кое ќе биде седиште на Влада која ќе се грижи за македонските интереси!

 

Затоа што ја сакаме Македонија,
затоа што го сакаме Скопје Слободно!

 

Важно е Македонија да ја ослободиме од неспособните власти, од нефункционалната и неефикасна јавна администрација, од корумпираните индивидуалци, од оние што го корумпираат здравството, од оние што ја корумпираат полицијата, од оние што ги корумпираат судовите, од оние што го корумпираа образованието, од оние што го корумпираа системот и од оние што слугуваат на туѓи интереси.

 

Важно е да се ослободиме од корумпираните и од оние коишто корумпираат. Само така ќе оддадеме почит на нашите предци кои го дадоа животот за нашата слобода.

 

Затоа што ја сакаме Македонија,
Затоа што го сакаме Скопје слободно!, порачува Шамбевски.

The post Шамбевски: Скопје по 79 години повторно е окупирано, овојпат од сопствената Влада и градоначалник кои ја уништуваат државата и градот appeared first on Република.

]]>

На денешен ден пред 79 години Скопје е ослободено од фашистичката окупација. За Скопје да стане слободно 426 борци го дадоа својот живот. На вакви денови кога ги славиме славните битки и слободата, и кога им оддаваме почит на жртвите вреди да се потсетиме на оној славен аманет оставен на потомците за да си ја ценат слободата, бидејќи не знаат колку скапо ги чинело тоа претходните генерации, изјави Борис Шамбевски, претседател на Градскиот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Па да видиме колку го почитуваме овој аманет. Ние како ГК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ со овој симболичен марш сакаме да укажеме дека Скопје денес по 79 години повторно е окупиран, но не со оружје и странски војски, туку со неспособна администрација, тотално нефункционален градски превоз, валкан е, небезбеден, нема соодветна културна понуда, ноќниот живот е претворен во кичерајски натпревар помеѓу мафијашите кои се обидуваат да покажат кој има повеќе црни пари.   Скопје е универзитетски град со распаднати студентски домови и универзитети кои никаде не се рангирани, Скопје е за жал седиште на Владата која е најнеспособна во историјата на Македонија. Скопје за прв пат во 79-годишната историја на слободна Македонија гледа како сопствената Влада ја уништува државата што треба да ја раководи.   Скопје го окупираа мафијаши, Скопје го окупираа нивните слуги, Скопје го окупираа црни пари и белосветски криминал, Скопје има градоначалничка на која не и е гајле за Скопје, Скопје има градоначалничка која не знае што прави и каде се наоѓа. Доста е!   Ние го сакаме Скопје, но не вакво, ние го сакаме Скопје слободно, го сакаме Скопје функционално, го сакаме Скопје со нови студентски домови, го сакаме Скопје чисто, го сакаме Скопје со јавен превоз кој е функционален, го сакаме Скопје во кое ноќниот живот ќе има понуда за сите вкусови, го сакаме Скопје кое ќе биде седиште на Влада која ќе се грижи за македонските интереси!   Затоа што ја сакаме Македонија, затоа што го сакаме Скопје Слободно!   Важно е Македонија да ја ослободиме од неспособните власти, од нефункционалната и неефикасна јавна администрација, од корумпираните индивидуалци, од оние што го корумпираат здравството, од оние што ја корумпираат полицијата, од оние што ги корумпираат судовите, од оние што го корумпираа образованието, од оние што го корумпираа системот и од оние што слугуваат на туѓи интереси.   Важно е да се ослободиме од корумпираните и од оние коишто корумпираат. Само така ќе оддадеме почит на нашите предци кои го дадоа животот за нашата слобода.   Затоа што ја сакаме Македонија, Затоа што го сакаме Скопје слободно!, порачува Шамбевски.

The post Шамбевски: Скопје по 79 години повторно е окупирано, овојпат од сопствената Влада и градоначалник кои ја уништуваат државата и градот appeared first on Република.

]]>
Сојузот на спортови на град Скопје ја додели наградата „13 Ноември“ на најдобрите https://republika.mk/vesti/skopje/sojuzot-na-sportovi-na-grad-skopje-ja-dodeli-nagradata-13-noemvri-na-najdobrite/ Fri, 10 Nov 2023 12:43:25 +0000 https://republika.mk/?p=700263

Денеска, Сојузот на спортови Скопје, по повод ослободувањето на градот Скопје организираше свеченост со доделување на награди 13 Ноември на спортисти, тренери, спортски новинари и организации кои изминатава година постигнале одлични резултати и придонеле за развој и унапредување на македонскиот спорт во различни категории.

На свеченоста што се одржа во Спортскиот центар Јане Сандански беа доделени 9 награди на предлог на Комисијата за награди и признанија и со одлука на Управниот одбор на Сојузот.

Наградата 13 Ноември - Спортист се додели на кик боксерот Бобан Илиоски за освоеното прво место во дисциплината лоу кик - 87кг на ВАКО Европското првенство за сениори во Анталија, Турција што се одржа од 11-ти до 20-ти ноември 2022 година. Илиоски е член на Кик бокс клубот Шампион од Скопје.

Наградата Тренер се додели на Игор Паскоски од Џудо клуб Миоки - Скопје и селектор на сите селекции на Џудо репрезентациите на Македонија во изминатите години. Паскоски е врвен натпреварувач, како тренер има 16 медали од Балканските првенства, 5 медали од кои 2 златни од Континенталните Купови и еден медал од Е.П на Хамза Јашари. Во моментов, Џудо Клуб Миоки е на прво место на ранг листите во Македонија.

Наградата за спортски презентер и новинар и беше доделена на Јана Серафимова Петровска од телевизија Телма. Петровска е автор на спортската емисија „Фер Плеј со Јана“, која има исклучителен придонес во известувањето на спортистите и нивните резултати, како и спортски настани што се одржуваат во Македонија.

Сојузот на спортови Скопје додели награда на организацијата Црвен Крст на Град Скопје за огромната поддршка и соработка во сите спортски настани во Скопје. Црвениот крст со подготвените екипи на терен имаат огромен придонес во развој на Виз Ер Скопскиот Маратон, Авицена Женска Трка, Халк Еко Скопје Трча и Дуатлон натпревари, Прв до врв и уште многу други.

За спортски работник - судија наградата 13 Ноември и беше доделена на Ивана Пројковска. Таа е меѓународна судијка во фудбал со 20 годишно искуство. Пројковска е дел од елитната група на судии од декември 2021 година и една од најдобрите 20 судијки во Европа, прва Македонка назначена да суди на финален натпревар од европското првенство - Европско првенство за жени до 19 години во 2019 година, две Европски првенства за жени до 17 и 19 години. Исто така, таа е и прва женска судијка што судела на натпревар од прва македонска фудбалска лига, но и на машки меѓународни фудбалски натпревари.

Наградата спортски работник за животно дело, Комисијата за награди и признанија ја додели на одбојкарот Владимир Богоевски. Својата кариера ја почнува како одбојкар во Студент, а потоа и во Вардар во седумдесетите години, освојувајќи двократна шампионска титула во СФРЈ. Најголемиот успех како тренер го освојува со Сон Амар од Палма де Мајорка каде стигнува до второ место на купт ЦЕВ. Две децении, Богоевски е спортски директор во Македонскиот Олимписки Комитет.

За спортски работник, исто така награден е и Зоран Карановиќ којшто е долгогодишен признат одбојкар со богата спортска кариера. Од 1991 година до денес, тој е генерален секретар на Одбојкарската Федерација на Македонија. Карановиќ има огромни заслуги како организатор на домашната лига, но и на врвни меѓународни натпревари одржани во Македонија.

Средното училиште на Град Скопје „Никола Карев“ доби награда 13 Ноември за освоени врвни резултати на Европските првенства за средни училишта. Оваа гимназија освои прво место во кошарка - мажи на европски првенства за средни училишта во изминатата сезона.

Професорот по физичко образование, спорт и здравје од ООУ 25 Мај од Скопје Јетон Муслиу доби награда за професор во основно училиште за придонес и развој на училишниот спорт во Скопје.

Наградите 13 Ноември се доделуваат повеќе од 50 години по повод ослободување на градот Скопје.

The post Сојузот на спортови на град Скопје ја додели наградата „13 Ноември“ на најдобрите appeared first on Република.

]]>

Денеска, Сојузот на спортови Скопје, по повод ослободувањето на градот Скопје организираше свеченост со доделување на награди 13 Ноември на спортисти, тренери, спортски новинари и организации кои изминатава година постигнале одлични резултати и придонеле за развој и унапредување на македонскиот спорт во различни категории. На свеченоста што се одржа во Спортскиот центар Јане Сандански беа доделени 9 награди на предлог на Комисијата за награди и признанија и со одлука на Управниот одбор на Сојузот. Наградата 13 Ноември - Спортист се додели на кик боксерот Бобан Илиоски за освоеното прво место во дисциплината лоу кик - 87кг на ВАКО Европското првенство за сениори во Анталија, Турција што се одржа од 11-ти до 20-ти ноември 2022 година. Илиоски е член на Кик бокс клубот Шампион од Скопје. Наградата Тренер се додели на Игор Паскоски од Џудо клуб Миоки - Скопје и селектор на сите селекции на Џудо репрезентациите на Македонија во изминатите години. Паскоски е врвен натпреварувач, како тренер има 16 медали од Балканските првенства, 5 медали од кои 2 златни од Континенталните Купови и еден медал од Е.П на Хамза Јашари. Во моментов, Џудо Клуб Миоки е на прво место на ранг листите во Македонија. Наградата за спортски презентер и новинар и беше доделена на Јана Серафимова Петровска од телевизија Телма. Петровска е автор на спортската емисија „Фер Плеј со Јана“, која има исклучителен придонес во известувањето на спортистите и нивните резултати, како и спортски настани што се одржуваат во Македонија. Сојузот на спортови Скопје додели награда на организацијата Црвен Крст на Град Скопје за огромната поддршка и соработка во сите спортски настани во Скопје. Црвениот крст со подготвените екипи на терен имаат огромен придонес во развој на Виз Ер Скопскиот Маратон, Авицена Женска Трка, Халк Еко Скопје Трча и Дуатлон натпревари, Прв до врв и уште многу други. За спортски работник - судија наградата 13 Ноември и беше доделена на Ивана Пројковска. Таа е меѓународна судијка во фудбал со 20 годишно искуство. Пројковска е дел од елитната група на судии од декември 2021 година и една од најдобрите 20 судијки во Европа, прва Македонка назначена да суди на финален натпревар од европското првенство - Европско првенство за жени до 19 години во 2019 година, две Европски првенства за жени до 17 и 19 години. Исто така, таа е и прва женска судијка што судела на натпревар од прва македонска фудбалска лига, но и на машки меѓународни фудбалски натпревари. Наградата спортски работник за животно дело, Комисијата за награди и признанија ја додели на одбојкарот Владимир Богоевски. Својата кариера ја почнува како одбојкар во Студент, а потоа и во Вардар во седумдесетите години, освојувајќи двократна шампионска титула во СФРЈ. Најголемиот успех како тренер го освојува со Сон Амар од Палма де Мајорка каде стигнува до второ место на купт ЦЕВ. Две децении, Богоевски е спортски директор во Македонскиот Олимписки Комитет. За спортски работник, исто така награден е и Зоран Карановиќ којшто е долгогодишен признат одбојкар со богата спортска кариера. Од 1991 година до денес, тој е генерален секретар на Одбојкарската Федерација на Македонија. Карановиќ има огромни заслуги како организатор на домашната лига, но и на врвни меѓународни натпревари одржани во Македонија. Средното училиште на Град Скопје „Никола Карев“ доби награда 13 Ноември за освоени врвни резултати на Европските првенства за средни училишта. Оваа гимназија освои прво место во кошарка - мажи на европски првенства за средни училишта во изминатата сезона. Професорот по физичко образование, спорт и здравје од ООУ 25 Мај од Скопје Јетон Муслиу доби награда за професор во основно училиште за придонес и развој на училишниот спорт во Скопје. Наградите 13 Ноември се доделуваат повеќе од 50 години по повод ослободување на градот Скопје.

The post Сојузот на спортови на град Скопје ја додели наградата „13 Ноември“ на најдобрите appeared first on Република.

]]>
Милетиќ: Како што во 1944 година е ослободено Скопје, така ќе ја ослободиме државата од модерниот фашизам https://republika.mk/vesti/skopje/miletikj-kako-shto-vo-1944-godina-e-oslobodeno-skopje-taka-kje-ja-oslobodime-drzavata-od-moderniot-fashizam/ Sun, 13 Nov 2022 15:49:44 +0000 https://republika.mk/?p=573301

Во име на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, За обнова на Македонија, денеска по повод ослободувањето на Градот Скопје, 13 Ноември, цвеќе положија претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески и Петар Милетиќ како коалициски партнер од Српска напредна странка во Македонија.

Како што во 1944 година е ослободен градот Скопје, така и коалицијата За обнова на Македонија, ќе ја ослободи државата од модерниот фашизам, кој е под закрила на сегашната владеачка структура во Република Македонија, порача Милетиќ.

The post Милетиќ: Како што во 1944 година е ослободено Скопје, така ќе ја ослободиме државата од модерниот фашизам appeared first on Република.

]]>

Во име на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, За обнова на Македонија, денеска по повод ослободувањето на Градот Скопје, 13 Ноември, цвеќе положија претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески и Петар Милетиќ како коалициски партнер од Српска напредна странка во Македонија.
Како што во 1944 година е ослободен градот Скопје, така и коалицијата За обнова на Македонија, ќе ја ослободи државата од модерниот фашизам, кој е под закрила на сегашната владеачка структура во Република Македонија, порача Милетиќ.

The post Милетиќ: Како што во 1944 година е ослободено Скопје, така ќе ја ослободиме државата од модерниот фашизам appeared first on Република.

]]>
Ковачевски го честита Денот на ослободувањето на Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-go-chestita-denot-na-osloboduvanjeto-na-skopje/ Sun, 13 Nov 2022 09:55:09 +0000 https://republika.mk/?p=573200

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска, по повод 13 Ноември, Денот на ослободување на Скопје упати честитка до граѓаните.

Денеска го одбележуваме 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје. Ден кога се сеќаваме на херојството, кога им се поклонуваме на жртвите и борците кои се бореа храбро за секоја улица на градот, и на овој ден пред 78 години, на граѓаните на Скопје им ја донесоа долгоочекуваната слобода. Од тој ден, Скопје, пулсира како слободен град, наведува Ковачевски.

Во негово и во име на Владата изразува длабока почит кон сите оние кои го дадоа својот живот за слободата на Скопје и кон сите борци кои сведочат за еден од најзначајните денови во историјата на главниот град.

Нека ни е честит и вековит 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, наведува Ковачевски во чститката.

The post Ковачевски го честита Денот на ослободувањето на Скопје appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска, по повод 13 Ноември, Денот на ослободување на Скопје упати честитка до граѓаните. Денеска го одбележуваме 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје. Ден кога се сеќаваме на херојството, кога им се поклонуваме на жртвите и борците кои се бореа храбро за секоја улица на градот, и на овој ден пред 78 години, на граѓаните на Скопје им ја донесоа долгоочекуваната слобода. Од тој ден, Скопје, пулсира како слободен град, наведува Ковачевски. Во негово и во име на Владата изразува длабока почит кон сите оние кои го дадоа својот живот за слободата на Скопје и кон сите борци кои сведочат за еден од најзначајните денови во историјата на главниот град. Нека ни е честит и вековит 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, наведува Ковачевски во чститката.

The post Ковачевски го честита Денот на ослободувањето на Скопје appeared first on Република.

]]>
Скопје го одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето https://republika.mk/vesti/skopje/skopje-go-odbelezuva-13-noemvri-denot-na-osloboduvanjeto/ Sun, 13 Nov 2022 07:33:35 +0000 https://republika.mk/?p=573174

Со положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје и на Партизанските гробишта во Бутел, на гробот на генерал Михајло Апостолски, како и со културни и спортски манифестации, денеска ќе се одбележи 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје.

Собраниска делегација, предводена од потпретседателот Горан Мисовски и од пратениците Даниела Марковска и Тони Јаревски и владина делегација во чиј состав се министите за правда НиколаТупанчески, и за локална самоуправа Ристо Пенов и заменик-министер за транспорт и врски Беким Реџепи, ќе положат цвеќе на Градските гробишта „Бутел” и на споменикот Ослободители на Скопје, на платото пред Владата.

Детскиот културен центар „Карпош” и година традиционално ја организира манифестацијата „Го градам мојот град 2022″, на која учествуваат децата од предучилишните установи.

Оваа манифестација има за цел да ги истакне детските творечки способности и креативност и да ги запознае децата колку големо значење има празникот 13 Ноември за Град Скопје.

Годинава манифестацијата ќе се одржи во виртуелно издание, од 12:00 часот на фејсбук страната и на You Tube каналот на центарот на следниот линк https://www.facebook.com/dkckarposhhttps://www.youtube.com/watch?v=4MgqgL6Oz1U

По повод празникот 13 Ноември е најавена улична трка поради што од 16:30 до 19 часот поголем дел од линиите од јавниот превоз ќе имаат изменет режим на сообраќање од вообичаениот. Трасите на движење се објавени на веб-страницата на ЈСП „Скопје” и на нивниот Фејсбук.

На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народнослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичка окупација.

По неколкудневните тешки борби со припадниците на 22-та Гренадиска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер”, која беше распоредена пред Качаничката Клисура, борците со победоносен марш влегоа во градот.

The post Скопје го одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето appeared first on Република.

]]>

Со положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје и на Партизанските гробишта во Бутел, на гробот на генерал Михајло Апостолски, како и со културни и спортски манифестации, денеска ќе се одбележи 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје. Собраниска делегација, предводена од потпретседателот Горан Мисовски и од пратениците Даниела Марковска и Тони Јаревски и владина делегација во чиј состав се министите за правда НиколаТупанчески, и за локална самоуправа Ристо Пенов и заменик-министер за транспорт и врски Беким Реџепи, ќе положат цвеќе на Градските гробишта „Бутел” и на споменикот Ослободители на Скопје, на платото пред Владата. Детскиот културен центар „Карпош” и година традиционално ја организира манифестацијата „Го градам мојот град 2022″, на која учествуваат децата од предучилишните установи. Оваа манифестација има за цел да ги истакне детските творечки способности и креативност и да ги запознае децата колку големо значење има празникот 13 Ноември за Град Скопје. Годинава манифестацијата ќе се одржи во виртуелно издание, од 12:00 часот на фејсбук страната и на You Tube каналот на центарот на следниот линк https://www.facebook.com/dkckarposhhttps://www.youtube.com/watch?v=4MgqgL6Oz1U По повод празникот 13 Ноември е најавена улична трка поради што од 16:30 до 19 часот поголем дел од линиите од јавниот превоз ќе имаат изменет режим на сообраќање од вообичаениот. Трасите на движење се објавени на веб-страницата на ЈСП „Скопје” и на нивниот Фејсбук. На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народнослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичка окупација. По неколкудневните тешки борби со припадниците на 22-та Гренадиска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер”, која беше распоредена пред Качаничката Клисура, борците со победоносен марш влегоа во градот.

The post Скопје го одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето appeared first on Република.

]]>